Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

РУСИЈА

media-library1h53rsouhfto0e06Zlw

(Видео) Путин призна: Русија го собори азербејџанскиот авион со 38 загинати

Рускиот претседател Владимир Путин првпат јавно призна дека руските противвоздушни сили се одговорни за соборувањето на азербејџанскиот патнички авион кон крајот на минатата година, при што загинаа 38 лица, пренесува агенцијата АП.Изјавата ја даде за време на средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во Душанбе, главниот град на Таџикистан, каде што двајцата лидери учествуваа на самит на земјите од поранешниот Советски Сојуз.Несреќата се случила на 25 декември 2024 година, кога авион на компанијата Azerbaijan Airlines, на лет од Баку кон Грозни, главниот град на Чеченија, бил погоден од руски противвоздушен систем. По оштетувањето, авионот се обидел присилно да слета во западен Казахстан, но се урнал. Од вкупно 67 патници, 38 го загубиле животот.Путин му се извинил на Алиев, опишувајќи го инцидентот како „трагичен случај“ и изразил „длабоко жалење за изгубените животи“. Тој истакнал дека Русија ќе обезбеди обесштетување за семејствата на жртвите и дека ќе спроведе целосна истрага за да ги утврди точните околности на несреќата.Претседателот Алиев, пак, не го сокрил своето незадоволство, обвинувајќи ја Москва дека се обидела да ја прикрие вистината и да избегне јавна одговорност.

Свет | пред 5 месеци

tenk-ukraina

Демонстрација на сила: Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби

Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби во северозападната индиска држава Раџастан со цел подобрување на тактиките во антитерористички операции, соопшти руското Министерство за одбрана.Воените маневри, наречени „Индра 2025“, се одржуваат на полигонот Махаджан и ќе траат до 15 октомври, пренесува Ројтерс.Главната цел на вежбите е усовршување на координацијата меѓу единиците на двете земји во борбата против тероризмот, вклучувајќи усовршување на тактиката и заедничкото дејствување во антитерористички операции, се наведува во соопштението на Министерството

Свет | пред 5 месеци

rafinerija-rusija

Најголем украински напад: Зеленски ја погоди срцевината на Русија

Украински дронови и ракети со долг дострел го погодиле големиот фабрички комплекс за муниција, клучен нафтен терминал и важно складиште на оружје зад фронтот, соопшти денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.Украинскиот Генералштаб наведе дека ноќта го погодиле фабричкиот комплекс за муниција „Свердлов“ во регионот Нижни Новгород на западот на Русија, предизвикувајќи повеќекратни експлозии и пожар. Оваа фабрика снабдува руски сили со авијациска и артилериска муниција, авиобомби, како и противвоздушна и противтенковска муниција.Исто така, Украинците погодиле нафтен терминал на Крим, предизвикувајќи пожар, како и складиште на муниција на 18-та комбинована армија на Русија, соопшти Генералштабот.Руски властите потврдија голем украински напад со дронови над 14 руски региони, како и над анектираниот украински полуостров Крим и околу Црното и Азовското Море. Сепак, не дадоа многу детали, освен тврдењето дека противвоздушната одбрана успеала да собори 251 украински дрон, што укажува дека станува збор за еден од најголемите украински напади врз руска територија од почетокот на војната пред повеќе од три години.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryoetura3msapd9KnkMZC

Починал по пад од 21 метар: Уште една сомнителна смрт на руски бизнисмен

Телото на 87-годишниот Вјачеслав Леонтив, познат руски медиумски магнат и поранешен директор на издавачката куќа „Правда“, било пронајдено под прозорецот на неговиот стан во Москва. Според првичните информации, Леонтив наводно паднал од висина од 21 метар.Руската полиција спроведува истрага, но засега нема докази кои би укажале на насилна смрт.Рускиот новинар Андреј Малгин ја прокоментирал „чудната смрт“ со зборовите:Падовите од прозорци продолжуваат...“„Многу знаеше за ‘партиските пари‘ – издавачката куќа ‘Правда‘ беше најпрофитабилното претпријатие во деловната империја на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз“, изјавил тој.Истиот извор наведува дека постојат непотврдени информации според кои Леонтив имал здравствени проблеми.Во последните неколку години, во Русија се забележани повеќе мистериозни смртни случаи на високи менаџери и бизнисмени. Последниот таков случај се случил во јули оваа година, кога заменик-претседателот на компанијата Транснефт, 62-годишниот Андреј Бадалов, починал по пад од зграда во елитната московска населба Рубљовка.

Свет | пред 5 месеци

media-library95mgh72m2q2d6UpWyVJ

Руски научник и соработник на Путин тврди дека Западот подготвува вирус за „елиминација на човештвото“

Михаил Ковалчук, директор на рускиот Институт за нуклеарни истражувања „Курчатов“ и близок соработник на Владимир Путин, изјави дека Западот планира да го уништи поголемиот дел од човештвото со создавање на смртоносен вирус, оставајќи во живот само мала елита која би била опслужувана од роботи.77-годишниот Ковалчук ги изнесе овие тврдења на Форумот на наставници во Москва – настан поддржан од Кремљ.„Западот сфаќа дека има премногу луѓе кои стануваат непотребни. Ќе се појави вирус со 90% смртност што ќе ги покоси“, изјавил Ковалчук пред повеќе од илјада наставници.Организаторите на Форумот на наставници не коментираа за контроверзните изјави на Ковалчук.

Свет | пред 5 месеци

media-library736tifpflnhq2RNHJWQ

(Видео) Луѓе умираат, брутален руски напад врз Украина – Зеленски бесен: „Америка и ЕУ мора да делуваат!“

Русија синоќа изврши масовен напад со ракети и дронови врз Украина, при што загинаа најмалку пет лица, а голем број региони претрпеа сериозни оштетувања на инфраструктурата, соопштија украинските власти.Најтешко погодена беше западната област, која граничи со Полска – таму загинаа четири лица, а индустриски парк во главниот град Лавов беше опожарен. Делови од градот останаа без електрична енергија. Градоначалникот Андриј Садовиј ги повика граѓаните да не ги напуштаат домовите додека екипите се борат со повеќе пожари. Според новинар на Reuters, експлозии одекнувале во утринските часови, додека противвоздушната одбрана делувала од повеќе насоки.Во Запорожје, на југоистокот на земјата, една личност загина, а девет се повредени во комбиниран напад кој остави повеќе од 73.000 домаќинства без струја, изјави гувернерот Иван Федоров.Премиерката Јулија Свириденко соопшти дека цивилна инфраструктура е оштетена и во регионите Ивано-Франкивск, Виница, Чернихив, Херсон, Харков и Одеса.„Ова е уште еден намерен чин на терор против цивилите“, напиша таа на платформата X. „Москва продолжува да напаѓа домови, училишта и енергетски постројки – докажувајќи дека уништувањето е нејзината единствена стратегија.“Претседателот Володимир Зеленски изјави дека руските сили испукале повеќе од 50 ракети и лансирале речиси 500 дронови.„Русија повторно ја напаѓа нашата инфраструктура – сè што овозможува нормален живот на нашиот народ. Ни треба поголема заштита и побрза примена на одбранбените договори, особено во областа на противвоздушната одбрана“, рече тој.Зеленски истакна дека „едностран прекин на огнот на небото“ би можел да биде чекор кон вистинска дипломатија.„Америка и Европа мора да делуваат за да го запрат Путин,“ порача украинскиот лидер.

Свет | пред 5 месеци

media-librarym58n9spv3kn0fTS0uKP

Додик во Сочи со Путин: време е Русија и САД да создадат комисија за Балканот

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, каде го повикал да не го заобиколува Балканот во дијалогот со американскиот претседател Доналд Трамп и да помогне во изнаоѓање трајни решенија за регионот, јавува руската агенција ТАСС.Додик во интервју по средбата, која се одржа во рамки на форумот „Валдај“, предложил формирање на посебно тело за стабилизација на регионот.„Го замолив претседателот Путин да обрне внимание на прашањата што би можеле да имаат значајна улога во преговорите што Русија ги води со САД. Доколку се постигне договор меѓу двете сили, важно е Балканот да не остане надвор од тој процес. Најисправно би било Русија и САД, во рамките на еден заеднички договор, да создадат комисија за Балканот која би помогнала да се изработат трајни решенија и да се воспостави стабилност во регионот,“ изјави Додик.Тој додаде дека со Путин разговарал и за економска, културна и спортска соработка, нагласувајќи дека во сегашните услови двете страни треба да го планираат развојот на меѓусебните односи. Како пример, Додик го спомна учеството на кошаркарски клуб од Република Српска во руската ВТБ лига.Посебен акцент ставил на, како што рече, „стратешката поддршка на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации“, особено во однос на темите што се поврзани со Босна и Херцеговина.Осврнувајќи се на неодамнешните инциденти со дронови во Европа, Додик ги оцени како „дел од глобалната провокација на Западот против Русија, што трае со децении“.„Сите овие обвинувања дека Русија е агресор и дека претставува закана за Европа се лага. Русија е најблиску до концептот на просперитетна и богата држава. Нејзината специјална воена операција беше одговор на долгогодишните провокации и обиди на Западот да ја искористи Украина како инструмент против Москва,“ изјави Додик, додавајќи дека, според него, „тие планови пропаднаа“.

Свет | пред 5 месеци

media-library6cah6lb1d932aIxxbYz

(Видео) Русија повторно ја нападна Украина – Полска крена борбени авиони во готовност

Рано утринава Русија продолжи со воздушни напади врз Украина користејќи дронови и ракети, при што беа погодени повеќе региони, вклучително и западниот дел на земјата. Поради близината на нападите до нејзината граница, Полска соопшти дека ги активирала своите борбени авиони и противвоздушните системи за заштита на националниот воздушен простор.Според гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, во таканаречениот „комбиниран напад“ животот го загубила една жена, а уште девет лица се повредени. На неговиот канал на „Телеграм“ беа објавени фотографии од местото на настанот, на кои се гледа делумно урната стамбена зграда.Украинската служба за итни интервенции (ДСНС) објави видео со последиците од нападот, додека целата земја утрово, од четири часот, беше под предупредување за воздушен напад. Според украинското воздухопловство, станува збор за масовни руски ракетни и беспилотни напади.Полска реагираше веднаш, потврдувајќи дека нејзините и сојузничките авиони дејствуваат во рамките на воздушниот простор на НАТО.„Полските и сојузничките авиони се активни над нашето небо, додека противвоздушните и радарските системи се ставени во највисок степен на готовност“, соопшти полското оперативно командување на платформата Х.Членките на НАТО на источниот фронт се во состојба на висока подготвеност, откако во септември Полска собори неколку сомнителни руски дронови во својот воздушен простор. Во меѓувреме, појавите на дронови и воздушни инциденти, како оние во Копенхаген и Минхен, предизвикуваат сериозни нарушувања во европскиот воздушен сообраќај.Летонскиот аеродром во Вилнус исто така беше затворен неколку часа во текот на ноќта, по дојави за можен прелет на повеќе балони кон пистата.Во последните денови, руската армија ја засили својата офанзива како што паѓаат температурите, особено насочувајќи се кон украинските енергетски објекти. Според украинските власти, оваа недела Русија ја спроведе најобемната кампања против гасната инфраструктура, додека саботните напади оставија околу 50.000 домаќинства во регионот Чернихив без електрична енергија.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryqqaad1iha8l21vVemID

(Видео) Зеленски: Дивјачки руски напад врз цивили, погоден воз полн со патници

Најмалку 30 луѓе се повредени во руски напад со дрон врз железничка станица во украинскиот град Шостка во Сумската област, потврди претседателот Володимир Зеленски.Украинскиот претседател објави на социјалната мрежа X: „Дивјачки руски напад со дрон врз железничка станица во Шостка, Сумска област.“ „Сите итни служби веќе се на терен и почнаа да помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се утврдуваат“, додаде тој. „Досега знаеме за најмалку 30 жртви. Прелиминарните извештаи покажуваат дека на местото на нападот имало и персонал и патници.“ „Русите не можеле да не знаат дека го гаѓаат цивилите. Ова е тероризам кој светот нема право да го игнорира“, напиша Зеленски.Регионалниот гувернер Олег Григоров изјави дека погоден е воз кој се движел кон Киев и дека на местото на настанот се лекари и спасувачи. И Зеленски и гувернерот објавија фотографии од местото на настанот кои прикажуваат патнички вагон во пламен.Раководителката на локалната окружна администрација, Оксана Тарасиук, изјави за украинската јавна телевизија дека во нападот се повредени околу 30 луѓе.Зголемени напади врз инфраструктурата Москва во последните месеци ја засили својата кампања на воздушни напади врз украинската железничка инфраструктура, гаѓајќи ја речиси секојдневно. Главниот помошник на Зеленски, Андриј Јермак, ја обвини Русија за намерно гаѓање на станиците и возовите, велејќи дека води „војна против цивилите“.Овој инцидент се случи само еден ден по нападите кои властите ги опишаа како најголем удар врз украинските постројки за природен гас од почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година.

Свет | пред 5 месеци

media-library3q6bso2jh3up1X3xU6G

Масовно труење со алкохол во Русија – над 40 починати

Најмалку 41 лице го загуби животот во Ленинградската област, на северозападот на Русија, поради консумирање на нелегален алкохол кој содржел смртоносни количини на метанол, објави државната агенција РИА Новости, повикувајќи се на полициски извори.Според информациите, бројот на жртви постојано се ажурира, бидејќи податоците пристигнуваат од различни окрузи по завршување на форензичките прегледи. Досега смртни случаи се потврдени во најмалку шест окрузи.Серијата труења што започнала на 24 септември претставува едно од најсмртоносните масовни труења со алкохол во последниве години, поврзано со црниот пазар кој е широко распространет во Русија.Регионалното обвинителство соопшти дека 14 лица се уапсени во врска со три кривични постапки. Меѓу нив има мали продавачи и посредници обвинети за складирање и препродажба на нелегален алкохол, а како главен организатор е посочен 54-годишен маж.Судовите одобриле повеќе барања за притвор. Според истрагата, алкохолот потекнува од складиште во округот Тосно, а потоа бил дистрибуиран преку нелегални магацини на локални пазари, каде се продавал без дозвола.Масовни труења од евтин, домашен алкохол не се реткост во Русија. Во 2016 година, повеќе од 60 луѓе починаа во Иркутск, во Сибир, откако испиле контрабандно масло за бањање кое содржело метанол.Иако законодавството беше заострено по тој настан, евтините домашни пијалаци со замени за алкохол сè уште се лесно достапни, особено во рурални средини со низок животен стандард, каде цената на водката е висока.

Свет | пред 5 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Кремљ: ЕУ се однесува како „банда“ со плановите за рускиот имот кој е замрзнат

Земјите членки на Европската унија што размислуваат да го искористат замрзнатиот руски имот за поддршка на Украина се однесуваат како „криминална банда“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „RT“.На неформалниот самит на ЕУ во Копенхаген лидерите разговараа за можноста да ѝ обезбедат на Украина заем од 140 милијарди евра, кој би бил гарантиран со средствата на руската централна банка, замрзнати поради санкциите.Белгискиот премиер Барт де Вевер, во чии банки е складирана најголемата сума од руските средства во Европа, предупреди дека „нема бесплатни пари и секогаш постојат последици“. Тој побара сите земји да преземат одговорност доколку ваквиот потег донесе правни проблеми.Песков пак оцени дека дискусиите во ЕУ „личат на план за пљачка“. „Едни стојат на стража, други крадат, трети бараат одговорност да се подели. Но сите ќе сносат правна и друга одговорност“, изјави тој.Портпаролот на Кремљ додаде дека конфискацијата би го нарушила довербата во неповредливоста на сопственоста и предупреди дека „бумерангот силно ќе ги погоди“ токму земјите каде што се чуваат депозитите.По почетокот на руската инвазија во 2022 година, Западот замрзна околу 257 милијарди евра руски средства, од кои 210 милијарди се во Европа. Најголемиот дел – околу 185 милијарди евра – е во белгискиот систем „Euroclear“ во Брисел.Додека трае правната расправа околу конфискацијата, ЕУ веќе почна да ги насочува каматите од овие средства кон Украина, а досега во Киев се префрлени околу 4 милијарди евра.

Свет | пред 5 месеци

benzine

(Видео) Москва со итни мерки: увоз од Кина за да се ублажи недостигот на гориво

Енергетската криза во Русија доби нова димензија поради украинските напади врз рафинериите. Недостигот на гориво ја принуди Москва да започне увоз од Кина и други азиски земји, со што првпат по долго време земјата се откажува од целосна енергетска самостојност.Според пишувањето на „Комерсант“, пакетот мерки предвидува укинување на царините за увоз преку источните пунктови и директна компензација од буџетот за да се покрие ценовната разлика. Три компании – Роснефт, АД ННК и ВО Промсириеимпорт – ќе бидат задолжени за транспорт на гориво, со план да испорачуваат 150.000 тони месечно.Властите, свесни за сериозноста на кризата, разгледуваат и непопуларни решенија: враќање на забранетиот адитив MMA, зголемување на дозволената количина на ароматични јаглеводороди и дозвола за продажба на горива со алкохолна примеса. Со ова би се надоместиле дополнителни 350.000 тони бензин и 100.000 тони дизел.Но, според официјалното писмо на вицепремиерот Александар Новак до премиерот Михаил Мишустин, ситуацијата е алармантна. Во септември, 38% од капацитетот на руските рафинерии биле надвор од функција, при што 70% од застојот е резултат на украински напади со беспилотни летала.Недостигот веќе ја погоди продажбата на бензин, која е ограничена на 30 литри по купувач во повеќе региони, од Сахалин до Крим. Украина, пак, продолжува со интензивни напади, а последниот пример е пожарот во рафинеријата Ново-Јарослав. Гувернерот Михаил Јевраев изјави дека „пожарот е од техничка природа“ и не е поврзан со напад.

Свет | пред 5 месеци

rusija

Руски дронови сѐ почесто навлегуваат во воздушниот простор на ЕУ и НАТО – предупредувања за зголемена закана

Руски дронови и авиони сѐ почесто го нарушуваат воздушниот простор на Европската Унија и НАТО, што според „Политико“ предизвикува загриженост кај владите низ континентот заради растечката закана од Москва.„Војната е веќе тука. Денес најважната задача на секој јавен лидер е да ја убеди нашата трансатлантска и западна заедница, со разум и со срце, дека ова е непосакувана, на моменти чудна, но сепак вистинска војна“, изјави полскиот премиер Доналд Туск на Варшавскиот безбедносен форум.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул истакна дека „Русија се обидува да ги дестабилизира нашите општества“ и дека Европа мора да испрати „јасен одговор“ до Кремљ.Навлегувања во повеќе земјиПоследните недели дронови влегле во воздушниот простор на Полска, Романија, Данска и Норвешка, а руски воени авиони го прекршиле и воздушниот простор на Естонија пред да бидат протерани. Според „Политико“, овие инциденти отвораат сериозни прашања за безбедноста и за одговорот на НАТО и ЕУ.Естонија дури јавно објавила дел од радарските податоци за да покаже дека, како што велат од Талин, „Русија лаже“ кога ги демантира овие случувања.Особено внимание привлече случајот со неколку сомнителни дронови кои овој месец ја прелетаа Данска – земја што ретко се смета за фронтова линија во конфликтот. Франција, Германија, Велика Британија и Шведска веќе испратија помош на Копенхаген за заштита од дронови.Европа се движи бавно, но чувството на итност растеИако повеќе пати е критикувана за бавност во вооружувањето, Европа полека ја зголемува својата подготвеност.„Дроновите се несреќа што може да послужи како предупредување – конечно луѓето сфаќаат што е на маса. Сега балтичките држави можат да кажат: ‘Ви рековме’“, изјавил западноевропски пратеник за „Политико“.Бившата литванска претседателка Далија Грибаускајте порача дека „денес најсилна и најискусна армија во Европа не е германската, британската или турската, туку украинската“.„Путин не го одврати ниту Украина, ниту Европа, ниту Соединетите Држави. Тоа значи дека повеќе не зборуваме за одвраќање, туку за одбрана. Тоа е новата реалност во која се наоѓаме,“ нагласи таа.

Свет | пред 5 месеци

media-library6c8jmpup8afpdBR8J6i

(Видео) Украинската разузнавачка служба тврди: Убиен висок офицер на руската Национална гарда на Северен Кавказ

Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека во специјална операција на 27 септември во Северен Кавказ бил убиен висок офицер на руската Национална гарда, заедно со неговиот помошник и возач, јави „Kyiv Independent“.Детали од операцијатаСпоред соопштението објавено денеска, нападот се случил во близина на селото Тамбукан, во Ставрополскиот крај, додека офицерот со возило патувал кон воен полигон. Како доказ, ГУР објави и видео на кое најпрво се гледа офицерот од далечина, а потоа експлозија го погодува неговото возило во движење.Идентификација на целтаУбиениот офицер бил идентификуван како потполковник и командант на единицата „Авангард“ на руската Национална гарда – формација задолжена за одржување јавен ред и борба против „тероризам“ и „нелегални вооружени групи“.Операцијата, како што тврди украинската страна, била изведена со поддршка на групата „Кавказко ослободително движење“, без да се откријат дополнителни детали.Далеку од бојното полеСелото Тамбукан се наоѓа во југозападна Русија, околу 80 километри северно од границата со Грузија и речиси 650 километри од најблиската фронтална линија во Украина.Северен Кавказ се смета за една од најнестабилните региони во Русија, со долга историја на побуни, радикализам и етнички тензии. „Kyiv Independent“ наведува дека не можел независно да ги потврди тврдењата на украинската служба.Видеото погледнете го тука

Свет | пред 5 месеци

ukraina-telegram

Руски дрон уби родители и две деца во Суми

Двајца браќа на возраст од четири и шест години, заедно со своите родители, загинаа во ноќен руски напад со дрон врз селото Чернечина, во северниот украински регион Суми.Регионалниот гувернер Олег Григоров изјави дека „синоќа непријателот намерно погодил станбена зграда со нападен дрон“, додавајќи дека телата на семејството биле извлечени од урнатините.Руските сили веќе со месеци водат исцрпувачки борби на истокот и југот на Украина, но се обидуваат да воспостават и упоришта во северните области како Суми, која граничи со руската Курска област. Москва и понатаму негира дека намерно ги таргетира цивилите, иако илјадници се убиени, а голем број домови, станбени и стопански објекти уништени или оштетени.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања