Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Трамп најавува „огромен напредок“, но вистинските преговори за Украина се далеку од договор – три „црвени линии“ што можат да го урнат планот

Американската администрација повторно со оптимистички тонови ја претставува состојбата во мировните разговори за завршување на војната во Украина. Претседателот Доналд Трамп зборува за „огромен напредок“, а шефот на дипломатијата Марко Рубио ги опиша разговорите во Женева како „многу позитивни“, уверувајќи дека преостанатите разлики „не се непребродливи“.Вашингтон дури соопшти дека „Украинците се согласиле со мировниот договор“, иако постојат „мали детали што треба да се доработат“. Но, според Киев – вистината е многу покомплицирана.Висок украински извор со директни сознанија за преговорите за CNN вели дека американската администрација создава премногу розова слика.Иако е постигната согласност за „голем дел“ од точките на предлогот што протече минатата недела, три клучни прашања остануваат нерешени – и токму тие можат да го урнат целиот процес.Првата и најболна точка е предлогот Украина да се откаже од делови од Донбас кои Русија ги анектираше, но не ги освои целосно.Станува збор за серија силно утврдени градови од огромна воена важност, опишани како „појас на тврдини“.Првичните американски предлози предвидуваа:создавање демилитаризирана зона,под де факто руска контрола.Украина признава „одреден напредок“, но конечна согласност нема.„Би било многу погрешно да се каже дека сега постои верзија што Украина ја прифатила“, предупредува изворот.Втората жестока расправија се однесува на американскиот предлог за ограничување на украинските вооружени сили на 600.000 војници.Киев преговара за поголема бројка – и наведува дека такво ограничување, сред војна, може да ја доведе земјата во директна опасност.Најчувствителната тема е барањето Украина трајно да се откаже од членство во НАТО.Украинскиот извор за CNN рече дека тоа е:неприфатливо,создава „лош преседан“,ѝ дава на Русија право на вето врз НАТО – алијанса во која Москва не членува.Оваа точка е една од главните причини поради кои Киев и Москва влегоа во војна, а милиони Украинци го сметаат НАТО за гаранција за сопствен опстанок.Иако Трамп последните денови повлече од „крајниот рок“ поставен за Денот на благодарноста, неговата администрација и понатаму тврди дека напредокот е огромен.Но, CNN укажува дека:предавање територија,намалување на армијата,и трајно одрекување од НАТОне се „мали детали“ – туку фундаментални прашања за кои досега загинале десетици илјади украински војници.Овие три точки се најголемите „црвени линии“ за Украина и секој потег што личи на отстапување може да предизвика политичка криза во Киев.Затоа, иако Вашингтон зборува за „финални пречки“, аналитичарите предупредуваат дека разликите се далеку од мали – и дека мировниот процес може брзо да пропадне ако не се најде фино избалансирано решение.Колку и да звучи оптимистички американската реторика – договорот е сè уште далеку од реалноста.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Што навистина се договарало? Транскрипт што ги тресе Киев и Брисел

Американската медиумска куќа „Блумберг“ објави аудио-снимка и целосен транскрипт од телефонски разговор воден на 14 октомври меѓу Стив Виткоф – специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии – и Јуриј Ушаков, главен советник на рускиот претседател Владимир Путин за надворешна политика.Разговорот, кој траел нешто повеќе од пет минути, открива како претставникот на Трамп му дава упатства на Кремљ за тоа како да му се доближи на американскиот претседател во обид да се креира заеднички мировен план за Украина, по моделот што неодамна беше применет во Газа.Она што дополнително привлече внимание е делот во кој Виткоф признава дека, според него, решението за конфликтот ќе бара отстапки од Украина, вклучително и „Донецк и можеби размена на територии“.Пренесуваме целосен транскрипт, како што го објави „Блумберг“, без измени и без кратење.Стив Виткоф: Здраво, Јуриј.Јуриј Ушаков: Да, Стив, здраво, како си?Виткоф: Добро сум, Јуриј. А ти?Ушаков: Добро сум. Честитки, пријателе.Виткоф: Благодарам.Ушаков: Одлична работа направи. Навистина одлична работа. Ти благодарам многу. Благодарам, благодарам.Виткоф: Благодарам, Јуриј, и благодарам за твојата поддршка. Знам дека вашата земја го поддржа тоа и сум благодарен.Ушаков: Да, да, да. Да. Знаеш, затоа и ја прекинавме подготовката за првиот руско–арапски самит.Виткоф: Да.Ушаков: Да, бидејќи сметаме дека таму во регионот работиш вистинска работа.Виткоф: Слушај, ќе ти кажам нешто. Мислам… мислам дека ако успееме да го решиме ова со Русија и Украина, сите ќе скокаат од среќа.Ушаков: Да, да, да. Да, треба да решите само еден проблем. (се смее)Виткоф: Кој?Ушаков: Руско–украинската војна.Виткоф: Знам! И како да го решиме тоа?Ушаков: Пријателе, сакам само твој совет. Дали мислиш дека би било корисно нашите двајца лидери да разговараат телефонски?Виткоф: Да, мислам дека би било корисно.Ушаков: Мислиш дека би било. А кога мислиш дека тоа би можело да се случи?Виткоф: Мислам дека штом вие предложите, мојот човек е подготвен веднаш да го направи тоа.Ушаков: Во ред, во ред.Виткоф: Јуриј, Јуриј… јас би вака. Мој предлог.Ушаков: Да, кажи.Виткоф: Би се јавил и само би повторил дека му честитате на претседателот за постигнувањето, дека го поддржувате тоа, дека го почитувате затоа што е човек на мирот, и дека навистина ви е драго што го гледате тоа. Тоа би го кажал. Мислам дека поради тоа разговорот би бил многу добар.Ќе ти кажам што му реков на претседателот. Му реков дека Руската Федерација од секогаш сакала мировен договор. Тоа е моето верување. Му кажав дека навистина верувам во тоа. И сметам дека проблемот е во тоа што имаме две држави кои тешко постигнуваат компромис, и кога ќе успееме — ќе имаме мировен договор. Размислувам дури да составиме некаков мировен предлог од 20 точки, како што направивме во Газа. Го составивме Трамповиот план од 20 точки за мир, и мислам дека би можеле исто и со вас. Поентата е следнава…Ушаков: Во ред, во ред, пријателе. Мислам дека за тоа нашите лидери можат да разговараат. Стив, се согласувам со тебе дека ќе му честита, дека ќе каже дека Трамп е вистински човек на мирот и така натаму. Тоа ќе го каже.Виткоф: Но слушај што мислам дека би било феноменално.Ушаков: Во ред, слушам.Виткоф: Што ако… што ако… само сослушај ме…Ушаков: Ќе разговарам за тоа со мојот шеф и ќе ти се јавам. Во ред?Виткоф: Да, но слушај ме. Сакам само да можеш тоа да му го кажеш на претседателот Путин, затоа што знаеш дека имам огромна почит кон него.Ушаков: Да, да.Виткоф: Можеби тој да му каже на претседателот Трамп: „Знаеш, Стив и Јуриј разговараа за сличен план од 20 точки за мир, и тоа би можело да биде нешто што ќе ги придвижи работите напред. Отворени сме да разгледаме што е потребно за да се постигне мировен договор.“А сега, меѓу нас… јас знам што ќе биде потребно договорот да успее: Донецк и можеби некаква размена на територии некаде. Но наместо да го кажеме тоа така, да зборуваме со повеќе надеж, затоа што мислам дека ќе стигнеме до договор. И мислам, Јуриј, дека претседателот ќе ми даде многу простор и слобода да го постигнам тој договор.Ушаков: Разбирам…Виткоф: …и ако можеме да создадеме таква можност, потоа ќе можеме да кажеме: „Разговарав со Јуриј и имавме разговор кој може да доведе до големи работи.“Ушаков: Во ред. Звучи добро. Навистина добро звучи.Виткоф: И уште нешто: Зеленски доаѓа во Белата куќа во петок.Ушаков: Знам. (се смее)Виткоф: И јас ќе бидам на тој состанок затоа што сакаат да бидам таму. Но мислам дека, ако е можно, треба да има повик со вашиот лидер пред тој состанок во петок.Ушаков: Пред, пред — да?Виткоф: Точно така.Ушаков: Во ред, разбирам. Ќе разговарам со мојот шеф и ќе ти се јавам.Виткоф: Во ред, Јуриј, ќе се слушнеме наскоро.Ушаков: Одлично, одлично. Благодарам многу.Виткоф: Чао.Ушаков: Чао.(повикот завршува)Објавата на транскриптите може да ги продлабочи сомнежите околу тоа колку Русија била вклучена во обликувањето на иницијалниот американски предлог. Украинските власти веќе предупредуваат дека под условите од иницијалната верзија државата би била принудена да се откаже од делови од територијата, што за официјален Киев е неприфатливо.Сега, кога деталите излегуваат на површина, станува јасно дека зад кулисите се воделе разговори со сериозни импликации за суверенитетот на Украина – разговори во кои Москва и Вашингтон на моменти звучеле многу поблиску отколку што официјалните изјави го прикажуваат.

Свет | пред 3 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зошто Украина ќе продолжи да се бори дури и ако Трамп ја напушти

Минатонеделниот притисок од американскиот претседател Доналд Трамп врз Киев – да го прифати ненадејниот мировен план на Вашингтон или да ризикува да остане без американско оружје и разузнавачки податоци – предизвика шок во европските престолнини. Иако документот потоа беше преработен со учество на Украина и европските партнери, а Трамп изјави дека „рокот е кога ќе заврши“, заканата и натаму тежи врз Киев.Ова го отвора клучното прашање: може ли Европа да ја замени американската воена помош, и може ли Украина да продолжи да се брани без неа? Според анализата на Политико, одговорот е – Европа не може, но Украина ќе продолжи да се бори.Според експертите, Европа засега нема капацитет да го исполни она што го нудат САД. Најголемиот проблем се ракетно-противвоздушните системи. Украинската способност да ги пресретне руските балистички проектили речиси целосно зависи од американските системи „Патриот“ и ракетите PAC-3, кои исклучиво ги произведуваат САД.И покрај тоа што европските држави испраќаат тенкови, муниција и авиони, Молинг од Европскиот центар за политика нагласува дека достигнување на актуелното ниво на американска поддршка е „едвај возможно“.Важен елемент се и разузнавачките информации. Раното откривање на ракетни напади се темели на густата мрежа американски сателити и системи за набљудување, што Европа ги нема. Без нив, Украина многу потешко би извршувала противудари, особено врз руските системи за противвоздушна одбрана и инфраструктурата во позадина.Иако Европа сега трошел повеќе од САД, тоа не значи дека ја презела водечката улога. Американската поддршка речиси запре откако Трамп стапи на должност, додека европските држави ја зголемија финансиската помош, најчесто со плаќање на американско оружје преку системот PURL – „листа на приоритетни украински потреби“.Но, Вашингтон може едноставно да го стопира извозот, независно од комерцијалните интереси на компаниите. „Доволна е една политичка одлука“, предупредува Молинг.Ако САД навистина престанат да помагаат, Украина би продолжила да се брани, но во многу поопасни услови. Иако земјата денес има една од најсилните одбранбени индустрии во Европа и произведува повеќе дронови, ракети и муниција од кога било, сè уште нема можност самостојно да пресретнува балистички проектили.Заменик-министерката за одбрана Хана Гвоздиар истакна дека Украина веќе произведува околу 60% од потребното вооружување, но преостанатите 40% вклучуваат високотехнолошки системи кои не може да ги надомести без странска помош.Експертите предупредуваат дека без американските ракетни системи и разузнавачка поддршка, Украина ќе мора да се бори со „значително поголем ризик“. Но украинската отпорност не е спорна. Војската издржа и во периоди на екстремни недостатоци и под постојани руски напади.„Украина не капитулираше ниту падна. Ќе продолжи да се бори – со или без Трамп“, оценува Скриченко од Центарот за трансатлантски дијалог.

Свет | пред 3 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Украина и САД постигнаа договор за условите за мировен договор со Русија

БТА повикувајќи се на американските телевизиски мрежи „ABC“, „CBS“ и „CNN“ кои имаат и формации од претставници на американската влада, извести дека Украинска делегација постигнала договор со САД за условите за можен мировен договор со Русија.Ден Дрискол, министерот за одбрана на САД, вчера според медиумски информации одржал тајни разговори со руската делегација во Абу Даби, како продолжение на разговорите со Украина во Женева.Според него, Украина се согласила со мировниот договор.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Политико: Европската унија во паника по руското одбивање на ревидираниот договор за Украина

Европските функционери вчера накратко воздивнаа, убедени дека преговорите во Женева донеле напредок и дека Доналд Трамп ќе ја сослуша нивната порака: Украина не смее да биде притисната да прифати лош мировен договор. Но оптимизмот траеше само неколку часа. Русија уште истата вечер ја отфрли ревидираната верзија на документот, јавува „Политико“.Европската радост првично беше поттикната од изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го поздрави „добриот напредок“ постигнат благодарение на „силното европско присуство“ во преговорите. За првпат во процесот, европските и британските советници беа поканети на разговорите – нешто што изостана во оригиналниот американско-руски предлог од 28 точки, кој во Брисел предизвика вознемиреност поради прекумерната наклонетост кон Москва.Откако Русија ја отфрли ревидираната верзија, Украина се соочува со ризик Владимир Путин да ги врати преговорите на почеток – на спорниот договор за прекин на огнот што од Киев бара да отстапи дел од територијата, да се откаже од членството во НАТО и да ја намали армијата од речиси еден милион војници на околу 600.000.Во таква поставеност, претседателот Володимир Зеленски би се нашол пред драматичен избор: да го прифати договорот скроен од Трамп и Путин или да ризикува долгорочна иднина на Украина надевајќи се дека Европа конечно ќе одлучи да преземе поголем товар. Истата Европа која по четири години војна сè уште не испраќа свои сили, не го обезбедува оружјето што го бара Киев и не ги активира замрзнатите руски средства во европските банки.Американски републиканци, како Грег Свенсон од Republicans Overseas, сметаат дека Европејците се занесуваат: „Која е алтернативата? Можете да зборувате убаво, да присуствувате на дипломатски средби, но единствениот начин да се порази Путин е борба – а тие не се подготвени за тоа“, изјави Свенсон.Европските држави, пак, потсетуваат на огромната финансиска и воена помош што ја испратија во Украина, како и на економските последици од прекинот на соработката со Русија, особено во енергетиката. Но останува фактот: првиот предлог на Трамп предизвика паника во Брисел затоа што Зеленски не може да се потпира само на Европа.Тоа стана видливо на последниот самит во Брисел, кога лидерите на ЕУ беа уверени дека ќе го одобрат планот за користење на 140 милијарди евра замрзнат руски имот како „репарациски заем“ за Украина. Тој договор се распадна по неочекуваниот отпор на Белгија. Разговорите се интензивираат, но решение сè уште нема – а дел од дипломатите стравуваат дека идејата за заем ќе пропадне ако мировниот договор ја вклучи таа ставка. Првичниот американски предлог предвидуваше половина од приходите од инвестициите во Украина да одат во САД, што Европа го оцени како „скандалозно“.Дополнителен ризик е што финансискиот депозитар Euroclear – лоциран во Белгија – би можел да биде обврзан да ги врати средствата во Москва по укинувањето на санкциите, што би ги изложило европските даночни обврзници на огромни финансиски трошоци.Освен финансиските дилеми, отворено е и прашањето за безбедноста. Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Киер Стармер на почетокот на годинава зборуваа за меѓународни мировни сили составени од доброволни држави, па дури и за праќање војници во Украина. Но тонот се смени – и во Париз и во Лондон. Сериозноста на темата ја покажа и бурната реакција во Франција по изјавите на новиот началник на Генералштабот, Фабиен Мандон, кој ги повика локалните власти да се подготват за можен судир со Русија.Во Германија, министерот за надворешни работи Јохан Вадепфул истакна дека Берлин веќе испраќа силна поддршка со стационирање бригада во Литванија. Но за Украина тоа не е доволно: Киев бара конкретна, силна поддршка на своја територија, што европските влади сè уште не се подготвени да ја дадат.„Барем Трамп е искрен“, вели Свенсон. „Можеме да ја победиме Русија – и брзо, доколку не се употреби нуклеарно оружје. Но тоа би значело многу мртви.“Меѓу таа искреност, европската воздржаност и руската агресија – Украина повторно стои сама на средина.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Скандал во Вашингтон: сенаторот Кели под закана од воен суд поради видео со порака до војниците

Пентагон соопшти дека отвора истрага против сенаторот од Аризона, Марк Кели, поради можни прекршувања на воениот закон – необичен и речиси преседански потег во американската политика. Кели, поранешен воен пилот и астронаут, се најде под лупа откако се појави во видео во кое, заедно со други демократи со воено искуство, ги повикува припадниците на армијата да ги одбијат незаконските наредби. Информацијата првично ја објави „Гардијан“.Во соопштението објавено на социјалните мрежи, Пентагон се повика на федерален закон што дозволува пензионирани воени лица, по наредба на министерот за одбрана, да бидат вратени во активна служба за да им се суди воен суд. Кели е пензиониран со чин капетан, по служба во американската морнарица како пилот на ловечки авиони.Според Пентагон, неговите изјави во видеото можеле да го нарушат „моралот, редот и дисциплината“ во вооружените сили. Во соопштението се наведува дека е започната „темелна проверка“ која може да резултира со повикување на Кели во активна служба и поведување воена постапка, или со административни мерки.Снимката, објавена минатиот вторник, го покажува Кели како им се обраќа директно на војниците, потсетувајќи ги дека „имаат право да одбијат незаконска наредба“. Други законодавци во видеото порачаа дека „воените лица мора да застанат во одбрана на законите и уставот“.Министерот за одбрана Пит Хегсет, кој во вториот мандат на Доналд Трамп ја води институцијата што сега е преименувана во Министерство за војна, остро го осуди видеото. Тој го нарече „гнасно, непромислено и неточно“, тврдејќи дека Кели го поткопува „секој аспект на добриот ред и дисциплина“. Трамп, пак, реагираше со уште поголема жестина – на својата мрежа Truth Social напиша дека Кели и другите учесници се впуштиле во „бунтовно однесување казниво со смрт“, а потоа сподели објава со порака „Обесете ги“.Кели возврати дека за истрагата дознал преку објавата на Пентагон на социјалните мрежи. Порача дека обидите да се исплашат законодавците нема да успеат: „Предолго сум му служел на оваа земја за да молчам пред насилници кои се грижат само за сопствената моќ.“ Потсети и на својата воена и астронаутска кариера, вклучувајќи ги и мисиите во кои преживеал експлозија покрај својот авион и учествувал во враќањето на телата на астронаутите загинати во несреќата на шатлот „Колумбија“.Сенаторот изрази и загриженост за безбедноста на своето семејство, особено имајќи предвид дека неговата сопруга, поранешната конгресменка Габриел Гифордс, едвај преживеа вооружен напад во 2011 година. Кели предупреди дека реториката на Трамп е опасна и дека тишината на дел од републиканците дополнително го поттикнува ризикот.Откако Пентагон ја објави истрагата, голем број демократи застанаа зад Кели. Сенаторот од Аризона Рубен Гаљего му порача на Пентагон: „Срам да ви е и вам и на вашата истрага“, предупредувајќи дека администрацијата на Трамп се однесува „како авторитарен режим“. Сенаторот Крис Марфи го нарече Кели „вистински Американец“, а Пети Мареј истакна дека „на земјата ѝ требаат повеќе патриоти како него, а помалку кукавици како Трамп и Хегсет“.Адам Шиф порача дека Трамп и Хегсет „имаат што да научат за службената должност“ од ветерани како Кели. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, предупреди дека Трамп се обидува да го претвори Пентагон во „свој личен јуришен инструмент“ и додаде: „Ова е однесување на диктатори. Стојам зад сенаторот Кели – така треба да постапи секој Американец што не сака да му владее крал.“Случајот се смета за еден од најсилните судири меѓу Пентагон, Конгресот и Белата куќа во последните години, со потенцијал да го отвори прашањето за политичката вмешаност во американската војска – тема што ја потресува земјата откако Трамп повторно ја презеде власта.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryc89524j4f72o5db8EqE

Паднаа обвиненијата против поранешниот директор на ФБИ – пресуда што ја разнишува администрацијата на Трамп

Американскиот сојузен суд ја отфрли обвинителната постапка против поранешниот директор на Федералното истражно биро, Џејмс Коми, долгогодишен критичар на Доналд Трамп. Коми ја поздрави одлуката, оценувајќи дека таа покажува оти претседателот не смее да ги употребува државните институции за притисок и пресметка со политички неистомисленици.Судот утврди дека обвинителката Линдзи Халиган, која го водела предметот, не смеела да биде именувана од Министерството за правда во таа улога. Поради неправилностите при нејзиното назначување, обвинението беше укинато, но Министерството има можност повторно да го отвори случајот. Белата куќа најави дека ќе поднесе жалба.Според пишувањата на „Вашингтон пост“, Халиган била поставена за вршител на должност по заминувањето на обвинител кој проценил дека доказите против Коми не се доволни за покренување постапка. Набргу потоа, администрацијата на Трамп го разрешила. Халиган претходно работела во Белата куќа и била дел од правниот тим близок до Трамп.Во видео-изјава објавена на Инстаграм, Коми порача дека пресудата е „потсетник оти Министерството за правда не е алатка за пресметка со политички противници“. Додаде дека очекува Трамп повторно да го напаѓа, но дека „не се плаши и верува во независно судство“.Против Коми беа покренати обвиненија за лажно сведочење и попречување постапка на Конгресот, во период кога Трамп јавно вршел силен притисок врз институциите да постапат против неговите критичари. Само неколку дена претходно, Трамп на социјалните мрежи ја повикал државната обвинителка Пам Бонди да преземе мерки против лица што ги сметал за свои противници, меѓу кои и Коми.Коми беше именуван за директор на ФБИ во 2013 година од претседателот Барак Обама. За време на мандатот на Трамп тој ја водеше истрагата за можни врски меѓу кампањата на Трамп и руските напори за влијание врз изборите во 2016 година. Коми беше разрешен во 2017 година, додека истрагата сè уште траеше.Судот отфрли и второ обвинение, поднесено против државната обвинителка на Њујорк, Летитија Џејмс, исто така поради процедурни пропусти поврзани со назначувањето на Халиган. Џејмс беше обвинета за наводна измама во врска со прикажување недвижност како своја главна адреса, што таа го отфрла.Џејмс беше клучна во граѓанската постапка против Трамп, кој во 2024 година беше задолжен да плати околу 450 милиони долари за финансиски измами. Судот утврди дека тој и дел од раководството ја прикажувале вредноста на „Организацијата Трамп“ повисока од реалната за да добијат поповолни заеми и осигурителни услови. Апелациониот суд подоцна оцени дека казната е „преголема“ и нареди ново одмерување.Правните советници на Коми сметаат дека тој со оваа пресуда е целосно рехабилитиран, а правните експерти предупредуваат дека одлуката претставува сериозен удар врз напорите на Трамп да ги казни институциските функционери што му се спротивставиле.

Свет | пред 3 месеци

media-librarysos6qkdg30go81Va8uj

САД започнаа директни преговори со Русија и Украина во обид да се обезбеди мировен договор

САД интензивно преговараат со Русија и Украина во обид да го финализираат новиот мировен план за ставање крај на војната, јавуваат американски и меѓународни медиуми. Американскиот министер за копнена војска, Дан Дрискол, синоќа пристигнал во Абу Даби, каде започнал средби со украинскиот разузнавачки врв и руска делегација.Според американски функционер и извори упатени во процесот, Дрискол веќе синоќа имал првични разговори со руските претставници, а преговорите продолжуваат и денес. Тој треба да оствари средба и со Кирило Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба (ГУР), познат по водењето на најсложените украински операции од почетокот на војната.Напредок во Женева, нов предлог со 19 точкиСредбата во Обединетите Арапски Емирати следи по викенд-преговорите во Женева, каде што американската и украинската делегација постигнаа напредок и од почетниот контроверзен план од 28 точки произлезе нов предлог – скратен на 19 точки и, како што се наведува, „значително поповолен за Киев“.Првиот предлог на администрацијата на Доналд Трамп предвидуваше признание на руската контрола врз Крим, Донецк и Луганск, формирање демилитаризирани зони и низа геополитички отстапки кои предизвикаа остра реакција во Европа и делови од американскиот Конгрес. Најчувствителните точки сега се оставени како прашања што треба да ги договорат двајцата претседатели – Трамп и Зеленски.Буданов – клучна личност меѓу двете страниБуданов е еден од ретките украински претставници кои во текот на војната одржуваа отворени канали со Русија, што овозможи размена на илјадници заробеници и решавање дел од хуманитарните прашања. Тој е назначен како дел од официјалната украинска делегација за директни преговори со САД и Русија.Зеленски: „Некои чекори за крај на војната стануваат остварливи“Во обраќање до украинската јавност, претседателот Владимир Зеленски синоќа рече дека очекува „неопходните чекори за ставање крај на војната да станат реални“, но предупреди дека најкритичните точки од договорот допрва ќе се разгледуваат.„По Женевските разговори има помалку точки, повеќе не се 28. Многу важни елементи се земени предвид. Но ни претстои сериозна работа и директни разговори со претседателот Трамп,“ изјави Зеленски.Вашингтон: „Мора да бидеме сигурни дека Русија ќе прифати“Белата куќа останува воздржана, но внимателно оптимистична. Портпаролката Каролин Левит потврди дека за сега не е планирана средба меѓу Трамп и Зеленски, но истакна дека САД се „многу охрабрени“ од напредокот во Женева.„Мора да бидеме сигурни дека сите точки се целосно договорени – и со Украина, и со Русија. САД се ангажираат подеднакво со двете страни“, рече таа.Предизвиците допрва следуваатИако процесот е интензивиран и воден 24 часа дневно, според американските функционери, остануваат големи отворени прашања – од безбедносните гаранции за Украина, до територијалните прашања и идната улога на НАТО.За првпат од почетокот на војната, преговорите вклучуваат високо ниво претставници на трите страни, а исходот ќе зависи од тоа дали ќе се произведе рамка што истовремено е прифатлива за Киев, Москва и Вашингтон.

Свет | пред 3 месеци

1680095499_zelenski

Зеленски: Украина е благодарна на Трамп, САД и на секое американско срце за напорите за постигнување мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на САД и на нивниот претседател Доналд Трамп за напорите да го поддржат Киев.„Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.Претходно Трамп рече дека украинското раководство изразило „нулта благодарност“ за американската помош.Зеленски, исто така, изрази благодарност и до Европа, Г-7 и Г-20 за нивната помош, велејќи дека нивните напори за поддршка на оваа помош се важни.„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот. Сè мора да биде правилно осмислено за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме таа да се случи повторно”, напиша Зеленски.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Европа излегува со контра-предлог до Трамп: Украина да биде заштитена од САД како да е дел од НАТО

Украина и нејзините европски сојузници ќе инсистираат дека разговорите со Русија за какви било териториски размени можат да се случат само откако ќе престане војната по сегашната линија на контакт, според луѓе запознаени со контра-предлогот што ќе им биде презентиран на САД во Швајцарија.Се чини дека и Трамп го намалува притисокот врз Киев бидејќи предлогот за мировен договор не е конеченТој на прес концеренција изгледаше помалку самоуверен во барањето Украина да се согласи со контроверзниот предлог што би вклучувал отстапување од територија на Русија, значително намалување на вооружените сили на Украина и давање на САД голем удел во идната реконструкција на земјата.,,Не, тоа не е мојата последна понуда.Сакам да склучиме мир; требаше да се направи одамна, мора да го завршиме на еден или друг начин”, одговори Трамп.Според условите предложени од САД, Украина ќе мора да ги повлече трупите од делови од источниот регион Донбас што Русија не успеа целосно да ги окупира. Областа ќе стане демилитаризирана тампон зона, меѓународно призната како руска.Москва, ќе добие признание за Крим, Луганск и Донецк.Предлогот на САД, кби ја ограничил големината на вооружените сили на Украина на 600.000 лица.Европските лидери, заедно со членовите на Групата седум, Канада и Јапонија, се спротивставија на идејата дека границите на Украина би можеле да се намалат или дека вооружените сили би можеле да бидат ограничени.

Свет | пред 3 месеци

media-librarybj0u7ip9iloj4oBcP7O

Продолжува серијата трагедии семејството на Кенеди: Внуката Татјана Шлосберг има рак и само една година живот

Татјана Шлосберг, внуката на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, откри дека ѝ е дијагностицирана тешка болест, а лекарите ѝ соопштиле дека ѝ преостанува помалку од една година живот.Татијана, ќерка на Каролин Кенеди (67) и дизајнерот Едвин Шлосберг (80), дознала за болеста во мај 2024 година, само неколку часа по раѓањето на нејзината ќерка.Во текст за магазинот New Yorker таа напиша дека првично воопшто не ѝ било јасно дека лекарите зборуваат за неа:„Не можев да поверувам. Не се чувствував болно. Напротив, се сметав за една од најздравите личности што ги познава”, вели Каролин.Таа е новинарка, чија специјалност е климатологија, мајка е на две деца и беше отворен противник на позицијата на нејзиниот роднина Роберт Ф. Кенеди помладиот, како секретар за здравство на САД кај претседателот Доналд Трамп.Семејството Кенеди со децении е поврзувано со серија несреќи и трагедии, од атентатот врз Џон Ф. Кенеди, до смртта на многу членови во несреќни околности.

Свет | пред 3 месеци

tramp

Трамп: Четврток е клучниот рок за Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти 27 ноември, четврток, е вистинскиот рок до кој Украина треба да го прифати мировниот предлог поддржан од САД, со кој би се ставил крај на војната со Русија.„Имав многу рокови, но ако работите се одвиваат добро, роковите обично се продолжуваат. Но, ние мислиме дека четврток е вистинското време“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, претходно објави дека САД се подготвени да го прекинат споделувањето разузнавачки информации и испораките на оружје доколку Киев не се согласи на рамковниот мировен договор што Вашингтон го предлага. Според изворите, Украина е под поголем притисок од било кои претходни мировни иницијативи и се очекува договорот да биде потпишан до следниот четврток.Во обраќање до украинската нација, претседателот Володимир Зеленски предупреди дека земјата се соочува со еден од најтешките моменти во својата современа историја.„Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер. Или тешки 28 поени или исклучително тешка зима – најтешката – и дополнителни ризици“, изјави Зеленски, нагласувајќи дека земјата е под огромен притисок.

Свет | пред 3 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

САД подготвуваат таен мировен план за Украина во 28 точки – наводно усогласен со Русија!

Американскиот портал „Аксиос“ објави дека во Вашингтон интензивно се работи на нов мировен предлог за Украина, кој наводно содржи 28 точки и се подготвува во координација со Русија. Според пишувањето, планот по структура потсетува на претходниот предлог на претседателот Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа.Неименувани американски извори тврдат дека документот опфаќа четири столба: „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идните односи меѓу САД, Русија и Украина“. Нацрт-планот го креира специјалниот претставник Стив Виткоф, кој ги води разговорите со рускиот претставник Кирил Дмитриев и со украинскиот советник за безбедност Рустем Умеров.Според информациите на „Аксиос“, САД веќе почнале дискретно да ги информираат европските партнери за предлогот, кој сè уште не е официјално презентиран. Белата куќа засега не даде коментар за овие наводи.

Свет | пред 3 месеци

media-library09fq48j92g7maecIEvt

(Видео) Трамп му порача на новинарот да не го „посрамоти“ саудискиот принц со прашања за убиството на новинарот

Американскиот претседател Доналд Трамп свечено го пречека саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман во Белата куќа, каде што на Јужниот тревник беше пречекан со прегратка и прелет на авиони во чест на посетата.По краткиот разговор и прес-конференцијата, атмосферата се затегна кога еден новинар постави прашање за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Трамп реагираше предупредувајќи го новинарот да не го „посрамоти“ саудискиот лидер. Ова е прва посета на бин Салман на САД откако Кашоги беше убиен во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.Американските разузнавачки служби заклучија дека токму престолонаследникот ја одобрил операцијата за фаќање или убиство на Кашоги, кој беше истакнат критичар на саудискиот режим. Иако бин Салман го негираше тоа, призна одговорност како де факто владетел на земјата.„Што се однесува до овој господин, тој заврши феноменална работа“, рече Трамп бранејќи го својот гостин. „Споменувате некој кој беше исклучително контроверзен. Многу луѓе не го сакаа тој господин за кој зборувате, ви се допаѓал или не, работи се случуваат, но тој ништо не знаел за тоа и можеме така да го оставиме. Не мора да го посрамотите нашиот гостин со поставување прашања.“

Свет | пред 3 месеци

mkd-355369

Трамп безмилосен кон сите што купуваат руска нафта: Најавените 500-процентни американски царини ја тресат српската економија

Србија се соочува со сериозен економски шок откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави воведување казнени царини од 500 отсто за секоја држава што посредува во купување или препродажба на руска нафта. Новиот американски пакет, оценуваат економистите, може значително да го наруши трговскиот модел на Белград и да создаде притисок што земјата одамна го нема почувствувано.Во своето обраќање, Трамп повтори дека Вашингтон сака да ги пресече сите финансиски канали што, според САД, му помагаат на Кремљ да ја продолжи војната во Украина.„Чув дека го прават тоа, и тоа е во ред за мене. Можеби ќе го додадеме и Иран, јас тоа го предложив“, порача тој во неделата, оставајќи простор за дополнително проширување на санкциите.Мерката, предложена од сенаторите Линдзи Греем и Ричард Блументал, предвидува 500-процентно оптоварување за сите секундарни трансакции со руска нафта и веќе собра поддршка од дури 85 сенатори. Во американските политички кругови се оценува како најостра економска алатка предложена во последните десет години.Иако примарно таргетира поголеми купувачи како Кина и Индија, сигналите се дека последиците неизбежно ќе ја погодат и Србија, која и понатаму има тесна енергетска и трговска врска со Москва.Посебна неизвесност создава и ситуацијата со Нафтната индустрија на Србија (НИС), по тоа што Белград го одби американскиот предлог за реструктуирање на компанијата. Според првичните процени, евентуалниот удар врз енергетскиот сектор може да се почувствува до крајот на годината. За сега, официјална реакција од српските власти нема.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања