Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Белата куќа оптимистична за договор за Украина: специјалниот пратеник Виткоф патува во Москва

Белата куќа е „многу оптимистична“ за можноста да се постигне договор за прекин на војната во Украина, изјави портпаролката Каролин Левит, најавувајќи дека американскиот специјален пратеник Стив Виткоф е на пат кон Москва.Според Левит, претседателот Доналд Трамп и неговиот тим „интензивно работат“ на прашањето и искрено сакаат војната да заврши. Таа прецизираше дека разговорите со украинската делегација, одржани вчера на Флорида, биле „многу продуктивни“, а дека следниот чекор е патувањето на Виткоф во Русија.Кремљ потврди дека Виткоф, кој годинава веќе неколкупати престојувал во Москва, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во среда. Состанокот доаѓа во момент на силен притисок врз Киев да го прифати американскиот план за ставање крај на конфликтот, пренесува Франс Прес.Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон во Париз разговарале со Виткоф и украинскиот главен преговарач Рустем Умеров, само еден ден по американско-украинските разговори во Флорида. И двете страни ги оценија средбите како „продуктивни“, но американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека „работата сè уште не е завршена“.

Свет | пред 3 месеци

maduro-696x418-1

САД му понудиле „егзил“ на Мадуро додека распоредуваат воени сили околу Венецуела

САД му понудиле на венецуелскиот претседател Николас Мадуро можност да ја напушти земјата и да замине во Русија или во друга држава, изјави американскиот сенатор Марквејн Малин во интервју дадено во петок навечер.Малин, републиканец од Оклахома, истакна дека ваквата опција му била ставена на маса на Мадуро во услови на нагло влошени односи меѓу Вашингтон и Каракас.Масовно американско воено присуство во КарибитеПонудата за егзил доаѓа паралелно со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да распореди значителни воени капацитети во близина на Венецуела.Трамп испрати ударна група предводена од најголемиот носач на авиони во светот и го прогласи венецуелскиот воздушен простор за „целосно затворен“ за американските сили, наведувајќи дека операцијата има за цел пресекување на, како што тврди, масовната трговија со дрога што стигнува во САДКаракас: „Изговор за промена на режимот и контрола врз нафтата“Мадуро категорично ги отфрли американските обвиненија за нарко-трафикинг, обвинувајќи го Вашингтон дека сака преку воени и политички притисоци да го собори и да воспостави власт по своја мерка.Според него, вистинската цел е преземање на венецуелските нафтени ресурси.Социјалистичкиот лидер е на чело на државата од смртта на Уго Чавез, а неговото реизбирање во 2024 година беше проследено со жестоки протести, притворања и обвинувања за изборни неправилности.Американски сенатори бараат смена на власта во КаракасМалин тврди дека „венецуелскиот народ сака промена и ново раководство“, а сенаторот Линдзи Греам отиде чекор подалеку, отворено повикувајќи на крај на режимот на Мадуро.Греам го опиша венецуелскиот лидер како „нелегитимен“ и „човек кој повеќе од десет години управува со нарко-терористичка држава“.Тој нагласи дека поддршката на Трамп за конечно затворање на „венецуелското лудило“ ќе спаси животи и ќе му даде „нова шанса“ на народот.Над 80 загинати во американски удари – ОН предупредуваатОд почетокот на септември, американските сили нападнале повеќе од 20 бротчиња и поголеми пловила во Карибското Море и во делови од Пацификот под сомнение дека се користат за транспорт на дрога.Во акциите загинале 83 лица, а американските институции досега не презентирале докази дека уништените пловила биле поврзани со нарко-картели.Обединетите нации оценија дека операциите може да претставуваат „вонсудски егзекуции“.Тајни контакти меѓу Трамп и Мадуро„Њујорк тајмс“ неодамна објави дека Трамп и Мадуро во последните недели одржале телефонски разговор за потенцијална средба во САД.Синоќа Трамп потврди дека разговор навистина имало, но не откри ништо за содржината или можните следни чекори.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryebo4t2575nt84CVqsEz

Ексклузвини преговори во Флорида: Се преговара за две најтешки прашања

Во ексклузивниот приватен клуб „Шел Беј“ на југот на Флорида, во сопственост на Стив Виткоф, претставници на Вашингтон и Киев одржаа тајна средба за време на која беа послужени украински борш (традиционално руско-украинско јадење) и холупци – дипломатски гест што се толкува како сигнал дека САД се обидуваат да ја придвижат Украинa кон компромис во мировните разговори со Русија. Извор со непосреден увид во средбата, на која присуствувале државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, за СиЕнЕн изјавил дека станува збор за „исчекор напред“ и „надградба“ на првата рунда преговори што минатата недела се одржа во Женева. Но, и покрај напредокот, изворот предупредува дека многу чувствителни точки остануваат отворени и дека преговорите се далеку од финална фаза.Една од најконтроверзните точки е уставната определба на Украина за членство во НАТО, што Москва го бара како откажување, а Киев тврдo го одбива. Според изворот, преговарачите разгледувале можност Украина формално да не се откаже од евроатлантскиот курс, но де факто да биде блокиран патот кон НАТО преку двострани или повеќестрани договори меѓу Русија и одделни членки на Алијансата. Такво решение би било исклучително непопуларно во повеќе европски земји, а конечната одлука би ја имал претседателот Зеленски. Разговорите, сепак, покажуваат дека се бараат „креативни модели“ кои би ја заобиколиле украинската црвена линија, а истовремено би создадале простор за дипломатски напредок.Уште потешка точка е барањето на Кремљ, Украина да се откаже од делови од Донбас – територии што Русија ги анектираше, но не ги контролира целосно. Американскиот предлог предвидувал тие области да станат руска демилитаризирана зона без право на стационирање руски воени сили, но тоа решение Киев го смета за сериозно слабеење на сопствената одбрана. Изворот потврдува дека преговорите се движат и во врска со ова прашање, но не открива детали: „Ако стане јавно, може да се уништи можниот договор.“Додека Вашингтон и Киев бараат компромисни формули, најголемиот предизвик допрва следи – дали Москва ќе прифати нешто што отстапува од нејзините максималистички позиции. Кремљ досега не покажал подготвеност да се откаже од целта Украина да биде политички и стратешки подредена. Затоа, дипломатите предупредуваат дека иако се отвораат можности за украински чекори кон компромис, вистинскиот тест ќе биде руската реакција. Средбата во Флорида, иако обвиена со дискретност и симболика, го потврдува единственото нешто околу кое сите страни се согласни: мировниот договор нема да биде можен без болни одлуки.

Свет | пред 3 месеци

Aerodrom-620x350-1

Снежна бура и софтверски дефект парализираа летови низ САД

Поради силна снежна бура и проблеми со авионски софтвер, низ Соединетите Американски Држави вчера биле пријавени 1.815 доцнења на пристигнувања и поаѓања, како и 490 откажани летови, соопшти компанијата „Флајт Авеар“, која во реално време обезбедува податоци за движењето на авионите.Најголеми пореметувања се забележани на аеродромите во Чикаго, Њујорк, Бостон, Минеаполис и Детроит, пренесе „Си-Би-Ес“.Авионските компании дополнително се соочија со проблеми за време на викендот откако Федералната управа за воздухопловство на САД (FAA) наложи илјадници авиони од типот „Ербас А320“ ширум светот да извршат неопходно софтверско ажурирање.

Свет | пред 3 месеци

media-librarya7rc0v2mc9q30t6PjhL

Масакр во Калифорнија: Тројца деца и млада жена убиени на семејна прослава во Стоктон

Најмалку четири лица, меѓу кои и тројца малолетници, се убиени во масовна пукотница за време на семејно славење во градот Стоктон, Калифорнија. Загинатите се на возраст од осум, девет, 14 и 21 година, а уште единаесет лица се повредени, соопштија локалните власти.Нападот се случил вчера, непосредно пред 18 часот по локално време, во семеен ресторан во округот Сан Хоакин. Осомничениот напаѓач сè уште е во бегство, а полицијата стравува дека се работи за „целен напад“. Од канцеларијата на шерифот упатија повик до граѓаните да достават какви било информации, снимки или сведоштва што би можеле да ја забрзаат истрагата.Портпаролката Хедер Брент изјави дека станува збор за „незамислива трагедија“.„Истрагата е активна и непрекинато се води. Првичните сознанија упатуваат дека нападот можеби бил целен, но испитуваме повеќе можни мотиви“, додаде таа.Според заменик-градоначалникот Џејсон Ли, трагедијата се случила за време на детска роденденска прослава. „Роденден никогаш не смее да биде место на страв и крвопролевање“, порача тој.Градоначалничката на Стоктон, Кристина Фугаци, ја осуди пукотницата, нарекувајќи ја „целосно неприфатлива“.„Семејствата треба да го прославуваат животот заедно – а не да стојат покрај болнички кревети, молејќи се нивните најблиски да преживеат“, рече таа.Калифорнија има некои од најстрогите закони за огнено оружје во САД, но тие во последните години се предмет на правни спорови и укинувања. Во 2021 година федерален судија ја поништи забраната за оружје, а во 2022 година Врховниот суд донесе одлука која ги прошири правата за носење оружје, со што беа доведени во прашање и калифорниските прописи.Трагедијата во Стоктон повторно ја отвори дебатата за безбедноста, регулацијата на оружјето и политичките пречки што го забавуваат воспоставувањето поефикасен систем на контрола.

Свет | пред 3 месеци

melanija-1

Првата дама со нов бизнис потег: Меланија лансира продукциска куќа и најавува филм за нејзиниот живот

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, објави дека лансира сопствена филмска продукциска компанија под името „Мјуз филмс“. Најавата пристигна дискретно, преку десетсекунден клип објавен на нејзиниот официјален профил на платформата Икс, само неколку месеци пред премиерата на документарецот што го продуцира „Амазон студиос“ и чија вредност се проценува на околу 40 милиони долари.Во кратката објава, Меланија Трамп напиша: „Ви ја претставуваме: Мјуз филмс – мојата нова продукциска компанија. Филмот ‘Меланија’ ексклузивно во кината ширум светот од 30 јануари 2026 година.“ Името на компанијата е избрано по нејзиното поранешно кодно име во Тајната служба — „Мјуз“.Најавата се разликува од вообичаениот медиумски настап на семејството Трамп, кое традиционално промовира крупни проекти со голема помпа и агресивна кампања. Овојпат, Меланија одбра одмерен и речиси тивок пристап.Американските медиуми посочуваат дека веќе постојат две продуцентски компании со истото име — една европска подружница на „Амазон“ и една американска фирма позната по филмови како „Американски психопат“, „Самоубиствата на девиците“ и „Пролетни одмори“. Засега не е познато дали новата компанија на Меланија ќе соработува со нив или ќе функционира независно.Првиот официјален проект на „Мјуз филмс“ е документарецот „Меланија“, чиј договор, според информациите, бил склучен непосредно пред почетокот на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп, во периодот кога основачот на „Амазон“, Џеф Безос, присуствувал на инаугурацијата.Студиото најавува дека филмот нуди „невиден пристап до 20-те дена пред претседателската инаугурација во 2025 година, низ очите на Меланија Трамп“. Публиката ќе ја следи додека ги организира подготвките за инаугурацијата, ги координира промените во Белата куќа и се враќа во јавниот живот со своето семејство. Во документарецот се вклучени ексклузивни снимки, приватни разговори и досега невидени локации.Договорот со „Амазон“ предвидува и право на дистрибуција на серија што треба да следи по документарецот, што сугерира дека проектите на Меланија ќе продолжат и по премиерата.Режисер на филмот е Брет Ратнер, чија кариера беше во застој по обвинувањата за сексуален напад од страна на неколку јавни личности, меѓу кои Оливија Ман и Наташа Хенстриџ. Ратнер ги негираше обвинувањата, а документарецот за Меланија претставува негово прво големо враќање во индустријата.Со „Мјуз филмс“, Меланија Трамп официјално влегува во светот на филмската продукција – чекор што отвора нова, неочекувана поглавје во нејзиниот јавен и професионален ангажман.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryaueq5t3vquum6UMmruI

САД: Напаѓачот од Вашингтон радикализиран по доаѓањето во земјата?

Американските власти веруваат дека авганистанскиот имигрант обвинет за смртоносниот напад врз припадници на Националната гарда во Вашингтон бил радикализиран дури по неговото доаѓање во земјата. Ова го изјави министерката за домашна безбедност, Кристи Ноем, во интервјуа за NBC и ABC.Според надлежните, 29-годишниот Рахманулах Лаканвал, кој во средата пукаше врз двајца припадници на Националната гарда недалеку од Белата куќа – при што загина 20-годишната Сара Бекстром, а тешко беше ранет друг гардист – живеел во Вашингтон кога бил изложен на радикални влијанија. Ноем додаде дека истражителите бараат дополнителни информации од неговото семејство и пошироката заедница.Иако администрацијата на претседателот Доналд Трамп веднаш по нападот ја обвини политиката на неговиот претходник Џо Бајден за недоволна проверка на авганистанските бегалци, документите покажуваат дека Лаканвал добил азил токму во мандатот на Трамп, во април оваа година. Во САД пристигнал во 2021 година, како дел од масовната евакуација на Авганистанците што соработувале со американските сили по падот на Кабул.Ноем предупреди дека првичните сознанија укажуваат на радикализација во САД.„Веруваме дека тоа се случило откако пристигнал тука, преку контакти во неговата заедница,“ изјави таа. „Ќе разговараме со секој што бил во контакт со него. Секој што знае нешто – ќе биде пронајден и ќе одговара.“По нападот, Белата куќа најави низа рестрикции во имиграциската политика. Државниот секретаријат веќе го стопира издавањето визи за лица со авганистански пасоши, а претседателот Трамп изјави дека САД би можеле целосно да запрат со доделување на азил.„Нема рок. Може да трае долго. Имаме доволно проблеми – не ни требаат вакви луѓе,“ изјави Трамп во Air Force One.Покрај тоа, администрацијата замрзна и целата обработка на нови азилски барања, а се разгледува и можноста за депортација на лицата што веќе чекаат одлука.„Го проверуваме секој поединечен случај,“ предупреди Ноем. „Ако треба, ќе преземеме мерки.“Нападот, кој ФБИ го истражува како потенцијален терористички чин, повторно ја отвори дебатата околу федералните процедури за скрининг на мигранти и политичката злоупотреба на инциденти од ваков тип во предизборни и кризни периоди.

Свет | пред 3 месеци

media-librarya3pl6lnt0fufcaHONbg

Најмалку четворица убиени на детска роденденска забава во Калифорнија

Во пукање на семејна детска роденденска прослава во Стоктон, во Централната долина на Калифорнија, има најмалки четворица загинати и 14 повредени, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Осомничениот сè уште е во бегство.„Пукањето се случило во свечена сала зад Dairy Queen, каде што во моментот се одвивала семејна прослава”, изјави портпаролката на канцеларијата на шерифот, Хедер Брент, пренесува CNN.Малолетни и возрасни лица се пренесени веднаш во локалните болници.„Првичните индиции упатуваат на тоа дека можеби станува збор за целно изведен напад“, рече Брент.Канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин ја води истрагата.

Свет | пред 3 месеци

media-librarynosoektmk4iu9Dx5wSQ

Драстични мерки по убиството на гардистка: стопирани азили, визи и ревизија на зелени карти

Американската Служба за државјанство и имиграција (USCIS) соопшти дека ги стопира сите одлуки за азил, само два дена по вооружениот напад во близина на Белата куќа во кој загина 20-годишната припадничка на Националната гарда Сара Бекстрам. Директорот на USCIS, Џозеф Едлоу, објави дека суспензијата останува на сила додека не биде осигуран „највисок можен степен на безбедносни проверки“ за секој странски државјанин кој аплицира за престој во САД.Американскиот Стејт департмент дополнително ги замрзна сите визи за лица кои патуваат со авганистански пасоши, соопшти државниот секретар Марко Рубио. Паралелно, претседателот Доналд Трамп најави целосна забрана за прием во САД на лица од, како што рече, „земји од третиот свет“, без образложение кои држави ги опфаќа мерката и кога би стапила во сила.Администрацијата соопшти и дека ќе ги ревидира сите зелени карти издадени на државјани од „земји што предизвикуваат безбедносни грижи“, меѓу кои Авганистан, Иран, Либија, Сомалија, Јемен, Куба, Венецуела и уште дванаесет други држави. Мерката предизвика остри реакции кај организациите за човекови права, кои предупредуваат дека трагедијата се користи за политички цели и за заострување на имиграциската политика.Нападот се случи во среда, кога вооружен напаѓач – авганистански државјанин кој влегол во САД во 2021 година – отвори оган само неколку блокови од Белата куќа. Бекстрам подоцна им подлегна на повредите, додека вториот гардист останува во критична состојба. Осомничениот е притворен, а мотивите за нападот засега не се познати. Претседателот Трамп ја искористи трагедијата за да ја критикува досегашната политика кон бегалците, обвинувајќи ја администрацијата на Бајден дека дозволила „опасни луѓе“ да влезат во земјата.

Свет | пред 3 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

(Видео) Инцидент на прес-конференција: Трамп ја навреди новинарката по прашање за нападот кај Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика контроверзии со навредлив однос кон медиумите, откако на прес-конференција по повод Денот на благодарноста ја нарече новинарката на CBS, Ненси Кордес, „глупа личност“. Инцидентот се случи веднаш по неговиот разговор со припадници на американските вооружени сили, а повод беше прашањето за неодамнешната вооружена пресметка во близина на Белата куќа, во која загина припадничка на Националната гарда, а друг војник беше тешко повреден.Кордес го праша Трамп зошто ја обвинува администрацијата на Џо Бајден за нападот, кога осомничениот – авганистански државјанин Рахманулах Лаканвал – според внатрешните извештаи поминал безбедносни проверки и не покажувал ризични елементи. Претседателот реагираше бурно, велејќи: „Затоа што го пуштија внатре, дали сте глупи? Дали сте глупа личност? Доаѓале со илјадници други кои не треба да бидат тука.“Осомничениот Лаканвал, на возраст од 29 години, пристигнал во САД во 2021 година преку програмата „Добредојдовте сојузници“, наменета за Авганистанци кои соработувале со американските сили. Во нападот загина 20-годишната гардијка Сара Бекстрам, додека 24-годишниот наредник Ендру Волф останува во критична состојба. Напаѓачот исто така е хоспитализиран, а ФБИ случајот го истражува како можен терористички акт.По инцидентот, администрацијата на Трамп ги стопираше имиграциските постапки за авганистански државјани и најави ревизија на сите азилски предмети одобрени под администрацијата на Бајден, како и дополнителни безбедносни проверки за носители на „зелена карта“ од 19 високо ризични држави.Ова е втор инцидент за само две недели во кој Трамп навредува новинарка. На 14 ноември, во авионот Air Force One, на репортерка која постави дополнително прашање за случајот Џефри Епстин, тој и одговори со зборовите: „тишина, прасице“.

Свет | пред 3 месеци

sad-policija

Пукање во трговски центар во Калифорнија на ‘Црн петок’, две лица ранети

Две лица се здобиле со прострелни рани во пукање што се случило во трговскиот центар „Вали Фер“ во Санта Клара, Калифорнија, за време на „црниот петок“ – еден од најпрометните денови за купување во текот на годината. Локалната полиција соопшти дека објектот бил веднаш евакуиран и целосно испразнет за да се утврди дека нема дополнителна закана по јавната безбедност.Полициската управа на Сан Хозе наведе на платформата Икс дека пукањето било изолиран инцидент и дека нема информации за поголема опасност. Во тек е истрага за околностите под кои дошло до вооружениот напад.Полицијата и спасувачките екипи интервенираа веднаш по пријавата, додека посетителите на тржниот центар беа изведувани во групи. Американските медиуми јавуваат дека вакви инциденти на денот на големите попусти дополнително ја нагласуваат загриженоста за јавната безбедност во периoди кога трговските центри се преполни.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Администрацијата на Трамп најави масовна ревизија на „зелените карти“ за имигранти од 19 земји – по нападот во Вашингтон

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе спроведе повторна, детална проверка на сите зелени карти издадени на имигранти од 19 земји, јавува BBC. Одлуката доаѓа непосредно по вооружениот напад во Вашингтон, во кој афганистански државјанин тешко рани двајца припадници на Националната гарда.Директорот на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS), Џозеф Едлоу, соопшти дека Трамп наредил „целосна и ригорозна повторна проверка на секоја зелена карта за секој странец од секоја земја од интерес“.Нападот го извршил 29-годишниот Рахманулах Лаканвал, кој во САД пристигнал во 2021 година преку специјален програма за заштита на Авганистанци по повлекувањето на американската армија од Авганистан. Според американските власти, тој со огнено оружје ги нападнал припадниците на Националната гарда во центарот на Вашингтон.Трамп изјави дека случајот ја демонстрира „најголемата закана за националната безбедност“.„Претходната администрација пушти 20 милиони непознати и непроверени странци. Ниту една земја не може да го толерира тој ризик,“ порача Трамп.Кои земји ќе бидат опфатени?USCIS упати на претседателскиот документ од јуни, според кој под „земји од интерес“ се наоѓаат:АвганистанКубаХаитиИранСомалијаВенецуелаДруги земји опфатени со ревизијата се Бурма, Чад, Република Конго, Либија и уште неколку други држави со високи безбедносни ризици или со голем број прекршувања на визниот режим.Во документот се наведува дека Авганистан е целосно под контрола на Талибанците – група означена како глобална терористичка организација – и дека земјата не може да обезбеди валидни патни или граѓански документи.Едлоу нагласи дека ревизијата е дел од новиот приоритет на администрацијата за национална безбедност.„Американскиот народ нема да ги плаќа трошоците на непромислените политики за преселување на претходната администрација,“ додаде тој.Сѐ уште не е познато како точно ќе изгледа процесот на повторната проверка, ниту дали одредени групи имигранти би можеле да го изгубат статусот.Одлуката следи по уште една мерка од минатата недела – ревизија на статусот на сите бегалци примени во САД во периодот на администрацијата на Џо Бајден.Администрацијата на Трамп со ова отвора нов фронт во имиграционата политика – со директни последици за илјадници имигранти кои веќе долги години живеат и работат во САД.

Свет | пред 3 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

Почина Сара Бекстром, припадничката на Националната гарда ранета во нападот близу Белата куќа

Припадничката на Националната гарда Сара Бекстром од Западна Вирџинија им подлегна на тешките повреди по вооружениот напад што во средата се случи во центарот на Вашингтон, само еден блок од Белата куќа. Веста ја соопшти американскиот претседател Доналд Трамп во своето прво јавно обраќање по инцидентот.„Сара Бекстром од Западна Вирџинија, една од припадничките на Националната гарда за кои зборувавме, многу ценета, млада и величествена личност… штотуку почина. Повеќе не е со нас“, изјави Трамп, пренесувајќи дека семејството е известено.Во нападот беа застрелани две припаднички на Националната гарда кои патролирале во близина на метро-станицата Фарагут Вест, неколку стотици метри од Белата куќа. Осомничениот напаѓач, кој според полицијата дејствувал од заседа, исто така е тешко повреден и уапсен на лице место. Трамп порача дека „ќе плати скапо“ за нападот.По инцидентот, во Белата куќа беа воведени најстроги безбедносни мерки. Полицијата соопшти дека нема докази за постоење други осомничени и дека нападот засега се води како изолиран случај.Трагедијата ја потресе американската јавност, особено со оглед на тоа што припадниците на Националната гарда во последните месеци се дел од засилената безбедносна мисија во главниот град.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Нападот врз Националната гарда е „чин на терор“

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени вчерашниот вооружен напад врз двајца припадници на Националната гарда во центарот на Вашингтон како „чин на терор“, „чин на зло“ и „злосторство против целата нација“. Двајцата војници беа застрелани од непосредна близина во заседа, само неколку улици од Белата куќа, во близина на метро-станицата Farragut West. Напаѓачот – 29-годишниот афганистански државјанин Рахманулах Лаканвал – бил совладан од трети припадник на Гардермата и префрлен во болница.Полицијата соопшти дека војниците се во критична состојба, а мотивот сè уште не е познат. Според Министерството за внатрешна безбедност, Лаканвал дошол во САД во 2021 година по падот на Авганистан, како дел од хуманитарната програма за преселување на Авганистанци кои соработувале со американската армија. Минатата година поднел барање за азил, кое било одобрено во април 2025 година.Трамп во видео-обраќање повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за „дозволување опасни странци да влезат во Америка“, тврдејќи дека Лаканвал бил „доставен со авион во 2021 година“ и дека неговиот статус бил продолжен „според закон потпишан од Бајден“. Трамп порача дека „секој Авганистанец кој под Бајден влегол во земјата мора повторно да биде испитан“ и дека САД мора да ги отстранат сите странци „кои не придонесуваат за државата“.Инцидентот се случува во период кога повеќе од 2.000 припадници на Националната гарда се распоредени во Вашингтон по наредба на Трамп, кој тврди дека во градот има „експлозија на криминал“, иако официјалните статистики не го потврдуваат тоа. Распоредувањето е предмет на правна битка – федерален судија го прогласи за незаконско и нареди повлекување, но одлуката е суспендирана на три недели по жалба на администрацијата. По нападот, Трамп побара дополнителни 500 војници да бидат испратени во главниот град.Американската агенција за државјанство и имиграција доцна синоќа соопшти дека ги запира сите имиграциски постапки поврзани со авганистански државјани, додека трае истрагата за нападот.

Свет | пред 3 месеци

media-librarydpbir4jhsmc7eSI1tss

Пукање во близина на Белата куќа: Двајца припадници на Националната гарда во критична состојба

Во тешка вооружена пресметка што се случи во средата попладне во центарот на Вашингтон, двајца припадници на Националната гарда од Западна Вирџинија беа критично повредени откако вооружен напаѓач отвори оган врз нив.Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени нападот како „чин на зло, омраза и терор“, нагласувајќи дека станува збор за „злосторство против целата нација“.Во првичните изјави Трамп тврдеше дека напаѓачот влегол во САД од Авганистан во 2021 година, критикувајќи ја администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден.Сепак, според податоци на повеќе извори за ABC News, осомничениот е идентификуван како 29-годишниот Рахманулах Лаканвал – кој поднел барање за азил во 2024 година и го добил азилот во април 2025 година, токму во време на администрацијата на Трамп.По објавите на претседателот, Американската служба за државјанство и имиграција (USCIS) соопшти дека ја запира обработката на сите имиграциски барања поврзани со државјани на Авганистан „до понатамошно безбедносно преиспитување“.ФБИ го води случајот како потенцијален акт на меѓународен тероризам и испитува дали напаѓачот бил инспириран од странска терористичка група.Нападот се случил околу 14:15 часот, во близина на метро-станицата Farragut West, само неколку блокови од Белата куќа. Според полицијата, напаѓачот се појавил зад аголот, подигнал оружје и од заседа пукал кон припадниците на Гардената.Командантот Џефри Керол од полицијата во Вашингтон изјави дека други припадници на Гардената веднаш реагирале:„Ги слушнале пукотниците, го совладале осомничениот и го држеле на земја откако бил погоден.“Покрај тешко повредените припадници на Националната гарда, и осомничениот е ранет и хоспитализиран во критична состојба.Белата куќа накратко беше блокирана како мерка на претпазливост, но мерката беше укината околу 17 часот. Трамп, кој традиционално го минува Денот на благодарноста во Мар-а-Лаго на Флорида, веднаш реагираше и на социјалните мрежи:„Животно кое пукаше врз двајца припадници на Националната гарда… ќе плати многу висока цена,“ напиша претседателот.Министерот за одбрана Пит Хегсет соопшти дека, по налог на Трамп, во Вашингтон ќе бидат испратени дополнителни 500 припадници на Националната гарда.Тој го нарече нападот „кукави чен и подмолен чин“, а генерал-мајор Тим Сјуард од Националната гарда на Западна Вирџинија ги пофали колегите кои „го неутрализирале напаѓачот и спасиле животи“.Во моментов во Вашингтон се распоредени 2.188 припадници на Гардената како дел од федералното преземање на контролата врз безбедноста во градот.Градоначалничката на Вашингтон Муриел Баузер изјави дека нападот „изгледа како целен чин“.Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој во моментот се наоѓа во воена база во Кентаки, порача:„Ова е тажен потсетник дека војниците – било активни, резервисти или Национална гарда – се меч и штит на САД.“Повеќе информации за мотивите и идентитетот на напаѓачот се очекуваат на прес-конференција најавена за четврток.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања