Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-library9sr0377g20cu3UqcWxH

Премиерот Мицкоски и командантот Најт од САД со разговори за обука и размена на искуства

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средба со генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.Разговорите биле насочени кон продлабочување на соработката меѓу македонските институции и Националната гарда, со акцент на обуката, размената на искуства и поддршката во развојот на современи и ефикасни одбранбени капацитети.Мицкоски оцени дека продолжува партнерството кое со години се гради меѓу Северна Македонија и Вермонт, при што ваквите средби, како што истакна, претставуваат чекор напред во унапредувањето на заедничките одбранбени политики.

Македонија | пред 3 месеци

Нема фотографија

Трамп сака да преземе контрола над регулацијата на вештачката интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна уредба со која федералната регулатива за вештачка интелигенција би ги заменила законите на поединечните држави. Според него, единствен национален правилник е неопходен за САД да го задржат водството во развојот на АИ. Трамп предупреди дека компаниите не можат да бараат 50 различни одобренија и дека таков систем би го уништил технолошкиот напредок.Најавата предизвика загриженост кај академци, безбедносни експерти и државни законодавци, кои стравуваат дека олабавените правила ќе им овозможат на технолошките компании да ја избегнат одговорноста ако нивните АИ-системи предизвикаат штета. Неколку држави веќе имаат сопствени закони за да се спротивстават на ризични практики како deepfake-содржини или алгоритамска дискриминација.Технолошките лидери, пак, тврдат дека мрежата од различни државни прописи ја кочи иновацијата и ја ослабува американската конкурентност. Нараснува поддршката во Силициумската долина за централизирано и полабаво регулирање.Нцрт-уредбата предвидува формирање работна група која би ги оспорувала построгите државни закони и би воспоставила единствен федерален пристап. Некои политичари, меѓу нив и гувернерот на Флорида Рон Десантис, остро се спротивставија на планот, предупредувајќи дека тоа претставува прекумерна федерална моќ и подарок за големите технолошки компании.Стотици организации, вклучувајќи синдикати и здруженија за заштита на потрошувачи, побараа од Конгресот да го блокира потегот, предупредувајќи дека концентрацијата на моќ во Big Tech може да доведе до губење работни места, повисоки трошоци за живот и поголема зависност од енергетски интензивни дата-центри.

Свет | пред 3 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

Поранешен американски амбасадор: Трамп сака Европа да го преземе водството во односите со Русија

Поранешниот американски амбасадор во Европската унија, Гордон Сондланд, изјави дека Доналд Трамп очекува Европа во иднина да го преземе водството во односите со Русија, додека САД би играле поддржувачка улога. Во гостување на BBC Radio 4, Сондланд оцени дека овој пристап е дел од насоката во која се движи американскиот претседател.„САД можат да застанат зад Европа и да обезбедат поддршка, но Европа е таа што треба да биде на чело. Тоа е насоката во која оди Доналд Трамп“, изјави Сондланд.Тој смета дека продолжување со досегашниот модел – во кој САД самостојно комуницираат со Русија, вршат притисок врз Владимир Путин и се закануваат со мерки доколку Москва не ги прифати нивните барања – би значело дека Вашингтон повторно би се нашол во позиција директно да се соочува со рускиот режим, додека Европа останува на страна.„Ако Путин не се согласи со нашите барања, САД би биле тие што би влегле во конфликт, а Европа би гледала однадвор. Тоа не е она што Трамп сака да го направи овој пат“, додаде поранешниот амбасадор.Изјавата доаѓа во период на засилени дебати околу европската безбедност и односите со Русија, во услови на продолжена нестабилност по војната во Украина.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryjki9bask084dcggplpb

Трамп Јуниор со жестоки критики кон Украина и контроверзни толкувања на воениот конфликт

На Форумот во Доха, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, остро ја критикуваше корупцијата во Украина и посочи дека неговиот татко би можел да го намали или повлече ангажманот на САД доколку Киев не постигне мировен договор со Русија, пренесува Политико. Настапот на Трамп Јуниор привлече значително внимание поради комбинацијата од политички пораки, обвинувања без докази и контроверзни толкувања на воениот конфликт.Говорејќи пред светски политички претставници, Трамп Јуниор оцени дека корупцијата долго ја парализирала Украина и дека, според него, таквата состојба го одржува конфликтот и во Киев и во Москва. Тој особено го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се соочува со политички притисоци поради истраги што зафатија некои од неговите највисоки соработници. Еден од нив, Андриј Јермак, кој често бил дел од меѓународните преговори, неодамна поднесе оставка. Зеленски самиот не е обвинет за корупција.„Поради војната и поради тоа што стана своевиден медиумски феномен, Зеленски беше речиси недопирлив, особено кај левичарската јавност“, изјави Трамп Јуниор. Тој додаде дека статусот на украинскиот претседател довел до недостиг од критичност во меѓународната јавност.На прашање дали неговиот татко би можел да се повлече од поддршката за Украина, Трамп Јуниор одговори: „Мислам дека би можел.“Притоа додаде дека една од „предностите“ на претседателот Трамп е неговата непредвидливост, за која смета дека ги принудува другите држави да се однесуваат „интелектуално чесно“.Администрацијата на Трамп долго имала сложен однос со Украина, а особено со Зеленски, при што претседателот често покажувал наклонетост кон Русија и рускиот претседател Владимир Путин. Иако САД вршат притисок за мировен договор, значаен напредок сè уште нема.Трамп Јуниор ја бранеше и кампањата против наркокартелите, наведувајќи дека дејствувањето на картелите претставува „далеку поголема непосредна закана“ за САД отколку конфликтот во Украина. Тој изнесе и контроверзни тврдња дека во Монако „половина од луксузните автомобили имаат украински таблички“, без да понуди какви било докази. Според него, тоа било показател дека „богатите ја напуштиле земјата, а сиромашните ги оставиле да се борат“.На форумот, Трамп Јуниор се осврна и на можноста неговиот татко да се кандидира за трет мандат, што Уставот не го дозволува. Тој одговори со насмевка дека „ќе видиме што ќе се случи“, оценувајќи дека само споменувањето на таква можност претставува „провокација“ кон политичките противници.Критиките кон Украина доаѓаат во момент кога семејството Трамп ги проширува своите деловни активности во Катар, вклучително и плановите за изградба на луксузен голф-комплекс. Врските со Катар повторно се најдоа под лупа кога оваа држава годинава практично ѝ донираше на американската администрација авион „Боинг 747“, кој треба да се пренамени за „Ер форс уан“.На крајот, Трамп Јуниор повтори дека „САД повеќе нема да бидат наивен донатор“, а не ја исклучи ниту можноста еден ден и самиот да се кандидира за претседател.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Националните паркови во САД го додадоа роденденот на Трамп како ден со бесплатен влез

Националната служба за паркови на Соединетите Американски Држави го додаде роденденот на актуелниот претседател Доналд Трамп – 14 јуни – на списокот на денови кога националните паркови може да се посетат без плаќање влезница. Истовремено, истиот датум се совпаѓа и со одбележувањето на Денот на знамето.Според измените што ги соопшти Националната служба, новата листа на денови со бесплатен влез повеќе не ги вклучува Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Денот на националната независност – Џунтинт, кој се празнува на 19 јуни како спомен на укинувањето на ропството во САД.Овие промени доаѓаат само неколку недели по одлуката на администрацијата на Трамп да ги зголеми надоместоците за посетители што не се американски државјани или постојани жители, пренесува CBS News.Претходната администрација на Џозеф Бајден ги прогласи Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Џунтинт за датуми кога националните паркови се посетуваат без надомест, како дел од политиките за проширување на пристапот и одбележување на значајни датуми од американската историја.Новата промена предизвика реакции во јавноста, особено поради укинувањето на двата датуми што имаат силна историска и граѓанска симболика.

Свет | пред 3 месеци

peskov-putin1

Кремљ го поздрави новиот документ на Трамп: Русија повеќе не е директна закана

Кремљ ја оценува како позитивен сигнал промената во Стратегијата за национална безбедност на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која Русија повеќе не се наведува како „директна закана“, а документот дури повикува и на можност за соработка во сферата на стратешката стабилност.„Сметаме дека ова е позитивен чекор“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за агенцијата ТАСС коментирајќи ја изменетата американска стратегија, која претставува еден од клучните документи во безбедносната политика на Вашингтон.Тој нагласи дека Москва ќе ја проучи во детали новата формулација и импликациите што може да ги има врз односите меѓу двете земји.Со промената, Вашингтон сигнализира поумерена реторика кон Москва, што би можело да отвори простор за разговори и можни договори во сферата на контрола на вооружување и нуклеарна стабилност – области кои со години се предмет на тензии и прекинати преговори.

Свет | пред 3 месеци

media-librarymb6j72u6vh8c3bKC6th

Моќен потрес во ретко населениот регион меѓу САД и Канада

Моќен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени вчера го погоди оддалечениот регион на границата меѓу американската сојузна држава Алјаска и канадската територија Јукон. Иако ударот бил силно почувствуван, не е издадено предупредување за цунами, ниту пак се пријавени материјални штети или повредени лица, пренесува „Гардијан“.Според Американскиот геолошки завод (USGS), епицентарот бил лоциран на длабочина од околу 10 километри, на приближно 370 километри северозападно од Џуно на Алјаска и 250 километри западно од Вајтхорс во Јукон. По главниот удар следеле неколку послаби афтершокови.Во Вајтхорс, Кралската канадска коњичка полиција примила два повици од граѓани кои го почувствувале потресот. „Дефинитивно беше почувствуван“, изјави наредничката Калиста Меклауд. Многумина своите реакции ги споделувале и на социјалните мрежи.Сеизмологот Алисoн Брд појасни дека најпогодениот дел од Јукон е планински и ретко населен. „Најчести пријави се за паднати предмети од полици и ѕидови“, истакна таа.Најблиската канадска населба до епицентарот е Хејнс Џанкшн, оддалечена околу 130 километри, со 1.018 жители според последните податоци од 2022 година. Земјотресот бил почувствуван и во Јакутат, на Алјаска, град со 662 жители, сместен околу 90 километри подалеку.

Свет | пред 3 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Нов дипломатски циклус: САД посредуваат меѓу Украина и Русија во потрага по мировен договор

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во изминатите два дена во Мајами оствари низа разговори со украинскиот секретар на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров – разговори што двете страни ги оценија како „конструктивни“ и насочени кон изнаоѓање пат до „траен и праведен мир“ во Украина. На средбите присуствуваа и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, како и началникот на украинскиот Генералштаб, генерал Андриј Хнатов. Продолжението на разговорите беше најавено за денес.Според заедничката изјава на Умеров и американскиот Стејт департмент, Украина останува при својот приоритет – мировен договор што ќе ја гарантира независноста, суверенитетот и безбедноста на украинските граѓани, како и темел за стабилна демократска иднина. На средбата се дискутирало и за исходите од петчасовниот состанок што Виткоф и Кушнер неодамна го имаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, но без приближување кон конкретен компромис.Американските и украинските претставници, меѓу другото, постигнале рамковен договор за безбедносни мерки и размениле ставови за капацитетите што би обезбедиле траен мир. Конкретни детали не се откриваат, но во заедничката порака се истакнува дека секое вистинско придвижување кон договор зависи од подготвеноста на Русија да покаже сериозна волја за деескалација и запирање на воените дејства.Разговорите опфатија и теми поврзани со обновата на Украина, можните заеднички економски иницијативи и долгорочните проекти за опоравување по војната. Американски претставник за Ројтерс изјави дека досегашните средби во Мајами биле „продуктивни“ и дека има „напредок“.Од руска страна, советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, посочи дека разговорите меѓу претседателот и американската делегација биле „навистина пријателски“ и дека е воспоставено ниво на разбирање. Путин самиот ги опиша како „многу корисни“.

Свет | пред 3 месеци

media-library4ep6e2j4uv433OQ7WwJ

САД ја објавија новата безбедносна стратегија, документ од 33 страници: Европа е во „ризик од исчезнување“, војната во Украина мора да престане

Соединетите Американски Држави ја презентираа новата Стратегија за национална безбедност, документ што, според „Фајненшл тајмс“, значително го менува односот на Вашингтон кон Европа и бара европските влади да ја преиспитаат досегашната политика.Во стратегијата се наведува дека дел од европските држави ја поткопуваат својата демократска структура и дека континентот се соочува со „длабока цивилизациска криза“ предизвикана од демографскиот пад и силните миграциски притисоци. Според американската анализа, европските институции премалку вложуваат во сопствената стабилност и безбедност.Еден од најконтроверзните делови на документот се однесува на војната во Украина: САД тврдат дека европските партнери „ја попречуваат“ американската иницијатива за прекин на огнот, иако – како што стои во стратегијата – „огромното мнозинство Европејци сакаат мир“. Вашингтон наведува дека брзото запирање на непријателствата би ги стабилизирало европските економии, би го ограничило ризикот од проширување на конфликтот и би овозможило рестартирање на стратешкиот баланс со Русија.Стратегијата беше објавена во момент кога претседателот Доналд Трамп вложува дипломатски напори за договор со Москва, иницијатива што Киев и повеќе европски престолнини ја оценуваат како неприфатлива и ризична.„Фајненшл тајмс“ пишува дека новиот документ предизвикал сериозна загриженост во европските кругови бидејќи укажува дека Вашингтон е подготвен да ја турка Украина кон територијални отстапки. На 33 страници се претставува и нова геополитичка филозофија во која доминацијата на САД во западната хемисфера повторно се дефинира како клучна национална цел, во духот на модернизирана „доктрина Монро“.Во стратегијата се оценува дека меѓу САД и европските сојузници се продлабочува идеолошки јаз, а Европа се опишува како континент што се бори со економски пад и „демографско исчезнување“.Вашингтон директно ја предизвикува Европската Унија да се дистанцира од политиките што, според американскиот документ, ја туркаат Европа кон системска слабост. Посебно внимание е посветено на растот на евроскептичните и крајнодесничарски партии, за кои стратегијата вели дека би можеле да донесат „нова европска политичка реалност“.Документот завршува со порака дека американската дипломатија мора да промовира „автентична демократија, слобода на изразување и отворено негување на националните идентитети“ – вредности за кои САД очекуваат европските партнери да покажат поголема решителност.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryv6pt291aptk477QdyZF

По убиството на Кирк: администрацијата на Трамп ја проширува борбата против „домашен тероризам“

Американската државна обвинителка Пам Бонди им нареди на јавните обвинителства и другите надлежни институции да ги засилат истрагите против антифашистичкото движење Антифа и сродните „екстремистички групи“. Во интерниот документ, до кој дојде Reuters, таа побарала и од ФБИ да изготви список на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со домашен тероризам.Налогот доаѓа неколку месеци по убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, по чие убиство претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Антифа се прогласува за терористичка организација.Во дописот Бонди наведува дека „домашните терористи користат насилство или закани со насилство за да остварат политички цели и да промовираат екстремистички ставови за масовна миграција, радикална родова идеологија, антикапитализам, антихристијанство и антиамериканизам“. Министерството за правда не го коментираше документот.Бонди им наложила на федералните агенции да ги прегледаат своите досиеја и да издвојат разузнавачки податоци за групи поврзани со Антифа, кои потоа ќе им бидат проследени на истражителите.ФБИ, пак, треба да отвори истрага за сите инциденти од изминатите пет години што содржат елементи на домашен тероризам. Откако ќе се состави список на потенцијални актери, следниот чекор е да се подготват нови стратегии за „разградување на мрежите на криминални активности“.Дополнително, се бара подобрување на системот за пријавување инциденти, со цел „сведоците и граѓанските новинари да можат полесно да испраќаат информации за сомнителни дела“. Во документот се повикуваат и федералните канцеларии за грантови да ги приоретизираат државите и градовите што развиле програми за заштита од домашен тероризам.

Свет | пред 3 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

Судска кочница за Белата куќа: Паѓа планот на Трамп за масовни отпуштања

Одлуката на американското Министерство за надворешни работи да отпушти околу 250 вработени беше привремено блокирана од федерален суд, нанесувајќи сериозен удар врз планот на претседателот Доналд Трамп за масовно намалување на бројот на државни службеници.Судијката Сузан Илстон од Окружниот суд во Сан Франциско оцени дека аргументите на синдикатите – дека отпуштањата се спротивни на законот кој Конгресот го усвои минатиот месец за да ја прекине 43-дневната блокада на федералната влада – се доволни за привремена мерка. Законот експлицитно забранува отпуштања пред 30 јануари, додека администрацијата на Трамп тврди дека ова ограничување не важи за решенијата најавени пред почетокот на блокадата на 1 октомври.Во тој пакет спаѓаат и околу 1.300 вработени во Стејт департментот чии откази првично беа најавени уште во јули, од кои стотици веќе добија решение за прекин на работниот однос.Синдикатите – Американската федерација на државни службеници и Американското здружение за надворешни работи – тврдат дека Белата куќа го толкува законот спротивно на намерите на Конгресот. Поради тоа побараа судска заштита, која судијката ја уважи, но правната битка продолжува.Ова е дел од поширокиот спор што синдикатите го поведоа во октомври против повеќе федерални агенции, поради плановите да отпуштат околу 4.000 вработени за време на блокадата на владата.Претседателот Трамп одамна најавува дека намалувањето на федералната администрација е клучен дел од неговата реорганизација на државните институции. Дел од најавените отпуштања веќе беше намален, откако десетици илјади службеници прифатија отпремнини или заминаа во предвремена пензија.Но со последната одлука на судот, овој процес доби сериозно предупредување – барем засега.

Свет | пред 3 месеци

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Расте поддршката за синот на Трам да биде следниот кандидат за претседател на САД, рејтингот на Венс - паѓа

Анкетите во САД покажуваат дека на потпретседателот Џеј Ди Вeнс му опаѓа предноста како можен републикански кандидат за претседателските избори во 2028 година. Истражувањето на McLaughlin & Associates открива дека неговото водство пред Доналд Трамп Џуниор се намалило од 20–28 поени летово, на само 10 поени во ноември.Вeнс долго важеше за природен наследник на политиките на Доналд Трамп, кој поради Уставот не може повторно да се кандидира во 2028 година. Но, падот на рејтингот на актуелната администрација, според аналитичарите, директно се одразува и врз неговата популарност.Паралелно, Трамп се соочува со најнизок рејтинг од враќањето во Белата куќа – само 39% одобрување. Експертите велат дека силната поврзаност меѓу двајцата го влече Вeнс надолу.Сепак, други анкети му даваат значителна предност: YouGov во ноември му мери 42% поддршка, далеку пред Трамп Џуниор со 13%.Како можни кандидати за 2028 се споменуваат и Марко Рубио и Тед Круз, но никој формално не ја најавил трката. Вeнс вели дека фокусот му е на сегашната функција, а Трамп Џуниор жестоко ги негира шпекулациите дека размислува за кандидатура.Јасната слика за републиканската трка ќе се знае дури по меѓуизборите.

Свет | пред 3 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски отворено: Се плашам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно призна дека стравува оти САД би можеле да го изгубат интересот за организирање мировен договор меѓу Киев и Москва, пренесува „Скај њуз“. На заедничка прес-конференција со ирскиот премиер Михаел Мартин во Даблин, Зеленски изрази умерен оптимизам за текот на преговорите, но и сериозна загриженост дали Вашингтон ќе остане целосно ангажиран.Тој посочи дека е охрабрен од засилената дипломатска активност на американската администрација и напорите да се најде пат кон прекин на конфликтот. „Имаше мал оптимизам во моите зборови поради брзината на разговорите и интересот од американска страна. Тоа покажа дека Америка не се повлекува од дијалогот, и тоа е добро“, рече Зеленски.Но, на директно прашање дали се плаши дека САД би можеле да се изморaт од процесот, тој одговори искрено: „Да, се плашам. Ако некој од нашите сојузници се измори...“ Притоа додаде дека целта на Русија е „да го извлече американскиот интерес од оваа ситуација“.Зеленски најави дека очекува повратни информации од американските претставници по средбата на специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џеред Кушнер со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Тој истакна дека е подготвен повторно да се сретне со претседателот Доналд Трамп, но дека средбата зависи од резултатите на разговорите во руската престолнина.Од американска страна се очекува да биде презентирана изменета верзија на планот од 28 точки за прекин на војната – документ што претходно предизвика жестоки критики поради наводната наклонетост кон руските позиции. Украина останува цврста во ставот дека нема да прифати никакви територијални отстапки и дека секој мировен договор мора да гарантира целосен суверенитет и безбедност на државата. Дел од украинските функционери стравуваат дека предложените безбедносни гаранции нема да бидат доволно силни, особено ако не наликуваат на заштитата што ја нуди членот 5 од НАТО.Русија, пак, инсистира дека дополнителни гаранции не се потребни, а Путин изјави дека нема намера да продолжи со непријателствата – но истовремено испрати заканувачка порака до Европа.„Ако Европа сака да започне војна со нас, ние сме подготвени веднаш“, изјави тој, додавајќи дека Москва ја смета ЕУ за оддалечена од преговорите поради прекинатите односи и санкциите.Путин обвини дека европските лидери намерно поставуваат „неприфатливи услови“ за да го прикажат Кремљ како пречка за американските дипломатски напори. Украинската страна, пак, предупредува дека Русија токму преку воени притисоци и пропагандни изјави се обидува да ја засили својата преговарачка позиција во пресрет на новите дипломатски рунди.Ситуацијата останува исклучително неизвесна, а изјавата на Зеленски дека „се плаши“ од можен американски замор дополнително ја нагласува ранливоста на процесот кој би требало да ја одреди иднината на украинско-рускиот конфликт.

Свет | пред 3 месеци

kremlj-moskva

Москва и Вашингтон без напредок, мировната формула за Украина засега нема успех

Мисијата на американските пратеници во Москва заврши без договор. Посетата на Стив Виткоф, главниот преговарач на Доналд Трамп, и Џаред Кушнер, што требаше да внесе брзина во мировните разговори за Украина, само ја истакна длабоката дистанца меѓу двете страни. Пет часа разговори со Владимир Путин не беа доволни за да се затвори ниту едно од спорните прашања.Според Кремљ, средбата била „работна и отворена“, но американскиот предлог – веќе преработуван неколку пати на барање на Киев и европските држави – сè уште содржи точки што Русија ги смета за недозволиви. Американската делегација не даде ниту една изјава по напуштањето на Москва.Неколку часа пред средбата, Путин испрати најостра порака до европските лидери во последните месеци. Тој ги обвини дека живеат „под илузија“ дека Русија може да биде стратешки поразена и повтори дека Москва „не планира војна со Европа“, но дека ќе реагира ако европските држави „ја отворат таа врата“.Овие пораки го засилија впечатокот дека Кремљ сака поголема дистанца од европските модификации на американскиот план, кои Киев ги турка како услов за прифатлив договор.Русија и Украина остануваат најдалеку токму таму каде што е тешко да се најде компромис: контрола на териториите и идните безбедносни гаранции. Москва инсистира Киев да се откаже од дел од својата територија, а Украина бара гаранции што би ја спречиле нова руска офанзива – вклучително и гаранции што Кремљ ги смета за провокација.Европските партнери, пак, имаат свои, често различни позиции за тоа што е прифатлив мир, па мировниот документ се менуваше неколку пати во само неколку недели. Кремљ призна дека има делови што можат да бидат основа за договор, но високите руски претставници велат дека компромис „сè уште не е видлив“.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

Европа на нозе: страв дека „мировниот план“ на Трамп ја остава Украина ранлива, а Русија посилна

Европа со растечка загриженост го следи најновиот обид на Доналд Трамп да го заврши војниот конфликт во Украина, стравувајќи дека евентуален мировен договор – без разлика кога би бил постигнат – нема да ја санкционира или ослаби Русија, како што се надеваа европските лидери. Според анализата на агенцијата „Ројтерс“, европските влади стравуваат дека таков развој би ја загрозил безбедноста на целиот континент.Дополнително, постои и стравување дека Европа ќе мора да прифати ново економско приближување меѓу Вашингтон и Москва, иако Русија продолжува да се третира како главната закана за европската безбедност.Иако Украина и повеќе европски престолнини успеаја да се спротивстават на делови од американскиот предлог од 28 точки – кој се сметаше за премногу наклонет кон Русија – евентуален договор и понатаму би носел сериозни ризици.Европските земји практично немаат улога во преговорите. Тие не беа поканети на средбите меѓу американските и украинските преговарачи на Флорида, а денес ќе го следат оддалеку и патувањето на специјалниот пратеник Стив Виткоф во Москва, каде ќе се сретне со Владимир Путин.„Почнува да преовладува свеста дека во некој момент ќе дојде до ‘грда нагодба’“, изјави Лук ван Миделар од Бриселскиот институт за геополитика.„Трамп сака договор, но го гледа низ призма на големите сили: ‘Ние сме САД, тие се Русија – ние решаваме’. Тоа е многу непријатно за Европа.“Иако американскиот државен секретар Марко Рубио тврди дека европските партнери ќе бидат вклучени, европските дипломати велат дека тоа им нуди малку утеха. Секој сегмент од договорот директно ја засега Европа – од прашањето на територијалниот интегритет на Украина, до можната економска соработка меѓу Русија и САД.Неделава, дополнителна доза нервоза предизвика одлуката на Рубио да го прескокне состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел.Во исто време, европските безбедносни служби веќе предупредуваат дека Русија ја остава „отворена опцијата“ за напад врз НАТО до 2029 година.„Русија ја задржува можноста за воен судир со НАТО. Тоа може да се случи најдоцна до 2029“, предупреди германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул.Европските влади се плашат дека евентуални територијални отстапки на Украина би го охрабриле Кремљ на нова агресија. Во сегашната фаза, извесно е дека секој мировен договор би ѝ дозволил на Москва да задржи дел од окупираната украинска територија, додека администрацијата на Трамп не ги отфрли руските барања за остатокот од Донбас.Дополнително, луѓе од Трамповата администрација отворено зборуваат за големи економски можности во деловната соработка со Русија по завршувањето на војната – нешто што ги вознемирува европските влади.Иако Европската Унија од почетокот на руската инвазија обезбеди околу 180 милијарди евра помош за Украина, таа и натаму нема значајно влијание во процесот.На располагање го има моќниот инструмент – замрзнатиот руски државен и приватен имот во ЕУ – но земјите членки сè уште не можат да постигнат договор дали да го искористат за финансирање нов пакет помош за Украина.Во обид да покажат сила, Франција и Велика Британија најавија дека се подготвени да распоредат „убедливи единици“ како дел од поствоени гаранции за Украина. Но Русија такви сили веднаш ги отфрли, а и европските држави знаат дека без американска логистика и технологија тие трупи нема да можат да дејствуваат самостојно.Експертите предупредуваат дека европските држави сега ја гледаат последицата од децениското потценување на воените капацитети.„Европјаните не се на масата затоа што, како што би рекол Трамп, немаат карти во раката“, вели Клаудија Мајор од German Marshall Fund. „Тие ја плаќаат цената за тоа што со години не инвестираа во сопствени одбранбени способности.“

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања