Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Вашингтон воведе морска блокада на нафтата кон Венецуела, Каракас возвраќа со тешки обвинувања: „Ова е обид за заплена на нашите ресурси“

Тензиите меѓу САД и Венецуела драматично ескалираа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави „целосна блокада“ на сите санкционирани танкери кои влегуваат или излегуваат од венецуелските води – мерка што директно го таргетира најважниот извор на приходи на владата на Николас Мадуро: нафтата.Од Вашингтон засега не откриваат како ќе се спроведува новата блокада. Не е познато дали американската крајбрежна стража ќе добие наредба да ги запира бродовите, како што претходно се случи при други операции. Сепак, последните движења на американската војска – распоредување на илјадници војници и речиси десетина воени бродови, меѓу кои и носач на авиони – укажуваат дека регионот е под силен американски надзор.Трамп ја оправда блокадата со остри обвинувања кон Каракас, наведувајќи дека венецуелскиот режим „крадел средства од САД“ и го поврза со „тероризам, наркотрафикинг и трговија со луѓе“. Во својата објава на Truth Social напиша дека венецуелската влада е третирана како „странска терористичка организација“.Каракас реагираше веднаш и со жесток тон. Во доцнообјавено соопштение, потпретседателката Делси Родригез оцени дека ставовите на Трамп ја откриваат „вистинската намера“ на САД – преземање на венецуелските енергетски и минерални ресурси. Владата ја осуди мерката како „интервенционистичка, колонијалистичка и спротивна на меѓународното право“, обвинувајќи ги САД за прекршување на слободната трговија и правото на слободна навигација.– Преку своите изјави, претседателот на САД претпоставува дека нафтата и минералното богатство на Венецуела му припаѓаат нему. Врз таа основа се обидува да наметне морска блокада за да ги ограби богатствата што ѝ припаѓаат на нашата татковина – се наведува во соопштението.Каракас предупреди дека мерката е дел од „гигантска кампања на лаги и манипулации“, насочена кон оправдување на економски и воен притисок врз земјата. Владата на Мадуро порача дека ќе ги брани своите позиции согласно меѓународното право, Повелбата на ОН и уставот, истакнувајќи дека земјата „никогаш повеќе нема да биде колонија“.Венецуела го обвини Вашингтон и за претходните воени операции во Карибите, во кои, од септември наваму, американската војска уби повеќе од 80 луѓе во напади врз наводни бродови на картели. Трамп тврдеше дека тие бродови биле користени за шверц на дрога во САД со поддршка на венецуелската влада – тврдење кое Каракас целосно го негира и го нарекува обид за дискредитација и промена на режимот.Нафтниот пазар веднаш реагираше: цените пораснаа за нешто повеќе од 1% во азиската трговија, откако инвеститорите проценија дека блокадата може да доведе до намалување на венецуелскиот извоз. Засега, меѓутоа, останува неизвесно како конкретно ќе се применува мерката и дали ќе ги опфати и бродовите што не се под санкции.Единствено е јасно дека новата ескалација отвора сериозен ризик од директни инциденти на море, а дипломатскиот јаз меѓу двете држави е подлабок од кога било.

Свет | пред 2 месеци

tramp-putin

Нов притисок врз Москва: Санкции за нафтата ако нема мир со Украина

Соединетите Американски Држави подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие мировен договор со Украина, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со плановите.Според овие информации, Вашингтон разгледува повеќе опции, меѓу кои и санкционирање на бродовите од таканаречената руска „флота од сенка“ – нелегални танкери што се користат за транспорт на руска нафта, како и трговците вклучени во тие трансакции. Дел од мерките би можеле да бидат објавени уште оваа недела.Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, веќе разговарал за овие планови со група европски амбасадори, во рамки на координација со сојузниците. Целта на санкциите е дополнително да се ограничат приходите на Русија од извоз на енергенси, кои се клучни за финансирање на војната во Украина.Овие најави доаѓаат во момент кога американско-европскиот мировен план предвидува зајакнување на украинската армија, распоредување европски сили во земјата и зголемена разузнавачка поддршка од САД. Планот треба да послужи како основа за прекин на огнот, но и да ја убеди Украина на територијални отстапки и откажување од формално членство во НАТО.Иако во Берлин е постигнат одреден напредок во разговорите меѓу САД, Европа и Украина, Русија останува клучната пречка. Москва бара дополнителни отстапки и одбива присуство на сили поврзани со НАТО во Украина, додека западните земји најавуваат дека ќе го зголемат притисокот доколку не дојде до договор.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m

Американско-европски мировен план: Гаранции за Украина, но Русија останува клучна пречка

Американско-европскиот мировен план има за цел да ги одврати идните руски напади врз Украина преку јакнење на украинската армија, распоредување европски сили во земјата и засилено користење американски разузнавачки податоци, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Планот треба да биде основа за поширок договор за прекин на огнот, но и да ја убеди Украина на територијални отстапки и откажување од формално членство во НАТО.Во изминатите денови, американски и европски дипломати во Берлин одржаа состаноци со украинското раководство и во најголем дел усогласија два документа што ги дефинираат безбедносните гаранции. Во разговорите учествуваа високи претставници од повеќе европски земји, а Европската комисија оцени дека е постигнат реален и конкретен напредок благодарение на усогласеноста меѓу Украина, Европа и САД.Сепак, сеопфатен прекин на огнот засега изгледа тешко остварлив, бидејќи Русија не е вклучена во преговорите и не покажува подготвеност за компромис. Москва инсистира Украина да се откаже од делови од Донбас и категорично се спротивставува на присуство странски сили поврзани со НАТО на украинска територија.Според планот, украинската армија би се стабилизирала на околу 800.000 војници, со модернизирана обука и опрема. Европските сили би биле распоредени во западниот дел од Украина, далеку од линиите на потенцијален прекин на огнот, додека САД не планираат испраќање свои трупи, туку би обезбедувале разузнавачка и техничка поддршка за надзор на договорот и следење на евентуални руски активности.Документите се очекува да бидат финализирани во наредните денови, по што ќе бидат доставени до Русија, а потоа се најавуваат нови рунди разговори со украинската страна.

Свет | пред 2 месеци

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Зеленски очекува санкции и повеќе оружје ако Москва ги одбие мировните услови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува Соединетите Американски Држави, предводени од претседателот Доналд Трамп, да извршат силен притисок врз Русија доколку Москва одбие да ги прифати мировните услови договорени меѓу Украина, САД и Европа. Изјавата ја даде за време на летот од Берлин кон Украина, по вчерашните разговори, пренесува „Украинска правда“.Одговарајќи на новинарско прашање што би се случило ако Кремљ ги отфрли договорите кои се финализираат со Вашингтон и европските партнери, Зеленски со доза хумор ја спореди ситуацијата со турбуленциите во авионот. Тој рече дека, ако Путин одбие сè, ќе се соочиме со „турбуленции“, додавајќи дека токму во тој момент авионот навистина минувал низ такви услови, но дека тоа е ништо во споредба со војната и со последиците од евентуално уништување на сите дипломатски можности од страна на Русија.Зеленски оцени дека во таков случај би било логично САД да го засилат притисокот врз Москва преку санкции и зголемена воена помош за Украина. Според него, доколку Америка е подготвена да даде безбедносни гаранции и да реагира доколку тие бидат прекршени, тогаш нема суштинска разлика меѓу ситуација во која Путин ги прекршува договорите и ситуација во која одбива да ја запре војната. Тој нагласи дека би било фер барање Украина и дел од европските лидери да добијат барем дел од тие гаранции, особено во форма на засилена противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел, за да можат ефикасно да се бранат.Украинскиот претседател информираше и дека по разговорите ќе бидат формализирани пет документи поврзани со безбедносните гаранции и обновата на земјата, истакнувајќи дека е постигнат сериозен напредок на ова поле. Тој повтори дека Украина нема да прифати ниту де јуре ниту де факто признавање на окупираниот Донбас како руска територија. Во меѓувреме, американски медиуми, повикувајќи се на свои извори, наведуваат дека Вашингтон смета оти околу 90 проценти од несогласувањата меѓу Украина и Русија веќе се надминати.

Свет | пред 2 месеци

media-library6fgllhtl59868DvXCiQ

Федералното биро за истраги спречи бомбашки напади во Калифорнија

Федералното биро за истраги (FBI) спречи бомбашка заверa насочена кон повеќе цели, вклучувајќи агенти за имиграција и возила во Лос Анџелес и округот Оринџ, објави во понеделник државната обвинителка Пам Бонди.„Фронт за ослободување на островот Тртул, крајно левичарска, пропалестинска, противвладина и антикапиталистичка група, се подготвуваше за низа бомбашки напади на повеќе цели во Калифорнија за Новата година. Цел на групата беа и агенти, како и возила на ICE“, рече Бонди.Четири лица се обвинети за заверa и поседување нереџистрирана разорна направа, според тужбата поднесена пред Американскиот окружен суд за Централниот округ на Калифорнија.Според планот на бомбашкиот напад, експлозивни направи требало да се постават на пет локации насочени кон две американски компании точно на полноќ при преминот од старата кон новата година во Лос Анџелес.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп не е сигурен дека републиканците ќе го задржат Претставничкиот дом

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали Републиканската партија ќе ја задржи контролата над Претставничкиот дом на Конгресот на меѓуизборите следната година, оценувајќи дека ефектите од неговата економска политика сè уште не се целосно видливи, објави „Волстрит журнал“.Во интервју за весникот, Трамп рече дека не може да предвиди како ќе заврши изборниот циклус во ноември, кога Американците ќе го избираат целиот состав на Претставничкиот дом, една третина од Сенатот и низа државни и локални функционери. „Не можам да ви кажам. Не знам кога целиот тој нов капитал ќе почне навистина да делува“, изјави Трамп, одговарајќи на прашањето дали републиканците би можеле да ја изгубат контролата врз долниот дом на Конгресот.Тој тврди дека неговата економска политика, која вклучува воведување широк спектар царини за увоз, придонесува за отворање нови работни места, раст на берзите и зголемени инвестиции во Соединетите Американски Држави. Иако минатата година водеше кампања со ветувања за намалување на инфлацијата, во последниот период Трамп наизменично го негира постоењето на проблем со падот на животниот стандард, обвинувајќи го својот претходник Џо Бајден, и уверува дека неговите мерки ќе донесат конкретни придобивки за Американците во текот на следната година.„Мислам дека до моментот кога навистина ќе зборуваме за изборите, што е за неколку месеци, цените ќе бидат во многу подобра состојба“, изјави Трамп во интервјуто. Минатиот месец тој укина царини за повеќе од 200 прехранбени производи, како одговор на растечката загриженост кај американските потрошувачи поради високите цени на храната. Сепак, не прецизираше дали ќе следуваат дополнителни олеснувања за друга стока.Според последната анкета на Ројтерс/Ипсос, рејтингот на Трамп пораснал на 41 отсто, но само 31 отсто од испитаниците позитивно го оцениле неговото влијание врз трошоците за живот. Во меѓувреме, демократите забележаа серија победи на државни и локални избори во Вирџинија, Њу Џерси и Њујорк, каде што клучна тема беше загриженоста на гласачите за животниот стандард и високите цени на храната.Од Белата куќа најавија дека Трамп активно ќе се вклучи во предизборната кампања низ земјата во наредната година, со цел да им даде поддршка на републиканските кандидати и да ги истакне, како што вели, успесите на својата економска политика. Претседателот повтори дека намалувањето на даноците и царините за странска стока, според неговите проценки, ќе донесат повеќе пари во џебовите на американските семејства.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvkj8hpr58jjm25ctTqx

(Видео) Пукање на Универзитетот Браун: Двајца студенти убиени, девет ранети, напаѓачот во бегство

Полицијата во американскиот град Провиденс трага по осомничен напаѓач по смртоносна пукотница на Универзитетот Браун, во која загинаа двајца студенти, а деветмина се ранети. Инцидентот се случил во саботата попладне во зградата за инженерство „Барус и Холи“, по што целиот кампус и поширокото градско подрачје беа ставени под строги безбедносни мерки.Според официјалните информации, полицијата била повикана околу 16:05 часот по локално време, а улиците околу кампусот со часови биле блокирани и преполни со возила на итната помош. Градоначалникот на Провиденс, Брет Смајли, изјави дека осомничениот сè уште е на слобода, поради што безбедносните сили ја засилиле контролата низ целиот град и апелирале граѓаните да останат во своите домови.Полицијата објави кратка снимка од надзорни камери на која се гледа осомничениот како се движи по улица и свртува зад агол, облечен во темна облека. Властите наведуваат дека станува збор за лице на возраст од околу 30 години, но засега објавија многу ограничени информации за неговиот идентитет. Едно лице било приведено во текот на истрагата, но подоцна било пуштено откако било утврдено дека не е поврзано со пукотницата.Од болницата во Род Ајленд соопштија дека примиле девет пациенти со прострелни повреди. Шестмина се во критична, но стабилна состојба, едно лице е во критична состојба, а две лица се стабилни. Едно од повредените лица веќе било пуштено на домашно лекување. Болницата, иако под зголемени безбедносни мерки, продолжува да прима итни случаи.

Свет | пред 2 месеци

Нема фотографија

Трамп по нападот во Сирија: САД ќе ѝ возвратат на Исламската држава

По смртоносниот напад во Сирија во кој беа убиени двајца американски војници и еден цивил, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД ќе возвратат. За нападот ја обвини терористичката група Исламска држава.„Ова е напад на ИСИС“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, непосредно пред заминувањето на фудбалскиот натпревар Army–Navy во Балтимор.„Војниците настрадаа во заседа што ја изведе ИСИС, а во нападот беа ранети уште тројца нивни соборци. Жалиме за загубата, ова се одлични, тројца одлични луѓе. И едноставно ужасна работа“, изјави претседателот.Тој нагласи дека и Сирија во оваа борба е на иста страна. „Претседателот, новиот претседател на Сирија, како што ми рекоа и не сум изненаден, е скршен од тоа што се случи. Ова беше напад на ИСИС врз нас и врз Сирија. Многу, многу тажно“, додаде Трамп.Најавена брза одмаздаНа директно новинарско прашање дали Соединетите Држави ќе ѝ возвратат на Исламската држава, претседателот одговори потврдно: „Да, ќе возвратиме“. Пред новинарот да постави следно прашање, Трамп го прекина разговорот со одлучна порака: „Ќе возвратиме. Ви благодарам многу“.Убиени двајца војници и преведувачДа потсетиме, двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени, а уште тројца беа ранети во нападот што во саботата се случи во Сирија, потврди американското Министерство за одбрана, а пренесе Си-Ен-Ен.Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, на социјалната мрежа Икс објави дека инцидентот се случил за време на состанок со клучни локални лидери. „Нивната мисија беше поддршка на тековните операции против ИСИС и антитерористичките операции во регионот“, наведе Парнел, додавајќи дека имињата на загинатите нема да бидат објавени додека не бидат известени нивните семејства.Остра порака од министерот за одбранаМинистерот за одбрана Пит Хегсет потврди дека напаѓачот бил убиен од партнерски сили и упати остра порака. „Нека се знае, ако целите Американци, каде било во светот, остатокот од својот краток, вознемирувачки живот ќе го поминете знаејќи дека Соединетите Држави ќе ве ловат, ќе ве пронајдат и немилосрдно ќе ве убијат“, напиша Хегсет на Икс.Извештај на сириските медиумиСпоред официјалната сириска новинска агенција САНА, американските војници се нашле под оган за време на заедничка патрола со сириските сили во централна Сирија. Поради инцидентот бил запрен сообраќајот на автопатот меѓу Деир ез-Зор и Дамаск, а на небото биле забележани американски борбени авиони.„Американски хеликоптери интервенираа за да ги евакуираат ранетите во базата ал-Танф по инцидентот со пукањето“, објави САНА, повикувајќи се на американската база во источна Сирија, во близина на границата со Ирак.

Свет | пред 2 месеци

media-library4p2o4v47ehtd2h9cefj

Жени добија оштета од фармацевтски гигант, бебешка пудра им донела рак на јајници

На фармацевтскиот гигант „Џонсон и Џонсон“ му е наложено да исплати вкупно 40 милиони долари отштета на две жени кои тврдат дека долготрајната употреба на бебешка пудра со талк придонела за развој на рак на јајници.Поротата на Вишиот суд во Лос Анџелес донесе одлука со која на Моника Кент ѝ се доделени 18 милиони долари, додека на Дебора Шулц и нејзиниот сопруг им се досудени 22 милиони долари. Според пресудата, компанијата со децении била свесна за потенцијалните здравствени ризици од производите на база на талк, но не ги информирала потрошувачите за можните последици, пренесува британски „Гардијан“.Од „Џонсон и Џонсон“ најавија дека ќе поднесат жалба. Потпретседателот задолжен за судски постапки, Ерик Хас, изјави дека компанијата очекува пресудата да биде поништена, нагласувајќи дека, според нив, доказите не ја потврдуваат врската меѓу талкот и ракот.Според судските документи, на Моника Кент ѝ бил дијагностициран рак на јајници во 2014 година, а на Дебора Шулц во 2018 година. Двете жени сведочеа дека користеле бебешка пудра од брендот „J&J“ повеќе од четири децении. Тие изјавиле дека поминале низ сериозни медицински интервенции, вклучително и обемни хируршки зафати и повеќекратни циклуси хемотерапија.Адвокатот на тужителите, Енди Бурчфилд, во завршниот збор пред поротата изјави дека компанијата уште во 1960-тите години имала сознанија дека производите со талк можат да бидат поврзани со појава на рак, но, како што рече, тие информации биле намерно сокривани од јавноста.Одбраната на компанијата, пак, тврди дека нема релевантни научни докази кои ја потврдуваат причинско-последичната врска меѓу употребата на талк и ракот на јајниците. Адвокатката Алисон Браун истакна дека тужбите се темелат на тврдења кои не се поткрепени со валидни и прифатени научни студии.Според судските поднесоци, „Џонсон и Џонсон“ во моментов се соочуваат со повеќе од 67.000 тужби поврзани со нивните производи од талк. Компанијата и понатаму тврди дека нејзините производи се безбедни и дека не содржат азбест, но во 2020 година престана да продава бебешка пудра на база на талк на американскиот пазар.

Магазин | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Русија предупредува: Прекинот на нуклеарните договори ја загрозува глобалната безбедност

Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, изјави дека Москва очекува официјален одговор од Вашингтон во врска со предлозите на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување или ревидирање на Договорот за стратешко намалување на нуклеарното вооружување (СТАРТ).„Нè делат помалку од 100 дена до истекот на договорот СТАРТ. Предлозите што ги изнесе нашиот претседател се на нивната маса и ние, секако, го чекаме одговорот. Тие предлози нудат можност конечно да се запре овој деструктивен тренд што трае“, изјави Шојгу, пренесе Интерфакс.Тој предупреди дека повлекувањето од договорите за ракети со среден и краток дострел има сериозни последици врз глобалната безбедност, додавајќи дека неопходно е да се врати дијалогот за стратешка стабилност.

Свет | пред 3 месеци

orban-tramp1

Орбан бара милијарди, Трамп вели – „Ништо не сум ветил“

Американскиот претседател Доналд Трамп негира дека ветил финансиска помош од 20 милијарди долари за Унгарија, спротивно на изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан.„Не, не му ветив, но тој ја побара“, изјави Трамп за Политико во интервју објавено во вторник.Орбан претходно тврдеше дека САД ќе обезбедат „финансиски штит“ за Унгарија во случај на „шпекулативен или политички напад“, алудирајќи на средствата што Европската Унија ги задржува поради загриженост за владеењето на правото. Во интервју за унгарската АТВ, тој прецизираше дека Будимпешта очекува помош од 10 до 20 милијарди долари или евра.Минатиот месец, Трамп дозволи Унгарија да продолжи со увозот на руска енергија и покрај американските санкции воведени поради инвазијата врз Украина. Во разговорот за Политико, тој наведе дека ситуацијата на Унгарија е специфична затоа што земјата нема излез на море и не може да увезува енергенси по морски пат.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryflle2iredo5hcvU6wBr

Соработници на Трамп вршеле притисок врз Зеленски да се откаже од територии за време на телефонски повик

Соединетите Американски Држави го засилиле притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да прифати брз мировен план на претседателот Доналд Трамп, кој подразбира значајни територијални отстапки од Украина, изјавија за „Аксис“ двајца украински претставници.Според нив, од Киев се бара да се согласи на губење дел од територијата и други сериозни концесии, без да добие цврсти безбедносни гаранции.Украинската страна смета дека актуелниот американски предлог во клучни сегменти ѝ оди во прилог на Москва и дека Вашингтон врши многу посилен притисок врз Зеленски отколку врз рускиот претседател Владимир Путин. Американски претставник го негира ова, тврдејќи дека САД подеднакво притискале и врз Путин да ги намали своите барања.Во меѓувреме, Зеленски оваа недела разговара со повеќе европски лидери кои му порачуваат дека Украина не смее да попушти ниту пред Путин, ниту пред Трамп. Во фокусот на преговорите се две прашања: руското барање Украина да ја отстапи целата област Донбас, вклучувајќи ги и деловите што руските сили не ги контролираат, и украинското барање за силни безбедносни гаранции од САД за да се спречи нова руска агресија.Трамп: Зеленски не го прочитал нашиот планЕден украински претставник изјави дека американската понуда дополнително се влошила од перспектива на Киев по петчасовната средба во Кремљ минатата недела меѓу советниците на Трамп, Стив Виткоф и Џеред Кушнер и Владимир Путин. Според неговите зборови, Виткоф и Кушнер во двочасовниот телефонски разговор со Зеленски во саботата очекувале јасен и брз позитивен одговот на планот.„Стекнавме впечаток дека САД на различни начини се обидуваат да ни ја продадат руската желба да го преземе целиот Донбас, и дека Американците сакаат Зеленски веднаш да го прифати тоа за време на телефонскиот разговор,“ изјави украински претставник.Телефонскиот разговор уследил по три дена интензивни преговори во Мајами меѓу Виткоф, Кушнер и советниците на Зеленски. Иако, според американски и украински извори, имало одреден напредок, не бил постигнат пробив во делот на територијалните прашања и безбедносните гаранции.Трамп во неделата изјави дека украинската преговарачка екипа „го сака“ американскиот план и дека е „малку разочаран“ што Зеленски, според него, сè уште не го прочитал. Тој исто така тврдеше дека Русија е „задоволна“ од предлогот, иако руските претставници јавно нагласуваат дека имаат сериозни забелешки.Луѓе на Трамп го притискале Зеленски по телефон да го предаде ДонбасСпоред американски и украински извори, Зеленски за време на разговорот рекол дека американскиот предлог го добил само еден час порано и дека немал време да го прочита. Американски претставник наведе дека тоа е збунувачко, бидејќи ажурираната верзија била испратена ден претходно, додека украинската страна тврди дека дел од документите навистина пристигнале порано, но дека клучните делови биле доставени веднаш пред разговорот.Украински претставник рече дека новиот американски предлог содржи построги услови од претходните, особено во однос на територијата и контролата врз нуклеарната електрана Запорожје, и дека не нуди јасни одговори за безбедносните гаранции. „Постојат клучни територијални прашања за кои мора дополнително да се преговара: кој што контролира, кој каде останува, кој се повлекува и, доколку Украина се повлече од линијата, како ќе се гарантира дека Русија ќе го направи истото и нема да продолжи со борбите,“ рече тој.И покрај тоа, истите извори тврдат дека американската страна се однесувала како да очекува Зеленски едноставно да се согласи на сè за време на телефонскиот повик. Американски претставник возвратил дека актуелниот предлог во голем дел е обликуван и врз основа на украинските предлози и дека Кушнер и Виткоф вршеле притисок врз Путин да прифати дел од украинските барања.Зеленски му испраќа алтернативен план на ТрампАмерикански и украински претставници наведуваат дека Трамповата администрација наводно го толкувала состанокот на Зеленски во кабинетот на британскиот премиер како обид за одолговлекување на процесот. Украинската страна, пак, смета дека САД се обидуваат да го оддалечат Зеленски од европските партнери за полесно да вршат притисок врз него.„Зеленски не може да донесе толку драматични одлуки без да се консултира со клучните европски партнери,“ изјави украински претставник, додавајќи дека додека САД бараат брза одлука, европските лидери препорачуваат внимателност и трпение, што создава фрустрации во Белата куќа.Зеленски изјави дека Украина и европските држави во вторник ќе ѝ достават на САД ажуриран противпредлог. „Русија инсистира да се откажеме од територии. Ние тоа не го сакаме. Затоа и се бориме. Американците во моментов бараат компромис,“ рече тој.

Свет | пред 3 месеци

Nvidia-RTX-4090

Вашингтон ѝ дозволува на „Нвидиа“ ограничен извоз на чипови во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го информирал кинескиот лидер Си Џинпинг дека САД ќе ѝ дозволат на компанијата „Нвидиа“ да ги испорачува своите H200-чипови на одобрени клиенти во Кина, односно на купувачи што претходно ќе бидат проверени и одобрени од американското Министерство за трговија.Како што пренесува NBC, моделот H200 е една генерација постар од најновиот „Блеквел“ чип, кој не е опфатен со договорот.Трамп наведе дека оваа одлука може да ѝ донесе милијарди долари приходи на „Нвидиа“, која има нарачки во вредност поголема од 500 милијарди долари за чипови за вештачка интелигенција што треба да ги испорача годинава и следната, без да се пресметаат потенцијалните клиенти во Кина.

Свет | пред 3 месеци

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор за Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе ѝ го достави на Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучната црвена линија на Киев останува иста: нема територијални отстапки за Русија, потврди претседателот Володимир Зеленски, пишува BBC.Изјавата на Зеленски стигна за време на состанокот со европски и НАТО-лидери и е дел од дипломатската офанзива чија цел е да се одврати Вашингтон од поддршка на мировен договор што, според стравувањата на сојузниците, би му дал преголеми придобивки на Кремљ и би ја оставил Украина ранлива за нови напади.Дипломатската тура на Зеленски низ Европа следеше по интензивните, но неуспешни разговори меѓу американските и украинските претставници изминатиот викенд. Главниот советник на Зеленски, Рустем Умеров, го информираше претседателот за приватните разговори меѓу САД и Владимир Путин. Новиот украински предлог може да биде испратен до Вашингтон веќе денес.Зеленски беше дециден дека нема простор за одземање украинска територија.„Русија инсистира да се откажеме од територии, но ние не сакаме да отстапиме ништо“, рече тој. „Немаме законско право на тоа, ниту морално“, додаде, повторувајќи дека секоја промена на границите мора да биде одобрена на референдум.Според Interfax-Украина, првичниот американски план од 28 точки – оценет како премногу поволен за Русија – е скратен на 20 точки. Зеленски изјави дека „пруукраинските“ делови не се тргнати и дека нема компромис за територијалниот интегритет. Најчувствителни остануваат Донбас и нуклеарната централа Запорожје. Протечената верзија на планот предвидуваше Украина да се откаже од контролата врз целиот Донбас, како и поделба на енергијата од Запорожје помеѓу двете држави.Хитниот состанок во Лондон, со британскиот премиер Киер Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, беше протолкуван како јасна поддршка за украинската позиција. Лидерите повторија дека е потребен „праведен и траен мир со силни безбедносни гаранции“. Како би изгледале тие гаранции – останува отворено. Велика Британија и Франција предлагаат меѓународни трупи, додека Германија и Италија се резервирани. Не е јасно ниту до каде би одела американската поддршка.По Лондон, Зеленски отпатува во Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а денес е во Италија кај премиерката Џорџа Мелони.Во меѓувреме, руските напади продолжуваат. Градот Суми на северозападот остана без струја по удар на повеќе од десет дронови врз енергетската инфраструктура. Повредени нема.Москва ги опиша разговорите со САД како „конструктивни“, но нема индикатори дека Кремљ се откажува од своите цели од 2022 година. Доналд Трамп, пак, во неделата го наведе токму Зеленски како главна пречка за договор, тврдејќи дека Русија е „во ред“ со американскиот план, а тој е „малку разочаран што Зеленски не го прочитал“.

Свет | пред 3 месеци

media-library146osk85i5fjcz9S4ER

(Видео) Трамп со нов бран напади кон новинарки во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со вербалните напади врз новинарките, а по навредите во последните недели за нивниот изглед, вчера – за време на тркалезна маса во Белата куќа – повторно упати остри зборови, објави HuffPost.На прашањето на Рејчел Скот од ABC дали е подготвен да ја објави целосната снимка од нападот на 2 септември врз наводни чамци со дрога во Карибите, Трамп ѝ одговори со остар тон.„Вие сте најнапорната новинарка овде. жасно напорна – всушност ужасна новинарка, и секогаш е исто со вас“, рече тој.Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет се соочуваат со критики за овој напад, кој дел од аналитичарите го оценуваат како можен воен злостор. Новинарката го потсети Трамп дека претходно рекол оти „нема проблем“ снимката да стане јавна, но тој го негираше тоа и одговори: „Тоа сте го кажале вие. Јас не сум го рекол тоа. Ова е типичен ABC fake news“.Кога Скот повторно се обиде да постави прашање, Трамп изјави дека одлуката ја препушта на министерот Хегсет и додаде: „Што и да реши Хегсет – добро е за мене“.Претседателот се нафрли и врз друга новинарка која го праша за дваесет републиканци што најавија дека нема да се кандидираат повторно, дел од нив и поради незадоволство од состојбите во партијата. Трамп возврати со контрапрашање: „Колку демократи се повлекуваат? Како тоа знаете само за републиканци, а не и за демократи?“ Кога новинарката објасни дека се подготвила за прашањето, Трамп ја прекина велејќи: „Не сте подготвени. Требаше да знаете и за демократите“.Овие испади се надоврзуваат на низа навреди што Трамп ги упати кон новинарките последните недели. На мрежата TruthSocial ја нарече Кајтлан Колинс од CNN „глупава и злобна“ затоа што го прашала за зголемените трошоци за неговата сала за танцување. Претходно, новинарката на New York Times, Кејти Роџерс, ја нарече „грда – и однадвор и одвнатре“, без да го спомене нејзиниот машки колега, коавтор на истиот текст.Инцидент предизвика и неговиот одговор „Тивко, свињо“ упатен кон Кетрин Луси од Bloomberg во претседателскиот авион Air Force One, кога го прашала за документите на Џефри Епстајн.На прашање за ваквите изјави, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, оцени дека новинарите треба да бидат „благодарни што Трамп е искрен и директен, наместо да зборува зад нивни грб“.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања