Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Жени добија оштета од фармацевтски гигант, бебешка пудра им донела рак на јајници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Магазин
media-library4p2o4v47ehtd2h9cefj

На фармацевтскиот гигант „Џонсон и Џонсон“ му е наложено да исплати вкупно 40 милиони долари отштета на две жени кои тврдат дека долготрајната употреба на бебешка пудра со талк придонела за развој на рак на јајници.

Поротата на Вишиот суд во Лос Анџелес донесе одлука со која на Моника Кент ѝ се доделени 18 милиони долари, додека на Дебора Шулц и нејзиниот сопруг им се досудени 22 милиони долари. Според пресудата, компанијата со децении била свесна за потенцијалните здравствени ризици од производите на база на талк, но не ги информирала потрошувачите за можните последици, пренесува британски „Гардијан“.

— реклама —

Од „Џонсон и Џонсон“ најавија дека ќе поднесат жалба. Потпретседателот задолжен за судски постапки, Ерик Хас, изјави дека компанијата очекува пресудата да биде поништена, нагласувајќи дека, според нив, доказите не ја потврдуваат врската меѓу талкот и ракот.

— реклама —

Според судските документи, на Моника Кент ѝ бил дијагностициран рак на јајници во 2014 година, а на Дебора Шулц во 2018 година. Двете жени сведочеа дека користеле бебешка пудра од брендот „J&J“ повеќе од четири децении. Тие изјавиле дека поминале низ сериозни медицински интервенции, вклучително и обемни хируршки зафати и повеќекратни циклуси хемотерапија.

— реклама —

Адвокатот на тужителите, Енди Бурчфилд, во завршниот збор пред поротата изјави дека компанијата уште во 1960-тите години имала сознанија дека производите со талк можат да бидат поврзани со појава на рак, но, како што рече, тие информации биле намерно сокривани од јавноста.

Одбраната на компанијата, пак, тврди дека нема релевантни научни докази кои ја потврдуваат причинско-последичната врска меѓу употребата на талк и ракот на јајниците. Адвокатката Алисон Браун истакна дека тужбите се темелат на тврдења кои не се поткрепени со валидни и прифатени научни студии.

Според судските поднесоци, „Џонсон и Џонсон“ во моментов се соочуваат со повеќе од 67.000 тужби поврзани со нивните производи од талк. Компанијата и понатаму тврди дека нејзините производи се безбедни и дека не содржат азбест, но во 2020 година престана да продава бебешка пудра на база на талк на американскиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп: Иран гарантира дека нема да развива ниту да купува нуклеарно оружје

Свет | пред 57 минути

— реклама —
media-library54b9amkoug49eN956Kd

САД, Британија и Австралија со заеднички проект за подводни дронови против новите безбедносни закани

Свет | пред 18 часа

media-library6tnrbnlas2sb9s9zkoQ

САД тврдат дека заплениле ирански криптовалути вредни милијарда долари

Свет | пред 19 часа

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

САД имаат 99 тони плутониум од времето на Студената војна, Трамп сака да им го даде на приватни лица

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања