САД

Screenshot-2024-03-21-at-00.09.30

Граѓаните на САД бегаат од Хаити: Хеликоптери на американската влада ги превезуваат во Санто Доминго поради војната на бандите

Хеликоптери изнајмени од американската влада почнаа да превезуваат американски граѓани од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, во услови на зголемено насилство, соопшти Стејт департментот.Со првиот лет биле превезени повеќе од 15 луѓе до Санто Доминго во Доминиканската Република, објави Ројтерс.Портпаролот на Стејт департментот процени дека повеќе од 30 американски граѓани ќе можат да го напуштат Хаити дневно.Немирите во центарот на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и во областа на меѓународниот аеродром во градот започнаа на 29 февруари, во отсуство на премиерот Ариел Анри, кој беше во Кенија во обид да го финализира распоредувањето на странски вооружени сили на Хаити за борба против бандите.Банди зазедоа голем дел од Порт-о-Пренс, објавувајќи ја својата намера да го спречат премиерот да се врати на власт и да го „ослободат“ Хаити. Во земјата беше прогласена вонредна состојба, а Анри подоцна ја објави својата одлука да поднесе оставка.Според проценките на ОН, повеќе од 360.000 луѓе се внатрешно раселени на Хаити.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Нетанјаху го одби барањето на Бајден: Ќе го нападнат последното засолниште на милиони Палестинци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли молбата на Џо Бајден да се откаже од планираниот копнен напад врз Рафах, последното засолниште за повеќе од милион раселени луѓе во Газа, но и град кој Израел го смета за засолниште на исламистичките борци на Хамас. Нетанјаху денеска им рече на парламентарците дека „совршено јасно му ставил до знаење“ на американскиот претседател дека Израел е решен да ја заврши елиминацијата на бригадите на Хамас во Рафах и дека единствениот начин да го направи тоа е да влезе на тој терен.Двајцата лидери разговараа вчера, а советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан рече дека Вашингтон го смета копнениот напад за „грешка“ и верува дека Израел може да ги постигне своите воени цели на други начини. Нетанјаху потврди дека има несогласување со Американците за потребата од влез во Рафах, но не и за потребата да се елиминира Хамас, додавајќи дека не гледа начин да се елиминира Хамас без да се уништат преостанатите баталјони.Вашингтон покрена нова дипломатска иницијатива за прекин на огнот со цел да ги ослободи преостанатите заложници, повеќе од 100 од нив, по речиси шест месеци, и да испорача поголема помош во енклавата и да спречи гладување.Главниот државен секретар Антони Блинкен најави нова посета на Блискиот Исток каде што ќе се сретне со лидерите на Египет и Саудиска Арабија за да разговараат за „вистинската архитектура за траен мир“. Блинкен досега не спомна дека би можел да застане во Израел, а израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека не биле информирани да ја подготват неговата посета.Според Министерството за здравство на Хамас, во израелската офанзива на Појасот Газа загинале речиси 32.000 луѓе. Израел ја оспорува таа бројка и предупредува дека Хамас не го наведува бројот на загинатите борци. Војната избувна откако Хамас изврши крвав напад врз селата и кибуците во јужен Израел и музички фестивал на 7 октомври, при што беа убиени околу 1.200 луѓе и киднапирани 253.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Белата куќа: Убиен е заменик лидерот на военото крило на Хамас во Газа

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, синоќа изјави дека во израелски напад е убиен Марван Иса, заменик лидер на военото крило на Хамас во Појасот Газа.Според Белата куќа, Иса помогнал во планирањето на нападот врз Израел на 7 октомври минатата година.Израел и Хамас сè уште не го потврдија ова, а Саливан не кажа како американските разузнавачи заклучиле дека е убиен, а доколку се потврди, Иса ќе биде највисокиот член на Хамас убиен во Газа од почетокот на војната.Израел уби неколку лидери на Хамас во текот на годините, но тие беа брзо сменети и немаше очигледно влијание врз операциите на организацијата.Саливан им рече на новинарите во Вашингтон дека „Иса беше убиен во израелска операција минатата недела“.Тој беше заменик на Мухамед Деиф, водачот на военото крило на Хамас, за кој се вели дека преживеал неколку обиди за атентат претходно.Главниот лидер на Хамас во Газа, за кој се верува дека е организатор на нападот на 7 октомври кој ја предизвика војната, е Јахја Синвар.Се верува дека и Синвар и Деиф се живи и се кријат во Газа, а Израел вети дека ќе ги убие.Израелските лидери тврдат дека од почетокот на војната биле убиени повеќе од 13.000 борци на Хамас, но тие не дале докази за тоа.Министерството за здравство на Газа во понеделникот соопшти дека најмалку 31.726 Палестинци се убиени во израелска офанзива по нападите на палестинските екстремисти предводени од Хамас во јужен Израел.Тоа министерство не прави разлика меѓу убиени цивили и борци, но тврди дека мнозинството, две третини од убиените биле жени и деца.

Свет | пред 1 година

1681242362_bahmut-ukraina

На Американците им е се потешко да ги убедат своите сојузници дека ќе продолжат со поддршката за Украина

Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин денеска ќе се обиде да ги убеди американските сојузници дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија.Ова е поради тешкотиите на американскиот претседател Џозеф Бајден да го убеди Конгресот да одвои дополнителни пари за вооружување на Украина.Сојузниците на САД од околу 50 земји кои обезбедуваат воена поддршка на Украина се, како што изјави високиот официјален претставник на американската одбрана, „многу свесни за ситуацијата со финансирањето и Украинците се уште посвесни за недостигот што е предизвикан по наша вина“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-03-18-at-20.11.16

Јакимовски откако го ставија на црна листа: Ова е акт на насилство и мешање во изборите, од надвор ни кажуваат кој ќе биде претседател

Стевчо Јакимовски е изненаден од потегот на Стејт Департментот да го стават на т.н. црна листа, но тоа нема да го поколоба во изборната трка и ќе му биде уште поголем мотив.„Изненаден сум, како може да не сум изненаден кога на 4. јули бев поканет од Американсата амбасада и ми беше кажано дека листата е максимално редуцирана, за да не бидат присутни криминалци. Истото тоа беше и претходната година. Како поинаку да го сватиме овој акт на насилие освен акко директно мешање во изборниот процес во Македонија и мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на Македонија. Мора да се утврди кој ја направи оваа нечесна работа, ќе поднесам кривична пријава против Н.Н. сторител“, рече Јакимовски.Тој кажа дека ќе биде пласиран во втор круг, па посочи дека ова е кукавички чин на лица кои го губат тлото под нозете.„Помош бараат од Американците, кога ја немаат поддршката во Македонија. Ова е нечесна работа од нечесни луѓе. Јас сум единствениот кандидат кој вели дека членството во НАТО го плативме скапо со промена на името“, додаде Јакимовски.Според него од надвор ни кажуваат кој ќе биде претседател на Македонија, па ги повика граѓаните да го променат тоа.Претходно, САД објавија: „Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вмешан во коруптивни дела, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници”.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Хаос во Америка: Петмина повредени во престрелка, полицијата трага по напаѓачот, има мртви

Полицијата во Вашингтон трага по осомничениот кој побегнал по смртоносното пукање.Според ABC News, две лица загинале, а пет се ранети.Полицијата трага по Афроамериканец „со просечна градба, облечен во светли панталони и сина кошула“, соопшти полициското одделение.„Последен пат е виден како трча по улицата. Не се обидувајте да го спречите, повикајте полиција“, велат од полицијата.Причината за нападот се уште не е позната.

Свет | пред 1 година

2088885_epa-tramp_ls

Нож во грб на Трамп: „Нема да го поддржам“

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс денеска соопшти дека нема да го поддржи својот поранешен шеф и републикански кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.„Не треба да изненадува што нема да го поддржам Доналд Трамп оваа година“, рече Пенс за Фокс њуз.Тој додаде дека е горд на резултатите на администрацијата што ја водел заедно со Трамп.„Тоа беше период кој ја направи Америка попросперитетна и побезбедна“, рече Пенс.Сепак, тој истакна дека има „длабоки разлики“ меѓу него и Трамп „за голем број прашања“.Пенс рече дека не го поддржува Трамп, меѓу другото, поради неговото противење на забраната на TikTok во САД и затоа што вели дека републиканскиот претседателски кандидат нема план да се справи со огромниот јавен долг на Соединетите држави.„Доналд Трамп следи и артикулира агенда што е спротивна на конзервативната агенда што ја следевме во текот на нашите четири години. И затоа не можам со чиста совест да го поддржам Доналд Трамп во оваа кампања“, рече американскиот политичар од Индијана.Во 2021 година, Пенс изјави дека нема овластување да ги поништи резултатите од претседателските избори, и покрај притисокот од Трамп да го стори тоа за време на конгресната потврда на резултатите.

Свет | пред 1 година

677z381_tramp-donald

Судија на Менхетен го одложи судењето на Доналд Трамп за секс скандалите

Судијата на Менхетен, Хуан Меркан, донесе одлука за одложување на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во врска со наводното прикривање на секс скандали за време и по претседателската кампања во 2016 година.Судењето, првично закажано за 25 март, според одлуката на судијата ќе биде одложено за 30 дена, јавува американската телевизија NBC.Окружните адвокати во Менхетен претходно оваа недела поддржаа судењето да биде одложено за да можат да ја разгледаат новата серија документи што ги добиле од федералните обвинители.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-11.38.51

Агелер укажа дека знае за притисоци врз судии: Тоа е нешто што мора да престане!

Амбасадорката Анџела Агелер алармираше да се почитува независноста на судиите за кои рече: „треба да бидат слепи на политичките влијанија и јавните мислења“. Таа посочи дека американски уставен суд, смета дека Уставот не е напишан во песок за да се измие со секој бран од нови судии, кои се под влијание на политички бранови.„Притисокот кој е ставен на судиите во овие судови може да биде огромен, ние како граѓани инсистираме тие притисоци да бидат елиминирани, а нашите судии секогаш да бидат независни без разлика на нивните лични мислења. Од аспект на престојните избори, судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега, само независни судии, може да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата, судиите мора да делуваат објективно и правично“, кажа Агелер.Посочи дека има чуено за притисоци врз судиите и судската власт.„Притисоци врз судксата власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат ослободени за да го практикуваат правото. Граѓаните го бараат тоа“, додаде таа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Америка ќе продава ракети со долг дострел

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на речиси 1.800 ракети воздух-земја на Полска.Вклучени се повеќе од 800 крстосувачки ракети JASSM-ER и повеќе од 700 ракети со среден дострел AIM-120C-8 AMRAAM, а целата зделка е во вредност од 3,7 милијарди долари.Американската државна безбедносна агенција за соработка (DSCA) во вторникот објави три одобренија на Стејт департментот за продажба на оружје на Полска.Првото одобрение се однесува на продажбата на 821 AGM-158B-2 JASSM-ER проектили со продолжен дострел, заедно со оружените системи за поддршка и интеграција и опрема за тестирање, каде што е ангажиран Локхид Мартин и проценетата вредност е 1,77 милијарди долари. Ова оружје има дострел од 920-1.000 километри, пренесува rmx.news.Полска претходно ги купи AGM-158A JASSM AGM-158B JASSM-ER проектилите и изрази интерес за поновата верзија AGM-158B-2 со дострел од 1.600-1.900Второто одобрение се однесува на продажба на 745 ракети воздух-воздух со среден дострел AIM-120C-8 AMRAAM заедно со фрлачи, ракети за обука, контејнери за транспорт и резервни делови, во вкупна вредност од 1,69 милијарди долари.Покрај тоа, Полска доби одобрение за купување на 232 проектили со краток дострел AIM-9X Tactical Sidewinder Block II и дополнителна опрема, вклучително и термографска камера за снимање надвор од видливиот дострел, а вкупната цена е над 219 милиони „зелембац“, пренесува порталот. км.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ескобар:Северна Македонија треба да биде целосен и итен кандидат за ЕУ

Американскиот заменик помошник државен секретар, Габриел Ескобар, изјави дека САД го охрабруваат дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, којшто треба да остане заснован на факти и базиран на обврската дека Северна Македонија и натаму ќе има перспектива во ЕУ.,,Добивме уверување од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Треба да ја искористиме предноста на овие можности, бидејќи Северна Македонија треба да биде рамноправен кандидат за членство во ЕУ. Верувам дека имаме сигурност од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде дел ид ЕУ.Сакаме да ги искористиме тие можности затоа што Северна Македонија треба да биде целосен и итен кандидат за членство во ЕУ”, рече денеска Ескобар на онлајн брифинг со новинарите пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица.САД очекуваат и Владата што ќе дојде по изборите да биде посветена на НАТО, ЕУ и борбата против корупцијата.На прашање дали Предлог-резолуцијата на американскиот Сенат со која се бара отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со земјава без дополнителни билатерални услови, претставува промена на позицијата на САД во однос на промената на Уставот, Ескобар нагласи дека и Северна Македонија и Бугарија се важни членки на НАТО и сојузници на Вашингтон, па затоа американската администрација сака мирно разрешување на сите прашања.Ескобар кој утре ќе допатува во Приштина истакна дека овојпат нема да го посети Скопје, бидејќи не сака посетата да се протолкува како мешање во внатрешните работи пред изборите.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

САД дневно произведува најмногу нафта во светот

САД произведува просечно 12,9 милиони барели нафта дневно и водат на светската ранг листа на производители, шеста година по ред, објави Министерството за енергетика.Во декември 2023 година, производството на сурова нафта во САД достигна нов месечен рекорд, надминувајќи 13,3 милиони барели дневно, според Управата за енергетски информации на Министерството (EIA).„Во текот на изминатите шест години, САД постојано произведуваа повеќе сурова нафта од која било друга земја, според нашата меѓународна енергетска статистика“, објави ЕИА во понеделникот.Мали се шансите други земји да го соборат тој рекорд во блиска иднина, според американската Управа за енергетски информации.Во јануари, владата на Саудиска Арабија му нареди на енергетскиот гигант Aramco да го прекине планот за зголемување на производството на нафта и да се насочи кон максимален одржлив производствен капацитет од 12 милиони барели дневно, еден милион барели помалку од планираното во 2020 година.Саудиска Арабија е водечки производител на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), која заедно со своите сојузници одлучи да ја намали понудата за 2,2 милиони барели дневно до средината на годината за да ги поддржи цените во период на слаба побарувачка под притисок на слабата економскиот раст.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

САД со Резолуција го поддржа пристапувањето на Македонија во ЕУ

Американските сенатори Питер Велч, Џин Шахин, Пит Рикетс и Том Тилис предложија Резолуција со која САД даваат поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.Сенаторите ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.,,Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на Северна Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија”, се вели во резолуцијата.,,Горд сум што ја ко-спонзорирам оваа двопартиска резолуција, која потврдува дека иднината на Северна Македонија е со европското семејство. Откако ја пречекавме Северна Македонија во НАТО во 2020 година, време е да работиме за да му помогнеме на нашиот сојузник да ги исполни сите одредници потребни за да се постигне членство во ЕУ. САД треба да продолжат да работат со нашите северномакедонски партнери за проширувањето на Европската унија да стане реалност“, рекол сенаторот Шахин. Уверен сум дека членството на Северна Македонија во ЕУ ќе донесе зголемени можности за размена на бизнис и трговија, како и дополнителна координација меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Северна Македонија“, рекол сенаторот Велч.,,Северна Македонија е вреден стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот“, посочил сенаторот Тилис.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Русија: Веќе нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина.„Нема смисла повеќе да се негира“, рече таа за прорежимскиот весник „Известија“.Според руската државна новинска агенција Тас, полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски претходно на конференцијата по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО изјави дека армијата на НАТО е веќе во Украина.Да потсетиме, францускиот претседател Макрон по конференцијата за Украина одржана во Париз на 26 февруари изјави дека не е исклучено испраќање копнени сили на членки на НАТО во Украина. По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.Коментирајќи ги изјавите на Макрон, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил „неизбежен“ доколку западните сили бидат испратени во Украина. Тој, исто така, рече дека земјите од НАТО „треба да ги проценат последиците од таквите дејства“, според Тас.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Америка започна акција што ќе го разбесни Израел: Почнува изградбата на пристаниште во источниот Медитеран

Американскиот воен брод Генерал Френк С. Бесон (LSV-1) ја напушти базата Ленгли-Јустис во САД и се упати кон Источниот Медитеран, каде што ќе биде ангажиран во воспоставувањето на прекуокеанска рута за испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа, рано утринава соопшти американската централна команда (CENTCOM).Бродот носи основна опрема за изградба на привременo пристаниште за испорака на витални хуманитарни материјали, пренесува Ројтерс.Овој брод за воена логистичка поддршка отплови на мисија нешто помалку од 36 часа по американскиот претседател.Џозеф Бајден најави дека САД ќе изградат пристаниште за да помогнат во испораката на помош за Појасот Газа по море.Обединетите нации предупредија дека хуманитарната катастрофа поради недостигот на храна во Појасот Газа, каде што Израел и палестинската милитантна група Хамас се во војна, е „речиси неизбежна“ и дека децата умираат од глад како копнена и воздушна испорака на хуманитарна помош се покаже тешко и опасно..

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања