Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

САД

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Трамп: Односот со Британија повеќе не е како порано

Доналд Трамп го критикуваше британскиот премиер Киер Стармер поради неговата улога во американските напади врз Иран, истакнувајќи дека не бил од помош и дека односот меѓу двете земји очигледно не е како порано. Во разговор за британскиот весник The Sun, Трамп го изрази разочарувањето од ставот на Обединетото Кралство.Никогаш не би го очекувал ова од Обединетото Кралство“, рече Трамп во телефонско интервју, додавајќи дека особено не би очекувал таков однос од нив.Споредувајќи ги со другите сојузн

Свет | пред 5 месеци

netanjahu

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на САД и Израел против Иран би можела да потрае „одредено време“, но дека нема да трае со години.Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како што беше случај со некои претходни војни во регионот.Реков дека може да биде брза и одлучна. Можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години. Ова не е бесконечна војна“, изјави тој во емисијата „Hannity“ на телевизијата Fox News.Израелскиот премиер додаде дека војната ј

Свет | пред 5 месеци

media-library994788oia20nbHcJMQ0

(Видео) Почнаа погребите на ученичките убиени во училиштето во Иран

Во Иран започнаа погребите на ученичките кои загинаа во своите училници на првиот ден од американско-израелските бомбардирања на земјата. Според иранските официјални лица, најмалку 168 ученички загинале кога воздушните удари на САД и Израел во саботата наутро погодиле основно училиште за девојчиња во јужниот град Минaб.Според иранската државна телевизија IRIB, голем број луѓе утринава ги пополниле улиците на Минaб, собирајќи се пред главниот плоштад. Насобраните граѓани носеле слики од убиените

Свет | пред 5 месеци

media-library6ke5je9jinkb0dsloTk

(Видео) Ирански медиуми: Американската воздушна база во Бахреин уништена

Се појавуваат извештаи за ирански напад во кој е уништена американската воздушна база во Бахреин.Снимки објавени од новинската агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, наводно прикажуваат бран ракети кои погодуваат далечни цели.Се тврди дека нападот со дронови и проектили на IRGC ја уништил командната и штабната зграда на американската база во регионот Шеик Иса во Бахреин и предизвикал експлозии на резервоари за гориво.САД засега не ги коментирале наводните напади.Претходно над

Свет | пред 5 месеци

merc

Мерц пристигнува кај Трамп: Прва посета од почетокот на војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе го пречека германскиот канцелар Фридрих Мерц, при што се очекуваат разговори за чувствителни теми – од американско-израелските напади врз Иран до најавените нови царини на Вашингтон и неодамнешната посета на германскиот лидер на Кина.Мерц отпатува од Берлин за Вашингтон во момент кога Германија и Франција најавија продлабочување на соработката во областа на нуклеарното одвраќање, како дел од прилагодувањето на европските сојузници

Свет | пред 5 месеци

media-library6kk7tjiocmha4Vb7jfF

Затворена Амбасадата на САД во Кувајт

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Кувајт е затворена до понатамошно известување поради, како што е наведено, трајните регионални тензии.Во објава на платформата Икс се наведува дека се откажани сите редовни и итни конзуларни термини, а јавноста ќе биде известена кога амбасадата повторно ќе започне со вообичаениот режим на работа.Според информациите, Амбасадата на САД во Кувајт наводно вчера била цел на напад со дронови.

Свет | пред 5 месеци

media-library994mc2d9vijp39RoULd

Вашингтон со итен апел: Американците на Блискиот Исток веднаш да ги напуштат земјите

Помошничката на американскиот државен секретар за конзуларни работи Мор Намдар упати итен апел до американските државјани кои престојуваат на Блискиот Исток веднаш да ги напуштат земјите поради „сериозни безбедносни ризици“.Во објава на социјалните мрежи се наведува дека Американците во Бахреин, Египет, Иран, Ирак, Израел, Западен Брег, Газа, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Јемен треба „ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТАТ земјата со комерцијални летови“.Предуп

Свет | пред 5 месеци

media-libraryqa4v73qc85iifmTUxDQ

(Видео) Извори тврдат: Дроновите кон британската база во Кипар биле лансирани од Либан, веројатно од Хезболах

Иранските беспилотни летала што ја таргетираа британската воена база на Кипар биле лансирани од соседен Либан, а најверојатно зад нив стои вооружената група Хезболах, изјавил извор од кипарската влада за агенцијата Франс прес.Според истиот извор, „потврдено е“ дека дроновите, од кои еден ја погодил пистата на базата, биле испратени од либанска територија. На прашањето дали зад нападот стои проиранската група, изворот одговорил дека тоа е „многу веројатно“.Британското Министерство за одбрана засе

Свет | пред 5 месеци

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Рубио: САД го нападнаа Иран превентивно, знаевме дека Израел ќе удри

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединети Американски Држави извршиле превентивен напад врз Иран во саботата, бидејќи имале сознанија дека Израел подготвува воена акција која би предизвикала одмазднички напади врз американските сили.„Знаевме дека ќе има израелска акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили“, изјави Рубио пред новинарите.Тој додаде дека проценката на Вашингтон била оти, доколку САД не реагираат превентивно, би се соочиле со поголем б

Свет | пред 5 месеци

media-library3mf1rfgug4m892xXuoE

Бројот на загинати американски војници се искачи на шест

CENTCOM соопшти дека бројот на загинати припадници на американските вооружени сили се искачил на шест заклучно со 16:00 часот по источноамериканско време во понеделник.Во најновото соопштение се наведува дека американските сили ги пронашле посмртните останки на „двајца претходно непронајдени војници“ во објект кој бил погоден за време на првичните ирански напади во регионот.Од СЕНТКОМ информираат дека „големите борбени операции продолжуваат“, без да се наведат дополнителни детали за локацијата н

Свет | пред 5 месеци

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Безбедносна закана: САД привремено го повлекоа персоналот од амбасадата во Јордан

Амбасада на САД во Јордан соопшти дека привремено го евакуирала својот персонал од комплексот во главниот град на Јордан, поради неодредена безбедносна закана.„Од крајна претпазливост, целиот персонал на американската амбасада привремено го напушти комплексот поради закана“, се наведува во безбедносното предупредување објавено на социјалните мрежи.Аман се наоѓа меѓу регионалните центри кои се под зголемени безбедносни мерки по иранските противнапади, започнати како одговор на заедничката америка

Свет | пред 5 месеци

media-library62kcirat0qesalzHw2Y

(Видео) Државните медиуми во Техеран објавија снимка од наводно соборување на „Хермес 450“

Иран објави снимка за која тврди дека прикажува соборување на израелски беспилотен летачки апарат над негова територија.Според државната агенција Tasnim, дронот бил соборен над Хорамaбад и станува збор за модел „Хермес 450“. Сепак, како што пренесува The Times of Israel, на самата снимка се чини дека е прикажан дрон од типот „Херон“, што отвора дилема околу точниот модел.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Ен-Би-Си: Имало обид да се спречи војната со Иран на тајна средба во Женева, иранскиот шеф на дипломатијата викал на претставник на Трамп

Последната можност да се избегне војна меѓу Соединетите Американски Држави и Иран била на средбата одржана во четврток во Женева, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на висок претставник на администрацијата на Доналд Трамп кој сакал да остане анонимен.Според наводите, американската делегација побарала Иран во следните десет години да не врши збогатување на ураниум, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за спречување развој на нуклеарно оружје. Иранската страна остро се спротивставила на ова бара

Свет | пред 5 месеци

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Иранската ракетна програма беше закана за САД и Европа, за еден час го уништивме военото раководство, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на церемонија за доделување медали во Белата куќа, се осврна на тековната воена кампања против Иран, нагласувајќи дека операцијата и понатаму трае.„Денес војската на САД продолжува со ударите врз ужасниот терористички режим во Иран. Го предупредивме Иран по операцијата ‘Полноќен чекан’ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но тие нè игнорираа. Покрај тоа, продолжија да ја зајакнуваат својата програма за балистички ракети“

Свет | пред 5 месеци

media-library5nc4soo10qvpb4tZHqq

Трамп: Нуклеарно вооружен Иран би бил нетолерирана закана, целта е уништување на ракетните капацитети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целите на операцијата против Иран се „јасни“, наведувајќи дека меѓу нив се уништување на иранските ракетни капацитети, „анихилирање на нивната морнарица“ и спречување Иран некогаш да се здобие со нуклеарно оружје.Трамп нагласи дека Иран „не може да продолжи да вооружува, финансира и насочува терористички армии надвор од своите граници“, оценувајќи дека таквите активности ја дестабилизираат целата регија.Според него, иранската програма за балисти

Свет | пред 5 месеци

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Иран најави нов бран напади: Лансирани „различни“ проектили кон цели на САД

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека започнала нов бран напади врз американски воени бази во регионот, јавуваат државните медиуми.Во соопштението се наведува дека биле лансирани „различен вид“ проектили, но без да се објават дополнителни детали за нивниот тип, дострел или конкретните цели. Засега нема официјална потврда од американска страна за евентуални последици од нападите.Претходно во текот на денот, Револуционерната гарда информираше дека е во тек бран ракетни и беспилотни

Свет | пред 5 месеци

media-libraryrqrpsv0i0ecudaRrxMG

Стармер: Морам да го штитам интересот на Велика Британија, не се придружуваме на напади врз Иран

Британскиот премиер Кир Стармер се обрати пред пратениците во Долниот дом на Парламентот за ситуацијата на Блискиот Исток и одлуката да ѝ се дозволи на САД да користат британски воени бази за „одбранбени“ напади врз Иран.На почетокот, Стармер нагласи дека Обединетото Кралство не учествувало во почетните напади врз Иран, и дека тоа било „намерна“ одлука.„Најдобриот пат понатаму е преку преговори“, рече Стармер, додавајќи дека тоа подразбира дека Иран треба да се откаже од „секоe тежнеење за разво

Свет | пред 5 месеци

napad-liban

САД ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан

САД ги повикаа своите граѓани кои се наоѓаат во Либан веднаш да ја напуштат земјата.Ги повикуваме американските граѓани да не патуваат во Либан. Ако сте во земјата, напуштете го Либан веднаш додека сè уште се достапни комерцијалните летови“, соопшти американската амбасада во Бејрут на социјалната мрежа X.Сигурносната ситуација во Либан е нестабилна и непредвидлива. Воздушни напади се забележани низ целата земја, особено на југот, во долината Бека и во делови од Бејрут“, се наведува во соопштение

Свет | пред 5 месеци

kina

Кина ја поддржува одбраната на Иран и повикува на прекин на воените акции

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг И, во телефонски разговор со својот ирански колега искажа дека Пекинг ја поддржува одбраната на Иран од американско-израелските напади, во време на ширење на конфликтот на Блискиот Исток. Преку серија разговори со колеги од Иран, Оман и Франција, Ванг го презентирал ставот на Кина околу ескалацијата на конфликтот, јавува AFP.Во разговорот со иранскиот министер Абас Арагчи, Ванг истакнал дека Пекинг „го негува традиционалното пријателство со Иран“. Сп

Свет | пред 5 месеци

media-library1o0benahr62b5ENI9vG

Иранскиот шеф за безбедност: Спремни сме за долгогодишнa војна

Иранскиот шеф за безбедност Али Ларијани, изјави денеска дека Иран е спремен за долгогодишна војна во објава на X. Тој додаде дека иранските вооружени сили „не учествувале во никакви напади, освен во самоодбрана“.Како и во последните 300 години, Иран не ја започна оваа војна и нашите храбри вооружени сили не учествувале во никакви напади, освен во одбрана. Жестоко ќе се браниме себеси и нашата цивилизација стара шест илјади години, без разлика на цената, и ќе ги натераме непријателите да зажалат

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Началникот на Заедничкиот штаб на САД: Очекуваме дополнителни загуби во операциите против Иран

Претседателот на Заедничкиот штаб на американските вооружени сили, Ден Кајн, изнесе нови детали за досегашните воени акции на САД против Иран.Кајн изрази сочувство до американските војници кои загинале или биле ранети во операцијата. Американското Централно командување претходно потврди дека четврти американски војник „подлегнал на повредите“ добиени за време на почетните ирански напади.Очекуваме дополнителни загуби и, како и секогаш, ќе работиме на тоа да ги сведеме американските загуби на најм

Свет | пред 5 месеци

media-librarys0cd5gpk11jraBNKnz9

Американски сенатор: Куба е следна

Американскиот сенатор и сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, Линдзи Греам, гостуваше во емисијата „Sunday Night in America“ на телевизијата Fox News, каде ја изнесе својата проценка за тоа што би можело да следи по американскиот напад врз Иран.Сè што можам да кажам е дека претседателот Трамп ja заврши работата што претседателот Рејган не успеа да ја доврши. Јас сум голем обожавател на Роналд Рејган, но тука сум да ви кажам дека Доналд Трамп, според моето мислење, е златен стандард з

Свет | пред 5 месеци

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Американскиот министер за одбрана: Нападите врз Иран не се за промена на режимот

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, се обрати до јавноста и изјави дека американските напади врз Иран не се насочени кон „промена на режимот“, иако призна дека лидерството во таа земја се променило.Ова не е таканаречена војна за промена на режимот, но режимот навистина се промени и светот поради тоа е подобар“, рече Хегсет на конференција за новинари во Пентагон.Министерот исто така нагласи дека САД не ја започнале војната, истакнувајќи дека Иран со децении извршувал напади во, како ш

Свет | пред 5 месеци

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Трамп: Разочаран сум од Стармер

Доналд Трамп „многу е разочаран“ од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за изведување напади врз Иран, изјави американскиот претседател во интервју за Телеграф.Обединетото Кралство првично го одбило барањето на САД за користење на своите бази, но Стармер во недела навечер соопштил дека го прифаќа барањето за нивна употреба во „одбранбени напади“ на американските сили врз иранските цели.Трамп за британските дневни весници и

Свет | пред 5 месеци

talibanci

Конфликтот се шири кон Либан: Нови ирански напади и израелски удари врз Хезболах

Ескалацијата на судирот меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави добива нова регионална димензија, откако конфликтот се прошири и кон Либан. Во раните утрински часови во понеделникот, Израел започна воздушни напади врз цели за кои тврди дека се поврзани со Хезболах, откако ја обвини милитантната група дека испалила ракети кон израелска територија.Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан загинале најмалку 31 лице, а 149 се повредени. Па

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања