СДСМ

media-libraryg6bihnhkpdsfb4dFitH

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање.,,Сакам уште една работа да одговорам околу неговата „чесност“. Ја слушам и гледам една валкана кампања која ја тераат неговите прокси играчи и дебело платени мегафони со украдените пари. Слушаме приказни за тоа колку власта била нечестна, иако 7 години беа на власт, трипати ни го чешлаа секој денар и видоа дека нема ништо. Но, ајде да зборуваме за нивната чесност. Се сеќавате ли дека Венко Филипче заборави да пријави дека во Бугарија има фирма? Се сеќавате ли дека фирми кои работеа во РЕК префрлаа пари во Бугарија на други фирми блиски до струмичкото лоби и до братот на поранешниот премиер?“, запраша Мицкоски. Претседателот Мицкоски потсети и на ковид вакцините, кои претходната влада ги имаше набавено преку фирми од, како што вели тој, втора рака, и кои беа тројно поскапи од оригиналните цени.,,Се сеќавате ли дека набавуваше вакцини против ковид од Кина по ултра дебели провизии, преку фирми втора рака, по трипати повисока цена од оригиналната? Се сеќавате ли дека монтажната зграда која му изгoре на Филипче се градеше без одобрение, а тој нè убедуваше дека „кабелот е крив“? За сите овие работи Филипче треба да одговара. Но, кога ќе се покрене тоа прашање — молк. Зошто?“, рече Мицкоски и додаде:,,Затоа што над 80 кривични пријави и случаи, за кои имаше и јавно објавени гласови и пријави во обвинителството, се ставени во фиока. Зошто? Затоа што таму 7 години се редеа послушни партиски кадри. Седум години имаа енормни скокови во кариерата луѓе блиски до струмичкиот клан и до Венко. Затоа СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ. А кривичните пријави кои ги поднесовме се длабоко ставени во фиока и заклучени. Клучот е кај Венко“.Мицкоски истакна дека судството во земјава мора да биде независно и мора да има правда за сите, а додаде и дека по локалните избори следуваат промени затоа што судството мора да се ослободи од партиски и криминални стеги.,,Затоа, по овие избори, лично ќе се позанимавам со ова. Затоа што судството мора да биде независно и да има правда за сите. Знам дека таму не се собрани само интересите на СДСМ, туку и на ДУИ и на сите криминалци заедно. И нека се лутат колку сакаат, но ќе кажам: не само што не ги заслужуваат платите, туку и тие им се превисоки за таа неработа. Се разбира, има исклучоци, но сите други ја прават сликата јасна — ќе има промени и одговорност во судството и обвинителството. Македонија мора да успее и да победи. Затоа овие избори се важни. Да испратиме порака дека доаѓа крај на лицемерието, крај на криминалот и дека народот е посилен од ова сидро кое ја влече државата надолу. Затоа ќе победиме и ќе работиме за заедничка иднина“, заклучи Мицкоски.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0h6umhreaottaXNKC2P

Филипче : СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во Велес, истакна дека за година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална незаинтересираност за граѓаните, за мерки за подобрување на животниот стандард.„Помина година и пол од оваа власт. Период во кој имавме сите доволно време да видиме со кој си имаме работа и кои политики ги носи оваа власт. Доволно време да сфатиме дека имаме ненародна, арогантна, но пред сè власт без чувство за потребите на луѓето. Ова е реалноста,“ порача Филипче.На граѓанската трибина Филипче потсети дека СДСМ и како опозиција, исто како и додека беше на власт ги има истите политики кон граѓаните - поддршка за граѓаните, покачени плати и реална политика за подобрување на стандардот и имаше реално добри закони со кои се олеснуваше секојдневнието„СДСМ цела година нуди решение – минимална плата од 500 евра! Не популистички, туку со јасна методологија, со модел што веќе докажа дека функционира, ние покажавме дека државата може да расте и кога има кризи, ако има грижа за граѓанинот,“ истакна Филипче од Велес, и додаде дека земјите од регионот како Албанија веќе ја покачува минималната плата на 520 евра, во Србија минималната плата расте секоја година.Во обраќањето, Филипче ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ги одби сите предлози на СДСМ што се во интерес на работниците.„Имаше реални добри закони со кои се олеснуваше секојдневнието. Имаше пет иницијативи за покачување на платите, како минималната така и просечната во приватниот сектор. Што направи Владата на ВМРО-ДПМНЕ? Ги одби сите иницијативи. Предложивме мерка и за компаниите да ги субвенционираат придонесите за да не биде терет на компаниите, а сепак да има раст на платите. И тоа го одбија “, нагласи Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryil9qv5ric8ub9D3iEZm

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат Али Ахмети и ДУИ, од кои СДСМ зборува за дом, а имаа 7 години да зборуваат и направат нешто за тоа, додека ДУИ ја враќа кампањата со децении наназад, што не соодветствува со светските стандарди.,,Кога сме кај политичките пораки, мојата политичка порака е за да нема дилема. На овие локални избори, бираме помеѓу две концептуално спротивставени опции. Едната е онаа тивка коалиција, која што ја сочинуваат три политички партии, тоа е СДСМ, ДУИ, и политичката партија Левица. Тоа се трите политички партии коишто ја сочинуваат онаа концептуално различна понуда од нашата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се тие две практично концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори“, рече Мицкоски.Мицкоски зборуваше за коалицијата  Ахмети, Филипче, Апасиев, и истакна дека нивната заедничка поврзаност е гневот кон ВМРО-ДПМНЕ.,,Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружила, жедна и гладна за власт, моќ, привилегии. Но исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е точката која што овие три политички партии ги поврзува. Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на сите политички партии потсетувајќи прво што правеше Левица како дел од Шарените кои рушеа се што е создадено со народни пари, дека земаа пари од СЈО кое имаше за цел да го руши ВМРО-ДПМНЕ, а денес безмилосно ја цицаат самата партија.,,Сетете се 2015-2016 што правеа тие низ Македонија. Фарбаа, уништуваа, палеа државен ваш имот направен, со ваши народни пари, за да по насилен пат симнат една влада која што имаше легитимитет од народот. Тоа беше врхушката на денешната политичка партија Левица. Дел од нив станаа составен дел од СЈО, кое што имаше една задача пред себе, а тоа беше да врши тортура и политички прогон врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената задача кое што ова СЈО ја имаше пред себе. До ден денеска кога гледаме како ја цицаат сопствената партија Левица “.Мицкоски се осврна и на кампањата на ДУИ и Филипче.„ Венко Филипче излезе пред граѓаните со слоган ,,Се бориме за нашиот дом“ . Прашањето е за кој дом? За хациендите во Дубаи, за хациендите на Халкидики, за јахтите на Халкидики, за фирмите во Петрич. За што се борат? Имаа тие можност да се борат за својот дом 7 години. ДУИ и Али Ахмети, цела кампања ја водат враќајќи не наназад цели децении, 30-40 години, потсетувајќи не за некакви средби со генерали, или не знам што. Во кампања во која што треба да зборуваме за иднина, во кампања во која што светот зборува за вештачка интелигенција, кога светот зборува за големиот зелен договор, кога светот зборува за освојување на космосот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

sukova

Шукова: Урбанизмот мора да стане транспарентен, граѓаните да имаат збор

„Мора конечно да се стави крај на хаотичната урбанизација во Скопје,“ истакна Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, говорејќи за потребата од нов Генерален урбанистички план, за Радио Слободна Европа.Таа најави дека новиот ГУП ќе се изработува со вклученост на јавноста и дигитална транспарентност, преку алатки што ќе овозможат граѓаните да ги даваат своите забелешки во секој чекор од процесот.„Граѓаните мора да бидат дел од одлуките. Само така ќе имаме град кој расте со ред, а не со хаос,“ рече Шукова.Во нејзиниот план се предвидени строги правила за зачувување на зелените површини и ограничување на градбата во делови каде што урбанизацијата веќе ја надминала мерката.„Скопје мора повторно да добие достоинство – да биде уреден, зелен и модерен главен град,“ порача Шукова.

Скопје | пред 3 месеци

kaja-sukova

Каја Шукова: Време е јавниот превоз во Скопје да стане решение, а не проблем

„Јавниот превоз не смее повеќе да биде проблем за граѓаните, туку мора да се изнајде функционално решение,“ порача кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за Радио Слободна Европа.Шукова нагласи дека во нејзината програма постои конкретен и подготвен проект за воведување на БРТ системот (брз автобуски превоз), кој четири години чека на реализација.„Проектот е обезбеден, има финансирање, и ако веднаш се распише тендер, во рок од една година може да почне реализацијата,“ истакна таа.Според неа, БРТ системот ќе биде срцето на новиот еколошки јавен превоз, а паралелно со него ќе се набават 100 нови автобуси кои ќе ги поврзат сите делови на градот.„Време е граѓаните да почувствуваат дека градот работи за нив, дека јавниот превоз е достапен, еколошки и современ,“ додаде Шукова.

Македонија | пред 3 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Резолуцијата ги јакне нашите позиции, таа е државен консензус за црвени линии

Денеска од Кисела Вода претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање порача дека СДСМ не ги урнало националните интереси на државата, ниту пак гледа дека нешто вратило ВМРО-ДПМНЕ. Но рече дека има документ со кој може да се потврдат црвените линии и заедничката позиција со национален консензус.„Станува збор за потврдување на нашите црвени линии, потврдување на нашата заедничка позиција со национален консензус за првпат. Значи не станува збор за уривање туку за зајакнување. Ајде еднаш да сите заедно 120 пратеници како што тоа го прават сите држави вклучувајќи ја и Бугарија коишто имаат сите пратеници заеднички декларации во собранието бугарско за нивните национални интереси, ајде тоа да го направиме ние. Да конечно јасно и сите да потпишеме што е тоа што е наше национален интерес кои се нашите црвени илини и дека за тоа едноставно не преговараме.“, рече Филипче.Тој истакна дека токму тоа стои во предлог резолуцијата која точно е утврдено дека за јазикот, идентитетот, културата, историјата ниту една влада повеќе нема да преговара.Но повика за тоа да се зборува по изборите со цел овој период фокусот да биде ставен на локалните кампањи и презентација на програмите.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1bo7qc8eiqfj6OhRmNG

Трајановски: Аеродром ќе добие младински совет, фонд и стратегија за млади

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник од СДСМ, најави силна посветеност кон младите во општина Аеродром, потенцирајќи дека тие ќе бидат во центарот на неговите политики. „Младите се двигател на општеството и затоа ќе создадеме мерки кои директно ќе го подобрат нивниот живот и ќе им отворат нови можности“, рече Трајановски.Во рамките на својата програма, тој најави креирање Фонд за млади кој ќе обезбедува финансиска поддршка за младите претприемачи и младинските организации, формирање Локален младински совет кој ќе биде гласот на младите во општината, како и изработка на Младинска стратегија и акциски план со јасно дефинирани приоритети.Дополнително, програмата предвидува поддршка и промоција на младите таленти, развој на услуги за кариерно насочување и преквалификации, модернизација и дигитализација на училиштата, организација на редовни превентивни здравствени прегледи, како и поттикнување културни и спортски настани.„Драги средношколци, студенти и млади, јас ќе бидам вашиот партнер во креирањето на младинските политики и заедно ќе ги градиме условите за ваш развој и успешна иднина во Аеродром“, порача Трајановски.Тој нагласи дека со овие мерки младите ќе имаат шанса да ги остварат своите потенцијали и да го градат својот дом токму во својата општина. „Заедно со вас, младите, ќе се избориме за нашиот дом, за нашиот Аеродром!“, заклучи Трајановски.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryj663k33jeql22BLCw74

Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за најавите на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Орце Георгиевски дека во Скопје ќе има воз, оцени дека станува збор за уште лага од низата нереални и лажни ветувања.„За жал сметам дека е тоа уште едно во низата лажни ветувања. Таква пруга ниту има каде да се направи ниту имаат траси, едноставно е ветување дадено од рака. Меѓутоа има едно многу други интересно прашање е што пред две или три недели,  Јавното претпријатие Македонски железници и инфраструктура потпишала договор за надзор за изведба на санација на одредени делници на пруга со италијанската компанија ИРД којашто е надзор на автопатите Бехтел и Енка и истата таа компанија за коешто многу претставници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и вицепремиерот Николовски обвинуваа дека се криминални зделки склучени од претходната влада. Обвинуваа дека фирмата работела само во Македонија и Молдавија, а не во Италија иако италијанска. Обвинуваа дека, поставуваа сомнеж како тоа да еден од директорите одговорен за Македонија претходно бил вработен во министерството за транспорти врски и сега после сите тие обвинувања после повиците до ОЈО да ги истражи тие таканаречени зделки сомнителни итн, тие потпишуваат договор со истата компанија“, изјави Филипче.Притоа Филипче констатираше дека нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кое дојде на власт со лажна изјави, лажна кампања и лажни ветувања пред граѓаните.„Па има ли поголем доказ од тоа дека сè што кажуваа е невистина и дека нивната кампања беше изградена на лаги и манипулации?“ рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydf81a9i300oealxVvgs

Филипче: Каја и Горан имаат конкретни програми со решенија за Скопје и Кисела Вода

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со кандидатите за градоначалници за Скопје и Кисела Вода беа во посета на паркот во Кисела Vода од каде испратија пораки дека со конкретна програма и работа на терен резултатите ќе дојдат и во Кисела Вода.„Мислам дека ова е еден добар пример како треба да се однесува градот кога се планираат содржини за сите категории на граѓани конкретно овој парк којшто направен во времето на претходниот градоначалник Петре Шилегов за жал е не одржуван, е запуштен ,нечист со едноставно никакви до содржини и развој после неговиот мандат. Имаме конкретни програми, имаме конкретни планови, направени врз основа на вистинските потреби на граѓаните. И Горан и Каја се луѓе коишто работат инклузивно кои имаат отворен пристап за потребите на граѓаните“, рече Филипче.Тој исто така потенцираше дека Горан и Каја, нема да бидат затворени во своите канцеларии туку низ населбите каде ќе ги лоцитаат проблемите и ќе работата на нивно решавање.„Едноставно гласајќи за нив граѓаните треба да знаат дека гласаат за подобри места за живеење“, рече Филпче.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarykdtvf6dn7d162QAT7le

Саракинов: Кандидатот на СДС, Филипче и Заев - Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици

Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ ја критикува поддршката што СДС, Филипче и Заев му ја даваат на Стевчо Јакимовски, кој во 2021 година ветуваше 250.000.000 м2 нови зелени површини во Карпош.„Четири години подоцна, наместо зеленило, во Тафталиџе има десеткатници, а зелените површини се уништени и занемарени. Ова е резултат од тајната коалиција меѓу СДС, Филипче, Заев и Јакимовски, која го пушта низ вода нашиот град“, рече Саракинов.Тој предупреди дека гласот за Јакимовски значи повеќе бетонизација и уништување на зеленилото, за профит на урбаната мафија.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryilib0kqkp9106zGUDdX

Митовски: 50% субвенции за котизацијата на тезгите – поддршка за пазарџиите

Влатко Митовски кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од СДСМ денеска при посетата на пазарот во Автокоманда најави нова мерка – 50% субвенции за котизацијата на тезгите, со цел поддршка на пазарџиите и развој на локалната економија.„Со ова директно ќе им помогнеме на пазарџиите, но и ќе ги поттикнеме нерегистрираните препродавачи да се вклучат во легален и уреден систем,“ изјави Митовски.Тој нагласи дека пазарите се симбол на традицијата и економската живост, и оти општината ќе продолжи со мерки што создаваат фер и организирана пазарска средина за сите.

Скопје | пред 3 месеци

media-library9kc3b6lu618pexEH32q

Петрушевски: СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја критикуваше СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи ги за, како што вели, лицемерна политика и заблудување на јавноста.„СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага, како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше“, изјави Петрушевски.Тој посочи дека или СДСМ и Филипче имаат „многу лош ПР“, или пак „мислат дека народот заборава кои се тие“.„СДСМ е партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Зоран Заев, ветуваше дека ако го смени името, ќе му се скине жицата. Го смени името, а од жицата – ништо. Сега и Филипче си најде своја жица – ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона-бизниси за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот“, додаде Петрушевски.Според него, Филипче со своите ставови испраќа порака до официјална Софија дека е „спремен на се“, што, како што тврди, народот го гледа и ќе знае да го санкционира.„Никој не очекува од СДСМ и Венко национална политика, сите знаеме што се крие зад тоа. Затоа и ќе бидат казнети на овие избори со историски најслабиот резултат“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqnc844g1m39n6QoZbeh

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Со остра критика кон досегашното работење на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска се обрати Емил Николовски, обвинувајќи го за целосен неуспех во реализацијата на предизборните ветувања и за манипулација со јавноста.„Продолжуваме со разобличување на лагите на Орце Ѓорѓиевски – човекот кој четири години неуспешно управува со Кисела Вода, а сега сака да ја прошири својата неработа кон цело Скопје“, изјави Николовски на денешната прес-конференција.Тој ги демантираше тврдењата на Ѓорѓиевски за, како што вели, „90% реализација на програмата“, посочувајќи низа неисполнети проекти како доказ за неговата, според СДСМ, неспособност.„Орце ветуваше ‘Туристичко Драчево’, ревитализација на старата чаршија, пешачки зони и културна понуда. Четири години подоцна, таму нема ниту една реконструирана фасада, нема осветлување, нема сигнализација, нема туристичка понуда – само запуштеност и заборав“, рече Николовски.Тој посочи и дека ниту еден зелен покрив, иако ветен како дел од борбата против загадувањето, не е реализиран: „Не само што не постои ниту еден зелен покрив, туку не постои ниту еден јавен повик за нив. Една голема нула“, нагласи тој.Според податоците презентирани од СДСМ, од 30 капитални проекти влезени во програмата на Ѓорѓиевски, ниту еден не е реализиран – вклучително и ветувањата за велосипедски патеки, катни гаражи, базени и спортски сали, кои, како што велат од партијата, останале само на рендери и промотивни материјали.„Во меѓувреме, јавните пари се трошат на сомнителни тендери и скапи ПР кампањи, додека граѓаните живеат меѓу депонии, прашина и мрак. Кисела Вода е симбол на застој и корупција“, додаде Николовски.СДСМ порачува дека Скопје не смее да стане следната жртва на, како што ја нарекуваат, „празната ПР политика“ на Ѓорѓиевски.„Скопјани не се наивни. Главниот град не е експериментална зона за нови лаги. Скопје заслужува визија, реални проекти и луѓе што навистина работат за граѓаните“, заклучи Николовски.Партијата најави дека ќе продолжи со презентација на, како што велат, факти и аргументи што ја разоткриваат реалната слика зад ветувањата на актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryi0g1hd9rvc3eet89AJb

Филипче: СДСМ е силата што ја враќа надежта и вербата во иднината на Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва на граѓанската трибина во Охрид,  истакна дека СДСМ е државотворна партија со обврска пред предците да ја одбрани Македонија и да ја врати довербата на граѓаните.„За помалку од една година, актуелната власт донесе несигурност и страв кај граѓаните за тоа каде се движи нашата земја. Должни сме како СДСМ да истапиме, да ги збиеме редовите и да излеземе сите силно обединети на овие избори. Ова е наша должност, затоа што СДСМ е партијата која ги постави темелите на државата“, порача д-р Филипче.Тој нагласи дека мора социјалдемократите да се изборат за домот и дека борбата почнува од секое маало, од секоја улица и куќа. „Наша обврска е да ја вратиме надежта дека оваа власт не може да прави што сака. Да дигнеме глас дека нема да молчиме пред неправдите, ароганцијата и игнорирањето на потребите на луѓето. Не смееме да дозволиме државата да стане алатка за лични интереси“, додаде лидерот на СДСМ.Филипче ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ како неспособна и без капацитет да решава проблеми, потенцирајќи дека „докажаа дека знаат само да се одмаздуваат, да владеат со терор и да шиканираат“.„АСНОМ не ја создаде оваа држава за некој да ја приватизира за свои интереси.  Да ги руши стратешките позиции и цели кои ги зацртавме и кои се во интерес за сите граѓани. Ако сега не излеземе да се бориме, на секој ќе му биде тешко”, рече д-р Филипче.Тој повика на мобилизација и единство во вербата за подобра Македонија, бидејќи како што рече д-р Филипче ова не е промената што ја очекуваа граѓаните.„Наша задача да им ја вратиме вербата дека сме тука за нив. СДСМ е единствената реална опозиција и нашиот дом како социјалдемократи. Потребна ни е верба дека можеме да се избориме за подобра Македонија“, истакна д-р Филипче.Лидерот на СДСМ упати порака до сите што веруваат во идеологијата на СДСМ да се вклучат и застанат рамо до рамо за да ја заштитат иднината на државата. „Поделбите во опозицијата се во интерес на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Силно верувам дека граѓаните гледаат и сфаќаат дека само единствена, организирана СДСМ може да ги одбрани нивните права и иднината на Македонија“, порача од Охрид претседателот на СДСМ, д-р  Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1unblo68fd5m4dD2qoL

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз  на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна и одговорна локална власт, со Охрид повторно ќе биде бисер на Македонија.„Сега имаме можност заедно да го направиме Охрид повторно бисер на Македонија. За нас и за нашите поколенија. Сега е време за промени во Охрид, време е општината да добие градоначалник како д-р Шајн”, порача д-р Филипче.Лидерот на СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник, д-р Асен Шајн, како човек со визија, искуство и посветеност кој ќе ги заврши проектите, ќе го врати редот и ќе се грижи за охриѓани со чесност и посветеност.„Тој е тука за да го врати редот, да ги заврши проектите и да го врати Охрид на граѓаните. Асен е вреден човек, чесен човек. Човек кој ќе работи во интерес на Охриѓани и ќе се грижи за нив исто како што се грижи за нивното здравје. Кај него нема ароганција, нема непристапност, тој ќе биде човек на народот”, посочи д-р Филипче.Тој се осврна на моменталната состојба во општина Охрид, посочувајќи дека реалноста покажува сериозни проблеми: непланско ширење на градот, зголемени цени на јавни услуги, недовршени капитални проекти и сообраќаен хаос, што го намалува квалитетот на животот на охриѓани.„Охрид стана симбол на урбанистички хаос, со рекорден број дозволи за градба и недовршени проекти како плоштадот „Крушевска Република“, велосипедската патека до Св. Стефан и катната гаража. Локалната власт е фокусирана на фамилијарни вработувања и тендери, додека граѓаните се соочуваат со секојдневни проблеми“, нагласи Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”.На крајот од своето обраќање лидерот на СДСМ повика граѓаните на 19-ти октомври да излезат и да гласаат за бројот 5 и за кандидатската листа на СДСМ, за да се овозможи враќање на довербата, редот и развојот во Охрид.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања