СДСМ

media-libraryjtqrlfanqjgn9bzAz9J

Шукова: Системска поддршка за жените и семејствата, прифатилишта и родово одговорно буџетирање за еднакво Скопје

Денеска кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), предводен од претседателката Савка Тодоровска, како и со членките на мрежата на НСРР.Средбата помина во конструктивна атмосфера исполнета со идеи и искуства, каде во фокусот беа предизвиците и можностите за унапредување на положбата на жените во градот. Шукова истакна дека Скопје има огромен човечки потенцијал, особено во жените кои секојдневно придонесуваат во јавниот, економскиот и општествениот живот на градот.„Жените во нашиот град имаат исклучителни капацитети, знаење, храброст и одговорност за извршување на јавни функции. Како градоначалничка ќе се залагам за системска поддршка на жените и семејствата преку обезбедување сервиси за семејства, прифатилишта за жени жртви на семејно насилство и воведување родово одговорно буџетирање како приоритет. Само град што се грижи подеднакво за сите е град што напредува,“ изјави Шукова.Средбата заврши со заедничка согласност дека Скопје има потреба од поинклузивни и солидарни политики град каде секој глас се слуша, а секоја жена има можност да придонесе и да успее.

Скопје | пред 3 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци истакна дека граѓаните чувствуваат како стандардот паѓа секој ден, платите стојат, цените растат, а власта зборува за „успеси“ додека постојано им наметнува нови трошоци.Денес имаме нов „успех“. Замислете, владата решила да ги оданочува пратките од странство, оние до 20 евра. Она што луѓето можеа евтино да си го купат на интернет, веќе нема да биде евтино. Во држава во која 40% е сива економија, во која се соголува народот со даноци за кои граѓаните не ги добиваат соодветните услуги, сега се воведува нов данок на евтини производи од интернет. Ова било приоритет за владата. Срамно, порача Филипче.Во своето обраќање, Филипче истакна дека економијата пропаѓа додека власта се крие зад празни зборови и посочи на проблемите што ги имаат компаниите со повратот на ДДВ.Колку компании од Тиквешијата, а ги има многу тука, не добија уште поврат на ДДВ? Стотици. Пари со кои треба да вложат, да платат вработени и да се грижат за луѓето, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Кавадарци.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

Филипче: Тиквешијата страда, Мицкоски и ДПМНЕ го срушија достоинството на лозарите

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вечерашната трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта.Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше срушен целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го сруши достоинството на земјоделците, но најмногу на лозарите. СДСМ и јас лично се заложивме да помогнеме, предложивме конкретни мерки и закони, но власта ги одби. Одби затоа што оваа влада не се грижи за обичниот човек, за работникот, за оној кој произведува, се грижи само за крупниот бизнис. Но и таму не им оди работата, затоа што индустријата слабее и инвестициите паѓаат, рече Филипче.Тој од Кавадарци зборуваше за напорот на СДСМ да им помогне на земјоделците и од опозиција, предлагајќи дополнителна субвенција од три денари по килограм предадено грозје за сите лозари кои ќе го предадат грозјето кај регистрираните винарии од 1 август 2025 година, но од власта предлогот не беше прифатен.Реагиравме остро и на тоа што оваа година не ја објавија производната цена на грозјето, иако се законски обврзани да го сторат тоа. Со објавувањето законот кој го донесе СДСМ винариите ќе мораа да ја почитуваат методологијата која предвидува надомест од најмалку 25% над производната цена. И намерно не ја објавија, за да не се знае колку е точната цена на трудот на лозарите и колкави се нивните трошоци, рече Филипче.Тој исто така рече дека СДСМ предложи и укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% доколу лозарите побараат брза исплата, што според Филипче е пракса која за жал се користи за уцена и манипулација со трудот на производителите. Но и оваа мерка не била прифатена.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryb43cesgcbroo2rwaIjb

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денес се обрати пред жителите на Житоше, изразувајќи ја својата силна поддршка за кандидатот за градоначалник на Долнени, Исуф Синани. Битиќи испрати пораки за единство, чесност и вистинска грижа за граѓаните, без разлика на етничка или партиска припадност.„Ја дадовме поддршката за Исуф Синани, не затоа што е ‘наш’, туку затоа што е на страната на јавниот интерес, на чесноста. Човек што слуша пред да зборува, што гради мостови пред да бара изговори. Со него, успехот ќе се мери со решени проблеми, а не со аплаузи, со фер однос кон секое село, независно дали е големо или мало, дали во него живеат Македонци, Албанци, Турци или Бошњаци,“ порача Битиќи.Битиќи ја нагласи важноста на основните услови за достоинствен живот, особено во руралните средини како Житоше:„Знам дека овде се живее од земјата, од нивите, од тутунот, од трудот на семејството. Кога има вода за наводнување, пат до нивата, правичен откуп и навремена исплата, тогаш има достоинство. Тоа е мерката за квалитетен живот. И тоа е општина што не прашува ‘чиј си’, туку ‘кој ти е проблемот кој треба да го решиме?’“ потенцираше Битиќи.Тој потсети дека социјалдемократската идеја не дели по етникум, знаме или партиска книшка, туку таа спојува околу три столба: чесност, одговорност и еднакви можности.„Сè друго е евтин маркетинг што крие неспособност и корупција, и тоа на овие избори, во оваа општина нема да помине,“ порача Битиќи.„Знам што значи кога дождот ќе престане, а калта ќе остане, и кога со месеци чекате прегорена улична светилка да се промени. Тоа мора да се смени. На Долнени му треба градоначалник што ќе служи на заедницата, независно од тоа кој и каков е, што ќе ја отвора општината кон секое домаќинство, што ќе ги решава проблемите, а таков градоначалник може да биде Исуф Синани,“ рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi0g1hd9rvc3eet89AJb

Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Валандово каде продолжува изборниот караван со граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, порача дека неспособноста и безидејноста на владата е прочитана и затоа власта посегнува по црни кампањи.„ВМРО-ДПМНЕ не испорача резултати туку се сликаше со проектите кои останаа недовршени од СДСМ. Без резултати власта прибегнува кон лаги и спинови“, рече Филипче.„Кога се нема резултати, кога неспособноста се гледа, се прибегнува кон спинови, лаги и црни кампањи. Секој ден ја гледаме црната кампања против опозицијата и измислени афери што им се распаднаа, беа хибридни напади, дронови, сега стикови. Никако да разберат дека се прочитани и граѓаните веќе не им веруваат“, рече Филипче.„Но, ниту јас, ниту СДСМ нема да влеземе во калта во која тие се чувствуваат комотно“, потенцирше тој.„Ќе продолжиме да ја разобличуваме лажната и лицемерна власт, но уште повеќе ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето. Тоа е нашата борба, за поголеми плати на работниците, за 500 евра минимална плата, за поголеми пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците младите, за Европа.“, рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Валандово.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски со жесток одговор до СДСМ: „Очајот не се прикрива со зборот ‘оставка’“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, остро реагираше на, како што вели, „очајните и политички мотивирани напади“ од СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека преку постојани барања за негова оставка се обидува да го прикрие сопствениот неуспех и стравот од одговорност.„Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото не се бришат со папагалско повторување на зборот ‘оставка’“, вели Тошковски во својата изјава, додавајќи дека СДСМ секојдневно фабрикува кризи и спинови, обидувајќи се од секоја тема да направи политички напад.Тој потенцира дека повеќе од една година центарот за прес на СДСМ не прави ништо друго освен да бара негова оставка, без аргументи и без конкретни докази за било каква одговорност.„Секој ден истата реченица, иста интонација. Без разлика дали темата е безбедност, животна средина или парно греење – одговорот е ‘оставка’. Не би ме изненадило ако утре СДСМ ме обвини и за недостиг на сончеви зраци во Скопје“, саркастично коментира министерот.Тошковски ги обвини социјалдемократите дека ја користат секоја трагедија, па дури и денешниот вооружен инцидент во Куманово, за политички поени.„Пред да заврши увидот, пред да има првични наоди, тие веќе бараат оставка. Секој трагичен настан за нив е средство за политичка пресметка“, изјави тој.Во изјавата, Тошковски посочи дека СДСМ е вознемирен од резултатите на МВР, посебно од постапките против корумпирани функционери и расчистувањето на криминални групи.„Толку ли ви смета што покренавме кривични постапки против судии, обвинители и поранешни директори? Што расчистивме 14 криминални банди и уапсивме членови на терористички ќелии? Очигледно не ви пречи начинот на кој работам, туку резултатите“, нагласи министерот.Тој потсети дека за една година на функцијата преживеал две интерпелации — од Левица и од ДУИ, и оцени дека СДСМ може да се приклучи со трета, за да ја „заокружи коалицијата на очајот“.„Нема да поднесам оставка. Додека тие се занимаваат со спинови и конструкции, јас ќе продолжам да решавам проблеми и да расчистувам со нередот што го оставија. За нив политиката е шоу, за нас е одговорност“, завршува Тошковски.Министерот порача дека граѓаните ќе ја дадат последната оценка на претстојните локални избори, кога, како што рече, „зборовите ќе се судрат со делата“.

Македонија | пред 3 месеци

toskovski

Се бара оставка од Тошковски, по пукањето во Куманово

„Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните“, велат од СДСМ и додаваат:Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски.СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста.Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни.Денеска во Куманово според информациите од медиумите можело дете да загине додека се враќа од училиште. Со блиндирани возила ли треба граѓаните да ги носат децата во школо?СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ.Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабов и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури.Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конено да си поднесе оставка?Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu6vodh0te90h1EpHzAP

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата.„Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Ова е целта. Но јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие. Ги слушам, едните биле загари и орли, другите за врапчиња и што уште не. Театар за деца“, рече Филипче.Филипче на трибината исто така рече дека подмолните обиди на ВМРО-ДПМНЕ за поделба на граѓаните, секојдневните етикетирања на опозицијата како „предавници“, режимските практики се доблестите кои и оваа влада ги носи се едни од најлошите времиња на груевизмот.„Не е времето кратко да се види дека имаме власт отуѓена од народот, власт која партизира, узурпира и одбива да го слушне крикот на граѓаните за подобар живот и за напредок. Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден власт. Оваа мизерна и ниска кампања на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на нивната немоќ и неспобност. Но суштина е уште поболна, а тоа е дека  зад кампања се кријат нивните лоши намери за иднината на оваа земја“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykv4qhvuvuaniddQP1O0

Шукова: Карпош ќе дише полесно со нов мост, продолжување на булеварите и функционални јавни претпријатија

Во преполната сала „Партизан“ во Карпош, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје.Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози, изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени.Таа остро се осврна на неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги:Немаме редовно подигање на сметот, немаме вода во високите зони, јавниот превоз е нефункционален, а парковите и улиците се запуштени. Градот го претворија во џунгла.Шукова најави целосна реорганизација на јавните претпријатија и обновување на постојната инфраструктура:Ќе го изградиме Скопје по европски терк – град што обезбедува ред, услуга и сигурност.Во Карпош, најави неколку клучни инфраструктурни проекти: изградба на нов мост, близнак на „Обединети нации“, со шест коловозни ленти и велосипедски и пешачки патеки; поврзување на булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ со современо сообраќајно решение; продолжување на булеварот „Словенија“ до Ѓорче Петров – нова артерија долга 4,5 километри што ќе го поврзе западот и северот на градот и конечно ставање во функција на мостовите „Михаило Апостолски“ и „Љубљанска“.Ќе воведеме ‘Зона 30’ во густо населени делови, ќе поставиме ЛЕД осветлување, нови велосипедски патеки и ќе ги претвориме запуштените површини во живи скверови и паркови, додаде Шукова.Таа истакна и дека дигиталните решенија ќе бидат темел на модерното управување со градот:Смарт Скопје ќе значи знаење кога контејнерите се полни, паметно управување со отпадот, повеќе осветлување и дигитални системи што носат ефикасност и транспарентност.Ние не ветуваме чуда – ветуваме работа, чесност и резултати што се гледаат, порача Шукова, додавајќи дека со Маја Мојсова во Карпош и тимот на СДСМ, ќе се врати довербата во политиката и гордоста во Скопје.Во Карпош се родив, тука сум целиот живот и ќе се борам за Карпош и за Скопје што обединува, заврши Каја Шукова.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

„Ќе се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа, правдата ќе ве стигне“, Мицкоски со порака до СДСМ

Го слушам Венко Филипче како зборува дека сум штител на олигархија. Целиот мој живот го посветив на книгата и пенкалото, и така се градев себеси. И јас во политиката влегов чесно и со искрени намери, и мојата имотна состојба од тогаш до денес е непроменета. А тој, седнат во скутот на неговиот гуру, со хациенда на Водно направена додека е министер, со партнерски зделки со неговиот гуру, кој со чиновничка плата – што како премиер, што како градоначалник – има империја тешка стотици милиони евра, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.Мицкоски посочи дека тука следува логичното прашање, како од едно просечно семејство се стигнува до милиони какви што тие имаат и располагаат.„Одговорот го знаете, а резултатот го плаќаме сите ние – се вика разрушена држава и систем кој пропаѓа и кој сега мораме да го градиме од неговите темели. И нека создаваат лажна слика на душегрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе кои се вградија во тие темели. И целото мое време го посветувам за да ја кренеме Македонија, ама не се залажувајте ниту помислувајте дека заборавив за мигот што ѝ го направивте на државата“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на кампањата и спотовите со кои се претставува СДСМ на овие избори.„Колку и да лажете на спотовите и бледата кампања што ја имате, не можете да го излажете народот. Таму, во тие спотови и изјави, се скриени сите ваши стравови и потсвести, сите ваши сеништа и скриени пораки. Па така, некни, кога патував на еден од митинзите, гледам спот на СДСМ каде тегнат, влечат еден црвен кабел низ Скопје. Кабелот ги заокружува луѓето од СДС, ги поврзува сите од раководството на СДСМ, и вика – точно, во право се, сите нив ги поврзува еден кабел. И со право – кабелот е неизоставен дел од потсвеста на Венко. Човекот при здрав разум излезе и нè убедуваше дека кабелот бил виновен што модуларната болница изгорела. А не системот во распаѓање кој тие со години, а претходно со децении, го уништуваат“, изјави Мицкоски.Мицкоски со порака до Филипче: „Венко, кабелот не може да биде никаква иднина, туку само добар слуга на неговите политички господари на кои им служи со гордост и чест, и не се ни труди да смени нешто“.Мицкоски укажа на фактот дека од СДСМ ниту демантираат, ниту потврдуваат за врските и парите од Бугарија.„Ниту пак се во состојба да кажат поинаку од она што сите знаеме дека е вистината. Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа. И сакам една порака до сите нив: тоа што година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, час во денот и неделата го минувам на градење на темелите што ги рушеа, не значи дека заборавив и не работам правдата да ве стигне“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymf6vrjfeh3m43JcZzid

Филипче : Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е само локална ниту само политичка туку е економска и борба за достоинство.„Се бориме за 500 евра минимална плата на работниците. За правото на човекот да живее чесно од сопствената плата да може да оди во маркет, да ги обезбеди децата, да го обезбеди семејството. Се бориме за правда, за достоинство и за надеж“, рече Филипче.500 евра минимална плата на работниците за правото на човекот живее чесно од сопствената плата да може да доверба значи да му дадете семејство се бориме за правда за достоинство.Тој исто така оттаму испрати порака дека Пехчево е уште еден град од многуте каде нема инвестиции, нема горди граѓани. Пред граѓаните на Пехчево, Филипче зборуваше за лажното лице на власта и нивната двојна страна како власт и опозиција.„Го слушам премиерот Мицкоски оди по митинзи и зборува како да сме лани, како да е сеуште во опозиција. Не обвинуваа лани за криминални тендери за перење пари, за несоодветни теми кога пред неколку недели неговата влада, неговите луѓе потпишуваат договори со истите тие фирми за коишто не обвинуваа. Се што сега очекував е пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да излезе на прес-конференција во Белата палата и да го нарече неговиот премиер криминалец. Ете тоа е нивното лицемерие“, рече Филипче.„Ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ мора да запре, затоа што нема светла иднина со лаги“, рече тој.  Ние на овие избори пред граѓаните истапуваме со чесни луѓе, со луѓе што имаат знаење, резултати, желба да се борат и да се изборат за подобри општини и подобар живот. Таков е и Златко Николовски кој сите вие добро го знаете. Такви се и нашите кандидати за советници.Притоа, Филипче ги повика граѓаните на 19 октомври да одлучат дали ќе ги одберат лагите и неисполнетите ветувања на власта или ќе одберат борба за правичен дом и подобар живот за сите.

Македонија | пред 3 месеци

nikoloski-kosovo-1

Николоски: Филипче да одговори за компаниите регистрирани во Петрич, Бугарија, што работат и како се отвораат фирми со докторска плата

,,Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната поста на струмичкиот крај и општини кои се дел од изборна единица 4, говорејќи за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Според Николоски, СДСМ е партија која ја опустоши целата држава и потоа за да се заштитат и тие самите правеа национални предавства. Тој повика на масовна излезеност на локалните избори на 19 октомври годинава, па така на тој начин да се стави крај на оваа криминална банда на СДСМ.,,Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства“, кажа Николоски.Николоски укажа дека токму затоа е потребна една голема мобилизација на овие локални избори.„Масовно да се излеземе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда,“ истакна Николоски.

Македонија | пред 3 месеци

nikoloski

Николоски: Македонија беше рекордер по смртност во корона кризата заради лошите политики во здравството на СДС

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 во рамки на денешните митинзи во струмичкиот крај имаше свои обраќања во рамки на изборната кампања чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше здравството во земјава, поконкретно како сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, комплетно го уништи здравството за време на неговиот мандат како министер за здравство како дел од претходната власт на СДС и ДУИ.,,Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува“, вели Николоски.Николоски потсети и на случајот Онкологија, веледрогеријата Пановски, инаку позната по тендерите за Онкологија, и случајот со хематологија, за кој обвинителството не презема никаква мерка.,,Тоа е истиот Венко Филипче, на кој што му се случи Онкологија. Но и таму, види чудо, има судски спор за лекарски грешки, ама нема судски спор или барем истрага на обвинителството за начинот на кој што веледрогерија Пановски, на пример, ги добиваше тендерите во истата таа Онкологија. А за хематологија воопшто не сакаат ни да чепнат“, рече Николоски.Тој го посочи и случајот со модуларната болница во Тетово, а и потсети дека Македонија беше рекордер по смртност за време на ковид кризата, под покровителство на Венко Филипче.,,Да не зборуваме за она што го направија со модуларната болница во Тетово и 14 изгубени човечки животи. Да се потсетиме дека Македонија беше рекордер по смртност во 2020,2021 и 2022 година, затоа што освен реклама ништо друго не направија за да го заштитат народот од корона кризата“, заклучи Николоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8h1ag8nit02l7jcoOg1

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија“, порача Претседателот на СДСМ,д-р Венко Филипче на граѓанскиот собир во Македонска Каменица.„Ова не се само локални избори“, додаде тој. „Граѓаните имаат можност со својот глас да испратат порака: доста е, државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето,“ истакна Филипче.„Борбата за нашиот дом не е само локална и не е само политичка. Тоа е економска борба, борба за достоинство. Се бориме за 500 евра минимална плата, за секој човек да може достоинствено да живее од својата работа. Се бориме за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. За иднина и за надеж.“, потенцираше Pретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Ние настапуваме со чесни и посветени луѓе. Таква е Соња Стаменкова – поранешна градоначалничка која покажа што значи да си го сакаш својот дом и да работиш за него“, подвлече тој.„Мотивот за нејзината кандидатура е да продолжиме таму каде што застанавме, затоа што општината назадуваше во секој поглед“ рече Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тој нагласи дека СДСМ секогаш била повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост, со идеја државата да биде дом за сите, не за неколкумина привилегирани.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycrvr2ctu4khmchhSXDb

Филипче: За Владата на Мицкоски поважни се олигарсите, отколку работниците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Велес, ја обвини  Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да ги заштити работниците, работи за големите олигарси.Филипче посочи дека власта ги одби сите добри законски решенија на СДСМ за покачување на платите и справување со високите цени на храната затоа што поважни им се газдите на маркетите.„Ги одби, затоа што за нив поважни се газдите и крупниот капитал, отколку работникот кој секој ден се мачи да стигне до крај на месецот. ВМРО-ДПМНЕ, заради интересите на неколку компании блиски до нив, ги остава работниците по страна. ВМРО-ДПМНЕ се плаши да им каже на големите компании: Време е да го почитувате трудот на работникот. За нив, 400 евра биле доволни. За пуленот на Мицкоски, Трајко Славески, и тие биле многу. Додека тие трошат за ПР кампањи народни пари, луѓето се оставени на страна“, рече Филипче.На трибината тој појасни дека граѓаните поради лошите политики на власта се оставени да не можат да врзат крај со крај во месецот.„Што има обичниот човек? Празна кеса од маркет, сметки што пораснаа и до 30% и тие секојдневно чувствуваат дека живот е сè потежок. Речиси три минимални плати денес не можат да стигнат за една потрошувчка кошничка, а камоли за сметките. Луѓето не се борат за подобар живот, тие се борат за преживување. И токму затоа оваа власт мора да се соочи со прашањето: за кого работат, за народот, или за олигарсите?“, нагласи Филипче.Во обраќањето тој потсети дека СДСМ и во најголемите кризи, Ковид кризата и енергетската криза, покажа што значи вистинска грижа за граѓаните.„Го воведовме првиот механизам што предвидуваше раст на платите согласно растот на трошоците за живот. Бевме првата Влада што вистински со конкретни дела покажа што значи социјална држава. Во нашето време, минималната плата стана достоинствена, пензиите растеа, а работниците беа заштитени. Имавме девет пакети на антикризни мерки во најголемите кризи, 2,6 милијарди евра отидоа директно во компаниите и кај граѓаните. Се заштитија 80.000 работни места, се заштитија 20.000 компании од пропаѓање. Сега нема ништо. Има молк, има лажен ПР, има манипулации и има само слики од митинзи“, рече Филипче, и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ наместо „балкански економски тигар“, како што ветуваа, ја претворија Македонија во економска пустина.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања