Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ обвинува за цензура, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: Продлабочување на политичкиот судир околу Резолуцијата

СДСМ обвини дека власта преку усвоената Резолуција има намера да воведе цензура и да ја ограничи слободата на медиумите, додека ВМРО-ДПМНЕ возврати со остра реакција, оценувајќи ги обвинувањата како неосновани и политички мотивирани.Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека најнов доказ за, како што рече, „обид за замолчување на јавноста“, е изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, дадена во интервју на Сител телевизија.Според Огњеновиќ, Стојановски, фалејќи ја Резолуцијата, изјавил дека таа е „добра за медиумите“ затоа што ќе се санкционирало ширењето невистини, што, според СДСМ, значи дека власта си зема право да одлучува што е вистина, а што не.„Ова е потврда дека Резолуцијата не е насочена само кон опозицијата, туку и кон медиумите. Секој што ќе ја критикува власта ќе биде етикетиран како дезинформатор“, изјави Огњеновиќ, додавајќи дека ваквиот пристап претставува опасен преседан за демократското општество.Од СДСМ оценуваат дека станува збор за обид за воведување режимска матрица во која секоја критика се толкува како закана за државата, и најавуваат дека нема да дозволат, како што велат, „гушење на слободата на говор“.На обвинувањата реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение и видео-материјал, во кое партијата остро ги критикува ставовите на СДСМ, обвинувајќи ги за неконзистентност и политичка конфузија.Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа СДСМ и лидерот Венко Филипче да организираат протести против, како што наведуваат, „про-српските ставови на поранешниот лидер Зоран Заев“, посочувајќи дека токму Заев во минатото јавно изразувал позитивни оценки за српскиот претседател Александар Вучиќ.„Колку и анкети да прават, епилогот за СДСМ е ист. Партијата нема јасна политика, ги менува ставовите и реагира само за да има некакво соопштение“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека Македонија има потреба од силна и конзистентна опозиција, но дека, според нив, СДСМ не ја исполнува таа улога.Полемиките околу Резолуцијата продолжуваат, а двете најголеми партии остануваат на дијаметрално спротивни позиции во однос на нејзината суштина и последици.

Македонија | пред 2 месеци

odnosi

Политичка пресметка околу воздухот: се караат што кажал Заев, а што Мицкоски и дали „ајро, ајро“ ќе го исчистел воздухот

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека, како што наведуваат, намерно злоупотребува стара изјава на премиерот Христијан Мицкоски поврзана со квалитетот на воздухот, со цел политички поени и дефокусирање на јавноста.Од партијата оценуваат дека станува збор за, како што велат, „уште една фабрикувана лага“, слична на, според нив, претходните тврдења за „мигранти и ширење страв“.„Не знаеме зошто СДСМ не ги користи изјавите на нивниот поранешен лидер Зоран Заев, во кои ветуваше дека ‘ајро ајро’ ќе го исчисти воздухот и дека ќе донесе живот и чист воздух за сите“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведува и дека реакциите на СДСМ се, како што велат, „павлов рефлекс од штабот на Бихаќка“, додавајќи дека опозициската партија користи однапред подготвени пораки.Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе потсетат на, како што ја нарекоа, „изјавата на векот“ на поранешниот премиер Зоран Заев, поврзана со загадувањето и квалитетот на воздухот.Претходно, од СДСМ соопштија дека Скопје е втор најзагаден град во Европа, оценувајќи дека граѓаните секојдневно дишат токсичен воздух опасен по здравјето.Според опозициската партија, Владата не презема соодветни мерки за справување со загадувањето, туку, како што тврдат, фокусот е ставен на сомнителни јавни набавки и тендери.„Додека нема пари за политики за чист воздух, има пари за стотици тендери за исти фирми и милионски договори“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи дека премиерот Мицкоски ги доведува во заблуда граѓаните со споредби дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена.Во реакцијата, СДСМ оценува дека ваквите изјави ја поткопуваат довербата на јавноста и дека токму поради тоа била донесена, како што велат, противуставна Резолуција.„Што е следно – забрана да се зборува за загадениот воздух затоа што власта тврди дека тој е чист?“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Граѓаните на Скопје дишат отров, Мицкоски ги лаже

Скопје се најде на второто место меѓу најзагадените градови во Европа, а граѓаните секојдневно дишат отровен воздух исполнет со токсични материи опасни по здравјето, реагира СДСМ.„Наместо Владата да инвестира во конкретни проекти и политики за почист воздух и да преземе итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, приоритет на владата на Христијан Мицкоски се криминалните тендери и испумпување јавни пари“, велат од СДСМ.„161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга – за тоа има пари владата на Мицкоски. За мерки против загадувањето и за чист воздух – нема“, посочуваат од СДСМ.Од партијата додаваат дека, по методите на Вучич и Никола Груевски, Мицкоски ги манипулира граѓаните со тврдења дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена, што, како што велат, е очигледна лага.„По толку многу лажни изјави, јасно е дека на Мицкоски не може да му се верува. Затоа и ја донесоа противуставната Резолуција“, велат од СДСМ.Од опозициската партија прашуваат што е следно – дали ќе се забрани јавно да се зборува за загадениот воздух во Скопје, само затоа што Мицкоски тврди дека тој е чист.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска е производ на Заев и потврда дека во СДС нема капацитет за реформи, тандемот Заев-Филипче ја турка СДС во политички стечај

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека најавените реформи во СДС уште еднаш се покажале како „чиста фарса“, а новото раководство на партијата, според нив, е скроено по мерка на поранешниот лидер Зоран Заев, кој, како што наведуваат, дејствува како „претседател во сенка“, додека Венко Филипче само формално го претставува пред јавноста.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека изборот на Јована Тренчевска за потпретседател на СДС е уште еден доказ дека во партијата нема суштински промени, ниту нови кадри. Напротив, според нив, со ваквите кадровски решенија само се потврдува внатрепартиската криза и недостигот од кадар во СДС.Партијата наведува дека политичката кариера на Тренчевска е директно поврзана со Зоран Заев, потсетувајќи дека таа била именувана за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика во времето кога Заев бил премиер, а подоцна и за директор на Државниот инспекторат за труд, како и министер за труд и социјална политика.„Тренчевска е производ на Заев, а граѓаните ја паметат по понижувачките зголемувања на пензиите од 180 денари годишно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, ја потсетуваат јавноста и на, како што велат, скандалозното враќање на работа на лице осудувано за трговија со дрога на директорска позиција во социјалната установа во Радовиш, како и на нејзините пораки кон пензионерите дека „добро им било“ да живеат со 25 илјади денари месечно во време на двоцифрена инфлација.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и на реакции од синдикалците, кои, според нив, ја паметат Тренчевска по политичко мешање во синдикатите и по кочење на согласности за вработување во детските градинки во Бутел и Куманово.Како дополнителен пример за, како што велат, лицемерие, од партијата потсетуваат дека Тренчевска по изборниот пораз на СДС минатата година поднела оставка од функцијата претседател на Форумот на жени, со образложение дека местото го остава на нови и неизвалкани кадри, но само една година подоцна ја прифатила функцијата потпретседател на СДС.„Со ваквиот избор на кадри, СДС продолжува да тоне. Граѓаните одамна им свртеа грб и повеќе не им веруваат. Со старо-новото раководство на тандемот Заев–Филипче, СДС оди кон политички стечај“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата и за овој криминал одговорност мора да има

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во периодот кога Прпарим Бајрами и Артан Груби управувале со Државна лотарија биле направени сериозни финансиски злоупотреби, додека СДС, како што велат од партијата, молчел за да се зачува коалициониот мир и уште некој ден повеќе на власт.Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој, според нив, има „брутални докази за недостатоци и недоследности“ во работењето на институцијата. Во извештајот, како што посочуваат, е утврдено дека биле исплаќани аванси за таканаречени „мали добивки“ на деловни соработници во вредност од 14 милиони денари, при што за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.Дополнително, ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари готовински приливи. За овие износи, во извештајот било наведено дека постојат изјави оти авансите не биле ниту примени ниту вратени.Според ВМРО-ДПМНЕ, ревизорите преку увид во трговските книги и анализа на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет-игри, утврдиле и нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.„Оставена е спорна документација за над 180 милиони денари, односно близу три милиони евра“, наведуваат од партијата, додавајќи дека одговорните за овие злоупотреби мора да сносат одговорност.„Криминалците мора да одговараат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

ustaven

СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Резолуцијата против нелегалната миграција

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска достави иницијатива до Уставниот суд со која бара оценка на уставноста на Резолуцијата за потврда на политиките против нелегалната миграција, усвоена по предлог на актуелната власт.Од СДСМ сметаат дека со Резолуцијата се нарушуваат темелните демократски принципи и дека документот отвора сериозни уставни дилеми. Според партијата, актот предвидува ограничувања кои задираат во основните човекови слободи, меѓу кои слободата на изразување, правото на јавно дејствување и слободата на лично уверување.Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја иницијативата на опозицијата, порача дека Уставниот суд е институцијата која треба да ја даде конечната оценка за законитоста и уставната основаност на Резолуцијата. Воедно, тој ја критикуваше СДСМ поради тоа што не учествувала на собраниската расправа.„Останува жал што СДСМ не беше присутна на седницата на која сите парламентарни партии можеа заеднички да заземат став против изградба на мигрантски кампови и против прифаќање мигранти или азиланти врз основа на какви било договори“, изјави Мицкоски.Резолуцијата беше изгласана во Собранието во текот на оваа недела, а опозициските пратеници не присуствуваа во салата за време на гласањето.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3k7a62a50lbragt94sM

СДСМ до Уставниот суд: Да се укине неуставната Резолуција и да се заштити слободата на говор

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска информираше дека партијата поднела иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Резолуцијата изгласана од парламентарното мнозинство на ДПМНЕ и ЗНАМ, оценувајќи ја како неуставна и опасна за демократијата.Според Димитријевиќ, Резолуцијата директно ги нарушува уставно загарантираните слободи, особено членот 16 од Уставот, кој ја гарантира слободата на говорот, јавното изразување, уверувањето и јавниот настап, а истовремено експлицитно забранува цензура во која било форма.„Кога се загрозени уставниот поредок и основните човекови права, потребна е заедничка и решителна реакција. Оваа Резолуција е директен напад врз слободата на говор и врз слободата на политичко дејствување на опозицијата“, изјави Димитријевиќ.Тој нагласи дека Резолуцијата не се однесува на заштита на јавниот ред или стабилноста, туку има за цел да ја замолчи јавната дебата за тема од исклучителен јавен интерес – договорот со Обединетото Кралство, за кој јавноста, како што рече, првично дознала од британските медиуми, а кој е поврзан со заем од 6 милијарди евра.„Не може ваква тема да се прогласува за создавање паника или закана за јавната стабилност. Не може Резолуција во Собрание да биде насочена против ‘наративот на опозицијата’ и да се заканува со кривични санкции поради искажан збор“, истакна Димитријевиќ.Според СДСМ, Уставниот суд има јасна уставна обврска да реагира, како врховен заштитник на уставноста, демократијата и основните човекови слободи.„Кога се загрозува Уставот, се загрозува и демократијата. Кога се забранува дебата и се воведува цензура, демократијата престанува да постои и се отвора пат кон режимско владеење“, порача генералниот секретар на СДСМ.Димитријевиќ најави дека СДСМ ќе продолжи со политичка и институционална борба за заштита на демократските вредности.„СДСМ отвори фронт за правда. Нема да дозволиме гушење на слободата на говор и на демократијата. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме демократијата и уставниот поредок на Македонија“, порача тој.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Со неуставна резолуција ДПМНЕ и ЗНАМ се обидуваат да ја замолчат јавната дебата, велат од СДСМ

Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна ниту случајна, соопшти СДСМ, оценувајќи дека станува збор за опасен обид за директен удар врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата.Од опозициската партија прашуваат зошто ваква резолуција се носи токму сега, во момент кога, како што велат, сè повеќе информации и докази излегуваат во јавноста за договор кој со месеци е предмет на интерес на британските медиуми, но и на домашната јавност.„Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна расправа за една крупна и важна тема. Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми, како и официјални претставници“, се наведува во соопштението.Според СДСМ, секојдневно се појавуваат нови информации поврзани со договорот со Велика Британија, а дополнителна потврда, како што тврдат, дошла и од редовите на самата Влада. Како пример го наведуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој јавно потврдил дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија.„Граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој договор? Што треба Македонија да прифати за возврат за 6 милијарди евра кредити? Одговорот е јасен за сите“, велат од СДСМ.Партијата оценува дека токму поради овие прашања се носат, како што велат, неуставни резолуции, со цел да се воведе забрана за говор, да се замолчи опозицијата и јавноста да се држи во страв.„Ова е обид да се забрани дебата за вистината која веќе е позната. СДСМ, заедно со граѓаните, ќе се спротивстави на ова опасно сценарио и ќе се бори за правда, демократија и слобода на говор“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

51527416724_29ef17fba6_c

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за милионските злоупотреби во Лотарија под покровителство на Груби: „СДСМ ги толерирала злоупотребите“

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека Државна лотарија во периодот кога со институцијата раководел Перпарим Бајрами, а под политичко покровителство на Артан Груби, функционирала како „приватна фирма“, при што, според партијата, биле направени финансиски злоупотреби вредни речиси 1 милион евра.Опозициската партија тврди дека СДСМ ги толерирала овие злоупотреби со цел да се зачува владејачката коалиција и да се остане на власт, повикувајќи се на наоди содржани во извештај на Државниот завод за ревизија.Според соопштението, Државна лотарија директно исплаќала аванси за мали добивки на деловни соработници, односно на 320 правни лица, во износ од околу 14 милиони денари, без да се користи пропишаниот „Мастер дилер“.Од таа сума, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, за околу 13 милиони денари, односно нешто повеќе од 210.000 евра, документацијата била неуредна, невалидна или воопшто недостасувала.Партијата посочува и на спорна и неверодостојна документација во делот на готовинските одливи во износ од 36,5 милиони денари, што е околу 600.000 евра, како и кај приливите од близу 8 милиони денари, односно околу 130.000 евра.Во соопштението се наведува и дека во периодот кога, според нив, се случувале овие злоупотреби, во Државна лотарија немало внатрешен ревизор.Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали СДСМ свесно замижала пред, како што велат, криминал тежок речиси 1 милион евра, како и колку пари завршиле во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами.Партијата бара Јавното обвинителство да отвори постапка и да истражи каде завршиле средствата, наведувајќи дека молкот на СДСМ отвора сомнеж за можна соучесничка улога со цел да се одржи коалицискиот мир.Во соопштението се додава дека поради предмети кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се чуваат во фиока и се заташкуваат од страна на обвинителството, неопходни се реформи во правосудниот систем, со цел законите да важат подеднакво за сите.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-filipce

Апелација потврдила дека СДСМ клеветела кога кажала дека „Мицкоски е докажан криминалец фатен со рацете во медот“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека Апелациониот суд со правосилна пресуда утврдил дека СДСМ изнесувала невистини и клевети против него, без докази и без правна основа.„Со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е судски утврдена како клеветничка партија“, напиша Мицкоски, додавајќи дека тоа што со години било претставувано како „политичка борба“, сега е официјално констатирано како недозволено и спротивно на принципите на правната држава.Според него, пресудата го разоткрива политичкиот модел на СДСМ, кој, како што наведува, се темели на напади и дискредитации наместо на аргументи, програми и одговорност.„Политичката критика е легитимна и потребна, но клеветата и лагата не се политика, туку злоупотреба на јавниот простор“, истакна Мицкоски.Тој додава дека одлуката на судот претставува „жесток шамар“ и за сите, како што ги нарече, поддржувачи и гласноговорници на СДСМ кои учествувале во ширење гласини и кампањи насочени против него.Мицкоски оценува дека СДСМ свесно продолжува со, како што вели, лаги и манипулации, потценувајќи ги граѓаните и надевајќи се дека дезинформациите ќе имаат поголемо влијание од вистината.„Македонија мора да оди напред со политика заснована на вистина, идеи и одговорност. Народот ќе покаже дека е посилен од ваквите лаги и дека тие нема да поминат“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryij4jka12lc2j20pwL2m

Шилегов бара оставка од Филипче: „Или си СДСМ или си тезгарош“; претседателот пак возраврати со обвинувања за притисоци

Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, јавно побара оставка од, како што го нарече, „претседателот“ на СДСМ, Венко Филипче, упатувајќи сериозни обвинувања и прашања за одговорност и мотиви.„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла. Или ви е тешка одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош“, напиша Шилегов.Тој додава дека „прашањата ќе ги постави по празниците“, алудирајќи дека, според него, темата намерно се пласира во период кога јавноста е фокусирана на новогодишните и божиќните празници.По овие обвинувања, со соопштение се огласи и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека партијата „удрила во осино гнездо“ и дека открила, како што вели, „најголема предавничка операција“ која веќе била потпишана, а чија реализација зависи од изборниот резултат.„Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор. Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства“, наведува Филипче, обвинувајќи дека владејачката партија секојдневно пласира лажни вести и наводни афери со цел да го одвлече вниманието од, како што ја нарекува, вистината.Филипче тврди дека бил направен обид преку еден член на СДСМ да се нанесе штета на партијата, при што, според него, биле искористени лични и финансиски проблеми, како и можни уцени, за да се внесе немир одвнатре.„Не го доживувам ова како напад врз мене лично, туку како напад врз целата партија и сите нејзини членови“, наведува Филипче, додавајќи дека СДСМ нема да се пресметува со тој член, туку дека ќе се обиде да му помогне.Во пораката до јавноста, Филипче истакнува дека СДСМ е „на патот на правдата“ и дека, како што вели, никој нема да ја запре борбата за враќање на власта „во рацете на народот“.„Кој сака – нека се приклучи. Кој не може или не сака – нека остане настрана. Правдата ќе победи“, порачува претседателот на СДСМ.

Коментари | пред 2 месеци

media-librarynh16q4tlbrs9aP9nHNB

„Удривме во осино гнездо“ – Филипче тврди дека СДСМ е мета на координирана операција за дестабилизација

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на Фејсбук обвини дека партијата станала цел на, како што оцени, координирана операција за внатрешно дестабилизирање и замолчување на критичкиот глас. Тој тврди дека власта шири лажни вести и врши притисок, а последниот случај со партиски член го нарече обид да се внесе немир во редовите на СДСМ. Филипче порача дека, и покрај притисоците, партијата ќе продолжи со своите политики и повика на обединување.Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор.Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства. Тоа јасно се гледа и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината.Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови.А вие видовте и каква машинерија беше подготвена – за помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија на своите канали.Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови.Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме.До него е да одлучи која страна ќе ја избере.По овој пат сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбранимеМакедонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди.Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ по договорот во ЕУ за депортации на мигранти во „трети безбедни земји“: Македонија меѓу потенцијалните дестинации?

СДСМ соопшти дека Европската унија постигнала политички договор за нови правила со кои барателите на азил и нелегалните мигранти би можеле да се пренасочуваат или депортираат во т.н. „трети безбедни земји“ надвор од ЕУ, повикувајќи се на информации објавени во европските медиуми. Според партијата, договорот бил постигнат меѓу претставници на земјите-членки и Европскиот парламент и претставува дел од реформата на европската миграциска политика.Во својата реакција, СДСМ поставува прашање кои држави ќе бидат дефинирани како „трети безбедни земји“, посочувајќи дека во таа категорија би можеле да се најдат земјите од Балканот, кандидатите за членство во ЕУ и други држави надвор од Унијата – меѓу кои, како што наведуваат, и Македонија.Партијата потсетува дека Албанија веќе прифати дел од мигрантите во рамки на договор со Италија, како и дека Косово, исто така, воспостави модел на прифаќање. Во соопштението се поставува дилема дали Македонија би можела да биде следната земја што би прифатила мигранти за финансиска надомест.СДСМ дополнително ја критикува актуелната власт, за која како што тврдат, се обидува да ја ограничи јавната дебата за миграциите, оставајќи, според партијата, граѓаните сами да проценат што би значело евентуалното вклучување на Македонија во новиот европски модел.

Македонија | пред 2 месеци

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Тендерска војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Сигмоид груп“ со обемен демант

СДСМ денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека избегнува да одговори на прашањата поврзани со фирма која, според нивните тврдења, во период од само два месеци добила тендери во вредност од 1,2 милиони евра, иако имала само тројца вработени.Од опозициската партија наведуваат дека фирмата објавена во, како што велат, „новата бомба“, била основана на 8 јуни 2023 година и дека не станува збор за иста компанија на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ во своите реакции. Според СДСМ, втората фирма што ја спомнува владејачката партија е „стара фирма на студентот на Мицкоски“, која, како што тврдат, доживеала финансиски подем во периодот од јуни 2024 до август 2025 година, кога од тендери остварила приходи од околу 25 милиони денари.СДСМ постави и директно прашање за евентуална поврзаност на оваа фирма со сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески, оценувајќи дека случајот не е прашање на ИТ-експертиза, туку на „пари и бизнис интереси“. Од партијата порачаа дека „работата не е завршена“ и дека, како што наведуваат, „сите ќе одговараат“.По овие обвинувања, со реакција се јави компанијата „Сигмоид груп ДООЕЛ Скопје“, која категорично ги отфрли наводите и, како што наведоа, со цел „точно, целосно и објективно информирање на јавноста“, достави детално појаснување.Од компанијата информираат дека кај сите споменати јавни набавки станувало збор за групни набавки во рамки на иста ИКТ групација, односно помеѓу „Сигмоид груп ДООЕЛ“ и „Сигмоид ДОО“. Тие посочуваат дека групацијата е присутна на пазарот од 2018 година и има портфолио од над 40 клиенти во јавниот и приватниот сектор, со реализирани повеќе од 30 договори директно со јавни институции во Северна Македонија.Дополнително, од „Сигмоид груп“ наведуваат дека значителен дел од нивниот приход доаѓа од странство, вклучително и од соработка со јавни институции во Естонија и други земји од Западен Балкан, а компанијата е официјален партнер на над 15 глобални производители на ИКТ опрема и системи.Во однос на личните обвинувања, од компанијата демантираат дека основачот Јован Јанкуловски бил студент на Машинскиот факултет или дека имал каков било контакт со премиерот. Тие посочуваат и дека бројот на вработени во рамки на групацијата е над 10 лица, а во проектите биле ангажирани и дополнителни експерти преку договори за дело, што, како што наведуваат, е вообичаена пракса за ваков тип набавки.Компанијата нагласува дека соработува со институции исклучиво на професионална основа, без оглед на политичката структура на раководствата, и дека реализирала проекти и со институции предводени од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да ја информира јавноста со проверени податоци, „бомбата“ на Кузеска и пукна како петарда во рака

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека обвинувањата изнесени од портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, не се поткрепени со проверени податоци и дека наместо „бомба“, како што беше најавено, јавноста доби неточни информации.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека јавните набавки се транспарентни и јавно достапни, но дека во конкретниот случај Кузеска изнесувала тврдења за наводно сомнителни тендери, без целосно да ги провери податоците и контекстот. Партијата посочува дека фирмата „Сигмоид“, која се споменува во обвинувањата, не е новоформирана, туку постои со години и во 2019 година само го променила правниот облик од ДОО во ДООЕЛ.Според ВМРО-ДПМНЕ, токму во периодот кога СДСМ и ДУИ биле на власт, оваа фирма добивала грантови и јавни средства. Како што наведуваат, од Фондот за иновации и технолошки развој бил доделен грант од над 1,4 милиони денари, а потоа и дополнителен грант во 2020 година во износ од над 25 илјади денари.Во соопштението се наведува и дека „Сигмоид“ добивала тендери од повеќе државни институции во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за пошти, Технолошко-индустриските развојни зони, Државниот завод за ревизија и Агенцијата за супервизија на осигурување. Дел од договорите, според партијата, биле дополнувани со анекси, а вкупните суми се движеле од неколку стотици илјади до над два милиони денари, сè до 2024 година, односно до заминувањето на СДСМ од власт.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека обвинувањата за сомнителни тендери се неосновани и дека токму СДСМ треба да даде одговор за доделувањето јавни средства во периодот кога управувала со институциите.Партијата додава дека очекувале од Кузеска поинаков пристап и настап со проверени факти, наместо, како што наведуваат, избрзани обвинувања. Во соопштението се потенцира дека одговорност ќе има, но, според ВМРО-ДПМНЕ, таа треба да се бара за наводните злоупотреби поврзани со поранешното раководство на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања