Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

filipce-ck-sdsm

Филипче за заканите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче одговори на заканите на Али Ахмети кој рече:,, Нема никој во Македонија од мене што подобро прави национализам. Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови”.Филипче смета дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање.,,Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од друга на од другите етнички заедници нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети.Гледам кажал ја растурил Југославија, ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин.Во однос на коментарите на ВМРО-ДПМНЕ нека го гледаат сопствениот двор со какви кадри располагаат. Еве гледаме за жал кадрите што ја менаџираат во овој момент државата граѓаните ги доведоа до просјачки стап. Така да тоа треба да им е работата нив, не да се занимаваат со СДСМ.Имаме многу висок критериум за избор на личности на сите позиции и практично се спремаме на следните избори,кога и да се случат, власта да ја вратиме во рацете на граѓаните”, рече Филипче

Македонија | пред 2 месеци

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Опозицијата обвинува: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради колапсот на ЕСМ

Од Социјалдемократски сојуз на Македонија обвинија дека прогласувањето кризна состојба во енергетиката нема никаква врска со надворешни фактори, туку претставува обид за покривање на, како што велат, криминалните тендери и неспособноста на актуелната власт. Според СДСМ, токму овие политики се единствената причина зошто сите граѓани ќе плаќаат поскапа струја.Во партиското соопштение се наведува дека за само година и половина, Владата предводена од Христијан Мицкоски ја довела најголемата државна енергетска компанија, ЕСМ, до финансиски и производствен колапс. Како доказ за тоа, СДСМ посочува дека годинава е забележано историски најниско производство на домашна електрична енергија, со помалку од 3.000 GWh, наспроти планираните 5.100 GWh, што го оценуваат како катастрофално лош резултат.Според опозицијата, наместо навремено и рационално домашно производство, власта ја надоместува разликата со скап увоз на струја по значително повисоки цени. Последиците, како што тврдат, директно ги чувствуваат граѓаните. Официјалната загуба на ЕСМ за само првите два квартали од 2025 година, според СДСМ, изнесува 77 милиони евра, со проекција дека до крајот на годината загубата ќе надмине 100 милиони евра.Дополнително, се наведува дека ЕСМ за само 18 месеци земала нови кредити во износ од над 110 милиони евра, со што вкупната финансиска дупка, според СДСМ, надминува 200 милиони евра. Партијата потенцира дека станува збор за внатрешно предизвикана криза, а не за последица од состојбите во регионот или протестите во Грција.Како клучно прашање, СДСМ прашува зошто навреме не биле обезбедени енергенси за зимскиот период. Според нив, во ек на зима нема ни минимум 300.000 тони јаглен на депонија, што го оценуваат како основен предуслов за сигурно производство. Истовремено, обвинуваат дека мазутот не бил набавен навреме, туку сега панично се бара решение, при што јавно прашуваат дали веќе постои избрана фирма за снабдување со мазут.Опозициската партија заклучува дека токму поради ова се прогласува кризна состојба и дека ударот повторно паѓа врз џебот на граѓаните. Според СДСМ, државата се соочува со буџетска дупка од една милијарда евра, но, како што велат, власта не се откажува од криминалните тендери и скапиот увоз на струја и мазут. „Сметката за ова на крајот ја плаќа народот, сите граѓани на Македонија“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye1qqus1gjcrl5SBGcwC

СДСМ: Нема пари за зголемување на минималната плата, Владата најавува доаѓање на „економски работници“

Опозициската Социјалдемократски сојуз на Македонија оцени дека актуелната влада нема капацитет да обезбеди зголемување на минималната плата, ниту дополнителна финансиска поддршка за земјоделците и пензионерите.На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, изјави дека, според партијата, граѓаните треба да се подготват за период без раст на платите и пензиите, поради, како што наведе, недостиг на средства во државниот буџет.Според нејзините тврдења, Владата планира ангажман на таканаречени „економски работници“, за кои државата ќе има обврска да обезбеди плати, сместување и осигурување, без разлика дали ќе има реална работна ангажираност. Таа се повика на информации објавени во британски медиуми, во кои, како што рече, се наведува дека таквите обврски произлегуваат од меѓудржавен договор.Цветановски нагласи дека, според ставот на СДСМ, токму овие обврски се една од причините поради кои, како што тврдат, нема средства за зголемување на платите на домашните работници и за повисоки пензии.Во тој контекст, од СДСМ го поврзаа ангажманот на „економските работници“ со измените на Законот за странци, за кои наведуваат дека ги олеснуваат процедурите за влез, престој и работа на странски државјани, го продолжуваат времетраењето на дозволите и создаваат правна рамка за нивно подолгорочно задржување во земјава, особено во случај на ангажман преку таканаречени „стратешки партнери“.Опозициската партија исто така изнесе тврдења дека во државниот буџет, како што наведуваат, недостигаат околу една милијарда евра и оцени дека Владата не покажува доволна грижа за животниот стандард на граѓаните, додека, според нив, има средства за реализација на јавни набавки кои ги оценуваат како спорни.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryleknqgatfrdp87WvueZ

СДСМ: Изборот на Анита Топалова за в.д. државна јавна обвинителка е обид за целосна контрола врз обвинителството

Опозициската СДСМ оцени дека изборот на нова в.д. државна јавна обвинителка претставува уште еден обид на актуелната власт да воспостави целосна контрола врз обвинителството и судството.Според партијата, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски настојува, како што наведуваат, да го стави правосудниот систем под политичко влијание, со цел да се избегне одговорност за, како што тврдат, криминални тендери кои се реализираат на штета на граѓаните.Како аргумент за ваквите обвинувања, од СДСМ го посочуваат изборот на Анита Топалова Исајловска за в.д. државна јавна обвинителка. Според соопштението на партијата, таа во минатото била обвинителка која барала укинување на предметот „Талир“, случај поврзан со незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, во кој меѓу обвинетите беше и поранешниот премиер Никола Груевски.Од СДСМ дополнително наведуваат дека Топалова Исајловска е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик-министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што, според партијата, дополнително ја засилува загриженоста за можен судир на интереси и политичко влијание врз обвинителството.Партијата оценува дека ваквите случувања потсетуваат на периодот на владеење на Никола Груевски и предупредува дека, како што наведуваат, ваквите обиди за контрола врз правосудството нема да поминат незабележано.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybokb1tmgc0bf3EdvYhi

Петрушевски: 2026 година ќе биде во знак на владеење на правото, правосудството ќе го водат професионалци

„Преку стотина кривични пријави имаат поднесено институциите надлежни за прогон, од коишто над 40 се за висока корупција и за високото профилирани личности. Ние дадовме шанса на овој јавен обвинител којшто е избран од СДС и ДУИ, ние имавме 16 месеци јавен обвинител којшто не беше избран од владеачкото мнозинство и му дадовме шанса да работи, нема еден граѓанин којшто ќе ви каже дека добро работи јавното обвинителство. Доживотни мандати имаат, уживаат имунитет, се што треба државата им обезбедила, она коешто се бара од нив тоа е да испорачаат неселективна правда“, рече Бране Петрушевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизија Алфа во емисијата „За или против“.Петрушевски исто така потенцираше дека во Македонија доаѓа периодот во кој правдата ќе завладее, и дека јавното обвинителство и судството ќе бидат сочинети од компетентни луѓе кои ќе можат да се носат со функциите во правосудниот систем.„Правдата ќе почне да се чувствува во Република Македонија, дел од овие реформски закони коишто допрва ќе стигаат во Собранието, се составен дел на планот за раст на Европската Комисија, коишто ја бараат таа реформа од нас, ќе имаме 12 закони само од овој правосуден сегмент коишто во 2026 година ќе стапат на сила, имаме во завршна фаза комплетно нов Кривичен законик“, рече Петрушевски и додаде:„Заштитен знак во 2026 година ќе биде почеток на носење на правдата во Република Македонија, затоа што самите закони се така направени да полека го чистат тој талог во јавното обвинителство и во судството, и ќе доаѓаат луѓе на вистински позиции, луѓе коишто пред се компетентни и коишто можат да се носат со функциите во правосудниот систем. Ќе имаме добар период во 2026 за правдата во Република Македонија, тоа граѓаните го бараат, полека ги реформираме и овие најзаостанати сегменти во нашето општество“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Наместо зголемување на минималната плата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, актуелната власт признава дека во буџетот нема средства ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, реагираат од СДСМ.Од партијата посочуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја напуштила социјалната политика, а граѓаните веќе се соочуваат со пораката дека повисоки плати нема да има и дека мора да се „навикнат“ на сиромаштија.– Во исто време кога нема пари за минимална плата и пензии, власта склучува договори со кои презема обврски за т.н. „економски работници“, за кои, според објави на британски медиуми, државата ќе мора да обезбеди плати, сместување и пензиски придонеси – велат од СДСМ.Според партијата, со измените на Законот за странци, Владата се обидува да ја замагли суштината на проблемот, нарекувајќи ги мигрантите „економски работници“, а постои реална опасност тие подоцна да добијат и македонски пасоши, со што ќе станат рамноправни граѓани.– Договорот е договор, но цената ќе ја платат граѓаните. Ако нема работа, ќе мора да им се плаќа, што директно значи уште помалку пари за платите и пензиите на македонските граѓани – предупредуваат од СДСМ.Од опозициската партија додаваат дека во буџетот веќе недостигаат околу една милијарда евра, но тоа, како што велат, не ја загрижува власта.– Очигледно има пари само за криминални тендери и партиски бизниси до крајот на мандатот – се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymmop3im0sfmbfeJQfmR

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, и затоа ме напаѓа лично мене но и моето семејство, истакна Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ на денешната прес-конфереција.„ДПМНЕ, во рамки на својата кампања „Дефокус“, објавува мои фотографии и текстови за мене, а во сето тоа го споменуваат и мојот татко, кој нема никаква врска со ова. Следно што можеме да очекуваме е да ми ја таргетираат целата фамилија.“, потенцираше Фрчкоски.Тој објасни дека причината за нападите е откривањето на криминалните шеми и темата „мигранти за пари“.„Ова нивното е чист дефокус. Да постоеше нешто реално, одамна ќе реагираа. Сега ова е нивен сензационализам со цел да ги прикријат двете главни теми: Мигранти за пари“ и забраната на слободата на говор со изгласаната Резолуција, по примерот на Декретот од Третиот рајх.“Фрчкоски потенцираше дека борбата за вистината и против криминалот на власта продолжува:„Верувајте ми, ова е само почеток на откривањето на сите криминално-корупциски шеми и афери на ДПМНЕ. Откако поднесовме пријави за овие предмети, настана паника. Знаат дека ќе одговараат. АКТ ВИ ДИШЕ ВО ВРАТ! Борбата започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија од криминалот и корупцијата “ рече Фрчкоски......

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymks5irmi1p0ecPi4DeP

Јон Фрчкоски во фокусот на нападите: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „новото“ раководство на СДСМ е блиско до Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на составот на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека најавените промени во партијата се, како што наведуваат, само формални и дека зад нив стојат луѓе блиски до поранешниот партиски лидер Зоран Заев.Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ посебно го посочува изборот на Јон Фрчкоски за член на Извршниот одбор, наведувајќи дека неговото присуство во партиското раководство е доказ дека, според нив, СДСМ не се дистанцира од контроверзни кадри.Од партијата наведуваат дека Фрчкоски и претходно бил предмет на јавни контроверзии, по објавени фотографии и тврдења за негово однесување додека бил на функција директор на Центарот за аналитика на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за овие наводи немало јасна реакција или оградување од страна на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче.Како аргумент, од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат и на изјава на самиот Фрчкоски од минатата недела, во која тој навел дека неговата оставка никогаш не била разгледана од партиските органи.Во реакцијата се поставуваат и прашања за одговорноста и критериумите во СДСМ, со оценка дека дел од кадрите кои се претставуваат како „нови“ се, според нив, одамна компромитирани во јавноста.

Македонија | пред 2 месеци

ipard-1140x401-1

ЕУ ја блокирала ИПАРД 3, програмата вредна 130 милиони евра – СДСМ обвинува за корупција во врвот на власта

Европската Унија ја суспендирала исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата, а од опозицискиот СДСМ тврдат дека причината за ваквата одлука е корупција и злоупотреба на европски пари од страна на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Според соопштението на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Европската комисија ја донела одлуката за суспензија на програмата поради сомнежи за неправилности во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од партијата посочуваат дека директорот на Агенцијата, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бил уапсен поради сомнежи за злоупотреба на средства.Од СДСМ обвинуваат дека власта повеќе од десет дена не ја информира јавноста за одлуката на Европска комисија, додавајќи дека, според нив, станува збор за сериозен удар врз земјоделството и агробизнис секторот. Тие предупредуваат дека земјоделците и компаниите кои планирале или веќе започнале инвестиции преку ИПАРД 3 може да останат без финансиска поддршка.Опозициската партија наведува дека програмата, вредна околу 130 милиони евра, не треба да се гледа како изолиран случај, туку како дел од, како што велат, поширок модел на коруптивно однесување. Во соопштението се споменуваат и јавни набавки и тендери за кои, според СДСМ, постојат сомнежи за фаворизирање на одредени фирми.СДСМ исто така ги отфрла претходните обвинувања насочени кон поранешни функционери и тврди дека тие служеле за дефокусирање од актуелните случувања поврзани со ИПАРД програмата.Од партијата бараат брза, темелна и транспарентна истрага и одговорност од сите инволвирани во случајот, нагласувајќи дека јавноста мора да добие целосна слика за причините поради кои е доведена во прашање европската финансиска поддршка за земјоделството.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Погодивме осино гнездо, ДПМНЕ дефокусира од предавството „мигранти за пари“

СДСМ денеска ја оцени кампањата на ДПМНЕ како обид за дефокусирање на јавноста од најважната тема – „мигранти за пари“, што ја објавија британските медиуми.Според партијата, ДПМНЕ е во паника и дури донесе неуставна Резолуција со која се обидува да ја ограничи слободата на говорот и да воведе цензура, за никој да не зборува за оваа тема. СДСМ ја спореди ваквата постапка со нацистичкиот пристап од 1933 година, кога преку Декретот на Адолф Хитлер беа суспендирани клучни граѓански слободи, вклучително и слободата на говор.„ДПМНЕ секојдневно организира прес-конференции за напади на СДСМ, штанцајќи лажни вести и повторувајќи стари фрази од времето на Никола Груевски. Се обидуваат да отвораат и по 50 теми дневно, но бегаат од вистината – ‘мигранти за пари’. Граѓаните ја дознаа вистината за предавството на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.Партијата додава дека промената на Законот за странци од страна на ДПМНЕ им овозможува на мигрантите да се претставуваат како „економски работници“, со што, како што велат од СДСМ, се подготвува план за избори, а потоа за мигранти.„Нема да ви помине. Борбата започна!“, нагласуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-library2gq3bkag59dvdrsGMQz

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ - наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека СДС и ДУИ стојат зад, како што рече, криминална шема во државната компанија ЕСМ, преку која биле испрани околу два милиони евра пари на граѓаните.Петрушевски изјави дека во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден осум милиони евра. Според него, наместо спроведување транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово – со однапред утврдени улоги.Како што појасни, фирмата од Куманово настапила со непотполна документација и со повисока цена, со цел да се создаде привид на конкуренција, додека скопската фирма доставила понуда речиси идентична со проценетата вредност на тендерот, иако таа вредност, според него, воопшто не била јавно објавена во огласот.Петрушевски тврди дека по доделувањето на тендерот, за да се прикрие трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале средства во износ од околу два милиони евра, што, според него, претставува основ за кривично дело перење пари.„По примерот на Зоран Заев и Венко Филипче, вака се местеа тендерите во државата додека владееја СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски, обвинувајќи ги двете партии дека молчат и не се оградуваат од случајот, туку, како што рече, го штитат криминалот.Тој порача дека токму поради ваквите случаи, СДС и ДУИ, според него, ќе останат во длабока опозиција. Од СДС и ДУИ засега нема официјален коментар на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 месеци

media-library649377a2c8tsdwFByP5

Манасиевски: Мали Фрчко - новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска остро ја критикуваше СДС, обвинувајќи дека партијата останува нереформирана и дека во своето раководство вклучува лица со, како што рече, сериозни контроверзии.Манасиевски изјави дека на чело на СДС, според него, стои „чуварот на фотелјата на Зоран Заев“, Венко Филипче, а во партиското раководство бил вклучен и Јон Фрчковски, син на нивниот идеолог. Тој оцени дека во раководството на СДС има „различни профили на луѓе“, кои, како што тврди, се поврзуваат со криминал, корупција и манипулации.Според Манасиевски, во јавноста пред неколку месеци се појавиле фотографии од Фрчковски, за кои тој тврди дека покажуваат користење психотропни супстанции на работно место. Како што додаде, од СДС немало ниту оградување, ниту јасна реакција, а најавената оставка, според него, не била разгледана.Тој постави низа прашања, меѓу кои и зошто надлежните институции, вклучително и Јавното обвинителство, не постапиле доколку, како што тврди, настанот се случил во државна институција, како и од каде потекнуваат спорните супстанции. Манасиевски праша дали постои привилегиран однос кон „децата на транзициската елита“.„СДС му должи извинување на народот, наместо да ги наградува луѓето кои ја злоупотребуваат доверената функција“, изјави Манасиевски, нагласувајќи дека вистински реформи во СДС се „повеќе од потребни“.Од СДС засега нема официјален одговор на овие обвинувања.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

ВМРО-ДПМНЕ: „Новото“ раководство на СДС е рециклиран модел на Заев

Колку и да се обидуваат да ја прикажат како „обнова“, сликата за Социјалдемократски сојуз на Македонија е јасна – тоа е партија која не пропаѓа поради грешки, туку поради сопствената заблуда дека јавноста нема меморија и дека истите луѓе од времето на Зоран Заев можат повторно да се продадат како решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Именувањето на Александар Наумоски и Драган Крајовски за членови на Извршниот одбор на СДС, според ВМРО-ДПМНЕ, не претставува кадровско освежување, туку јасно признание дека партијата нема намера да се откаже од политичкиот модел на Заев.„Наумоски, како поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров, во својот мандат остави општина со сериозен недостиг на вода, пренатрупани градинки и депонија која со години претставуваше еколошки проблем. Наместо решавање на овие прашања, уште на почетокот на мандатот си ја зголеми градоначалничката плата, а во последните шест месеци се обиде да протурка 25 урбанистички планови со брзина што, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, никогаш не ја покажал кога станувало збор за јавниот интерес.Дополнително, неговиот мандат бил проследен и со низа спорни тендери, меѓу кои и набавка на две машини за перење за градинка по цена од 25.500 евра, од фирма која редовно добивала општински тендери.Од друга страна, Крајовски, како директор на затворот „Црн мост“ во Битола, според ВМРО-ДПМНЕ, го демонстрирал она што СДС најмногу го вреднува – молкот. Молчел кога избил пожар во ќелија и бил повреден затвореник, молчел кога европски средства за реновирање завршиле во објект кој почнал да се распаѓа по само две години, како и кога службени возила биле користени за приватни патувања во Албанија и Србија.„И потоа, со сериозно лице и ароганција во телевизиски настапи, Венко Филипче сето ова го претставува како ‘реформски капацитет’, со што директно ја потценува јавноста“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, Филипче со ова испраќа јасна порака дека не бара излез од моделот на Заев, туку напротив – се обидува да го нормализира неговото влијание преку претставување на стари кадри како „нова енергија“.„СДС одамна се откажа и од логика и од срам. Овие две старо-нови имиња се доказ дека во партијата суштински ништо не е сменето“, се наведува во реакцијата“, велат ид ВМРО-ДПМНЕ.

Свет | пред 2 месеци

zagadeno-skopje-5

Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа, а власта нема пари за здравје – има за криминални тендери, велат од СДСМ

Граѓаните на Скопје секојдневно го дишат еден од најзагадените воздухопловни коктели во Европа, изложувајќи се на сериозни здравствени ризици. Децата, младите, хронично болните и повозрасните се најпогодени, но за власта тоа очигледно не претставува приоритет, реагира Социјалдемократски сојуз на Македонија.Иако Скопје е втор најзагаден град во Европа, Владата не презема системски мерки ниту вложува во политики за чист воздух обвинува опозицијата. Според СДСМ, оправдувањето дека „нема пари“ не држи, бидејќи средства очигледно има – но само за наместени и криминални тендери.Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ, како што велат од партијата, разоткрил корупциски механизам преку кој милиони евра од буџетот завршуваат кај фирми блиски до власта. Во еден случај, една фирма добила дури 161 тендер, додека друга фирма, со само двајца вработени, инкасирала девет милиони евра за една година.„Ова се приоритетите на власта на ВМРО-ДПМНЕ – корупција и грабеж, наместо здравје и живот на скопјани“, наведуваат од СДСМ.Корупцијата, според партијата, навлегла во секој сегмент на општеството, а последиците се директно опасни по здравјето на граѓаните. Наместо инвестиции во заштита на животната средина и јавното здравје, државните пари се трошат за криминални шеми и партиски блиски бизниси.„Мора да се стави крај на криминалот и корупцијата. Грабежот мора да престане, а јавните средства да се насочат кон граѓаните и нивните реални потреби“, порачуваат од СДСМ.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ обвинува за цензура, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: Продлабочување на политичкиот судир околу Резолуцијата

СДСМ обвини дека власта преку усвоената Резолуција има намера да воведе цензура и да ја ограничи слободата на медиумите, додека ВМРО-ДПМНЕ возврати со остра реакција, оценувајќи ги обвинувањата како неосновани и политички мотивирани.Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека најнов доказ за, како што рече, „обид за замолчување на јавноста“, е изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, дадена во интервју на Сител телевизија.Според Огњеновиќ, Стојановски, фалејќи ја Резолуцијата, изјавил дека таа е „добра за медиумите“ затоа што ќе се санкционирало ширењето невистини, што, според СДСМ, значи дека власта си зема право да одлучува што е вистина, а што не.„Ова е потврда дека Резолуцијата не е насочена само кон опозицијата, туку и кон медиумите. Секој што ќе ја критикува власта ќе биде етикетиран како дезинформатор“, изјави Огњеновиќ, додавајќи дека ваквиот пристап претставува опасен преседан за демократското општество.Од СДСМ оценуваат дека станува збор за обид за воведување режимска матрица во која секоја критика се толкува како закана за државата, и најавуваат дека нема да дозволат, како што велат, „гушење на слободата на говор“.На обвинувањата реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение и видео-материјал, во кое партијата остро ги критикува ставовите на СДСМ, обвинувајќи ги за неконзистентност и политичка конфузија.Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа СДСМ и лидерот Венко Филипче да организираат протести против, како што наведуваат, „про-српските ставови на поранешниот лидер Зоран Заев“, посочувајќи дека токму Заев во минатото јавно изразувал позитивни оценки за српскиот претседател Александар Вучиќ.„Колку и анкети да прават, епилогот за СДСМ е ист. Партијата нема јасна политика, ги менува ставовите и реагира само за да има некакво соопштение“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека Македонија има потреба од силна и конзистентна опозиција, но дека, според нив, СДСМ не ја исполнува таа улога.Полемиките околу Резолуцијата продолжуваат, а двете најголеми партии остануваат на дијаметрално спротивни позиции во однос на нејзината суштина и последици.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања