Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

media-library4fh548ap27eqdHBEqUr

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера јасни одговори од министерот за здравство, Венко Филипче, поради сомневањата околу неговата златна виза во Дубаи.„Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека не бил партнер во градбата. Поставувањето на ова прашање е очигледно: ако Филипче не е дел од проектот, како тогаш дошол до златна виза?“, истакна Манасиевски.Тој го повика Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза, нагласувајќи дека, доколку навистина имал легитимна работа во Дубаи, нема причина да ги криe.Манасиевски посочи и сведоштво на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, кој тврдел дека видел и 42-катницата на Заев и станови на Филипче во Дубаи. „Венко Филипче сè уште не одговори дали има стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златната виза. За потсетување, за златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од минимум 500.000 долари“, рече Манасиевски.Тој истакна дека Филипче треба да одговори како ги има обезбедено овие средства, бидејќи со плата од доктор и пратеник е невозможно да се достигне таква сума. „Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Не постои никаков координиран напад врз СДСМ, има само координирано откривање дека Заев гради во Дубаи, а Филипче има златна виза

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за наводна координирана кампања против партијата, оценувајќи дека станува збор за обид да се прикрие, како што наведуваат, „координираното откривање на вистината“ за поранешни и актуелни функционери на СДСМ.Од партијата велат дека нема организиран напад врз СДСМ, туку дека во јавноста излегуваат информации дека поранешниот премиер Зоран Заев гради објекти во Дубаи, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, добил таканаречена „златна виза“ во истата држава.„Затоа СДСМ толку многу и координирано пропаѓа“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија додаваат дека одговорите за овие наводи СДСМ треба да ги побара кај Зоран Заев и кај Башановиќ, наместо, како што велат, да конструира приказни за политички прогон и организирани напади.Според ВМРО-ДПМНЕ, јавноста заслужува јасни и конкретни одговори за имотот и привилегиите на поранешните и сегашните функционери на СДСМ, а не, како што посочуваат, „димни завеси со обвинувања без основa“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp5mhdaaci8rr8W43mqq

СДСМ: ВМРО спроведува организирана кампања за рушење на СДСМ одвнатре

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана и организирана кампања за уривање на партијата одвнатре, со цел, како што беше посочено, да се замолчи објавувањето на наводни докази за криминал и корупција.На пресот зборуваше Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој рече дека кампањата се интензивирала откако Антикорупцискиот тим на партијата (АКТ) започнал да изнесува сериозни податоци за корупција и сомнителни тендери поврзани со владата на ВМРО.Според Огњеновиќ, станува збор за „целиот еден систем, еден октопод“, кој, како што рече, е инструиран од српската СНС и кој управува со коалицијата ВМРО–ЗНАМ. Тој наведе дека јавноста изминатиот период можела да забележи синхронизирани настапи на поранешни функционери и лица кои повеќе не се дел од СДСМ, а дел од нив, според него, завршиле во ЗНАМ.Како конкретен пример, Огњеновиќ го посочи случајот со Јован Деспотовски, поранешен функционер на СДСМ и поранешен директор на ФИТР и ТИРЗ. Тој тврди дека по објавувањето на текст на Деспотовски во еден релевантен медиум, за помалку од две минути се појавил обемен и, како што рече, однапред подготвен текст на истата тема на порталот на Бранко Героски.„Тоа може да значи само дека текстовите биле однапред координирани или пишувани во директна комуникација“, рече Огњеновиќ, додавајќи дека подоцна истиот портал објавил уште неколку текстови и колумна во одбрана на Деспотовски.Од СДСМ оценуваат дека ваквите активности имаат за цел да ја ослабат партијата и да го запрат објавувањето на информации за наводен криминал на власта.„Нема застанување. Антикорупцискиот тим работи и сè ќе биде објавено. СДСМ нема да се повлече – вистината и правдата ќе победат“, порача Огњеновиќ, додавајќи дека, според партијата, „работата не е завршена“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Додека УЈП собира арач - нема пари за плати има само за тендери

СДСМ обвинува дека во државниот буџет недостигаат околу една милијарда евра, додека Владата предводена од Христијан Мицкоски нема средства за повисоки плати, зголемување на минималната плата, повисоки пензии и навремен поврат на ДДВ.Според опозициската партија, Управата за јавни приходи врши силен притисок врз граѓаните и стопанството за да ги пополни буџетските дупки, додека истовремено власта, како што наведуваат од СДСМ, ги троши јавните пари на сомнителни и криминални тендери.„Владата на Мицкоски и ВМРО нема пари за работниците и пензионерите, но има за милионски тендери. Доделени се 161 тендер на една фирма во износ од 5,3 милиони евра, девет милиони евра на друга фирма со само двајца вработени, како и тендери поврзани со студент на Мицкоски“, обвинуваат од СДСМ.Од партијата посочуваат дека загрозена е и ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, поради, како што велат, криминал и корупција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.СДСМ предупредува дека струјата поскапува, животниот стандард постојано се влошува, а граѓаните живеат сè потешко, додека власта, според нив, се богати преку јавни набавки и тендери.„Одговорност мора да има. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, како што велат, вистинското лице на СДСМ излегува на површина, откако по седумгодишното владеење, кое според партијата било обележано со корупција и уништување на државата и економијата, поранешните функционери ги пренасочиле своите бизниси во една од најбогатите држави во светот – Обединетите Арапски Емирати.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека по долг период на јавно укажување и неколку дена по сведоштвото дека поранешниот премиер Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи, стигнала и потврда од претседателот на СДСМ, Венко Филипче.На новинарско прашање дали заедно со Заев гради висококатница во Дубаи, Филипче одговорил дека тој не градел, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува индиректна потврда на нивните тврдења и на сведоштвото на Тома Аврамски дека токму Заев е инвеститорот на 42-катната зграда.„Признанието дека Филипче не гради, не може да се толкува поинаку освен како официјална потврда дека неговиот ментор, Зоран Заев, го проширил својот бизнис и инвестира во градежништвото во Дубаи“, соопштуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче сега треба јавно да одговори како се стекнал со таканаречената златна виза во Дубаи, со оглед дека, како што велат, досега не презентирал докази за најавуваниот работен ангажман во тамошни здравствени установи.„Ако не градел со Заев, на кој начин се стекнал со златна виза?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, отворајќи и дилема дали станот спомнат во сведоштвото на Аврамски е во сопственост на Филипче или истиот бил префрлен на трето лице.Партијата нагласува дека одговори ѝ должи и јавноста и Зоран Заев, кој, според нив, треба јавно да соопшти како дошол до милионите со кои инвестира и гради облакодери во Дубаи.„Апелираме да не се одолговлекува, бидејќи вистината, порано или подоцна, секогаш излегува на виделина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Ги откривме криминалните тендери, затоа ВМРО сака да ја урива СДСМ одвнатре

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре, токму во момент кога партијата, преку својот Антикорупциски тим (АКТ), јавно ги отвора и разобличува, како што велат, криминалните тендери, коруптивните зделки и предавствата на актуелната власт.Од СДСМ посочуваат дека вакви напади немало во изминатата година и половина, а започнале токму сега – откако АКТ ги објави спорните тендери и ја промовираше новата платформа за борба против криминалот и корупцијата.Како примери за, според нив, сомнителни зделки, од партијата наведуваат 161 тендер доделен на една фирма во вредност од 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фирма со само двајца вработени, како и милионски тендери доделени на студент на Христијан Мицкоски во рок од само два месеци.„Затоа ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја руши СДСМ одвнатре“, порачуваат од партијата, додавајќи дека станува збор за синхронизирана акција во која, како што тврдат, се активирани поранешни функционери, лица кои со години не биле присутни во јавноста, како и поединци кои ја напуштиле СДСМ и се приклучиле кон, како што велат, предавнички структури и коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ нагласува дека нема да биде замолчена и дека сценаријата за нејзино рушење нема да успеат. Антикорупцискиот тим, како што велат, продолжува со работа, а граѓаните масовно се приклучуваат во борбата за правда.Од партијата информираат дека на дигиталната платформа МИЦКО.мк секојдневно пристигнуваат нови пријави, истакнувајќи дека „вистината веќе излезе на виделина“ и дека нема враќање назад.„Ќе објавиме сè. Секој кој е вмешан во криминал и корупција ќе одговара. Работата не е завршена“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието остро ја критикуваше резолуцијата донесена од парламентарното мнозинство, оценувајќи ја како директен удар врз уставниот поредок и демократските слободи и споредувајќи ја со времето на Третиот Рајх.„Мислев да прашам нешто за мигрантите, ама вие донесовте резолуција која е противуставна со која што забранувате слобода на изразување, слобода на говор и се заканувате со кривични постапки, исто како во времето на Третиот Рајх. Резолуција, само тоа ќе каже власта, само тоа е вистината“, изјави Филипче.Тој истакна дека ваквиот документ претставува опасен преседан и отворен обид за замолчување на опозицијата.„Како Ванчо Михајлов да го пишувал овој документ што мнозинството на власта го изгласа во парламентот“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ Филипче во Собранието укажа дека поради ваквите постапки на власта, целосно е маргинализирана дебатата за суштинските прашања, меѓу кои и реформите во правосудството.„Сакав да прашам нешто и за реформите во правосудството, нема и за тоа да прашам, затоа што гледаме што се случува. Затоа што нема ниту еден реформски закон. Европа знае дека вие повеќе не сте партнери, знае дека не ја кажувате вистината кога зборувате со европските функционери“, нагласи тој.Филипче додаде дека двата закони кои Владата сега набрзина ги турка во процедура не ги почитуваат препораките од оценската мисија, туку претставуваат нивна селективна и прилагодена верзија, исклучиво според интересите на власта.„Само два закони сега, набрзина во постапка и тоа без апсолутно да се имплементираат препораките од оценската мисија, односно некоја ваша која што на власта одговара модификација на тие препораки, кои што треба да бидат реформски закони“ , порача Филипче од собраниска говорница.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-filipce

Мицкоски за СДСМ: Сакате да бидете „Левица од Али експрес“

Лидерот на СДСМ, Венки Филипче од собраниска говорница праша:зошто поскапела струјата за граѓаните и изнесе неколку ставови и примери за неуспешното владеење на мнозинството, меѓу другото прашањата за мигрантите, загадувањето, платите, цените.Премиерот Христијан Мицкоски упати навредливи зборови кон СДСМ, обвинувајќи го Филипче дека сака партијата да биде „Левица од Али експрес”.„Интересна пи-ар стратегија, договорена од новите пи-ар стратези: Навистина чудни соопштенија испраќате секое сабајле, но претпоставувам така тие ви викаат, па мислите дека тоа е начинот на кој ќе бидете ,,Левица од Али експрес” и мислите дека на тој начин како СДСМ ќе привлечете внимание“, одговори Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови, антикорупцискиот тим на СДС да истражи од каде им се парите

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постојат директни сведоштва кои укажуваат на голема инвестиција на поранешниот премиер Зоран Заев во Дубаи, каде, според нив, тој гради висококатница од над 40 ката.Од партијата наведуваат дека сведок на оваа инвестиција е Томе Аврамски, познаник и поранешен соработник на Заев, кој јавно изјавил дека лично бил во Дубаи и ја видел изградбата на зградата. Според неговото сведоштво, во Дубаи, покрај Заев, присутен бил и поранешниот министер за здравство, а сега лидер на СДСМ, Венко Филипче, со кого, како што тврди, Заев е бизнис партнер.Аврамски во медиумско излагање изјавил дека и Заев и Филипче поседуваат станови во Дубаи и дека лично бил во зградата каде што тие купиле недвижности. Тој наведува дека станува збор за инвестиции вредни милиони евра.„Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“, изјавил Аврамски.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ова, како што велат, е доказ дека таканаречените „златни визи“ на Заев и Филипче се добиени врз основа на инвестиции во недвижности, што според нив претставува скандал од големи размери, додека СДСМ во Македонија зборува за чесност, морал и грижа за граѓаните.Партијата најавува дека случајот ќе го пријави до антикорупцискиот тим на СДСМ и очекува истиот да биде процесуиран и истражен. Воедно, бара јавно објаснување дали е точно дека, додека државата била, како што наведуваат, опустошена, Заев инвестирал во изградба на 40-катница во Дубаи и од каде потекнуваат средствата за таа инвестиција.ВМРО-ДПМНЕ дополнително прашува дали станува збор за средства од, како што велат, криминални тендери во РЕК Битола и дали во целиот случај е вмешан братот на Зоран Заев, Вице Заев, како и неговата можна поврзаност со Енис Колашинац.„Очекуваме сите сомнежи да бидат расчистени и јавноста да биде целосно информирана, затоа што вистината секогаш излегува на виделина, а правда мора да има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarylro9failm1j7aJGVLAg

СДСМ обвинува: Загуба од над 100 милиони евра во ЕСМ – кој профитира од увозот на струја?

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска обвини дека поскапувањето на електричната енергија и прогласувањето кризна состојба не се резултат на надворешни фактори, туку на, како што рече, криминални тендери и неспособно управување со енергетскиот сектор од страна на Владата.Според Димитријевиќ, наместо да се зголемат платите и пензиите, граѓаните се соочуваат со повисоки сметки за струја, додека државниот буџет се соочува со дупка од околу една милијарда евра. Тој тврди дека за само година и половина, Владата ја довела државната енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс.„Оваа година имаме историски најниско производство на домашна струја – не е произведена ниту половина од планираните 5.100 GWh. Наместо домашно производство кое чини 80–90 евра по мегават-час, државата купува струја по цена од 140 евра“, истакна Димитријевиќ.Според податоците што ги изнесе, загубата на ЕСМ за првите два квартали од 2025 година изнесува 77 милиони евра, а проекциите се дека до крајот на годината таа ќе надмине 100 милиони евра. Токму овие загуби, според СДСМ, се причина за поскапувањето на струјата и за прогласувањето кризна состојба.Димитријевиќ го постави и клучното прашање – кој профитира од скапиот увоз на електрична енергија и зошто навреме не биле обезбедени енергенси, како мазутот. Тој повторно ги посочи и, како што рече, сомнителните тендери, меѓу кои 161 тендер доделени на една фирма и договор од 9 милиони евра за компанија со само двајца вработени.СДСМ побара Јавното обвинителство итно да отвори истрага за загубите во енергетскиот сектор и да се утврди одговорност.„Кој ќе одговара за над 100 милиони евра загуба? Кој заработува додека народот плаќа поскапа струја? Одговорност мора да има“, порача генералниот секретар на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-sdsm-co-5

Власта бара нов дефокус, Бугарите „виновни“ и за струјата, обвинува СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста од реалните проблеми во енергетскиот сектор, овојпат префрлајќи ја вината врз Бугарија.Од СДСМ реагираат дека во јавните настапи на претставници на ВМРО-ДПМНЕ сè почесто се зборува за уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, додека паралелно се пласираат тврдења дека токму тие се виновни за недостигот на мазут и за поскапувањето на електричната енергија.„Дали сега за повисоките сметки за струја се виновни Бугарите? Или повторно ќе биде виновен Венко Филипче, или Зоран Заев кој веќе пет години е надвор од политиката? Кај ВМРО-ДПМНЕ секогаш некој друг е виновен за нивниот криминал и корупција“, наведуваат од СДСМ.Партијата оценува дека најновите тврдења на власта се „сензационализам без основа“, со цел да се прикријат слабите резултати во управувањето со енергетиката, недостигот на мазут и, како што велат, буџетската дупка од една милијарда евра.„Добро како ВМРО-ДПМНЕ ги гледа граѓаните? Дали навистина мислат дека може да им продаваат вакви приказни? Да не беше тажно, ќе беше смешно“, порачуваат од СДСМ.Од опозициската партија повторно побараа одговорност и конкретни одговори за состојбите во енергетскиот сектор, наместо, како што велат, постојано барање нови виновници.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-sdsm-co-2

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии, вели Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, оцени дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е длабоко заробен во, како што рече, „фрчковизмот“ и во пропагандни модели кои се надминати уште пред повеќе од две децении и денес делуваат не само неефикасно, туку и несериозно.Во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, Василевска истакна дека станува збор за стари пропагандни методи, кои СДСМ, според неа, целосно ги истрошил за време на Шарената револуција, кога партијата „прегорела“ во сопствената пропагандна машинерија. Таа оцени дека тие пристапи одамна не функционираат ниту како политичка артикулација, ниту како начин за освојување доверба и поддршка од граѓаните.Осврнувајќи се на состојбите во опозициската партија, Василевска изјави дека актуелното раководство на СДСМ нема визија за суштинска обнова, туку се обидува да ја одржи партијата во, како што рече, „полумртва состојба“ или клиничка смрт, со надеж дека ќе се појави некаков нов бран сличен на оној од времето на Шарената револуција.Според неа, сериозни и одговорни социјалдемократи не би прифатиле да застанат на чело на партијата во вакви околности, оптоварени со криминал, нерешени прашања и контроверзни политики, ризикувајќи го сопствениот углед и здравје без јасна перспектива за успех. Таа смета дека сегашното лидерство е поставено токму за да ја одржува партијата во ваква состојба, чекајќи надворешни околности наместо вистинска внатрешна трансформација.Василевска се осврна и на говорот на претседателката на државата во Собранието, оценувајќи го како државнички и одговорен, со јасен повик за национален консензус околу евроинтегративниот процес. Таа нагласи дека во говорот имало и директна критика кон актуелната влада, особено во делот на европските интеграции, борбата против корупцијата и потребата од вистински функционално и праведно судство.Според Василевска, токму таквиот балансиран пристап и јасното укажување на слабостите во системот се клучни за напредокот на македонското општество, за разлика од, како што рече, застарените пропагандни шеми кои повеќе не можат да ја убедат јавноста.

Македонија | пред 2 месеци

nafta-mazut

СДСМ: Кризна состојба поради тендери – зошто мазутот не беше навреме набавен?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оцени дека прогласувањето кризна состојба во енергетиката не е резултат на надворешни фактори, туку последица на криминални тендери и неспособно управување од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Од СДСМ посочуваат дека официјалните податоци покажуваат сериозни финансиски и производствени проблеми во енергетскиот сектор. Само во првите два квартали од годинава, загубите изнесуваат 77 милиони евра, а проекциите се дека до крајот на 2025 година тие ќе надминат 100 милиони евра. Истовремено, се бележи историски најлошо производство на домашна електрична енергија – од планирани 5.100 гигават часови, не е произведена ниту половина од таа количина.Според СДСМ, наместо да се произведува струја во земјава по цена од 80 до 90 евра за мегават час, Владата се одлучува за увоз на електрична енергија по значително повисока цена, од околу 140 евра за мегават час. Разликата, како што велат од партијата, на крајот ја плаќаат граѓаните, преку прогласување кризна состојба и покривање на загубите.Во тој контекст, од СДСМ го отвораат и клучното прашање – зошто мазутот, како неопходен енергенс, не бил навреме набавен и зошто се чекало до последен момент. Тие прашуваат дали можеби веќе постои избрана фирма за снабдување со мазут и каква е логиката да се трошат преостанатите државни резерви без обезбедени нови количини, што, според нив, дополнително ќе ја продлабочи финансиската загуба на ЕСМ.Партијата тврди дека ваквите одлуки не се случајни, туку се дел од модел на управување поврзан со тендери и профит за поединци, посочувајќи на примери со десетици тендери доделени на една фирма или милионски суми за компании со минимален број вработени.Според СДСМ, комбинацијата од над 100 милиони евра загуби во енергетиката и буџетска дупка од околу една милијарда евра е директна последица на криминални тендери, а цената за тоа, како што нагласуваат, повторно ќе ја платат граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Граѓаните ја плаќаат цената за енергетскиот колапс на Владата, ЕСМ во загуба од над 200 милиони евра, вели СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска оцени дека најавеното поскапување на електричната енергија претставува нов директен удар врз животниот стандард на граѓаните и е резултат на, како што наведуваат, криминални тендери и неспособно управување со енергетскиот сектор од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Според СДСМ, за само година и половина, актуелната власт и ресорната министерка Сања Божиновска ја довеле државната компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Опозицијата тврди дека производството на електрична енергија е на историски најниско ниво, при што од планираните околу 5.000 гигават-часови не се произведени ниту 3.000.Поради недоволното домашно производство, како што наведуваат од СДСМ, Владата била принудена да купува електрична енергија од увоз по значително повисоки цени. Наместо струја произведена во земјата по цена од 80 до 90 евра за мегават-час, се набавува увозна струја по цена од околу 140 евра за мегават-час, што директно се одразува врз сметките на граѓаните.Во соопштението, СДСМ дополнително обвинува дека зад ваквата состојба стојат сомнителни тендерски постапки и коруптивни практики, наведувајќи примери за голем број тендери доделени на поединечни фирми, како и високи исплати на компании со минимален број вработени. Според партијата, токму ваквите практики се една од причините за, како што велат, „дупка“ од околу една милијарда евра во државниот буџет.СДСМ наведува дека загубите на ЕСМ веќе изнесуваат 77 милиони евра, со проекција да надминат 100 милиони евра до крајот на 2025 година. Дополнително, компанијата се задолжила со околу 110 милиони евра кредити, што, според опозицијата, значи вкупен товар од околу 200 милиони евра кој на крајот го плаќаат граѓаните.Од СДСМ порачуваат дека токму овие финансиски загуби и, како што велат, „епската неспособност“ на власта се главната причина за поскапувањето на струјата, нагласувајќи дека одговорност мора да има и дека темата нема да биде затворена.

Македонија | пред 2 месеци

elem-esm

ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра испрани преку наместен тендер, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања за, како што наведуваат, криминално и партиско управување со државната компанија ЕСМ и нејзините подружници во периодот кога со нив раководеле кадри на СДС и ДУИ.Според партијата, ЕСМ и претпријатијата поврзани со неа биле третирани како „партиски плен“, при што институциите служеле за згрижување роднини и блиски лица на функционери, а нивните буџети биле користени како извор за лично богатење.Како пример, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во ЕСМ Снабдување со топлина, ќерката на поранешниот собраниски претседател Талат Џафери била член на Надзорниот одбор. Според партијата, тоа било резултат на политички договор меѓу СДС и ДУИ, кои, како што тврдат, го поддржале Џафери за функцијата претседател на Собранието, по што неговата ќерка била избрана во надзорното тело на компанијата.Во соопштението се наведува и дека ЕСМ Дистрибуција на топлина била користена за, како што велат, испумпување народни пари преку наместени тендери. Според ВМРО-ДПМНЕ, истражните органи спровеле истрага за периодот кога претпријатието било раководено од кадар на ДУИ, именуван од СДС, при што бил сторен криминал во вредност од околу осум милиони евра.Партијата тврди дека од таа сума, околу два милиони евра биле „испрани“ преку различни корупциски шеми и дека постои сомнеж дека тие средства завршиле во приватни џебови.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека дополнително загрижува молкот на СДС, кој, според нив, ниту тогаш ниту сега не се оградил од наводните криминални и корупциски дејствија во ЕСМ Дистрибуција на топлина. Поради тоа, партијата јавно го поставува прашањето дали исчезнатите два милиони евра завршиле кај структури блиски до врвот на СДС или ДУИ и дали високи функционери од тие партии имаат вмешаност во случајот.Во соопштението се нагласува дека македонската јавност заслужува одговори и одговорност за начинот на кој, според нив, биле раководени државните институции. ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да постапува одговорно, транспарентно и независно, со цел, како што велат, да има правда и санкционирање на одговорните.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања