ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

СДСМ

media-libraryt938mk5g06pj2zVh9XL

Филипче го зајакнува тимот, д-р Александар Трајановски е предлог за нов потпретседател на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ, трауматологот д-р Александар Трајановски, ќе биде номиниран за нов потпретседател на партијата, најави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.Филипче ја соопшти оваа одлука пред вечерашниот состанок на Извршниот одбор, на кој, како што истакна, ќе бидат презентирани дел од плановите за кадровски и политички промени во рамките на партијата. Тој повика на трпение и разбирање од членовите и симпатизерите, нагласувајќи дека процесот се спроведува внимателно и со јасна стратегија.– Д-р Трајановски е човек исклучително посветен на партијата, имаше одлична и препознатлива кампања и привлече големо внимание во јавноста. Сметам дека ова е значајно кадровско зајакнување на раководното ниво на СДСМ – изјави Филипче.Александар Трајановски е специјалист ортопед и трауматолог, поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Тој е актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ и долги години активен во партиските структури.Оваа кадровска промена следува по оставката на дотогашната потпретседателка Ана Чупеска, која ја поднесе пред вториот круг од локалните избори.На денешната прес-конференција, Филипче ги отфрли шпекулациите дека нудел функции на поранешни градоначалници и бил одбиен, нарекувајќи ги „кафански муабети“ без основа.– Во партијата нема никакво раслојување. Напротив, постои силно чувство на единство и заедничка цел – нагласи лидерот на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-library56bogp0u6l7d1zHjPRm

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски.-Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање на користење на средствата незнаејки до каде ќе оди истрагата и што се ќе излезе на виделина допрва ќе видиме, но ова времено запирање може да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД програмата, вели Димковски.Тој потсети дека дека само пред две години во една наша соседна држава имавме суспендирање на ИПАРД програмата при што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство, така во овој случај доколку нема морална одговорност мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот.-При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени. Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка, вели Димковски

Македонија | пред 2 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење.„Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се обидуваа да ја сокријат. Суспензија имало два пати и тоа само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во 2011 и сега во 2025 година“, вели Николовски.Тој оценува дека ова е тежок удар врз македонското земјоделство и доказ дека партизацијата, клиентелизмот и корупцијата ја разориле довербата во институциите.„Суспензијата е, пред сè, срам за Владата и доказ дека партизацијата, корупцијата и девијантните појави се широко распространети во Агенцијата – нешто на што укажував од самиот почеток“, порача Николовски.Според него, ИПАРД програмата во времето на СДСМ била најуспешната европска приказна во земјоделството, со рекордни 2.369 реализирани и контролирани инвестиции и целосна искористеност на европските пари. Николовски бара одговорност од актуелната власт.„Сега Владата треба да одговори: Кој ќе понесе политичка одговорност за овој мега-скандал? Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претрпат земјоделците и инвеститорите? Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка или ќе продолжи да се преправа дека ништо не се случило? Со кој кредибилитет ќе излезе пред земјоделците?“, вели тој.Николовски посочува дека оние кои се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Владата и блиски соработници на Трипуновски, што дополнително ја потврдува политичката одговорност на ВМРО-ДПМНЕ за овој случај.„Време е конечно со чесни, посветени и професионални луѓе, а не со партиски поставени кадри, да се изгради системот и да се врати довербата“, нагласи Николовски.

Македонија | пред 2 месеци

manasievski

Манасиевски: „До нас стигнаа информации дека Филипче има проблем со формирањето на тимот“

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денес на прес-конференција рече дека лидерот на СДС, Венко Филипче, дека по изборниот пораз не успева да формира ново партиско раководство.„Измина една недела од изборниот дебакл на Филипче и СДС, со којшто партијата спадна на 120.000 гласови и стана трета политичка сила во Македонија, а петта во Скопје“, изјави Манасиевски, додавајќи дека, иако Филипче најавил реформи, досега ништо не е реализирано.Според него, причина за тоа е што „никој не сака да му се нафати“ на Филипче и да прифати функција во новото раководство на СДС.„До нас стигнаа информации дека Филипче има проблем со формирањето на тимот, бидејќи луѓе кои важеле за големи поддржувачи и активисти на СДС одбиваат да бидат дел од неговото раководство“, рече Манасиевски.Тој праша дали дел од поранешните истакнати членови не сакаат да соработуваат со Филипче затоа што не го сметаат за свој претставник.„Ова што му се случува на СДС не му го посакуваме никому. Партијата имаше историја, кредибилитет и квалитетен кадар, но Заев, Ковачевски и Филипче ја доведоа до колапс поради ароганцијата и предавствата што ги направија“, изјави Манасиевски.Тој порача дека се потребни итни реформи во СДС и оставка на Венко Филипче. „На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Филипче на чело“, додаде Манасиевски.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата – време е за негова оставка, вели Андоновска

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека структурните реформи кои Венко Филипче и СДСМ ги најавуваа како „нов почеток“ – никаде не се видливи, и дека со тоа партијата дополнително тоне во политичка криза.„Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија на државно ниво и петта во Скопје, а најавените реформи се само празни зборови,“ изјави Андоновска.Таа нагласи дека во СДСМ владее безидејност и дезориентираност, што уште повеќе ги поткопува „веќе разнишаните темели на партијата“.„Крајно време е СДС да се реформира. Оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака да продолжи да постои на политичката сцена,“ порача Андоновска.Според неа, во СДСМ има „чесни и трудољубиви активисти“ кои, како што вели, не можат да дојдат до израз поради влијанието на Филипче и неговиот ментор Зоран Заев.„Македонскиот политички систем има потреба од опозиција со интегритет и визија. Затоа СДС мора конечно да се ослободи од прангите на Филипче и Заев,“ заврши Андоновска.

Македонија | пред 2 месеци

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

Македонија тоне по животен стандард – инфлацијата достигна 4,5%, тврди СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека реалните економски показатели ги побиваат, како што велат, „лажните тврдења на власта“ за економски бум.„Последните податоци за инфлацијата покажуваат дека, спротивно на уверувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, цените и понатаму растат, а куповната моќ на граѓаните се намалува,“ соопштија од партијата.Според Државниот завод за статистика, годишната инфлација во октомври изнесува 4,5%, при што цените на храната и безалкохолните пијалаци пораснале за 7%.„Ова значи дека основните производи без кои не може ниту едно семејство – како лебот, млекото и зеленчукот – се сè поскапи,“ наведува СДСМ.Цените на мало се зголемиле за 2,8% во споредба со октомври лани, а најголем раст има кај прехранбените производи (6,7%) и кај овошјето и зеленчукот (4,3%).Партијата смета дека ова е доказ дека економските политики на Владата се промашени и без резултати, и дека сметката ја плаќаат граѓаните преку повисоки трошоци за живот.„Платите и пензиите не го следат растот на трошоците. Животот секој ден станува поскап, а Владата не презема ништо,“ додаваат од СДСМ.Во соопштението се вели дека во новиот буџет за 2026 година не е предвидено зголемување на минималната плата на 500 евра, ниту мерки за намалување на цените на храната, како што партијата претходно предлагала.„На ВМРО-ДПМНЕ им одговара граѓаните да живеат полошо. Тоа е нивна стратегија за слабеење на народот и создавање евтина работна сила. Но граѓаните тоа го препознаваат,“ порачаа од СДСМ.Тие додаваат дека ќе продолжат да предлагаат конкретни политики за повисоки плати, пониски цени и подобар животен стандард.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1hu9tlhpg2be3XaUqr0

(Фото) „Бранкојавление” или повторно „случајна” средба

Поранешниот премиер, претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно е фотографиран, овојпат во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.Минчев, кој сега е висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја предводеше СДСМ.Заедно со нив е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.Црвенковски со години беше надвор од политиката и не се појавуваше ниту во тешки и кризни моменти за државата, иако редовно ја зема високата претседателска пензија и има и кабинет.Минатата година неофицијално се говореше дека работи во корист на ЗНАМ, каде се негови поранешни блиски луѓе.Последниов месец, среде кампања, беше фотографиран во друштво со актуелни функционери и политичари.Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со староновиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, за што имаше објаснување дека била случајна средба.Ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево.Познавачи на политичката клима велат:,, Ако Бранко не сака, нема да се појави никаква фотографија”.

Македонија | пред 2 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито.„Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата програма вредна околу 100 милиони евра – пари наменети за развој на македонското земјоделство“, изјави Николовски.Според него, денешниот скандал е директна последица на политичко поставување на луѓе без интегритет и без компетенции.„Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на владеење кое ги заменува вредностите и професионалноста со партиска послушност“, нагласи тој.Николовски потсети дека за време на неговиот мандат ИПАРД 2 програмата беше 100% искористена, со 2.369 договори и реализирани инвестиции.„Срамно е целиот тој успех и довербата што ја изградивме со Европската унија да биде уништена за само една година поради корупција и лични интереси“, додаде тој.Тој предупреди дека постои реална опасност Европската комисија да ја стопира ИПАРД 3 програмата за Македонија, што би значело блокада на сите исплати и нови повици.„Ако се случи тоа, земјоделците повторно ќе бидат жртви на корупцијата и неспособноста на оваа власт“, порача Николовски.Во завршницата, поранешниот министер побара итна одговорност и расчистување со злоупотребите:„Време е за целосна одговорност. Македонија не смее да си дозволи да ја изгуби довербата во европските институции поради поединци кои го претворија земјоделството во извор на мито и политички влијанија.“

Македонија | пред 2 месеци

media-library1fauttldgpqs3R34WIw

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации.„Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема понатаму да имаме блокади. Но тоа е едно прашање. Друго е реформите – тие се одвоен процес и мора да се тераат. А гледаме дека нема ниту еден чекор напред. Нема никакво поместување во тој дел“, изјави Филипче.Тој нагласи дека СДСМ останува на ставот дека е неопходна широка дебата и национален консензус околу стратешките приоритети на државата. Како чекор во таа насока, СДСМ предложи резолуција што е веќе доставена до сите парламентарни и политички партии со цел да се добие повратна реакција и конкретен став.„Нашата предлог-резолуција е добра основа да седнеме и да дебатираме. Потенцирав неколку пати – тоа е предлог верзија, не е финална. Очекувам фидбек, но сè уште немам добиено официјален одговор од ниту една партија“, изјави Филипче.Тој додаде дека сè што се однесува на стратешки национални интереси, вклучително и реформите, мора да биде предмет на консензус, а не на конфронтација. Повикувајќи на зрел политички дијалог, Филипче потенцираше дека е време сите актери да седнат на маса и да покажат дека реформите се над партиските калкулации.„Тоа е процес што подразбира национален консензус. Мислам дека е редно да седнеме и да видиме како ќе се движиме понатаму. Ова не е момент за калкулации, туку за зрелост“, заклучи тој.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryoqq6ienmaa83dqG1TCs

Наскоро нови имиња во врвот на СДСМ, Филипче најавува и поширок опозициски фронт

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, потврди дека наскоро ќе следат промени во раководството и дел од политиките на партијата, но нагласи дека идеолошките принципи на социјалдемократите остануваат непроменети.На денешната прес-конференција во партиското седиште, Филипче истакна дека опозициската платформа ќе се прошири и ќе биде отворена за сите граѓански организации и политички субјекти кои сакаат да придонесат кон заедничка стратегија против власта.„Сметам дека ние сме единствената политичка сила која што може да парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ. Потребен ни е поширок, посилен и поорганизиран фронт. Тоа е еден дел од лекциите кои ги научивме од локалните избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот кој што претстои,“ изјави Филипче.Тој додаде дека во партијата засега нема нови оставки, и дека се работи на комплетирање на тимот по претходно поднесените оставки на дел од членовите на раководството.„Ја разбирам негативната емоција. Сметам дека се должи на неисполнети очекувања во очи на изборите и ги разбирам луѓето. Сметам дека кога емоциите ќе спласнат, ќе може да се дебатира поразумно и пофер и поотворено бидејќи сите се потребни во партијата. Не сакам да се брзам со процесот, но навремено ќе информираме,“ изјави претседателот на СДСМ.Со ова, Филипче најави период на консолидација и отворање на партијата кон поширока соработка, како дел од стратегијата за зајакнување на опозицискиот блок.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryta0m327eceb93h8AEnz

(Видео) По Чупеска, оставка поднесе и Костадин Ацевски: „Потребно е оставка да поднесе и Филипче и целото раководство на СДСМ“

Од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ на Ѓорче Петров, кој беше и кандидат за градоначални, Костадин Ацевски поднесе оставка. Во видео објавено на ФБ, Ацевски вели дека е исправо оставки да поднесат и лидерот на партијата Венко Филипче, но и целото раководство.Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период – порача Ацевски.Тој додава дека и понатаму останува член на СДСМ, без разлика што се повлече од функцијата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9c52jggp7g0v6mdksVD

(Видео) Падна уште една оставка во СДСМ, но и барање за оставка од Венко Филипче

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, кој воедно е и претседател на нивната општинска организација, поднесе оставка од партиската функција.„Верувам дека е исправно и потребно, оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ“, вели Ацевски.Тој посочува дека оставките ги бара не само поради лошите резултати туку и поради начинот на дејствување.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за времена изборниот молк.Во документот, кој бил архивиран во централата на СДСМ, Чупевска навела дека се повлекува поради суштински несогласувања околу концептот и начинот на работење на партијата.„Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите за дејствување на партијата, како и поради разлики поврзани со методологијата на работење кои влијаат на перспективите на СДСМ“, стои во оставката објавена од ТВ24.Оставката на Чупевска доаѓа во пресрет на вториот изборен круг од локалните избори, кога дел од раководството на партијата се соочуваше со внатрешни несогласувања и притисоци поради слабиот рејтинг и резултатите на терен.Иако од СДСМ сè уште нема официјална реакција, претседателот Венко Филипче вечерта потврди дека Чупевска ја поднела оставката, додавајќи дека ќе продолжи соработката со неа „на друг начин“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1atnt0iucfcgcBJzRkI

„СДСМ не е целосно згасната партија, но мора да помине сериозен филтер“, порача Костадин Костадинов

Поранешниот градоначланик на Струмица Костадин Костадинов, кој го „замрзна“ членството во неговата партија, во објава на ФБ посочува дека СДСМ не е „целосно згасната партија“, но дека СДСМ мора да помине низ „сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија“.Да, СДСМ изгуби. Честитки за победата на ВМРО ДПМНЕ и секако за демократскиот капацитет на нацијата, секаде но особено во Кичево.Драги мои, не се согласувам со тезата дека СДСМ е целосно згасната партија. Напротив, СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија.Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата,СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе.Време е за длабински анализи, тешки промени, тешки одлуки,дебати и многу, многу работа.Честитам на сите кои учествуваа на овие избори. Честитам на победниците кои ќе бидат градоначалници, но и на сите кои се најдоа во советите на градовите.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6cjc5a7usjmb0uXWeD5

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија. Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски ја искористи приликата и од настанот во Виница им се заблагодари на граѓаните на Виница и пошироко на цела Македонија што излегоа на избори и дадоа масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на број 9.Исто така, Мицкоски упати повик до сите оние коишто во првиот круг останаа дома и коишто не гласаа, мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, ќе испратат некаква порака којашто, никој не ја препознава, да излезат масовно на гласање и да го искористат своето граѓанско право на избор.„Денеска сме сведоци како дел од нашите граѓани коишто се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во западно европските земји доаѓаат во општина Брвеница, во општина Кичево мислејќи дека на тој начин ќе помогнат да двајца кандидати коишто се во тие општини ќе станат и градоначалници. Нема да успеат, но сепак, сите оние коишто во Виница одлучија во првиот круг да останата дома и кои се двоумат дали во вториот круг треба да излезат и да гласаат, ова нека им биде патоказ како треба да се брани својот интерес. А нашиот интерес, овде во Виница, пред сè и над се да имаме голема излезност и се разбира дека при една таква голема излезност бројот 9 ќе биде масовно поддржан. Не дозволувајте некој друг да ја креира вашата иднина седејќи дома, зошто тие што ќе излезат на овие избори имаат право да ја моделираат иднината на Виница и на Македонија. Со седење дома и до покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, истакна Мицкоски.Мицкоски испрати порака и до поддржувачите и симпатизери на СДСМ на изборите во недела да го заокружат бројот 9 за да почне катарзата и реформите во партијата и да не да го легитимираат ова партиско раководство кое СДСМ ја доведе во фаза на исчезнување.„Знам дека не ви е пријатно и се чувствувате разочарани кога гледате како некогаш големата СДСМ едвај ја поминува границата од стотина илјади гласови, знам дека ви е тешко ова да го гледате. Но, на овие избори кога ќе бидете позади параванот, со гласачкото ливче пред вас и со пенкалото во рака имате две опции. Едната опција е да го поддржите против кандидатот на Митко, којшто доаѓа од СДСМ и на тој начин да го легитимирате ова партиско раководство кое не ја донесе СДСМ под биолошкиот минимум, туку буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување. И втората опција која е пред вас е да го поддржите Митко и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна катарза, на внатрешна реформа во рамките на СДСМ. Бидејќи, верувајте, и 61 пратеник во Парламентот и 60 градоначалници и апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутна дисциплина што до сега е невидена на политичката сцена во Македонија, имаат потреба од силна и политички стабилна СДСМ“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања