Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

filipce-sdsm-co-4

Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните, обвинува СДСМ

„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, обвинува СДСМ и додава:Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци.Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови.Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-18-185014

Кузеска да ги праша Филипче, Заев, Спасовски и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС пред било што да каже треба да се извини што дозволи Артан Груби да прави милионски криминал со години. Нека ги праша Кузевска Филипче, Спасовски, Заев и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„СДС и ДУИ 7 години ја уништија државата и системот, Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните.Економијата на СДС и ДУИ граѓаните ја видоа на дело изминатите 7 години, која го уништи животниот стандард на граѓаните и ги остави со празни џебови.7 години СДС и ДУИ ги осиромашија граѓаните, ја испразнија буџетската каса и ја задолжија државата и идните генерации.СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години, а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на системот.СДС и ДУИ недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопансто и ЈП Македонски Шуми без плати а здравството руинирано.Сега за прв пат во македонската историја се покачија пензиите за 2500 денари и годинава за уште 2500 денари, со тоа во првата година од мандатот пензиите се покачени за 5000 денари.За прв пат се договори стабилен раст на платите во образованието и се договори како тие ќе растат во следниот период.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите работници, а вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години.Покрај зголемувањето за 10 % во 2024 година за плати, 2025 во март месец ќе има дополнителни 5 % зголемување, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027 година, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија се трансформира.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки.Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните и достоинсвен живот на секој поединец.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат, платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се редовни и навремени, а и се подобрува бизнис климата.Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа кој ја предизвика владата на СДС и ДУИ.Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните.Владата на ВМРО-ДПМНЕ годината ја започна со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти како експресниот пат Куманово-Крива Паланка.Се пушти во употреба железничката делница Куманово-Бељаковце дел од пругата кон Бугарија.Имаме 9 нови авионски линии за 6 месеци.Покрај проектите поврзани со коридорите 8 и 10д и проектите на општините, приоритет се и проектите за финансирање на енергетската ефикасност како и модернизација на земјоделството“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-49-9040PM

(Видео) Не може да има 6 милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците, вели СДСМ

„Покрај тоа што власта има рекорден Буџет од 6 милијарди евра за оваа година, вели дека нема пари за зголемување на платите на работниците“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:„Уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и најраспинички буџет во историјата во кој ќе нема пари за работниците и поголеми плати за граѓаните. И тоа се покажа како точно.Ова е недопустливо и покажува целосно непочитување на трудот македонските работници и неспособност на власта да одговори на економските потреби на граѓаните.Дополнително, власта товари нови долгови на грбот на граѓаните и граба пари за себе воопшто не водејќи сметка за потребите на граѓаните и на работниците.Покрај задолжувањето од 500 милиони евра од Унгарија, власта во изминатите 3 месеци се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници, и 73,7 милиони евра кај домашните кредитори. Тоа се нови, над 200 милиони евра долгови врз грбот на граѓаните кои ќе ги плаќаат идните генерации.А платите стагнираат, животниот стандард и куповната моќ на народот опаѓа. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат зголемени трошоци за живот за 4,4% и зголемени цените на основните производи за 4,3%.Со власта на Мицкоски и ДПМНЕ граѓаните имаат помалку пари во џебовите а работниците живеат се потешко. Мицкоски потфрли на најважаната тема, животниот стандард на граѓаните.Власта целосно го напушти системот за зголемување на платите воспоставен од СДСМ што резултира со влошување на животниот стандард на работниците.Упорно го игнорира и нашиот предлог за минимална плата од 500 евра, која е неопходна за да се одговори на растот на трошоците за животНе може власта да има 6 милијарди евра Буџет, да се задолжува со нови 200 милиони евра а да нема пари за поголеми плати за работниците.Очигледно за власта најважна е удобноста на функционерите, нивните високи плати, скапи коли, луксузен мебел, а работниците се оставени сами на себе.СДСМ нема да отстапи од борбата за правата на работниците и подобрување на нивниот животен стандард. Граѓаните заслужуваат подобро, заслужуваат поголеми плати и достоинствен живот“.

Македонија | пред 1 година

Lazen-Profil-Venko

Креиран е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат, предупреди СДСМ

СДСМ извести дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на партијата, д.р Венко Филипче.„Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале.Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

market-pari

„Кошничките“ на власта се целосно промашување, донесоа поголема скапотија за граѓаните, вели СДСМ

„Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со така наречени кошнички се покажаа како целосно промашување. Цените не се намалија, туку за одредени производи и се зголемија“, вели СДСМ и додава:„Кошничките“ донесоа поголема скапотија за граѓаните. Зејтинот, јајцата, шекерот, млечните производи, грашакот, гравот, леќата, сѐ е поскапено.Оваа сурова реалност која граѓаните ја гледат во маркетите и продавниците секој ден е најголем показател за фарсата којашто ја приреди власта.Од „кошничките“ се збогатија големите трговци, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на Мицкоски и ДПМНЕ.Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат тоа –цените растат, граѓаните имаат се поголеми трошоци за живот а се помалку пари во цебовите.Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, основните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%.Политиките на Мицкоски се јасно насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата. Додека 99% од граѓаните сè повеќе се борат со зголемените трошоци за живот, 1% – оние блиски до власта – профитираат на нивна сметка.Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност и во поголема сиромаштија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-14-174051

Бочварски: Експресниот пат Градско-Дреново е дел од визијата на СДСМ за патишта наместо барокни фасади

Ова е визијата на СДСМ за изградба на патна инфраструктура кој го промовираше во 2017 година, наместо барокните фасади или фонтани. Без разлика дали една или друга влада ќе реализира неколку проценти од било кој важен инфраструктурен проект, важно е добрите проекти да продолжат, не поради партиите туку поради граѓаните, вели пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски и поранешен министер за транспорт и врски.Експресниот пат Градско - Дреново 15,5 километри, до месец мај 2024 година беше започнат од владата на СДСМ и завршен со над 92% од работите за што говорат фотографиите. Денес истиот пат се пушта во сообраќај. Честитки за граѓаните на Прилеп, Битола Крушево, Ресен и сите останати општини во Пелагонискиот регион, потенцира пратеникот на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce-spasovski

Филипче е синоним за смрт, во тетовската болница живи му изгореа 14 луѓе, од корона скоро 10.000, а на Онкологија место лек му давале раствор, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДС не бира средства за собирање политички поени, искористувајќи и немили настани за загуба на најмлади животи, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ако во државата има некој кој што е симбол за смрт во здравството, тоа е токму лидерот на СДС, Венко Филипче.СДС не треба да заборави дека нивниот лидер долги години беше министер за здравство и ако некој е виновен за состојбите во здравството, тогаш тој е лично Венко Филипче.Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери, од лековите за Онкологија кои ги продаваа на црниот пазар а на пациентите им даваа физиолошки раствор, од вакцините за корона вирусот и така натаму.За време на министерувањето на Филипче со здравство, Македонија беше на врвот на европските и светски листи по смртност. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.Филипче е министер на кого во државна болница, под негова надлежност, во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, а одговорност за тоа како и за сите останати трагични настани, немаше.Наместо да одговара за сите погоре споменати случаеви, Филипче сега се устоличи во претседател на СДС и продава приказни за морал, играјќи на картата на кратка меморија.Граѓаните паметат и многу добро знаат кој е најодговорен за состојбите во здравството.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi

СДСМ: Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, вели СДСМ и додава:За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена стратегија на партијата. ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетничкиу односи. Кога ДУИ го обвинува СДСМ за албанофобија да не заборава дека во Извршниот одбор на СДСМ има Албанци и значителен број на Албанци гласаат за нашата партија. Тоа е така заради тоа што СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и добри односи меѓу етничките заедници. СДСМ докажала и покажала дека е единствена партија која ги бранела правата на помалите етнички заедници помали заедници секогаш кога биле загрозени. СДСМ има фобија од националисти и популисти и на таквите секогаш ќе реагираме. Со своето делување Ахмети и ДУИ му овозможуваат на ВМРО-ДПМНЕ да дополнително да ја подгрева меѓуетничката ситуација во земјата и политички да профитира. Индиректно, ДУИ е таа која со своето однесување креира албанофобија. Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ јавно се осудуваат меѓу себе, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Граѓаните видоа заеднички гласања во Собранието, а врв беше скандалозно пуштање на Артан Груби надвор од земјата, слободно преку границата.

Македонија | пред 1 година

Venko-NG-SDSM-1

За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие, вели СДСМ

„Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните“, вели СДСМ и додава:Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња.Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините.Зошто бебето не било примено? Зошто немало специјалист кога го донеле бебето во болница? Кој е одговорен за ова?Клучното прашање е кого штити Таравари? Себе си? Неговиот кадар Мемеди? Ова е недозволиво.Министре за здравство Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите во здравството.Катастрофата во здравството не може да се крие. Одговорност мора да има!

Македонија | пред 1 година

filipce34

Филипче: ДУИ е симбол на корупција и поделби – СДСМ јасно се дистанцира

Во интервју за „Независен“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговори на прашањето за можната соработка со партиите од албанскиот блок, со посебен акцент на ставот кон ДУИ. Новинарот праша дали СДСМ би ја разгледала можноста за соработка со ДУИ или со други партии од албанскиот политички спектар, особено во контекст на коруптивната стигма и етничките тензии што ги носи политиката на ДУИ.Филипче јасно ја отфрли можноста за поврзување со ДУИ и ја нагласи потребата од политики кои обединуваат, а не делат. „СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество,“ изјави Филипче.Тој ја обвини ДУИ за политички практики кои го спречуваат напредокот на Македонија. „ДУИ продолжува со овие практики, а ВМРО-ДПМНЕ само профитира и ја подгрева ситуацијата. Иако јавно ги осудуваат и тврдат дека се во конфликт, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Претходните заеднички гласања во Собранието, како и мистериозното бегство на Артан Груби, за кое добивме смешни објаснувања од МВР, само ги потврдуваат сомнежите дека имаат задкулисни договори,“ рече тој.Филипче истакна дека оваа соработка создава политичка нестабилност и ги нарушува меѓуетничките односи. „Последните настани, како инцидентите на Денот на албанското знаме, се директен резултат на ваквата политика на поделби и провокации. Ова не е патот што Македонија треба да го оди. Наместо да зборуваме за економски напредок, интеграција во ЕУ и подобар живот за граѓаните, постојано се враќаме на теми кои создаваат тензии и конфликт,“ додаде тој.Во однос на идната соработка со албанските партии, Филипче подвлече дека ќе се базира на заеднички вредности и транспарентност. „СДСМ ќе работи со партии кои ги споделуваат нашите заложби за транспарентност, реформи и градење политики кои ги обединуваат граѓаните, а не ги делат. Нема да дозволиме етничките прашања да се користат како алатка за прикривање на корупцијата или неспособноста,“ заклучи тој.

Македонија | пред 1 година

filipce-mickoski

(Видео) Филипче за Божиќ: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, генералниот секретар Александар Димитријевиќ и потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, денеска присуствуваа на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на СДСМ упати честитка за Божиќ до сите православни верници кои го празнуваат Христовото раѓање – Божиќ како и до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан.„Со традиционалната честитка, Мир Божји, Христос се роди! Ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото раѓање на сите граѓанки и граѓани кои денеска празникот го слават.Посакувам мир во овие празнични денови, на начин како што налага традицијата во кругот на семејството, пријателите и блиските.Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка на демократијата. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

fani

Каранфилова-Пановска: СДСМ ќе понуди соодветен концепт и вистински човек за рехабилитација на Скопје

На Скопје во изминатите години му се случи цунами, целосен крах на основните функции на градот и скопјани таа тешка реалност ја живеат секој ден, посочи заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во интервју за Локално. Во интревјуото таа посочува дека СДСМ на локалните избори ќе има соодветна програмска и концепциска понуда, како кандидат што ќе може да го рехабилитира главниот град.Каранфилова Пановска, во интервјуто вели дека најголемата вина за овој крах на главниот град ја имаат Мицкоски, ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска.„Колабиран е јавниот превоз, хигиената во градот е катастрофална, улиците се преполни со смет, јавните претпријатија не функционираат, нема реализација на крупни капитални проекти, нема развој на градот.Грубо звучи, но реално скопјани се жртви на нивните меѓусебни пресметки, интереси и калкулации Тие го доведоа главниот град на дното, не само во јавниот транспорт, туку и во сите други области. Заедно ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси па дури и бесплатен јавен превоз. А што донесоа? Заглавен и задушен град, целосен распад, не само во јавниот превоз, на сите полиња. И тој крах е на ВМРО-ДПМНЕ, иако сакаат скопјани да го заборават тоа“, вели Каранфилова Пановска.Во интервјуто таа потсети дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Градот намерно ја блокираа и ја кочеа работата, не гласаа важни одлуки за граѓаните, ниту пак предложија и донесоа некакви мерки за помош на скопјани.Поларизацијата која се случува помеѓу централната власт и градот, како што кажа Каранфилова Пановска е само дополнително изживување со скопјани и покажување огромна некадарност, болна суетност, немање сенс за јавен интерес.Каранфилова Пановска во интервјуто порача дека СДСМ ќе даде соодветен одговор, концепциски, програмски и кадровски и ќе излезе пред граѓаните со своја понуда за целосна рехабилитација, за обнова на Скопје.„Програмата ќе понуди модерен јавен превоз, намален сообраќаен метеж, ослободување на јавните простори, на нови зелени појаси, сообраќајно поврзување на градот внатре и со периферните населби. Ќе понудиме програмски концепт на модерното и ефикасно домување, каде скопјани ќе се чувствуваат убаво и задоволно, со квалитетни услови за образование на децата и најмалите. Концепт за справување со загаденоста, отпадот, нечистотијата, културни и спортски содржини на градот, пристојни дигитализирани и современи начини на сервисирање на потребите на граѓаните“, порача Каранфилова Пановска.При тоа заменичката претседателка на СДСМ, рече дека профилот на кандидатот на СДСМ за Град Скопје, ќе биде човек од градот за градот, човек од граѓаните за граѓаните, човек што ќе може да го рехабилитира Скопје, да го издигне од пепелот и да го крене на едно ново, подобро ниво, какво што заслужуваат граѓаните на нашето Скопје.

Македонија | пред 1 година

KiroGligorovPocit

Филипче: Да ја продолжиме визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, оддаде почит на одбележувањето на годишнината од смртта на првиот претседател на државата, Киро Глигоров.„Денеска се сеќаваме и оддаваме почит на првиот претседател, Киро Глигоров. Неговите вредности и државничките одлуки оставија траен белег во нашето општество и претставуваат патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата.Претседателот Глигоров е симбол на мудрост и визионерство, и неслучајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочуваше со предизвиците на независноста, тој направи историски чекори кои беа важни за иднината на државата. Глигоров веруваше во силата на дијалогот и помирувањето – вредности кои се подеднакво важни и денес, кога треба да продолжиме да работиме на заедничката иднина на државата.Ние, како генерација, сме должни да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Вечна му слава“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

kirogligorov-2025-4

Делегација на СДСМ оддаде почит за ликот и делото на Киро Глигоров првиот претседател на независна Македонија

Делегација на СДСМ, претставена од потпретседателката Каја Шукова, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ и пратеникот Митко Трајчулески, денеска положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Македонија.„Денеска се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство постави темели на модерната македонска држава. Неговите вредности, историските одлуки и државничкиот пристап оставија трајни белези во нашето општество и се патоказ за нашата борба за напредок и просперитет.Киро Глигоров е симбол на дијалог, помирување и обединување. Во најтешките моменти за нашата држава, тој покажа лидерство и визија кои овозможија стабилност и напредок. Неговата верба во заедништвото, демократските вредности и европските перспективи остануваат наша инспирација за иднината.СДСМ ги следи патеките на визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија.Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Venko-NG-SDSM-1

(Видео) Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишното обраќање посочи дека годината што измина донесе изневерени надежи и очекувања за многумина. Филипче потенцираше дека новата Владата заборави на интересите на граѓаните за сметка на интересите на елитата.„Наместо економски раст, стабилност и европска перспектива, од новата Влада видовме стагнација и блокади. Владата ги изневери граѓаните уште во првите шест месеци. Не успеа да донесе реформи, го срози стандардот на граѓаните и ги замрзна платите. По шест месеци се живее полошо дури од времето на економските кризи кои се сега далеку зад нас. Ова е последица на негрижата за граѓаните, за жал, добивме Влада која се грижи за интересите на малкумина од елитата а ги заборава оние кои и ја дадоа довербата“, порача Филипе.При тоа, Филипе нагласи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и ќе се бори за подобрување на животот на граѓаните.„Нашата задача е јасна, да бидеме силен глас на граѓаните, глас кој ќе се бори за правда, за економска стабилност и за подобар живот за сите нас. СДСМ никогаш нема да го изгуби својот фокус – секој човек е важен, секој проблем е наш заеднички предизвик. Ќе се бориме за зголемување на платите и пензиите, за нови работни места и за реална борба против сиромаштијата. Ќе бараме вистинска правда, институции кои работат за граѓаните, а не за партиски интереси“, вели во новогодишното обраќање претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања