„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сиљановска

IMG_6170

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и со заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид ги прими генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт и заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс.На средбата се разговараше за севкупната соработка на нашата држава со Националната гарда на Вермонт, како важен дел од стратешкото партнерство со САД и континуирана поддршка што САД од почетокот на независноста ја дава за евроатлантските интеграции на нашата држава, нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност.Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поддршката на проектите за модернизација и опремување на Армијата и ја истакна важната улога што Националната гарда на Вермонт ја имаше за исполнување на стандардите на НАТО и влезот на државата во Алијансата.Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави намерите за натамошно проширување на соработката со Националната гарда на Вермонт за јакнење на нашите капацитети во одбраната и безбедноста.На средбата се разговараше и за соработката во рамки на НАТО алијансата и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија на Украина. Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше посветеноста на државата да придонесува, согласно можностите и капацитетите во справувањето со заедничките закани.

Македонија | пред 1 година

IMG_6156

Претседателката Сиљановска Давкова го постави генерал-мајор Сашко Лафчиски за Началник на Генералштабот на Армијата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 18 Август, Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за Началник на Генералштабот на Армијата.Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за Советник на Началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.Свеченото примопредавање на должноста Началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.

Македонија | пред 1 година

IMG_5236

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа.На средбата се разговараше за досегашниот ангажман на оваа организација кај нас, за улогата на Меѓународната организација на трудот при носење на социјалните политики, за поддршката при формирањето на Економско-социјалниот совет во 2010 година, воведувањето минимална плата, како и за имплементацијата на низа политики за зголемување на процентот на вработеност меѓу младите и носењето стратегии за малите и за средните претпријатија.Претседателката Сиљановска Давкова, како поборник за почитување на човековите и трудови права, изрази поддршка за активностите на Меѓународната организација на трудот и нагласи дека ќе продолжи гласно да ги поддржува сите иницијативи и проекти за подобрување на условите за живот на работниците.Двете соговорнички разговараа и за соработката на Меѓународната организација на трудот со македонските надлежни институции, при што беше посочено дека организацијата и натаму ќе дава поддршка и ќе ги вложува своите капацитети за подобрување на стандардот на работниците, како и за создавање на услови за фер и достоинствено вработување за сите.Од зачленувањето во Меѓународната организација на трудот во 1993-та година, а како резултат на посветеноста да ги почитува меѓународните стандарди на трудот, нашата држава има ратификувано 81 од 191 конвенција на Меѓународната организација на трудот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4069

Претседателката Сиљановска Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.При изборот и именувањето на членовите на Комисијата за помилување претседателката Сиљановска Давкова се водеше по критериумите за стручност, компетентност и конкурентност. Именуваните членови се истакнати експерти и познавачи од областа на правото.

Македонија | пред 1 година

IMG_5202

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Црвениот крст

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска, по повод 26 јули - денот на солидарноста и сеќавањата од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, престојуваше во посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија.За време на посетата претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на презентација - Активностите на Црвениот крст за време на земјотресот во Скопје 1963 и одржа средба со волонтери и раководството на оваа хуманитарна организација. Преку видео врска проследи дел од нивните активности во Центарот за дарување крв, Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка и во Нега центарот.Раководството на Црвениот крст ја информираше претседателката за капацитетите на организацијата, за растечката тенденција на волонтерските активности, како и за иницијативите и посветеноста во промовирањето на солидарноста и хуманитарното волонтерство, како одржлив модел со бројни индивидуални и колективни придобивки.Волонтерите на Црвениот крст ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со редовните ангажмани во поддршка на ранливите групи, заштита на животот и здравјето на граѓаните и унапредување на севкупната социјална состојба во општеството, а во разговорот хуманите активисти ги споделија нивните лични заложби што биле поттик и инспирација да се вклучат во Црвениот крст.На средбата, претседателката Сиљановска Давкова го сподели своето сеќавање од скопскиот земјотрес и деновите потоа, нагласувајќи ја непроценливата вредност на солидарноста и придонесот на волонтерите, обединети во силната желба за помош и поддршка. Во таа насока, посочи дека граѓанското општество најмногу се зајакнува преку волонтерска работа, оценувајќи дека волонтерството треба да се вгради и во образовниот систем.За време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова потпиша пристапница за членство во Црвениот крст, како една од најголемите и најзначајни волонтерски организации и притоа ја нагласи нејзината натамошна безрезервна поддршка на хуманизмот како највозвишена човекова вредност и врвен приоритет на секое општество.

Македонија | пред 1 година

Foto-3-1

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија – ЗМСТАМ.Раководството на здружението на средбата ја запозна претседателката Сиљановска Давкова со нивните заложби за континуирано подобрување на стандардите на сестринската и акушерската пракса, унапредување на положбата на сестрите и акушерките на работните места, како и за нивниот ангажман како здружение во насока на подобрување на здравствениот систем, во целина. Во тој контекст, истакнаа и неколку приоритетни прашања за нив, односно да се донесе Закон за здравствена и акушерска нега, да се признае и да се вреднува високото образование на сестрите и акушерките, како и нивните специјализации вградени во колективниот договор, во согласност со Конвенцијата 149 на Меѓународната организација на трудот, да се воведе менторство во сестринската пракса, да се вреднува искуството на сестрите со средно образование, а кои имаат повеќегодишно специјализирано работно искуство, како и да се зголеми улогата на патронажните сестри во пружање примарна здравствена нега.Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека медицинските сестри, техничарите и акушерките се исклучително важна алка во синџирот на целокупната здравствена заштита и притоа изрази поддршка за активностите на здружението, како единствена професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството.На денешната средба присуствуваа претседателката на здружението, Велка Гавровска, заменик –претседателката Тања Трајковска, Валентина Горичанец, секретар на ЗМСТАМ, како и Гордана Димеска, претседателка на невролошката секција и делегатот Гоце Марковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5173

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот албански амбасадор Денион Мејдани

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Албанија, Денион Мејдани.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од позитивниот и континуиран развоен тренд на односите и соработката меѓу двете пријателски земји и заемната волја, готовност и посветеност за интензивирање и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес.„Евроинтеграциите се приоритет на обете земји, исто како и потребата од забрзување на овие процеси во периодот што следи. Проширувањето на Европската Унија е значајно за регионот како целина и ќе придонесе за поттикнување на реформските и демократските процеси. Двете земји остануваат посветени на европскиот пат и се подготвени да соработуваат во насока на реализација на крајната и споделена цел – полноправно членство во Унијата“, рече претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека двете држави се сојузници во НАТО и имаат заедничка визија и посветеност за мир, стабилност и економски просперитет како на Регионот, така и во глобални рамки.Амбасадорот Мејдани, во своето обраќање на церемонијата, истакна дека неговата мисија е неуморно да работи на издигнување на пријателството и соработката меѓу двете држави.„Ние сме две нации кои ги обединува заедничката цел: да создадеме иднина на напредок, мир и иднина која ветува. Заедно го чекоревме патот на евроатлантската интеграција, спознавајќи дека нашите судбини се испреплетени. Заедно, можеме да создадеме светилник на стабилност и раст на Балканот, пример за она што е можно доколку единството и соработката го водат патот“, рече амбасадорот Мејдани.Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Мејдани му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

Македонија | пред 1 година

Foto-3

Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација од „Рамбл“, „Кантор Фицџералд“ и Трамп корпорација за медиуми и технологија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација предводена од Крис Павловски, основач и извршен директор на меѓународната компанија „Рамбл“, од Хауард Лутник, основач и извршен директор на американската финансиска корпорација „Кантор Фицџералд“ и од Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.На средбата, претседателката беше информирана за потенцијалните можности за соработка со македонските институции, во контекст на претстојниот процес на дигитална трансформација на македонското општество и спроведување на дигиталните реформи.Во таа насока, таа ги поздрави иницијативите за економска соработка и размена на експертско и корпоративно искуство со овие успешни компании и изрази благодарност за поддршката од македонската дијаспора за отворање нови можности и привлекување на странски инвестиции во земјава.Претседателката Сиљановска Давкова порача дека дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок и има позитивен ефект не само во функционирањето на државата, туку за сите општествени и развојни процеси, вклучително и во процесот на македонските евроинтеграции, како клучна област.На средбата беше истакнато дека реформите во дигиталниот сектор треба да бидат во функција на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и сервис прилагоден на нивните реални потреби.

Македонија | пред 1 година

IMG_5145

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ).На средбата се разговараше за севкупните активности на ЕИБ во нашата држава.Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека отворањето на претставништво на ЕИБ во Скопје во 2022 година ја демонстрира посветеноста за унапредување на советодавната и финансиска поддршка на групацијата, која досега има инвестирано над 1 милијарда евра во економскиот и социјалниот развој на македонското општество.Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за долгогодишната поддршка на ЕИБ преку финансирање на мали и средни претпријатија, на транспортни, енергетски и на инфраструктурни проекти и изрази уверување дека групацијата ќе продолжи да биде доверлив партнер во натамошниот развој на државата, вклучувајќи го и процесот на пристапување кон Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

IMG_5131-1

Претседателката Сиљановска Давкова им посака успешен настап на македонските олимпијци кои ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонските олимпијци кои ќе настапат на Летните олимписки игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за финалните подготовки на македонскиот олимписки тим, како и за очекувањата од претстојните натпревари.Претседателката Сиљановска Давкова на македонските олимпијци им го врачи државното знаме, што ќе биде развиорено на отворањето на олимписките игри и им посака успешен настап на најграндиозниот и најпрестижниот спортски настан.„Вие, како македонски спортски амбасадори, со гордост и достоинство бранете ги боите на нашата земја. Ви посакувам успешен настап и достојно претставување во Париз. Јас и сите македонски граѓани сме со вас и навиваме од срце“, им порача претседателката Сиљановска Давкова.Осврнувајќи се на континуираната заложба и посветеност на македонските спортисти, претседателката ја нагласи потребата како заедница, како држава, да направиме сè за да ги поддржуваме спортистите, да работиме на стручноста на тренерските тимови, подобрувајќи ги севкупните спортски услови во македонското општество.На Летните олимписки игри во Париз ќе отпатуваат шест македонски спортисти: Владимир Егоров - борење, Никола Ѓуретановиќ - пливање, Анастасија Мојсовска - стрелаштво, Еди Шерифовски - џудо, Милијана Релиќ - таеквондо и Дарио Ивановски - атлетика. Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Релиќ.На средбата присуствуваа и членови од раководството на Македонскиот Олимписки Kомитет, тренери и спортски судии.

Македонија | пред 1 година

Foto-9

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на македонски здруженија во Албанија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, прими претставници на македонски здруженија во Република Албанија.На средбата на којашто присуствуваа Едмонд Темелко, Спиро Малевски и Елеонора Мазенковски од организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – „Преспа“, Бесник Хасани, од македонското друштво „Мост“, Мехмед Хоџа од друштвото „Гора“, Панди Јани од Партијата на слободата за Мала Преспа и македонскиот активист Панде Симоновски од Тирана, претседателката беше запозната со тековните активности на Македонците во Албанија фокусирани на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик, култура и традиции. Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од нивниот значаен придонес во средините во коишто живеат и работат, континуирано унапредувајќи ги македонско-албанските односи.Во разговорот беа разменети мислења за резултатите од последниот попис во Албанија, при што претставниците на македонското национално малцинство, осврнувајќи се на правата и слободите на Македонците во Албанија, изразија незадоволство од спроведениот попис. Истакнувајќи го почитувањето на етничката, религиска, јазична и идентитетска припадност на малцинствата, како темелна европска вредност, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество.На средбата со претставниците на македонските здруженија присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пратеничката во македонското собрание, Рашела Мизрахи и поранешниот амбасадор во Република Албанија, Веле Трпески.

Македонија | пред 1 година

Foto-3

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на Обединетата Македонска Дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, во Вила Билјана во Охрид, ги прими Мето Колоски и Гордан Јорданов од Обединетата Македонска Дијаспора.На средбата, претседателката беше информирана за тековните проекти и планирани активности на ОМД и беа разменети мислења за Националната стратегија за соработка со дијаспората, за актуелните политички состојби во САД и Европа, како и за промените во демографијата на дијаспората.Потенцирајќи дека ОМД претставува глобален глас на македонските иселеници во САД, Канада, Европа и Австралија, претседателката изрази поддршка на нејзините иницијативи и севкупниот придонес за меѓународна афирмација на земјата и промовирање на македонските вредности, идентитет и култура.Во таа насока, таа се заблагодари за конструктивноста на ОМД, поддршката во застапување на македонските интереси и исполнување на стратешките цели на државата, како и за нивната улога во унапредување на билатералните односи со земјите во кои дејствуваат.На средбата, претседателката ги истакна нејзините заложби за унапредување на соработката со ОМД, продлабочување на врските со иселениците, искористување на потенцијалите и јакнење на нивната улога во развојот и просперитетот на земјата.Посочувајќи дека македонската дијаспора е столб на татковината, дипломатски ресурс и нашата економска состојба е директно поврзана со активностите на дијаспората, претседателката Сиљановска Давкова, истакна дека е неопходна активна и продуктивна соработка со македонските иселеници и изнаоѓање на модел и посебни услови со кои ќе се овозможат нивни инвестиции, како и пренос на знаење и вештини во земјава.

Македонија | пред 1 година

IMG_5098

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на зоната на пожари во неготинско – донесена одлука за ангажирање на дополнителни 200 армиски припадници

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги посети припадниците на Армијата вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта, кај неготинското село Калањево.Претседателката Сиљановска Давкова од страна на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, беше информирана за актуелната состојба со пожарите и активностите што се преземаат за нивно локализирање.Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката Сиљановска Давкова изутринава донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300.Припадниците на Армијата од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини ќе извршуваат активности по насока на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.

Македонија | пред 1 година

IMG_5080

Претседателката Сиљановска Давкова прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).На средбата членовите на Комисијата ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со тековните активности, обемот на поднесените претставки, донесените одлуки и бројот на досега утврдените случаи на дискриминација. Во таа насока ја потенцираа нивната заложба за транспарентност, достапност и проактивност во елиминирање на сите видови дискриминација и промоција на човековите права.Нагласувајќи ја исклучително важната улога на КСЗД, како самостоен и независен орган, претседателката Сиљановска Давкова ја изрази нејзината безусловна поддршка на активностите за спречување и заштита од дискриминација на граѓаните, како основен предуслов за градење демократско општество.На средбата присуствуваа претседателот на Комисијата Игор Јадровски, заменик претседателот Лимко Бејзароски и членовите Флора Кадриу, Драгана Дрндаревска и Душан Томшиќ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5045

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју.На средбата беше изразено задоволство од тековната соработка и партнерството фокусирано на економскиот раст и севкупниот развој на македонското општество.Нагласувајќи ја непроценливата улога на Светска банка во изминативе три децении, претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираните проекти и иницијативи насочени кон клучните области, деловната клима, вработеноста, социјалната заштита и промовирањето одржлив зелен раст.Двете соговорнички разменија мислења за Рамката за партнерство за периодот 2024-2028 година, која претставува одлична можност за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка, директно придонесувајќи кон надминување на актуелните предизвици и подобрувајќи го квалитетот на животот на македонските граѓани.Во таа насока, претседателката ја изрази нејзината подготвеност за актуелизирање на овие цели, натамошно промовирање на нашите економски интереси и искористување на идните потенцијали.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања