„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сиљановска

IMG_4757

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани врз пријателство и соработка во сите области од взаемен интерес, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за натамошно проширување на билатералната соработка и продлабочување на македонско-кинеското пријателство во текот на нејзиниот мандат. Таа го реафирмираше македонскиот став за почитување на политиката „Една Кина“.Соговорниците изразија очекување дека и понатаму ќе продолжат да се развиваат и унапредуваат меѓусебните односи во сите сфери од взаемен интерес, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти и ги нагласија можностите за проширување на економската соработка и туризмот. Во тој контекст, претседателката посочи дека е неопходно македонските стопанственици да бидат подобро запознаени со регулативата, прописите и функционирањето на кинескиот пазар, како би можело да се зголеми извозот во Кина.Претседателката Сиљановска Давкова и кинескиот амбасадор Ѕуо разговараа и за улогата и влијанието на Народна Република Кина во светот, како и во нашиот регион, особено во контекст на економијата, а разменија мислења и информации и за ставовите на кинеската надворешна политика.

Македонија | пред 1 година

IMG_4746

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.На средбата беше потврдена важноста на долгорочната соработка со ОБСЕ за поддршка на македонските реформи во различни области предвидени во мандатот на организацијата, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка за активностите насочени кон зајакнување на соработката и воспоставување мир во регионот на ОБСЕ.Претседателката изрази благодарност и за важната улога на ОБСЕ/ОДИХР во процесите поврзани со изборните реформи, особено во напорите за организирање слободни и фер избори, додавајќи вредност на легитимитетот, кредибилитетот и довербата на процесот.Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка на ОБСЕ со македонските релевантни институции и со граѓанското општество која е динамична и продуктивна и изразија подготвеност за продолжување на соработката и во понатамошниот период во однос на прашања и предизвици поврзани со напредокот на нашата земја.

Македонија | пред 1 година

IMG_4743

Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја.На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка и беше поздравен отворениот и конструктивен дијалог за прашањата од заеднички и поширок интерес.Претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за продолжување на одличниот политички дијалог на највисоко ниво и изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.Во контекст на европските перспективи и споделувањето на заедничките вредности, претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на косовските евроатлантски аспирации и учеството во различни формати на регионална соработка и ја истакна подготвеноста за споделување на искуства во сите области каде што располагаме со соодветна експертиза.На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во регионот, за соработката во рамки на регионалните иницијативи, како и за можностите за продлабочување на прекуграничната соработка преку искористување на фондовите на Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

IMG_4713

Претседателката Сиљановска Давкова го прими словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи и можностите за унапредување на соработката во различни области од заемен интерес.Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека билатералните односи се карактеризираат со пријателство и разбирање оценувајќи дека меѓу двете земји постојат силни културни врски поради наследството на светите браќа Кирил и Методиј.Нагласувајќи дека годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Словачка, претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната поддршка од Словачка и од Вишеградската група како традиционален поддржувач на македонските евроинтеграции и посветен партнер во НАТО.Во насока на продлабочување на соработката во области од заемен интерес, Претседателката истакна дека е видлив растот на трговската размена за којашто постои можност во наредниот период да постигне поголеми резултати со заеднички ангажман од двете страни. Таа нагласи дека од особен интерес е и интензивирањето на билатералниот политички дијалог.

Македонија | пред 1 година

IMG_4709

Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја.На средбата беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог со Јапонија во иднина, со цел унапредување на меѓусебно разбирање и соработка на политички, економски и културен план.Во тој контекст беа поздравени проектите од Јапонската иницијатива за соработка со државите од регионов, кои се очекува дополнително да го унапредат развојот на економските односи и да го зголемат интересот на јапонската бизнис заедницата за инвестирање во земјава.Во разговорот со јапонскиот амбасадор, Претседателката изрази поддршка за сите поголеми активности и иницијативи со цел продлабочување на билатералната соработка во сферата на културата, образованието и науката и го поздрави македонското учество на Осака ЕКСПО 2025.Претседателката Сиљановска Давкова упати благодарност до Јапонија, како една од најголемите билатерални донатори во нашата земја, за континуираната поддршка во областа на образованието и здравството, преку проектите за техничка соработка, грантови и донации.На средбата, беше посочено дека годинава се одбележува 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи и 100 годишнината од раѓањето на познатиот архитект Кензо Танге, кој учествуваше во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

Македонија | пред 1 година

IMG_4661

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на организацискиот одбор на Парадата на гордоста

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на организацискиот одбор на Парадата на гордоста 2024.Претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за нивните досегашни активности, како и за идните планови кои имаат за цел подигнување на јавната свест за почитување на различностите, а во контекст на остварување на основните човекови права.На средбата беше посочена неопходноста за градење на инклузивно општество, заштита на маргинализираните заедници, како и предизвиците со кои се соочуваат и беше нагласена потребата од ефективна примена на законите во делот на заштита од дискриминација.

Македонија | пред 1 година

IMG_4657

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Драган Јаќимовиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи на двете земји, можностите за соработка во повеќе области од заемен интерес, како и за унапредувањето на регионалната соработка во насока на справување со предизвиците во однос на регионалната безбедност и европските интеграции.Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемно разбирање, поддршка и почит. Таа нагласи дека постои интерес за продлабочување на економската соработка преку искористување на можностите и потенцијалите за зголемување на трговската размена, како и за натамошно унапредување на политичкиот дијалог.На средбата, претседателката Сиљановска Давкова ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина и притоа ја истакна македонската поддршка за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет согласно Дејтонскиот мировен договор. Таа истакна дека ќе продолжи и понатаму нашата поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина изразувајќи ја нашата подготвеност за размена на искуства на тој план.Во однос на регионалната соработка, Претседателката нагласи дека треба заеднички да се продолжи да се работи на нејзиното унапредување со цел справување со предизвиците за регионалната безбедност и европската интеграција на регионот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4642

Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на Kомеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија.Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател којшто ја промислуваше македонската и меѓународната сцена, притоа што е особено важно и за културниот идентитет на македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето, како предуслов за подобро утре на сите.„Замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија избран на првите повеќепартиски избори, потоа избран уште два пати на истата функција, еден стамен столбник на нашата современост којшто даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Претседателката се осврна на идеолошките напади кон Стојан Андов, на неговата улога во југословенското државно и партиско водство, на политичките судири што ги имал во Југославија, како и неговата значајна улога во Стопанската реформа и во затворањето на ФЕНИ.„Замина, угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план, којшто беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прокрстари светот, како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, претходничката на Европската Унија, којшто во име на сојузната влада го потпиша Договорот за соработка со Европската економска заедница“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова.Таа потсети дека Стојан Андов во деведесеттите години беше либерал, кој сметаше дека нема реформи без либералните вредности, слободите и правата и економските реформи.Претседателката Сиљановска Давкова го истакна државничкото однесување на Андов на патот кон самостојноста и независноста, кога, како што посочи, имаше многу изблици на емоции и конфликтот беше во воздухот.Таа рече дека Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, одмереност, комуникативност и енциклопедиска образованост, како страствен историчар, прагматичен, со чувство за реалноста и најдобар писател меѓу политичарите.

Македонија | пред 1 година

IMG_4620

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик.На средбата се разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, тековните предизвици и можностите за искористување на потенцијалите со цел продлабочување на билатералната соработка.Во годината кога се одбележува триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, заемна констатација беше дека односите меѓу двете земји се на исклучително ниво и беше искажано задоволство од континуираниот политички дијалог, соработката во рамки на меѓународните институции и партнерството во НАТО Алијансата.Претседателката се заблагодари за континуираната поддршка од Полска во реализацијата на македонските стратешки цели и изрази подготвеност за натамошна соработка на евроинтеграцискиот план и исполнувањето на реформската агенда.Во таа насока, претседателката ја потенцираше важноста од непречено одвивање на нашиот пристапен процес во ЕУ и изрази очекување дека полскиот активизам и поддршка, билатерално, како пријатели на Групата за проширување на ЕУ и преку Вишеградската група, ќе продолжат со иста енергичност и во иднина.На средбата беше истакната подготвеност за унапредување на образовната соработка и беа поздравени чекорите во насока на проширување на економската соработка, трговската размена и соработката во енергетскиот, информатичкиот и земјоделскиот сектор.

Македонија | пред 1 година

IMG_4617

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн.На средбата беше поздравен интензивниот политички дијалог и изразена подготвеност за натамошна успешна соработка меѓу двете земји на билатерален и мултилатерален план.Претседателката се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Унгарија како гласен поддржувач на македонската европската интеграција, што претставува наш стратешки и национален интерес и ги поздрави приоритетите на унгарското претседавање со Европската Унија и најавите во однос на политиката на проширувањето.Во таа насока, беа разменети информации околу текот на македонските евроинтеграции, при што претседателката го истакна очекувањето дека процесот на пристапување во Европската Унија ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми.Соговорниците разговараа и за соработката во сферата на образованието, науката, одбраната и транспортот, при што претседателката изрази надеж дека во наредниот период дополнително ќе се продлабочи започната соработка помеѓу државните и високообразовните институции на двете земји.На средбата беа посочени можностите и за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и зголемување на трговската размена.

Македонија | пред 1 година

IMG_4468

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи – Садриу

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи – Садриу.На средбата беше оценето дека двете држави имаат одличен политички дијалог и беше изразен интерес за натамошно продлабочување на севкупната билатерална соработка и јакнење на добрососедските односи.Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека во интерес на натамошна стабилизација и економски просперитет на регионот е неопходно да вложуваме во регионалната соработка, да се обезбеди непречно одвивање на евроинтеграциските процеси на земјите од регионот, како и доследно спроведување на реформската агенда.Во таа насока, двете претседателки разменија мислења за европската перспектива на регионот, како и за политичките и безбедносните предизвици на регионален и мултилатерален план.Посочувајќи дека двете држави се значајни трговски партнери, на средбата беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на економската соработка и инфраструктурното поврзување.

Македонија | пред 1 година

IMG_4467

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ, којшто ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, коишто се карактеризираат со традиционално пријателство и беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на севкупната соработка во областите од взаемен интерес.Двајцата соговорници разменија мислења за политичките случувања во двете земји, актуелните состојби во регионот и европската перспектива.Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста за засилена соработка на билатерален план и во рамки на регионалните иницијативи, што е во интерес на стабилноста, просперитетот и економскиот развој на регионот и во духот на добрососедските односи.На средбата беше посочена потребата за искористување на потенцијалите за развој во областа на економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното и енергетското поврзување меѓу двете земји.

Македонија | пред 1 година

IMG_4465

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.На средбата двајцата соговорници ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи.Во разговорот беше нагласена неопходноста од продолжување на меѓусебната поддршка и соработка во насока на исполнување на заедничките стратешки определби за членство во Европската Унија и беше изразена подготвеност за продлабочување на регионалната соработка со цел одржување на стабилноста и економскиот напредок на земјите од регионот.Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека евроинтеграцијата на државите од регионот е од суштинско значење за стабилноста и развојот и во таа насока е потребна јасна перспектива за приклучување кон ЕУ, доследно вреднување на копенхагенските критериуми и нивна кредибилна имплементација.На средбата беше изразена подготвеност за натамошно продолжување на политичко-безбедносната соработка и партнерството во рамките на НАТО и беа разменети мислења за актуелните политички и безбедносни случувања во регионот и во Европа.

Македонија | пред 1 година

IMG_4462

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Денис Беќировиќ, претседавач на Претседателството на БиХ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Водно, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ.На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, за актуелните состојби и европската перспектива на двете земји, како и за безбедносните и политички аспекти во регионот.Двајцата соговорници ги потврдија заложбите за целосна интеграција во Европската Унија и изразија подготвеност за размена на искуства, меѓусебна помош и поддршка во реформските процеси.На средбата беше посочена важноста од натамошно унапредување на меѓународната и соработката во регионалните иницијативи, со цел интензивирање на евроинтеграциите и справување со предизвиците на регионално ниво.Соговорниците ја потврдија взаемната заложба за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес и ја посочија потребата од подобрување на инфраструктурното поврзување.

Македонија | пред 1 година

IMG_4438

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на македонската дијаспора во Германија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Германија.На средбата претставниците на македонската дијаспора ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со нивните севкупни активности и нивната вклученост во општествените текови во Германија.Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека припадниците на македонската дијаспора во Германија, како наша најбројна иселеничка заедница во Европа, имаат посебно важна улога, и посочи дека се мост којшто дополнително ги јакне добрите билатерални односи меѓу двете држави.Претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги нејзините заложби за соработка и продлабочување на врските со дијаспората, ја претстави својата иницијатива за создавање на Национален совет за соработка со дијаспората, со цел изнаоѓање на начини за нејзино зголемено вклучување во стратегискиот развој на земјата.„Треба да станеме стандардна држава. Во Европската Унија не влегуваат егзотични држави, туку стандардни, демократски држави, компатибилни со оние внатре, компатибилни со германската држава“, рече претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека ние отсекогаш географски, историски, културно сме биле дел од Европа.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања