„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сиљановска

media-libraryt3bsdf28a096cYkbBon

Сиљановска-Давкова со честитка за Свети Климент: Да ги обновиме вредностите што ја одржуваат заедницата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски, нагласувајќи дека се чествува ликот и делото на најголемиот македонски просветител и верен ученик на Светите Кирил и Методиј.Во честитката се истакнува дека споменот за Свети Климент е длабоко врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Неговото име, како што посочува претседателката, денес го носат бројни образовни, научни и културни установи, а ликот му ги краси православните храмови ширум земјата.Најголемото наследство на Свети Климент, се вели во честитката, се писменоста и вредностите што им овозможиле на луѓето да ги разберат книгите и себеси, како и одговорноста што ја имаат не само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата. Под негово водство, нашите краишта преминале од политичка периферија во значаен образовен и духовен центар, со Охрид како престолнина на просветителската мисла.Сиљановска-Давкова потсетува дека Охридската книжевна школа и духовното творештво оставиле траен белег врз европската цивилизација, надживувајќи империи и системи поради својата непрекинлива вредност и човечка универзалност.Празникот, додава таа, е можност да се преиспита колку од вредностите на Свети Климент – милост, смирение, взаемна помош и разбирање – се препознаваат во современиот живот. Пред македонското општество, како што наведува, стои голема задача: повторно да се изградат доблестите што ја одржуваат заедницата и да се создаде заедничка цел што ќе ги надмине поделбите.Во честитката се подвлекува потребата од владеење на правото, борба против корупцијата, социјална правда и заемна грижа како темели за обновување на општествениот договор меѓу слободни и еднакви граѓани.„Нека пораката на Свети Климент за смирение, милост, знаење и заедништво биде инспирација да ја изградиме Македонија како пристојно, праведно и достоинствено место за живеење“, порача претседателката.

Македонија | пред 2 седмици

siljanovska-filipce

Претседателката го советува СДСМ да излезе од кризата, тоа било здраво за демократијата

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го советува опозицискиот СДСМ што поскоро да излезе од кризата.Иако вели дека не коментира внатрепартиски прашања, сепак вели важно било СДСМ да ги надмине проблемите и повторно да стане силна опозиција бидејќи тоа било здраво за демократијата и за државата.„СДСМ има статут, има пограма и други акти и внатрепартиски структури, постојат демократски начини на решавање на проблемите и мислам дека тоа е добро, прво за нив, но и за сите нас, бидејки без силна опозиција не може да има демократија, да има парламент што ќе носи добри одлуки бидејќи тие се коректорот на власта. Посакувам час поскоро со помош на членството да ги надминат проблемите. Со вакви проблеми, многу партии се соочувале не само кај нас, туку и надвор. Мојата порака е дека оваа партија има долга историја, меморија, имала големи победи и успеси, и како и другите партии имала и кризи. Се надевам дека од кризата ќе излезат со нови решенија и ќе станат повторно активен фактор и актер на македонската демократија“, изјави Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 3 седмици

siljanovska-t324

Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, каде што во рамки на свеченото отворање се одржа и Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова потсети дека фестивалот започнал во 1961 година, по повод стогодишнината од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци, и оцени дека Струга прераснала во „поетска република“ која обединува творци од целиот свет.„Најважните белези на струшкиот поетски републиканизам се универзалноста, отвореноста, инклузивноста, рамноправноста, талентираноста и слободољубивоста. Струга е место што ги спојува поетите без разлика на политичките или идеолошките поделби“, рече претседателката.Таа предупреди на предизвиците од дигиталната зависност, сензационализмот и брзиот развој на технологијата, нагласувајќи дека и покрај вештачката интелигенција, „само поетите се господари на чувствата и волшебници на зборот“.Сиљановска-Давкова потсети на судбината на забранети книги, меѓу кои и АБЕЦЕДАРОТ, и истакна дека „живиот збор е делотворно оружје што може да ја разбуди совеста, да поттикне активност и да ја промени реалноста“.Таа го поздрави враќањето на традиционалните белези на фестивалот – читањата кај Св. Климент во Охрид, поетското пловење до Св. Наум и матинето во дворот на „Св. Богородица Перивлепта“, и ги прогласи овогодинешните Струшки вечери за отворени.„Од тука, од Струга, вие сте го менувале и сѐ уште можете да го менувате светот, градејќи вечни поетски мостови од мислата и зборот, проткаени со ум и чувства“, порача Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 4 месеци

500149416_1257246975776933_3755764212407591834_n

Македонска порака до Ватикан преку претседателката: Време е за реформи во ОН

„Имав чест и привилегија во Ватикан да остварам четириесетминутен срдечен разговор со Неговата Светост, Папата Лав XIV“, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Таа додава:„Споделивме мислења за неопходноста од реформи во Обединетите Нации, потребата сите да бидат вклучени во решавањето на глобалните предизвици, како и за други актуелни прашања со коишто се соочува светот.Разговор со човек со ум на математичар, срце на филозоф и душа на духовен водач е искуство што се памети засекогаш. Во него се огледа мудроста на вековите, посветеноста на најранливите и несебичната заложба за мир, правда и реформи во светот.Со Папата разменивме подароци полни со длабока симболика и порака. Стилизираниот симбол на Јустиција, што ми го подари, е симбол на правдата и говори за вербата дека жените можат да направат многу во светот.Оваа средба ќе остане врежана во моите мисли како потсетник на вредностите што треба да нè водат: мир, правда и хуманост!“.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-17.57.01

Конзулката Ременски и нејзиниот сопруг од АНБ на фотографија со претседателката Сиљановска во Рим

Експратеничката на СДСМ, конзул на Македонија во Венеција, Фросина Ременски, заедно со нејзиниот сопруг, кој работи во АНБ, Јовче Ременски, се фотографираа со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Рим. На фотографијата тие се пред базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Сопружниците Ременскис е гледаат на една од единаесетте фотографии кои ги објави Кабинетот на Сиљановска. Поводот беше чествувањето на Св. Кирил и Методиј. Неофицијално, присуството на Ременски било дел од дипломатските активности на Македонија во Италија.Одлуката за именување на Ременски за конзул беше донесена од Владата на 13 февруари 2024 година, со потпис на поранешниот заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи од СДСМ. И по смената на власта, таа остана дипломатски претставник. Ременски е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје. Во својата политичка кариера, таа беше пратеничка на СДСМ, потпретседателка на Собранието и техничка министерка за труд и социјална политика. Исто така, беше потпретседателка на СДСМ, се обиде да го добие и претседателското место - но не доби поддршка.

Македонија | пред 7 месеци

Foto

Сиљановска во неверување: Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните, по повод трагедијата што рано утрово се случи во Кочани.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова:Почитувани сограѓани,Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка. Сè уште не можам да поверувам дека ужасната трагедија во Кочани е реалност.Не знам со кои зборови да им изразам сочувство на родителите и најблиските на погинатите. Вашата неизмерна болка е и моја.Утринава ги посетив болниците. Пред нив ме дочекаа родителите на повредените, со надеж и доверба во медицинскиот персонал. И јас, како нив, верувам дека ќе го сторат не само можното, туку и неможното за да им помогнат на нивните сакани.Знам и чувствувам дека не сме сами, оти веднаш се огласија, не само соседите, туку и подалечните држави.Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција заради добивање врвна медицинска помош и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и Светот се со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин. Вечно ќе им бидеме благодарни.Почитувани и сакани граѓани,Ве молам, водени од хуманоста и емпатијата да се сплотиме во болката свесни дека смртта и болеста подеднакво нè допираат сите, без оглед на било каква припадност.Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација.Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и активност.Ниту еден одговорен овој пат не смее да ги избегне правото, правдата и казната!Да не ја сквернавиме невината жртва на погинатите, да ги здружиме силите околу преживеаните. Да не дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе.Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединците.Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот.

Македонија | пред 9 месеци

siljanovska-davkova-1-1

„Не употребувам вето за да навредам некој јазик, Законот не е согласно Уставот“ - Сиљановска си го брани ветото

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е децидна дека се водела од Уставот кога го вратила Законот за заштита на децата со кој се целеше да има двојазични лиценци. Според Сиљановска, тоа не е закон за јазични прашања, затоа треба да се доработи. За реакциите на дел од опозициските албански партии, посочи: „Нема да употребам вето за да навредам некој јазик. Членовите 9 и 10 од Законот за заштита на децата не се во согласност со уставот и законот за јазици, затоа не ги потпишав“.Според нејзе, политиката не влијаела на нејзината одлука, туку се водела од законските норми.„Никогаш не сум се водела од партиски насоки, туку од мојата обврска за почитување на Уставот и законите, која важи за сите нас“, изјави Сиљановска Давкова.Додаде дека не е уставен судија да дава оценки, но дека одлуката членови од законот уште еднаш да се разгледаат надлежните институции и народните избраници.Согласно процедурата, Собранието има можност да ги спроведе сугестиите и забелешките на претседателот, но тоа не е задолжително. Доколку Собранието по второто разгледување го изгласа со 61 глас, претседателот е должен да го потпише указот за негово прогласување.

Македонија | пред 11 месец

siljanovska-davkova-4

На Сиљановска и се расипал авионот и не отишла за Париз

Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција.“Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова го информираше Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз, велат оттаму.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-1-2

Сиљановска обвини за хајка по спорните помилувања, па го кажа новиот состав на Комисијата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го избра и соопшти новиот состав на Комисијата за помилување. Пред тоа, таа посочи дека кај претходниот состав на Комисијата не гледа никаква грешка во постапувањето, кога беше помилуван и член на нарко-банда. Сиљановска-Давкова посочи и дека таа нема никаква грешка.„Хајката што се случи по медиумите е интересен феномен. Колегите не згрешија. Во ништо не згрешив ниту јас. Затворениците се луѓе, помилувањето е давање на милостина. Комитетот за превенција на тортура и нечовечко постапување ни упатува и критики дека кај нас има најниски помилувања“, рече претседателата.Таа кажа дека во нејзиниот тим за помилување немало и нема да има актуелни обвинители, судии, адвокати и беше децидна: „Јас сум против тоа“.Пензионираната врховна судијка Милка Ристова ќе биде претседателка на новата Комисија за помилување во кабинетот на претседателката.Членови се:-професорката по кривично право од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Александра Груевска-Дракулевски,-професорот од Факултетот за безбедност Оливер Бачановиќ,-доктор по психолошки науки Драгана Батиќ,-професорката од Правен факултет, Александра Груевска Дракулевски,-професорот од тетовскиот правен факултет Афет Мамути,-професорката по казнено право од Универзитетот на Југоисточна Европа, Блерта Ахмеди Арифи,-магистер Доан Сулејманоски, кој доаѓа од невладиниот сектор.Првата седница, Комисијата за помилувања ќе ја одржи утре.Претходните членови на Комисијата поднесоа колективна оставка по само три месеци работа.Оставките беа по острите реакции во јавноста откако по повод Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври, претседателката Силјановска помилува десет осуденици, меѓу кои беше и Акиф Равмановски, припадник на нарко кланот „Барон“. Помилувани беа и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски обвинет во случајот Транспортер и Маријан Ефремов првоосомничен во аферата „Шпион“.Претседателката е на став дека поради законските ограничувања за проверки и мешање во работата на судовите и на обвинителствата, неправедно настрада претходната Комисија.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-3

Сиљановска помилува и осомничен за пукањето во Чаир од пред една недела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилувала осуденик кој пред девет дена учествуваше во пукање во Чаир, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, Акиф Равманоски од Арачиново на кого со потпис на Сиљановска-Давкова му се укина затворот и му се одреди условна осуда, бил дел од групата која пукала.Ако се гледа хронолошки, пукањето во Чаир се случи на 15 октомври, а Сиљановска го потпишала помилувањето на 21 октомври. Тоа значи дека претседателката го ослободила Равмановски седум дена по вооружениот инцидент.Рамадановски учествуваше во пукањето, додека се уште издржуваше затворска казна во „Идризово“ (за која е помилуван). Во моментот на пукањето, тој бил излезен од затворот бидејќи користел погодност - работен ангажман. Но наместо на работа, полицијата го лоцирала на местото каде се пукало. Равмановски по пукањето се врати во „Идризово“, од каде со полиција беше однесен во станица.Како што и претходно објавивме, меѓу останатите помилувани се Владимир Талески, ексградоначалник на Битола, кому Сиљановска му скрати една година од затворот, а е осуден во предметот „Транспортер“. Делумно помилување доби и Марјан Ефремов, на кого му се скратени три месеци, а првообвинет во предметот „Шпион“.Акиф Равмановски, јавноста го опишува како член на наркокланот „Барон“, а Шенол Маслани кој исто така е помилуван е брат на познатиот Шенки, кој во јавноста стана познат по опседнатоста со модниот бренд „Версаче“.Во согласност со Законот за помилување, постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот започнува со поднесување молба за помилување до судот којшто ја донел првостепената судска одлука.Молбата, заедно со потребната документација, судот ја доставува до Министерството за правда.Според законски утврдената постапка, министерот за правда ги разгледува молбата и останатите документи, и дава свој предлог којшто го доставува до претседателот на Република Македонија.Комисијата за помилување на претседателот на Република Македонија, како постојано работно тело во служба на претседателот, на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот за правда.Комисијата, со мнозинство гласови од присутните членови, утврдува мислење односно предлог којшто го доставува до претседателот на Република Македонија.Врз основа на мислењето на Комисијата, како и врз основа на предлогот на министерот за правда, претседателот на Република Северна Македонија донесува конечна одлука.Одлуките на претседателот се јавни и се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“.

Македонија | пред 1 година

IMG_6800

Претседателката Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со високиот претставник на американскиот Стејт Департмент за Западен Балкан, Александар Касаноф

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк оствари средба со Александар Касаноф, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан.На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше важноста на стратешкото партнерство и пријателство со САД и изрази очекување за засилување на поддршката од официјален Вашингтон за што побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ.Претседателката Сиљановска Давкова укажа дека во интерес на двете земји и регионот на Западен Балкан е наскоро да бидат отворени првите поглавја во македонските преговори со ЕУ и дека САД ќе имаат конструктивна улога во тој процес, што е важен и поради глобалните безбедносни предизвици.Претседателката Сиљановска Давкова во разговорот изрази надеж дека Европската Унија ќе почне да ги почитува сопствените одлуки кои укажуваат дека билатералните прашања не смеат да го блокираат процесот на проширување.Македонската претседателка го повтори ставот дека по 16 препораки на Европската Комисија за почеток на македонските преговори за членство, ЕУ треба да ги спроведе сопствените правила и да се базира на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во унијата.Американскиот заменик помошник државен секретар Александар Касаноф порача дека претседателката Силјановска Давкова и владата во Скопје може да сметаат на поддршката од САД во обидот да се пробие блокадата со која што се соочува земјата на патот кон ЕУ.На средбата Касаноф упати благодарност за македонската воена и техничка поддршка за Украина која што ја потврдува позицијата на земјата како кредибилна земја партнер на САД и членка на НАТО.

Македонија | пред 1 година

IMG_6786

Претседателката Сиљановска Давкова на дебата на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги, што ја предводи САД, со цел обединување на меѓународните напори и преземање на координирани акции во справување со заканите од синтетички дроги, коишто се во пораст на глобално ниво. На состанокот се обратија американскиот претседател Бајден и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше и на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со кој претседаваше словенечкиот премиер Роберт Голоб, на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“, на којшто се дискутираше и беа разменети информации за безбедносната состојба во Украина.Во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со извршната директорка на Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Woman), Сима Бахус.Двете соговорнички споделија искуства за активностите што ги преземаат жените - лидери за промовирање и одржување на мирот и одржливиот развој и разменија мислења за чекорите што треба да ги преземат светските лидери со цел обезбедување на континуиран напредок во родовата еднаквост, јакнење на улогата на жените и нивна поголема вклученост во процесите на одлучување и креирање политики.Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста на македонските институции за натамошно продолжување на успешната соработка со Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, како и нејзината силна посветеност за унапредување на севкупната улога на жените.

Македонија | пред 1 година

IMG_6619

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации во земјава.Претседателката Сиљановска Давкова, упатувајќи честитки за именувањето на функцијата, го изрази задоволството од досегашниот исклучителен придонес на Обединетите Нации во нашата европска интеграција, како и континуираната поддршка за земјата и за граѓаните.На средбата се разговараше за тековните активности и проекти коишто со поддршка на Организациите на ОН се реализираат кај нас при што беше нагласена досегашната одлична институционална соработка, на сите нивоа и области.Двете соговорнички разговараа за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети.

Македонија | пред 1 година

IMG_6616

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици-младинци со оштетен слух и говор од ДУЦОР „Партенија Зографски“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими ученици-младинци со оштетен слух и говор од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“, специјалниот едукатор и рехабилитатор Христина Божиновска Ѓикова и Викторија Волак, толкувач на знаковен јазик.На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности во овој училишен центар што се во насока на образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на ученици со оштетен слух. Учениците ја запознаа Претседателката со разновидните воннаставни активности во коишто се активно вклучени преку кои ги развиваат своите вештини и таленти од областите за кои покажуваат особен интерес, како и со нивните идни планови по завршувањето на средното образование.Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна значајноста на дејноста на ова единствено училиште за средно стручно образование во земјава за учениците со оштетен слух во коешто се оспособуваат за интегрирање во работните процеси, како и за вклучување во високото образование. Изразувајќи ја својата поддршка за нивната мисија, Претседателката порача дека наш заеднички приоритет треба да биде унапредувањето на правата на лицата со оштетен слух и говор со цел нивна поголема инклузија во македонското општество.

Македонија | пред 1 година

Foto-2

Бугарија си го брани амбасадорот, Сиљановска си ја брани фотографијата

Бугрското Министерството за надворешни работи застана во одбрана на ставовите на амбасадорот Жељаско Радуков кој вчера одбил да ја прифати протестната нота за изостанувањето на македонското знаме, за време на фотографијата од средбата помеѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот колега, Румен Радев. Истовремено, претседателката Давкова го правдаше фотографирањето пред две бугарски знамиња. Дипломатскиот скандал стана долга сага.„Посетата беше по повод културен настан – гостување на Националната опера и балет на Република Северна Македонија во Софија и нема карактер на државна, официјална или работна посета. Во такви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање на химните, поставување други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути. Горенаведеното го изјави и амбасадорот Радуков вчера во разговорот со дипломатите од МНР на РСМ“, наведуваат во својот став од бугарското министерство.Претседателката во интервју за телевизијата Сител даде свое објаснување што всушност се случило.Таа кажа дека видела оти го нема знамето, и мислела да си замине, но со тоа ќе направела скандал.„Јас не знаев дека ќе треба да се сликам и во просторот каде што се одржуваат фотосесиите. Кога тргнавме ние, мислев дека ќе одиме во просторија за разговор, одеднаш кога влегов во просторијата ги видов двете знамиња и требаше да размислувам што да направам. Во тој момент едната мисла беше дека можам да си заминам и тогаш ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот, а не јас греши и дека што е подобро си велам“, кажа Сиљановска Давкова, која подвлече дека ако си заминела, посета немало да има, но и ќе имало нова сенка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања