„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сиљановска

IMG_4174

Сиљановска-Давкова за венецот без името на државата: Не мислам дека е проблем и негирање на Македонија, немаше место за подолг напис

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги разбира забелешките на венецот кој го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија без името на државата.„Лентите не се големи, разговаравме во Кабинетот имавме и различни мислења, на пример јас имав мислење дека може да биде Р.С. Македонија на пример, бидејќи немаше инаку простор“, рече Сиљановска-Давкова.Сепак, Кабинетот одлучил да стои само нејзиното име оти таа е на чело на делегацијата.„Не мислам дека е тоа е не знам каков проблем, негирање на државата и Македонија, се знаеше која делегацијата и ние. Тоа решение ни се чинеше дека е најдоброто“, додаде Давкова.

Македонија | пред 1 година

IMG_4155

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Халман Марти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Халман Марти.На средбата беа разменети мислења за севкупната билатерална соработка меѓу двете држави, што ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на соработка и меѓусебно почитување.Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во Швајцарија, со која годинава одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, гледаме голем пријател и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешнополитичките цели и приоритети.На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на швајцарската поддршка за македонските институции, како на централно, така и на локално ниво, но и за граѓанското општество и нагласи дека особено го цениме фактот што Швајцарија е наш најголем билатерален донатор.Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата од натамошно зајакнување економската соработка, како преку натамошно унапредување на трговската размена, така и преку зголемување на швајцарските инвестиции.На средбата беше посочено и на бројната македонска дијаспора во Швајцарија, како важен аспект во севкупниот развој на односите меѓу двете држави.

Македонија | пред 1 година

IMG_4090

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на молебенот во чест на Свети Кирил

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол, денеска во базиликата „Сан Клементе“ присуствуваше на молебенот во чест на Свети Кирил и се поклони на гробот на сесловенскиот просветител.Молебенот, на кој присуствуваа членовите на државно – црковната делегација, претставници од дипломатскиот кор и други гости, го отслужија Владиката Пимен и Владиката Тимотеј со претставници на Македонска православна црква — Охридска архиепископија.По молебенот, претседателката Сиљановска Давкова упати порака за продолжување на делото на св. Кирил и рече дека посебна убавина на настанот му дало бројното присуство на припадниците на македонската дијаспора во Италија и во Австрија.„Кирил бил со векови пред времето. Кирил го вградил, не само својот живот, туку и нашиот живот, на некој начин, во Европа пред многу многу долги векови. Тоа мораме да го почитуваме. На Кирил му било јасно значењето на зборот, на речта, на мислата, оти тоа значело обединување, разбирање, слушање, говорење“, изјави претседателката Сиљановска Давкова, која со гордост ги споменува Cветите Кирил и Методиј кои се директна врска меѓу Македонија како лулка на европската писменост и Европа.Таа посебно ја истакна и почитта што кон делото на Св. Кирил ја имаат сите словенски народи.„Кирил порачал дека јазикот е код за разбирање, дека треба да се разбираме, да се обидеме, да се слушаме, да се помагаме. Кога вака доаѓаме едни по други, има ли поголем доказ дека тој на ум имал обединување на сесловенскиот свет. Тој им припаѓа на сите и мислам дека неговата порака е хумана порака“, рече претседателката Сиљановска Давкова по молебенот.Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен - плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова вчеравечер во салата „Балдини“, присуствуваше на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“ со солистот Нада Талевска – Спасовска, кои настапија со македонски народни песни во нивни аранжман, а во организација на Министерството за култура.Попладне претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

Македонија | пред 1 година

IMG_4085

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.,,Би сакала да упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, исполнети со радост и со среќа што имаме можност да ги ползуваме плодовите на великото дело на солунските браќа. Благодарение на нив, словенските народи добија можност да ја развиваат својата духовност, култура, образование, наука. И македонската јазична и културна самобитност, но и светогледот и космополитизмот се втемелени од нивната работа и достигнувања, и од нивното човекољубие.Светите Кирил и Методиј покажаа дека со знаење, жед за вистината, правдољубивост, посветеност, хуманизам и благородност, можат да се надминат ограничувањата и да се победат неправдите. Историјата на Европа и на светот нема премногу примери на така влијателни личности коишто имаат оставено печат на своето време, но и патоказ за иднината и кои се светилници на човечката цивилизација. Затоа нивното дело и по еден цел милениум не бледнее и не губи на значење.Нека подвигот на светите браќа и понатаму бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено и исполнето живеење, творење и создавање.Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на Св. Кирил и Методиј.”

Македонија | пред 1 година

2874109_rumen-radev_ls

Радев: Желбата на Македонија за дијалог е позитивен знак

,,Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставува ЕУ како што беше со случајот с секоја земја-членка“, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Рим.Бугарскиот претседател објаснил дека поради набиената програма бугарската делегација денес не била во можност да се сретне со македонската делегација.,,Очекувам дека таква средба ќе има наскоро, рекол тој, додавајќи дека ја кани Сиљановска Давкова на официјална средба во Софија. Сметам дека желбата на PCM за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателката на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија.”, вели Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Македонија | пред 1 година

IMG_4079

(Галерија) Сиљановска со Папата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од Папата Франциск по повод нејзиниот избор за Претседател и истакна дека ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, да ја предводи државно-црковната делегација на овој значаен настан.Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврди високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави.Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции.Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава.Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница.На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.По аудиенцијата кај Папата Франциск во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова истакна дека на долгата средба со Папата најпрво се усогласиле околу актуелните проблеми, околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската Унија, поддршката на Ватикан на Западен Балкан. Претседателката во изјавата посочи дека изразила разбирање за склучување на Конкордат со Ватикан, затоа што системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на католичката црква и христијаните од католичката религија кај нас и рече дека изразила желба да се отвори Нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина да биде директна соработката. Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи ја соработката во многу области во сферата на високото образование, библиотекарството, конзервирањето итн., рече дека изразила спремност да продолжи таа соработка.Претседателката Сиљановска Давкова денеска оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, на којашто беше изразена цврста подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во духот на меѓусебното разбирање и заедничките вредности.

Македонија | пред 1 година

IMG_4074

Сиљановска Давкова во посета на Рим и Ватикан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск официјално ја почнува неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.Ова ќе биде нејзината официјална прва посета во странство по победата на изборите.На аудиенција кај папата денеска треба да присуствува и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова сѐ уште не е потврдено дали двајцата претседатели ќе имаат евентуална средба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-23-at-12.16.52

Сиљановска нема да се сретне со бугарскиот претседател: Ќе ја реализираме во првиот можен момент

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема да има средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Рим.„Обете делегации имаме агенда, но рековме дека час поскоро во првиот можен момент ќе ја реализираме. Само што излегов од кај Папата и дознав дека нема да има средба. Но останува да се видиме“, рече кратко Сиљановска.Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова предводи државна делегација во Ватикан и Рим. Во италијанската престолнина е и бугарскиот претседател Румен Радев. И двајцата доаѓаат по ист повод 24 мај, Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Македонија | пред 1 година

IMG_4069

Претседателката Сиљановска со честитка по повод Националниот ден на Власите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница.,,Дозволете ми да ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите. На овој празник се потсетуваме на прифаќање на вистината дека Власите се посебен народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори.Живеејќи омеѓени во неколку балкански држави, за Власите се вели дека се народ со многу татковини. А сепак, само во нашата заедничка македонска татковина, Власите се уставно признати и општествено ценети. Тоа се должи на македонската традиција на соживот и на почитување на достоинството на различноста, но и на влогот на Власите во борбата за слободна македонска држава. Пред 80 години, Власите рамноправно учествуваа и во формирањето на асномска Македонија.И покрај предизвиците во образованието, претставниците на влашката заедница континуирано придонесуваат во секоја општествена сфера. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани, Власи, да можат без никаков проблем да го остваруваат основното човеково право на образование.Јазикот е најцврста врска меѓу предците и потомците, со кој се пренесува неповторливото искуство и уникатната перцепција што народот го има за реалноста. Оттука, влашкиот јазик е дел не само од македонското, туку и од европското културно богатство. Затоа, потребна е одлучна акција за зачувување и за промовирање на влашкиот јазик, идентитет и култура, особено во образовниот систем и неговото користење во приватниот и јавниот живот, во духот на европските вредности.Со такво уверување, на сите припадници на влашката заедница им го честитам големиот празник – 23 Мај.”

Македонија | пред 1 година

siljanovska-inaguracija-sobranie

Ќе има ли средба Сиљановска-Радев: претседателката ќе патува во Рим

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заминува за Рим на 24. мај за чествување на св. Кирил и Методиј, но, целата агенда на делегацијата се уште не е готова. Од Кабинетот за „Скопје1“ велат дека дел од средбите се дефинирани. Но не е, евентуалната средба со бугарскиот претседател Румен Радев.„Претседателката Гордана Сиљановска Давкова следната недела ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација во посета на Ватикан и Италијанската Република по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, каде е предвидена аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск и средба со италијанскиот претседател Матарела“, велат од Кабинетот.Прашани дали веќе има договорена средба со Радев, тие одговорија: „Подготовките и деталите за агендата на посетата се во тек и се утврдуваат, по што јавноста ќе биде информирана“.Очите на јавноста се вперени во оваа средба, поради уставните измени кои преку францускиот предлог и преговарачката рамка ги бара Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ кажа дека под бугарски диктат - вакви уставни измени нема да има. Сепак, од нив зависи дали ќе продолжат преговорите на Македонија со ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-18-at-11.19.21

Првите кадровски решенија на Сиљановска: кои се новите лица на челни функции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров се разрешени од функциите. Од Кабинетот на претседателката Сиљановска за „Скопје1“ велат дека нов генерален секретар е Ѓорги Божинов, а заменик Горан Момироски. Божинов, според неговата биографија е правник кој работел на повеќе позиции во Министерството за земјоделие пред да отиде во Вила Водно.„Генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, законодавната и институционалната рамка, процесите на јавни набавки, корпоративно советување, програмите за финансиска поддршка, државна помош, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области. Претходно, Божинов својата кариера во областа на правото ја остварува на раководни административни позиции во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, велат од Кабинетот за „Скопје1“.Момироски, е познат за јавноста. Тој долги години е дел од медиумскиот свет.„Заменик генералниот секретар Горан Момироски е дипломиран новинар со долгогодишно работно искуство во повеќе медиуми во земјава, меѓу кои МТВ, А1 ТВ, ТВ Канал 5, МИА, Телевизија Алфа, а соработувал со голем број меѓународни организации и медиуми во регионот. Во текот на бегалската криза во 1999 година и на воениот конфликт во 2001 година Момироски бил шеф на одделот за комуникација при Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации, а работел и како регионален координатор за комуникации на Меѓународниот комитет на Црвениот крст“, додаваат од Кабинетот на Сиљановска.Побаравме детали и за други кадровски решенија како што се шеф на протокол, аѓутант, нови лица во Секторот за односи со јавност.„Во однос на други кадровски решенија, јавноста ќе биде навремено известена“, додаваат од кај Сиљановска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-16.31.14

Тошковски отиде кај Сиљановска во Вила Водно: од нејзе има само едно барање

„Денеска во Вила Водно имав срдечна средба со Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. Најнапред ѝ ја честитав заслужената победа и посакав да има успешен мандат во кој ќе биде заштитник на државните интереси“, објави Панче Тошовски, технички министер за внатрешни работи и додаде:„На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани“.

Македонија | пред 1 година

424591896_122148605402197509_6074630493607130995_n

(Видео) Јужниот сосед покажа мускули, наместо да честитаат, мое човеково право е како ќе ја нарекувам државата, рече Мицкоски за реакциите од Грција

Прашан за заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и свечената изјава без придавката „северна“ и користењето на старото државно име, Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христија Мицкоски рече дека реакцијата на Грција е покажување мускули.„Беше достоинствена, можам да кажам дека очекував честитка од нашиот јужен сосед, наместо тоа добивме политички мускули. Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули. Очекувам добри, одлични меѓусоседски односи. Ниту на едните ниту на другите не ни се допаѓа Преспанскиот договор, многупати сме кажале дека е реалност, комуникацијата во институциите остануваат согласно законите и Уставот, но моето основно човеково право е како ќе ја нарекувам државата. Додека давам изјави пред вас новинарите, изјавите ќе бидат Макеоднија и македонски. Очекувам тоа да биде и од Силјановска“, рече Мицкоски.Тој испрати и порака до Грција: „Да престанеме со закани. Ако мислат дека сме го прекршиле Преспанскиот договор, го има Меѓународниот суд за правда, таму може да ги вкрстиме аргументите. Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото, тоа нема да го направиме. Ние на нивните политички мускули нема да ги преименуваме автопатите, да градиме споменици. Ние сакаме да видиме добра соработка, добрососедство. Можам да ги повикам грчките компании да инвестираат. Ваков тип на соработка сакам да видам. Нема втора можност за прв впечаток, а од јужниот сосед, наместо честитка за убедливиот тиумф, видовме политички мускули“.

Македонија | пред 1 година

IMG_7036

Сиљановска со Гир не зборувала за неупотребата на “северна” туку за влезот во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.На средбата претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изрази подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста на делегацијата како своевиден координатор на активностите на ЕУ во земјава.Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата за напредок во процесот кон членство во Европската Унија, како стратешка цел на државата и определба на мнозинството од македонските граѓани.Нашата иднина, според претседателката Сиљановска Давкова, несомнено е во Европската Унија, а местото на нашата држава е на иста маса со европските земји со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности.Претседателката посочи на нејзината подготвеност да придонесе во градењето единство за прашања од национален и државен интерес и да придонесе кон обезбедувањето на политички и општествен консензус по однос на реформската агенда и усвојувањето на закони за кои е предвидено европско знаменце, со цел да се избегне неговата злоупотреба, што беше нотирано и од самата ЕУ во изминатиот период.Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека и покрај високото ниво на подготвеност на македонската администрација и насобраното искуство, напредокот во исполнувањето на критериумите трпи поради политички околности и потези за кои се одговорни и одредени земји – членки на ЕУ.Во тој контекст, таа посочи на потребата од враќање на вербата во мериторен процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхашките критериуми.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-4670PM

ЕУ: Несреќен настап на новата претседателка Сиљановска-Давкова

Брисел бара од Македонија почитување на Договорите со Грција и со Бугарија.“Очекуваме и се радуваме на заедничка соработка со избраните претставници во Северна Македонија, и со новата влада и со претседателот, за да помогнеме земјата да напредува и да го испорача очекуваното што ЕУ го зададе во однос на пристапувањето на Северна Македонија”, изјави портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано за како што го нарече, несреќниот настап кога новата македонска претседателка, Гордана Силјановска Давкова, не го кажа уставното име на државата за време на церемонијата на давање заклетва како претседател на државата.Тој потсети дека меѓународната заедница вчера имала изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата при давањето заклетва.„Го видовте твитот на претседателката Фон дер Лајен, ја видовте нашата вчерашна изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата во давањето заклетва. Она што се очекува од Северна Македонија беше многу јасно наведено во последниот извештај за проширувањето во кој пишува дека во делот на регионалната соработка земјата одржала добри односи со другите држави од процесот на проширување и го продолжила учество во регионална иницијативи, постоечките билатерални договори треба, во добра волја, да се имплементираат од сите страни, вклучувајќи го и Преспанскиот договор склучен меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги и протоколите. Ова е очекувањето од ЕУ“, нагласи портпаролот Стано.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања