„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сиљановска

IMG_6608

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.На средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, потенцијалите и можностите за унапредување на соработката, во функција на градење на добрососедство засновано на меѓусебна доверба и разбирање. Во таа насока, претседателката изрази очекување за поддршка од Грција на политиката за проширување и на нашите европски аспирации.На средбата со грчката амбасадорка беа разменети мислења и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, при што претседателката ја нотираше важноста од негова доследна примена од сите страни кои се обврзале на него.Претседателката Сиљановска Давкова на средбата ги реафирмираше заложбите за натамошно унапредување на партнерството и искреното пријателство со Грција. Таа ја нагласи добрата соработка во областа на одбраната, потенцирајќи ја важноста и од јакнење на економската соработка, трговската размена, инфраструктурното поврзување, како и соработката во областа на образованието, културата и туризмот, како предизвици на кои треба заеднички да се фокусираме во интерес на благосостојбата и зближувањето на народите на двете земји.

Македонија | пред 1 година

IMG_6600

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка во сите области од заемен интерес.„Искрено се надевам дека со Вашиот ангажман ќе продолжиме заеднички и со взаемна волја и посветеност да ја интензивираме соработката, со посебен акцент на економската и надворешно-трговската соработка, туризмот и промовирањето на заедничките активности и проекти кои се во интерес на двете земји и нашиот регион“, истакна Претседателката додавајќи дека очекува соработка и поддршка во реализацијата на националните, регионалните и меѓународните иницијативи и проекти.Во своето обраќање на церемонијата, амбасадорот Миљаниќ ја изрази желбата за продолжување на развивањето и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Зоран Миљаниќ му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

Македонија | пред 1 година

IMG_6590

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици-добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими ученици-добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година и нивните ментори.Учениците се дел од Сојузот на математичарите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонското географско друштво, Здружението на информатичарите на Македонија, Друштвотото на физичари на Македонија, Македонското биолошко друштво, како и ученици, таленти кои индивидуално учествувале на меѓународни натпревари и постигнале успех.На приемот, на кој присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за постигнатите резултати, и посочи на потребата за изнаоѓање на трајно системско решение за соодветна поддршка на нашите најуспешни и најталентирани ученици и нивните учества на меѓународни натпреварувања. Порача дека политиките, особено образовната политика, треба да бидат соодветни и сообразени со потребите и интересите на оние кои се највредни, оние кои се најперспективни.„Нема поголема обврска за оваа држава, и тоа постојано го повторувам, вистинските луѓе, најдобрите, да добијат највисока и најдобра поддршка, и гаранција која сум ја видела по светот, кога во гимназиските денови или на факултет се бомбардираа учениците и нивните ментори со понуди за интервјуа, за разговори, и од сите министерства им нудат ангажман, работно место, алумни систем, во постојан контакт сте. Мислам дека дојде времето и ние не смееме да си заминеме од нашите функции без да решиме или да ставиме еден камен во тој мозаик кој што ќе треба да ги реши проблемите на сите вас“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Учесниците на приемот беа дел од 65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија, Олимпијада по математика „Коперникус“ на Универзитетот Колумбија во Њујорк, 35. Меѓународна олимпијада по биологија во Астана, Казахстан, 8. Европска олимпијада по физика во Кутаиси, Грузија, 54. Меѓународна олимпијада по физика во Исфахан, Иран, 56. Меѓународна олимпијада по хемија во Ријад, Саудиска Арабија, 7. Меѓународна економска олимпијада, во Хонг Конг, Меѓународната олимпијада по германски јазик, Меѓународна олимпијада по англиски јазик, Европската олимпијада по информатика за девојки во Велдховен, Холандија, Европската јуниорска олимпијада по информатика во Молдавија, Светскиот натпревар „Мајкрософт Офис Специјалист 2024“ во Лос Анџелес, САД и други врвни натпревари.

Македонија | пред 1 година

459394465_10228953006384736_8436937946881454828_n

Бурни реакции донесе Сиљановска од Бугарија: „Навистина не знам дали е само глупа или сите околу неа се неписмени“

„За амбасадор се става секогаш знаме а камо ли за претседател“. Ова е само еден дел од реакциите за пречекот на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во кабинетот на бугарскиот претседател, Румен Радев. Професорката по право, Мирјана Најчевска смета дека ова е пораз за Македонија.„Навистина не знам дали е само глупа или сите околу неа се неписмени или едноставно не е соодветна за позицијата која ја има“, додава Најчевска.Слична реакција имаше и професорката Билјана Ванковска.„Погледнете го соопштението (и фотографиите) на ФБ профилот на претседателката Силјановска и споредете со тонот и фотографиите на бугарскиот претседател. Како да зборуваат за две различни средби и “пријателства”. Радев всушност кажува дека македонската страна сама се поканила т.е. дека тој НЕ ОДБИЛ барање за средба од ниту еден странски шеф на држава. Ајде сега да уживаме во Набуко, хорот на поробените Македонци, пардон - Евреи“, напиша таа.

Коментари | пред 1 година

11-radev

Радев пред средбата со Сиљановска: Очекуваме конечно да се решат отворените прашања

Бугарскиот претседател Румен Радев утрово, пред посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Софија потврди деја ќе имаат официјални раговори, но порача дека Владата на Република Северна Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика и дека треба да се врати на реализмот.„Точно е дека музиката и културата се сфери кои не зближуваат. Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Македонија и очекува овој дијалог не само да помогне во нашето културно зближување и да даде поттик на економската соработка, туку и да отвори дијалог за конечно решавање на отворените прашања меѓу нас“, рече Радев.Владата на Република Северна Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот. Нашите односи ќе се засноваат на склучените договори. Очекуваме РСМ да ги исполни сите свои обврски – и кон нас и кон Европската Унија. Ние строго го следиме протоколот, на ред сум сега јас да дојдам во официјална посета на Република Македонија“, рече Радев во врска со денешната посета на Сиљјановска Давкова, која е неофицијална.

Македонија | пред 1 година

IMG_6539

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со нерезидентни амбасадори со седиште во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими нерезидентните амбасадори на Кралството Мароко, Закиа Ел Мидауи, на Арапската Република Египет, Надер Саад, на Државата Кувајт, Гази Хамед Алфадли, на Монголија, Сајанаа Лхагвасурен, на Грузија, Отар Бердзенишвили, на Република Молдавија, Анатол Чебук, на Република Куба, Мариета Гарсија Хордан, на Република Индија, Санџај Рана, и на Исламска Република Пакистан, Модсар Чаудaри, кои се со седиште во Софија.На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја истакна посветеноста од македонска страна за зајакнување на дипломатските односи со секоја од државите, како на билатерален, така и на мултилатерален план.„Нашите врати се секогаш отворени за дијалог и со нетрпение очекуваме тесно да соработуваме со вас за да го истражиме целосниот потенцијал на нашите дипломатски и економски односи. Во таа насока, се надевам дека поблиските билатерални односи и почестите средби ќе го отворат патот за отворање на амбасадите на вашите почитувани земји овде во Скопје“, рече претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи на огромниот потенцијал за развој на економска соработка и претставувајќи го атрактивното инвестициско опкружување на земјата, кое се карактеризира со стратешка географска локација, стабилна монетарна политика, поволни даночни услови и квалификувана работна сила.Таа ги претстави актуелните состојби во државата по одржаните претседателски и парламентарни избори, приоритетите по однос на реформскиот процес, економскиот развој и надворешно-политичките односи.Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова посочи на членството во НАТО и европската интеграција како клучни аспекти во надворешната политика на државата.„Како членка на НАТО, нашата земја сериозно и одговорно ја прифати својата улога. Нашето членство не само што ја зајакнува нашата национална безбедност, туку и ни овозможува значително да придонесеме за регионалната и глобалната стабилност. Активно учествуваме во операциите на НАТО, воените вежби и процесите на донесување одлуки, демонстрирајќи ја нашата заложба за принципите и целите на Алијансата“, рече претседателката Сиљановска Давкова.По однос на процесот на интеграција во Европската Унија, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека нашата земја продолжува да презема значајни чекори кон полноправно членство во ЕУ и дека тоа останува стратешки приоритет за земјата, оценувајќи дека нашата интеграција кон ЕУ е сложена и вклучува различни аспекти.„Очекуваме јасна потврда од Европската Унија за нејзината посветеност на проширувањето кон Западен Балкан, слично на ставот искажан на Самитот во Солун. Мислам дека билатерализацијата на европскиот процес никому нема биде од корист и ќе им служи на интересите на трети земји со различни цели на Западен Балкан“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Македонија | пред 1 година

IMG_6513

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Желјазко Радуков

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Желјазко Радуков.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Радуков му посака топло добредојде и успешно извршување на значајната дипломатска функција во насока на унапредување на односите и соработката во позитивен правец што ќе придонесе за зближување на двете земји и граѓаните.Претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека односите меѓу двете држави за жал не се на посакуваното ниво и не се соодветни за држави кои се непосредни соседи и сојузници во НАТО, од кои едната е членка на Европската Унија, а другата е кандидат за членство со силна посветеност кон ЕУ-интеграцијата.„Неопходна е промена во пристапот преку развој на односите и креирање на позитивна разлика. Во таа смисла, јас како Претседателка на сите граѓани на оваа земја го искажувам моето очекување и надеж дека Вие, почитуван амбасадоре, ќе работите на развивање на соработката во областите од заемен интерес со фокус на предизвиците од секојдневието и иднината“, рече претседателката Сиљановска Давкова, охрабрувајќи го амбасадорот Радуков да работи непосредно како со институционалните, така и со другите чинители во македонското општество: цивилниот и бизнис секторот, културните, научно – образовните институции, медиумите.„Го цениме исклучително важниот и сложен процес на дијалог кој претполага зближување, градење и негување на пријателство, низ заемно почитување на две соседни европски држави и во оваа смисла, сметам дека почитувањето на достоинството, заложбите за европските интеграции и добрососедските односи се целосно комплементарни и заемни интереси на двете земји“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Амбасадорот Радуков, на церемонијата на предавање на акредитивните писма оцени дека неговата мисија започнува во особено извонредни околности, посочувајќи дека разорните ефекти од војната во Украина, кризата на Блискиот Исток, последиците од пандемијата, политичката и социјалната поларизација на глобалната заедница нè изложи на ризик.„Најдобар одговор, кажавме во изминатите години, е обединувањето против секоја една безбедносна закана. Досега сите докажавме дека вредноста да стоиме цврсто и заедно пред агресијата и тешкотиите е она што е вредно. Поради секојдневните турбуленции во нашите билатерални односи, како да забораваме дека нашите две земји се сојузници во најмоќниот политички и воен сојуз. Заедничкото членство ни донесе безброј придобивки. Сепак, не сме го добиле бесплатно. Нашите земји ја платија и ќе продолжат и натаму да ја плаќаат потребната цена за да бидат сојузници со сите наши партнери, но и меѓу себе“, рече амбасадорот Радуков, кој посочи на Коридорот 8 како проект кој е важен не само за безбедноста на двете земји, туку и Алијансата.„Како таков, тој е далеку од кој било друг аспект на нашите билатерални односи и неговата важност не смее никако да се потцени ниту од цивилна, ниту од безбедносна или воена гледна точка“, рече амбасадорот Радуков.

Македонија | пред 1 година

IMG_6449

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас.Во поздравното обраќање на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката порача дека и по повеќе од три децении од нашето осамостојување, стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен двигател и значаен фактор на кохезија за огромното мнозинство македонски граѓани.„Приклучувањето кон Европската Унија претставува наша цврста стратешка определба и генерациска цел за чие остварување макотрпно работеле и продолжуваат да работат десетици наши државни лидери, политички претставници, членови на граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и уште многу повеќе наши дипломати и државни службеници“, истакна во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека како земја на пријателство и соживот, нашата држава ги почитува различностите и ги вреднува соседите и преку своето делување, активно ги промовира европските вредности во регионот и пошироко.Таа изрази уверување дека со поддршка од ЕУ, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки.„Низ годините, донесовме храбри и многу тешки одлуки во интерес на иднината на нашите граѓани и на државата. Направивме многу за да се доближиме до потребните европски стандарди, да преземеме значаен дел од законодавството на ЕУ и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети. Притоа, останавме докажан партнер од доверба за Унијата, како од аспект на реформите, така и преку нашиот придонес во справувањето со многуте заеднички предизвици“, истакна претседателката во поздравното обраќање.Потенцирајќи дека Европската Унија е нашиот најзначаен економски и трговски партнер, што говори за исклучително блиската структурна поврзаност на нашата економија со единствениот пазар на Унијата и економиите на земјите - членки, претседателката истакна дека фондовите и макрофинансиската поддршка на ЕУ беа и остануваат важен поттик за развој, трансформација и реформи.„Би сакала да го истакнам и своето длабоко убедување дека, во духот на заложбите за забрзана и фазна интеграција, ќе успееме да го искористиме целокупниот потенцијал на Планот за раст за Западен Балкан и останатите европски програми и механизми за продлабочување и унапредување на нашето партнерство “, порача претседателката Сиљановска Давкова потенцирајќи дека нашата земја во ЕУ гледа клучен поддржувач, партнер и пријател во справувањето со многуте предизвици на денешницата.Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас при предавање на акредитивните писма ја цитираше изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен: „проширувањето е инвестиција во нашата колективна сила и безбедност. Сакаме силна, конкурентна и безбедна Европа, а тоа го вклучува и Западен Балкан, како и Украина и Молдaвија во нашата Европска Унија“, потенцирајќи дека ова е доказ дека проширувањето повторно ќе стане главен приоритет и дека треба да се забрза за време на нејзиниот мандат.Амбасадорот Рокас посочи и на неодамнешната одлука на Советот и на Европскиот Парламент да го финансира Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.„Тоа покажува дека ЕУ вложува средства сразмерно на нивото на нашите амбиции. Подготвени сме да ја придружуваме Вашата земја, новата Влада, институциите и граѓанското општество на патот кон натамошна европска интеграција. Би сакал да Ве уверам дека моја цел е да и помогнам на Северна Македонија да оди напред и да направи видливи чекори на патот кон оваа заедничка определба за членство во Унијата“, истакна амбасадорот Рокас.„Преговорите и реформите се надеваме дека наскоро би можеле да станат процеси кои меѓусебно ќе се зајакнуваат. И двата процеси се предизвикувачки за Вашата Влада и за јавната администрација. Остануваме подготвени да ја обезбедиме сета неопходна помош за зајакнување на институциите преку нашиот претпристапен инструмент, ИПА. Подготвени сме за отворен дијалог, да слушаме, да советуваме и заедно да изнаоѓаме решенија. Очекувам да соработувам со Вас, Ваша Екселенцијо, со Парламентот, со Владата и со сите други чинители на граѓанското општество“, порача при предавање на акредитивите амбасадорот Рокас.Toj истакна дека ќе ги застапува вредностите на Европската Унија, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, посочувајќи ја солидарноста што ја демонстрирала ЕУ при помошта во борбата со шумските пожари во земјава и на Балканот, како и заложбите за мир што Унијата ги демонстрира преку континуирана и силна поддршка на Украина и на принципите на меѓународното право.

Македонија | пред 1 година

IMG_6439

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници од организацијата Обединети Македонци од Канада

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници од организацијата Обединети Македонци од Канада.На средбата, на која присуствуваа претседателот на ООМК, Ристо Дурловски и секретарот Драги Стојковски, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности и цели на организацијата и за нивното делување во насока на застапување на интересите и потребите на македонската заедница во Канада.Во таа насока, претставниците на организацијата ја запознаа претседателката со нивните активности за зачувување и промоција на македонската традиција, култура и јазик, како и за нивните постигнувања и успеси во различни области во канадското општество, преку кои придонесуваат за позитивна афирмација на татковината и јакнење на релациите меѓу двете држави.Претседателката ги истакна нејзините заложби за негување и продлабочување на односите со македонските иселеници, посочувајќи дека тие се важен сегмент за севкупниот развој на нашата држава и неопходно е да изградиме трајни врски преку соработка, отворање на бизнис-можности, пренос на знаења и инвестиции.Соговорниците разменија мислења и за прашањата од национален интерес, коишто ги засегаат и македонските иселеници, како и за нивната улога во економскиот и демократски развој на земјава.

Македонија | пред 1 година

IMG_6402

Претседателката Сиљановска Давкова на првиот училишен ден во „Јан Амос Коменски“ во Карпош

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, по повод започнувањето на новата учебна година, присуствуваше на првиот училишен ден во ООУ „Јан Амос Коменски“ во општина Карпош во Скопје. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на општинaта Стефчо Јакимовски.Претседателката Сиљановска Давкова на свеченоста ги поздрави првачињата посакувајќи им успех во потрагата по нови знаења.„Бидете сигурни дека нема поважно нешто од знаењето, да учите да пишувате, да учите да пеете, бидејќи само тоа никој во животот не може да ви го земе“, порача претседателката Сиљановска Давкова.Споделувајќи дел од нејзиното искуство како ученик, претседателката истакна дека пред шеесет години како четвртоодделенец, таа била во првата генерација во ова училиште и завршила како првенка, посочувајќи дека „Јан Амос Коменски“ било едно од најдобрите училишта не само во Републиката, туку и во Југославија.„Вреди да се учи, така велеше и чуениот педагог Јан Амос Коменски, вреди да се знае, не за да ги направите среќни вашите родители, роднини, баби и дедовци, туку за да знаете, дека со знаењето станувате секогаш потолерантни, подобри луѓе, бидејќи тој кој знае - ќе знае да се снајде и во животот“, посочи претседателката во поздравното обраќање.Првачињата на првиот училишен ден беа пречекани со пригодна приредба подготвена од учениците од петто одделение. Годинава во ООУ „Јан Амос Коменски“ се запишани 110 првачиња кои ќе посетуваат настава во 4 паралелки.

Македонија | пред 1 година

IMG_6312

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, што се одржа во Вила Билјана во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во тридецениската историја на дипломатски односи, со заеднички напори, двете држави изградија динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области, а како резултат на тие заеднички напори, нашата земја, денес, во Француската Република несомнено гледа голем пријател и искрен сојузник во процесот на нашите европски интеграции. Во таа насока, Претседателката изрази благодарност за француската континуирана поддршка којашто е особено зајакната во изминатите години, а која што ќе продолжи да претставува значаен поттик за наша силна посветеност во спроведувањето на реформите во земјата.„Нашата земја заслужува да ги отпочне преговорите за пристапување во ЕУ без натамошно одложување. Подготвени сме да го преземеме својот дел од задачата за иднината на Европа, ширејќи ја нашата визија за отворен пристап кон европските партнери, заснован на определбата за пријателство, широка соработка, меѓусебно почитување и искрен пристап во односите. Тука, немаме сомнежи дека нашите француски пријатели безрезервно ќе ѝ помогнат на нашата држава да стане дел од европското семејство, чин што ќе отвори ново поглавје во нашата историја, ќе донесе нова енергија кај македонските институции и граѓани, ќе подигне нов бран на посветено себевложување за европската идеја“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нашата подготвеност за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, особено за интензивирање на економските односи меѓу двете земји.Амбасадорот Ле Риголер, во своето обраќање на церемонијата, истакна дека неговата мисија во нашата држава е со двојно значење, да обезбеди континуитет во поддршката на Франција за нашиот европски пат и реформскиот процес, како и за унапредување на човечките и културните односи кои ги обединуваат двата народа. Во насока на продлабочување на билатералните односи, амбасадорот Ле Риголер истакна дека се значајни интензивирањето на политичките размени и спроведувањето на конкретни и структурни економски проекти кои се корисни за целокупното македонско население.Нагласувајќи дека Франција безусловно го поддржува политичкиот процес за европска интеграција на земјите од Западниот Балкан, а особено на нашата земја, амбасадорот Ле Риголер рече дека овој европски пат е заедничка обврска, колективна неопходност и заедничка судбина.„Нашата поддршка не е само политичка. Таа поддршка е и практична, која сè повеќе се зајакнува, за да се помогне во реформскиот процес кој е во тек. Спремни сме да го споделиме нашето искуство и нашата експертиза насекаде како тоа би ви било корисно“, истакна амбасадорот Ле Риголер.Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Кристоф Ле Риголер му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

Македонија | пред 1 година

IMG_6309

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Узлем Џанел

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Узлем Џанел.На церемонијата на предавање на акредитивните писма, што се одржа во Вила Билјана во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова изрази особено задоволство од високо-развиените билатерални односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и партнерски односи за што говори и минатогодишното одбележување на значајниот јубилеј - 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи и успешна соработка.Претседателката се заблагодари за конзистентната поддршка од пријателска Холандија, која од осамостојувањето е еден од најголемите донатори и силен поддржувач на европскиот процес на нашата држава.„Холандија континуирано ни помага во реформите на судството, владеење на правото и јавната администрација, со цел да обезбедиме силни и независни институции, кои се столб на секоја европска демократија. Холандскиот „строг и фер“ принцип се покажа како одлична формула за суштинска имплементација на реформската агенда и постигнување на европските стандарди во нашата земја“, рече претседателката Сиљановска Давкова.Истакнувајќи дека нашата држава придава големо значење и на силните партнерски односи кои се негуваат во рамките на НАТО, особено во време кога се соочуваме со сериозни глобални безбедносни предизвици и геополитички преструктуирања, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека нашата држава останува посветена на остварувањето на стратешките приоритети, изразувајќи увереност дека европската и евроатланската перспектива е гаранција за просперитет, стабилност и благосостојба на целиот регион и Европа.Во своето обраќање на церемонијата, амбасадорката Џанел истакна дека е почестена што е назначена како амбасадорка во нашата држава и што ѝ е дадена можност да даде свој придонес во одличните и посебни односи кои постојат меѓу двете држави и народи.Амбасадорката Џанел рече дека со текот на годините нејзината земја има обезбедено значајни финансиски средства за поддршка на социјалната кохезија и меѓуетничките односи, доброто владеење, владеењето на правото, образованието, здравството и управувањето со јавните финансии. Таа посочи дека во моментов во нашата држава работат близу 180 холандски компании кои обезбедуваат работни места за над 5000 граѓани и воедно ја зголемуваат видливоста на нашата држава на меѓународниот пазар.Холандската амбасадорка нагласи дека стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан ќе продолжи да биде од клучна важност за Холандија, а во однос на остварувањето на стратешката цел на нашата држава - членството во Европската Унија, таа истакна дека Холандија ќе продолжи да очекува стриктно почитување на Копенхашките критериуми пред приемот и дека не постои простор за отстапки или скратени постапки.„Напредокот во областа на владеењето на правото, економските критериуми и реформата на јавната администрација ќе продолжат да ја одредуваат брзината на пристапните приговори поединечно за секоја земја-кандидат. Задачата која претстои бара одговорност, посветеност и видливи резултати од ваша страна. Само тогаш поддршката за овие реформски напори која ја обезбедуваат Европската Унија и Холандија ќе може да има трајни резултати“, рече амбасадорката Џанел.Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорката Узлем Џанел ѝ посака успех во извршувањето на одговорната функција.

Македонија | пред 1 година

IMG_4069

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед.,, Почитуван г.г. Стефан,Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, во мир и спокој, исполнети со неизмерна радост и среќа.Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности, и затоа со добри мисли и со љубов да им помагаме и да им даруваме на ближните. Сите граѓани на Македонија, без разлика на родова, верска или етничка припадност се дел од едно семејство и затоа сложно и солидарно да го градиме нашиот заеднички дом, базирајќи го соживотот на меѓусебна почит, разбирање и добрина.Нека ни е честит празникот и за многу години.”, стои во честитката на Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 1 година

IMG_6245

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со директорот на МНТ, Никола Кимовски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид го прими директорот на Македонскиот Народен Театар, Никола Кимовски.На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на МНТ и подготовките за новата сезона 2024/2025, која ќе биде означена во септември, со свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“.Директорот Кимовски ја информираше претседателката Сиљановска Давкова за предвидената програма на настанот, кој ќе се одвива во периодот од 17 септември до 1 октомври и ќе опфати популарни театарски претстави и познати музички изведувачи од македонската сцена.На средбата се разговараше и за престојниот јубилеј – 80 години МНТ, што ќе биде одбележан во 2025 година.

Македонија | пред 1 година

IMG_6241

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими членовите на хорот „Златно славејче“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими членовите на хорот „Златно славејче“.Претседателката Сиљановска Давкова го истакна големото значење на фестивалот „Златно славејче“ за развојот на креативноста и талентот на најмладите и додаде дека овој фестивал бил расадник на детскиот квалитет и почеток на успешна кариера на многу познати музички имиња низ годините.Членовите на детскиот хор и солистите на „Златно славејче“ испеаја познати рефрени од овој фестивал, а со коишто ќе се претстават на нивниот концерт во рамки на манифестацијата “Фестивал на водени спортови Охрид”.Претседателката Сиљановска Давкова им посака уште многу хитови и успешни музички настапи изразувајќи ја својата поддршка за фестивалот којшто веќе 54 години негува вредности преку кои децата се градат како поединци во нашето општество.Првото издание на фестивалот „Златно славејче“ се одржало на 23 мај 1970 година во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје и традиционално се одржува во рамки на одбележувањето на ослободувањето на Скопје, 13-ти ноември под покровителство на Претседателот на државата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања