„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

danela-arsovska-1

Данела за сите кражби од големи размери нема да ја спаси ни Тодор Александров да воскресе, затвор не и бега, тврди Мухамеди

Умејр Мухамеди е поранешен соработник на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој замина од Град Скопје, па напиша дека бил натепан. Сега, со нов жесток напад над Арсовска. Зборува за тендерите кои се плаќаат од државни пари, па посочува: „Данела за сите овие кражби од големи размери нема да ја спаси никој“.Неговото пишување во целост:„Ај вака да објасниме некои работи:1. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 500.000 евра за чистење на кејот на Вардар. Изведувач е “Гама Градба”, багерите се појавуваат една недела и ги снемува. Кејот на Вардар го чистат јавните претпријатија на градот. Од податоците кои ги добив на е-finance на фирмата Гама Градба редовно и се плаќаат големи суми.2. Данела Арсовска склучува договор со фирмата Нексос инженеринг за чистење на снегот, набавка вредна 65.000.000 денари, во договорот стои дека и да има и да нема снег парите треба да и се исплатат на фирмата. Носителот на набавката е близок со Стевчо Јакимовски и кон истата фирма исплатите се вршат редовно.3. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 60.000.000 денари за набавка на садници (најголема набавка на садници во историјата на градот). Јас и пишувам дека нема многу засадени садници а вредноста на набавката е преголема она ми вика дека биле засадени 600.000 дрвја. Носител на набавката е “хорти ком” (нејзин пријател).4. Данела Арсовска преку ЈСП склучува договор со Пуцко Петрол за набавка на нафта и нафтени деривати, вредноста на набавката е 27 милиони евра (најголема во историјата на градот односно двојно поголема од претходните набавки), во меѓувреме преку комунална хигиена склучува нови договори за набавка на нафта. (кражба од невидени размери).5. Данела Арсовска им ги централизира поголемите набавки на средните училишта и преку таканаречена групна набавка она да одлучува која фирма ке го добие тендерот.6. Данела Арсовска (не она лично) сече дрвја за кок нема “одобреније за сеча” за 500 евра. (За ова тие изгубените во простор од ЗХГ немаа никаков коментар).7. Сите вредни вработени со по 20 години искуство ги исклучува од работниот процес и ги носи во пожарна преку брутален мобинг и незаконски постапки.Данела Арсовска се “кара” со Умејр Муамеди бидејки за сите овие набавки и за многу други работи директно сум и се спротиставил и за тоа имам и докази. Данела Арсовска за сите овие кражби од големи размери од идната власт нема да ја спаси од кривичен прогон ни Ванчо Јовановски ни Никола Груевски, дури и Тодор Александров да воскресне затвор не и бега.Има и многу други работи но сето тоа кога ке дојде времето да се докажеме во суд“.Претходно:(Фото) Соработник на Арсовска си замина од Град Скопје, па објави дека бил натепан: Напаѓачот ме нападна со зборовите зошто пишуваш против Данела - Скопје1.мк (skopje1.mk)Правник ја искина дипломата откако почна бришење на казни од Кривичен законик во Собрание - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Коментари | пред 1 година

arsovksa-belasica

(Видео) Мостот „Беласица“ зјае полузатворен веќе девет месеци: Арсовска не кажува дали го поправа, ниту дали ќе го пушти целосно

Мостот „Беласица“ остана заборавен од Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, осум месеци по пожарот кој изби. За сообраќај беа пуштени само две ленти, а на средината и натаму останаа поставените конуси, кои означуваат забрана за користење на останатите ленти. Точно 20 дена, нема одговор од кабинетот на Арсовска дали преземаат нешто во насока на целосно пуштање во употреба на овој мост. За тоа време, на терен, не може да се забележи дека се работи било што.Прашавме и дали Град Скопје има временска рамка до кога планира овој мост да биде вратен во целосна функција, на што исто така добивме игнорантски однос. И ова не е првпат, вообичаеното однесување на Арсовска е да ги игнорира новинарските прашања, а градот да не дава одговори.За тоа време, граѓаните и натаму нервозни особено во наутро и после пладне, кога одат и се враќаат од работа. Мостот „Беласица“ кој го спојува едниот со другиот дел на Скопје е често блокиран, а колони возила чекаат за да поминат преку него.Одговорност за опожарувањето не понесе никој, непознато е и дали полицијата откри кој и зошто го подметна пожарот.

Скопје | пред 1 година

danela-skopje

(Видео) И на Арсовска повеќе не и е Нова година, втора недела го откитува Скопје

Еден месец по празничните новогодишни денови, а втора недела по ред – трае откитувањето на скопските улици. Касното украснување, донесе и касно откитување. Фирмата која ги постави сијаличките треба да добие 30.000 евра. Дел работеа, дел не – но во градот имаше празнична магија. Истовремено, во тек е истрагата за Данела Арсовска, на која во Град Скопје ѝ влезе Финансиска полиција. Си отиде и Дедо Мраз со кого Арсовска играше шах додека инспекторите ровареа по канцелариите. „Скопје1“ го праша директорот на Финансиска полиција, Горан Иванов дали утврдиле законски прекршувања од страна на Градот и Арсовска со склучување на договорот со фирмата-украсувач. Оттаму очекуваме одговори. Градот беше накитен на крајот од декември. Поради ова, Арсовска најави дека следната Нова година, ќе го украсува од октомври за да нема критики.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) „Сѐ што допре кметицата, пуздер направи“

Чекавме да се накити, па два месеци чекавме да се раскити метрополата. Дрвените куќички се уште се на градскиот плоштад. Отворени, валкани, во нив преспиваат и бездомниците а често служат за вршење нужда. Скопјани се револтирани. Новинарот Никола Т. Калајџиски на ФБ напиша:„ЈАВАШЛАКЗаборавените куќарки од Нова година.Два месеца подоцна.Ни ги остави за срам среде плоштад.Дерогирани.Преноќиште за бездомници и питачи.Претворени во јавни писоари.Слика на престолнината.На градот на културата.Се' што допре кметицава пуздер направи...“, напиша тој.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-29-at-11.41.00

Славески остана без помошничката во Град Скопје: Еве ќе се обидам да се снаоѓам сам

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, кажа дека помошничката која му помагала на седниците, се пензионирала. Тој се пожали дека сега мора да се снаоѓа сам, оти никој нема овластување за да ја замени помошничката.„Јас се извинувам, ќе ве молам за разбирање, јас немам тука помошник, Јасминка која беше привремено на оваа функција, се пензионираше. Ниту еден службеник за поддршка на Советот, нема овластување на помага на Советот, па еве ќе се обидам да се снаоѓам сам. Невообичаена ситуација. Јас ги немам точните називи ниту на предлозите“, рече Славески.Тој побара пет минути пауза, за да се обезбедат точните предлози кои треба да се најдат на седница.

Скопје | пред 1 година

univerzalna-sala-12.06.2020

Откако скапуваше со години, продолжува реконструкцијата на Универзална сала: Ќе биде готова 2026 година

Реконструкцијата на Универзална сала која почна во 2021 година, а работите стојат во место со години, ќе продолжи, најави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој вината за стопираните работи ја префрли кај градоначалничката Данела Арсовска. Реконструкцијата започна во време на Петре Шилегов.„Она што го почнавме пред повеќе месеци, ќе добие епилог. Ќе го вратиме симболот на модерно Скопје. Уште генерации и генерации ќе уживаат во Универзална сала. Реконструкцијата се очекува да заврши во 2026 година, кога објектот треба да ги прими првите посетители. Кога Министерството за култура ќе ја финализира градбата, ќе го предаде во Град Скопје“, рече Ковачевски.Тој кажа дека работите во Универзалната сала стоеле во место, поради градоначалничката Данела Арсовска.„Ги одземавме ингеренциите и ги продолживме договорите за реконструкција на Универзална сала“, додаде тој.Арсовска ја стопираше реконструкцијата бидејќи тврдеше дека зградата не е стабилна.

Скопје | пред 1 година

kkkk

(Видео) Го има некој видено Скопје?

Македонија ја узгуби позицијата на најзагадена држава и сега е на 26. место споредено со сите држави во светот. Сепак, концетрацијата на ПМ10 честички и маглата се тука. Од цела Македонија, во Шуто Оризари е најзагадено, а потоа следува Битола, па Струмица. Па доаѓаат две скоспки општини - Ѓорче Петров и Сарај.Сепак, на надморска висина од околу 600 метри, Скопје не се гледа.Фотографиите се направени од Раштак, село во Скопска Црна Гора.Скопје е потопено под маглата.Еве како изгледа мапата на најзагадени земји.Вака изгледа Скопје.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Апел од МВР, откако беа казнети 151 возач само во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

2023-12-20-14-47-33-857.00_00_20_09.Still002

(Видео) Скопје не е загадено само ако си Данела Арсовска - од Водно се гледа дека градот и оваа зима се гуши

Скопје се гуши, жителите реагираат поради високата загаденост на воздухот, додека градоначалничката Данела Арсовска се чуди на реакциите и тврди: „Не ја разбираме потребата од пласирање на лага за наводна загаденост на градот Скопје“.Екипата на „Скопје1“ беше на Водно. Од врвот Крстовар на 1066 метри се гледа чадот над градот. Оној, кој Арсовска не го гледа и не и пречи.Видете повеќе:Претходно:

Скопје | пред 2 години

skopje-zemjotres2

Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес

Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.По оваа седница Собранието ќе ја продолжи 121. седница.На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.

Скопје | пред 2 години

nevreme-1

Во Скопската Котлина ќе има услови за невреме

Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР) излезе со вонредна информација и предупредува на невреме.„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град“, велат оттаму.Инаку, во регионот неколку дена по ред има невреме.

Скопје | пред 2 години

gubre

За сите сторители кои допринесоа главниот град да се дави во смет, можно е да бидат поднесени кривични пријави, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврди дека ако се покажат за точни информациите дека иселеници земаат плата од „Комунална хигиена“ – секој еден ќе сноси одговорност. Тој е дециден: „Нема да имаме отстапка, за ниту една ситуација, ова треба да биде санкционирано за да се стави крај“.„Навистина ниту Скопје, ниту граѓаните не го заслужија ова што се случи изминатите денови. Еколошка катастрофа која го загрозува здравјето и животот на граѓаните. И без да навлегуваме во причините – ова е катастрофа. Најмалку сакам превирања да влијаат на животот на граѓаните. Ние вчера очекувавме и мислам дека денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за животна средина, комуналниот инспекторат, инспекторите на Град Скопје, за да ги видиме нивните наоди. Во координација сме со обвинител. Ако има елементи за кривично дело, за сите сторители кои допринесоа главниот град да се дави во смет – можно е да бидат поднесени кривични пријави“, најави Спасовски.

Скопје | пред 2 години

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница да одговори каде се парите, вели СДСМ

Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот, вели СДСМ„Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот.ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба да одговори каде се парите.Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт“, се вели во соопштенеито.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2023-02-11-222550

Волонтери тврдат дека Арсовска ги брка од плоштадот, Град Скопје негира

Инспектор од Град Скопје наредил до утре да се тргнат донациите собрани за Турција и Сирија од скопскиот плоштад, а пунктот го нарекол „депонија“. Ова е сведоштвото на волонтерка која изминатите денови со десетици други млади лица помага за граѓаните на двете погодени земји од земјотресите. Христина Панова бара градоначалничката Данела Арсовска да каже зошто им смета пунктот за донации.„За жал, денеска на пункт се појави инспектор од градот испратен од генералниот секретар и градоначалничката нарекувајќи го собирањето донации на плоштадот ‘депонија’ и со наредба сето ова да се собере и исчисти плоштадот до утре сабајле. Зарем ова е хуманоста и солидарноста на Град Скопје? Барам итно градоначалничката Арсовска да се произнесе по овој настан и да даде одговор што им смета пунктот за донации на плоштад и итно да обезбеди сала каде волонтерите ќе можат да ги собираат и спремаат донациите од Скопје во нормални хумани услови (знаејќи дека надвор е ладно). Никој не е будала бидејќи така му текнало и бидејќи нема што да прави – па ај ќе одиме ќе си играме на плоштад, ќе собираме работи на минусни температури“, посочува волонтерката.Градот треба да биде благодарен на овие млади деца што ја покажуваат солидарноста и добрината на скопјани, посочува Панова.„Градот наш што нели пак ќе никнеше… Градот на солидарноста, градот на хуманоста, денеска на плоштад ‘Македонија’ прати инспекција да ги брка младите волонтери коишто неколку дена по ред деноноќно се отворени и достапни за граѓаните и собираат донации за настраданите семејства во земјотресите во Турција. Како што сите знаеме, уште од првиот ден кога нѐ потресе страшната вест за разорниот земјотрес во Турција, во којшто животот го загубија 22 327 лица заклучно со овој момент и над 80 000 повредени.. илјадници и илјадници семејства останаа без кров над глава, без топла облека да се пресоблечат нели, без храна, без сѐ она за што работеле и вложувале изминатите години од својот живот, група млади студенти од Турција кај нас излегоа и отворија пункт за донации. Тоа се млади деца полни со надеж, полни со енергија и љубов и изминатите денови 24 часа на ден се на пунктот и селектираат и пакуваат донации пристигнати од нашите граѓани. Јас сум една од многуте што се приклучи на оваа иницијатива, а ги има десетици коишто секој ден ги гледам таму (Македонци, Албанци, Турци, Роми)“, додава таа.Волонтерите добиваат и благодарности од Турција за помошта која ја пружаат и за ангажманот за собирање донации.„Сакам да знаете дека сѐ она што беше направено до сега луѓето го гледаат, го препознаваат и изразуваат почит и благодарност за добриот чин на секој еден кој подаде рака на нашите пријатели од Турција“, посочува волонтерката.Град Скопје испратија став до сите медиуми во кој негираат дека инспектор бркал волонтери„Со индигнација ги демантираме гнасните лаги дека наводен инспектор во градот Скопје ‘ги бркал’ луѓето кои собираат хуманитарна помош! Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот ‘Македонија’ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија. Срамно, на граница со мизерност и политички очај е ставањето на меѓународна хуманитарна катастрофа во дневнополитички теми. Просто неверојатно е со каква леснотија се лаже за вакви чувствителни теми. Но, срамот не е на градот, туку на поединци кои ги креираат и шират овие лаги!“, пишува во соопштението на Град Скопје.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2023-02-08-180823

(ВИДЕО) Катастрофа во Скопје: Прозорец виси од петти кат на напуштена зграда

На социјалните мрежи објавено е видео од напуштена зграда во Скопје и прозорец кој виси.Зградата се наоѓа во центар позади Рекорд, а прозорецот виси од петтиот кат.Околу објектот нема поставено заштитна ограда и истиот претставува опасност за минувачите.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања