„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

собрание

beti-vmro-sobranie

Стаменкоска Трајкоска: Заврши времето на нетранспарентна распределба на средства и донесување штетни политики, данокот нема да го плаќаат граѓаните

„Колега Џафери ве слушав внимателно и навистина во вашиот говор имавте еден интересен заклучок, спомнавте сиромаштија, спомнавте ниски плати, спомнавте брзи кредити. Не спомнавте дека 22 години на власт беше вашата политичка партија и не спомнавте исто така дека не успеавте да ја завршите работата“, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.Стаменкоска Трајкоска посочи за нетранспарентната распределба на средствата која се правела и за штетата која ја предизвикувале со ваквиот начин на однесување директно на товар на граѓаните.„Не спомнавте исто така дека доколку не се трошеа пари нетранспарентно, доколку парите се трошеа одговорно ќе имаше за сите и за народот како што има сега во предлог буџетот. Не ја спомнавте „Соравија“, „Арберија“, ЕТЦ травел“ и сите оние милиони евра кои беа потрошени во тој правец“, децидна беше Стаменкоска Трајкоска.Стаменкоска Трајкоска напомена дека апсурдно е што говореле за поделба на финансирање на проекти по однос на фаворизирање на општини. Фактите говорат дека нема поделба, постои транспарентна распределба на државните пари.„Ги спомнавте општините и почнавте да ја делите работата за едни има за други нема. Сите 80 општини аплицираа на повикот за проекти, одобрени 357 проекти, дали знаете каква поделба има таму? Нема поделба. Транспарентно и одговорно распределба на државните народни пари“, изјави Стаменкоска Трајкоска.Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека ќе следуваат промени во корист на граѓаните, зголемување на животен стандард и ова ќе биде реалност од која ќе нема отстапување.„И ќе кажам, да ќе нема сиромаштија ќе нема брзи кредити кога граѓаните ќе имаат повисоки плати, а ќе имаат, кога пензионерите ќе имаат повисоки пензии, а ќе имаат, тоа е новата реалност која ќе се случува“, заклучи Стаменкоска Трајкоска.

Македонија | пред 1 година

emilija-angelova

(Видео) Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на којашто се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која што истакна дека буџетот е развоен и наменет за подобрување на животниот стандард на граѓаните.Ангелова нагласи дека главниот акцент е ставен на капиталните инвестиции во инфраструктурата, образованието и здравството со цел подобрување на јавните услуги и стимулирање на економскиот раст.Во однос на образованието Ангелова додаде дека посебно внимание ќе се посвети на стандардот на просветните работници така што од следната година сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати.„Планирани се раст на платите за одредени сектори вклучувајќи ги образованието, и здравството и врзување на минималната плата со продуктивноста на трудот. Буџетот предвидува зголемување на платите во јавниот сектор, особено за наставниците што е насочено кон подобрување на стандардот на вработените и зајакнување на квалитетот на овие услуги. Оваа насока на буџетот го прави развоен и ориентиран кон граѓаните со цел подобрување на квалитетот на животот преку поддршка на економскиот раст и социјалната стабилност“, истакна Ангелова.Таа додаде дека во изминатиов период и покрај лошиот буџет за 2024 година донесен од владата на ДУИ и СДСМ, Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ уште годинава ги зголеми платите на наставниот кадар.„Сведоци сме изминатиов период дека и покрај искасапениот буџет од 2024 година кој што го имаше донесено владата на ДУИ во коалиција со СДСМ, оваа Влада, Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата од октомвриската плата која се исплаќа во ноември наставниците и останатиот персонал добиваат покачување од 5%, во март уште едно покачување на наставниците од 7%. Покачување на платата ќе добие цел наставен кадар, од основното образование до високо, што значи дека можело да се постигне договор со СОНК. Ова покачување е дел од новиот договор меѓу Владата и СОНК, синдикатот за образование кое ја осигурува континуираната поддршка за просветните работници, понатаму предвидени се редовни годишни зголемувања со цел до 2028 година платите да бидат зголемени за минимум 46% во однос на сегашните“, рече Ангелова.

Македонија | пред 1 година

PretsedatelVFkom1

(Видео) Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата, рече Филипче

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година.Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за економски раст не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања.„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3%, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5%. Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?“, посочи Филипче.При тоа, Филипче нагласи дека ваквите планирани параметри упатуваат на тоа дека Македонија е единствена земја во регионот која не планира фискална консолидација.„Сите други земји од Западниот Балкан уште во 2024 година, буџетскиот дефицит го сведоа под 3% од БДП. Јавниот долг веќе годинава силно ќе ја помине границата од 60%. Со еден збор ова е фискална политика за уништување на финансиската стабилност на земјата“, нагласи Филипче.Во обраќањето пред пратениците, Филипче порача вака како што е скроена новата буџетска каса, јасно е дека и во наредните години ќе ги има истите нереални проекции, истата безидејност и истото неодговорно трошење.„Ова требаше да биде буџет во кој ќе видиме вистински политики што ќе донесат подобар живот за граѓаните и економски развој на државата. Но, дали ги гледаме тие политики? Дали има барем еден развоен проект што ќе ни донесе долгорочен раст? Одговорот е не. Од ветувањата на Владата нема да има ништо. Без никаква визија и без никаква креативност, Предлог Буџетот за 2025 година наместо да обезбеди основа за економски развој, овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и на уште една изгубена година за економијата и за граѓаните“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 1 година

Pretsedatel-filipce-komisijam2

(Видео) Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања, инвестиции нема

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, посочи дека Владата во Предлгот Буџетот за 2025 година ги намалува капиталните расходи во клучни сектори за сметка на зголемување на непродуктивните трошоци.На комисиската расправа на Предлог Буџетот за 2025 година, Филипче порача дека новиот предлог Буџет е планиран за да се зголемува бројот на администрацијата со нови партиски вработувања, што јасно се гледа и во ставките во кои се зголемува и сумата за плати во Владата и дел од владините министерства и институции.„Зошто се зголемува буџетот за плати во Влада од 383 милиони денари во 2024 година на 591 милиони денари во 2025 година? Ќе се вработуваат нови луѓе? Сакате партиските активисти да ги сместите? Или зошто за една третина се зголемува трошокот за плати во СОЗР, од 207 милиони денари во 2024 на 300 милиони денари во 2025 година? Исто е во Министерството за правда од 122 милиони денари во 2024 на 153 милиони денари во 2025? Исто е во Министерството за земјоделство, трошок за плати од 648 милиони денари во 2024 на 766 милиони денари во 2025 година? Во Министерството за транспорт и врски, зголемување на масата на плати од 167 на 247 милиони денари и стоките и услугите од 71 милиони денари на 115 милиони денари. Очигледно планирате добро да ја натоварите администрацијата со партиски војници додека седум години во опозиција ветувавте ефикасна и мала администрација“, нагласи Филипче.Во однос на новите министерства, Филипче укажа дека тие со предлог Буџетот за 2025 година добиваат поголем буџет во споредба кога истите беа како функции во рамките на старите министерства.„Ова ќе ги направи ли поефикасни? Ова е класична операција за зголемување на можностите за вработување на партиските кадри и ништо повеќе од тоа“, рече Филипче.Наспроти ваквите непродуктивни трошоци, власта како што кажа Филипче ги намалува средствата за капитални инвестиции и не нуди нови инвестиции.„Намалувате неверојатни 13,51% средства за општините во делот на инфраструктурни проекти. Единствените проекти кои ќе се реализираат се тие на СДСМ, додека Владата не понуди ништо свое, ништо ново“, порача Филипче и додаде дека СДСМ нема да гласа за Буџет со кој ќе се задолжува државата, ќе се товари со нови вработувања администрацијата, ќе троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо.

Македонија | пред 1 година

filipce-sobranie3

(Видео) Филипче: Речиси двојно зголемен буџетот за нови возила за функционерите

Зголемување од фантастични 75% за набавка на нови возила за функционерите, предвидува власта, во Буџетот за 2025 година, контрадикторности и расипнички трендови, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прва седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се разгледува Предлог Буџетот за 2025. ВМРО ДПМНЕ како владејачка партија, се разликува од она што го говореше во опозиција, рече Филипче.„Опозиционерот Мицкоски не го познава премиерот Мицкоски, така изгледа и опозиционерката Кочоска не ја познава министерката Кочоска.Да ја цитираме тогашната опозиционерка денес министерка за финансии: „Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ“. Е денеска, вие самата предлагате покачување на 19% на буџетот за стоки и услуги, од 58, на 72 милиони! Јас министерке би се срамел од ова.“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.ВМРО ДПМНЕ во опозиција ревносно критикуваше набавки на возила за министерствата, а сега во предлог Буџетот предвидува да купи двојно повеќе луксузни возила за функционерите, од време на СДСМ.„Знаете ли колку прес конференции одржа ВМРО опозициска за набавка на возила, на пример. Јас паметам преку 10 каде кажувавте како расипнички се трошеле парите на возила и луксуз. Ај да го видиме вашиот буџет. Зголемување за фрапантни 75%! Па нели беше расипништво тоа? Речиси двојно повеќе возила за функционерите ќе купите од СДСМ.“-додаде ФилипчеПретседателот на СДСМ, Венко Филипче укажа на загрижувачкиот тренд на зголемување на средствата за Министерството за внатрешни работи, додека истовремено се намалуваат средствата за Министерството за одбрана. Тој потенцираше дека Северна Македонија е земја членка на НАТО, и оваа разлика во распределбата на буџетските средства е неприфатлива и невообичаена, особено кога се разгледува безбедносната ситуација на регионално ниво.

Македонија | пред 1 година

PretsedatelVFkom1

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Во предложениот Буџет за 2025 година, средствата за поддршка на домашни компании се намалени од 340 милиони денари на само 220 милиони денари, додека истовремено средствата за поддршка на странски компании се зголемени, истакна на денешната комисиска расправа претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Со ова сериозно се загрозуваат домашните компании кои вработуваат повеќе од 80% од работната сила во нашата земја.„Значи оние кои вработуваат 80% од сите вработени во државата не заслужуваат поддршка, а оние кои го носат профитот надвор, тие заслужуваат поддршка? Знаете ли дека оваа политика на запоставување на домашните компании на сметка на странските донесе огромна сиромаштија и нееднаквост, ниски плати и потценување на домашните компании и работници. Сега ја враќате истата таа политика. Мислите дека е ова фер кон домашните компании? Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2025 се враќа, 4 години назад во поддршката на домашните компании“ рече Филипче, претседател на СДСМ.Оваа политика на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ значи запоставување на домашните компании, а фаворизирање на странските. Филипче истакна дека со ваквиот Буџет не само што ги става домашните компании и работници во незавидна позиција, туку води кон економска нееднаквост, ниски плати и постојана потценета вредност на домашните ресурси. Според претседателот на СДСМ, Буџетот за 2025 година, земјата се враќа на истата неефикасна и несоодветна политика што ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.Претседателот на опозицијата смета дека од клучна важност е поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место.

Македонија | пред 1 година

bojan-stojanoski

(Видео) Стојаноски: Буџетот за 2025-Клуч за обнова и економски раст како излез од 7-годишната економска катаклизма на СДС

На денешната Комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025, пратеникот Бојан Стојаноски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на клучните елементи на предлог-буџетот за 2025 година. Според него, буџетот е базиран на поддршка на реалните иневстиции кои треба да доведат до зголемување на животниот стандард.„Овој документ е крвната слика за економската политика која ќе ја води оваа влада, а која ќе биде базирана на поттикнување и вложување во реалните инвестиции кои треба да го зголемат животниот стандард и да го подобрат животот на граѓаните. Ова е буџет кој е патоказ за излез од 7-годишната економска катаклизма која ја зафатила Република Македонија, а која се базираше на безидејност, лоповлук и дрско крадење од сопствениот народ“, рече Стојаноски.Стојаноски додаде дека со овој предлог-буџет се поставуваат темелите за стабилност и економски раст. Тој истакна и дека сите граѓани, без исклучок, ќе почувствуваат позитивни промени во економската ситуација.„Ова е развоен буџет кој гарантира повисоки плати, пензии, капитални проекти кои ќе станат реалност, и силна поддршка за стопанството. Ниту еден граѓанин или ентитет не е заборавен од овој буџет. Народот ни даде шанса да ги промениме работите и да покажеме дека може подобро; едноставно, мораме подобро и немаме повеќе време за губење. Ова е првата реална можност во креирањето на нашите економски политики. Досега се обидувавме да ја санираме штетата, а вистинскиот момент сега е кога започнуваме да ги градиме контурите на економската обнова на Македонија“, кажа Стојаноски.Стојаноски ги презентираше прогнозите за економскиот раст, и посочи дека странските инвестиции веќе се договорени.„Економскиот раст наредната 2025 година ќе биде 3,7%, странските инвестици коишто досега ги договори оваа Влада, а тоа се 8 на број за помалку од 5 месеци, отпочнувањето на проектот и директната помош од 350 милиони евра како и реализација на капиталните инвестиции го оправдуваат ова наше очекување“ истакна Стојаноски.Во однос на проекциите за буџетскиот дефицит, Стојаноски истакна дека се поволни, и нагласи дека буџетот за 2025 е поголем, иако изминатата година се соочувавме со помал буџет.„Проекциите за дефицитот е дека тој треба да достигне ниво од 41,4 милијарди денари, што е помал од 3,3 милијарди денари од тој кој беше предвиден за 2024 година и покрај тоа што имаше помал буџет, а фактот е дека овој буџет е поголем од претходната година“, јасен е Стојаноски.Стојаноски исто така нагласи дека институциите веќе покажале успешни резултати.„Државата ќе собира повеќе приходи и ќе ги собира многу поревносно, нешто што докажавме дека е возможно во изминатите 5 месеци, ако го видите работењето на УЈП, Царинската управа и Јавното претпријатие за државни патишта“, изјави Стојаноски.Стојаноски нагласи дека нема да има повеќе даночни раеви во земјата, и дека со новиот буџет Македонија ќе биде подготвена за предизвиците што ги носи иднината.„Како најголема категорија даночните приходи се очекува да достигнат реализација во наплата 35 милијарди денари повеќе од тоа што е планирано за 2024, односно има зголемено планирање од 12,3% кое треба да резултира со вкупно 319,2 милијарди денари наплата. Ова значи дека секој којшто треба да си плати данок ќе си плати никој нема да биде заобиколен во обврската да си ги плаќа даноците. Повеќе даночни раеви во Македонија како држава нема да има“, заклучи Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

kocoska

(Видео) Димитриеска Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, ќе следува ревизија и одговорност од чинителите

„Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот.Буџетот на Владата е зголемен точно заради колегата Фатмир Битиќи којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната Комисија за финансирање и буџет.Димитриеска Кочоска посочи дека и покрај тоа што СДС го уништеле ЕСМ и им служело како основ за да може да ги наполнат сопствените џебови, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е пример за домаќинско работење и коректор на лошите политики од минатото.„И за сметка на тоа што ЕСМ го уништувавте и крадевте, ние сега напротив имаме многу подомаќинско работење и тие проекти ќе одат од таму, тие не се дел од буџетот, требало да ви кажат дека не влегуваат во буџетот, тоа се акционерски друштва коишто немаат врска со буџетот. А во однос на квалитетот на воздух, да не се грижите. Министерството за животна средина има уште еден цел буџет во делот на сопствени приходи и тоа се прави со проширување на буџет во тековна година“, децидна беше Димитриеска Кочоска.Исто така таа додаде дека веќе предвидени се доволно средства за реализација на серија активности. Димитриеска Кочоска особено го истакна и делот на исплатата и пресметката во однос на активните и пасивните саати којашто се вршела кон докторите. Напомена дека ваквиот случај е предмет на ревизија кој дополнително ќе се разгледува и дискутира.„Ќе има проекти, ќе се прошируваат и има доволно средства за реализација на истото.А во однос на платите на докторите она што регуларно сте го направиле неспорно е, меѓутоа во однос на активните и пасивните саати и начинот на пресметка тоа е предмет на ревизија исто така што ќе се дискутира“, заклучи Димитриеска Кочоска.

Македонија | пред 1 година

dik-novi-clenovi-2

(Фото) Новоизбраните членови на ДИК дадоа свечена изјава

Денеска, во Охридската сала на Собранието, новоизбраните членови на Државната изборна комисија, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Македонија | пред 1 година

krmov

(Видео) Милион евра за решавање на кочанската депонија, бара пратеникот Крмов

Пратеникот Борислав Крмов од Левица поднесе амандман кон владиниот предлог-Буџет за решавање на проблемот со кочанската депонија:„Поднесов амандман на предлог-буџетот за 2025 година од милион евра со цел да се реши проблемот на кочанчани. Намерата е тие пари да се искористат да се направи соодветно оградување на депонијата, обезбедување со камери, со чувар и останатите пари да се искористат за сервисирање на машините и купување на нови машини на ЈП Водовод, коешто стопанисува со депонијата којашто е во очајна состојба.“Крмов нагласи дека не очекува опструкции од власта по ова прашање и дополнително побара Информацијата за кочанската депонија да се најде пред пратениците наредната Седница.„За жал, заради роковите на Собранието, нема да се најде на оваа Седница денеска. Но, ние очекуваме и се надеваме дека нема да има опструкции од владеjачкото мнозинство и дека ќе се најде на Седницата на дваесет и први кога ќе има исто и пратенички прашања.“

Македонија | пред 1 година

natobrisel1

Собраниска делегација на брифинг во седиштето на НАТО во Брисел

Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, на 4-5 ноември 2024 година, се одржа редовниот брифинг за новоизбрани пратеници во седиштето на Алијансата во Брисел. На состанокот учествуваа пратеници од 9 земји членки и 5 асоцијативни делегации, кои за прв пат се дел од телата на Парламентарното собрание, меѓу кои и Делегацијата од Собранието во состав: Драган Ковачки - шеф на Делегацијата во ПС на НАТО, Беким Сали и Славјанка Петровска - членови на Делегацијата.Настанот претставуваше уникатна можност учесниците изворно да се информираат за начинот на функционирање и соработката меѓу парламентарниот и владиниот дел на Алијансата, како и за нејзините актуелните приоритети, политики и идни предизвици во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг следната година. Беше поздравено значителното инвестирање и одвојување средства во делот на одбраната кај сите земји членки, со потенцијал истите да продолжат да се зголемуваат во следните години. Особено беше потенцирана потребата од континуирана комуникација меѓу земјите членки, координацијата на заедничките активности, како и зголемената соработка со индустријата, како клучни за нивно поуспешно делување, се наведува во соопштението од Собранието.Присутните беа согласни дека заштитата на универзалните вредности треба безусловно да продолжи и во иднина. Во тој контекст, беа разменети мислења за ситуацијата во Украина, но и за случувањата во Блискиот Исток, Медитеранот, Западниот Балкан, северот на Африка и Индо-Пацификот.Што се однесува до идните предизвици, се посвети особено внимание на размена на информации и искуства околу користењето на и инвестирањето во вештачката интелегенција, вселената, зајакнување на отпорноста и спречувањето на хибридните и сајбер нападите, злоупотребата на дезинформации и информациите за манипулации за политички и други цели, како и за ре-дефинирањето на односите и соработката со трети земји, се додава во соопштението.

Македонија | пред 1 година

464857401_1129540439171395_6907907167970668409_n

(Фото) Пратеници на ДУИ протестираа пред Мицкоски додека говореше

Пратеници на ДУИ со транспаренти излегоа пред Владата и премиерот Христијан Мицкоски во знак на протест, дека Владата не е легитимна за Албанците. Според ДУИ, тие немаат претставник во Владата.„Без етничка припадност, нема охридски договор“, стоеше на еден од транспарентите, а кој алудираше на укинатиот Балансер.„Денес “големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред премиерот Христијан Мицкоски, држејќи банерчиња во раце. ДУИ е демонтирано и од нив повеќе ништо не зависи“, вели Бране Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

kovachki-gr2

Ковачки на теренска посета и состаноци на Парламентарното собрание на НАТО во Грција

На заедничките состаноци и теренската посета на Политичкиот комитет и Комитетот за демократија и безбедност на ПС на НАТО, од 14 до 16 октомври 2024 година во Атина и Хања (Крит), Република Грција, учествуваше шефот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на НАТО, Драган Ковачки.Првиот ден на посетата во Атина се одвиваше во Парламентот на Република Грција, каде на парламентарците им се обратија: претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, шефот на Грчката делегација во ПС НАТО Димитриос Каиридис и заменик-министерот за национална одбрана Јанис Кефалојанис.На тематските сесии посветени на повеќе актуелни безбедносни прашања, парламентарците имаа можност од високите претставници од безбедносниот и одбранбениот сектор на Република Грција и од академската фела, да се запознаат со грчката перспектива кон безбедноста и политичките случувања во јужното крило на НАТО, каде спаѓа и РС Македонија, потоа за Грчката перспектива за предизвикот на Кина кон поредокот заснован на правила и растечката миграција и мигрантските предизвици.На теренската посета во Хања (Крит), парламентарците од ПС НАТО се запознаа со функционирањето на Оперативниот поморски тренинг центар на НАТО, каде поздравно обраќање имаше претседателот на Постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во Парламентот на Република Грција. Беа посетени и НАТО центарот за извонредност за воздушна и ракетна одбрана и НАТО поморскиот центар за обука, како и поморската база Суда, каде високи воени функционери ја објаснија задачата и улогата на овие воени постројки. Крајот на посетата беше резервиран за обиколка на воздушната и поморската инфраструктура на НАТО и САД во Грција, каде беше презентирано како заеднички функционираат и логистички се поддржуваат армијата на Грција, армијата на САД и НАТО во вежбовните воздушни и поморски маневри во Медитеранот.Специјализираните состаноци и теренските посети на воена инфраструктура во рамките на ПС НАТО се одржуваат според класифицирани безбедносни критериуми и Chatham House Rules, при што не се дозволува поголема елаборација на содржината во јавната медиумска сфера.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-124246

Средба Мицевски-Меидани: Албанија е посветена кон заедничкиот стремеж за интеграција на двете земји во ЕУ

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски, одржа средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Меидани.Посакувајќи му успешна работа на новиот албански амбасадор, координаторот Мицевски изрази задоволство од билатералната соработка меѓу двете соседни земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во идното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.Амбасадорот Меидани порача дека Албанија е посветена кон заедничкиот стремеж за интеграција на двете земји во Европската Унија, како и споделување искуства во насока на поттикнување реформски и демократски процеси.Соговорниците разменија нови идеи и начини за унапредување на билатералните односи, како и тоа дека двете земји споделуваат заеднички вредности и придонес кон регионалната соработка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-03-122059

(Видео) Трајчулески: За ДПМНЕ партиските интереси се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот, па место да ја продолжи постапката за носење закон за основање Агенција за безбедност на патиштата, ним поважни им се кадровските промени во составот на советот, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница.- За какви реформи зборува ДПМНЕ, кога законот за изменување и делување на безбедност во сообраќајот на патиштата, кој го предлагаат, има единствена цел-промена на персоналниот состав на советот. Овој начин на кадровски промени стана пракса и мантра на владејачката коалиција. Во образложението на законот е наведено дека една од причините за оваа измена е уредување на бројот на членови на советот како и условите за именување на претседател, без притоа да се наведат соодветно образование или пак, работното искуство од областа на безбедноста во сообраќајот на патиштата, рече Трајчулески.Јасно е дека за власта поважни се политичките калкулации одошто безбедноста на граѓаните во сообраќајот. И со донесувањето на вакви законски решенија, објасни Трајчулески, се прави опасен преседан со големи последици.- Ако зборуваме за безбедноста на сообраќајот на патиштата, зборуваме за човечки животи и тука најмалку тука треба да тераме политика. Она што очекував од новата влада е да ја продолжи постапката на СДСМ, за носење на законот за основање на Агенција за безбедност во сообраќајот на патиштата. Реформски закон кој долго време беше работен во рамките на министерството за транспорт, каде беа вклучени сите релевантни институции и со поддршка на експерти од ЕУ и за кој остана да се завршат финалните усогласувања. Тоа е реформата за која сите треба да се залагаме. А, не главна цел да бидат кадровските промени во составот на советот за безбедност на сообраќајот на патиштата и политичките интереси и калкулации на власта“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања