Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СОБРАНИЕ

PretsedatelVFkom1

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Во предложениот Буџет за 2025 година, средствата за поддршка на домашни компании се намалени од 340 милиони денари на само 220 милиони денари, додека истовремено средствата за поддршка на странски компании се зголемени, истакна на денешната комисиска расправа претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Со ова сериозно се загрозуваат домашните компании кои вработуваат повеќе од 80% од работната сила во нашата земја.„Значи оние кои вработуваат 80% од сите вработени во државата не заслужуваат поддршка, а оние кои го носат профитот надвор, тие заслужуваат поддршка? Знаете ли дека оваа политика на запоставување на домашните компании на сметка на странските донесе огромна сиромаштија и нееднаквост, ниски плати и потценување на домашните компании и работници. Сега ја враќате истата таа политика. Мислите дека е ова фер кон домашните компании? Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2025 се враќа, 4 години назад во поддршката на домашните компании“ рече Филипче, претседател на СДСМ.Оваа политика на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ значи запоставување на домашните компании, а фаворизирање на странските. Филипче истакна дека со ваквиот Буџет не само што ги става домашните компании и работници во незавидна позиција, туку води кон економска нееднаквост, ниски плати и постојана потценета вредност на домашните ресурси. Според претседателот на СДСМ, Буџетот за 2025 година, земјата се враќа на истата неефикасна и несоодветна политика што ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.Претседателот на опозицијата смета дека од клучна важност е поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место.

Македонија | пред 1 година

bojan-stojanoski

(Видео) Стојаноски: Буџетот за 2025-Клуч за обнова и економски раст како излез од 7-годишната економска катаклизма на СДС

На денешната Комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025, пратеникот Бојан Стојаноски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на клучните елементи на предлог-буџетот за 2025 година. Според него, буџетот е базиран на поддршка на реалните иневстиции кои треба да доведат до зголемување на животниот стандард.„Овој документ е крвната слика за економската политика која ќе ја води оваа влада, а која ќе биде базирана на поттикнување и вложување во реалните инвестиции кои треба да го зголемат животниот стандард и да го подобрат животот на граѓаните. Ова е буџет кој е патоказ за излез од 7-годишната економска катаклизма која ја зафатила Република Македонија, а која се базираше на безидејност, лоповлук и дрско крадење од сопствениот народ“, рече Стојаноски.Стојаноски додаде дека со овој предлог-буџет се поставуваат темелите за стабилност и економски раст. Тој истакна и дека сите граѓани, без исклучок, ќе почувствуваат позитивни промени во економската ситуација.„Ова е развоен буџет кој гарантира повисоки плати, пензии, капитални проекти кои ќе станат реалност, и силна поддршка за стопанството. Ниту еден граѓанин или ентитет не е заборавен од овој буџет. Народот ни даде шанса да ги промениме работите и да покажеме дека може подобро; едноставно, мораме подобро и немаме повеќе време за губење. Ова е првата реална можност во креирањето на нашите економски политики. Досега се обидувавме да ја санираме штетата, а вистинскиот момент сега е кога започнуваме да ги градиме контурите на економската обнова на Македонија“, кажа Стојаноски.Стојаноски ги презентираше прогнозите за економскиот раст, и посочи дека странските инвестиции веќе се договорени.„Економскиот раст наредната 2025 година ќе биде 3,7%, странските инвестици коишто досега ги договори оваа Влада, а тоа се 8 на број за помалку од 5 месеци, отпочнувањето на проектот и директната помош од 350 милиони евра како и реализација на капиталните инвестиции го оправдуваат ова наше очекување“ истакна Стојаноски.Во однос на проекциите за буџетскиот дефицит, Стојаноски истакна дека се поволни, и нагласи дека буџетот за 2025 е поголем, иако изминатата година се соочувавме со помал буџет.„Проекциите за дефицитот е дека тој треба да достигне ниво од 41,4 милијарди денари, што е помал од 3,3 милијарди денари од тој кој беше предвиден за 2024 година и покрај тоа што имаше помал буџет, а фактот е дека овој буџет е поголем од претходната година“, јасен е Стојаноски.Стојаноски исто така нагласи дека институциите веќе покажале успешни резултати.„Државата ќе собира повеќе приходи и ќе ги собира многу поревносно, нешто што докажавме дека е возможно во изминатите 5 месеци, ако го видите работењето на УЈП, Царинската управа и Јавното претпријатие за државни патишта“, изјави Стојаноски.Стојаноски нагласи дека нема да има повеќе даночни раеви во земјата, и дека со новиот буџет Македонија ќе биде подготвена за предизвиците што ги носи иднината.„Како најголема категорија даночните приходи се очекува да достигнат реализација во наплата 35 милијарди денари повеќе од тоа што е планирано за 2024, односно има зголемено планирање од 12,3% кое треба да резултира со вкупно 319,2 милијарди денари наплата. Ова значи дека секој којшто треба да си плати данок ќе си плати никој нема да биде заобиколен во обврската да си ги плаќа даноците. Повеќе даночни раеви во Македонија како држава нема да има“, заклучи Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

kocoska

(Видео) Димитриеска Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, ќе следува ревизија и одговорност од чинителите

„Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот.Буџетот на Владата е зголемен точно заради колегата Фатмир Битиќи којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната Комисија за финансирање и буџет.Димитриеска Кочоска посочи дека и покрај тоа што СДС го уништеле ЕСМ и им служело како основ за да може да ги наполнат сопствените џебови, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е пример за домаќинско работење и коректор на лошите политики од минатото.„И за сметка на тоа што ЕСМ го уништувавте и крадевте, ние сега напротив имаме многу подомаќинско работење и тие проекти ќе одат од таму, тие не се дел од буџетот, требало да ви кажат дека не влегуваат во буџетот, тоа се акционерски друштва коишто немаат врска со буџетот. А во однос на квалитетот на воздух, да не се грижите. Министерството за животна средина има уште еден цел буџет во делот на сопствени приходи и тоа се прави со проширување на буџет во тековна година“, децидна беше Димитриеска Кочоска.Исто така таа додаде дека веќе предвидени се доволно средства за реализација на серија активности. Димитриеска Кочоска особено го истакна и делот на исплатата и пресметката во однос на активните и пасивните саати којашто се вршела кон докторите. Напомена дека ваквиот случај е предмет на ревизија кој дополнително ќе се разгледува и дискутира.„Ќе има проекти, ќе се прошируваат и има доволно средства за реализација на истото.А во однос на платите на докторите она што регуларно сте го направиле неспорно е, меѓутоа во однос на активните и пасивните саати и начинот на пресметка тоа е предмет на ревизија исто така што ќе се дискутира“, заклучи Димитриеска Кочоска.

Македонија | пред 1 година

dik-novi-clenovi-2

(Фото) Новоизбраните членови на ДИК дадоа свечена изјава

Денеска, во Охридската сала на Собранието, новоизбраните членови на Државната изборна комисија, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Македонија | пред 1 година

krmov

(Видео) Милион евра за решавање на кочанската депонија, бара пратеникот Крмов

Пратеникот Борислав Крмов од Левица поднесе амандман кон владиниот предлог-Буџет за решавање на проблемот со кочанската депонија:„Поднесов амандман на предлог-буџетот за 2025 година од милион евра со цел да се реши проблемот на кочанчани. Намерата е тие пари да се искористат да се направи соодветно оградување на депонијата, обезбедување со камери, со чувар и останатите пари да се искористат за сервисирање на машините и купување на нови машини на ЈП Водовод, коешто стопанисува со депонијата којашто е во очајна состојба.“Крмов нагласи дека не очекува опструкции од власта по ова прашање и дополнително побара Информацијата за кочанската депонија да се најде пред пратениците наредната Седница.„За жал, заради роковите на Собранието, нема да се најде на оваа Седница денеска. Но, ние очекуваме и се надеваме дека нема да има опструкции од владеjачкото мнозинство и дека ќе се најде на Седницата на дваесет и први кога ќе има исто и пратенички прашања.“

Македонија | пред 1 година

natobrisel1

Собраниска делегација на брифинг во седиштето на НАТО во Брисел

Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, на 4-5 ноември 2024 година, се одржа редовниот брифинг за новоизбрани пратеници во седиштето на Алијансата во Брисел. На состанокот учествуваа пратеници од 9 земји членки и 5 асоцијативни делегации, кои за прв пат се дел од телата на Парламентарното собрание, меѓу кои и Делегацијата од Собранието во состав: Драган Ковачки - шеф на Делегацијата во ПС на НАТО, Беким Сали и Славјанка Петровска - членови на Делегацијата.Настанот претставуваше уникатна можност учесниците изворно да се информираат за начинот на функционирање и соработката меѓу парламентарниот и владиниот дел на Алијансата, како и за нејзините актуелните приоритети, политики и идни предизвици во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг следната година. Беше поздравено значителното инвестирање и одвојување средства во делот на одбраната кај сите земји членки, со потенцијал истите да продолжат да се зголемуваат во следните години. Особено беше потенцирана потребата од континуирана комуникација меѓу земјите членки, координацијата на заедничките активности, како и зголемената соработка со индустријата, како клучни за нивно поуспешно делување, се наведува во соопштението од Собранието.Присутните беа согласни дека заштитата на универзалните вредности треба безусловно да продолжи и во иднина. Во тој контекст, беа разменети мислења за ситуацијата во Украина, но и за случувањата во Блискиот Исток, Медитеранот, Западниот Балкан, северот на Африка и Индо-Пацификот.Што се однесува до идните предизвици, се посвети особено внимание на размена на информации и искуства околу користењето на и инвестирањето во вештачката интелегенција, вселената, зајакнување на отпорноста и спречувањето на хибридните и сајбер нападите, злоупотребата на дезинформации и информациите за манипулации за политички и други цели, како и за ре-дефинирањето на односите и соработката со трети земји, се додава во соопштението.

Македонија | пред 1 година

464857401_1129540439171395_6907907167970668409_n

(Фото) Пратеници на ДУИ протестираа пред Мицкоски додека говореше

Пратеници на ДУИ со транспаренти излегоа пред Владата и премиерот Христијан Мицкоски во знак на протест, дека Владата не е легитимна за Албанците. Според ДУИ, тие немаат претставник во Владата.„Без етничка припадност, нема охридски договор“, стоеше на еден од транспарентите, а кој алудираше на укинатиот Балансер.„Денес “големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред премиерот Христијан Мицкоски, држејќи банерчиња во раце. ДУИ е демонтирано и од нив повеќе ништо не зависи“, вели Бране Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

kovachki-gr2

Ковачки на теренска посета и состаноци на Парламентарното собрание на НАТО во Грција

На заедничките состаноци и теренската посета на Политичкиот комитет и Комитетот за демократија и безбедност на ПС на НАТО, од 14 до 16 октомври 2024 година во Атина и Хања (Крит), Република Грција, учествуваше шефот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на НАТО, Драган Ковачки.Првиот ден на посетата во Атина се одвиваше во Парламентот на Република Грција, каде на парламентарците им се обратија: претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, шефот на Грчката делегација во ПС НАТО Димитриос Каиридис и заменик-министерот за национална одбрана Јанис Кефалојанис.На тематските сесии посветени на повеќе актуелни безбедносни прашања, парламентарците имаа можност од високите претставници од безбедносниот и одбранбениот сектор на Република Грција и од академската фела, да се запознаат со грчката перспектива кон безбедноста и политичките случувања во јужното крило на НАТО, каде спаѓа и РС Македонија, потоа за Грчката перспектива за предизвикот на Кина кон поредокот заснован на правила и растечката миграција и мигрантските предизвици.На теренската посета во Хања (Крит), парламентарците од ПС НАТО се запознаа со функционирањето на Оперативниот поморски тренинг центар на НАТО, каде поздравно обраќање имаше претседателот на Постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во Парламентот на Република Грција. Беа посетени и НАТО центарот за извонредност за воздушна и ракетна одбрана и НАТО поморскиот центар за обука, како и поморската база Суда, каде високи воени функционери ја објаснија задачата и улогата на овие воени постројки. Крајот на посетата беше резервиран за обиколка на воздушната и поморската инфраструктура на НАТО и САД во Грција, каде беше презентирано како заеднички функционираат и логистички се поддржуваат армијата на Грција, армијата на САД и НАТО во вежбовните воздушни и поморски маневри во Медитеранот.Специјализираните состаноци и теренските посети на воена инфраструктура во рамките на ПС НАТО се одржуваат според класифицирани безбедносни критериуми и Chatham House Rules, при што не се дозволува поголема елаборација на содржината во јавната медиумска сфера.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-124246

Средба Мицевски-Меидани: Албанија е посветена кон заедничкиот стремеж за интеграција на двете земји во ЕУ

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски, одржа средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Меидани.Посакувајќи му успешна работа на новиот албански амбасадор, координаторот Мицевски изрази задоволство од билатералната соработка меѓу двете соседни земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во идното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.Амбасадорот Меидани порача дека Албанија е посветена кон заедничкиот стремеж за интеграција на двете земји во Европската Унија, како и споделување искуства во насока на поттикнување реформски и демократски процеси.Соговорниците разменија нови идеи и начини за унапредување на билатералните односи, како и тоа дека двете земји споделуваат заеднички вредности и придонес кон регионалната соработка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-03-122059

(Видео) Трајчулески: За ДПМНЕ партиските интереси се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот, па место да ја продолжи постапката за носење закон за основање Агенција за безбедност на патиштата, ним поважни им се кадровските промени во составот на советот, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница.- За какви реформи зборува ДПМНЕ, кога законот за изменување и делување на безбедност во сообраќајот на патиштата, кој го предлагаат, има единствена цел-промена на персоналниот состав на советот. Овој начин на кадровски промени стана пракса и мантра на владејачката коалиција. Во образложението на законот е наведено дека една од причините за оваа измена е уредување на бројот на членови на советот како и условите за именување на претседател, без притоа да се наведат соодветно образование или пак, работното искуство од областа на безбедноста во сообраќајот на патиштата, рече Трајчулески.Јасно е дека за власта поважни се политичките калкулации одошто безбедноста на граѓаните во сообраќајот. И со донесувањето на вакви законски решенија, објасни Трајчулески, се прави опасен преседан со големи последици.- Ако зборуваме за безбедноста на сообраќајот на патиштата, зборуваме за човечки животи и тука најмалку тука треба да тераме политика. Она што очекував од новата влада е да ја продолжи постапката на СДСМ, за носење на законот за основање на Агенција за безбедност во сообраќајот на патиштата. Реформски закон кој долго време беше работен во рамките на министерството за транспорт, каде беа вклучени сите релевантни институции и со поддршка на експерти од ЕУ и за кој остана да се завршат финалните усогласувања. Тоа е реформата за која сите треба да се залагаме. А, не главна цел да бидат кадровските промени во составот на советот за безбедност на сообраќајот на патиштата и политичките интереси и калкулации на власта“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески.

Македонија | пред 1 година

rabota-od-doma

„Несериозно е да се носат измени по скратена постапка“, второстепната комисија за работен однос реагира оти ќе ги укинат

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, се бунтува на законските измени со кои истата ќе биде укината. Тие реагираат бидејќи не биле поканети во изработката на законскиот текст, како и дека спојувањето на оваа комисија со друга нема да може да функционира со иста ефикасност.„Со овие законски измени практично се предлага укинување на постоењето на Комисијата за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и пренесување на нејзините ингеренции на Комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заедно со сите вработени, инвентар, предмети и средства за работа.Иако со погоренаведените предложени законски измени најмногу е засегната работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за текстот на вака предложените законски измени Државната комисијата дозна по поднесување на Предлозите од група пратеници до Собранието на РСМ. Како орган не сме биле поканети да учествуваме, не сме учествувале ниту пак сме биле консултирани во текот на изработката на предлог законскиот текст на измените. Бидејќи законските измени се предлагаат во скратена постапка истите не беа објавени ниту на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи) како би можела стручната јавност, правните експерти и засегнатите страни со истите да изнесат свои забелешки и да предлог решенија. Како резултат на таинственоста на изготвувањето на предлог законските измени, отсуството на поширока дебата за потребата на истото, консултации и анализа на стручната јавност, се предлагаат законски измени кои се нелогични, правно неиздржани и кои штетно ќе се одразат на работата на Државната комисија.Фузирање на два самостојни државни органи не може да биде извршено без темелна анализа и консултација со официјални лица од двата органи кои би изготвиле соодветен план и програма за истото. Преземањето на потребните дејствија кои се неопходно потребни за да се изврши подготовка во двата органи за да може да се постапи по задолженијата за превземање на вработени, инвентар, предмети и средства бара подолг временки период во кој би се изготвила соодветна внатрешна организација и систематизација на работните места, врз основа на степенот на образование, стручна подготовка, квалификации и работно искуство како на постојно вработените лица, така и на вработените кои согласно Законот треба да се превземат. Комисијата како орган кој согласно предложените законски имени треба да ги превземе вработените нема никаков увид и податок за колкав број на вработени станува збор, кои се нивните квалификации, каков степен на нивната стручна подготовка и образование имаат, како и за нивното работно искуство.Дури по анализа за погоре наведените параметри може да се создадат услови за донесување на нова внатрешна организација и систематизација со цел да се створат услови за успешно преземање на вработените, инвентарот и предметите од органот кој што престанува да постои а тоа да не се одрази штетно на правата од работен однос на вработените, работата на институцијата и правата на странките кои имаат поведено постапки пред двете Комисии. Сакаме да го потенцираме фактот дека надлежноста на Државната комисија, која се состои од носење на одлуки во втор степен по жалби на акти – решенија донесени по прв степен од страна на органите на управата (министерствата, јавните установи, образовните институции, како и фактот дека Државната комисија претставува единствен државен орган на ниво на цела држава која постапува во втор степен по приговори изјавени против акти од работен однос, а се однесуваат на вработените во органите на државата управа чии што права од работен однос се уредени со lex specialis. Оттука, надлежностите на Комисијата директно се рефлектираат врз најсензитивните егзистенционални прашања на исклучително голема категорија граѓани, пред се вработени во здравството, органите за безбедност, пензионерите, корисниците на социјална помош и граѓаните изложени на социјален ризик.Предлагањето на вакви законски измени во скратена постапка и брзината со која истите се носат во најмала рака е несериозно и несомнено упатуваат дека истото е водено од исклучиво политички причини. Не би сакале да веруваме дека се точни шпекулациите дека вака предложените измени се предлагаат со единствена цел предвремено да се прекине актуелниот мандатот на постојните членови на двете Комисии и дека веќе е “ скроен “ новиот состав на Државната комисија по терк на парламентарното мнозинство.На крајот истакнуваме дека преку ваквиот преседан кој е спротивен на принципот на владеење на правото се прави упад во правниот систем и се создава правна несигурност и се воведува исклучетелно опасна праска секој нареден состав во законодавниот дом да може посегнувајќи по вакви алатки на припојување, укинување и проширување на надлежностите под превезот на “реформа на администрацијата“ да врши политички промени во професионални, независни и самостојни државни органи“, велат од Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.Со почит,

Македонија | пред 1 година

gashi-4

Гаши индиректно призна дека отишол по невеста во Косово: Известивме во МВР!

„Со оглед на неточните и тенденциозни тврдења на одредени медиуми околу вчерашното патување на претседателот на Собранието, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста за следните факти“, велат од законодавниот дом откако ЛДП праша „Носеше ли Гаши патен налог со себе денеска кога со службено возило отиде по невеста во Косово?“. Од Собрание додаваат:Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детал функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата.Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата.Надлежните органи можат да ја потврдат оваа информација, дека сите постапки се во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието“.

Македонија | пред 1 година

skopje

Се крена голема галама за изгласаниот Закон за урбанизам: Сиљановска повикана да не го потпише

Иницијативата „О2“ која беше против Законот за урбанистичко планирање бидејќи според нив ќе донесе ново узурпирање на јавниот простор, а според владиното мнозинство во Собрание носи само полесни процедури за градинки и училишта - јавно ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише указот.„Со 64 гласа „за“ и 11 „против“ се изгласаа експресно измените на законот за урбанистичко планирање. Ниту еден пратеник не зема збор да дискутира. Вчера попладне бевме поканети да присуствуваме на денешната комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, каде меѓу другите член е и Исмаил Јахоски од ДУИ, чиј син официјално е сопственик на нафтената компанија Пуцко Петрол, која е и градежен инвеститор. Кој апсурд, вакви лица да ни одлучуваат за јавен интерес и закони каде имаат приватен интерес. Присуствувавме на почетокот на комисиската седница каде ги образложивме нашите забелешки и потребата ваков закон со огромни импликации по сите во државава да се носи по редовна постапка и со јавна расправа. Но, членовите на комисијата го изгласале во целост без никакви измени, за само неколку часа подоцна да се изгласа на пленарна седница, каде министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека јавноста нема осонова за грижа, зошто тој за најголемиот дел од околу 600 урбанистички планови, кои ќе продолжат да се изработуваат по стари и неважечки закони и правилници, нема да даде согласност. Фрапантна изјава, која укажува не на почитување на законите, туку на земање на работите во свои раце и апсолутно дискреционо право. Основа за масовна корупција“, велат од „02 Иницијатива“.Тие ги кажаа нивните барања.„Јавно се обраќаме до претседателката на државава Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и го врати законот на повторно разгледување во Собранието со задолжителна јавна расправа. Испратете барање до претседателката да не го потпише указот за прогласување на овој закон. Можете да го ископирате нашето барање и го испратите на contact@president.mk. Ќе ве замолиме да нè ставите во CC на вашиот мејл, o2macedonia@gmail.com.барањето:Почитувана Претседателке на РСМ, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова,Бараме согласно вашите законски надлежности како Претседател на РСМ да не го потпишувате указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, кој е донесен по скратена постапка на 13.08.2024 и го вратите законот на повторно разгледување во Собранието со задолжително спроведување на јавна расправа на која ќе присуствува стручната јавност и граѓанските организации.Овој закон е донесен по скратена постапка, иако последиците од него се огромни и нè засегаат сите. Донесен е без јавна расправа, без консултации со стручната јавност, без објавување на Единствениот Национален Електронски Регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) со можност да се дадат коментари и да се влијае во процесот на негово донесување, без задолжително известување на сите засегнати здруженија на граѓани и невладини организации. Ваков суштински закон чии последици ги трпиме сите не смее да се донесе без јавна расправа и учество на стручната јавност и граѓанските организации.◾️ Со законот се дозволува повторна изработка на урбанистички планови според стари и неважечки закони и правилници до недоглед, кои за повеќе од 4.5 години не се завршиле, што укажува на проблем со овие планови, штом не се донеле во толкав временски период, а се изработени со несоодветни параметри, зошто во меѓувреме имаме нови податоци од пописот, просторот се изградил, има изградени линиски центри чии параметри не биле вклучени во планирањето, а сепак ги искористиле најголем дел од ресурсите, итн. Според изјавата на министерот за транспорт, бројката е околу 600 вакви урбанистички планови кои не се донеле во изминативе 4.5 години, да продолжат да се изработуваат по стари невалидни закони и правилници и како такви да се донесат и предизвикаат дополнителен хаос во просторот во кој живееме.◾️ Со законот се дозволува изградба на катни гаражи без донесен детален урбанистички план, само со урбанистички проект. Тоа значи самоволие и хаос, градење кој каде ќе му текне на вакви големи објекти, каде зеленилото и парковите ќе бидат првата жртва, каде граѓаните не се прашуваат и нема начин преку јавна анкета да го дадат своето мислење, каде Советот на општина нема право да одлучи со гласање.◾️ Со законот се отстранува одредбата одлуката со која се донел урбанистички план да е ништовна, ако нема добиено согласност од министерството за транспорт. Ова е суштинско за да се спречи злоупотреба и спроведување на планови кои не се валидни.◾️ Со законот се дозволува да нема изработено урбанистички планови за одредени подрачја уште од 2013 година и да важат штетни општи акти, како тој за Лагадин со хотелот покрај брегот, кои требало да бидат само преодна форма до изработка на урбанистички планови“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Укинати економските директори во Клиниките, изгласан Законот за урбанистичко планирање, Матка, проемни во игрите на среќа

Собраниското мнозинство денеска усвои неколку закони:Изгласани измените на Законот за здравствена заштита, со кој укинавме 40 економски директори.Изгласани измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.Изгласани измените на Законот за спорт, со кој се обезбедува финансиска поддршка на спортистите.Усвоени законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.Изгласано Автентичното толкување со кое што се става ред во просторот за игри на среќа - со што според нив, повеќе нема да има повластени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-14.46.43

Нема пари за плати и пензии, ниту исплаќање на долгови без ребалансот кој денеска е пред пратениците

Нема доволно пари за плати и пензии во буџетот, ниту за исплаќање на доспеаните обврски. Ова го кажа министерката за економија, Гордана Димитриеска-Кочоска на собраниската седница. Поради ова, власта предложи ребаланс, за кој од пратениците побараа поддршка.Според министерката, ребалансот покажува како ВМРО-ДПМНЕ планира да владее. Таа посочува дека не сакаат да одложуваат исплаќање на обврски, а со ребалансот ќе се зголемат и пензиите од септември.Во детали пред пратениците објаснуваше за трговскиот дефицит, бруто-домашниот производ и економските политики кои ги планираат.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања