Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СОБРАНИЕ

pratenici-sobranie-levica

Контроверзните измени на Законот за урбанизам остануваат на дневен ред во Собрание

На денешната собраниска седница, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ побара да се тргнат од дневен ред контроверзните измени на Законот за урбанизам во скратена постапка. Владејачката коалиција (со 64 гласа) гласаше против барањето на пратеникот од Левица и одлучи да ги шверцува ваквите измени во скратена постапка.„Ваквите закони не смеат да се носат по скратена постапка, без да биде покрената соодветна и опширна јавна расправа, во која ќе бидат вклучени сите релевантни стручни општествени актери кои се занимаваат со оваа проблематика! Недозволиво е дел на Републиката да нема нови урбанистички планови според нови тековни параметри, кои соодветствуваат на вистинските околности на терен. Само да ја потсетам јавноста дека вакви слични, дури и идентични измени беа предложени и од СДСМ, и од ВМРО - ДПМНЕ кон крајот на претходниот мандат, а кои нашата пратеничка група ги блокираше. Со измените во новиот Деловник, сега ова не е возможно“, рече Мециновиќ.

Македонија | пред 1 година

sobranie-nov-sostav-sdsm

За време на одмори менуваат Закон за урбанизам, пратениците да се борат против промените нарачка од урбаната мафија, повикуваат граѓани

Повторно обид да се смени закон на начин на кој ѝ одговара на урбаната мафија, алармира „02 иницијатива“ од каде посочуваат дека тоа се прави по скратена постапка за време на летни одмори.„Повторно исто сценарио! Експресни измени во Законот за урбанистичко планирање и тоа за време на летните одмори! Повик до сите пратеници да не ги гласаат подолу издвоените измени и да бараат истите да бидат отстранети од предлог-законот! Закон со толкав импакт се менува фреквентно поради актуелната потреба, а не се става на здрава основа, осмислен и усогласен со сите други актуелни, па и планирани закони со кои се преклопува. Зошто овој повик до пратениците?! Што се планира со предлог-законот?!“, велат од „02 Иницијатива“ и додаваат:„Еве ги издвоените измени во Предлог-законот, па проценете самите: се предлага БРИШЕЊЕ на одредбата со која јасно е утврдено дека урбанистичките планови кои започнале по старите закони и не успеале да се завршат во рок од 4 години од стапување на сила на законот (18.02.2020), истите да продолжат по новиот закон. Со бришење на овој дел, ќе се овозможи стариот закон неограничено да се користи, наместо ДУПовите конечно да тераат по сегашниот закон. се планира да се ИЗБРИШЕ делот кој уредува ако нема согласнот од Министерство за транспорт, одлуката за носење на урбанистичкиот план да е ништовна и министерот за транспорт да донесе решение за забрана на применувањето на планот. Со бришење на овој дел ќе се овозможи носење на ДУП без согласност и потоа оди докажувај се пред Уставен суд со годинии, а во меѓувреме ќе си се гради и ќе си се гради по тој ДУП. се предлага БРИШЕЊЕ на одредбите поврзани со обврската за обезбедување на потврда за урбанистичка усогласеност, со објаснување дека во пракса оваа одредба не се применува поради неусогласност со актуелниот Закон за градење. Зошто тогаш Законот за градење не се измени, за да може да се спроведе оваа одредба?! се планира САМО со урбанистички проект да се реализираат катни гаражи за кои не е донесен детален урбанистички план. Измените се ставени по скратена постапка на собраниска седница во понеделник, 12.8.2024“.На ова реагираа и од граѓанската иницијатива „Борба за Влае“.„По скратена постапка, за време на летни одмори.Колку и да се надеваме дека работите ќе тргнат на подобро со тоа што ќе почне да важи закон кој ги условува општините да почнат да планираат хумано, ставајќи го на прво место интересот на жителите наместо на инвеститорите, сепак политичарите успеваат да нѐ вратат на старото лошо статус кво. Наместо да се потрудат да го подобрат животот на граѓаните (кои се нивни гласачи) политичарите повторно „по скратена постапка“ ги изигруваат нашите интереси. Бараме од сите пратеници да гласаат против овие промени. Гласно да застанат против измените во законот за урбанистичко планирање и да се борат против секоја промена нарачана од урбаната мафија.

Коментари | пред 1 година

afrim-gasi

Гаши да не се вознемирува, останува претседател на Собрание и нема вина за насоките кон обезбедувачот да ја спасува Османи

Африм Гаши да си остане претседател на Собранието, смета пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, не е лоцирана одговорност кај него иако тој дал насоки на обезбедувањето при инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи. Истовремено, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека кривично-правна последица од давањето на насоките не е лоцирана кај Гаши, па МВР нема да поднесе ниту поднесок до Обвинителството. Со ова, Гаши е слободен човек, иако дал насоки на обезбедувачот да ја „спасува“ Османи.„Согласно внатрешните правила и процедури на МВР, немал право да го напушти вип објектот кој што го обезбедувал и не е негова одлуката, ниту пак надлежност да смирува, или да разгорува, или да прави што било што не е поврзано со описот на неговите работни задачи“, кажа Тошковски за 5ТВ.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи, како што наведува партијата во соопштение, одговорноста е лоцирана и е поднесена кривична пријава.„Институциите како никогаш до сега преземаа итни и неодлoжни мерки. Сега има кривични пријави, а во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих. Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого. Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не нè изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.Левица, веќе поднесе интерпелација за Гаши и од таму рекоа дека причината е „воведување непринципиелни политики во Собранието“.„Причината е и поради повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-torta-feat-768x978-1

Ахмети добил мејл дека ќе го бесат: Спремете се!

Пратениците од ДУИ вчера пријавиле дека добиле смртни закани од е-маил адреса чиј корисник е непознат. Во неа стоело „Спремете се за бесилка“. Според Алијсанта на Албанците кои и јавно се пожалија и го осудија потегот, пораката е испратена до Али Ахемти, Блерим Беџети, Рина Ајдари, Садула Дураку, Арбана Пашоли, Дијана Тоска, Илир Хасани и Исмаил Јахоски.Во неа, меѓу другото стои: „Кучиња од ДУИ, спремете се да ви ја сечеме главата и телото на парчиња, да ве сечеме. Бесилка за вас е спремна, со се фамилијата што ви мрда. Исто бесилка и куршуми за вас“.Вчера, полицијата извести дека работи на пронаоѓање на испраќачот на мејлот.

Македонија | пред 1 година

screenshot_20240712_153502_messenger

Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата

Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот на Собранието Африм Гаши и претставници на бошњачката заедница при оддавање почит на жртвите од геноцидот во Сребреница во Собранието се молеа. Опозицискиот СДСМ освен осуда дека на молитвата не ѝ е место во Собранието, побара институциите да реагираат и да има одговорност.-Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници. Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда – велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од владејачката партија апелираат да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе.-Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и поделби – велат од ВМРО-ДПМНЕ.За молитвата во Законодавниот дом реагира и опозицискиот СДСМ и ги повика институциите да реагираат.-Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата, тоа е непочитување и на Уставот. На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот. Повикуваме надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност – велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5003

Сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието на Република Македонија

Во Собранието на Република Северна Македонија и годинава се одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, откако во мај годинава Генералното Собрание на Обединетите нации ја донесе Резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и величење на воените злосторници.Присутните пратеници, претставници на бошњачката заедница и на Здружението Диванхана и други гости, со едноминутно молчење, им оддадоа почит на жртвите во геноцидот, по што претседателот на Собранието Африм Гаши, во воведното обраќање, нагласи дека овој грозоморен настан секојдневно нѐ потсетува на кревкоста, но и на непроценливата вредност на мирот, на владеењето на правото, на соживотот, на демократијата и на почитувањето на човековите права. Особено на основното човеково право на живот, што злосторнички беше прекршено летото 1995 година, кога за само неколку дена згаснаа илјадници животи и илјадници семејства беа завиени во црно.Затоа, рече претседателот Гаши, не треба да бегаме од тоа овој трагичен чин на масовно крвопролевање да го наречеме со вистинското име – геноцид. А геноцидот не е настан што се случува спонтано и што настанува сам по себе. Тој има автор, тоа е планирана и организирана акција, со намера на истребување и уништување на другиот, во овој случај на Бошњаците од Босна и Херцеговина.Затоа, како што рече претседателот на Собранието, и Северна Македонија, заедно со повеќето земји во светската организација, неодамна застана зад Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која се осудува негирањето на геноцидот и величење на воените злосторници и со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.„Ние треба да испратиме порака до нашите деца, до идните генерации, дека треба да ги почитуваат различностите и да се спротистават на омразата, на предрасудите и на стереотипите. Затоа што геноцид како во Сребреница не смее да се заборави, но и не смее да се дозволи да се повтори“, рече претседателот Гаши.Професорот Џемил Бектовиќ истакна дека Северна Македонија, со поддршката на Резолуцијата на ГС на ОН, како и со чинот на одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието уште еднаш покажува дека е на страната на правото и правдата и на страната на жртвите.Зборувајќи за симболиката на геноцидот на територијата на Босна и Херцеговина летото 1995 година, Бектовиќ рече дека Сребреница е симбол на страдање, на болка, но и на преживување. Сребреница, рече тој, е симбоол на бошњачките мајки кои останаа без своите чеда.Мерсиха Смаиловиќ, преставничка на Здружението Диванхана, рече дека Сребреница е паметник на човечката суровост и на несогледливите последици на омразата. Сребреница, рече таа, повикува на будност и на акција за спречување такви поглавја во иднина.Нашата држава, рече Смаиловиќ, не само што гласаше за Резолуцијата на ОН, туку е и коспонзор, така што презема обврски што треба да ги исполни во насока на негување на споменот на Сребреница, како и во пресрет на 30-годишнината од геноцидот следната година.Професорот Сеад Џигл нагласи дека, за жал, и 29 години подоцна, Сребреница се уште е предмет на жолчни расправи и недоразбирања и тема за политички борби и спротиставувања. Се надевам, рече тој, дека на 30-годишнината, со поголема самодоверба. Ќе може да кажеме дека сме овозможиле полека да почнат да заздравуваат отворените рани од минатото.Сафет Бишевац рече дека Резолуцијата на ОН е само мало оддолжување кон жртвите. Најдобар одговор кон оние кои се уште го негираат злосторството во Сребреница, рече тој, се помнењето и вистината.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-22.08.08

(Видео) Ќе ја кажам срамната придавка, немоќен сум во овој момент, ама ќе правам се да го исправам тој срам, порача Мицкоски до СДСМ

Ви благодарам, ќе ги имам на ум во натамошното делување, повеќе како пример како не треба“, вака мандатарот Христијан Мицкоски одговори на критиките од опозицијата на седницата за избор на нова Влада. Тој кажа дека на народот му е доста од препирки помеѓу политичари, па смета дека треба да се посвети само на проблемите кои ги имаат граѓаните. За критиките смета дека се обид за дефокус.„Нападите кои ги слушам овие два дена, се сведуваат на две тези: првата е Преспанскиот договор и вратете го името и второто е Францускиот предлог. Поради клевети СДСМ е двапати осудена, а тоа што не се извинивте е друга работа. Вие не ја научивте лекцијата од граѓаните. Еве ќе ви дадам два совети: првиот е дека со лаги нема да ја вратите довербата од граѓаните бидејќи тие знаат што правевте и зошто ја изгубивте, за да ја вратите треба време, а ние во ВМРО-ДПМНЕ бевме свесни дека треба да му дадеме време на времето. Јас во политичка пензија испратив еден ваш претседател, а вториот е тука се уште политички активен, а следната година по локалните избори ќе треба да бирате и четврти. Изборите ги изгубивте бидејќи играа фудбалчиња вашите коалициони партнери, понижувајќи ве вас, ви се случи Ласкарци, Беса Транс..“, рече Мицкоски.Тој додаде дека неговата рака била подадена и ќе биде за националните интереси.„Втората теза дека за Преспанскиот договор сме викале една работа, сме правеле друга – не само што е страмна, еве уште еднаш да ви појаснам, ваков бугарски договор под ваков диктат, нема да донесе уставни измени додека јас сум премиер. Таа работа како што вие или некој друг ја замислил, не врви. И да ќе ја кажам срамната придавка во заклетвата, бидејќи таа ме потсетува на срамот кој го нанесовте на мојата татковина, моето семејство, децата, и тие по нив. Јас ќе правам се што можам тој срам да го исправам, а во овој момент сум немоќен“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

sobranie-sala

Желни да кажат нешто за новата Влада: СДСМ нема да молчи на новата собраниска седница

Пратениците на СДСМ решија да дискутираат во Собранието на точката за избор на нова Влада. Ова доаѓа откако претходно никој од нив не се пријави за збор кога се конституираше Собранието и се правеше избор на собраниски спикер. Прв ќе зборува поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а по него, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски.Рокот од 20 дена за формирање влада истекува на 25 јуни. За Владата да биде изгласана потребно е апсолутно мнозинство од најмалку 61 пратеник од вкупно 120-члениот парламент. Седница за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од приемот на предлогот. Расправата во Собранието може да трае најмногу два дена односно до утре на полноќ.

Македонија | пред 1 година

sobranie-inaguracija

Избрани потретседателите на Собранието: Бендевска се заколна во РС Македонија, а Митрески во Република Северна Македонија

Пратениците Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ се избрани за потпретседатели на Собранието. За нивниот избор на потпретседателската функција во Собранието гласаа мнозинство пратеници на денешната пленарна седница.За изборот на пратеникот Антонијо Милошоски за потпретседател гласаа 69 пратеници, Јован Митрески го поддржаа 82 пратеници, а за пратеничката Весна Бендевска гласаа 70 пратеници.По гласањето, новоизбраните потпретседатели дадоа свечена изјава во пленарната сала. Заклетва пред пратениците дадоа Јован Митрески и Весна Бендевска. Антонијо Милошоски отсуствуваше од седницата поради здравствени причини.Пратеничката Весна Бендевска во заклетвата кажа Р.С Македонија, а Јован Митрески го изговори целосното уставно име на државата Република Северна Македонија, како што ја прочита и собранискиот спикер.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-inaguracija-sobranie

Сиљановска ќе го потпише законот кој се гласаше ноќеска во Собранието

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е должна да го потпише указот на Законот за организација и работа на органите на државната управа бидејќи станува збор за системски закон кој се носи со двотретинско мнозинство.-Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот, соопштија денеска од кабинетот на Сиљановска Давкова.Се очекува во најскор можен рок да биде потпишан, и да се формира новата влада.Веќе почнаа да се појавуваат првите имиња за министри за заменици министри во јавноста. Се очекува идната недела да бидат назначени новите министри во 20-те министерства.Како што е познато, бројот на министерства од 16, со новиот закон се зголеми на 20, а ќе има 24 министри, односно четири ќе бидат без ресор.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев: Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен

„Уставот е јасен! Дополнително има дури четири други закони кои изречно со ,,jus cogens" норма пропишуваат неспоивост на функција. Тоа се: Законот за Собранието, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси“ - рече лидерот на опозицијата и пратеник од Левица, Димитар Апасиев, при процедуралното обраќање на собраниската седница, а по однос на неуставното, незаконското и неделовничкото заземање на две неспоиви функции од страна на Талат Џафери.„На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако: Поднесе оставка, е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор поголема од пет години, настапи неспоивост со функцијата пратеник, му престане државјанството на РМ, со правосилно решение биде лишен од деловна способност или со смрт“, додава Апасиев.Во своето процедурално обраќање, лидерот на опозицијата - Апасиев, таксативно ги наведе случаите по коишто престанува функцијата пратеник.- Ставот три е многу битен, којшто вели: ,,Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанување на случаите од ставот 1, точки 2, 3, 4, 5, и 6". Значи, точката 3 којашто е случај на инкопатибилност е спомената изрично. Слушајте што вели: ,,Собранието тоа го констатира на првата наредна седница". Ова е прва наредна седница после верификацијата на мандатите - објасни Апасиев.Инаку, уште на 4 јуни, пратеничката група од Левица има поднесено барање врз основа на сите наведени членови.- Кај пратеникот Џафери, согласно Одлуката за верификација се констатира престанок на неговата функција без расправа со прост премин - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

mickoski-zakon

Законот донесен од 88 пратеници: Ќе се формираат и реорганизираат министерства, дебата до разденување

Министерствата ќе се реорганизираат и ќе се формираат, одлучија 88 пратеници кои гласаа „за“ предлог-законот на пратеникот Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. По дебатата која траеше до рано изутрина, собранискиот спикер Африм Гаши законското решение го стави на гласање, а против се изјаснија 22 пратеници, а немаше воздржани.„Констатирам дека Собранието го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Бидејќи е исцрпен дневниот ред, констатирам дека втората седница на Собранието е завршена“, порача Африм Гаши.Со законот, се зголемува бројот на министерства од 16 на 20. За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ.Според Предлогот, на Министерството за економија ќе му биде додаден сегментот труд, а досегашното Министерството за труд и социјална политика ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт нема да постои и ќе има посебно министерство за спорт. Дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, ингеренциите за туризмот ќе ги има ново министерството за култура и туризам.Исто така, ќе се формира и министерство за дигитализација кое ќе ги наследи обврските ба досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, а ново ќе биде и министерството за администрација.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-08-at-00.16.49

Пратениците си останаа во Собрание и по полноќ: долги говори на опозицијата и противење за реорганизација на министерствата

Дебатата за реорганизација на министерствата и формирање на нови, во Собранието, трае и по полноќ. Опозициските пратеници се пријавени за збор, а на говорница излегуваат еден по еден. Во салата се присутни сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Левица и СДСМ веќе најавија дека нема да го гласаат законот.Долг говор имаше Димитар Ковачевски, за првпат како пратеник. Тој упати низа критики и кажа дека реорганизацијата на министерствата не треба да биде ваква. Потоа, на говорница излегоа и пратениците на Левица – кои посочија дека се прават низа процедурални кршења поради тоа што седницата не е закажана на време.По него, излезе и Венко Филипче кој е пратеник. За него главно прашање е зошто предлог-законот се носи по скратена постапка, па критикуваше. По него, истото го направи и Фатмир Битиќи, па и други пратеници од СДСМ.Собранието вечерва ја продолжи втората седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка.Според Предлогот, на Министерството за економија ќе му биде додаден сегментот труд, а досегашното Министерството за труд и социјална политика ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт нема да постои и ќе има посебно министерство за спорт. Дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, ингеренциите за туризмот ќе ги има ново министерството за култура и туризам. Меѓу останатото, ќе се формира и министерство за дигитализација кое ќе ги наследи обврските ба досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, а ново ќе биде и министерството за администрација.

Македонија | пред 1 година

011-6

Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред, реагираше Спасовски

Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред на законите за реорганизација и зголемување на бројот на министерства, рече Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ на денешната седница во Собранието.-Сакам да го изразам ставот на пратеничката група на СДСМ, дека системски закон да се носи по скратена постапка, не е дозволено, посебно закон којшто уредува зголемување на бројот на министерствата и агенции и нема ниту проценка на влијание на регулативата. Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон кој е спротивен на деловникот на којшто се однесува и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред, рече Спасовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.15.26

Зелено светло за нови министерства и реорганизација: за едни реформа, за други непотребно брзање

Вкупно 74 пратеници ја изгласаа потребата од законски измени, за реорганизација на министерствата и целата државна управа. Едни велат дека ова значи реформа, други реагираат зошто се брза со донесување на измените на Законот. Со него, дел од надлежностите на министерствата ќе се прелеат во други, а воедно, ќе се формираат и нови институции.За предложените измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа, што ги предложи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, треба да заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците како матично работно тело и Законодавно-правната комисија, откако денеска Собранието го прифати неговиот предлог да се носат по скратена постапка. Седницата на Комисијата за политички систем е закажана за вечер во 18 часот.Суштината на овој предлог е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, повисоки пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие. За да го направиме ова ни треба добра организација на владата и затоа поднесувам предлог на Законот за измени на законот за организација и работа на органите во државната управа по скратена постапка, рече пратеникот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој даде образложение на измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа кој во Собрание по скратена постапка.Блерим Беџети рече дека треба да се разговара пред процесот на усвојување. Тие гласаа воздржано за потребата од законски измени.„Ни овој закон не треба да се спроведува еднострано, бидејќи организирањето на државните органи ќе има предности или недостатоци за граѓаните на оваа држава, од сите етнички припадности. Затоа, со процес на дијалог, бидејќи овие тела се во служба на граѓаните, треба сите да внимаваме на легитимитетот“, рече Блерим Беџети од ДУИ.Први со реакција се јавија од Левица. Времето е кратко, а измените крупни и вакви законски измени не може да се донесат по скратена постапка, кажа пратеникот Борислав Крмов.„Зборуваме за системски закон, тоа е за измена и надополнување на Закон за организација и работа на органите на државната управа. Ние го добиваме материјалот во средаби вчера во 22:30 ч. вие го повлекувате Законот и поднесувате друга измена. Како очекувате пратениците да дискутираат за овој закон - истакна народниот пратеник Борислав Крмов во процедурално обраќање на денешната седница“, рече Крмов.Во процедурално обраќање на седницата, пратеникот од Левица Димитар Апасиев праша зошто претседателот на Собранието Африм Гаши не го ставил како точка на дневен ред барањето што го достави Левица да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери поради неспоивост на функцијата премиер и пратеник. Гаши рече дека барањето го примил на 4 јуни и веднаш го препратил до сите пратеници, но не и до собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, бидејќи составот се уште не и е избран.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања