Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СОБРАНИЕ

jauleski

„Сакаа да легализираат бизнис со видеоапарати за профит на политичари блиски до ДУИ и СДСМ“, Јаулески за насилен обид во Собранието

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека денеска владеачката коалиција се обидела насилно да поминат точка со кој ќе се даде автентично толкување на Законот за игри на среќа, со кој, како што посочува, би се легализирал бизнис кој ќе генерира профит за политичари блиски до ДУИ и СДСМ.„После целодневна борба на Законодавно-правна комисија, се прекина расправата на усвојувањето на дневниот ред на кој се наоѓаше, автентично толкување на законот за игри на среќа (или паралелна видеолотарија на ДУИ). Насилно (со бројни прекршувања на деловникот) сакаа да ја поминат точката со која се легализира бизнис со видеоапарати кој ќе генерира профит од над 10 милиони евра на бизнисмени и политичари блиски до ДУИ и СДСМ.Очевиден криминал со документ за автентично толлување на Законот за игри потпишан од Артан Груби, а по барање на пратеник од ДУИ. Ваквите закони и постапки на коалицијата СДСМ - ДУИ само потврдуваат зошто е неопходна активна блокада на Собранието, се до одржување на предвремени парламентарни избори“, посочи Јаулески.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-01-at-19.05.57

(ВИДЕО) Караници среде Собрание: ВМРО ДПМНЕ ги блокира законите кои се однесуваат на промените во судството, тврди СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја блокира работата на Собранието и да кочи важни закони. Со недолично однесување, со закани за физичко насилство, денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја блокираа седницита и расправата по Предлог Законот за Академија за судии и обвинители“, вели СДСМ.Тие додаваат:„По кој знае кој пат, ВМРО-ДПМНЕ партијатазаштитник на криминалот жестоко се спротивставува на процесот на јакнење на судскиот систем во државата.Нема закон кој е од интерес на државата, од интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ да не го кочи и блокира.Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на партијата предводена од Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата.Но ниту една блокада, ниту една закана од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи реформите во судството и градењето силен, независен и ефикасен судски систем кој неселективно се борит против криминалот и корупцијата“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања