Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СОБРАНИЕ

IMG_3348

СДСМ и ДУИ против Законот за продолжување на пасошите, за опозицијата ова се граничи со лудост

СДСМ, ДУИ и НСДП, гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. Законот кој го поднесе опозицијата, со мнозинство гласови не беше усвоен. За гласаа 46 пратеници, а против 54.,,Пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата што свесно и намерно ја создадоа со пасошите” вели Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, во 21 век да се ограничува слободата на движење на луѓето, да се кршат уставните права за влез и излез од сопствената држава, свесно да оневозможувате право на лекување болни надвор од нашата држава, да се ограничува правото на секој да може да избира и да биде избран се граничи со лудост.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Наместо да ги намалат, СДСМ ќе менува закони за да пак не се зголемат платите на функционерите

Наместо намалување на веќе покачените плати на функционерите, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека платите нема дополнително да се зголемат. По неколку месеци откако со укинување на одлука од страна на Уставен суд, тие земаат за 78% поголеми плати, Ковачевски најавува дека СДСМ ќе бара менување на закони за да платите на функционерите дополнително не се зголемат со растот на минималната плата.„Постоечките коефициенти ќе бидат намалени, а платите на израните и именуваните функционери нема да пораснат“, вели Ковачевски.Претходно, Ковачевски како премиер кажа дека имало 7 закони за менување. И овие закони не беа променети. Со месеци, функционерите земаат драстично поголеми плати, кои се мерат во илјадници евра. За ова се трошат 15 милиони евра на годишно ниво.

Македонија | пред 2 години

50187712813_976bf2e5b4_c

ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа со повеќе од 61 пратеник и претседател на државата, најави Мицкоски

Во пресрет на распишувањето на изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека неговата партија ќе ја понесе победата. Денеска во 17 часот, претседателот на Собранието, Јован Митрески, ќе ги потпише документите за одржување на изборите. Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има сама мнозинство во Собранието.„Историска победа на ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 61 пратеник и победа на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.Ова се седми по ред претседателски избори и 12 по ред парламентарни избори. Претседателските треба да се одржат на 24 април, а на 8 мај парламентарните избори. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се одржат на истиот ден со парламентарните.Откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, ќе ги проследи до Државната изборна комисија. Кампањата за претседателските избори започнува од почетокот на април.

Македонија | пред 2 години

Demiri-Bajrami12-1024x585-1

Младиот Бајрами и докторот Демири ќе водат министерства - опозицијата критикуваше, власта си ги изгласа

Со низа критики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и бранење од пратениците од владејачкото мнозинство, Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри. Демири кој е инфектолог е нов министер за здравство, Бајрами за информатичко општество и администрација. Тие доаѓаат на местата од нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои се од таборот на Арбен Таравари и беа разрешени.За изборот на двајцата министри немаше ниту еден глас против или воздржан, а 63 пратеници галсаа „за“.Џафери кажа дека Бајрами е млад човек кој треба да добие шанса, а Демири е познат медицинар и треба да ја добие позицијата.„Нема потреба за претставување, секој од нас имал можност да помине лично или преку член на семејството на Инфективната клиника, сме имале можност да го гледаме во работата при водењето на болницата во Тетово, делата говорат за неговата личност. Бајрами е магистер, млад човек кој треба прилика да добие за да се покаже и докаже во струката, во тој контекст нема што да се дададе во однос на тоа што го претставил како биографија“, кажа Џафери.Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ го искара.„Дали сметате дека е сериозно да предложите министер за информатичко општество, а да кажете како кваликатив дека е млад човек и треба да му дадеме шанса. За што? Како министер да стекнува знаења и да учи?“, рече Стојаноски.Според него, поради тоа што министри од функција учеле како треба да се работи, граѓаните се херметички затворени поради патните исправи.„Токму затоа што стававме луѓе кои на функција учеа како треба, сега сме заробени во државата. Токму затоа сме херметички затворени. Ја донесовте државата на дереџе да менуваме закони за патни исправи. Таквите политики на приучување на луѓе нѐ донесоа на ниво да бираме министри да бираме министри за од функција да научат како да работат“, рече Стојаноски.Контрираше и пратеничката Дафина Стојаноска.Што ќе придонесе Демири како инфектолог во Владата или како Меџити го попречи подготвувањето на изборите? Ако Меџити и Алиу беа од АА, тогаш Демири и Бајрами од каде се? Законски, нели, како што кажа Талат Џафери, не може да има два опозициски субјекта во Владата? Се изнаслушавме се, само не добивме одговор со издржано образложение. Јасно е дека европскиот фронт се распаѓа, а додека е на власт гледавме само скандали, афери, криминал и корупција, не покажа никаква програма и план. Веќе сте прочитана книга и единствено што треба да ви се случи е народ, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-12-at-14.00.12

„Делата нивни зборуваат, нема што посебно да додадам“, Џафери предложи министри за здравство и информатика

Техничкиот премиер Талат Џафери предложи Илир Демири да биде избран за минситер за здравство.„Нема потреба за претставување, секој од нас имал можност да помине лично или преку член на семејството на Инфективната клиника, сме имале можност да го гледаме во работата при водењето на болницата во Тетово, делата говорат за неговата личност“, кажа Џафери.Наим Бајрами е предлог министер за информатичко општество и администрација.„Тој е магистер, млад човек кој треба прилика да добие за да се покаже и докаже во струката, во тој контекст нема што да се дададе во однос на тоа што го претставил како биографија“, додаде Џафери.

Македонија | пред 2 години

290724145_611003056943760_3989563964702095050_n

Законите за коридорите 8 и 10д по скратена постапка денеска на собраниска седница

Собранието денеска треба да ја започне 115. седница на која треба да ја утврди потребата за носење на неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.На дневен ред на седницата се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за експропријација и на Законот за работните односи, сите по скратена постапка.Овие закони, како што предложи Владата која е предлагач, ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања односно тие се со европско знаменце.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пратеник од македонското Собрание се жали: Зимаме околу 1000 евра плата, па не можеме први со први да врземе

Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ се жали дека со плата од 1000 евра „не може први со први да врзе“.„Зимаме околу 1000 евра плата, па не можеме први со први да врземе“, вели Костовски во изјавата.Видеото со неговата изјава го сподели твитерџија:https://twitter.com/Kalabalak_/status/1603665794738532353?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1603665794738532353%7Ctwgr%5Ee4d51b09e8b587c8b56ce0169c3cde73949afcab%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Fpratenik-so-plata-od-1000-evra-se-zhali-deka-ne-mozhe-prvi-so-prvi-da-vrze

Македонија | пред 3 години

235634236_3042017626088012_4185651639971951938_n

Денеска лидерска средба во Собранието

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Собранието ќе одржи средба со лидерите на парламентарните политички партии, на која треба да се разговара за европскиот пат на земјава, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус.– Средбата која ја свикува претседателот на Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус. Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, соопшти Владата во најавата за свикување на средбата на 2 ноември.

Македонија | пред 3 години

Jovan-1-1

Уште непочнати, во Собрание сите испокарани: ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа на координација кај Џафери

Од ВМРО-ДПМНЕ не дошле на координацијата со претседателот на Собранието, Талат Џафери, на првиот работен ден. Јован Митрески, координатор на пратениците од СДСМ кажа дека пробале да остварат контакт со опозицијата, но неуспешно.„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одби да присуствува на координацијата кај претседателот. Се надевам ќе се промени тој однос. Повикувам опозицијата да ги научи лекциите од минатото и наместо блокади, да делуваат одговорно. Наместо блокада и одолговлекување на седниците, попречување на работата, потребен е ефикасен и функционален Парламент. Да не се дозволи опструкции на Собранието“, кажа Јован Митрески, координатор на пратениците од СДСМ.Според него, досега, се што се договорило на координација, се почитувало од сите страни.„Недоаѓањето на координации на опозицијата, е откако поднесоа интерпелација на Џафери“, додаде Митрески.

Македонија | пред 3 години

kacarska

Кацарска до пратениците: Очекувам веќе од утре да работат ако треба и по 20 часа, додека не се изберат уставни судии

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, очекува пратениците „веќе од утре“ да почнат да работат, ако треба и по 20 часа, за конечно да ги избера уставните судии за да не се случи Судот да стави клуч на врата.Кацарска за „Слободен печат“ вели дека нема намера повеќе да се среќава со престедателката на Комисијата за избори и именувања или со претседателот на Собранието за да се забрза изборот на судиите бидејќи смета дека тие си ги знаат своите обврски.Кацарска потсетува дека пратениците обврските со изборот на судии требаше да ги завршат пред една година.– Работиме на работ на кворум со петмина судии, а Уставот предвидел девет. Зарем треба да му се случи нешто на некој од судиите и да ставиме клуч на Уставниот суд? Не постои друг орган што ја има нашата надлежност да врши контрола на законите кои се носат или да ги штити правата и слободите на граѓаните. Никој не им го дал тоа право на пратениците да се мајтапат со Уставот и навистина е несфатливо зошто не го почитуваат? – се чуди Кацарска.

Македонија | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа

Собранието втор ден расправа по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.И денешната расправа се одвива на ист начин како вчерашната. За збор се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има неподнослива бука предизвикана од вувузели, труби и свирки со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги попречуваат да говорат.Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа.Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-14.03.14

(ФОТО) Пратениците на скенер пред влез во собраниската сала: Власта е исплашена од народните избраници

Турканици и негодување имало пред почетокот на седницата каде се обрати на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Пратениците за првпат, пред влез во салата, биле поминувани на скенер. Не било дозволено да внесат ниту транспаренти, но според неофицијални информации, обезбедувањето попуштило.„Ни рекоа дека е наредба од претседателот“, сведочи пратеник од опозицијата за „Скопје1“.„Кога власта е исплашена од народните избраници т.е. од народот“, напиша Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.Ваква пракса во Собранието за проверка, досега немало. И друг пат кога доаѓале високи европски гости, не се случувало пратениците да бидат ставани на скенери.

Македонија | пред 3 години

sobranie-ahmeti-govornica

Собранието го доби францускиот предлог: Материјалот ќе се достави до пратениците

Ве информираме дека од Владата на Република Северна Македонија до Собранието на Република Северна Македонија е доставена “Информација за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година”. За ова информираше Кабинетот на Талат Џафери.Тие додаваат:„Согласно процедурите, материјалот ќе се достави до пратениците и за понатамошно постапување, соодветно и навремено ќе бидете информирани.Имајќи ги во предвид шпекулациите, Ве информираме дека за вечерва не е планирана седница. Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани“.

Македонија | пред 3 години

47

(ВИДЕО) Како изгледа Собранието по вчерашните протести

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на својот Фејсбук профил објави видеа од состојбата на Собранието по вчерашните протести.„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“, вели Џафери.

Македонија | пред 3 години

sobranie

Францускиот предлог оди во Собрание.

Францускиот предлог оди во Собрание.Премиерот Димитар Ковачевски порача дека Собранието ќе донесе одлука дали земјата ќе ги отпочне преговорите со ЕУ. Опозицијата најавува работни групи кои ќе треба да работат на спорните делови од текстот.ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките на преговарачката рамка со ЕУ. Се предлага во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса за Албанците и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува да се случи денес.Граѓани четири ден по ред протестираат против францускиот предлог.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања