Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СОБРАНИЕ

sobranie-inaguracija

Собранието ја започна втората седница

Собранието денеска ја почна втората седница со расправа по првата точка од дневниот ред за Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието.На дневен ред на седницата се Предлог одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4364

Верификувани мандатите на пратениците Аднан Азизи и Имрлије Салиу-Фетаи од „Вреди“

Собранието денеска ги верификуваше мандатите на пратениците Аднан Азизи и Имрлије Салиу-Фетаи од Коалицијата „Вреди“ и го прифати извештајот на Верификациската комисија која претходно на седница усвои извештај дека нема основ за оспорување на верификацијата на нивните мандати.Азизи е пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат на негово барање не беше верификуван на конститутивната седница, а Салиу-Фетаи доби пратенички мандат по прегласување на неколку избирачки места на 22 минатиот месец во Шетстата изборна единица.Пратениците ја усвоија и одлуката за избор на претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно правната комисија.Александар Велјановски е претседател на Комисијата за политички систем, а Љупчо Пренџов на Законодавно-правната комисија.За Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, што е трета точка од дневниот ред, како што рече претседателот на Собранието Африм Гаши, ќе се расправа откако ќе се создадат деловнички можности.

Македонија | пред 1 година

290724145_611003056943760_3989563964702095050_n

Кои експратеници добија апанажа: одобрени 29 барања, најголем дел од СДСМ

Комисијата за избори и именувања им ги одобри барањата за апанажа на 29 експратеници, меѓу кои најголемиот дел се од сега опозициската СДСМ, па од ДУИ, но и од експратеници кои делувале како независни. Барање за апанажа им е одобрено и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги напуштија собраниските клупи.Најголемиот дел од апанажите се во траење од една година, во која пратениците ќе треба да се снајдат и да си најдат работа, а има и такви кои ќе ја земаат пократко односно до нивно пензионирање.Целиот список:Според Законот, право на апанажа три месеци, има пратеник кој ја вршел функцијата до шест месеци, на апанажа до шест месеци има право само пратеник кој ја вршел функцијата до 12 месеци. Доколку лицето било пратеник 24 месеци или повеќе, тогаш поранешниот пратеник има право да зема надоместок 12 месеци.Исто така, со законот се предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеца, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија. За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.Правото на апанажа може да престане доколку поранешниот пратеник стекне право на пензија, кога тој ќе побара, кога ќе се вработи и ќе биде избран или именуван на друга функција врз основа на која остварува плата. Ова право може да престане доколку лицата се правосилно осудени за кривични дела против државата или за кривични дела сторени од користољубие.

Македонија | пред 1 година

merko-danela

Ќе ги спакуваат ли Данела и Мерко куферите за брзо: се бара итно менување на закон за да градоначалниците можат да се разрешат

Се погласни барањата измената на Законот за локална самоуправа да биде приоритет на Собранието, за да градоначалниците да можат да бидат разрешени. Ова доаѓа откако собранискиот спикер Африм Гаши кажа дека меѓу приоритетните законски одлуки ќе биде да нема предвремени избори за градоначалници во општините чии предводници ќе одлучат да влезат во извршната власт. Незадоволството од скопската градоначалничка Данела Арсовска и нејзиното работење, но и од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД – го донесоа ова барање.Овозможување да се разреши градоначалник е и едно од ветувањата во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Не се знае кога ваквите законски измени ќе се спроведат, но се знае начинот на кој градоначалник ќе може да биде разрешен.„Преку поширок политички дијалог ќе предвидиме законски измени со кои ќе се воведе можност Советот на единицата на локалната самоуправа да го отповика градоначалникот. Членовите на Советот ќе имаат можност во јасно утврдена процедура со 2/3 мнозинство да го отпочнат и да го завршат процесот на отповикување на градоначалникот“, стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.Според сегашниот закон за Локална самоуправа граѓаните немаат никаква законска форма да го отповикаат градоначалникот што го избрале на непосредни избори, доколку не се задоволни од неговата работа.Гаши смета дека итно треба да се промени законот со кој треба предвремени избори, доколку некој градоначалник, на пример, стане министер. Се споменува дека таква намера има Арбен Таравари, додека градоначалникот на Сарај Блерим Беџети веќе стана пратеник, воедно, се очекува и Тимчо Муцунски од Аеродром да оди во извршната власт.„Сметам дека е погрешно и спротивно на Уставот некој да се избира на четири години, а друг да ги добива гласовите на народот на избори со мандат од осум месеци. Сметаме дека тоа е противуставно и треба да се коригира со закон кој ќе го овозможи тоа“, кажал Гаши во интервју за РСЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-28-at-15.43.21

Африм Гаши избран за нов собраниски спикер

Африм Гаши со 76 гласа за и 6 против е избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија.Тој доби поддршка од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.Пратениците од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ ја напуштија собраниската сала.Гаши свечената изјава ја даде како претседател на Собрание на Република Северна Македонија.Тој е осум години во Собранието и има трет пратенички мандат.

Македонија | пред 1 година

445191655_10161579061882138_8941613000928496677_n

(Фото) Ахмети во опозиција по 16 години

Али Ахмети и пратениците на ДУИ, на денешната конститутивна седница, за првпат по 16 години седна во опоциските редови на Собранието.Ахмети е опозиција заедно со нивниот доскорешен коалиционен партнер СДСМ.Првпат ДУИ беше во опозиција од 2006 до 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ формираше Влада со ДПА.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-28-at-11.40.30

(Во живо) 🔴 Конституирање на нов парламентарен состав и избор на собраниски претседател

поред Деловникот, кој беше изгласан при крај на претходниот состав, седницата ќе трае најдолго три дена, а со неа до изборот на нов спикер ќе претседава највозрасниот пратеник. Тоа е 66 Мерита Колчи Коџаџику од коалицијата Вреди.Од оваа коалиција доаѓа и кандидатот кој ќе биде предложен за спикер, Африм Гаши, досегашниот лидер на Алтернатива.Од 120 пратеници, на седницата ќе присуствуваат само 118 чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда уште течат жалбените постапки.Најбројна е пратеничката група на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, потоа коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ до 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ исто така има 18 пратеници, коалицијата „Вреди“ 14, а Левица и ЗНАМ имаат по шест.

Македонија | пред 1 година

gashi-besa

Гаши ќе биде гласан за собраниски претседател, не сака да го споредуваат со Џафери: Ќе ја вршам функцијата достоинствено!

Африм Гаши се повлече од функцијата претседател на Алтернатива и ќе биде кандидиран за претседател на Собрание, потврдува тој за „Скопје1“. Одлуката ќе биде во рацете на пратениците кои ќе треба да одлучат дали предлогот ќе биде прифатен.„Нормално дека ќе биде предизвик, тоа ќе биде важна функција. Дали ќе бидам подобар од Талат Џафери ќе кажат граѓаните. Не ми е важно дали ќе бидам подобар од некого, туку да ја извршам функцијата достоинствено и квалитетно, за граѓаните да бидат среќни. Не би сакал да се споредувам со никого“, рече Гаши за „Скопје1“.Тој додаде дека негова заложба ќе биде и почитувањето на Деловникот на Собранието, нешто на што имаше замерки кога со Собранието раководеше Талат Џафери.Предлогот Гаши да биде претседател на Собранието ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, со што официјално ќе се потврди коалицијата со ВРЕДИ. Се шпекулира дека следен министер за здравство ќе биде Арбен Таравари, исто од коалицијата ВРЕДИ.„Скопје1“ објави и како ќе тече конститутивната седница која е закажана за утре во 11 часот во Собранието.

Македонија | пред 1 година

sobranie-inaguracija

Нов состав, нов спикер, утре во 11 часот конститутивна седница на 11-от Парламенет

Утре во 11 часот започнува конститутивната седница на новиот собраниски состав, 11 ти во независна Македонија.На почетокот ќе се избере верификациона комисија за верификација на 118 мандати, потоа Комисија за избори и именувања која ќе предложи претседател а потоа ќе се гласа за добранискиот спикер.До изборот со седницата ќе претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи-Коџаџику.Според новиот Деловник кој долго се договараше оваа седница може да трае само три дена е ограничена на најмногу три дена, согласно новиот Деловник. Ова е една од клучните измени со што ќе се избегнат настани како ,, Крвавиот четврток”, филибастерингот, злоупотребата на европски знаменца.Според досегашните резултати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија имаат 58 пратеници, СДСМ и коалицијата За европска иднина 18 пратеници, ДУИ и коалицијата Европскиот фронт 18 пратеници, коалицијата Вреди 14 пратеници и партиите ЗНАМ и Левица кои имаат шест пратеника.По конституирањето на новото Собрание, почнуваат да течат роковите за формирање на влада.Гордана Сиљановска-Давкова, е должна во рок од десет дена да го додели мандатот за состав на идната Влада на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во парламентот.Согласно роковникот, мандатарот, новата влада треба да ја состави и предложи во рок од 20 дена.Мицкоски веќе изјави дека нема само 58 пратеници на коалицијата Твоја Македонија, што ги освоија на изборите, туку 61 пратеник и со тоа и мандат за состав на влада.

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

На 28 мај, вторник ќр се одржи конститутивна седница на новиот парлсментарен состав.Од собраниската прес-служба информираа:- Претседателот на Собранието Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, одржал состанок со претставниците на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално било одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот.Митрески ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател.На денешниот состанок присуствувале Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ - ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина - СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.На состанокот присуствувале и Мерита Колчи Коџаџику, која како највозрасна пратеничка ќе раководи со седницата до изборот на новиот спикер. Ќе присуствува и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

Македонија | пред 1 година

Jovan-Mitreski

Честитка од претседателот на Собранието на Република Македонија Митрески по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, упати честитка до поглаварот на ИВЗ и до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник.Рамазан Бајрам, посакувајќи им денешниот ден да го поминат во среќа, благосостојба и во хармонија со своите најблиски.„Верувам дека, по еден месец пост, сите Ваши желби ќе бидат слушнати, а меѓусебната почит, разбирањето, толеранцијата и хуманоста, кои треба да бидат одраз на секој човек, ќе помогнат тие да се исполнат. Верските празници го воздигнуваат човекољубието, така што изминатиов месец покажавме дека не е важно на која религија припаѓаме, туку е важна меѓусебната почит и разбирање, кои нѐ прават сите нас подобри и духовно побогати“, наведува претседателот Митрески во честитката.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Изборниот законик велат не смеел да се менува пред избори, освен кога тоа им одговара на партиите на власт, коментира Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска ги искритикува парламентарните партии што гласале за измена на Изборниот законик. Според неа, не смеел да се менува пред избори.„Изборниот законик велат не смеел да се менува пред избори, освен кога тоа им одговара на партиите на власт. Па така Изборниот законик е променет по распишување на изборите, по скратена постапка. Променети се 38 члена, меѓу кои за зголемување на бројот на граѓани кои може да предложат советник или градоначалник, одредби кои се однесуваат на финансирањето на изборите и претставувањето во медиумите и надвор од нив. И не е точно дека промените се оние кои ги барал ОБСЕ/ОДИХР. А изборното ветување на СДСМ за ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ не може да биде испочитувано затоа што 7 години е краток период да се усогласат ставовите, и затоа треба да добијат уште толку. Се разбира ВМРО-ДПМНЕ не ни ветуваат вакво нешто. ДУИ не ја рачунам. Тоа не е партија туку мафија“, вели Најчевска.Собранието на 147 седница по скратена постапка ги донесе законите за дополнување и измени на Изборниот законик, откако претходно беа разгледани на матичните комисии и Законодавно-правната комисија каде што не биле усвоени амандмани и немаше дополнителни предлози за расправа.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-02-22-at-10.14.44

(Видео) Ќе земаат по 2.500 евра месечно, цела година: Ковачевски и Спасовски остануваат на товар на буџетот

Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа. Пратениците од СДСМ биле единствено присутни во салата, а со седум гласа, без никаква дискусија биле усвоени решенијата. Со ова, цела година, Ковачевски и Спасовски ќе добиваат по 2.500 евра месечно.„Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски на кого функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата“, кажа претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и го стави предлогот на гласање. Сите седум пратеници кренаа раце и имаше седум гласа „за“.„Поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукција“, кажа претседателката, а и овој предлог беше изгласан со седум гласови „за“.Освен тие двајца, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.19.32

Пратениците изгласаа: Функционерите нема да имаат ново зголемување на платите, остануваат исти

Пратениците ги излгасаа измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, кој беше пуштен во скратена постапка. Со него, ги намалија коефицинетите според кои се прсметува платата, со што, нема да имаат ново покачување, туку ќе ги земаат досегашните, без разлика на просечната плата во Македонија.„Со цел да се надмине оваа ситуација и да се ограничи можноста за значително или ново покачување на платите на оваа категорија, се предлага предметната измена на законот во однос на коефициентите на бодот за утврдување на надоместокот на плата на избраните и именуваните лица“, се вели во предлогот на Законот.Новите коефициненти за пресметување плата, проверете ги тука.

Македонија | пред 1 година

taravari-kandidat-1

За албанската опозиција ДУИ го турка Законот за игри на среќа и со европско и со сицилијанско знаменце, Пендаровски е должен да го потпише доколку и во вториот обид Законот биде изгласан

Албанската опозиција е против повторното изгласување на Законот за игри на среќа. Изет Меџити, пратеник и лидер на Демократско движење, изјави дека со Законот за игри на среќа предложен од ДУИ, казина ќе може да се најдат и во училишните дворови.Коалицијата Вреди ќе каже стоп на овој предлог, кој ДУИ се обидува да го помине еднаш со европското знаме и еднаш со „сицилијанско“ знаме.Какви тајни крие овој предложен закон еднаш замаскиран со европско и еднаш со знамето на „Сицилија“, покажува членот 10 во кој се бара отстранување на обложувалниците, но не и на казината.Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми ја демантира опозициската коалиција и вели дека интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на албанската опозиција е да не се донесе овој закон, за како што рече, да продолжи монополот на фирма која е основана на криминален начин пред неколку години.Барањето на ДУИ, рече Адеми, било отстранување на објектите на 1.000 метри од средните и основните училишта, но како што рече, за обезбедување на консензус во законодавниот дом, тие прифатиле одредба каде што е предвидено 500 метри дистанца.Првиот пат по изгласувањето, Указот не го потпиша претседателот Пендаровски. Законот, доколку по второто гласање го добие потребното мнозинство, во тој случај, според Уставот, шефот на државата е должен да го потпише.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања