СОБРАНИЕ

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Опозицијата ќе им поставува прашања на премиерот и министрите

Прва собраниска седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70 седница премиерот и министрите, според Деловникот два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници. На предлог на дневниот ред на 70 седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието.На прво читање на седницата се изменувањата и дополнувањата на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за гранична контрола и Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија – Скопје.По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да одржи продолжение на 19. седница, од чиј дневен ред преостанати за разгледување се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година.

Македонија | пред 2 месеци

sobranie

Се уште „виси” Бадентеровото мнозинство

Битни закони се закочени бидејќи актуелното владино мнозинство нема обезбедено бадентерово мнозинство или доволен број пратеници од немнозинските заедници.Затоа се актуелизира темата дали власта ќе успее да го прошири парламентарното мнозинство.ВМРО-ДПМНЕ, со ВЛЕН и ЗНАМ можеби ќе немаат проблем со двотретинско мнозинство, или поддршка од 80 пратеници, но камен на сопнување е Бадентерово мнозинство.Од 120 пратеници, 39 припаѓаат на немнозинските заедници и за да има Бадентер треба да се обезбедат половина пратеници од немнозинските заедници. ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН заедно имаат 14 пратеници, што значи немаат уште 6 пратеници.Според информациите на Скопје1, два пратеника можат да дојдат од ДПА и ДПТ, а со уште четири пратеници на Села проблемот би бил надминат.Затоа се водат опсежни договарања, но се и секој има своја цена. Пратеникот на БЕСА и ВЛЕН, Аднан Азизи, изјави дека се водат разговори и со пратеници од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ кои, како според него, се разочарани од политиките на Ахмети.Доколку биде постигнат договор ќе се откочи вратата за изгласување на системски закони, за кои е потребен Бадентер, на пример, Изборниот законик и Законот за локална самоуправа.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryq7fp4lqkaanl3DZpWbW

(Видео) „Ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот“ - Во БиХ прекината седницата за буџетот

Пратениците во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ расправаат за буџетот, но седницата беше прекината откако реагираше пратеникот од Демократскиот фронт (ДФ), Златан Бегиќ.Имено додека тој ја критикуваше работата на владата, пратеничката од СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на министерот за финансии Срѓан Амиџиќ, го прегрна и предизвика жестоки реакции во салата со своите гестови.-Ова навистина никаква смисла, ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот за финасии додека ние разговараме за буџетот.

Свет | пред 3 месеци

anb-komisija-za-nadzor-na-ar

Си прават зажани-откажи: Аферата со прислушување ја тресе државата, Собранието не успева да одржи седница

Во Собранието веќе неколку дена се одложува седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, закажана по аферата со прислушувањето и следењето на премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев, повеќе редакции и бизнисмени.Првпат седница била закажана за вчера во 11 часот: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 11:00 часот, во Сала 6“.Исто вчера, била одложена: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е одложена“.Повторно вчера била закажана седница: „Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 10 септември 2025 (среда) во 11:00 часот, во Сала 6“, па одложена.Истото се повторило: „Петтата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 17:00 часот, во Сала 6“. Ни од оваа седница ништо, бидејќи до пратениците стигнала порака дека се одлага. Добиле нова најава, овојат за седница во среда.„Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е презакажана за 10 септември 2025 (среда) во 10:00 часот, во Сала 6“, стои во пораката.Закажување на седница прави претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска. Тој нема ниту безбедносен сертификат за да може да раководи со оваа комисија. Прашан за тоа како сака да раководи со седница а без безбедносен сертификат, раскажа дека моделот во Македонија треба да е како во Словенија, сертификат да се добива со добивање на мандат за пратнеик.

Македонија | пред 4 месеци

izbori-makedonija-Copy

Изборниот законик падна на Бадентер – неизвесност за независните кандидати

Итната седница на Собранието за измените на Изборниот законик заврши без резултат – предлогот беше изгласан со мнозинство, но не помина на Бадентеровото гласање. Со тоа, останува неизвесно како независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври.Првичниот предлог предвидуваше независните листи да обезбедат потписи од 0,95% од запишаните избирачи во една изборна единица, наместо досегашниот еден процент. По расправата во комисии и прифаќањето на амандманот на Левица, прагот беше намален на 0,5%. Овој компромис беше поддржан од пратениците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.На првото гласање во пленарна сала, за измените гласаа 67 пратеници од вкупно 85 присутни, против беа 18, а воздржани немаше. Сепак, кога дојде до Бадентеровото гласање – услов задолжителен за одредби кои се однесуваат на изборниот процес – 18 пратеници од Европскиот фронт гласаа „против“, а само пратеници 11 беа „за“.Европскиот фронт реагираше дека измените се еднострани и во корист на владејачките партии, обвинувајќи дека се подготвуваат за мајоризација. „Се урива главниот заштитен механизам кој произлегува од Охридскиот договор – Бадентерот. Ова е прв пат да се дискутира за Изборниот законик без компромис и консултации со опозицијата“, порача Елми Азири.Од друга страна, од владејачката коалиција ВРЕДИ оценија дека опозицијата манипулира. „Влен се обидува да воспостави демократски вредности за граѓаните, а Европскиот фронт создава забуна околу тоа кој може, а кој не може да се кандидира“, изјави Саранда Имери-Стафаи.Со неизгласувањето на измените, ќе важи новото упатство на Државната изборна комисија (ДИК). Според него, кај советничките листи нема да биде потребно дополнително собирање потписи, а кај кандидатите за градоначалници ќе се бара поддршка од група избирачи со најмалку два потписи.Така, правната несигурност останува – дали ова упатство ќе биде доволно за несметано учество на независните кандидати или пак локалните избори повторно ќе се одржат во сенка на политички блокади.

Македонија | пред 5 месеци

pari

Законот за минимална плата од 500 евра повторно во Собранието

„Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:Цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа. Секој ден граѓаните гледаат и чувствуваат на своја кожа како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е неспособна да го подобри животниот стандард.За нив важен е само бизнис интересот, личното богатење, луксузот на функционерите, со папаја, манго, приватни авиони, додека народот живее сè потешко и посиромашно.Младите, пензионерите, работниците, земјоделците сите се борат со високи цени, ниски плати и неизвесна иднина.Си купуваат нови луксузни возила, нов мебел, нови кабинети, луксузни патувања, значи за владините функционери сè да има ново, луксузно, отмено, а за граѓаните, трошки леб и сол.Оваа власт нема ниту план, ниту економска политика, а нема ниту желба да им помогне на луѓето. Не ги слуша барањата на синдикатите за поголеми плати, не презема мерки за намалување на цените туку анализираат.Владата е слепа за ситуацијата во која се наоѓаат илјадници работници, кои едвај го минуваат месецот.Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра!Ова не е само барање на работниците, ова е неопходно, ова е мерка која ќе им го олесни тешкиот живот на многу македонски семејства.Веќе еднаш СДСМ ги поднесе законските измени за поголема минимална плата, за покачување на сите плати, но ВМРО-ДПМНЕ ги одби.Ние нема да се откажеме. СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минималната плата од 500 евра. За достоинствен живот и за фер плати.Ќе видиме кој ќе гласа „ЗА“ народот, а кој повторно ќе го сврти грбот на народот.СДСМ е и ќе остане гласот на работниците, на сите граѓани. СДСМ ги слушаше и почитуваше работниците, и сега е така.Нашата борба продолжува, за 500 евра минимална плата, за зголемување на платите во сите сектори и за достоинствен живот.Ви благодарам.

Македонија | пред 5 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Денеска Гаши ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од Кабинетот на спикерот.Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври.Со чинот на распишување ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат и завршат на 19 октомври за советниците, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.Веднаш по распишувањето, ќе се состане Државната изборна комисија и ќе го утврди календарот-роковник.Рокот за поднесување на листите, според законот е најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, што значи подносителите имаат рок најдоцна до 15 септември за да ги поднесат листите со советници и градоначалници.Државната изборна комисија ќе има неколку дена да ги провери и најдоцна 27 септември да ги утврди листите.Изборната кампања ќе трае започнува на 30 септември.Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.т

Македонија | пред 5 месеци

unnamed-1-1

Мицкоски: Што не успеа Тодор Живков и плејада бугарски политичари, успеа во време на СДСМ – не се споменува македонскиот идентитет

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент.Премиерот Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес.„Нема да ве вратам во времето на Батембер, во времето на Егзахот Јосиф, како се обидувале да го асимилираат овој дел. Дошле и до вашето Крушево. Но не успеале. Потрошиле два буџети, но не успеале. Но тоа што го правеле, а потоа го продолжил Тодор Живков, вие го прифативте. Вие ли сега најдовте да ми кажувате? Тоа што не им успеало на Батемберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие се прифативте.И да тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се спомене македонски идентитет и јазик во Извештај. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го правиме. Ние тоа ќе го исправиме. Бидете трпеливи.“, одговори премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Обвинител без доверба: Дали по „последната будала“, Коцевски ќе биде првиот што не разбира кога е време да се оди?

Откако Собранието со мнозинство гласови изгласа интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, тишината што следеше од неговиот кабинет одекнува погласно од било каква одбрана. Без јавен став, без најави дали ќе си замине или ќе се држи за функцијата како последен бастион на самобендисаност, Коцевски продолжува да молчи.Интерпелацијата е јасен политички и институционален сигнал – на човекот што го избраа преку ноќ, сега не му веруваат. Но дали и самиот ќе разбере што значи тоа?Од Јавното обвинителство – молк. „Скопје1“ побара официјален одговор: дали државниот обвинител ќе си замине по поразот во институцијата која му ја даде функцијата? Одговор нема.На социјалните мрежи, реакциите беа брзи. Адвокати, универзитетски професори и граѓани го критикуваа Коцевски и целокупниот систем што дозволува партиска и нетранспарентна распределба на клучни правосудни функции.Професорот Гордан Калајџиев кратко илустрираше: „Последната будала“ – цитирајќи ја изјавата на покојниот државен обвинител Александар Прчевски, кој уште во 2006 година предвиде што ќе значи оваа функција во држава каде власта го користи обвинителството како продолжена рака.А токму тоа се потврди. Собранието донесе и заклучок дека наводите во интерпелацијата се основани. Истиот ќе биде доставен до Владата и до самиот Коцевски – за кого оставката би била морален, но и логичен чин.Но дали е тоа доволно? И што доколку одлучи да остане, игнорирајќи ја пораката од оние што го донесоа – дека ја загубил довербата?Тогаш Владата може да ја продолжи постапката за разрешување, која ја запре во моментот кога се случи трагедијата во Кочани. До нив, Советот на јавни обвинители достави мислење со кое сметаат дека Коцевски треба да остане на фукцијата, а тие со нивни став можат да го достават до Собранието, каде пратениците можат да гласаат одново за јавниот обвинител да си замине.

Македонија | пред 6 месеци

Tatjana

Официјално - Собранието ја потврди оставката: Димитровска веќе не е претседателка на Антикорупциска, се активира постапка за избор на нов член

Собранието денеска официјално ја потврди оставката на Татјана Димитровска од функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираше дека функцијата ѝ престанува согласно член 121 став 2 од Деловникот на Собранието.Димитровска, како што беше соопштено, го известила Собранието дека ќе ја образложи својата одлука за оставка пред почетокот на седницата. По утврдувањето на оставката, следен чекор е Комисијата за прашања на изборите и именувања да распише јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија, што треба да се стори најдоцна во рок од десет дена.Оставката следува по иницијативата за нејзино разрешување поднесена од партијата Левица до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања. Само неколку дена подоцна, Димитровска доброволно се повлече од функцијата.Инаку, против неа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 18 јули поднесе обвинителен предлог. Таа се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година ѝ открила класифицирани информации на неповикано лице кое е обвинето во случајот „Адитив“. Дополнително, ѝ се става на товар дека незаконски го добила и сертификатот за пристап до класифицирани информации.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski-5135

Државниот обвинител Коцевски,, на тапет” пред пратениците

Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица.За разрешување на Коцевски се потребни 61 пратенички глас. Освен 6 пратеници од Левица, извесно е и дека за разрешување на Коцевски ќе гласа и ЗНАМ.Интерпелацијата ја поднесе Левица поради, како што наведуваат селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.ДУИ нема се уште соопштено како ќе гласа, а и ВРЕДИ. Според СДСМ, нема да гласаат за интерпелацијата.Христијан Мицкоски претходно изјави дека не го менува ставот ниту тој како човек ниту, пак, го менува ставот партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште во март, по пожарот во Кочани, рече дека ќе им даде шанса и на Коцевски и на другите обвинители да работат и да сработат имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата.„Јавноста ќе види утре.Ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ”, рече вчера Мицкоски.Коцевски негира дека има постигнат договор со премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговото евентуално разрешување.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе тужба против Собранието и претседателот Гаши: „Поништувањето на расправата за Кочани е противзаконско“

Лидерот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, денеска објави дека поднел тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија и неговиот претседател Африм Гаши.Причина за тужбата, како што наведува Апасиев, е одлуката за поништување на надзорната расправа за случувањата во Кочани, која требаше да се одржи токму на Комисијата со која тој претседава. Според него, ваквиот потег е противзаконски.„Денес поднесов ТУЖБА до Управниот суд против Собранието на РМ и спикерот Африм Гаши – за противзаконското поништување на Надзорната расправа за Кочани“, напиша Апасиев на ФБ.

Македонија | пред 6 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Кабинетот на Гаши потврди: Хоспитализиран е, состојбата му е стабилна и се вршат испитувања

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, е хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, потврдија денеска од неговиот Кабинет. Во соопштението се наведува дека здравствената состојба на Гаши е стабилна и дека се вршат детални лекарски прегледи.„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието, ја информираме јавноста дека тој вчера беше примен на Клиниката за дигестивна хирургија. Неговата состојба е стабилна, а сите понатамошни информации ќе бидат навремено соопштени од надлежните институции“, стои во реакцијата на Кабинетот.Скопје1 прв ја доби потврдата од директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски дека Гаши е згрижен на нивниот оддел. Тој изјави дека бил примен околу полноќ со симптоми на претплет на цревата, поради што веднаш бил задржан во болница.„Пациентот е хоспитализиран и засега се третира со медикаментозна терапија. Не е предвидена хируршка интервенција. Состојбата е под контрола и се следи од страна на стручниот тим“, изјави проф. д-р Костовски.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Без ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, изгласано одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Успеа третиот обид да има надзорна расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани.Партијата Левица е предлагач на иницијативата. На седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, со која претседава Димитар Апасиев, а со поддршка на опозицијата, усвоена е иницијативата за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани.И овој пат отсуствуваа и не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.Но, се употреби деловничката можност одлуката да се изгласа со поддршка од една третина од членовите на Комисијата.„Јавноста и граѓаните на Кочани заслужуваат одговори на сите дилеми и сомнежи околу селективната истрага за оваа трагедија. Очигледно е дека се штитат лица со тесни врски со владејачката партија“, порачаа од Левица, потенцирајќи дека институциите реагираат само под притисок на јавноста.Дека се спремни да дадат поддршка за оваа иницијатива се изјаснија и пратениците од СДСМ и Европскиот фронт, кој во своите излагања посочија дека наместо вистина граѓаните и семејствата на загинатите и повредените добиле само политиканство од власта и органите, кои како што обвинија работеле под владин диктат каде се штедат од пресуди владини функционери и каде нема оставки ниту од морални причини.Левица посочува дека владејачкото мнозинство требало да иницира надзорна расправа, наместо, како што велат, да одржува трибини зад затворени врати, во време на силна емотивна вознемиреност кај јавноста.„Одржувањето на оваа надзорна расправа е политичка должност. Никој што дозволил да функционира дискотеката на смртта не смее да биде поштеден од одговорност“, порачаа од Левица, нагласувајќи дека ќе продолжат да се борат против сите обиди за заташкување на случајот и за правда за трагедијата што ја потресе цела Македонија.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-21.05.31

Законот за прогласување на Просторот околу Собранието за безбедносна зона денеска пред пратениците

Собранието денеска ќе расправа за Предлог законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка, потоа за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.За законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона, пратеникот Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување на ова законско решение по скратена постапка.Нагласува дека ова законско решение е исклучително важно со што се уредува безбедносната зона на самото Собрание, но дека нема да забрани собирање и изразување на разни протести или настани на булеварот пред Собранието.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања