СОБРАНИЕ

bedzeti

(Видео) Мицкоски смета дека Беџети сака да му покаже мускули, откако му рече: „Да не биде дека ќе влечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад“

Блерим Беџети од ДУИ и премиерот Христијан Мицкоски се судрија на собраниската говорница.„Да не бидете вие тој што ќе ги повлечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад Македнија, па не ќе мора да трчаш по нив. Човечки е за сите овие политички политички прашања, вие да побарате извинување за пристапот“, рече меѓудругото Беџити.На ова врати Мицкоски кој му рече на Беџети дека не го сфаќа.„Веројатно сакавте да покажете мускули, 'еве како му се обраќам на премиерот, видовте?', добро, супер, одлично, секоја чест, покажавте мускули. Немате друга тема, не знаете што да зборувате, па единствената тема ви е да ги злоупотребувате чувствата на Албанците“, одговори Мицкоски посочувајќи му дека подединакво мисли на сите.

Македонија | пред 9 месеци

kocevski-1

Мицкоски одговараше дали останува на ставот дека Коцески е недостоен да биде јавен обвинител

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, го праша министерот за правда Игор Филков, дали остануваат на ставот дена јавниот обивнител Љупчо Коцевски го нарушил угледот на Обвинителството, има незаконско постапување и корупција, нефикасност во кривичното гонење, повреда на принципот на самостојност кај јавните обвинители или го променила ставот и зошто. На ова одговори премиерот Христијан Мицкоски.„Истрагата за Кочани ја води јавен обвинител назначен на предлог на тогашната Влада, во која најголем чинител беше СДСМ со останатите коалициони партнери, на тогашниот заменик претседател на Владата кој доаѓаше од ДУИ, а како претставници на Владата се нивниот министер и заменик-министер. Значи ние живееме во врвот на демократијата, ретко виден на Балканот. Опозицијата си има свој обвинител, а денеска ја води истрагата. И се надевам ќе го охрабрите, за да не биде ПР стратегија и дефокус, за да се врати назад на случаите за кои јас зборувам“, рече Мицкоски.Трајчулески повторно од говорницата посочи дека тие бараат конкретен одговор на прашањата, а не коментар кој го предложил Коцевски.„Не е прашање Коцевски чиј е, туку дали ќе се озакони ова ветување од предизборната кампања“, рече Трајчулески

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-11.24.29

„Дехидрирајте од плукање, да ги оставиме семејствата“, рече Мицкоски прашан од пратеник дали се разводнува истрагата за Кочани, за да се штитат функционери

Никола Трајчулевски, пратеник од СДСМ на собраниска седница констатираше дека не постои чувство на морална одговорност кај Владата и дека тоа е поразително за една Влада. Потоа, посочи дека се води селективна истрага за да се заштитат сегашни носители на високи позиции во МВР, Пазарен инспекторат. Објасни дека според нив, истрагата е контаминирана и е обид да се задоволи јавноста за сметка да не се откријат директните виновници за пожарот во дискотеката. Трајчулевски постави прашање до премиерот Христијан Мицкоски дали разводнувањето на истрагата е за да се заштитат функционери.„Најмалку вие имате право да зборувате за морал, можеби немаме ни ние, ќе кажат граѓаните за неколку месеци, но најмалку имате вие. Мој совет, да ги оставиме семејствата. На мене да удират секој ден, дехидрирајте од плукање, нормално е тоа. Логично е, измислувајте.. граѓаните се тие кои кажуваат дали вашата вистина или онаа вистина која ние ја кажуваме. Да ги оставиме семејствата оти болката и тагата е огромна“, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање.

Македонија | пред 9 месеци

SOBRANIE-LOGO

На три јазици и модерно: Собранието го менува логото, им предложија наместо зградата да стават патарина

Собранието со потпис на претседателот Африм Гаши тргна во поход да го промени логото на законодавниот дом. Препознатливото лого со зградата на Собранието ќе замине во историјата, а на негово место, според спецификацијата треба да има „уникатно и модерно. Во членот 2 став 3 од огласот се вели: „Логото треба да содржи графички елемент и целосен текст на називот на собранието на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на албански јазик и неговото писмо и на англиски јазик и неговото писмо“.Секој учесник на конкурсот, се додава во огласот, има право да поднесе најмногу три идејни решенија за логото на Собранието. Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување предлози е 45 дена од денот на објавувањето на Јавниот конкурс.„Јавниот конкурс за изработка на заштитен знак е со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален и визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата. Дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега“, се наведува во соопштението на собраниската прес-служба.На социјалните мрежи започнаа и шегите на сметка на пратениците и законодавниот дом. Па така, еден од јавните предлози е логото со зградата на Собранието да се замени со илустрација на патарните - поради патните трошоци кои ги земаат пратениците.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-15-at-19.02.27

(Видео) Пратениците се состанаа за надзорна расправа за Кочани, па двајца се испокараа

Не успеа обидот на ДУИ да се изгласа организирање на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, бидејќи влајачкото мнозинство смета дека е рано за тоа. На говорницата предлогот го бранеше Блерим Беџети од ДУИ, кој се скара со претседателот на Комисијата и пратеник, Љупчо Пренџов.„Очекував да ми се извините“, рече Пренџов, а Беџети со кренат крст му мавташе и реплицираше: „Ти да се извиниш“. По ова Пренџов му рече да си ја собере раката, а Беџети му врати: „И устата таму“.Пред ова, имаше неколку остри реплики.„Ова е сведоштво на продолжувањата на ‘мојот закон’ и ‘ќе ве влечеме за уши’. Ова е отсуство на сведоштво и сите тие кои се одговорни и се оди на ретроактивност да се направи една толку голема магла“ рече Беџети.Му врати Пренџов: „Не само за Кочани ќе се разговара и за „кабелот е крив“ кога „живи луѓе ни гореа“, ќе се разговара и за Ласкарци, ќе се разговара и за сообраќајката во Бугарија каде „живи луѓе гореа“. Ова парламентарно мнозинство нема да стави ништо под тепих.Од ДУИ најавија дека нивни 15 пратеници во писмена форма ќе побараат од претседателот на Собранието да се одржи расправата.

Македонија | пред 9 месеци

pance-toskovski

Талески оставка од Тошковски за трагедијата во Кочани; „Срам ми е да ве слушам“, му одговори министерот

Пратеникот Миле Талески од СДСМ побара неселективна одговорност за секој кој е инволвиран и виновен за пожарот во Кочани каде загинаа 59 млади луѓе и имаше многу повредени. На министерот за внатрешни работи Тошковски му наброја повеќе пропусти во механизмите за контрола.„Кој ќе одговара за пропустите на МВР, ниеден повисок функционер во МВР кој вечерта бил на должност. Не е приведен Донев, началникот на криминалистичка полиција во Кочани. Тој е сликан на партиски собир иако не смее да членува во партија”, рече Талески.„Мене ми беше срам да ве слушам затоа што вака бесрамно никој не треба да ја манипулира јавноста за на гневот на граѓаните политички да профитирате. Знаете колку кривични пријави поднесе МВР за вашете владеење, нула за Модуларната болница, нула за несреќата во Бугарија, нула за Ласкарци. Против 34 физички лица и 3 правни лица сега се процесуирани кривични пријави и тоа за лица од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ”, одговори Тошковски.15 месеци и не знаете кај сте, му одговори Талески.„Не држите политички памфлети, вака може да говорите на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тука сте да одговарате а не да поставувате прашања.На 16 ти не поднесовте оставка, можете сега да поднесете оставка”, побара пратеникот од СДСМ.

Македонија | пред 10 месеци

toskovski-bedzeti

(Видео) Беџети го праша Тошковски кој ја држел „Пулс“ отворена, министерот му врати дека ДУИ управувале со Министерството за економија

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој го држел бизнисот на дискотеката „Пулс“ отворен. Потоа, тој побара и оставка од минситерот поради морални причини. На ова, одговори министерот.„Во делот на прашањето кој го држел овој бизнис отворен.. Дел сте од политичката партија чии кадри управуваа со Министерството за економија, 15-20 години. Колку години упрауваа? Јас не паметам. Не паметам дали имало друг министер кој управувал со ова министерство освен кадри на ДУИ.. И сега кој го држел отворен бизнисот со лиценците, мене ме прашувате? Кој го држел отворен бизнисот“, одговори Тошковски и кажа дека нема да ја осуети постапката.Потоа, Беџети излезе на говорница и побара оставка од Тошковски поради моралната одговорнсот.

Македонија | пред 10 месеци

sobranie-nov-sostav-sdsm

Пратениците не дадоа зелено светло за патни трошоците за работниците

Народните избраници не дадоа поддршка да се изгласаат измени на Законот за работни односи. 18 пратеници беа „за“, никој не гласаше против и немаше воздржани. Крмов од Левица образложи дека со ова предложиле да се воведе можноста за исплаќање на патни трошоци и за работниците.„Имаат право но не е задолжително туку добра воља на работодавачот. Пред Уставот сите сме еднакви но некои работници не се. Ова право на патни трошоци завработниците беше укинато од една од поранешните влади на ВМРО-ДПМНЕ.Не се однесувајте како привилегирана каста”, порача Крмов.Не мина ниту предлогот на Левица за намалување на патарините за половина.

Македонија | пред 10 месеци

sobranie-nov-sostav-sdsm

Ина за пратениците: Одмор за време на ваква трагедија не е дно, треба лифт да викнеш да те качи до дното

Инфлуеснерката која пишува под името на Ина Многуфина, остро го искритикува Собранието кое реши да не работи две недели, за да пратениците не се караат на пратенички прашања поради трагедијата во Кочани.Нејзиниот статус:„Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние што имаат дупки што станале тунели, оние кои се донесени за да може да шиба корупцијата, оние закони кои доведоа до оваа трагедија.... собранието си зема две недели одмор. Да одморат они од не знам што. Од праење планови како со седење во Скопје да кешираат патни трошоци, како да идат пијани на работа, како да дремат по цел ден во бифето кое е поевтино и од студентска менза, како да се местат да позираат додека се сликаат како се потпишуваат во книгата на жалост со поглед во камера и поза кума во матично, како да дремеат на седници куцкајки на телефон, да одморат од пикање на штабските потрчковци во собрание за решение, од тоа?Собранието го носи барјакот за системот кој го немаме, слика и прилика на еден непрофесионализам и неетичност. Да одмореле, демек да не се испотепале за ситуацијата. Еј, немој бе. Демек ќе излезат и ќе се скараат за тоа кој е крив? Па тоа ќе ескалира? Немојте, па ние сите знаеме дека они се другарчиња кои сложно гласаат за плати и патни трошоци како едно. Земале одмор две недели, да не биде полошо.Демек елоквентниве, дел од нив со фонд на зборови комад три, а дел само послушно дигаат рака. Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа. Да одморат од тоа што нигде ги немаше во време на трагедијата. Има допирање на дно во политика ама зимање одмор во време на ваква трагедија кога треба да се анализира системот и да се средува да земеш две недели одмор, не е дно. Од овде треба да викнеш лифт да те качи до дното. Беда“.

Коментари | пред 10 месеци

482229019_1244659017016022_5972897827825566353_n

Спикерот Гаши со народни пари на Ифтар угости премиер, пратеници, политичари

Во Клубот на пратеници, спикерот угости пратеници, премиерот, функционери, припадници на верските заедници. Некои пратеници објавија фотографии и се пофалија дека биле на Ифтарска вечера кај претседателот на Собранието, Африм Гаши.Ова ги изреволтира граѓаните и следуваа коментари, критики но и бришења и менување постови.Граѓаните рекоа, ова е во Клуб на пратеници, значи сте биле кај нас дома, ние го плаќаме. Ако сакал Гаши да ве угости можел дома кај него да ве викне или да плати вечера во некој ресторан. И бидејќи празникот трае еден месец, ифтарски вечери од народни пари сега, по стариот обичај ќе организираат министри, директори и додиректори.А нели ние сме секуларна држава, религијата е одвоена од државата. Дали да очекуваме на кршење јајца, јагнешко и што ли уште не, да поканат претседателката, премиеротот, министрите. И повторно народот да плати.Не чувме дека некој изреагира бидејќи народот вели сложни попови и во петок мрсат.Претходно ова го правеше Талат Џафери. И не држи реченицата, „И вие така правевте“, бидејќи за такво правење и ги сменивме.

Македонија | пред 10 месеци

dameva-14

(Видео) Изгласана интерпелацијата на Весна Дамева: Нема легитимитет за функцијата

Со 77 гласа е изгласана интерпелација на членот на Судскиот совет, Весна Дамева. Одлуката беше поздравена со аплауз. Немаше против, ниту воздржани.„Собранието ја прифати интерпелацијата за членот на Судскиот совет Весна Дамева“, констатираше собранискиот спикер Африм Гаши.Потоа, со 74 гласови, Собранието донесе заклучоци со кои смета дека Дамева го изгубила легитимтетот.„Собранието утврди дека Весна Дамева како член на Судскиот совет имала значителен придонес во загрозување на судството и судиите и допринела за падот на довербата во судството, не ја извршувала својата функција, а го губи и легитимитетот да учествува во работата на Судскиот совет со оглед дека и е изгласана интерпелација“, рече Гаши.На сметка на Дамева дојдоа многу критики. Нејзиниот сопруг има поврзаност со Скопски пазар, па ја обвинуваа дека постапувала по предмети и дека не се изземала. Потоа, сметаа дека таа е несоодветен кадар бидејќи според дел од пратениците таа не е истакнат правник како што се бара според законот. Бидејќи стана член на Судскиот совет по предлог на експратеседателот Стево Пендаровски, од говорницата прашаа и како ја нашол токму неа, бидејќи била само стручен соработник во суд, а ниту стручните соработници меѓу себе не се познаваат.Инаку, Дамева беше и претседателка на Судскиот совет, во време кога имаше кавги и расправии, како и раскол меѓу членовите. Беше разрешена, па вратена со судска одлука на функцијата, бидејќи судот одлучи дека разрешувањето било незаконско.

Македонија | пред 10 месеци

Oliver-Spasovski

Спасовски: Со неуставна интепелација Власта го руши уставниот поредок

Со кршење на уставот и неуставна интепелација парламентарното мнозинство го руши уставниот поредок. Тоа е удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет.Овде се повикувате на реформи во правосудниот систем, кој што се потребни во државата , кои се потребни да се врати довербата во судството, и наместо реформа се започнува со операционализацијата на една неуставна интерпелација, додаде тој.-Зошто е неуставна? Затоа што, член 68 ст1 алинеја 15 од Уставот предвидува интерпелација на оние кои одговараат пред Собранието, Владата, поедини членови на владата и др. носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието. На членовите на Судскиот совет одговорност може да утврдува само Судскиот совет, бидејќи тој е уставна категорија и претставува самостојно и независно тело во судството. Затоа поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите од горе цитираниот член е преседан и недозволен акт во една демократска држава, упад во судството, кој ја руши темелната вредност на уставниот поредок на поделба на државната власт, во член 8 ст1 алинеја 4 од Уставот. И повреда на основното начело на еднаквост на членовите на Сускиот совет, создавајќи дискриминација помеѓу членовите, рече Спасовски.Понатаму, потенцираше Спасовски, Уставот со членовите 104 и 105 го регулира статусот, составот, мандатот на членовите, условите и постапката за избор и разрешување на членовите и надлежностите на Судскиот совет.-Поконкретно разработени во законот за Судскиот совет како lex specialis и е гаранција за независноста и непристрасноста на судската власт во однос на законодавната и извршната власт, но и во однос на политичките партии, органите на државната управа и на другите др институции. Затоа поднесената интерпелација е антипод на ваквата интенција која што е предвидена со Уставот, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.Поради овие причини Спасовски најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Бејџан Иљаз не го послуша спикерот Гаши да претседава со матичната комисија, Законот за бранители заглавен

Пропадна обидот на спикерот Африм Гаши да ја деблокира работата на Комисијата за социјална политика.Работата заглави на предлогот на СДСМ за Закон за бранители.Илире Даути, која предлогот не го стави на дневен ред беше сменета со изгласување на интерпелација, спикерот Африм Гаши одлучи со комисијата да претседава друг пратеник од Европски фронт и го повика Бејџан Иљас.„Денеска во Кабинетот на претседателот пристигна писмо од координаторот на Европски фронт дека пратеникот Бејџан Иљас ќе биде отсутен од сите активности во Собранието. Комисијата за социјална политика, демографија и млади што требаше да се одржи денеска, се одложува”, велат од кабинетот на Гаши.Пратеникот од Европскиот фронт, Елми Азири го повика Гаши да ја укине интерпелацијата на Илире Даути и да ја врати на позицијата претседател на Комисија, бидејќи тие нема да прифатат друг предлог.„Денешниот обид да се свика седница на Комисијата за социјална политика го потврдува токму она што уште од почетокот го предупредувавме, дека разрешувањето на Илире Даути од страна на парламентарното мнозинство, со предлог ставен на дневен ред од Африм Гаши, има за цел да го отвори патот за деблокирање на Законот за бранители, затоа денеска го повикуваме да се вразуми и да се повлече од овие сценарија“, рече Азири.Од ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали кога Комисијата би профункционирала, тие ќе поддржат на дневен ред да се стави предлогот за Законот за бранители. Од коалицијата „Вреди“ пак, истакнаа дека нема да поддржат решение кое може да предизвика тензии.„Собранието работи по Деловник и сѐ што е во рамките на Деловникот треба да биде спроведено. Сѐ што е надвор од рамките на Деловникот не очекуваме да биде спроведено.“, изјави Ковачки.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_5070

Димитриеска-Кочовска до Петровска: Врз која основа вие ги ставате в уста мајките што имаат деца, јас сум мајка на два сина и добро знам колку троши 4 члено семејство

Жестоко во собраниската сала на седницата на која се поставуваа пратенички прашања.Реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска ја праша врз основа на што ги става в уста мајките што имаат деца, таа е мајка на два сина и многу добро знае колку треба да троши едно 4-члено семејство.„Министерке, пред една недела имавте за мене нелогична изјава, кога рековте дека за вас не може да биде логично да се купува грашок од конзерва и дека едно 4 члено семејство треба во еден месец да конзумира 13 литри млеко. Следен пат кога ќе одите во маркет, а рековте дека одите често, земете и споредете време на готвење на тој грашок од конзерва кој за вас е нелогичен, и оној другиот. За вас може не е важно, ама за едно просечно македонско семејство, многу е важно колку време ќе биде вклучен шпоретот. Подеднакво важно е за една мајка дали ќе може цел месец на своите деца да им дава по една чаша млеко. Зашто, ако ја направиме логиката како што вие ја направивте за едно 4 члено семејство, тогаш ќе видите дека 13 литри млеко не се доволни, освен ако не го заменувате со бадемово или со некое друго. Моето прашање е следно: Наместо да ни држите лекции за домаќинско пазарење, не е лошо да го чуеме вашиот став за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа”, праша Петровска.„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4 члено семејство. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене”, одговори министерката.„Мислев, министерке, дека извлековте поуки од вашите претходни испади на Комисијата за финансирање и буџет, кога ве повлекоа од партијата со наредба да не доаѓате во Собрание, по што го праќаа вашиот заменик. Нема да одговарам на вашите неумесни коментари. Ако имаше дно, вие го пробивте“, рече Петровска.

Македонија | пред 11 месец

maksim-dimitrievski1

ЗНАМ нема да поддржат намалување на патните трошоци како што бара Левица, ниту кажаа конкретен став дали се високи или ниски

Пратениците од движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, нема да гласаат за намалување на патните трошоци. Тие сметаат дека Левица прави популизам, со оглед дека со законското решение е само сопствена промоција.„Пратениците од ЗНАМ не наплаќале и нема да наплаќаат патни трошоци. Само еден колега има добиено 30.000 денари, за амортизација, гориво, патарини. Нашиот став за предлогот на Левица, останува принципиелен, ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање на театар за секоја тема. Отворени сме за конструктивен процес на преговори, за сите прашања, со сите пратенички групи, за да се дојде до најдобро решение“, рече Даниела Белимова, пратеник од ЗНАМ.Според неа, Левица не е решение на проблемот туку таа создава проблеми. На прашањето дали лично смета дека патните трошоци треба да се намалат, Белимова рече: „Ние секој предлог го прифаќаме, како пратеничка група да седнеме на маса со другите пратенички групи, да договориме општо прифатливо“. На прашањето што е тоа „општо прифатливо“, дали се ниски или високи патните трошоци, таа немаше одговор и го повтори истото: „Кога ќе седнеме на маса, ќе изнајдеме решение“.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања