СОБРАНИЕ

MitkoT

Трајчулески до Николоски: За чии интереси ја кочите изградбата на Коридорот 8?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на денешената седница за пратенички прашања упати прашање до заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски за кочењето на израдбат ана Коридорот 8 од страна на Владата.„Со својата географската положба Република Македонија претставува крстосница на Балканот и е важна транзитна рута за сувоземен транспорт помеѓу Централна Европа, Јонското и Јадранското море, Егејското море, Црното море и понатаму кон Азија. Оваа поволна георгафска положба придонесе за развој на меѓународен транспорт преку две транс национални оски, а тоа се Север-Југ односно Коридорот 10 и Исток-Запад односно коридорот 8. И двата коридори се дел од индикативните Транс Европски Транспортни мрежи.Стратешки интерес на Македонија треба да биде инфраструктурното поврзување со регионот со што ќе ја олесниме трговијата и транспортот и Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот.„Нема поважни и помалку важни коридори. И коридорот 10 и коридорот 8 се подеднакво важни за државата и во економска и во геополитичка смисла“, рече Митко Трајчулески.„Очигледна е намерата на Владата да креира лажна слика кај народот за помалку важен коридор 8 и повеќе важен коридор 10.Се креираат теории на заговор за премостување на нашата држава со паралелни коридори во соседството со единствена цел да се пролонгира изградбата на железничкиот коридор 8.Очигледна е намерата на владата за пренасочување на средствата од кредиторите наменети за коридорот 8.Ќе цитирам ваша изјава министре: “Ние бараме со кредиторите на третиот дел од пругата кон Бугарија, ЕИБ и ЕБОР да седнеме и да договориме пренамена на кредитот за рехабилитација на пругата од коридорот 10“.По што следеше соочување со реалноста.„Кога барате наменски кредит, не може за друго да го користите“, изјава на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.„Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика“, изјава на специјалниот германски пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин.А коридорот 8 освен што има економско и трговско значење за нашата држава, тој е од огромно значење и за безбедносната архитектура на Европската унија и за НАТО.„Коридорот 8 е од стратешко значење, тој му овозможува на НАТО брзо да се распоредува“, изјава на Лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.Уште еден доказ за ова што го говорам е и писмото за намери кое на Самитот на НАТО во Вашингтон го потпиша министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со неговите колеги од Италија, Албанија и Бугарија, а се однесува на воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност долж Пан Европскиот Коридор 8 за потребите на алијансата.Затоа, нашата држава не смее да запре со изградбата на коридорот 8 и со модернизацијата на коридорот 10. Овие два процеси треба да продолжат паралелно затоа што тоа е национален стратешки интерес за нашата држава.Моето прашање почитуван министер е дали свесно и намерно ја одолговлекувате изградбата на желизничкиот Коридор 8 и заради чии интереси го правите истото?“, изјави Митко Трајчулески.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-140959

(Видео) Лукаревска до Мицкоски: Го уништивте Скопје, каде ви се автобусите што ги ветувавте?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицковски кое се однесуваше на катастрофалната состојба со јавниот превоз, којшто е буквално колабиран во Скопје.„На загадениот воздух во главниот град многу влијае и катастрофалната состојба со јавниот превоз, којшто е буквално колабиран во Скопје.Овој проблем станува актуен и сериозно го загрозува најважното, здравјето на граѓаните.Вие пред 3 години заедно со градоначалничката којашто ја промовиравте за најдобра менаџерка ветувавте модерно Скопје, нови 250 автобуси, бесплатен превоз.А денеска резултатот на сите тие ветувања е јавен превоз во Скопје во катастрофална состојба, најлош во Европа. Дури прашање е и дали може да се каже дека има јавен превоз во главниот град.ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во Скопје ама и централна власт“, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.„Не што нема нови автобуси, гориво нема ниту за тие што ги има, ете до таму го дотеравте градот, заедно со градоначалничката за којашто ја баравте довербата.По кавгата со неа цели 3 години ДПМНЕ ги малтретира скопјани и буквално не само што го блокирате градот туку јас би рекла и се изживувате со скопјани.Откако Коце Трајановски го направи историски најлошиот потег со набавка на кинеските авотбуси кои се распаѓаат по улиците, сега имаме локална власт на ДПМНЕ која е решена по секоја цена да го уништи претпријатието на кое му фалат најмалку 100 автобуси нормално да функционира.Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Страдаат поради недостигот на нови автобуси и поради целосно нефункционалниот и застарен концепт на јавен сообраќај во Скопје.Во март 2022 година, најавивте дека сте во преговори со светски компании за набавка на нови 100 електрични автобуси во Скопје.Еве ја вашата изјава:„Изминатиот период сериозно работевме на контакти, разговори и преговори со неколку светски компании коишто произведуваат електрични автобуси, кои беа дел од изборната програма и ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Со набавка на нови минимум 100 парчиња на електрични автобуси ќе допринесеме за намалување на загадувањето на воздухот и за таа цел изминатиот период остваривме комуникација со многу производители“Поминаа 2,5 години нови 100 автобуси во Скопје нема. Не го исполнивте ветувањето за инвестиции и модернизација на јавниот превоз.Одговорност имаат и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои намерно не гласаат за набавката на нови автобуси во советот но и кај Владата затоа што не презема никакви мерки.Над 25 пати советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на град Скопје одбива да изгласа набавка на нови автобуси.Сега најавувате нови 250 автобуси.Па зошто досега не купувате? Зошто не им дозволивте на советниците во градот Скопје да изгласаат одлука за набавка на автобуси?Шест EKO автобуси, донација од ЕУ пред некој ден пристигнаа во ЈСП, претохдната локална власт во Скопје 33 нови еколошки автобуси набави вие како локална и централна власт не можете да набавите ниту еден автобус?Или важно е кој ќе преговара за набавката?Велите нови автобуси, а немате предвидено во буџетот пари за нови автобуси. Каде ви се новите автобуси во буџетот господине Мицкоски?Излезете и одговорете и на јавноста кој ќе понесе одговорност“, побара пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

28112024_Mickoski

Мицкоски до Јавниот обвинител: Aко не е анкциозен, со повисока температура, со грчеви во стомакот, да истражат како инстант компании преку ноќ стануваат милионери

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на пратенички прашања рече дека состојбата која што ја наследил била алармантна, укажувајќи дека оваа Влада е единствената Влада која во процес на формирање беше нападната од опозицијата, но и од одредени здруженија и синдикални организации.Состојбата не беше тешка, туку алармантна. И можеби оваа Влада е единствената Влада уште во процесот на формирање беше нападната од страна на денешната опозиција, но истовремено нападната и од одредени здруженија на граѓани, синдикални организации дека е против работничките права, зголемување на платите, вели тој.Претседателот на Владата Мицкоски потенцираше дека дупката во Буџетот била огромна, посочувајќи дека само за редовна исплата на пензиите недостасувале 5 милијарди денари, но не било заборавено да се исплатат аванс на проект од речиси 300 милиони евра за проект кој што не бил започнат.„Дупката беше толку голема, злоупотребите беа такви и континуирано излегуваа на површина акумулирани долгови што тоа не загрижи и велевме сега што правиме и како ќе ја завршиме годината, имајќи во предвид дека за редовните исплати недостасуваа средства. Недисциплина, демотивирање во администрацијата, моралот беше на ниско ниво, се уште во институциите распослани кадри од претходната власт на СДСМ и ДУИ.Само за редовна исплата на пензии, недостасуваа 5 милијарди денари во Буџетот. Точно 5 милијарди денари во Буџетот. Но, не било заборавено да бидат исплатени авансите за проектите кои што никогаш не тргнале. Еве на пример не бил заборавен да се исплати речиси 300 милиони евра за еден клучен проект, кој што требаше оваа Влада да дојде, да ги откочи сите проекти, и да може денеска тој проект да се движи и тоа се гледа на лице место. Тоа е проектот кој што ќе ги поврзува во иднина Гостивар со селото Букојчани и Прилеп со Битола, “, истакна тој.„Еве јас го повикувам јавниот обвинител да влезе и да види кој е подизведувач на делницата од Гостивар до Букојчани и дали тој подизведувач е сопственик на позната куќа која што цела Македонија ја знае во едно рурално место од Западна Македонија, во близина на Тетово. И дали на тој подизведувач му е одземена лиценцата поради тоа што му се урна мостот бидејќи тој „случајно“ бил подизведувач и на еден друг проект на пругата кој што е дел од коридорот 8. Му се урна мостот“, истакна премиерот и го повика повторно јавниот обвинител да го истражи целиот случај доколку е подготвен.Премиерот Мицкоски додаде дека со ребаланс на Буџетот, Владата обезбедила и 1 милијарда денари за к15 на вработените во администрацијата.Понатаму, бидејќи сме за работничките права 1 милијарда денари недостасуваа за К15. Не ја предвиделе во Буџетот, со ребалансот ние и тие ги обезбедивме, 1 милијарда денари сега во декември ќе се исплати на вработените повеќе од 83 илјади во јавната администрација, додаде Мицкоски.Премиерот нагласи дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ закочила половина милијарда евра пари обезбедени од ЕИБ за комунални проекти во општините, бидејќи поголем број од градоначалниците биле од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сегашниот министер за животна средина Меџити го откочил овој процес бидејќи тие пари се за проекти за граѓаните.Оваа Влада обезбеди речиси 500 милиони евра инвестиции во сите општини во цела Македонија без разлика дали градоначалникот е од ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, независен, ВРЕДИ значи не се бираше. А знаете што правела претходната Влада, бидејќи јас очекував за тоа да се збори кога станува збор за Министерството за животна средина, 50 милиони евра земени пари, одобрени пари од Европска инвестициска банка за проекти за комунална инфраструктура, водоводи и канализации стоеле затоа што градоначалниците најголем дел биле од опозицијата во тоа време. Е дојде сега овој министер Изет Меџити го одглави процесот без разлика што ќе има корисници од различни политички партии, тоа е за граѓаните. Пола милијарда евра за граѓаните.Кога зборувавме за овој инвестициски бран, тогаш сите велеа дека ќе има партиска чистка, ние што велевме еве и тие кои што немаат подготвено проектна документација дадовме дополнителен рок до 15 ноември доставија и ќе добијат. Тука ќе има проекти и во Липково, и во Желино и во Тетово, Штип, Струмица, и во Струга, и во Делчево и во Пробиштип, и во Врапчиште и во Боговиње. Но, за жал се уште поедини политичари живеат во времето од пред 100 години, наместо да гледаме напред за 100 години, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека Јавниот обвинител треба да го истражи и работењето во РЕК Битола, бидејќи како што рече таму долгот е 5 милијарди денари.„Немаше предвидено за плати во неколку јавни претпријатија и во институции. Но, бидејќи го спомнавте РЕК Битола 5 милијарди денари е долгот. И еве повторно го повикувам Јавниот обвинител ако не е анкциозен, со повисока температура, со грчеви во стомакот и цревата да влезат во компанијата и да истражат како инстант компании, јас ќе им ги дадам адресите од рурални места во Западна Македонија преку ноќ стануваат милионери, еве јас ќе им ги дадам адресите, име и презиме од сопствениците на тие компании“.

Македонија | пред 1 година

Lukarevska-2

(Видео) Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицковски кое се однесуваше за борба против загадувањето.„Граѓаните на Скопје, но и многу други македонски градови дишат загаден воздух, присуството на ПМ10 честичките се двојно а некои денови тројно зголемени. Високи концентрации на ПМ10 честички се регистрирани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Гостивар. По бројот на жители тоа е повеќе од половина Македонија.Воздухот е означен како „нездрав“, тоа знаете верувам колку сериозна закана за здравјето на граѓаните е.Кога бевте во опозиција господине Мицкоски вие ветувавте над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветувавте намалување на загадувањето до 50%.Како власт нема ништо од тоа. Не само што нема 1 милијарда евра за борба против загадувањето туку и парите коишто се предвидени за тоа во буџетот ги намалувате“, рече Сања Лукаревска.„Или по ставки: Парите за заштита на животната средина ги намаливте за цели 25%. Парите за квалитет на воздух ги намаливте за 51%. Парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, немате ништо предвидено.Со намалување на буџетот за клучни области за борба против загадувањето, како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот праќате јасна порака дека немате никаква намера нешто да преземете.Ги оставате граѓаните само на себе.Како власт поважно ви е луксузирањето, па затоа во Буџетот имате предвидено повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги.Пред една недела, вие господине Мицкоски тврдевте дека когенеративна централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но каде се тие пари во буџетот? Нема ниту денар.Нема средства, нема план, нема никаква стратегија за намалување на загадувањето.Депонијата „Дрисла“, која е главен извор на загадување за цело Скопје, останува заборавена. Нема средства за нејзино подобрување, ниту за воспоставување модерен систем за управување со отпадот. Наместо тоа, секојдневно гледаме неорганизираност, негрижа и неспособност.Ова е алармантно. Наместо да преземат конкретни мерки за спас на животната средина гледаме неактивност а тоа граѓаните го плаќаат со своето здравје.Дополнително, во рамки на Собранието и Комисијата за финансирање и буџет досега не прифативте ниту еден амандман на СДСМ, ниту еден, меѓу кои ги одбивте и амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето.Кога бевме на власт СДСМ имаше План за чист воздух, којшто е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, истиот беше посочен и во Извештај на Европска комисија.И реализацијата на тој план ги даде првичните ефекти, кои се јасни и конкретни. Секако дека не е долно но борбата со загадувањето е макотрпен процес.Со планот се обезбеди годишно намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за-564 kg и намалување на честичките МП 10 за-735 kg.Во мандатот на СДСМ се преземаа серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта.Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници.Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата.Ги нафрлам сите овие мерки затоа што секоја од нив вметната во овој план придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот.И тие мерки требаше да се засилат и да се унапредат. За жал и на штета на народот ДПМНЕ не прави ништо за тоа односно го прекинува тој процес.Политиките на една власт се гледаат во буџетот а во Буџетот 2025 пари за борба против загадувањето нема.Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите!Ја нема сега милијардата којашто ја најавувавте за борба против загадувањето. Ниту пак има мерки за намалување на загадувањето за 50%.Моето конкретно прашање е каде го заборавивте планот за чист воздух?“, праша пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

nikoloski13022023

Николоски: Затекнавме катастрофална состојба во железницата, вработениете плата дома не можеа да однесат

Смешно е кога се прават теории на заговор за некакви оски во услови кога затекнавме катастрофална состојба во Железницата. Слушавме за бајковити проекти од 300-400 милиони евра, а вработените плата не можеа да им однесат на семејствата. Патнички возови и да немаше а наследивме нула локомотиви и дваесетина композиции кои што чекаа на граница бидејќи немаше како да бидат пренесени. Сега состојбата е сменета, оваа Влада започна со реформирање на Желеницата и до крај на годината ќе покаже позитивни резултати, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски на одговор на пратеничко прашање.Тој потенцира дека сега се оспособени патнички возови за сообраќај како и шест локомотиви, а до крај на годината ќе бидaт функционални вкупно девет локомотиви со што Железница извесно е дека за вторите шест месеци откако се формира Владата, ќе заврши со позитива во работењето.Во однос на пругата за Коридор 8, вицепремиерот Николоски истакна дека до крај на годината ќе се заврши изградбата на првиот дел од Куманово до Бељаковце, додека за втората фаза рече дека проблемот со слабиот прогрес на работа е во фирмата изведувач.„За втората фаза изградбата оди многу бавно и основната причина е изборот на изведувач. Избрана е компанија која целосно неодговорно работи и не ги исполнува обврските. Во моментов реализацијата е 27, 3 % а рокот за завршување е октомври 2026 година и би сакал да го повикам Обвинителството да испита како оваа компанија е избрана. Се работи за компанијата Ѓулермак. Во која постапка е избрана и да дадам некои наводи, дали е манипулирано со должината на шините и начинот на монтирање на истите и на тој начин е отфрлена конкуренцијата? За исто ова имам доставено пријави до Обвинителството, но досега ништо не работат, па да ги мотивирам да поработат. Јас не се кријам, кривичните пријави лично сум ги потпишал“, истакна вицепремиерот НиколовскиВо однос на третата фаза, вицепремиерот Николоски потенцираше дека оваа Влада иако била критикувана од Бугарија постапила домаќински бидејќи заштедени се пари на граѓаните.„Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ги добивме со 3-0. Трите наши аргументи се прифатени и очекувам да соберат храброст и да се одржи и третиот состанок во Скопје. Еве оваа недела требаше да се одржи во Скопје, но одолговлекуваат. Нека соберат храброст да ја затвориме оваа тема. Нашите аргументе се јасни. Да се направи ревизија на цената, мора да има зеднички проект за потенцијално тунелот кој треба да ги спојува двете држави и трето да си го завршат нивниот дел да се спојат до границата. Поентата на изградба на оваа пруга е да се споиме и да имаме воз од Скопје - Софија - Црното море. Во однос на другата страна на коридор 8, нашиот сосед има некоја железница од времето на Енвер Хоџа која е нефункционална и завршува во местото Лин. Но ако следете медиуми тие почнаа да работат на две железнички линии кои што не се поврзани со Македонија, а тое е Драч -Тирана и другата што сакаат ја да градат е од Валона -Драч – Бар и да се поврзат со проистаниште Бар и целосно го игнориаат потенцијално коридор 8. И да се запрашаме, дали треба да се трошат пари за нешто што нема да не поврзе со никого, па мислам дека подомаќинско мислење од ова нема“, изјави Николоски.Како што истакна вицепроемиерот Николоски, Македонија работи на стратешкиот проект за брза пруга на коридор 10 кој треба да биде крвотокот на македонската економија.

Македонија | пред 1 година

stojanoski

Стојаноски: Наместо да работеа за подобрување на стандардот на граѓаните, СДС-ДУИ мислеа на богатење на својот џеб

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на седницата посветена за пратенички прашања, постави три прашања кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. За своето прво прашање, тој побара став од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, околу зголемувањето на бруто платите во АЕК за 20%.Стојаноски во однос на второто прашање, стави акцент за финансискиот пакет од Унгарија и постави прашање, колку компании биле опфатени и дали отпорот од одредени субјекти од опозицијата, не е ист со отпорот од дел од банките.„Нема нешто што не го слушнавме и во Собранието, претседателе и во медиумите. Дека парите биле кинески, па дојде демант од унгарскиот премиер. Па дека парите ќе биле трошени за компании блиски до власта, па гледаме нов демант. Па дека ќе биле трошени без критериум, денеска излегоа критериумите’’, потенцираше Стојаноски.Стојаноски постави и трето прашање кое според него беше многу важно за македонската јавност.„Дали имате информации за криминалот во РЕК и дали истражните органи работат на ова?“, праша Стојаноски и додаде дека минатата власт требала повеќе да се грижи за стандардот на граѓаните, а помалку за својот џеб.„Наместо да се грижат граѓаните да живеат побогато, да се реализираат капитални инвестиции, беа многу фокусирани на тоа што е можно повеќе да испокрадат’’, заклучи Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

stojanoski

Богаташот од Дубаи, Филипче, бега од поставување пратенички прашања и се крие зад партиската говорница, рече Стојаноски

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски ја критикуваше опозицијата за тоа што само тројца пратеници присуствуваат на седницата во Собрание додека видните функционери на СДС, не ја користат собраниската говорница, туку се кријат зад својата партиска говорница.„Од партиската говорница, од собраниската говорница, од прес-конференциите можете да обвинувате, да инсинуирате, да лажете, да делите квалификативи, но кога ќе дојде тоа сето да се соочи со оние коишто се одговорни за водење на политиките, кога ќе треба директно да ги прашате, тогаш ги нема“, посочи Стојаноски.Стојаноски истакна дека истите тие пратеници, доста активно делувале од партиските прес центри, но кога ќе дојде моментот за соочување со претставниците на Владата, доаѓаат само тројца пратеници. Тој додаде дека лидерот на СДС по минатиот дебакл на седницата за пратенички прашања, не се осмелува да дојде повторно.„Веројатно, богаташот од Дубаи, по она коешто го доби како средување претходниот пат, на памет не му паднало да дојде тука да постави прашање“, нагласи Стојаноски.Стојаноски појасни дека, доколку пратениците од опозицијата имаат некакви прашања поврзани со конкретна тема, можат да се обратат во Собранието, на седница за пратенички прашања и да се обратат кон претседателот на Владата и кон министрите.

Македонија | пред 1 година

MitkoT

Трајчулески до Мицкоски: Правите партиски упад во независните тела, ова не е мерит систем

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на денешената седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицкоски за уапдот којшто власта го прави во независните регулаторни тела со кои ги прекинува законските мандати и ги партизира исклучиво со партиски кадри.„Почитуван премиере Мицкоски, во текот на претходните месеци во ова собрание беа доставени и донесени закони во скратена постапка со кои се прави директен упад во правниот систем на државата, со кои се прекинуваат мандатите на членови на државните второстепени комисии и на независните регулаторни тела по сила на закон и тоа во скратена постапка.Ова е досега невиден преседан во нашата држава, со единствена цел реализирање на партискиот интерес, односно поставување на партиски луѓе на независните регулаторни тела и второстепени комисии.Се прекинаа мандатите на членовите на државната комисија за решавање во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на државната комисија за решавање по инспекциски надзор, на републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на агенцијата за електронски комуникации, на комисијата за заштита на конкуренцијата, а во собраниска процедура се предлози за разрешување на членовите на агенцијата за супервизија на осигурувањето и на дел од членовите на регулаторната комисија за енергетика“, кажа Митко Трајчулески.„Класичен партиски упад во скоро сите комисии и регулаторни тела во државата кои по својот модел треба да бидат независни од централната власт.Без никаква анализа и без било какви јавна и стручна дебата, а со класична злоупотреба на законодавниот дом се врши брутална партизација на овие самостојни институции и регулаторни тела.Поставувањето на новите функционери, најголем дел од нив истакнати членови на партиите на власт само ја потврди претходно искажаната загриженост на опозицијата за партизацијата на овие институции.Создадовте пракса дека државата започнува со промена на секоја власт, создадовте перцепција дека Државата тоа сум јас, или во македонски услови Државата тоа е партијата.Најеклатантен пример е назначувањето на Орце Симов, претседател на партиската комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги на ВМРО ДПМНЕ и Ангелка Диневска претседател на унијата на жени на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Битола за членови на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. Ова назначување е спротивно на член 18 став 1 од Законот за електронски комуникации.Грубата партизација на сите јавни должности чие именување или избор зависат од волјата на мнозинството продолжија и во Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби. Сите членови на ова тело се партиска испостава на владејачката коалиција, поранешни пратеници или истакнати партиски активисти. Небаре избирате општински комитет, а не граѓанско тело. Ова укажува на најмалку две претпоставки, или планирате повторно да прислушувате како во времето на режимот, или сте почнале да се сомневате во довербата на граѓаните и затоа не ризикувате со автентични граѓански решенија, туку играте на сигурно со “хард кор” партиски именувања. Класичен упад во надзорот на мерките за следење на комуникациите.Премиере Мицковски, едно од вашите стожерни ветувања во предизборната кампања, но и како избран премиер на државата беше воведување на мерит систем, или систем на заслуги во јавната управа. Систем според кој треба да се креираат фер и правични услови и систем кој ќе го цени знаењето и искуството, а не политичката опција на која луѓето припаѓаат.Ќе ве цитирам: “Се залагам за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста“, затворен цитат. Изјава дадена од страна на премиерот Христијан Мицкоски пред еден ден.Народски кажано, не ме гледајте што правам, слушајте што зборувам.Моето прашање почитуван премиере е дали системот на заслуги кој го промовиравте пред изборите, и кој декларативно го промиварате и денес како избран премиер, во реалноста се трансформира во систем на партиски заслуги?“, изјави Митко Трајчулески.

Македонија | пред 1 година

28112024_Mickoski

Остра најава на Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате што се е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се правело со безбедносните служби, а СДСМ ќе се срамат и ќе треба да се извинат.„Ве носат во длабоко тие кои ви ги даваат прашањата многу скоро од денеска ќе се срамат, јавноста ќе знае. Се сеќавате на оној проект „вистината за Македонија“, ќе ја видите невистината на тие што правеле околу прислушкувањето и ќе се срамите и ќе излезете да се извините, затоа што во услови на фашистички режими не се следеле и прислушкувале луѓе кои водат опозициски партии. Убеден сум дека дел од последното раководство на СДСМ не знаеле, но дел го правеле за злоупотреба и лична агенда, но тоа што се случувало ќе ве згрози, какви мерки се преземале, физичко следење и употреба на недозволени методи. Затоа се плашите вие“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Митко Трајчулевски.Премиерот Мицкоски посочи дека ја следи дебатата на остатоците на удбашки и болшевистички структури кои до ден денеска за жал се присутни во кодошките безбедносни структури и посочи дека затоа се плашат од спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.Во однос на именувањата на кадри по институции, премиерот Мицкоски потсети дека пред да биде променет законот во Собрание, со кој двете второстепени комисии за управна постапка и инспекциски надзор позицијата претседател на таа комисија беше претседателка на општинската организација на СДСМ во Велес.„Дали требаше да ја оставиме, Даница Чадиева, тоа е професионалната администрација која вие ја замислувате, така нема да работиме. Во Агенцијата за електронски комуникации член беше претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош, дали требаше да го оставиме без никакви квалификации и стручност? Ако мислите дека тоа е професионален однос не се согласувам и грешите. Сите овие институции резултираа со отприлика помалку 50 функционерски места. Сите овие институции кои ги споменувате ги бира Собранието, најголем дел од нив. Да потсетам во 2018 година како беа бирани членовите во Регулаторна комисија за енергетика, на најбрутален начин со закани најпрвин во канцеларијата каде што работам јас, а потоа и во Собранието. Претседател на Регулаторна е Марко Бислимоски предлог на СДСМ, јавен обвинител е Коцевски вие го биравте“, додаде премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека токму затоа денеска обвинителите кога треба да се справуваме со криминалот и корупцијата од минатото се или со повишена температура или имаат дијареја или имаат несоница и патат од анксиозност и не ги потпишуваат налозите.„Тоа се ваши кадри и ако тоа според вас е професионализација, начинот на кој треба да работиме, не се согласувам. Ние ги менуваме работите, да видат граѓаните дека можело и поинаку и објаснив и зошто Шекеринска ја поддржавме и лобиравме за да биде претставена Македонија со свој заменик генерален секретар во НАТО, земете пример. Поставувате прашање кое нема логика, особено во институција којашто до вечера ваш претседател на општинска организација ја обавуваше. Јас не слушнав дека вие го оспоривте Орце Симов со неговата стручност, ни овде, ниту во една од стопанските комори каде е потпретседател. Човекот е универзитетски професор, доктор по информациски технологии, а исто и Ангелка дипломирала надвор од Македонија, стручна е, не кажавте дека не ги исполнуваат условите. Поддржете еднаш нешто што е нормално и различно“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mitreski

(Видео) Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско

СДСМ предложи амандман со кој бара да се обезбедат средства за завршување на втората етапа на патот во село Долно Косоврасти.- Бараме да се обезбедат средства и за мост на трасата на патот, кај село Долно Косоврасти, како и средства за изградба на локален пат во село Дишане, во општина Дебар. Покрај ова, бараме да се обезбедат средства за изградба на кружен тек во општина Маврово и Ростуше, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на комисијата за финансирање на буџет.Заменик министерот за финансии ги одби сите три амандмани предложени од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-26-144353

Реафирмација на поддршката од Чешка за членство на Македонија во ЕУ

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери, и членовите на ова работно тело, денеска имаа средба со Делегацијата на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, предводена од пратеникот Радек Вондрачек, заменик-претседател на Комисијата, која е во посета на Собранието.Членовите на Чешката делегација, во која се и пратениците Петер Беитл и Марек Бенда, ја реафирмираа поддршката за евроинтерацијата на нашата земја и за надминувавање на актуелните предизвици на тој пат.Џафери и Вондарчек разменија мислења за долгиот интеграциски процес на нашата земја, за пречките на тој пат, како и за поддршката од пријателските земји кои веќе се членки на Европската Унија, меѓу кои е и Чешката Република.Притоа, беше заклучено дека нашата земја и сите земји од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од европското семејство. Во тој контекст, Џафери посочи и на последиците од долгото чекање за отворање на поглавјата од преговорите, што резултира со разочараност кај граѓаните и засилување на миграциите.На средбата беа разменети мислења и за улогата на двете земји како членки на НАТО, како и за поддршката што ја добиваше нашата земја од Чешка во годините пред влезот во Алијансата. Во таа насока, беше заклучено дека една од клучните вредности е солидарноста меѓу европските земји во однос на интеграциските процеси на земјите од Западен Балкан.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-26-133931

Гаши се сретна со чешките парламентарци: процесот на евроинтеграција на Македонија во фокусот на разговорите

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, предводена од пратеникот Радек Вондрачек, заменик претседател на Комисијата.Процесот на евроинтеграција на Северна Македонија беше во фокусот на разговорите на претседателот Гаши со чешките парламентарци, при што беше нагласена значајната поддршка на Чешка, како и на целата Вишеградска група, прво за членството на нашата земја во НАТО, како и постојаната логистика за полноправно членство во Европската Унија.Претседателот Гаши изрази благодарност што Чешката Република, како членка на Европската Унија, принципиелно ги промовира политиките, во контекст на земјите од Западен Балкан. Тој, исто така, изрази очекување за понатамошно интензивирање на таа поддршка. Посебно во однос на Северна Македонија, со оглед на актуелните предизвиците со кои се соочува нашата земја на евроинтегративниот пат, и покрај големиот капацитет за компромиси што го покажавме во изминатиот период.Вондрачек истакна дека е добро позната чешката позиција за долгорочна поддршка на интеграциските процеси на нашата земја и на регионот во целина.На средбата беше нагласено и дека Северна Македонија и Чешката Република годинава одбележуваат 30 години од воспоставување на дипломатските односи, а низ годините пријателството и меѓусебната почит меѓу двете држави не само што се потврди, туку и се продлабочи.Беа разменети мислења и за меѓупарламентарната соработка. Притоа беше посочено дека е мошне значајна комуникацијата меѓу работните тела и пратеничките групи за соработка, со оглед на тоа што нашата држава има цврста определба за интензивирање на реформскиот процес, што е значајно и за нашиот евроинтеграциски пат.

Македонија | пред 1 година

krmov-1

(Видео) „Не глумите дека вие нешто сте надвор од таква матрица, на 27-ми септември Дафина Стојаноска не псуеше од говорница, а Стојаноски дофрлуваше од место“, потсети Крмов

На вчерашната дебата на Телевизија 24 каде гостуваа пратеникот од Левица, Борислав Крмов, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и од редовите на СДСМ, Митко Трајчулевски – Борислав Крмов од Левица објасни како во четвртокот дошло до кошкањето во Собрание.Крмов потенцираше дека немаше никаква намера пратеничката група на Левица да влезе во судир со никого: „Колегата Јованчев од Кавадарци се упати кон Апасиев и почна да изустува погрдни зборови вмешувајќи го и неговото семејство. На тоа нашиот претседател изреагира бурно, за понатаму повеќе пратеници од ДПМНЕ да дојдат накај нас. Потоа Александар Велјановски дојде и ме турна иако бев свртен со грб, со намера да се пресмета физички со Апасиев“.„Мојата теза е дека дека ова не е случајно, ова е поврзано, ние на 27-ми септември кога се носеше Законот за царинска управа имавме сличен инцидент. Тогаш пратеничка група на ДПМНЕ на чело со Дафина Стојаноска ни упатуваа пцости и навреди од говорница, а Бојан Стојановски дофрлуваше навреди од место“ – потсети Крмов за комисиската седница на која што Левица со намера да блокира воведување на трет директор во Царина, држеше долги говори.„Тоа беше прелудиум на ова што се случуваше тука. Да не глумите дека вие нешто сте надвор од таква матрица на однесување.Јас мислам дека вашата пратеничка група всушност е исфрустрирана, затоа што воглавно извиси за извршна власт и сега таа фрустрација ја исфрла на Левица. Вашите тактитки се и еден начин на замолчување на опозицијата, за кога ДПМНЕ прави глупости, да не излезе опозицијата тоа јасно и гласно да го каже, затоа што ќе биде пцуена, затоа што ќе ја нападнат пратеници од ДПМНЕ со намера за тепачка. Но, како што кажавме – апсолутно не ви се плашиме“ – заклучи Крмов од Левица.Во однос на Уставните измени Борислав Крмов од Левица истакна дека ДПМНЕ моментално купува време до локалните избори:„Ние немаме никакви гаранции дека нема уште 500 вета Бугарија да ни стави до нашите преговори за ЕУ. Единствен начин да падне таа преговарачка рамка е да се раскине договорот за добрососедство. Тој договор се раскинува со обичен допис. За жал, владата на ВМРО – ДПМНЕ влегла во тие лавиринти и наместо да ја укинат историската комисија и ние да се движиме согласно Копенхашките критериуми, ние всушност само го менуваме персоналниот состав на историската комисија. Иако добиваме ладен туш од Европа, цело време тврдиме дека имаме простор за оптимизам.“ – посочи пратеникот од редовите на Левица.Крмов потсети и на изјавата на амбасадорот на Франција во Бугарија по утврдувањето на преговарачката рамка, кога истакнал дека ова е доказ дека во денешно време не може граници да се менуваат, но идентитет може да менуваме.„Додека сите тврдат дека овие Договори се за ‘стабилност’, ние мислиме дека сме во опасност Република Македонија да ја загубиме на патот кон ЕУ, а тоа не смее да се дозволи“ – заклучи Крмов.Во однос на старо-новото раководство на СДСМ, пратеникот Крмов истакна дека премногу се дава тежина на имињата, а не на системот што ги продуцира и ги става тие имиња таму каде што се: „Двете големи партии го имаат создадено овој систем од којшто Македонија се гуши веќе 32 години, едноставно е неможно да се реформираат затоа што создавајќи го тој систем автоматски се и продукт на самиот систем“ – истакна Борислав Крмов.„Имињата се ирелевантни се додека не излезат од матрицата, а двете големи партии не можат. Додека пак Левица е создадена како реакција на системот, од народниот револт. Ние, за разлика од другите партии, не зависиме од бизнис интереси. Кај нас функционерите немаат бизнис и тоа така ќе остане, додека во другите партии има функционери коишто се милионери. Сѐ додека е така, прво ќе мислат на државата, а не на личниот бизнис. Имаме нула толеранција на корупција, немаме криминали, немаме кривични и со тоа не можеме да бидеме уценети ни од странците, како што беше за овие предавнички договори. Едноставно е невозможна реформа кај двете големи партии, а единствена партија позиционирана да го менува системот од корен е Левица“ – кажа пратеникот од редовите на политичката партија Левица.

Македонија | пред 1 година

lukarevska2

(Видео) Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е доста актуелен во изминатите неколку години, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска, при образложение на амандманот, со кој треба да се обезбедат 9,2 милиони денари за физибилити студија за развивање изградба на мрежа на станици за полнење на електрични возила на патиштата во Северна Македонија.Лукаревска нагласи дека само со клучни и добро обмислени чекори ќе може да има борба против загадениот воздух.Со развиена мрежа на станици за полнење ќе се поттикнат граѓаните и компаниите да преминат на електрични возила, нешто што е пракса во сите високо развиените земји. Физибилити студијата е за современ ефикасен систем за полнење, што ќе придонесе и за енергетска ефикасност и подобрувањена квалитетот на воздухот, како и унапредување на туристичкиот потенцијал на државата, истакна Лукаревска.Се надевам дека за прв пат ќе направите отстапка и ќе кажете дека овој амандман се прифаќа, бидејќи досега само еден амандман е прифатен и тоа е амандман од власта, нагласи пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

Bocvarski-25.11.2024

(Видео) Бочварски: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за субвенции на чисти извори на енергија

СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на сите компании што ќе имплементираат капацитети за производство на чист водород од обновливи извори на енергија. Оваа поддршка има за цел да поттикне, развој на иновативните технологии и решенија, кој ќе придонесат за енергетска независност и зелена транзиција на земјата, особено во период на глобалната борбата против климатските промени, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на комисијата за финансирање на буџет.- Субвенициите ќе им овозможат на компаниите да ги намалат почетните трошоци за имплементација на водородни капацитети, со што се поттикнува потребата на чисти извори на енергија во производството и индустријата. Производството на водород од обновливи извори како што се соларната и ветерната енергија ќе го намали влијанието врз животната средина и ќе обезбеди стабилно и одржливо снабдување со енергија што е клучно за долгорочната економската и еколошка стабилност на земјата, рече Бочварски.Ова инцијатива ќе го позиционира енергетскиот сектор на Македонија, на мапата на одржливи и иновативни решенија, потенцираше Бочварски, и со тоа ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании и ќе придонесе за одржлив економски развој.Заменик министерот за финансии ги одби амандманот предложен од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања