Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СОБРАНИЕ

Screenshot-2024-11-26-133931

Гаши се сретна со чешките парламентарци: процесот на евроинтеграција на Македонија во фокусот на разговорите

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, предводена од пратеникот Радек Вондрачек, заменик претседател на Комисијата.Процесот на евроинтеграција на Северна Македонија беше во фокусот на разговорите на претседателот Гаши со чешките парламентарци, при што беше нагласена значајната поддршка на Чешка, како и на целата Вишеградска група, прво за членството на нашата земја во НАТО, како и постојаната логистика за полноправно членство во Европската Унија.Претседателот Гаши изрази благодарност што Чешката Република, како членка на Европската Унија, принципиелно ги промовира политиките, во контекст на земјите од Западен Балкан. Тој, исто така, изрази очекување за понатамошно интензивирање на таа поддршка. Посебно во однос на Северна Македонија, со оглед на актуелните предизвиците со кои се соочува нашата земја на евроинтегративниот пат, и покрај големиот капацитет за компромиси што го покажавме во изминатиот период.Вондрачек истакна дека е добро позната чешката позиција за долгорочна поддршка на интеграциските процеси на нашата земја и на регионот во целина.На средбата беше нагласено и дека Северна Македонија и Чешката Република годинава одбележуваат 30 години од воспоставување на дипломатските односи, а низ годините пријателството и меѓусебната почит меѓу двете држави не само што се потврди, туку и се продлабочи.Беа разменети мислења и за меѓупарламентарната соработка. Притоа беше посочено дека е мошне значајна комуникацијата меѓу работните тела и пратеничките групи за соработка, со оглед на тоа што нашата држава има цврста определба за интензивирање на реформскиот процес, што е значајно и за нашиот евроинтеграциски пат.

Македонија | пред 1 година

krmov-1

(Видео) „Не глумите дека вие нешто сте надвор од таква матрица, на 27-ми септември Дафина Стојаноска не псуеше од говорница, а Стојаноски дофрлуваше од место“, потсети Крмов

На вчерашната дебата на Телевизија 24 каде гостуваа пратеникот од Левица, Борислав Крмов, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и од редовите на СДСМ, Митко Трајчулевски – Борислав Крмов од Левица објасни како во четвртокот дошло до кошкањето во Собрание.Крмов потенцираше дека немаше никаква намера пратеничката група на Левица да влезе во судир со никого: „Колегата Јованчев од Кавадарци се упати кон Апасиев и почна да изустува погрдни зборови вмешувајќи го и неговото семејство. На тоа нашиот претседател изреагира бурно, за понатаму повеќе пратеници од ДПМНЕ да дојдат накај нас. Потоа Александар Велјановски дојде и ме турна иако бев свртен со грб, со намера да се пресмета физички со Апасиев“.„Мојата теза е дека дека ова не е случајно, ова е поврзано, ние на 27-ми септември кога се носеше Законот за царинска управа имавме сличен инцидент. Тогаш пратеничка група на ДПМНЕ на чело со Дафина Стојаноска ни упатуваа пцости и навреди од говорница, а Бојан Стојановски дофрлуваше навреди од место“ – потсети Крмов за комисиската седница на која што Левица со намера да блокира воведување на трет директор во Царина, држеше долги говори.„Тоа беше прелудиум на ова што се случуваше тука. Да не глумите дека вие нешто сте надвор од таква матрица на однесување.Јас мислам дека вашата пратеничка група всушност е исфрустрирана, затоа што воглавно извиси за извршна власт и сега таа фрустрација ја исфрла на Левица. Вашите тактитки се и еден начин на замолчување на опозицијата, за кога ДПМНЕ прави глупости, да не излезе опозицијата тоа јасно и гласно да го каже, затоа што ќе биде пцуена, затоа што ќе ја нападнат пратеници од ДПМНЕ со намера за тепачка. Но, како што кажавме – апсолутно не ви се плашиме“ – заклучи Крмов од Левица.Во однос на Уставните измени Борислав Крмов од Левица истакна дека ДПМНЕ моментално купува време до локалните избори:„Ние немаме никакви гаранции дека нема уште 500 вета Бугарија да ни стави до нашите преговори за ЕУ. Единствен начин да падне таа преговарачка рамка е да се раскине договорот за добрососедство. Тој договор се раскинува со обичен допис. За жал, владата на ВМРО – ДПМНЕ влегла во тие лавиринти и наместо да ја укинат историската комисија и ние да се движиме согласно Копенхашките критериуми, ние всушност само го менуваме персоналниот состав на историската комисија. Иако добиваме ладен туш од Европа, цело време тврдиме дека имаме простор за оптимизам.“ – посочи пратеникот од редовите на Левица.Крмов потсети и на изјавата на амбасадорот на Франција во Бугарија по утврдувањето на преговарачката рамка, кога истакнал дека ова е доказ дека во денешно време не може граници да се менуваат, но идентитет може да менуваме.„Додека сите тврдат дека овие Договори се за ‘стабилност’, ние мислиме дека сме во опасност Република Македонија да ја загубиме на патот кон ЕУ, а тоа не смее да се дозволи“ – заклучи Крмов.Во однос на старо-новото раководство на СДСМ, пратеникот Крмов истакна дека премногу се дава тежина на имињата, а не на системот што ги продуцира и ги става тие имиња таму каде што се: „Двете големи партии го имаат создадено овој систем од којшто Македонија се гуши веќе 32 години, едноставно е неможно да се реформираат затоа што создавајќи го тој систем автоматски се и продукт на самиот систем“ – истакна Борислав Крмов.„Имињата се ирелевантни се додека не излезат од матрицата, а двете големи партии не можат. Додека пак Левица е создадена како реакција на системот, од народниот револт. Ние, за разлика од другите партии, не зависиме од бизнис интереси. Кај нас функционерите немаат бизнис и тоа така ќе остане, додека во другите партии има функционери коишто се милионери. Сѐ додека е така, прво ќе мислат на државата, а не на личниот бизнис. Имаме нула толеранција на корупција, немаме криминали, немаме кривични и со тоа не можеме да бидеме уценети ни од странците, како што беше за овие предавнички договори. Едноставно е невозможна реформа кај двете големи партии, а единствена партија позиционирана да го менува системот од корен е Левица“ – кажа пратеникот од редовите на политичката партија Левица.

Македонија | пред 1 година

lukarevska2

(Видео) Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е доста актуелен во изминатите неколку години, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска, при образложение на амандманот, со кој треба да се обезбедат 9,2 милиони денари за физибилити студија за развивање изградба на мрежа на станици за полнење на електрични возила на патиштата во Северна Македонија.Лукаревска нагласи дека само со клучни и добро обмислени чекори ќе може да има борба против загадениот воздух.Со развиена мрежа на станици за полнење ќе се поттикнат граѓаните и компаниите да преминат на електрични возила, нешто што е пракса во сите високо развиените земји. Физибилити студијата е за современ ефикасен систем за полнење, што ќе придонесе и за енергетска ефикасност и подобрувањена квалитетот на воздухот, како и унапредување на туристичкиот потенцијал на државата, истакна Лукаревска.Се надевам дека за прв пат ќе направите отстапка и ќе кажете дека овој амандман се прифаќа, бидејќи досега само еден амандман е прифатен и тоа е амандман од власта, нагласи пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

Bocvarski-25.11.2024

(Видео) Бочварски: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за субвенции на чисти извори на енергија

СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на сите компании што ќе имплементираат капацитети за производство на чист водород од обновливи извори на енергија. Оваа поддршка има за цел да поттикне, развој на иновативните технологии и решенија, кој ќе придонесат за енергетска независност и зелена транзиција на земјата, особено во период на глобалната борбата против климатските промени, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на комисијата за финансирање на буџет.- Субвенициите ќе им овозможат на компаниите да ги намалат почетните трошоци за имплементација на водородни капацитети, со што се поттикнува потребата на чисти извори на енергија во производството и индустријата. Производството на водород од обновливи извори како што се соларната и ветерната енергија ќе го намали влијанието врз животната средина и ќе обезбеди стабилно и одржливо снабдување со енергија што е клучно за долгорочната економската и еколошка стабилност на земјата, рече Бочварски.Ова инцијатива ќе го позиционира енергетскиот сектор на Македонија, на мапата на одржливи и иновативни решенија, потенцираше Бочварски, и со тоа ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании и ќе придонесе за одржлив економски развој.Заменик министерот за финансии ги одби амандманот предложен од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

jovancev1

Јованчев: Општина Кавадарци започнува со гасификација, средства обезбедени за проектот

На денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, го изнесе својот став во врска со поднесените амандмани за Предлог-буџетот за 2025 година, особено фокусирајќи се на проектот за гасификација на општина Кавадарци.„Во вашето образложување кажавте само една вистина, дека Кавадарци е индустриски најразвиен град и втор град по извоз во Република Македонија, но заборавивте да кажете дека е еден од најголемите во земјоделието“, изјави Јованчев.Јованчев објасни дека општина Кавадарци, во текот на минатите четири години, се обидувала да обезбеди средства за започнување на проектот за гасификација, но се соочувала со опструкција од власта предводена од СДС. Сега, како локална власт, Кавадарци најде начини и модели за отпочнување на проектот.„Првиот дел од гасификацијата ќе биде до Западен булевар, а потоа со деталната разводна мрежа ќе се опфати комплексот Новиот центар, каде што сите висококатници и станбени згради ќе добијат гас. Потоа следуваат јавните објекти на територијата на општината. Овој проект нема да биде завршен во една година, тоа е повеќегодишен проект“, нагласи Јованчев.

Македонија | пред 1 година

Trajchuleski

(Видео) Трајчулески: ДПМНЕ одби амандмани на СДСМ за субвенции на фотоволтаични електрани за граѓаните

СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на фотоволтаичните електрани на покриви на домаќинствата. Со ова, покрај зелената транзиција, ќе им овозможи на граѓаните помали сметки за електрична енергија како и активно да придонесат во создавањето на одржлива енергетска иднина, раче пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на комисијата за финансирање на буџет.- Субвенционирањето на фотоволтаичните системи, не само што ќе ја намали зависноста на домаќинствата од фосилни горива, туку и ќе ги поттикне граѓаните да користат обновливи извори на енергија, со што ќе се намали оптоварувањето на традиционалните енергетски капацитети. Оваа мерка е во согласност со националните и европските цели за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и зголемување на енергетската ефикасност, рече Трајчулески.Тој потенцираше дека со субвенционирањето на фотоволтаичните електрани не само што ќе се поттикне локалното производство на чиста енергија, туку и ќе се намалат сметките за електрична енергија на домаќинствата.СДСМ поднесе и амандман за обезбедување средства од 6 милиони денари за субвенционирање на транспортни компании кои ќе ги го заменат користењето на возила на фосилни горива со електрични возила. Ова поддршка е во насока на засилена зелена транзиција и има за цел да ја намали емисијата на штетни гасови и да го подобри квалитетот на воздухот.Ова субвенционирање е поттик за цела транспортна индустрија да се ориентира кон одржливи решенија и енергетска ефикасниот со долгорочни ефекти кон животна средина и економијата во земјата.Заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги одбија и двата амандмани предложени од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Bojan

Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија и единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

„Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не сум загрижен за тоа што вие како партија го правите, бидејќи мора нешто да направите соочени сте прво со историски пораз, а потоа со неуспеси во вашите политики“ , изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.Стојаноски јасно истакна дека СДС мора да научат да се насочат кон реал политика и да не шират дезинформации. Дополнително додаде дека бедна е нивната намера да се обидуваат да го манипулираат народот со лаги кои постојано им се рушат.„Но мене она што ми пречи е што тие лаги кои ги кажувате имаат последици во општеството. Политичарите треба да се научат дека кога креираат политика и кога се во политички партии треба да бидат сериозни и не треба да креираат политики коишто се базираат на лаги“ , додаде Стојаноски.Стојаноски посочи дека СДС единствено што остави е долг на идни поколенија исто така јасно даде до знаење дека СДС нема кредибилитет да нуди политики. Затоа што СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија.„Знаете кој ќе враќа три поколенија пари? Ќе ги враќа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тие коишто ги зема СДС, коишто ги испокраде.Политика се води кога е човек е сериозен, економија се креира без вакви евтини лаги коишто треба да купат одреден ден или да тераме политика купи-ден продај. За ваше добро е да бидете посериозни кога ги општите овие работи во јавност затоа што е смешно. Во иднина посериозно гледајте на овие суштински работи“, дециден беше Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

Oliver-Spasovski

Мицевски: Владата има зголемен буџет за реформи во МВР, а во времето на Спасовски имаше најмногу криминал и корупција

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амaндманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски кој посочи дека Владата има планирано доволна сума во буџетот за реформи во полицијата, во делот на јавната безбедност и во секторот за внатрешни работи и поради тоа амандманот се одбива.„Колега како што слушнавте овој амандман се одбива, оваа влада има предвидено пари за инвестиции во МВР. Ако погледнете добро, за реформи во полицијата има предвидено зголемување од 238 % во однос на 2024 година, во делот за јавна безбедност зголемување од 14%, во секторот за внатрешни работи зголемување од 58%, во центарот за обука само зголемување од 61% во однос на 2024 годин. Конкретно за опрема и машини повеќе една милијарда денари, а не како што вие барате во амандманот 10 милиони денари, така да десет пати повеќе имаме планирано“, изјави Мицевски.Тој исто така истакна дека Спасовски додека бил на функција не направил ништо добро за државата, туку баш во тој период имало највисока стапка на криминал и корупција и многу неразрешени случаи.Во однос на тоа, Мицевски образложи дека апсурдно е покрај сите овие работи, Спасовски да кажува како треба да биде во иднина,а државата е вратена сто години наназад токму поради претходната власт.„Нели е смешно и срамота, осум години бевте министер за внатрешни работи, сега да кажувате што треба да се смени и што треба да се инвестира. Од друга страна, сакам да ве потсетам што направивте вие за изминативе осум години како што сте министер, дел технички дел министерство МВР? Највеќе криминални пресметки и убиства и нерешени случаеви во историјата на Република Македонија, ниту еден фатен ниту еден ставен во затвор, дадени еден тон пасоши на белосветски криминалци кои шетаа како бизнисмени во Македонија. Во ваше време рекордни шверцувани опојни дроги, ваши најблиски соработници со службени коли фамилијарно одеа по одмори, ваши соработници началници сега се избркани од МВР затоа што давале тајни на криминални групи“, рече Мицевски.

Македонија | пред 1 година

incident-apasiev

(Видео) Инцидент во Собрание: Пцости, навреди, за влакно избегната тепачка меѓу ВМРО- ДПМНЕ и Левица

Малку фалеше во Собранието да дојде до физичка пресметка меѓу пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев прво влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.Апасиев видно изнервиран извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство. Тие разменија и пцости и навредливи зборови.Тензијата се прошири кога пратеникот од Левица, Борислав Крмов и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски за малку не си разменија тупаници.Собранискиот спикер Африм Гаши за да ја смири ситуацијата даде пауза.

Македонија | пред 1 година

lukarevska-1

(Видео) Лукаревска: Со укинување на 5 посто на ДДВ, граѓаните ќе имаат заштеда до 2000 денари месечно

СДСМ поднесе предлог закон со кој ќе се укине 5 посто од данокот на додаден вредност на основните прехранбени производи, со што месечно граѓаните би имале заштеда од 1200 до 2000 илјади денари месечно, бидејќи со овие промени ќе се намали месечната потрошувачка кај секое семејство, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница.-Во предлогот се опфатени над 250 категории производи, којшто ќе бидат со 0 проценти ДДВ. Ако се земе предвид тоа што учеството на храна и пијалаци во потрошувачката кошничка изнесува околу 23 илјади денари, по направените анализи и статистики, ефектите од намалувањето на ДДВ на 0 проценти ќе донесе, заштеда на граѓаните, дури до 2000 денари месечно, рече Лукаревска.Таа потенцираше дека она што е најважно во спроведување на овој предлог закон, е што не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од страна на трговците.

Македонија | пред 1 година

MIleT2

Талески ја повика Сања Божиновска „да си поднесе оставка по бројните скандали“

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот Миле Талески од СДСМ ја повика министерката Сања Божиновска да си поднесе оставка по бројните скандали.„Освен оваа фирма која должи 1 милион евра, вие во минатото сте основале или сте биле дел, сте работеле и сте изршувале различни позиции во повеќе фирми.Во 2014 година компании кои во различни периоди сте биле дел од нивниот работен век државните институции им поднесувале пријави со сомнежи за малверзации и незаконско работење, но изостанал правен епилог.Тоа е скандалот со пријавите се за цитирам „картелско здружување“ поради тргување со електрична енергија и даночно затајување“, рече Талески.„Во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела постапка за забранет договор – картел при јавни набавки и донела решение за казни.Казнети за картелско здружување кбиле фирмите „ЕФТ“, „ЕЗПАДА“, „РУДНАП“,„ГЕН-И Скопје“ за вас многу добро познати.Со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат. И не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата.За дел од овие фирми и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра.ВМРОВСКА шема како во мафијашки филм.А правна разрешница досега нема.Секако тука е и скандалот со долгот од 1 милион евра.Во анкетниот лист, покрај недвижностите во станови вредни над еден милион евра, министеркe за енергетика, рударство и минерални суровини, имате пријавено и сопственост на компанијата „Sustainable services“ со седиште во Чешка.А оваа компанија нема никаква допирна точка со енергетиката.Според јавно достапните информации, регистрирана е за изнајмување, купување, продажба и управување на недвижен имот, трговија на големо и мало, советодавни и консултантски активности, подготовка на експертски студии и проценки.Но од друга страна адресата на компанијата „Sustainable services s.r.o“ е во Чешка, на улицата Вархулкова 1582/24 е контакт на седиштето на брендот за биоразградливи хулахопки „Божици“.Зошто го споменувам ова.За јавноста да види за какви скандали станува збор за фирмите кои се поврзани со енергетиката но и да види дека имало и фирми кои немале никаква допирна точка со енергетскиот сектор. Значи чист бизнис и ништо друго.Ако на овие бројни скандли кои се поврзани со вас, со фирми кои се поврзуваат со вас, се додаде фактот што вие вуквално ја излажавте јавноста за вашето државјанство, се доведува во прашање целиот кредибилитет на функцијата.Тоа се гледа и во резултатите од енергетиката во првите месеци од вашето работење.Се најавува нов удар по граѓаните и можно поскапување на струјата или нов грабеж.Наместо да се вложува во зголемување на домашното производство на електрична енергија, вие како власт упорно увезувате скапа струја.Само за овој месец, граѓаните ќе платат дополнителни 10 милиони евра, а за последните три месеци вкупната сума за увоз надмина 20 милиони евра.Ваквиот трошок директно го плаќаат граѓаните, кои веќе страдаат од високите сметки за електрична енергија.Ова е класичен грабеж.РЕК Битола, најголемиот домашен енергетски капацитет, долг период не работеше, а сега функционира само делумно, бидејќи ремонтот кој требаше да биде завршен одамна сè уште трае.Дополнително, хидропотенцијалите, кои би требало да обезбедат значителна количина енергија, работат само со 13% од својата акумулирана енергија, што е далеку под просечниот капацитет.Ова е директен резултат на неспособноста на да се управува со нашите најголеми енергетски капацитети. Или можеби е намерно за некој да ги полни џебовите.Бизнис од милиони евра е во прашање.Институтот за демократија, организација со долгогодишно искуство во следење случаи на корупција и изготвување политики за справување со оваа појава токму вашето Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини го посочува како ризик и можен извор на корупција.И јас, и ние од СДСМ целосно се согласуваме со констатацијата на Институтот и отворено се сомневаме дека преку различни шеми се планираат малверзации.Моето конкретно прашање до вас е дали ќе си поднесете оставка после сите овие скандали, сомнежи за малверзации, лажење на јавноста и катастрофално лоши резултати во секторот енергетика?“, изјави Талески.

Македонија | пред 1 година

micevski3

Мицевски: СДС го зголемија ДДВ додека беа на власт за 5% на основните прехранбени производи, а сега бараат истиот да се намали

Денес на пленарната седница во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски наведе дека бесмислено е барањето од опозицијата да се намали данокот за додадена вредност (ДДВ), а притоа тотално да забораваат дека тие истите го зголемиле данокот додека биле на власт со тоа што нивните предлози не кореспондираат со реалноста.„По однос на вториот закон односно законот за данокот на додадена вредност за кој што, исто така, од 120 пратеници доби поддршка од девет пратеници, што значи ја нема поддршката и од другите опозициони партии. И морам да констатирам дека граѓаните во државата не се со кратко памтење, имено владата на СДС и ДУИ бараат намалување на данокот на додадена вредност на основните прехранбени призводи од 5 на 0%, заборавајќи, или сакајќи да заборават, и тие и граѓаните дека го зголемија данокот додека беа на власт за 5% на овие прехранбени производи, убедувајќи не дека не треба да јадеме чипс затоа што не е добар за здравјето“, рече Мицевски.Тој исто така истакна дека пратениците од опозицијата имаат несериозен однос кон граѓаните со нивната намера да ги убедат во тоа што го кажуваат, притоа заборавајќи дека се памети се што се случувало додека биле на власт и дека во целост се знае која е нивната намера, па додаде дека законите кои што ги предлагаат немаат поддршка затоа што се популистички.„Затоа колеги и пратеници немајќи конзистентност во политиката, пратеничките групи на владејачкото мнозинство не ви даваат поддршка, затоа што законите кои што ги предлагате се популистички а поддршката од девет, односно 13 пратеници вкупно на овие закони ја покажува и самата интенција на вас, а тоа е додворување на гласачите кои што ве казнија пред само неколку месеци“, вели Мицевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-21-123240

(Видео) Талески до Сања Божиновска: Кога ќе го вратите долгот од 1 милион евра?

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот на СДСМ, Миле Талески ја праша министерката Сања Божиновска кога ќе го врати долгот од 1 милион евра којшто го направила фирма каде што била основач и еден од управителите.„Важите за близок човек на премиерот Христијан Мицкоски. Ви направи посебно министерство за енергетика и ве постави за министерка. За многу кратко време слободно може да кажеме дека голем број на скандали се поврзуваат со вас и во вашето министерство.Додека нема ниту едена добра вест во енерегтиката и граѓаните не знаат што воопшто работите и дали нешто работите.За сите овие скандали нема соодветни одговори во јавноста досега и затоа овде, пред граѓаните, пред народните избраници имате должност да одговорите во целост“, рече Талески.„Одиме по ред,Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, е фирма чиј основач и еден од управителите сте биле токму вие госпоѓо Божиновска.Е сега во период од 2016 до 2017 година токму оваа фирма направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО.Над 70% од вкупниот долг на МЕПСО во тоа време го направила вашата фирма. А тоа е пред промена на власта.Долгот е за неплатена електрична енергија и до крајот на 2017 година достигнал 59 милиони денари или скоро 1 милион евра.Тој долг од 1 милион евра според нашите информации никогаш не е наплатен досега.Иако, по одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата.Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години вие сте немале никаков абер од плаќање на долгот за струја.Народот да плаќа, фирмите да плаќаат, само вие да не плаќате.Со наталожен долг кон државата, го менувате името на фирмата која прераснува во друг субјект. Наместо „ЕНГ Сервис Трејд“ потоа се вика „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“.Веќе во 2022 година, оваа фирма „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава.Но што е со долгот од 1 милин евра?Според информациите коишто ние располагаме никогаш не сте го платиле долгот.Затоа и молчите и бегате од јавноста.Епа сега нема каде да багета, еве сме тука, пред јавноста, пред граѓаните, пред народните избраници.Станува збор 1 милион евра пари на граѓаните.Знаете што се може да се направи со 1 милион евра?Едно училиште за 500 ученици чини околу 1 милион евра.Или на пример во енергетиката, државата зеде инвестициски гранд во вредност од над 1.5 милиони евра од Европската банка за поддршка на финансирање на Фотонапонска електрана Осломеј од 10 MW.Вие знам дека знаете колку се 1 милион евра.Според вашиот анкетен лист, вие поседувате недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што таа фирма и должела на државата, на народот.Многу чудна коинциденција ќе се сложите. Имате имотМоето конкретно прашање е зошто досега не сте го вратиле овој долг и кога ќе го вратите?Кога ќе ги вратите 1 милион пари назад кај граѓаните?Само имајте предвид кога ќе одговарате на прашањата не да се вадите на адвокатите ве молам како што тоа го направивте за вашето чувство. Јасни одговори очекуваме“, рече Талески.

Македонија | пред 1 година

trencevska-sobranie

(Видео) Тренчевска: Граѓаните тонат во сиромаштија, СДСМ бара зголемување на минимална плата на 27.700 денари

СДСМ бара покачување на минимална плата на работниците на 27.700 денари и поднесе предлог Закон за изменување на минимална плата, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница.- Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните не се подобрува, напротив, се повеќе граѓаните паѓаат во сиромаштија, а и податоците од минималната синдикална кошничка покажуваат дека мерките кој ги презема владата не даваат никакви резултати. Во исто време цените, место да се намалат, тие се зголемуваат. На едно четиричлено семејство, според податоците, му требаат 62.021 денари за да може да го помине месецот, а со минималната плата од 22.500, семејствата навистина се борат со сиромаштијата, рече Тренчевска.Таа појасни дека во земјите во регионот, владите ја покачија минималната плата на 600, 700 или 800 евра, а ние остануваме единствена земја, каде минималната плата е 22.500 денари.- СДСМ како партија има легитимно право да поднесе ваков предлог закон затоа што во изминатиов период од 7 години владеење, навистина покажавме како треба да се креираат политиките во однос на животниот стандард на граѓаните и во однос на покачување на платите, рече Тренчевска.Со овој предлог закон СДСМ бара минималната плата да биде зголемена на 27.700 денари со исплата на ноемвриската плата, во месец декември 2024 година, за да можеме согласно методологијата во март 2025 година, да зборуваме за минимална плата од 30 илјади денари.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-11-19_08-11-53

(Видео) Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, критикувајќи го Предлог-буџетот за 2025 година, ја потенцираше важноста на проектот Чебрен како единствениот одговор за енергетската стабилност. Тој истакна дека, иако во предизборието го најавуваа, сега, ВМРО - ДПМНЕ за 2025 година не предвидуваат да насочат ниту денар за енергетска независност.„ДПМНЕ направи ново Министерство за енергетика. Некој би рекол дека ова е приоритет на ДПМНЕ, дека со отворање на ова Министерство за енергетика, сака да ја зголеми енергетскатанезависноста на државата, но, ако видиме меѓу редови, дека припадниците на оваа Влада се претставници на приватниот енергетски интерес, па да не кажам енергетска мафија, и ако видиме како им е конципиран Буџетот - тоа значи дека Министерството за енергетика е создадено само за приватниот енергетски интерес.“ – заклучи пратеникот Мециновиќ.„Од друга страна, имаме зголемување, на средствата за вооружување и за НАТО, за 2 милијарди дополнителни денари, и ние сме веќе блиску до таа препорачана стапка од 2% за трошење за НАТО, т.е. рекет за НАТО. А за 2026, Мисајловски и Мицкоски пак, предвидуваат дуплирање на таа цифра! Зошто една од најсиромашните држави сака да ја надмине стапката од препорачани 2%, кога покадарни држави не се приближуваат до таа стапка, туку ги приоритизираат социјалните и сите цели кои служат за вдахнување живот во капацитетите на државата?!“ – праша тој.Мециновиќ потсети на 1991 година и кажа дека Македонија тогаш преживеа без сопствена полиција, војска и парична валута – затоа што имала независен енергетски систем, а денес, таа независност е потполно уништена.„Ситуацијата дополнително се комплицира со тоа што ТЕЦ Неготино сѐ уште работи на мазут, со тоа што е еколошки и економски неодржливо; РЕК Битола за време на енергетската криза во 2022 година, еден од реакторите се испостави дека 365 дена бил во квар и еден ден само работел. И наместо да се свртиме кон развивање на сопствените енергетски капацитети, а одговорот е очигледен, тоа е Чебрен на Црна река - ние не гледаме дека оваа Влада воопшто има ваков план.“ – продолжи пратеникот од Левица.„Има едно 10 изјави од Мицкоски за Чебрен, како и за многу работи во неговата политичка кариера... И сега? Каде е приоритетот за Чебрен? Дајте да почнеме барем со првата од десетгодишната фаза. Нема ништо! Затоа што не е приоритет развивање на независноста на енергетскиот систем на Македонија, туку приоритет е Мицкоски со неговите хидроцентрали, со неговите пријатели и Владата наполнета со неговите партнери од времето на неговиот ангажман во енергетскиот сектор. Наместо Чебрен, ние ќе добиеме приватен интерес и дополнителна корозија на енергетскиот систем“ – кажа Мециновиќ којшто поднесе и амандман кон Предлог-буџетот со цел да се пристапи кон изградба на хидроцентралата Чебрен.„Сите државни елементи во овој цел систем се во долг! АД Електрани се во долг, неплатен долг од 4,4 милијарди денари и недоспеан долг во висина од 5,7 милијарди денари. Што значи вкупен долг од 10 милијарди денари или околу 165 милиони евра. Од друга страна, ЕСМ за производство на топлинска енергија има вкупен доспеан и недоспеан долг од над 510 милиони денари. А во контраст на ова, приватните енергетски компании како ЕВН Македонија, во 2023 година имаат добивка од 28 милиони евра, што претставува раст од 546% споредено со 2022 година!“, акцентираше Мециновиќ на комисиската седница.„Приватните компании во овој систем, ги искасапија нашите граѓани. Дури има статистика дека со мрежарината што ја воведе Регулаторната комисија, која е околу 150-200 денари месечно - никој од нас една сијалица да не запали во Македонија, за 8 години ЕВН ќе направи профит од 200 милиони евра т.е. онолку колку му требаше да го купи делот од ЕСМ“. Мециновиќ објасни и дека, иако велеа дека нема, сепак, околу Нова година ќе следи покачување на цената на струјата.„Заклучокот е дека енергетската криза со која се соочуваме не е само резултат на глобални трендови, туку и на нашиот сопствен недостаток на стратешко планирање и поставување на луѓе со мафијашки интереси на позиции. Абе не може цело време Украина да ни е крива за сѐ, кога ние во Буџетот не предвидуваме средства за Чебрен. Крива ни е, очигледно, нашата политичка гарнитура и консталација која со децении не може да одговори на потребите на граѓаните“, додаде пратеникот од Левица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања