Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СОБРАНИЕ

bojan-stojanovski

„Ова е насилие, скандалозно однесување“, Стојаноски револтиран од Џафери кој ги заклучи пратениците во собраниска сала

Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се револтирани од односот на собранискиот спикер Талат Џафери. Пратеникот Бојан Стојакоски посочи дека загубената контрола на Џафери се прикажува на дело.„Заклучената врати нема да спасат никого од одговорноста. Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во салата. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници Скандалите во Собранието продолжуваат“, објасни Стојаноски.Тој претходно бидејќи немаше Џафери ги исклучуваше собраниските микрофони, а јавноста можеше да гледа само визуелно, се вклучи во живо на Фејсбукот од неговиот колега Миле Лефков да искоментира што се случува зад затворените врати во Собранието.

Македонија | пред 3 години

collage-6

ВИДЕО: Заклучени пратеници и хаос во Собрание!

„Заклучени пратеници и хаос во Собрание!“, реагира Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!“, додава тој.Бидејќи микрофоните во салата беа исклучени, а јавноста не може во живо да ги следи седниците поради тоа што Собранието нема можност за тоа, пратеникот Бојан Стојаноски се обрати до јавноста преку социјалните мрежи:„Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во Собранието. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници“, кажа Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-1

Извинување од Џафери не чекајте, пцуењето за него е дозволено

На собраниските службеници местото им е на работа среде работното време, а не на кафе на улица Македонија. Вака коментира собранискиот спикер Талат Џафери, откако беше снимен како со погрдни зборови им се обраќа на вработените во Службата.Ова е снимката која излезе во јавност пред речиси две недели. Реакции имаше многу, а Џафери вели – нема објаснување и додава дека не чувствува потреба да се извини.Пцовките не беа кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата, тврди Џафери. Додава дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја блокира работата на Собранието, треба да води сметка за тоа што самите тие го направиле, а не да оценуваат дали претседателот го прекршил етичкиот кодекс.

Македонија | пред 3 години

284235778_408450351291369_8922294751858812757_n

„Ова не ти е Форино, оставка“, пратеникот Јаулески удри по Џафери

„Ова не ти е Форино“, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески побара оставка од собранискиот претседател Талат Џафери. Тој му порача: „Таљо не пцуј“.„Поминаа повеќе од 10 дена откако Талат Џафери редеше мајки-шајки, се однесуваше како да е на сточен пазар а не во Собрание на кое тој лично е претседател. Одговорност нема, оставки нема, а заедно со СДСМ се трудат сето ова да се заборави. Тука сме да потсетиме и уште еднаш да порачаме: ОСТАВКА!“, посочи Јаулески

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi

Ковачки: Џафери ги понижи вработените во Собранието, државата и ја загрозува безбедноста, а Ковачевски молчи за да не му падне владата

@Џафери ги понижи вработените во Собранието, државата и ја загрозува безбедноста, а Ковачевски молчи за да не му падне владата.Талат Џафери во период од неколку дена направи два тешки скандали.1. Беше фатен во живо на собранискиот канал како се заканува, пцуе и врши мобинг на вработените во Собранието2. Се обиде да сокрие дека се сретнал со чеченски претставник и поранешен член на руската Дума, за тоа не ја извести јавноста и релативизираше“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Талат Џафери мора да поднесе одговорност за неговиот дивјачки однос во Собранието. Ковачевски не смее да премолчува на овој примитивизам само затоа што сака да остане на власт. Со релативизирањето на односот на Џафери во Собранието се создаваат опасни преседани кои упатуваат порака дека системот не се грижи за вработените и воопшто луѓето, нивниот интегритет и чест.Со молкот Ковачевски ги понижува вработените во Собранието многу повеќе од Талат Џафери и испраќа порака дека на Џафери се му е дозволено, вклучително и да малтретира и понижува луѓе, затоа што од него зависи владата.Во однос на приемот на чеченската делегација, среќавајќи се со лица кои се безбедносно опасни за тоа да ги извести надлежните. Талат Џафери на виделина ја исфрли безбедносната незрелост.Се поставува прашањето дали македонските служби биле информирани за оваа средба на Џафери и дали Џафери ги брифирал за разговорот што се водел?И овој случај е премолчен од Ковачевски, затоа што истиот е заробен човек, кој живее во страв да не му падне владата, зошто на избори не може да добие поддршка од народот.ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Ковачевски да се охрабри и да организираме предвремени парламентарни избори. Со распуштање на парламентот ќе ги нема ниту понижувањата кои сега ги дозволува за да остане на власт“.

Македонија | пред 3 години

stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

Каевски не очекува ребалансот на Буџетот да биде блокиран

„ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг временски период го прави истото што го прави односно што го најави во Собранието, впрочем новитет беше само тоа што го официјализираа бојкотот со којшто се обидуваат да ги опструираат и блокираат важни закони којшто треба да се донесат за граѓаните, некаде околу седумдесетина“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.тој додава:Како што и сами напоменавте ребалансот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности којшто ги дава и деловникот се со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони затоа што е важно во вакви услови кога се соочуваме со енергетска и економска криза, важно е да се носат суштински реформски закони, да се донесе и ребалансот и сето она што е во насока да го подобри стандардот на граѓаните и секако да помогне полесно да се справат граѓаните со последиците од овие кризи.Очекувам дека ќе надвладее и разумот и кај останатите пратеници којшто доаѓаат од опозицијата впрочем ние секојдневно во Собранието слушаме голем број на пратеници којшто доаѓаат од редовите на опозицијата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ова што се прави не е добро и дека треба да заврши,да се донесат и да се помогне на граѓаните. Очекувам дека разумот на тие пратеници ќе надвладее и дека конечно ќе почнат да работат во функција на граѓаните и заеднички ќе носиме суштински и важни закони, впрочем тоа е поентата и оној апел со којшто секојдневно ние повикуваме да отвориме суштински материјална расправа по законите и доколку имаат конкретни решенија и предлози за да се подобри законскиот текст и да се подобрат тие закони, зеднички да дискутираме, да дебатираме и да го донесеме најдоброто решение.Тоа е нешто што граѓаните го очекуваат од нас, тоа е нешто што мораме заеднички да го направиме и нешто што е потребно и нужно за да се донесат суштински, важни решенија за граѓаните во овие исклучително тешки периоди, во време кога се соочуваме со најголемата економска и енергетска криза, важно е да имаме опозиција која што нема да опструира и блокира туку ќе соработува и секако заеднички ќе носиме решенија“.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-3

Се бара одговорност: „Џафери за да ја спроведе на сила агендата на СДСМ и ДУИ започна да ги навредува и вработените“

„Целата јавност виде што се случи, ние практично најавивме блокада дека ќе започне од 10-ти мај и се случи тоа на седниците. Меѓутоа ако погледнете што се случуваше во Собрание, можете да видите дека уште на 9-ти вечерта Законодавно - правната комисија кога стануваше збор за едно автентично толкување кое исто така власта сакаше да го скрие од јавноста во кое автентично толкување свое мислење за Законот за игри на среќа беше дал Артан Груби, замислете мислење кое доаѓа во Собранието на Република Македонија и кое што единствено е надлежно да даде автентично толкување и се потпишал Груби на него, а го нема никаде Ковачевски. А, таквото толкување на членот 7 став 3 од Законот за игри на среќа практично може да значи и да замени донесување на цел еден нов закон за игри на среќа, со кој Владата практично или ДУИ се обидуваат одлуката, односно она што е предвидено со Законот, а тоа ставот 2 дека државата треба да има исклучив монопол кога станува збор за организирање на игри на среќа, тие сакаат со мали модификации на тоа законско решение да го прошират бројот на фирми и компании кои што ќе се занимаваат со тоа“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Филибастер“ на радио „Лидер“.Лефков додаде дека власта секогаш гледа на било кој начин како да исцица повеќе пари за свои потреби и свои џебови.„А, знаеме дека Груби е поврзан со многу скандали, со многу контроверзии кога станува збор за именување на членови на Управен и Надзорен одбор“, нагласи Лефков.Лефков посочи дека на 10-ти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше одредени предлози за измени на закони со цел на подобрување, а спикерот Талат Џафери не ги стави на Дневен ред.„Талат Џафери не дозволи ниту да се гласа за истите дадени предлози на измени на Закони иако според членот 70 од Деловникот имаме право пред започнување на седницата да бараме измени и дополнувања на Дневниот ред. Тој тоа го толкуваше тоа еднострано велејќи дека пријавувањето пред почетокот на седницата било само за членот 77 од Деловникот со кој практично бараат измена односно пермутација или изменување на редоследот на точките кои што веќе самиот тој ги поставил на седницата. Замислете тоа е огромно понижување за народните претставници и јас на пример заедно со колегите пратеници голем удел во тоа имаше и претседателот на Социјалистичка, колегата Љупчо Димоски во кој што се предлагаат закони за измени и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој и за стокови резерви со кој оризот треба да биде стратешка култура и практично Агенцијата за стокови резерви да работи со неа и истиот како предлог го дадов од говорница. Ниту добив 10 минути време да го елаборирам иако е потребно 10 минути, затоа што секој предлог закон си содржи одредена структура, вовед, цели, усогласеност со друга регулатива“, рече Лефков.Лефков укажа дека на крајот од неговиот говор од три минути му го ускрати времето Талат Џафери велејќи дека пратеникот нема никаков предлог за пленумот. Тоа е едно огромно понижување.„Тоа понижување продолжи и во наредниот ден, ќе ве потсетам на еден момент кога збор зема колегата Фадил Зендели и сакавме да се пријавиме за реплика, се пријавивме 32 од колегите за реплики и во тој момент Талат Џафери и тоа го има на снимки како Талат вели заклучете ја вратата да видиме колку пратеници се јавиле за реплика“, појасни Лефков.Лефков додаде дека навредите од страна на Талат Џафери се се позачестени.„Едноставно агендата на СДСМ и ДУИ насилно да се прекрши она што ние го најавивме како активна блокада во кој што ќе повторам со демократски мерки кои што ни ги дозволува Деловникот, тоа беа едноставни јавувања за збор за измени и дополнувања на Дневниот ред и секој од говорниците беше со цел да укаже на некој недостаток во процедурата. Меѓутоа Талат Џафери тргна на сила за да ја спроведе таа агенда на СДСМ и ДУИ. И на тој начин Џафери влезе во безброј грешки. Од кои што една од грешката беше кога започна да ги навредува вработените во Собранието. Јавноста тогаш се увери како се работи во Собрание и патем како не треба да се работи. Ние повикавме дека треба да се бара одговорност“, нагласи Лефков.

Македонија | пред 3 години

blokada-sobranie-51

Собранието функционира, не успеа блокадата на Мицкоски, смета Мицкоски и не ги коментира пцостите на Џафери

„Пропаднаа обидите за блокада на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски“, смета СДСМ.Оттаму додаваат:„И покрај тоа што се потрошија два дена на нивните бесмислени предлози, дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работата.Без нималку чувство на одговорност, во време на најголема светска економска и енергетска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заради лични и партиски интереси на Мицкоски го блокираат Собранието наместо да работат за граѓаните кои им дале доверба.СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ и сите законски решенија од интерес на граѓаните ќе бидат донесени.СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да нанесат штета врз граѓаните и државата.Собранието мора да биде функционално во време на светска економска криза, брзо и ефикасно да носи решенија кои значат помош и поддршка за граѓаните и домашната економија“.

Македонија | пред 3 години

apasiev

(ВИДЕО) Талат молчи за да се заборави, но недозволиво е тој да остане претседател на Собранието, реагира Левица за пцуењето

„Од објавувањето на аудиоснимката на која се слуша Претседателот на Собранието, Талат Џафери, како им вика и со најпогрдни пцости ги малтретира и омаловажува вработените во Собранието, изминаа два дена, а Талат Џафери сѐ уште молчи надевајќи се дека настанот ќе се заборави за некој ден“, реагира партијата Левица.Оттаму додаваат:„Остро го осудуваме ваквото однесување кон државните службеници и сметаме дека е недозволиво пратеникот Талат Џафери да продолжи на функцијата Претседател на Собранието, којашто дополнително нашиот Устав ја третира и како Заменик претседател на Република Македонија.Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од 11 јуни 2018 година и измените од 28 јануари 2019 година, најмалку што очекуваме е дека, во најкраток временски рок, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе изрече јавна опомена и суспензија на пратеникот Талат Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец.Од приложената снимка, се гледа дека самиот Талат Џафери ја потврдува основаноста на настанатите тешки повреди од членот 14 на Кодексот, каде на вработените во Собранието им врши притисок за време на извршувањето на нивните работни задачи користејќи зборови и изрази со кои ги омаловажува и го навредува нивното достоинство“.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi

(АУДИО) Пцовки и скандалозно однесување од Џафери, а барање за оставка од опозицијата

Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцостите и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш, побара ВМРО-ДПМНЕ откако во јавноста излезе снимка на која се слуша гласот на собранискиот спикер како им се обраќа на вработени во собраниските служби.„Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен. Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на Собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцости малтретира вработените во собранието. Односот на Џафери, кој може да се слушне во видеоматеријал објавен во медиумите, е скандалозен, примитивен и целосно недозволив. Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според опозицијата, снимката е и доказ зошто мора да се одржат предвремени парламентарни избори, а актуелната власт да замине во опозиција.Во аудио-материјалот за кој се тврди дека е снимен во Собранието, се слуша како Џафери ги повикува дел од вработените во службите кај него, а потоа ги брка со зборовите „бегај, бегај“, „сус бре“, а се користат и пцости.

Македонија | пред 3 години

sobranie-6

„Еве колку пратениците на СДСМ си ги заработуваат платите“, реагира опозицијата

„Еве колку пратениците на СДСМ си ги заработуваат платите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ три пати поактивни и со повеќе дискусии од СДСМ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Во период од 01.07.2021 година до 31.12.2021 година над 50% од сите активности во собранието се преземени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е убедливо најактивна и мотор на Собранието.Имено во периодот јули - декември 2021 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале дискусии 109, наспроти 36 дискусии кои ги имале пратениците на СДСМ, 10 на ДУИ, и 27 сите останати.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале 3 пати повеќе дискусии од тие на СДСМ.Во истиот период пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имале 127 реплики, наспроти 83 на СДСМ, 8 на ДУИ и 5 на сите останати. Воедно и според бројот на контрареплики пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се убедливо први, со 111 контрареплики наспроти 95 од СДСМ, 19 од ДУИ и 13 на сите останати.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дадоа свој значаен придонес во нормалното функционирање на Собранието и носењето на закони за доброто на граѓаните, а во исто време силно се спротивставија на сите криминални закони на СДСМ и ДУИ.ВМРО-ДПМНЕ во таа насока уште позасилено продолжува и сега со активната блокада во Собранието“, додаваат тие..

Македонија | пред 3 години

280561443_398535868949484_8333241533045701760_n

Јаулески за собранискиот хаос: ва се случува само во длабоките комунистички режими и кај нас

Јован Јаулески, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, за хаосот во Собрание вели: „Ова се случува само во длабоките комунистички режими и кај нас“.„Самоволие, донесување дневен ред без претходно да биде прочитан и поделен на пратениците. Брутално силување на деловникот и процедурите за работа, без етика и морал и без грам почит кон опозицијата. Но ние не се откажуваме Одиме до крај, за Македонија!“, вели Јаулески.Хаосот се случуваше за време на собраниската седница која трае и по работното време на Собранието. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски прво бараше процедурално, но спикерот Талат Џафери не дозволи. По ова, Џафери му рече на Мицевски да се тргне од неговиот пулт ако не е за тепање.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-11-at-19.37.44

(ВИДЕО) „Ако не си за тепање оди на место“, тензично е во македонското Собрание

По два дена натегање, се изгласа дневниот ред на Собранието. Но и ова помина со тензии. Претседателот на Собранието, Талат Џафери му се закани на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски да се тргне од говорницата.„Правите што сакате да правите до мене да не се доблиожувате. Што сакајте правите, до мене не се доближувајте. Оди седи на твое место ако не си за тепање, оди на свое место ако не си за тепање“, рече Џафери.Собранискиот претседател се расправаше со сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.Видете детали од видеото:

Македонија | пред 3 години

Micevski-PRESS-1211-2

Мицевски: Барањето за предвремени парламентарни избори е од граѓаните со кои сме секојдневно во комуникација

Има голем процент на разочарани граѓани кои што се разочарани токму од состојбата во која се наоѓаат. Во секојдневна комуникација сме со граѓаните и ги живеат овие тешки денови и слушаме од нас што бараат. Токму барањето за предвремени парламентарни избори е спас за националната катастрофа, смета координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител во Тема на денот.Тоа што го чувствуваат граѓаните во Штип, го чувствуваат граѓаните во Скопје, но и граѓаните во Мала Речица, Дебар, Куманово, ние работиме за сите граѓани, изјави тој.Мицевски вели дека владејачкото мнозинство е махер за прекршување на Деловникот на Собранието, како и дека поради тоа што не можат да обезбедат кворум, СДСМ, ДУИ и останатите партии од владејачкото мнозинство сами себе се блокираат.Владејачкото мнозинство е махер за злоупотреба на Деловникот, реагираме на дневна основа на тоа, и можам дека во текот н а денешниот ден повеќе од 10тина пати е прекршен истиот. Три часа денеска не работеа поради нивната неажурност и не обезбедување на кворум, повеќе од една третина од работното време, СДСМ, ДУИ и владејачкото мнозинство, само себе се блокира, вели Мицевски.Мицевски додаде дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднеле барање до кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски за средба со членовите на комисијата за надворешни работи и другите заинтересирани пратеници, за лично тој ги избрифира за состојбата односно до каде се преговорите со Бугарија кои ги води министерот за надворешни работи Бујар Османи, посочувајќи дека биле известени дека се уште нема званичен документ.Од кабинетот на премиерот Ковачевски добивме информација дека во моментот нема званчиен документ за кој што може да се разговара и да не брифира. И тука се различните информации кои што ги дава Ковачевски и Османи, кој што пак информираше дека имало прифатлив документ за македонската страна мислам дека беше 14 април, но бугарската страна тоа веднаш го отфрлила, рече Мицевски.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ не знае што да направи во Собранието, смета Митрески

ВМРО-ДПМНЕ не знае ниту што да направи ниту каде тера со блокада во Собранието, ја напуштаат собраниската сала затоа што се затечени од тоа што им прифативме предлози, рече денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.„Од 46 точки, имаат 37 предлози за дневен ред за дополнувања и измени. Очигледно ги збуни тоа што дел од предлозите им ги прифативме и пратениците мора да ја напуштаат седницата за да се договорат што да прават. Мора меѓу себе да се договорат кој која точка ќе ја предложи затоа што еве им ги прифативме предлозите. Ја напуштаат салата собраниска и не знаат што да направат веќе во Собранието.“ рече Митрески.За транспарентите на опозицијата координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги однесат во белата палата.„Овој транспарент („За спас од сиромаштијата“) пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го однесат во Белата палата, во дувлото на криминалот, на криминалната банда којашто ги опљачка, ги згази граѓаните и државата. Во палатата во која има теписони од 100.000 евра, плочки од 120.000 евра, мермери од 200.000 евра и таму ова да го закачат “ рече Митрески.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања