СОБРАНИЕ

Screenshot-2022-06-27-212746-1

„Комисијата за европски прашања, останува комисија на дивиот запад, вели Милошоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва, по инцидентот во Собранието, во изјава за ТВ21 посочи дека се покажало вистинското лице на власта.„Комисијата за европски прашања може да се каже трагично, но сепак останува комисија на дивиот запад. Не заради членовите на комисијата, персонализирано е сметам поради претседателот на оваа комисија, пратеникот Арбер Адеми, кој што си дозволи, освен тоа што го кршеше деловникот и не даде процедурално на колегите пратеници да дадат предлози за Измена и дополна на дневниот ред, почна и со вербални вулгарности, со фрлање на тврди предмети, со насилство, со кршење на дел од инвентарот и благодарение на една или две совесни пратенички не стигна до поголем инцидент или поголема повреда“, вели Милошоски.

Македонија | пред 3 години

dui-

ДУИ: ВМРО и АА го бранат криминалот и го кршат Собранието

Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството што денеска на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците, велат од ДУИ„Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се против правилното функционирање на правосудниот систем.Денеска на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО ДПМНЕ и другите опозициски партии со насилство ја блокираа работата на Комисијата и токму пратениците кои се под истрага, поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата.Демократската унија за интеграција ги информира граѓаните и пошироката јавност дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападно-американски дух и ќе ја поддржи реформската агенда во партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-27-210653

(ВИДЕО) Адеми заврши со расечена рака по инцидентот во Собрание

Тогаш, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја опколија говорницата и местото на Адеми и прво Дафина Николовска, а потоа и Антонијо Милошоски, веројатно во обид да го исклучат микрофонот на претседавачот, стискаа копчиња и го влечеа кабелот. Адеми потоа стана и неколкупати го удри пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ по раката, што е веројатно моментот во кој пратеникот од ДУИ ја расекол својата рака, како што беше објавено.Претседателот на комисијата потоа ја подигна шолјата за кафе која беше пред него и ја фрли кон опозициските пратеници. По ова, тој фрли и други предмети, а со шише за вода го погоди Милошоски, кој во еден момент му вели: „Удри, ајде удри!“.Според објавеното видео, најверојатно во моментот кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и Дафина Стојаноска, се обидоа да му го земат микрофонот, Адеми  со предмет од пултот ја расекол е неговата рака.„Наместо да ја расцепи дипломата, тој си ја расцепи раката.И сега, микрофонот ли ќе е виновен или јас и Антонијо?!?Во меѓувреме, свикаа продолжение на седницата…“, вели Дафина Стојаноска

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-27-203425

(ВИДЕО) Адеми неколку пати го удри Милошоски, замавна со шолја, па со шише вода

Денес пратеникот Арбер Адеми со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците. Иако имало пријавени пратеници за збор, тој  го ставил дневниот ред на гласањеНа ова реагираа пратениците од опозицијата. Најпрво пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска започна да стиска на системот за гласање.  Антонијо Милошоски го трга микрофонот на кој Адеми зборува. И тогаш, Адеми удира по раката на Милошоски.И покрај тоа, раката на Милошоски  се уште е на собранискиот микрофон, а Адеми го удира и по вторпат па му ја тегне раката. Адеми, станува од фотелјата и го удира Милошоски по третпат. Потоа, нервозно станува и со порцеланска шоља за кафе фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред неговиот пулт.Милошоски му вели: „Удри, ајде, удри, удри“, по што Адеми фрла со шолјата, а потоа и со пластично шише вода.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-27-at-18.49.20

(ВИДЕО) Тепачка во Собрание: Пратеник на ДУИ фрла со предмети кон пратениците

Пратеникот Арбер Адеми со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците. Фрапантно видео објави пратеникот Миле Лефков. Се слуша како пратениците му викаат „Кај се наоѓаш“ додека тој со тацна фрла и ја крши собраниската опрема.„Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со “каубоите” од власта“, напиша пратеникот.

Македонија | пред 3 години

ssm-protest

ССМ на штрајк пред Собранието, поставија 120 столчиња, по едно за секој пратеник.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на првиот ден од генералниот штрајк, со кој работниците во јавниот сектор бараат поголеми плати, на булеварот пред Собранието утрово постави 120 столчиња, по едно за секој пратеник.Синдикалците бараат зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 отсто од основицата.Пред Собранието свое обраќање имаше и претседателот на ССМ, Дарко Димовски, кој побара поддршка од народните претставнци за поднесениот амандман, како што рече, сега и веднаш, односно почнувајќи од 1 јули.„Тие пари ни се неопходни поради сè ова што ни се случува, двоцифрена инфлација, ценовни шокови, најавена енергетска криза и поскапување на струјата.Сите оние што нема да го поддржат ова наше барање во интерес на работникот, наше легитимно право како претставници на работниците е од нив да побараме оставка“, предупреди Димовски.„Ние сме ги избрале тие пратеници за да ги унапредуваат и чуваат нашите права и да ни излезат во пресрет сега кога ни е најпотребно. Другари пратеници, другари од власта, од локалната самоуправа, сериозно сфатете си ја работата, работникот денеска се бори за егзистенција“, нагласи претседателот на ССМ.Синдикатите утре протестот ќе го преселат пред Владата, каде што со 21 празно столче, за секој министер, ќе го блокираат сообраќајот на булеварот Илинденска.

Македонија | пред 3 години

sobranie

Собраниската Комисија ќе продолжи со амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11 часот, ќе продолжи со амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, во рамките на 38.седница.Комисијата досега расправаше за пет амандмани на опозицијата, кои беа одбиени од парламентарното мнозинство.Вкупно се поднесени 204 амандмани,од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство.Вчера најмногу дебата предизвика амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството.

Македонија | пред 3 години

5978842

Францускиот предлог за ветото стигна во бугарското собрание

Францускиот предлог за одлука за ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ е испратен до Комисијата за надворешни работи на бугарското собрание, пишува БНР повикувајќи се на два независни извори од парламентот.Француската амбасадорка во Бугарија Флоренс Рубин вчера се сретна со пратениците од Групата за пријателство со Франција во собранието. На оваа средба се разговараше за документот. Се расправаше и за тоа дали органите на власт го имаат потребното мнозинство да го прифатат, пишува бугарскиот медиум.Подоцна, копретседателот на ДБ, Христо Иванов, на маргините на парламентот објасни дека ќе биде успех за Бугарија доколку Скопје се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ стане гарант за нивното спроведување.Во средата, Советот на министри одлучи сите предлози за преговорите со Северна Македонија, освен сегашната бугарска позиција, да бидат одобрени од бугарското собрание.Пред една недела токму оваа тема стана причина за заминувањето на владејачката коалиција од ИТН, а лидерот на партијата Слави Трифонов постапките на премиерот Кирил Петков ги оцени како национално предавство.

Македонија | пред 3 години

skender-redzepi

Реџепи да го врати мандатот, бара Алтернатива

По вчерашното информирање од страна на пратеникот Скендер Реџепи дека отсега ќе настапува како независен пратеник во Собранието на Република Македонија, политичката партија Алтернатива реагира преку соопштение на Фејсбук, во кое наведува дека ова е целосно негова лична одлука и нема никаква врска со каков било став што се поврзува со некој орган или структура на партијата.– Алтернатива изразува жалење за ваквата одлука на пратеникот Реџепи и ја информира јавноста дека оваа одлука не влијае со ништо во пратеничката група на Алтернативата, ниту ќе влијае врз парламентарното мнозинство, но ниту во учеството на партијата во извршната власт. Иако индикативно е дека ова негово повлекување доаѓа токму во време кога македонската опозиција организира протест за напад на парламентарното мнозинство, ова прашање останува да го разјасни самиот тој, потенцираат од Алтернатива.Бидејќи мандатите на пратениците од овој пратенички состав, следствено и на нашата партија, се добиени под логото и името на партијата, а не како независни кандидати, од Алтернатива посочуваат дека се надеваат оти пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и обврска до партиските структури кои го направија пратеник – да го врати мандатот добиен во име на партијата.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-3

Џафери одговори зошто не треба да биде сменет: Се пласираат груби невистини дека го прекршувам Уставот

„Интерпелацијата што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја поднесе за мене, содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација, поради што и решив да одговорам на крајно тенденциозните наводи“, тврди претседателот на Собранието, Талат Џафери.Тој во одговорот на интерпелацијата посочува:„Тврдењата изнесени во интерпелацијата јасно укажуваат на намерата на подносителите без каква било основа да ги девалвираат моите постигнувања, посебниот придонес што го дадов во изминатите пет години во подигнувањето на нивото на дијалог и демократска култура во законодавниот дом, преземајќи чекори кон јакнење на независноста на Собранието и на неговата контролна функција во однос на извршната власт – нешто што беше речиси незамисливо во периодот кога дел од сегашните подносители на интерпелацијата беа мнозинство во парламентот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, секако, се свесни дека, за дневно - политички цели, поттикнати од нивното партиско седиште, пласираат груби невистини со наводите во интерпелацијата дека ги прекршувам Уставот, законите и собранискиот Деловник.Доволна потврда за нивните неосновани обвинувања во овој контекст се извештаите на Државниот завод за ревизија во периодот од 2008 година, заклучно со последниот Извештај за 2020 година, објавен минатата седмица, кој претставува аргумент плус за успешното и транспарентно работење и менаџирање на Собранието, во согласност со законските прописи. Во овој Извештај, ДЗР, како единствен надлежен орган за контрола на работата на Собранието, меѓу другото, констатира дека активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи, во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Со оглед на тоа што Извештајот на ДЗР дава мошне објективна и позитивна слика за работењето на Собранието на Република Северна Македонија, Собранието не даде никакви забелешки во однос на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеноста за 2020 година на СРСМ.Но, тоа не е случај и со ревизорските извештаи за периодот од 2008 до 2016 година, во кои се констатирани многу слабости, нормативни прекршувања и има повеќе забелешки за тогашното раководење и менаџирање на Собранието. Истите можете да ги најдете на веб страницата на Собранието.Во врска со наводите дека сум го прекршил Деловникот со тоа што сум побарал да се затворат вратите на пленарната сала за да се пребројат присутните пратеници, на сите упатени во случувањата во Собранието во последните неколку години, веројатно им е многу јасно дека станува збор за чисто лицемерство. Односно, мошне јасна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување на битни закони за граѓаните, и овој пат да создаде лажна претстава во јавноста дека јас постапувам спротивно на Деловникот.Токму Деловникот ги демантира нелогичните обвинувања дека сум сторил нешто надвор од моите надлежности.Според членот 95 од Деловникот, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале "за", "против" или "воздржано", како и бројот на пратениците што се присутни. Претседателот на Собранието може да определи да се утврди бројот на присутните пратеници со броење. Утврдениот број на присутни пратеници се смета за точен сè додека претседателот или еден пратеник, чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, не побара повторно да се утврди бројот на присутните пратеници.Според тоа, вечерта на 25 мај, вратите на салата беа затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање. Всушност, во Деловникот е предвидена можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници. Поточно, членот 97 од Деловникот предвидува дека за време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување, така што јасно е дека единствената намера на опозицијата, во овој случај беше да приредат евтина претстава пред јавноста.Што се однесува до обвинувањата за прекршување на Кодексот, јас нема да навлегувам во сценариото на Пратеничката група на опозициската коалиција, која се обиде да создаде тензична атмосфера во салата на продолжението на 71.пленарна седница, со очигледна намера да предизвика инцидент, за што сведочи и однесувањето на координаторот на Пратеничката група, кој недозволиво навлезе во просторот определен за претседавачот со седницата. Во оваа прилика, единствено ќе истакнам дека во изминатите пет години, се однесувам со посебна почит кон сите вработени во Службата на Собранието на Република Северна Македонија. Аргумент во таа насока е и мојата посебна заложба за донесување на законските измени кои овозможија независност на собраниската служба, како што и и личи на институцијата која е носител на законодавната власт и на демократските процеси во земјава, со што, меѓу другото, за првпат по подолго време се овозможи зголемување на платите на сите вработени во собраниската администрација за 20 проценти.Според тоа, можеби единствената точна констатација во оваа интерпелација е таа дека јас сум прво потпишаниот на овој Кодекс, кој, по многу обиди во претходните години, беше усогласен и донесен во мојот мандат, што само по себе говори за мојата посветеност во јакнење на демократичноста и на етичките начела во законодавниот дом. Делумна вистина е и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, во еден период, откако не успеаја во своите задни намери на 27 април 2017 година, не присуствуваа на координациите кај мене, иако секогаш беа уредно поканети. Затоа пак, апсолутна вистина е дека координаторот и пратениците од оваа Пратеничка група, и покрај неприсуството на координациите, како нивен политички маневар пред јавноста, во тој период, практично, не излегуваа од мојот кабинет, каде што доаѓаа дури и за лични потреби и барања. Од тој аспект, воопшто не држат вода наводите за мое несоработување со координаторите на сите пратенички групи, вклучително и со тие од опозицијата. За сите координации има записници кои ги демантираат тезите изнесени во интерпелацијата за прекршување на Уставот и на Деловникот, како и за мое несоработување со опозицијата, особено ако се има предвид дека на сите координации се поканети и координаторите од опозицискиот блок, дури и пратеници од партии кои не се организирани во пратеничка група, што беше незамисливо претходно.Записниците од координациите, на пример, ги побиваат наводите во интерпелацијата дека јас го оневозможувам разгледувањето на интерпелациите за носители на јавни функции. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, посебно нивниот координатор, многу добро знаат дека сите поднесени интерпелации се ставени на дневен ред на пленарна седница, а тоа што не почнала расправа за нив е „заслуга“ на самите подносители на интерпелацијата. На 36. седница, одржана на 25 март 2021 година, координаторот Никола Мицевски лично побара да се симнат од Дневен ред сите точки, вклучително и интерпелациите, освен првата, деветтата, десеттата и единаесеттата точка за што можете да ги побарате и стенографските белешки на веб страницата на Собранието.Имено, со оглед на практиката терминот за расправа за интерпелација да биде во договор со нејзините подносители, како и со функционерот на кој таа се однесува, односно да се усогласи со нивната агенда, фактите говорат дека постојаните одложувања и премислувања на ВМРО-ДПМНЕ беа причина што не почна расправа за интерпелациите на поранешните вице-премиер за спречување корупција и министер за правда.Поточно, на координацијата на 10 мај 2021 година, на која присуствуваше и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, јас ги информирав присутните дека ќе го дополнам дневниот ред на 41.седница, која почна на 18 мај 2021 година, со интерпелациите за тогашните министер за правда и вицепремиер за борба против корупцијата. Потоа, постојаните премислувања на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ за тоа кога да биде расправата по интерпелациите, се основната причина поради која тие не дојдоа на разгледување, по што самиот Мицковски предложи да бидат повлечени од дневен ред.Стара вистина е дека пред да обвинуваш некого, прво треба да се погледнеш во „огледало“. Да имаше малку самокритичност и објективност кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе се воздржеа од вакви неосновани напади врз мене и од креирање вакви сценарија. Затоа што фактите говорат дека и Етичкиот кодекс и законските измени со кои се овозможи независноста на собраниската администрација се донесени во мојот мандат, дека најновиот извештај на ДЗР за работата на Собранието е чист како солза, а дека прекршувањата на Уставот и на Деловникот беа пракса во едни минати времиња“.

Македонија | пред 3 години

mkd-530205

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник

Пратеникот Скрендер Реџепи повеќе нема да делува како дел од партијата Алтернатива туку како независен.Реџепи денеска до претседателот на Собранието Талат Џафери доставил известување во кое се вели дека тој од сега натаму ќе дејствува како независен пратеник.Со ова, Алтернатива во парламентот ќе остане со тројца пратеници.Инаку Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА.

Македонија | пред 3 години

skender-redzepi

Парламентарното мнозинство останува со еден пратеник помалку

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напуша пратеничката група на партија и во иднина ќе делува како независен пратеник. И за оваа одлука официјално го извести собранискиот спикер, Талат Џафери.Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА. Реџепи беше незадоволен од владиниот договор и не се појави на последниот партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата.Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.

Македонија | пред 3 години

283999343_410787164394102_8450394106404091002_n

Собранието работеше до три сабајле, Џафери и ВМРО-ДПМНЕ тераа инат

Активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ на Собранието продолжи. 73 -та седница на Собранието на Република Македонија заврши во 03:00 часот. Тоа значи дека Талат Џафери заедно со пратениците седеа до раните утрински часови.„Показната вежба им заврши неуспешно, коалицијата СДСМ - ДУИ никогаш не била по работата. И покрај тоа што инсистиравме да продолжиме со работа, Џафери ја прекина седницата бидејќи од мнозинството останаа само тројца (3) пратеници. Ова е само почеток“, напиша пратеникот Бојан Стојаноски.Седница бр. 74 на Собрание е закажана веќе за денеска.

Македонија | пред 3 години

Micevski

Мицевски: На оние на кои што устата им е полна со транспарентност гласаа против да се отвори темата за Џафери

„Во текот на вчерашниот ден до Собранието поднесовме предлог на Кодекс за престанување на важење на Кодексот за етничко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија. Зошто го поднесовме ова? Имено, сведоци сте и вие, а и македонската јавност во текот на вчерашниот ден дека нешто кое што го работиме заедно со нашите меѓународни пријатели подолг временски период, а тоа е уредување на односите, уредување на работата на пратениците во Собранието, дојде на ред да го ставиме на тест. И на првиот наш тест на ова барање на очиглед на целата македонска јавност, на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ прво три недели се бегаше од темата и се чекаше истата да спласне. Но, кога видоа дека јавноста е многу револтирана и дека елементите за поднесување и барање за разгледување на одговорноста по однос на неговото поведение на одреден пратеник се навистина големи , побаравме точка на Дневен ред на Комисијата за мандатно имунитетни прашања. Претседателот на Комисијата немајќи каде по неколкудневно бегство од медиумите ја закажа оваа Комисија и видете за чудо истиот тој кој што даде предлог точка на Дневен ред гласаше против таа точка на Дневен ред“, нагласи Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕМицевски додаде дека би било подоблесно претседателот на Комисијата да речеше дека нема да е присутен на седницата од оправдани причини отколку тоа што го стори вчера.„Но, овој што го предложи Дневниот ред по однос на Етичкиот кодекс и барање на одговорност по него да гласа сам против себе навистина е малку за дискусија и малку дегутантно. Од таа причина гледајќи дека ова нема да профункционира, гледајќи веќе кога се наоѓаме во ситуација кога имаме еклатантен пример на непочитување на Деловникот, службениците, колегите, побаравме да се дискутира за тоа, одлуката е на крај индивидуална. Меѓутоа дискусија мораше да има. И ние се доведовме до ситуација да владиното мнозинство реши да не се дискутира на темава“, нагласи Мицевски.Мицевски посочи дека на оние на кои што устата им е полна со транспарентност гласаа против да се отвори темата за Џафери.„Барам Кодексот да биде ставен како точка на Дневен ред“, побара Мицевски.Кодексот не беше ставен на Дневен ред, појаснување на спикерот Талат Џафери е додека не се преведе нема да се стави на Дневен ред.

Македонија | пред 3 години

jauleski

„Се оправда простотилакот и пцуењето на Џафери, СДС и ДУИ се во љубов која руши граници“, жестока реакција од Јаулески

„СДС - ДУИ, љубов која руши граници, но и држава“. Ова е ставот на Јован Јаулески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања со чиј глас не се успеа да се изгласа дневниот ред на седницата за одговорност на Талат Џафери. Пцуењето нема да биде осудено, ниту ќе биде санкционирано.„Денес, пратениците од СДС на Комисијата за мандатно имунитетни прашања гласаа ПРОТИВ дневниот ред на кој требаше да се расправа за однесувањето на Талат Џафери, но истиот не беше прифатен. СДС со тоа уште еднаш докажа дека не е власт во Македонија туку дека е во скутот на ДУИ кој пак е власт, а СДС само потпишуваат. Истовремено, со тоа се оправдува пцуењето на Џафери, простотилакот и одвратните зборови кои сите ги слушнавме и го претвори Собранието во биртија. Омаловажувањата, мобингот и навредите се оправдани од страна на СДС, сега може Талат да не пцуе, можда и фрла со камења по пратениците и за тоа да не сноси никаква одговорност бидејќи ако СДС покрене, одма се распаѓа коалицијата и паѓа власта. Не знам уште колку може СДС да ја наведнува кичмата, но едно е сигурно - СИТЕ НА ПРОТЕСТ НА 18 ЈУНИ ЗА ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА ОВАА ИЗЖИВУВАЊЕ ВРЗ НАРОДОТ И МАКЕДОНИЈА!“, напиша Јаулески.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања