Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СОБРАНИЕ

Нема фотографија

Познат бројот на повредени полицајци, 11 од нив се потешки слуачи

Повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22.30 часот. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.Притоа, констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции.За време на вечерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието на Република Северна Македонија. Покрај ова, демонстрантите скршиле 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетено е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието на Република Северна Македонија, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.МВР презема мерки за расчистување на случајот и апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста. Преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, кон македонската полиција и објектите на институциите, не се постигнува ништо; дијалогот треба да се води во институциите на системот.Сек

Македонија | пред 3 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Талат Џафери доби доверба да си остане собраниски спикер

Не помина интерпелацијата за претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесена од Собранието. Доцна вечерва пратениците гласаа и со 61 глас „против“, а 43 „за“ интерпелацијата беше одбиена. Талат Џафери, ја доби довербата од мнозинството пратеници за да продолжи да ја врши функцијата.Интерпелацијата ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ на крајот на минатиот месец. Пратениците од опозициската партија сметаат дека Талат Џафери треба да одговара пред граѓаните за својата работа. Го обвинуваат дека континуирано го прекршува Деловникот на Собранието и дека со тоа сторил огромна повреда на законодавниот дом.Последен говорник беше претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој ретко е во Собранието и ретко се јавува за збор. Ја искористи приликата да го поддржи својот сопратиец Џафери, но и да повика на заедничка работа и храбрости во актуелната ситуација со Бугарија.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-sobranie-21

Ахмети излезе на собраниска говорница

При расправата на синоќешната седница за интерпелација на претседателот на Собранието, последен говорник беше лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој изрази поддршка за својот сопартиец Талат Џафери, но зборуваше и за дијалогот и целата политичка ситуација околу Бугарија.-Ни треба да работиме зедно, сега се одлучува за постоен мир. Денес албанскиот премиер Рама рече браќа за сите, и Македонци и Албанци. Не се работи за двојни стандарди, туку за градење на иднината. Вознемирено ги следам медиумите, се сменило името на Бујар Османи во Булгар Османи. Затоа Џафери и Булгар Османи имаат мисија, затоа што ова е нашата мисија, рекол Ахмети од собраниската говорница.Претседателот на ДУИ констатира дека „вистина е дека има корупција и криминал, но мораме да се бориме заедно против него“.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Каевски кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Нервозни сте затоа што немате поддршка од граѓаните, а правдата чука на Белиот дворец

Секогаш кога во Собранието се наоѓаат закони за правосудството, вие колеги од ВМРО-ДПМНЕ сте нервозни и правите провокации, така се однесувате овие два дена, тоа го правевте и кога се носеше Законот за јавно обвинителство, тоа го правевте и кога во постапка влезе Законот за Академија за судии и јавни обвинители, порача пратеникот Дарко Каевски на денешната собраниска седница.„Сакате да ја успорите правдата, тоа е така затоа што голем број случаи ви тропаат на врата, како случајот „талир 2“ каде што треба да се одземе вашето партиско седиште. Тоа е така и за „Делчевските ниви“ кои се тесно поврзани и доаѓаат до релации до раководството на ВМРО-ДПМНЕ.“ посочи Каевски.Пратеникот Каевски истакна дека датумите 24 декември и 27 април се најголемиот пораз на демократијата, кога ВМРО-ДПМНЕ директно помагале да се наруши демократијата.„Нервозни сте, затоа што протестот ви издиша, затоа што немате поддршка на граѓаните, затоа што правдата чука на белиот дворец и затоа продолжувате со блокади и провокации во Собранието“ заклучи Каевски, повикувајќи ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да работат за граѓаните а не да ги следат инструкциите од Белиот дворец.

Македонија | пред 3 години

Dafina-Stojanovska

Стојаноска: Џафери се изживува со пратениците, недолично довикува и го злоупотребува микрофонот на претседателското место

Пратеничката Дафина Стојаноска на денешната седница на Собранието на Република Македонија за интерпелација на спикерот Талат Џафер говореше за неговото раководење и рече дека ако се спореди, тоа е една чаша која постојано е преполна, прави секојдневни грешки и со секој ден ѝ докажува на македонската и светската јавност колку може да биде пробиено дното.- Немоќта да се усвои дневен ред во цели два дена ја извади на виделина сета неспособност и кршење на деловникот или докажување дека панично се направиле катастрофални и почетнички грешки од страна на еден долгогодишен пратеник, а за некого и најуспешен претседател досега. Така, кон крајот на првиот ден од нашата активна блокада и првиот ден од започнувањето на новата 71 седница сакајќи да нѐ изигра, спикерот се повика на еден член од Деловникот кој се однесува на расправа за закони и амандмани и други акти под надлежност на Собранието и кој вели дека ваква расправа може да се заклучи, а за гласање може да се определи ден и час кога Собранието би се изјаснило. Џафери сакаше да прескокне гласање по предлог за измена на дневен ред повикувајќи се на овој член. Ова беше премногу почетничка грешка за еден вака искусен и успешен претседател бидејќи нели, немаше како да се премине на следен предлог за измена на дневен ред ако претходно немаше произнесување.Бидејќи не се работеше за усвоен дневен ред и за започната седница со работа, туку бевме на усвојување на дневен ред. Самиот се збрка во сопствените маневри и беше приморан тука и веднаш да го прекине првиот ден кој заврши без усвоен дневен ред. – додаде Стојаноска.Таа рече дека целиот ден Џафери се изживувал врз пратениците на опозцијата, довикувајќи недолични работи и злоупотребувајќи го неговиот вклучен микрофон за да се обраќа како на излет во планина, а не како претседател кон колешки и во Собрание.

Македонија | пред 3 години

289331890_589312992566673_128294578562563039_n

Џафери: Извини брат, јас сум примитивецот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во своето обраќање по повод поднесената Интерпелација, за делот каде тој ги заклучил вратите за пратениците од опозицијата во пленарната сала додека траеше поединечното изјаснување, истакна дека тој ги заклучил вратите, но тие ги отвориле и ги довеле животите на луѓето во опасност.„Значи ако сум ги затворил вратите по Деловник, да се утврди фактичка состојба затоа што тоа е процедура, за разлика од некои, не сум ги отворил вратите па да ги доведам во прашање животите на луѓето“, порача Џафери.Во однос на интерпелациите Џафери им посочи на пратениците дека има стенограми и има записници од координациите што и како е барано.„Извини брат, јас сум бил примитивецот, јас ќе ги поднесам сите епитети, но ќе продолжам да ја вршам работата совесно по закон и процедура. Нема интерпелација на пратеник, тоа е злоупотреба. Треба да оставиш една врата, како што сум оставил многу врати отворени. Ако некој ве бранел од сите оние напливи, тоа сум јас. Се сеќавате за обвинувањата за патни трошоци? Претседателот ви беше заштитата. Да си се погледнат во огледало оние што обвинуваат. Многу епитети ми беа доделени приватно во последните 30 дена. Разбирам дека јавноста очекува детали, но нема да зборувам. Јас нема да се спуштам на ниво Христијан Мицкоски и да навредувам на лична основа затоа што него му овозможив да седи во пленарната сала, што порано беше незамисливо“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

234234

Бектеши: Ј.К. грее базени и копа криптовалути, го знаете, не е Јелена Карлеуша

Крешник Бектеши, министер за економија, тврди дека цената на елеткричната енергија е зголемена само во четвртиот блок. Бектеши на седница за пратенички прашања рече дека граѓаните ќе плаќаат исто па и помалку со блок тарифите.„Грејат базени, копаат криптовалути. Го знаете и самиот, Ј.К.. Не е Јелена Карлеуша. Вашиот, што ве финансира. И денеска се жалите зошто ние ги браниме граѓаните во првиот, вториот и третиот блок. 36 мегавати да се троши месечно е 85 пати повеќе од просечно македонско семејство во државата“, кажа Бектеши.Во четвртиот блок, покачувањето на струјата е од 11,4 проценти па до 99,5 проценти. 

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

„Имате пари за пеење детски песнички за УЧК, а културното наследство пропаѓа“, Апасиев удри по министерката за култура

Културното наследство во Велес пропаѓа, посочи пратеникот Димитар Апасиев, кој не е задоволен од одговорот на Министерството за култура зошто не преземаат ништо иако има извршено решение за итна заштита. Тој рече дека министерката Бисерa Костадиновска-Стојчевска допир со култура има колку тој со нуклеарна физика.„Велес е познат по својата стара градежна архитектура. Вие сте професор по англиски, а со култура имате допир колку јас со нуклеарна физика, па не сте експерт на темата. Но, можете да консултирате експерти. На пеример дел од овие куќи се учат на универзитетот Сорбона. Само вие смејте се, бидејќи додека имате пари да финансирате пеење детски песнички за УЧК, нашето културно наследство пропаѓа за нас. Најдо 15 куќи во Велес, четири куќи презема општината, во добра состојба се само три куќи, другите се паднати или пред паѓање“, кажа Апасиев.Апасиев бара итна интервенција.„Донесено е извршено решение со кое одредени објекти се ставени како културно наследство во опасност и две години не се постапува по тоа, а не да ми цитирате диспозитив од решение. Јас ве прашувам: што треба да направите ако итна мерка не ја преземате две години? Уште колку куќи треба да паднат“, посочи Апасиев.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-29-at-11.29.15

(ВИДЕО) Собранието полошо од пазар: Дерење, кинење листови, тропање

До доцна синоќа траеа препукувањата помеѓу пратениците од власт и опозицијата Законодавно-правната комисија. Измените на Законот за работни односи се разгледани според извештајот потпишан од Снежана Калеска-Ванчевска.Распрвата ескалираше кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да и го исклучат микрофонот на Калеска-Ванчевска за да не прогласи крај на седницата, додека пак пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ гo штител микрофонот на пратеничката.Од СДСМ обивнуваат дека секогаш кога темата правда е на дневен ред огромна е нервозата кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие објавија видео снимка од случувањата во Собранието.Заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во 1 часот по полноќ одржа и прес-конференција. Таа кажа дека не добиле процедурални обраќања бидејќи мнозинството пратениците имале за цел точно на полноќ да заврши расправата на комисијата.„Немавме можност за процедурални забелешки и да ги кажеме дека овој закон не беше за во скратена постапка, ниту за на Комисијата за европски прашања. Расправа немаше на ниту една комисија. Се беше противзаконски. Во паника се. Вчера потклекнаа да извршат физички напад врз нас и наши колеги, денес исто се случуваше. Мора да знаат дека ќе ја сносат одговорноста. Се обидовме да ги вразумиме, побаравме пауза. Не ни дадоа, бидејќи морало да помине ова во 12 часот. Затоа ви ја честитам Среќна нова ’49 со оваа криминална и мафијашка власт. Нека го отворат шапањското и нека добијат само горчив вкус, бидејќи горчина има во сите кои очекуваат нешто од оваа власт која си поигрува со сите“, кажа Стојаноска.Таа посочува дека била отворена амандманска расправа, настанал хаос, а кога пратеникот Зоран Коцевски побарал збор – не добил.

Македонија | пред 3 години

tepacka

„Агресивни суштества кои ги плаќаме за да не срамат, ќе почнете да се убивате за да ја задржите власта“, вели Трајкоска

Новинарката Жанета Трајковска на социјалните мрежи реагираше во врска со вчерашниот инцидент во Собранието на Република Македонија.„ГАДНИ СТЕ! Одвратни дивјаци кои седат во пратенички, министерски, директорски места само затоа што се членови на некоја политичка партија. Агресивни суштества кои ние ги плаќаме за да не срамат, за да шират омраза и насилство за грст гласови и слатка фотеља со службена картица со пристап до многу кеш и моќ.Ќе почнете да се убивате за да ја задржите власта!Срам ми е што на некаков начин сите вие ме претставувате мене и мојата земја и тоа за мои пари!Извинете, ама за ова има само еден наслов: ПОЛИТИЧКА СТОКА!ОСТАВКИ, ОДГОВОРНОРНОСТ И ОСУДА“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Milososki-27.06

Mилошоски го пријави Азири кој се закани со кршење раце и нозе

Пратеникот Антонијо Милошоски во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура за синоќа искажаните закани со физичко насилство кон Милошоски кои воедно се и говор на омраза, дознава МКД. мк. Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.Според тоа што го дознаваме, кривичното дело може да се дефинира според член 394 – г од Кривичниот законик.Инаку, Азири го избришал својот пост, но е веќе пренесен од многу медиуми, а воедно, МВР може со офоцијално барање упатено до Фејсбук (Мета) преку ајпи адреса да го добие постот како материјален доказ.извор: MKD.MK

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-27-203425

„Би сакал повеќе ќотек да гледам, веќе кога ги плаќаме, да има за што“, реакции по инцидентот во Собрание

Пратеникот Арбер Адеми вчера со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците.Најпрво пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска започна да стиска на системот за гласање. Антонијо Милошоски го трга микрофонот на кој Адеми зборува. И тогаш, Адеми удира по раката на Милошоски.И покрај тоа, раката на Милошоски се уште е на собранискиот микрофон, а Адеми го удира и по вторпат па му ја тегне раката. Адеми, станува од фотелјата и го удира Милошоски по третпат. Потоа, нервозно станува и со порцеланска шоља за кафе фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред неговиот пулт.Милошоски му вели: „Удри, ајде, удри, удри“, по што Адеми фрла со шолјата, а потоа и со пластично шише вода.Ова се дел од реакциите на социјалните мрежи по вчерашниот инцидент.https://twitter.com/goranman2/status/1541679165258203136?s=20&t=K0kpxIx6BLfGe5QYQYJ9Yghttps://twitter.com/surferot/status/1541670765816340480?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/AuuuDzoniii/status/1541646230643740672?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/HaNa_Taurus666/status/1541662915014565894?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/ShShpendi/status/1541553185445273603?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/AcoGusaro/status/1541545291807182850?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/UsernameRonin/status/1541540378733682689?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/TheArcher____/status/1541521489962352642?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/P0KIO/status/1541520450190282753?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/JasnaKoteska/status/1541515672911548418?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/3AMOP4E/status/1541506206321213449?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/avalsiniarku/status/1541485274525466624?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/ivanov_zoran/status/1541510530690699264?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/Filentropp/status/1541500795862089730?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/KashlicOfficial/status/1541495537735712769?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/patnik2022/status/1541495126798786565?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/neamtviter/status/1541483209145425922?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXghttps://twitter.com/bralaMomaKapini/status/1541478161313046530?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXg 

Коментари | пред 3 години

igor-durlovski-1

Дурловски за Адеми: Кога од кафекуварка стануваш претседател на комисија за европски прашења

За вчерашниот инцидент се огласи и оперскиот пејач Игор Дурловски.„Кога од кафекуварка стануваш претседател на комисија за европски прашења“, напиша Дурловски.https://twitter.com/IDurlovski/status/1541511648833409030?s=20&t=eJFLwsdAWPLWrQt663lGXg 

Коментари | пред 3 години

Summerland-1

„Време е Милошоски да го напушти Собранието, два пути му падна косата до сеа“, вели Шилегов

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, по вчерашниот инцидент во собранието објави статус во кој вели дека време е Милошоски да го напушти собранието.Време е Антонио Милошоски да го напушти Собранието. Два пути му падна косата до сеа …П.С. Статусот е политички, не физички …

Македонија | пред 3 години

Valmir_Aziri_Sekretar_shteteror-585x390-1

СДСМ и ДУИ преку Азири порачаа дека ќе кршеле коски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Наместо осуда за денешното насилие од страна на Арбр Адеми од СДСМ и ДУИ, вечерва повторно гледаме закани од високи државни функционери на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ„Вечерва државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири јавно порача дека ќе кршеле коски на пратеници.Повторно молк од страна на оваа ненародна власт. Нема ниту осуда за државниот функционер, ниту пак најава за разрешување од функцијата, ниту оградување од изјавите на Азири.Од ова јасно се гледа дека токму тие, СДСМ и ДУИ се креатори на насилството во Собранието, се со цел дефокус на јавноста од тајните преговори во Софија.Молк и од страна на најповиканиот Димитар Ковачевски, како прв во извршната власт за заканите и говорот на омраза на функционерите од власта.Повторно Ковачевски ќе глуми изненаден и работите ќе ги дознава од медиумите и нема да побара одговорност, како и многу пати до сега.Ова насилство кое денес се случуваше во Собранието, ниту јавните закани на бандите на ДУИ и СДСМ нема да не исплашат.Јасно им е на луѓето од власта дека крајот брзо им доаѓа, па затоа во паника и страв се закануваат, навредуваат и физички се пресметуваат.“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања