СОБРАНИЕ

dzaferi-1

„СДС најбесрамно го заштитија Џафери, кукавички е вака да се бега од одговорност!“, вели Крмов

Борислав Крмов, пратеник од Левица посочи дека Талат Џафери избегал од соочување за како што посочи, насилничкото однесување према службениците во Собранието.„Очајниците за власт СДС најбесрамно го заштитија Талат Џафери, кој избега од соочување за неговото насилничко однесување према службениците! Ладно не си изгласаа дневен ред и расправата не се оддржа. Срамно и кукавички за еден претседател на Собранието вака да бега од одговорност. А на СДС задниците одамна им се дадени под кирија. Нема политичко дно кое не се подготвени да го допрат. Му висите на вратот на овој народ! Не можеме да дочекаме конечно да си заминете во историјата“, посочи Крмов.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-06-at-13.04.47

(ВИДЕО) Џафери се спаси благодарение на пратениците од власта

Претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, Панчо Минов, седна нервозен, но стана насмеан откако за две ипол минути заврши денешната седница. Парламентарното мнозинство со пет гласа „против“ ги надгласа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои имаа четири гласа „за“ изгласување на дневниот ред. Па така, прашањето дали собранискиот спикер Талат Џафери го прекршил Етичкиот кодекс со пцуењето во Собрание и навредите упатени кон семејства на службеници, нема да се разгледува.„Констатирам дека дневниот ред не е утрвден и ја заклучувам оваа седница“, кажа Минов.Потегот на пратениците од парламентарното мнозинство да не гласаат за предложениот дневен ред по кој можеше да се отвори и дебата, наиде на негодувања од ВМРО-ДПМНЕ. На крајот, опозициските пратеници им дадоа и тн. ироничен аплауз на колегите поради кои дневниот ред не беше усвоен.

Македонија | пред 3 години

sobranie-6

Продолжува активната блокада во Собранието, вели Петрушевска

Петрушевска:На 18 јуни народот ќе испрати силна порака дека оваа ненародна власт треба веднаш да си заминеПратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во своето гостување на Радио Лидер зборуваше за работата во Собранието односно за однесување на Талат Џафери и посочи дека такво однесување е недозволиво.-Состојбата во Собрание е многу сериозна, ние покренавме две иницијативи, имено едната е она која ја поднесовме до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања кој што за жал е предводена од пратеник кој е дел од парламентарното мнозинство, познат по неговата променливост во однос на ставовите, но она кое го очекуваме е наредната недела да ја закаже таа комисија. Во таа комисија треба да дискутираме за одговорноста на Џафери, додека интерпелација е сумирана во однос на целата негова работа во Собранието. За жал навредите и она кое што го слушнавме искрено се срамам кон вработените и нарушувањата на човековите права, на стручните служби без разлика дали станува збор дали се со високо образование, или со средно, тоа се луѓе кои поминале толку многу мандати и ние без тие луѓе не можеме да функционираме. Недозволиво е такво однесување, а камоли во Собрание. Едно такво однесување не можеме да препознаеме никаде во Европа особено замислете ова однесување доаѓа од луѓе кои милуваат честопати да се нарекуваат прогресивна влада. Ние да имавме прогресивна влада ова утро требаше да видиме оставка од целиот „економски тим“. Ние од оваа влада очекуваме да се вразуми, рече Петрушевска.Таа понатаму во текот на своето гостување порача дека потреби се избори час поскоро и дека на 18 јуни народот ќе испрати порака дека оваа ненародна власта треба да си замине.-Денеска продолжува активната блокада во Собранието и ние заедно со народот ќе стасаме до предвремени парламентарни избори. Цениме дека навистина е алармантно она кое се случува во државата и потребни се час поскоро избори и тим кој ќе има стратегија и визија за да ја врати Македонија на правиот пат. Во она кое се случува во Македонија бара обединување, сплотеност и мислам дека ја имаме таа поддршка. На 18 јуни ќе ни се придружи народот и ќе испратиме една силна порака дека крајно време е оваа ненародна власт да си замине и да почнеме сериозно да се работи во интерес на граѓаните, додаде таа.

Македонија | пред 3 години

sobranie-6

Собранието без конркетен датум кога ќе интерпелацијата за Џафери ќе ја дискутираат пратениците

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ја доби интерпелацијата поднесена од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, по која тој ќе постапи согласно роковите и процедурите предвидени со Деловникот на Собранието.„Според Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија (член 45 став 3), интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците.Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата. (член 46)Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој Деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. (Член 47)Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот“, велат од Собранието.

Македонија | пред 3 години

sobranie-kovacevski

Ново обвинување за вмровските пратеници доаѓа од СДСМ

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работат на развој и унапредување на земјоделството па затоа во континуитет покажува неодговорно и деструктивно однесување.И во услови на најголема економска и енергетска криза во кој се наоѓа Европа и светот, со СДСМ субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно, а претходно без партиска книшка земјоделците не можеа да дојдат до субвенции.Сите закони за земјоделството се во насока на унапредување на стандардот и условите за работа на земјоделците.Меѓу нив секако е и Законот за земјоделство и рурален развој чии измени се на дневен ред во Собранието.Овој Закон е важен за навремена исплата на субвенции на околу 20.000 тутунари за кои има обезбедено средства во висина од една милијарда и 300 милиони денари.Откако Законот со месеци беше закочен во Комисијата за земјоделство во Собранието сега кога е на пленарна седница, сите пратеници да ги поддржат измените кои значат олеснет пристап до субвенции и повеќе пари кај земјоделците во период кога тие им се најпотребни.Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделците, продолжува да инвестира во земјоделството кое е една од најважните стопански гранки.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi-kovacevski

Отпочната процедура за симнување на Џафери од претседателската функција

ВМРО-ДПМНЕ отпочна процедура за интерпелација на собранискиот претседател Талат Џафери. Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски побара поддршка и од пратениците на СДСМ, за и тие да гласаат за Џафери да биде симнат од функцијата.„Овој човек се однесува како да има право да пцуе и омаловажува пратеници. Апелираме до СДСМ да ги тргнат на страна партиските договори и да застанат во одбрана на човековите права и Собранието. Оваа интерпелација е резултат на хаосот кој се случува во Собранието и е директива на Џафери, самоволието кое го спроведува. Во досегашната работа, односно неработа, како и никогаш досега не се случувале скандали и понижување на институциите“, кажа Мицевски.Интерпелацијата беше најавена минатата недела.

Македонија | пред 3 години

davkova

Кои пратеници се привилигирани и се појавуваат само за гласање во Собрание

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и универзитетска професорка Гордан Силјановска Давкова во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител, рече дека во моментот во собранието има активна и пасивна блокада, активна во која учествува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која на седниците дискутира стручно, и пасивна во која се пратениците од владејачкото мнозинство кои што се привилегирани и кои се појавуваат само на полноќ за гласање за кои рече дека таа ги нарекла неформален Дом на лордовите.Ако забележавте вчера и сите граѓани можат да видат, што значи активна а што пасивна блокада. Можат граѓаните да ги видат нашите говори и да видат дали зборувавме за законот за сметководствени услуги, политички или навистина зборувавме стручно и компетентно, тоа е активна блокада. Што значи пасивна блокада? Тоа значи дека во парламентот има една привилегирана група на пратеници која исклучиво се појавува на гласање. Многу од нив не се членови на ниту една комисија, делегација и јас ги нареков нели неформален Дом на лордовите, и обично доаѓаат на полноќ пред гласање, изјави Силјановска Давкова.Силјановска Давкова истакна дека законските решенија кои што се во интерес на граѓаните ќе бидат прифатени и изгласани од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Не сме ние тие кои што кочиме, напротив рековме дека добрите закони, законите кои што се во интерес на граѓаните, ќе ги поддржиме, потенцираше таа.Во однос на законот за сметководствени услуги Силјановска Давкова вели дека истиот не е добар бидејќи и самата Комора на сметководители преку одржување на прес конференција пред собранието го посочила истото како и дека и покрај тоа што власта ги слушнала нивните предлози истите не ги вклучиле во предлозите на законот.Вчера дискутиравме за сметководителите бидејќи по тој закон се организираше јавна расправа, и секој кој ќе чуе ќе рече па тоа е демократски чекор во парламентот, но јавната расправа се организираше еден ден откако заврши рокот за пријавување амандмани. Меѓутоа фамозниот претседател на најфамозната комисија рече дека нема проблем, и замислете навистина 16 амандмани поминаа. Но, 60 амандмани да прифатеа тој закон немаше да биде добар. Зошто? Затоа што на таа јавна расправа ние ги чувме ставовите на сметководителите, згора на тоа пред нашиот дом одржаа прес протестирајќи против лошиот закон. Ги поканиле на расправа ги изразиле своите ставови, си заминале, рекоа дека тоа било инклузивен процес ама во предлозите ги немаше нивните предлози, нагласи Силјановска Давкова.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-2

Џафери се правда зошто ги заклучил пратениците во сала

„Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување на битни закони за граѓаните, и овој пат да создаде лажна претстава во јавноста дека претседателот на Собранието на Република Северна Македонија постапува спротивно на Деловникот. Токму Деловникот ги демантира нелогичните обвинувања дека претседателот Џафери сторил нешто надвор од своите надлежности“, вака се правда Талат Џафери за заклучувањето на собраниската сала.Од Собранието додаваат:„Според членот 95 од Деловникот, Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале „за“, „против“ или „воздржано“, како и бројот на пратениците што се присутни. Претседателот на Собранието може да определи да се утврди бројот на присутните пратеници со броење. Утврдениот број на присутни пратеници се смета за точен сè додека претседателот или еден пратеник, чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, не побара повторно да се утврди бројот на присутните пратеници.Според тоа, во текот на вчерашниот ден вратите на салата беа затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање. Со оглед на тоа што во салата со куполи, каде што во овој период се одржуваа пленарните седници нема соодветна опрема, се воспостави пракса координаторот да составува листа од присутни пратеници пријавени за збор.Од тој аспект, Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници. Поточно, членот 97 од Деловникот на Собранието на Република Македонија предвидува дека за време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување. Гласањето може да се врши и со поименично изјаснување на пратениците. Поименично изјаснување може да се врши заради точно утврдување на резултатот од гласањето, по барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, само ако предлогот за кој се гласа добил до пет гласа повеќе или помалку од потребниот број гласови за негово донесување. Поименичното гласање се врши со изјаснување на секој прозиван пратеник со „за“ или „против“ предлогот или со воздржување од гласањето. Доколку пратеникот кога е повикан да гласа не е присутен во салата, не може дополнително да гласа. За време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување.Исто така, Деловникот, поточно членот 91 предвидува дека за одржување на редот на седницата се грижи претседателот на Собранието. За повреда на редот на седницата, претседателот на Собранието може да го опомене и да му го одземе зборот на пратеникот.Според тоа, сосема јасно е дека претседателот на Собранието во ниту еден момент не го прекрши Деловникот во текот на вчерашното продолжение на 71.седница, туку дека тоа, како и илјадници пати досега, го направи опозицијата, со своето недолично однесување, со цел да создаде хаос во законодавниот дом, служејќи се со слични методи како и на 27 април 2017 година.Претседателот на Собранието нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ на таков начин да ја девалвира парламентарната демократија во земјава. Претседателот на Собранието досега и во иднина ќе продолжи да работи согласно Деловникот, Уставот и законите, во интерес на граѓаните“.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi33

Следува обид за разрешување на Џафери, Мицевски сподели кои чекори се преземаат

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат Интерпелација на Претседателот на Собранието Талат Џафери, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.-По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден Автократ кој што си дозволува да се однесува како собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права. Талат Џафери, со своите диктаторски и непринципиелни методи не смее ни ден повеќе да го води законодавиот дом. Овој човек нема почит спрема никого, ниту спрема собраниската служба која ја вреѓаше и пцуеше на најбезобразен начин, ниту спрема пратениците за кои се дрзна да им го ограничи правото на движење и ги заклучи во пленарната сала. Почитувани граѓани, ова се крици на еден немоќен и неспособен човек кој што не може да изгради сопствен авторитет ниту кај службата ниту кај пратениците и затоа незнаејќи што да прави се дрзнува насила да спроведува режим кој што е далеку од демократски. За Талат Џафери, не постои Деловник, не постојат човекови права. Овој автократ е влезен во филм дека никој ништо не му може и дека е недопирлив и затоа мора да си оди подалеку од храмот на демократијата, вели Мицевски.Тој додава дека ова е човек што си дозволува да фрла амандмани на опозиција во контејнер, да омаловажува вработени во Собранието, луѓе професионалци кои се криви само затоа што одбиваат да ги примаат неговите наредби кои се незаконски, насилно да ги заклучува пратениците во Собранието, да крие закони и интерпелации во фиока и да го ускратува уставно загарантираното право на пратеник да ги застапува граѓаните кои што го бирале.-Сакаме да додадеме дека сето ова случува со амин и знаење на СДСМ кои што секојдневно ги бранат постапките на Џафери сакајќи најлошиот претседател на Собранието во историјата да го претстават како најдобар. Ова е одговорност и на СДСМ, кои заедно со Џафери ги приредуваат овие циркуси во Собранието. Нас ни е јасно дека Џафери и СДСМ ќе направат се, повторно да избегаат од одговорност како многупати досега и исто така им порачуваме дека оваа Интерпелација не смее да заврши повторно кај него во фиока и никогаш да не ја стави на седница како што се случи со предходната што ја поднесовме. Редот и функционирањето на Деловникот мора да се вратат во Собранието на Република Македонија. Самоволието, деспотското раководење и сите други методи на кои е навикнат Џафери може да си ги применува само во својата партија и кај него дома. Ги повикуваме пратениците од СДСМ да да се ослободат од ова заложничко однесување на Талат Џафери и да ни се приклучат заедно да кажеме СТОП на овој човек кој што секој ден се повеќе го урнисува законодавниот дом. Исто така, го повикуваме и премиерот Димитар Ковачевски, еднаш барем да се заинетесира и да се постави како вистински премиер, а не да молчи и да бега од јавноста бидејќи ова што се случува е и негов срам. На македонската јавност и е повеќе од јасно дека Ковачевски е само пиун, човек кој што не е биран од народ и затоа мора да се распишат предвремени парламентарни избори за Македонија да се ослободи од овие луѓе кои секој ден ја уништуваат државата и народот, без око да им трепне, рече Мицевски.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Талат го изгуби кредибилитетот со заклучувањето пратеници во сала, вели Апасиев и понуди опција за разрешување

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со остра реакција за Талат Џафери, откако спикерот вчера заклучи пратеници во собраниска сала.“Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет - за да почне постапката за интерпелација.Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот”, вели Апасиев.

Македонија | пред 3 години

Bojan_Stojanoski_30.10.2020

Џафери нѐ држеше како заложници, тоа е кривично дело за кое се оди во затвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски посочи дека собранискиот спикер Талат Џафери го држел него и неговите колеги како заложници во собраниската сала, заклучувајќи ги вратите. Тој смета дека ова дејствие на Џафери е казниво и дека е кривично дело.Во текот на вчерашниот ден Џафери ги затвори вратите во Собранието и практично ги држеше пратениците како заложници. Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува.Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ова е трета тешка злоупотреба на позицијата на Талат Џафери“, посочи Стојаноски.Тој е дециден дека одговорност ќе има.„Секој кој мисли дека заради припадноста на една политичка партија од која никој досега не одговарал за ништо, а ја испокрадоа цела држава ќе се спаси - се лаже. Останува во наредниот период да бидеме сведоци на релативизирањето од страна на СДСМ и Ковачевски, па ќе слушаме изговори од типот – „вратите сами се заклучија“. Апелираме до сите граѓани, медиуми и претставници на меѓународната заедница одблиску да ги следат овие случувања, бидејќи во Собранието на Република Македонија не владее нормална и работна атмосфера. Затоа изборите се единствено решение“, додава Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

bojan-stojanovski

„Ова е насилие, скандалозно однесување“, Стојаноски револтиран од Џафери кој ги заклучи пратениците во собраниска сала

Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се револтирани од односот на собранискиот спикер Талат Џафери. Пратеникот Бојан Стојакоски посочи дека загубената контрола на Џафери се прикажува на дело.„Заклучената врати нема да спасат никого од одговорноста. Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во салата. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници Скандалите во Собранието продолжуваат“, објасни Стојаноски.Тој претходно бидејќи немаше Џафери ги исклучуваше собраниските микрофони, а јавноста можеше да гледа само визуелно, се вклучи во живо на Фејсбукот од неговиот колега Миле Лефков да искоментира што се случува зад затворените врати во Собранието.

Македонија | пред 3 години

collage-6

ВИДЕО: Заклучени пратеници и хаос во Собрание!

„Заклучени пратеници и хаос во Собрание!“, реагира Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!“, додава тој.Бидејќи микрофоните во салата беа исклучени, а јавноста не може во живо да ги следи седниците поради тоа што Собранието нема можност за тоа, пратеникот Бојан Стојаноски се обрати до јавноста преку социјалните мрежи:„Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во Собранието. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници“, кажа Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-1

Извинување од Џафери не чекајте, пцуењето за него е дозволено

На собраниските службеници местото им е на работа среде работното време, а не на кафе на улица Македонија. Вака коментира собранискиот спикер Талат Џафери, откако беше снимен како со погрдни зборови им се обраќа на вработените во Службата.Ова е снимката која излезе во јавност пред речиси две недели. Реакции имаше многу, а Џафери вели – нема објаснување и додава дека не чувствува потреба да се извини.Пцовките не беа кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата, тврди Џафери. Додава дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја блокира работата на Собранието, треба да води сметка за тоа што самите тие го направиле, а не да оценуваат дали претседателот го прекршил етичкиот кодекс.

Македонија | пред 3 години

284235778_408450351291369_8922294751858812757_n

„Ова не ти е Форино, оставка“, пратеникот Јаулески удри по Џафери

„Ова не ти е Форино“, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески побара оставка од собранискиот претседател Талат Џафери. Тој му порача: „Таљо не пцуј“.„Поминаа повеќе од 10 дена откако Талат Џафери редеше мајки-шајки, се однесуваше како да е на сточен пазар а не во Собрание на кое тој лично е претседател. Одговорност нема, оставки нема, а заедно со СДСМ се трудат сето ова да се заборави. Тука сме да потсетиме и уште еднаш да порачаме: ОСТАВКА!“, посочи Јаулески

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања