Промени тема
Контакт

Стојаноски: Наместо да работеа за подобрување на стандардот на граѓаните, СДС-ДУИ мислеа на богатење на својот џеб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
stojanoski

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на седницата посветена за пратенички прашања, постави три прашања кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. За своето прво прашање, тој побара став од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, околу зголемувањето на бруто платите во АЕК за 20%.

— реклама —

Стојаноски во однос на второто прашање, стави акцент за финансискиот пакет од Унгарија и постави прашање, колку компании биле опфатени и дали отпорот од одредени субјекти од опозицијата, не е ист со отпорот од дел од банките.

— реклама —

„Нема нешто што не го слушнавме и во Собранието, претседателе и во медиумите. Дека парите биле кинески, па дојде демант од унгарскиот премиер. Па дека парите ќе биле трошени за компании блиски до власта, па гледаме нов демант. Па дека ќе биле трошени без критериум, денеска излегоа критериумите’’, потенцираше Стојаноски.

Стојаноски постави и трето прашање кое според него беше многу важно за македонската јавност.

— реклама —

„Дали имате информации за криминалот во РЕК и дали истражните органи работат на ова?“, праша Стојаноски и додаде дека минатата власт требала повеќе да се грижи за стандардот на граѓаните, а помалку за својот џеб.

— реклама —

„Наместо да се грижат граѓаните да живеат побогато, да се реализираат капитални инвестиции, беа многу фокусирани на тоа што е можно повеќе да испокрадат’’, заклучи Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања