Промени тема
Контакт

Трајчулески до Николоски: За чии интереси ја кочите изградбата на Коридорот 8?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
MitkoT

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на денешената седница за пратенички прашања упати прашање до заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски за кочењето на израдбат ана Коридорот 8 од страна на Владата.

„Со својата географската положба Република Македонија претставува крстосница на Балканот и е важна транзитна рута за сувоземен транспорт помеѓу Централна Европа, Јонското и Јадранското море, Егејското море, Црното море и понатаму кон Азија. Оваа поволна георгафска положба придонесе за развој на меѓународен транспорт преку две транс национални оски, а тоа се Север-Југ односно Коридорот 10 и Исток-Запад односно коридорот 8. И двата коридори се дел од индикативните Транс Европски Транспортни мрежи.

Стратешки интерес на Македонија треба да биде инфраструктурното поврзување со регионот со што ќе ја олесниме трговијата и транспортот и Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот.

— реклама —

„Нема поважни и помалку важни коридори. И коридорот 10 и коридорот 8 се подеднакво важни за државата и во економска и во геополитичка смисла“, рече Митко Трајчулески.

„Очигледна е намерата на Владата да креира лажна слика кај народот за помалку важен коридор 8 и повеќе важен коридор 10.

Се креираат теории на заговор за премостување на нашата држава со паралелни коридори во соседството со единствена цел да се пролонгира изградбата на железничкиот коридор 8.

— реклама —

Очигледна е намерата на владата за пренасочување на средствата од кредиторите наменети за коридорот 8.

Ќе цитирам ваша изјава министре: “Ние бараме со кредиторите на третиот дел од пругата кон Бугарија, ЕИБ и ЕБОР да седнеме и да договориме пренамена на кредитот за рехабилитација на пругата од коридорот 10“.

По што следеше соочување со реалноста.

„Кога барате наменски кредит, не може за друго да го користите“, изјава на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

— реклама —

„Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика“, изјава на специјалниот германски пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин.

А коридорот 8 освен што има економско и трговско значење за нашата држава, тој е од огромно значење и за безбедносната архитектура на Европската унија и за НАТО.

„Коридорот 8 е од стратешко значење, тој му овозможува на НАТО брзо да се распоредува“, изјава на Лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

— реклама —

Уште еден доказ за ова што го говорам е и писмото за намери кое на Самитот на НАТО во Вашингтон го потпиша министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со неговите колеги од Италија, Албанија и Бугарија, а се однесува на воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност долж Пан Европскиот Коридор 8 за потребите на алијансата.

Затоа, нашата држава не смее да запре со изградбата на коридорот 8 и со модернизацијата на коридорот 10. Овие два процеси треба да продолжат паралелно затоа што тоа е национален стратешки интерес за нашата држава.

Моето прашање почитуван министер е дали свесно и намерно ја одолговлекувате изградбата на желизничкиот Коридор 8 и заради чии интереси го правите истото?“, изјави Митко Трајчулески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања