Промени тема
Контакт

Талески оставка од Тошковски за трагедијата во Кочани; „Срам ми е да ве слушам“, му одговори министерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pance-toskovski

Пратеникот Миле Талески од СДСМ побара неселективна одговорност за секој кој е инволвиран и виновен за пожарот во Кочани каде загинаа 59 млади луѓе и имаше многу повредени. На министерот за внатрешни работи Тошковски му наброја повеќе пропусти во механизмите за контрола.

— реклама —

„Кој ќе одговара за пропустите на МВР, ниеден повисок функционер во МВР кој вечерта бил на должност. Не е приведен Донев, началникот на криминалистичка полиција во Кочани. Тој е сликан на партиски собир иако не смее да членува во партија”, рече Талески.

— реклама —

„Мене ми беше срам да ве слушам затоа што вака бесрамно никој не треба да ја манипулира јавноста за на гневот на граѓаните политички да профитирате. Знаете колку кривични пријави поднесе МВР за вашете владеење, нула за Модуларната болница, нула за несреќата во Бугарија, нула за Ласкарци. Против 34 физички лица и 3 правни лица сега се процесуирани кривични пријави и тоа за лица од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ”, одговори Тошковски.

— реклама —

15 месеци и не знаете кај сте, му одговори Талески.

— реклама —

„Не држите политички памфлети, вака може да говорите на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тука сте да одговарате а не да поставувате прашања.На 16 ти не поднесовте оставка, можете сега да поднесете оставка”, побара пратеникот од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања