Промени тема
Контакт

Законот за минимална плата од 500 евра повторно во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pari

„Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:

Цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа. Секој ден граѓаните гледаат и чувствуваат на своја кожа како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е неспособна да го подобри животниот стандард.

За нив важен е само бизнис интересот, личното богатење, луксузот на функционерите, со папаја, манго, приватни авиони, додека народот живее сè потешко и посиромашно.

— реклама —

Младите, пензионерите, работниците, земјоделците сите се борат со високи цени, ниски плати и неизвесна иднина.

Си купуваат нови луксузни возила, нов мебел, нови кабинети, луксузни патувања, значи за владините функционери сè да има ново, луксузно, отмено, а за граѓаните, трошки леб и сол.

Оваа власт нема ниту план, ниту економска политика, а нема ниту желба да им помогне на луѓето. Не ги слуша барањата на синдикатите за поголеми плати, не презема мерки за намалување на цените туку анализираат.

— реклама —

Владата е слепа за ситуацијата во која се наоѓаат илјадници работници, кои едвај го минуваат месецот.

Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра!

Ова не е само барање на работниците, ова е неопходно, ова е мерка која ќе им го олесни тешкиот живот на многу македонски семејства.

— реклама —

Веќе еднаш СДСМ ги поднесе законските измени за поголема минимална плата, за покачување на сите плати, но ВМРО-ДПМНЕ ги одби.

Ние нема да се откажеме. СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минималната плата од 500 евра. За достоинствен живот и за фер плати.

Ќе видиме кој ќе гласа „ЗА“ народот, а кој повторно ќе го сврти грбот на народот.

— реклама —

СДСМ е и ќе остане гласот на работниците, на сите граѓани. СДСМ ги слушаше и почитуваше работниците, и сега е така.

Нашата борба продолжува, за 500 евра минимална плата, за зголемување на платите во сите сектори и за достоинствен живот.

Ви благодарам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања