Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

студенти

lap-top

СДСМ обвинува за хаос со студентските ваучери: „Неспособноста на власта ги направи младите колатерална штета“

Опозициската СДСМ со ја критикува Владата за начинот на кој се спроведуваше мерката за ваучери за електронска опрема за студентите од прв циклус, оценувајќи дека станува збор за „целосен дебакл на една неспособна власт“.Како што наведуваат од партијата, процесот бил изведен со бројни пропусти: на студентите најпрво им биле издадени ваучери, потоа истите биле поништени, а дел од младите добиле и потврди дека апликациите им се одобрени. Некои веќе успеале да подигнат уред, за подоцна да добијат известување дека ваучерот не важи. Во медиумите, посочуваат од СДСМ, се појавиле и информации дека постдипломци добиле ваучери иако не ги исполнуваат условите.Од СДСМ тврдат дека системите се уриваат веднаш штом ќе се отвори апликацијата, постапката се менува од минута во минута, а критериумите се применуваат хаотично, што создава оправдано сомневање за можни злоупотреби.„Отворени, па затворени пријавувања, испратени па поништени потврди, доделени ваучери без услови – ова е единствениот резултат на неспособноста на ДПМНЕ“, стои во реакцијата.Од партијата алармираат дека студентите кои веќе подигнале уред со одобрениот ваучер сега не знаат каква ќе биде нивната правна положба и дали ќе треба да го враќаат уредот.„Младите не смеат да бидат колатерална штета на неорганизираноста на власта. Македонија заслужува функционална држава, а не систем што се распаѓа на една мерка со една интернет страница“, додава СДСМ, прашувајќи „кој ќе ја преземе одговорноста за хаосот и забуните што ги создаде оваа власт“.

Македонија | пред 2 седмици

lap-top

Хаос со ваучерите: Постдипломци добиле ваучери за лаптоп, иако не им следуваат

Откако Скопје1 објави информации и преписки на социјалните медиуми дека студенти ваучерите за набавка на електронски уред ги продавале за кеш понизок од вредноста на ваучерот, нашата редакција дојде до уште една информација за изигрување на законот.И постдипломци, односно студенти запишани на мастер студии успеале да се пријават за ваучерот од 250 евра и да го добијат, иако тие не ги исполнуваат законските услови да бидат запишани на прв циклус од студиите.Според правилата, државните пари може да ги добие секој студент на прв циклус студии што не е постар од 29 години, без разлика дали е запишан вонредно или редовно.Ваучерот може да го искористи до крајот на годината во точно наведени продавници за електроника.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu9ek0t80tl7g0KPjaH8

„Досетливи” студенти за кеш ги препродаваат ваучерите за лаптоп

Во јавноста се појавија информации дека студенти се обиделе да го изиграат законот со кој им се ветија ваучери за набавка на електронски уред.Наместо за намената, тие договараат и ги препродаваат и тоа за пониска цена на која им гласел ваучерот.Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со ваучерите.„Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и го остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно-разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите”, вели Јаневска.Јаневска на „Фејсбук“ објави дека 55 илјади студенти ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.Оваа мерка е наменета зa сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.Со ова, велат од Владата материјално се помага на студентите и нивните семејства, а воедно се овозможува и пристап до сега веќе основното орудие за учење – тоа е комјутерот.Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, а подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година.

Македонија | пред 2 седмици

w_56736105

Студенти, аплицирајте веднаш! Стартува доделувањето ваучери за таблети и лаптопи

Државата денес го активираше новиот повик преку кој студентите ќе можат да добијат вредносни ваучери за купување електронски уреди. Пријавувањето се одвива исклучиво онлајн, преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, каде што услугата е веќе достапна.Рокот за поднесување на барања е 20 декември 2025 година, а уредите купени со ваучер мора да се подигнат најдоцна до крајот на годината – до 31 декември 2025.Како се аплицира?Студентите кои веќе постојат во евиденцијата на МОН само треба да се најават на порталот и да ја изберат услугата „Јавен повик за доделување вредносен ваучер за студенти“. Системот сам ги проверува личните податоци, без потреба од документи. По одобрувањето, студентот потпишува изјава за искористување и го подига уредот кај избраниот економски оператор.Студентите кои не се заведени во базата на МОН добиваат автоматско известување со линк до посебната услуга, каде што мора да прикачат потврда за редовен или вонреден студентски статус. По позитивното решавање на апликацијата, ваучерот им се издава на ист начин.Каде се подигнуваат уредите?Списокот на трговци кај кои може да се искористи ваучерот е објавен на порталотuslugi.gov.mk/services/ustanovi/rzppk-nacionalniot-portal-za-e-uslugi-lte-p7c-rfМинистерството ги повикува студентите навремено да аплицираат и да ја користат можноста за набавка на нов електронски уред преку Националниот портал.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysk2psehhojvi4xzmWCN

(Видео) Глувци на таванот во студентските тоалети во „Пелагонија“: Од управата на домот добиле отров за да ги истребат глодарите

Повеќе глувци се движат по таванот на тоалетот во студентскиот дом „Пелагонија“ во центарот на Скопје, покажува видео-снимка што вечерта ја испратија неколку студенти до порталот „Студентарија“.Снимката уште еднаш го отвора прашањето за условите во кои живеат студентите во државата, откако пред некој ден беше објавено дека не работат лифтовите во „Гоце Делчев“, па студентите до највиските катови на раве носта, торби, куфери, храна.Во овој случај, според студентите, проблемот со глодарите бил пријавен кај службите во домот, но наместо интервенција, тие добиле несоодветен и понижувачки одговор. „Од глувци ли се плашите?“ – им било речено од страна на управата, откако пријавиле дека во тоалетот има глувци кои слободно се движат по таванот.По повторно поднесените жалби, студентите тврдат дека им бил предаден отров со објаснување дека самите треба да го постават во просториите каде што се движат глодарите.Настанот повторно го актуелизира прашањето за студентскиот стандард и грижата на институциите за младите кои живеат во домовите во Скопје и низ државата – простори што треба да обезбедуваат достоинствени и безбедни услови за живеење, а не сцени што потсетуваат на запуштени подруми.

Скопје | пред 3 седмици

media-library8galdj3qt84meG8BSDm

Нов бран студентски протести се подготвува, но фокусот сега е на Дијана Хрка

Студентските блокади низ Србија продолжуваат да бидат симбол на отпорот против власта, но и покрај плановите за нов бран протести, акциите засега се одложени. Причината, велат студентите, е поддршката што во моментов ѝ ја даваат на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која веќе неколку дена штрајкува со глад пред Собранието во Белград.„Имаме подготвен план за нови протести и ништо не е стопирано, само сме се пренасочиле на нешто што сега е поважно – да ѝ помогнеме на Дијана и да ја поддржиме во нејзината борба“, велат студентите од Универзитетот во Нови Сад.Иако за ноември биле предвидени неколку поголеми собири, тие се одложени до понатамошно известување. Како можен датум за следниот протест се споменува 29 ноември – денот кога минатата година започнаа блокадите на факултетите.Покрај барањето за предвремени парламентарни избори, студентите веќе подготвуваат и политичка програма и заеднички настап. „Списокот е готов, а сега ја оформуваме платформата која ќе ги обедини сите универзитети“, појаснуваат тие.Претставниците од Белград и Нови Сад истакнуваат дека конечна изјава или потврда за следните акции ќе има дури откако сите пленуми ќе се усогласат. „Нема одмор, нема пауза, само внимателно ги координираме чекорите. Хоровите се состануваат секојдневно, а наскоро ќе излеземе со заеднички план“, велат студентите.„Ќе има протести – тоа е сигурно. Само сакаме сите да застанеме зад ист датум и ист настап. Нашите барања остануваат исти, борбата продолжува“, додаваат тие.Последниот голем собир се одржа на 1 ноември во Нови Сад – датум што студентите го избраа во спомен на уривањето на настрешницата на железничката станица. На митингот учествуваа студенти од сите делови на Србија, меѓу кои и група од Нови Пазар кои пешачеа 16 дена за да пристигнат.Веднаш по митингот, Дијана Хрка започна штрајк со глад, што повторно ги обедини студентите, средношколците и граѓаните пред Собранието – во време кога Српската напредна партија одржуваше свој паралелен собир.

Свет | пред 3 седмици

novi-sad-nesreka3

Илјадници се собираат во Нови Сад – една година по трагедијата на железничката станица

Илјадници студенти од различни градови во Србија се упатуваат кон Нови Сад, каде што утре ќе се одржи комеморативен собир во чест на 16-те жртви загинати при падот на бетонската настрешница на железничката станица пред една година.Дводневниот марш, кој започна вчера од Белград, го предводат студенти и граѓани што веќе една година се во блокада и организираат протести со барање за одговорност од властите. Дел од учесниците пешачат десетици километри за да стигнат до Нови Сад, нагласувајќи дека нивниот марш не е само пат меѓу два града, туку пат меѓу неправдата и одговорноста – симболичен чин на совест, солидарност и достоинство.Утре ќе се одржи централниот комеморативен собир, на кој студентите и граѓаните ќе им оддадат почит на загинатите. Засега не е познато како точно ќе изгледа собирот, но медиумите јавуваат дека се очекува масовно присуство на луѓе од целата држава.И покрај една година протести, никој сè уште не е повикан на одговорност за трагедијата во која загинаа 16 лица. Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе обвинение против 13 лица поради штета на буџетот од 115 милиони долари при реконструкцијата на пругата Нови Сад–Келебија, но без значителен напредок. Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, сè уште не е сослушан, поради, како што се наведува, здравствени причини.

Свет | пред 1 месец

protesti-srbija

Нова етапа на жестоки судири во Србија, студенти и поддржувачи на власта излего на улиците

Во Србиј синоќа протести и контрапортести: студентите и граѓаните кои пред РТС и низ повеќе градови излегоа со барања за правда и промени, и симпатизерите на владејачката СНС кои организираа контрамитинзи на над 200 локации. Во Белград, демонстрантите најавија масовен собир пред јавниот сервис и блокираа повеќе сообраќајници, обвинувајќи дека РТС е претворен во мегафон на власта.Сликата на терен уште повеќе го нагласи впечатокот за селективно известување. Државните медиуми речиси и да не информираа за протестите, додека според Н1 полицијата насилно ги потиснувала граѓаните кои им даваа поддршка на студентите, ограничувајќи им го пристапот. Во исто време, учесниците на собирите на СНС слободно маршираа низ центарот. Пред зградата на јавниот сервис е приведено едно лице, а на дел од партиските митинзи се појавија и високи функционери.Тензии имаше и надвор од главниот град. Во Богатиќ, двајца полицајци беа повредени при судир со присутни граѓани, а во Чачак, според извештаите, две лица завршија претепани од полицијата со пендреци. На повеќе локации органите на редот интервенираа за да ги раздвојат колоните и да спречат директни судири.Овие паралелни собири отвораат нова нервозна изборна фаза во земјата. Студентските протести ја ставаат под лупа улогата на јавниот сервис и полициските постапки, а власта одговара со масовна мобилизација и демонстрација на партиска сила. Нови собири се веќе најавени, со неизвесен развој и сè погласни барања за еднакви услови и транспарентен медиумски простор.

Свет | пред 2 месеци

studenti

„Сè запира во понеделник“ - нов голем протест во Белград

Студентите во блокадата најавија нов голем студентски протест за понеделник во Белград поради, според организаторите, полициската репресија во Нови Сад. Протестот ќе започне во 14 часот пред Владата на Србија под слоганот „Индексот е посилен од пендрек“. Студентите во блокадата, кои го координираат собирот преку социјалните медиуми, најавија дека по Владата, колоната ќе се движи низ градот до Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.Овој протест следеше по бурните настани во Нови Сад, каде што минатиот петок полицијата употреби сила врз граѓаните и студентите собрани пред Филозофскиот факултет. Во тоа време беа употребени шок бомби, солзавец, топовски истрели... Студентите тврдат дека станува збор за однапред планиран чин на репресија, а не за реакција на наводното насилство, како што тврдеше Министерството за внатрешни работи во своето соопштение. View this post on Instagram A post shared by Samoorganizovana grupa studenata - Blokada (@studenti_u_blokadi)Во соопштението што студентите го објавија по интервенцијата, се наведува дека полицијата извршила „најбрутални напади врз сопствените граѓани“, додека сцените на тепања и рации на факултетите беа оценети како доказ дека државата се справува со мирни демонстранти.Тие додадоа дека однесувањето на студентското движење во последните недели имало за цел смирување на тензиите, но дека настаните во Нови Сад покажале дека мирно решение „не е можно ако само едната страна го сака тоа“.Во меѓувреме, дел од приведените демонстранти во Нови Сад веќе се слушнати, додека протести се организирани и во други градови на Србија. Во исто време, минатата недела се одржаа собири против блокадите, организирани од поддржувачи на Српската напредна партија, а во некои градови имаше директни конфронтации меѓу двете групи. Според Министерството за внатрешни работи, ситуацијата главно се смирила до доцна навечер.„Сè запира во понеделник. Се гледаме“, рекоа студентите пред денешниот протест.

Свет | пред 2 месеци

ukim

Почнаа уписите на УКИМ, има слободни места за 9719 студенти

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се спроведува првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии за академската 2025/2026 година.Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти.Како и во минатите години, најмногу слободни места има за упис на студиските програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет (910), Филозофски факултет (880), Филолошки (810), Медицински факултет (760), Економски (700), Правен факултет (610), Факултет за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ (590).Редовните студенти кои се финансираат од државниот буџет ќе плаќаат партиципација од 200 евра, а тие со кофинансирање на студиите и вонредните ќе плаќаат по 400 евра.Во објавениот Конкурс на УКИМ се наведени условите и критериумите за запишување, роковите, потребните документи и начинот на аплицирање.Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.Денеска и утре (19 и 20 август) е првиот рок за пријавување на кандидатите, вториот рок ќе биде на 11 и 12 септември, а третиот рок каде што ќе има слободни места – на 24 септември 2025.

Македонија | пред 3 месеци

goran-markovic

Поддржувачот на српските студенти доби отказ! „Да не ми ја пренесеа веста студентите, немаше ни да знам дека сум отпуштен“

Српскиот режисер, сценарист и писател Горан Марковиќ, кој јавно застана зад повеќемесечните студентски протести, соопшти дека е отпуштен од Академијата за уметности во Нови Сад. Тој вели дека за тоа дознал од приватна комуникација со студенти, а како можно образложение за отказот ја наведува неговата поддршка за движењата против апсењата на студенти и професори, пренесува телевизијата Н1.„Да не ми ја пренесоа оваа вест приватно – немаше ни да знам дека сум отпуштен“, напиша Марковиќ на својот профил на Фејсбук.Според неговото објаснување, станува збор за студенти од докторските студии на Академијата за уметности, кои го информирале дека повеќе не е дел од наставниот кадар по предметот Поетика на големите режисери.„Претпоставувам дека оваа одлука е донесена поради мојата поддршка на студентските протести и изјавата дека нема да држам настава додека факултетот е под блокада, а студентите и професорите се апсени“, напиша Марковиќ.Тој додава дека есента потпишал нов договор за продолжување на соработката, но откако се случила трагедијата на железничката станица во Нови Сад, при што загинале 16 лица, добил информација дека часовите се одложуваат до понатамошно известување. Од тогаш, вели, никој од Академијата не го контактирал, договорот не му бил раскинат, ниту му биле исплатени средствата за одржаната настава.„Ако сега ме поканат да продолжам да предавам – не би се согласил со тоа, ниту директно, ниту преку интернет, сè додека блокадата на факултетот продолжува, додека полицијата апси и безмилосно тепа студенти и бунтовни граѓани во Нови Сад и другите градови во Србија“, изјави Марковиќ.Горан Марковиќ е истакнат автор кој припаѓа на генерацијата на т.н. „прашка школа“, заедно со режисерите Рајко Грлиќ, Лордан Зафрановиќ, Горан Паскаљевиќ и Срѓан Карановиќ. Предавал режија на Факултетот за драмски уметности во Белград, член е на Европската академија за филмска уметност во Брисел и е добитник на повеќе од 30 југословенски, српски и меѓународни награди за филм и театар.фото: Х

Свет | пред 4 месеци

blokada-srbija

Блокади низ Србија: Полицијата во камуфлажни униформи врши апсења од рано наутро

Во Србија, денес е петтиот ден од студентските и граѓанските протести и сообраќајните блокади низ целата земја. Блокади има во Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Краљево, Ваљево, Панчево, Суботица и други градови.Првите апсења на граѓани веќе се евидентирани во Нови Сад. Во Белград, полицијата ги отстрануваше блокадите, а на улиците беа присутни силни полициски сили, вклучувајќи ја жандармеријата и полицајци во цивилна облека со балаклави.„Полицијата ги приведува граѓаните за преминување на улица, но повеќе нема да можат да го прават тоа“, рече граѓанин, еден од учесниците во блокадите.Во Ниш, жена се обиде да ја пробие блокадата со својот автомобил, но полицијата ја запре. Граѓаните во Ниш ги блокираат раскрсниците со преминување на пешачки премини и со тоа го забавуваат сообраќајот, во присуство на полициска придружба.Клучни делови од Белград беа исто така блокирани, вклучувајќи ја улицата Таковска, улицата Кралица Марија, кружниот тек во Нов Белград и неколку раскрсници во Карабурма и Коњарник. На некои места сообраќајот се одвива бавно, додека на други е целосно запрен.Граѓаните на некои места прават бучава со свирчиња и труби, а протестите засега се одвиваат без поголеми конфликти, освен спорадични полициски интервенции.Професорката Ана Савиќ од Факултетот за природни науки изјави за Н1 Белград дека ситуацијата покажува знаци на општествени промени. Како е блокирано?Граѓаните на Стариот град во Белград ги блокираат раскрсниците со брзо демолирање на контејнери за да го спречат сообраќајот, а кога ќе пристигне жандармеријата, тие брзо се преместуваат на нова локација.Како што изјавија за Н1, ова е нивната тактика – штом се појави полицијата или жандармеријата, тие го напуштаат местото без конфликт и продолжуваат понатаму.До 8 часот наутро, тие веќе имаа сменето неколку локации: од Плоштадот на Републиката, преку тунелот Теразије, улиците Дечанска и Македонска.Според извештајот на Н1, граѓаните се многу лути и викаат „напумпајте го“. Жандармеријата брзо ги следи, а зад нив следат и неколку полициски возила.Меѓу демонстрантите има и родители со мали деца. Градскиот сообраќај функционира повремено, а меѓу толпата нема организирани полицајци или моторџии.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-23-at-11.27.57

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода, вака живеат станарите во студентските домови

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), е незадоволно од условите во студентските домови.Се жалат на безбедноста, удобноста и бараат достоинствениот студентски живот.„Во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на нефункционалните лифтови во објектите на ДСД – Скопје. Со оглед на приближувањето на новата академска година и очекуваниот зголемен број на станари, се нагласува значењето на функционални лифтови – како за олеснување на секојдневното движење, така и за овозможување безбеден и пристапен престој за сите студенти, вклучително и за оние со ограничена подвижност“, велат од УСС – УКИМ.Во второто барање, упатено до студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, УСС-УКИМ бара итна санација и сервисирање на бојлерите и целиот систем за топла вода, имајќи ги предвид, како што велат, честите проблеми со греење и топла вода во изминатите зимски сезони.Дополнително, се посочува на проблемот со нефункционалните лифтови во овој дом, што претставува посебна тешкотија за студентите со здравствени или физички ограничувања.УСС-УКИМ инсистира за навремена и одговорна интервенција уште во текот на летниот период, со цел почетокот на академската година да го дочекаат со подобрени услови за живот и студирање.

Македонија | пред 5 месеци

print-skrin-studenti-belgrad

(Видео) Студентите во Белград го блокираа РТС, дојде до тепачка со полицијата

Студенти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата утринава успеала да ги внесе вработените во зградата на јавниот сервис, но дошло до тепачка со студентите.Насобраните скандираат „Народна полиција“ и ги држат рацете нагоре како знак дека сакаат мирен протест.Студенти од универзитетите во Белград и Нови Сад во понеделникот вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до понатамошно известување“. Раководството на РТС вчеравечер преку соопштение оцени дека студентите „незаконски го блокираат“ јавниот сервис.„Блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавниот сервис да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок врз медиумите во кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба“, објави РТС.Директорот на РТВ Горан Караџиќ употреби поинаков речник, оценувајќи дека студентите преку блокадата ги „киднапирале“ вработените во медиумската компанија, а нивната акција ја нарече „тероризам“. Додека протестот и блокадата во Белград продолжуваат и се одвиваат без инциденти, РТС продолжува да ја емитува својата програма без прекин. Студентското движење излезе на бранот протести предизвикани од смртта на 16 лица во урнатата настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, а од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата и непристрасно дејствување на институциите без политички притисок и влијание.

Свет | пред 7 месеци

IMG_4180

(Фото) Змија во студентскиот дом ,,Стив Наумов”

Студентите сместени во студентскиот дом ,,Стив Наумов”, се згрозени и исплашени од змијата која слободно се шета во мензата на домот.Револтирано прашуваат како може ова да се случи во сред Скопје и тоа во установа каде престојуваат.Никој не знае како ова се случило, но одамна се алармира дека и на други места се движат овие опасни животни. Дел, вината ја префрлаат на негрижата за градот и високите неискосени треви.За градоначалничката Данела Арсовска и техничкиот премиер Талат Џафери поважно беше да се докажуваат кој е надлежен да ја искоси тревата во и околу Владата, па се препукуваа по медиуми наместо секој да си ја сработи својата работа.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања