ТАРАВАРИ

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Се бараат пропусти во лекувањето на пациентот кој почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство, Арбен Таравари, се уште го нема видено извештајот за пациентот Тони Ангеловски, кој почина чекајќи операција на Клиниката за кардиохирургија. Тој побара време да се запознае со случајот, но најави и одговорност.„Тоа е сериозна дијагноза, сега одам во Минситерството. Ќе го видам извештајот. Ќе треба да има веднаш и стручна комисија. Според моите информации, едната сала работела. Но дајте ми време да го видам извештајот“, рече Таравари.Прашан како е можно, единствената сала на Клинички за едноскопска операција да не работи, а пак во салата на Торакална хирургија да нема стентграфтови, но и дали ако денеска дојде пак пациент со пукната орта, е му се случи истото, тој одговори: „Во Македонија имаме три клиники каде се работат вакви операции. Државна и две клиники. Дајте ми да го видам извештајот од ДСЗИ. Ќе има одговорност ако има пропусти“.Претходно објавивме дека 59-годишниот Тони Ангеловски со пукната аорта отишол да го излекуваат, но не дочека ни операција на Клиниката за кардиохирургија и почина. Неговиот роднина, Ацо Николовски алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“.Од Клиниката за кардиохирургија кажаа дека пациентот немало да преживее операција. Ова бил ставот на лекарскиот конзилиум, каде се лекувал пациентот. Но, и покрај ова, а со оглед на тешката состојба на Ангеловски, барале сала да се направи операција. Се обратиле до Клиниката за торакална на васкуларна хирургија, но и таму не можело оти се поправал еден од апаратите. Тие и сами поосочуваат дека работата во една сала, бидејќи другата е надвор од функција веќе еден месец поради поставување на нов апарат кој бара реадаптација на прсторот. Таа која е надвор до функција е опремена за ваква операција.Според сведочењето на роднините на починатиот пациент, тие биле пратени да бараат решение во Клиниката „Жан Митрев“, за која им посочиле дека е болница која треба да го оперира на државна сметка. Но, според нивното сведоштво, оттаму биле известени дека квотата за лекување на државен трошок е потрошена, па дека ќе мораат да плаќаат 1.000 евра од ден при хоспитализација, плус додатни трошоци. Таравари не одговори конкретно дали ќе пратат инспекции и таму.

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Таравари: Утре одлука или во коалиција со Вреди или сами на избори, со ДУИ не преговараме

Алијанса за Албанците на Таравари утре ќе донесе одлука дали на престојните локални избори ќе настапат како дел од коалицијата ВЛЕН или на избори одат самостојно.Според Таравари во некои општини во кои доминира албанското население, неговата партија може да добие повеќе гласови ако настапи сама, отколку како дел од коалицијата ВЛЕН.„Имаме две опции, една да продолжиме со ВЛЕН и второ да излеземе сами. Изборот е меѓу овие две опции, нема трета опција. Имаме одредени општини каде што сметаме дека и сами би направиле добар резултат како што се Гостивар, Врапчиште, Дебар, Боговиње, Теарце, Сарај. Не мислиме дека ќе победиме туку дека може да направиме добар резултат. Меѓутоа ајде да видиме, на крај граѓаните одлучуваат“, изјави Таравари.Таравари демантираше дека се сретнал со Али Ахмети и дека неговата партија преговара со ДУИ за евентуална соработка.Со ВЛЕН рече, нема договор.Не сакаше да ја коментира изјавата на Касами, кој рече дека тој што ќе се оддели од групата ќе го јаде волкот.„За Билал Касами не би сакал да коментирам, тоа е негов став. Мислам дека избрзува кога дава изјави, меѓутоа тоа е негова работа“ рече Таравари.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vakcinacija-4

Таравари: Двајца пациенти во критична состојба, 57 повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Скопје и странство

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Двајца пациенти се во критична состојба, останатите се стабилни.„Во Скопје има девет пациенти, од кои двајца во Клинички центар на Пластична хирургија, еден пациент во „8 септември“, во стара градска болница четворица пациенти и двајца пациенти во приватните болници. Сите се во релативно добра и стабилна состојба. Во странство се лекуваат 48 пациенти од кои очекуваме денеска еден да биде пуштен дома. Од пациентите кои се лекуваат во странство само уште двајца се во критична состојба. Другите се на рехабилитација или чекаат оперативни зафати“, рече Таравари.Министерот Таравари кажа дека добра вест е што пациентка која два пати била реанимирана, сега е во добра состојба и почнала да се движи.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-07-at-13.20.08

Таравари: Не сме добиле понуда од Вреди да се споиме во една партија, ако они одлучиме им го даваме името да го користат

Арбен Таравари, кој води дел од Алијансата на Албанците, вели дека не добил понуда од другите партии за да се спојат во еден политички субјект.„Јас немам информација, последен пат кога сме зборувале за ваква тема е јули или август минатата година. Ми се допаѓа идејата дека се угласиле, супер е тоа. Нас ни се допаѓа таа идеја. Нека продолжат што побрзо да се спојат, ние како Алијанса на Албанците не сме добиле ваква понуда. Ние имаме пет пратеници, ако се договориме тука сме да разговараме за такви теми. Јас се радувам кога 2-3-4 партии се спојуваат“, рече Таравари.Прашан дали преговарале со ДУИ, тој негираше.„Ние досега не сме имаме понуда од Вреди да бидеме една партија, ако имаме тоа ќе го разгледаме. Но и ако одлучиле досега, ние името им го даваме нека се викаат Вреди“, додаде Таравари.Според него, од Вреди добил ултиматум а не можност да разговараат. Тие му рекле дека тие четири партии одат во еден субјект, тој ако прифати ќе биде добро, ако не - ништо.

Македонија | пред 9 месеци

izet-m

Изет Меџити: Таравари гледа можност за соработка со ДУИ, треба да си ги расчисти дилемите, ама соработка со нив не е природна

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е претседател на партијата Демократско движење, која е дел од Вреди, рече дека само Арбен Таравари размислува за соработка со ДУИ, но не и останатите коалициони партнери.„Односите се добри, комуницираме. Сите треба да имаат во предвид дека Вреди е коалиција која победи на минатите избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Работиме таа да се тера до крај и да го почувствуваат граѓаните. Вреди продолжува понатаму за сите сплотени политички субјекти да се претопат во Вреди како опција која ќе ги претставува Албанците на локалните избори. Сите ние немаме дилеми, единствениот кој има дилеми и кој гледа можност за соработка со ДУИ е господинот Таравари. Но мислам дека Вреди ги доби 107.000 гласови како контра-ДУИ. Таравари треба да си расчисти со дилемите. Ама Вреди и соработка со ДУИ - не е природно“, рече Изет Меџити.Тој рече дека Вреди ќе има еден кандидат, еден штаб, една листа на претстојните избори.

Македонија | пред 9 месеци

taravari

Крилото на Таравари во Алијансата на Албанците бара реотворање на случаите за трагедиите во Македонија, ама и проверка на имотот на сите осомничени во случаите

Алијанса за Албанците, крилото на Арбен Таравари, соопшти дека донеле резолуција за трагедијата во Кочани и неопходноста од институционална одговорност.Соопштението во целост:“Имајќи ја предвид тешката трагедија што се случи во раните утрински часови на 16 март 2025 година во градот Кочани, каде што, како резултат на разорен пожар, животот го загубија 60 граѓани, а над 150 беа повредени.Констатирајќи сериозни пропусти на надлежните институции во примената и обезбедувањето на стандардите за лиценцирање, безбедност и инспекциски и полициски надзор,Изразувајќи најискрено сочувство до семејствата на жртвите и посакувајќи брзо закрепнување на повредените.РЕЗОЛУЦИЈА1. Се бара спроведување на целосна, независна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, под раководство на надлежните институции, ослободени од секакво политичко влијание, со обврска за редовно и јавно информирање на граѓаните за текот и наодите од истрагата.2. Се бара повторно отворање на истрагите за претходните трагедии – Дурмо Турс, Беса Транс и модуларната болница во Тетово – во кои животот го загубија вкупно 135 граѓани, и за кои сè уште не е утврдена ниту институционална, ниту индивидуална одговорност.3. Се бара јасна идентификација и утврдување на одговорноста, и индивидуална и институционална, преку длабинска анализа на причините за системските пропусти, адресирајќи ја негрижата, неспособноста и корумпираните практики.4. Се потенцира неопходноста од зајакнување на транспарентноста и отчетноста, преку објавување на инспекциските постапки, контролни извештаи и редовно и достапно споделување на податоци со јавноста.5. Се бара детална проверка на имотот и интересите на сите одговорни функционери и инспектори, со цел откривање на евентуален судир на интереси или можни коруптивни врски со инспектираните субјекти.6. Се препорачува спроведување на вонреден надзор во сите објекти со висок ризик, во согласност со меѓународните безбедносни стандарди, особено во секторите за угостителство, здравство, образование, спорт, транспорт и градежништво.7. Се бара итна реформа на казнената политика, што ќе обезбеди правични, строги и спроведливи санкции за сите оние кои, преку свои дејствија или пропусти, придонеле до случување на вакви трагедии.8. Се инсистира на итна и целосна примена на сите антикорупциски препораки дадени од Комисијата за антикорупција и Државниот завод за ревизија, без одлагање, одстапување или селективност.Собранието на Алијансата за Албанците повторно ја потврдува уверувањето дека трагедијата во Кочани не смее да се сведува на болна статистика, туку мора да послужи како пресвртница во градењето на нова култура на одговорност, безбедност и владеење на правото во Република Северна Македонија.

Македонија | пред 9 месеци

karadakovski

Тешки изгреници на главата и вратот, 90 отсто оштетени дишни патишта, откажани бубрези, се само дел од повредите на починатиот Карадаковски во „Пулс“

Александар Карадаковски, пациентот кој почина во Литванија како последица на пожарот во дискотеката „Пулс“ воКочани, имаше 29 години. Тој вториот ден по неговиот прием во болница, бил транспортиран во Литванија. Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“, рече дека тој имал тешки изгореници на главата, вратот, екстремитетите уште пред да биде испратен на лекување во странство.„Во текот на денот дојде до влошување на состојбата, попладнето беше потребна механичка вентилација односно интубација. Изгорениците не беа мали, вкупната површина беше 36 отсто, претежно на горните екстремитети, главата и вратот. Со длабочина од втор и трет степен. И заради оној дел од пламенот, од чадовите кои ги вдишал, дошло до оштетување на внатрешните дишни органи. Оштетено беше голем дел од дишното стебло, затоа се влошила состојбата. Тоа довело до подлегнување на повредите. Пациентот 24 часа по приемот, со медицински авион беше префрлен во Литванија. Мора да бидеме свесни дека поголемите изгореници и повреди, не секогаш ќе завршат добро“, рече Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“.Таравари рече дека раните од втор и трет степен отвориле простор за инфекции.„Испратен беше на 17 март, втор ден по трагедијата во Кочани. Имаше 29 години. Тој беше најтешкиот пациент. На 1 април му откажаа бубрезите, беше ставен на дијализа. Имаше температура, рани. Раните од втор и трет степен отвора простор за инфекции“, рече Таравари.Карадаковски беше и осомничен како управител на хартија, на фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ под која функционирала дискотеката „Пулс“. Обвинителството ја запре постапката, а тој стана жртва на пожарот.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-taravari-1

Коалицијата Вреди не планира да излезе од Владата, без согласност од ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат уставни измени и ова нема брзо да се реши, рече Таравари

Вреди не планира да излезе од Владата, иако министерот за здравство, Арбен Таравари, упати критики за неусогласеноста меѓу нив. Според Таравари, треба подобра синхронизација и помеѓу четирите партии внатре во коалицијата Вреди.„Не засега не излагаме и не планираме да излеземе од Влада, продолжуваме“, рече Таравари.Прашан дали има комуникација со ДУИ рече: „Барем пратениците комуницираат едни со други и никој не може да каже дека една партија комуницира само со внатрешните членови. Сите партии комуницираат едни со други“Според него има и анкети кои јасно покажуваат дека граѓаните не се задоволни од дејствувањето на ВЛЕН во Владата.„Кажав вчера во една емисија дека има незадоволство од функционирањето на ВЛЕН, тоа е повеќе поради десинхронизацијата внатре со партиите дел од ВЛЕН. Тешко е со една партија, а не пак со четири партии. Ни треба подобра синхронизација. Впечатокот кај народот е лош, дека ВЛЕН не делува како што треба. Владата има доверба од 70 отсто, а 30 отсто се задоволни од ВЛЕН во Владата. Недостасува подобра синхронизацја за партиите внатре во ВЛЕН“, рече Таравари.Тој кажа дека не гледа брзо решавањето на прашањето за почеток на преговорите со ЕУ.„Без согласност со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат уставните измени“, додаде Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

taravari

Таравари: Од 100 километри се гледа неусогласеноста на ВЛЕН во Владата

Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН, во интервју за 360 степени, настапи со јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација.„Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека ВЛЕН има многу слаба позиција во Владата. Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата“,вели тој.Во интервјуто Таравари дообјасни дека кога зборува за претставувањето на Албанците во Владата не мисли на квантитетот, туку на квалитетот.„Ако земете во квантум, значи број на министри, број на директори, океј е претставувањето на ВЛЕН во Владата. Меѓутоа, ако го земете квалитативно, тоа не е баш како што треба, не функционира баш како што треба и тоа е генерален впечаток на повеќето, зборувам за Албанците“,додава Таравари.Ваквите ставови на Арбен Таравари доаѓаат во период на сѐ погласни шпекулации дека тој е со една нога надвор од ВЛЕН, а се поблиску до ДУИ. Првиот вистински, а можеби и последен тест на коалицијата се претстојните локални избори.ВЛЕН, засега, не успева да се договори дали ќе настапи со заеднички листи за советници и кандидати за градоначалници. Таравари, додава, тоа прашање има историја уште од лани, кога се отвора идејата за ВЛЕН од коалиција да прерасне во една партија.„Заедничка констатација наша во јули или август минатата година беше дека подобро да одиме со четири партии до локални избори и после локални избори да се обидеме да бидеме една партија. Меѓутоа, тогаш, баш на тој состанок, јас кажав – доколку одиме со четири партии, тогаш и советничките листи добро би било да ги имаме секој за себе. Оти јас знам, 2021 година со Алтернатива ние бевме заедно на локални избори и колку мака имавме две партии да се усогласиме за иста советничка листа. И замислете, сега ќе дојдеме во ситуација четири партии за една советничка листа“,вели тој.Таравари беше прашан и за последната средба во Приштина на лидерите на ВЛЕН со косовскиот премиер Албин Курти. Го повтори претходно кажаното дека Курти е пријател и ги советува и дека, спротивно на написите во медиумите, средбата поминала во коректна атмосфера.На прашањето, пак, дали неговите чекори се инспирирани од премиерот на Албанија, Еди Рама, поради загриженост за статусот на Албанците во земјата, Таравари одговори – не. Во продолжение, го пофали премиерот Христијан Мицкоски, а ја критикуваше некомпетентноста на кадровските решенија на ВЛЕН.„Јас мислам дека статусот на Албанците не е лош во Македонија. Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери. Ова е суперкоректно, да бидам искрен до крај. Меѓутоа, директорите, заменик-директори, заминик-министри, јас мислам дека не функционира баш како што треба… Меѓутоа, генерално, пак да речам, тој рапорт, тој однос со премиерот е сосема коректен и ова секаде сум го кажал – од Приштина, до Тирана и секаде каде што одам. Меѓутоа, подолу, нас ни треба, на пример, ете ќе земам табли се ставаат по патишта, од тројазични – двојазични и треба ние со медиуми да се занимаваме по три дена, два дена, со прес-конференции ДУИ, па ВЛЕН, за работи коишто се навистина банални. Меѓутоа, за среќа, овој период немало ни монтирани случаи, ни апсења по нарачка, ниту скандали што се направени од претставниците на Владата. И во овој контекст, јас мислам дека е океј функционирањето. Меѓутоа, подолу кога одиме, не е тоа мој впечаток, тоа е генерален впечаток, дека не е баш како што треба, а може многу подобро да биде“,рече Таравари во интервјуто.

Македонија | пред 10 месеци

arben-taravari-14141

Таравари за таткото на повредено дете кој продава имот: Лекувањето е бесплатно, нула денари

За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој рече дека сите трошоци се покриени од Владата, а парите се префрлени во вторникот и средата. Според него, средства не добиле само тие кои не оставиле сметки.„Уште еднаш ќе повторам, за сите пациенти лекувањето е бесплатно, нула денари. За сите пациенти по двајца членови од семејствата имаат авионска карта, плус е обезбедено и сместувањето на двајца од семејството. За сите. До денеска, од Владата во понеделник или вторник се пуштени парите. Тие сметки што се дадени. Можеби некој не дал сметка за да биде пуштено. Владата, буквално сите трошоци, за сите пациенти, се покриени. Транспорт на пациенти, лекување на пациенти, транспорт на родителите, се е покриено од кај нас. Можеби ако некој не дал податоци и да биде исклучок“, рече Таравари.За ова, зборуваше и кочанчанецот Иван Ивановски во „Претрес“.Вчера, еден родител, чие дете е во Анкара, дојде во Кочани за да остави полномошно да ги продадат сите автомобили, станот во Скопје, сѐ. Државата точно е, ќе покрие сѐ.. Дај Боже да не е точно, ама кај него, вика дека има шанси детето да остане слепо од пожарот бидејќи му е зафатено цело лице и му кажувале дека треба приватен доктор треба да донесе за операција за очите, пошто тоа е специјализирана болница за очи. Ова се неофицијални информации кои мене ми ги пренесоа“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата „SupportKocani“ кои собираат.?t=4295

Македонија | пред 10 месеци

puls-6

Добри вести и за критичните пациенти од повредените во „Пулс“: девет лица се враќаат од странаство, осум се пушаат од скопските болници

Осум повредени од дискотеката „Пулс“ ќе бидат пуштени на домашно лекување, а девет кои се лекуваат во странство се враќаат денеска. На клиниките во Скопје ќе останат 22 пациенти, а во странство остануваат 99 пациенти.„И за критичните пациенти добиваме добри вести, дека иако се во тешка состојба, се во подобрена состојба од вчера. Оптимисти сме дека и тие ќе е подобруваат, иако треба да бидеме внимателни за да нема други евентуални компилации“, рече Таравари и додаде: „За пациентите за кои се загриживме, одредени лабораторски анализи покажаа дека има подобрувања, се уште се критични но подобри во однос на вчера. Подобри, ама во нестабилна и критична состојба“.Утре сигурно се враќаат плус двајца пациенти.

Македонија | пред 10 месеци

taravarikongres2

Таравари: Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик со партиите ВЛЕН за локалните избори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека се во постојана комуникација со останатите партии од коалицијата ВЛЕН за тоа како ќе се натпреваруваат на локалните избори. Тој рече дека оние како Алијанса за Албанци инсистираат да се изготват посебни листи за советници, а додаде дека е оптимист дека ќе најдат заеднички јазик.„Ние сме во постојана комуникација, комуницираме и се подготвуваме за локални избори, така што мислам дека наскоро ќе излеземе и ќе ги покажеме нашите позиции. Јас кажав колку што е можно повеќе и инсистирав во преговорите да излеземе со посебна листа како Алијанса за Албанците, но и други партии бидејќи мотивираме многу повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори, но тоа го правиме, изјавивме дека сме во точни извештаи, дека ќе имаме постојана комуникација„ рече Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-27-at-13.10.58

Се враќаат осум пациенти од лекување, девет се пуштени од болниците во Скопје, четирите критични имаат подобрувања, вели Таравари

Од 24 пациенти повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, девет ќе бидат испишани од болница. Тие се во стабилна и добра состојба.Вчера се вратија пет пациенти од надвор од државата. Еден од Атина и четири од Шпанија. Надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денеска се најавени да се вратат осум пациенти. Два во Белгија, два во Турција, два во Австраија и два во Хрватска. Од утре, остануваат 101 пациент на лекување.„Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат“, рече минситерот за здравство, Арбен Таравари.Тој посочи дека четири пациенти и натаму се во тешка состојба, но подобро, од тоа што биле претходните денови.„Денеска се малку подобри вестите, тие критични се малку подобро од вчера, но се во релативно тешка здравствена состојба“, додаде Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-26-at-10.08.35

Четири повредени од дискотеката во Кочани остануваат во многу тешка состојба, четири се враќаат од лекување во странство

Пет повредени од дискотеката „Пулс“ се враќаат од лекувањата во странство во текот на денот, а за утре е најавено враќање на уште четири пациенти. Тие прво ќе бидат хоспитализирани 24 часа во домашните клиники, па ако треба ќе се пуштат дома или ќе останат на лекување. Повеќето од овие лица, биле пратени во странство на лекување поради изгореници. Четворица пациенти продолжуваат да бидат во критична состојба, но се стабилни. Сепак, Таравари вели дека: „Флуктуираат состојбите, но остануваат во многу тешка состојба“.„Вкупно во државата се лекуваат само 23 пациенти. Над 20 пациенти се на домашно лекување. Имаме и еден испис денеска. Сите пациенти се во добра состојба и се надеваме следните денови ќе ги пуштиме. Во странство, имаме 113 пациенти. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Од 115 пациенти остануваме со 113 пациенти надвор од државата. Уште една добра вест е што денеска се враќаат пет пациенти, четири од Шпанија и еден од Грција. Ќе останат 108 пациенти кои се лекуваат надвор“, рече Таравари.Меѓу лицата кои се лекуваат во домашните клиники, има и повредени кои се оперирани.„Очекуваме во наредните денови половина од нив да бидат пуштени на домашно лекување“, додаде Таравари посочувајќи: „Стабилна е состојбата во болниците, за разлика од првите денови кога имаше поголем наплив од 200 пациенти.Првите 24 часа, по враќањето, сите пациенти ќе бидат сместени во клиниките каде треба да бидат под надзор. Ако има конзилијум да се пуштат дома, тоа ќе биде направено. Ако не, ќе бидат„За утре ни се најавени уште четири пациенти кои се враќаат, ама тоа ќе брифираме утре“, додаде Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-1

Таравари демантира дека планира да го напушти министерското место во ресорот здравство

Министерот за здравство, Арбен Таравари, негира дека планира да поднесе било каква оставка.„Јас сум фокусиран на работите во здравство. Коалицијата е стабилна, јас продолжувам и на 1, 2, и на 5 април да го водам здравството“, рече Таравари.Ставот на министерот доаѓа откако во јавноста се прошири вест дека тој ќе раководи со ресорот здравство до април.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања