ТАРАВАРИ

Screenshot-2025-05-12-at-21.45.09

Таравари си оди во опозиција: Третманот на вработените во администрацијата е полош од порано!

Арбен Таравари, кој застапува едно од крилата на Алијанса за Албанците, излегува од Влада. Тој сега почна да го критикува и ВЛЕН, па рече: „Третманот за вработените во администрацијата е полош од порано“. За Македонија, рече дека ќе минува низ тежок период.„Ја донесовме промената во албанскиот блок по 20 години, меѓутоа, промените кои ги ветивме не ги испорачавме. Затоа одлучивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме доверба на локалните избори. Со ВЛЕН се обидовме да изнајдеме решение за кандидатите за градоначалници – не успеавме. Ако имаме сомнежи, нема што да бараме таму“, рече Таравари.Тој посочи дека одат во опозиција, а во октомври ќе се вратат со добри резултати.

Македонија | пред 8 месеци

04112024_Taravari

Таравари излегува од Владата, пред да го испие кафето со Мицкоски

Крилото на Алијанса на Албанците, предводени од Арбен Таравари ја напушта Владата.Таравари пред да го испие кафето за збогување во Мицкоски почна со критики упатени на адреса на Владата.Од Врапчиште синоќа порача дека дека не сакале да бидат марионети во Владата.„Владата некако го изгуби патот кон ЕУ. Гледате, ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијансата за Албанците ќе одлучи утре или задутре да ја напушти Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме подготвени да ја напуштаме.Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт“, рече Таравари.Во наредните два дена Тараври ќе ја официјализира одлуката, која се очекува да биде потврдена уште вечерва на состанок на партиските тела.ВРЕДИ атакува да седне министерската фотелја во здравство.Она што е непознато е како ќе дејстуваат и петте пратеници на Алијансата, но без нив виси бадентеровото мнозинство за гласање.

Македонија | пред 8 месеци

taravarikongres2

Николоски: Таравари е тргнат да прави политичко самоубиство одејќи во прегратките на ДУИ, Владата е стабилна

„Не верувам дека со целото политичко искуство кое го има Арбен Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ“, истакна вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во Тема на денот на Сител телевизија.Николоски е дециден дека Владата има стабилно мнозинство и огромна поддршка од граѓаните. Според Николоски владејачката коалиција има многу стабилно мнозинство.„Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18. Има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ. Така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, бележиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно и стабилно мнозинство“, заклучи Николоски.

Свет | пред 8 месеци

nikoloski-pat-3

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

„Разговараме со коалиционите партнери и имаме јасна визија каде треба да се движи државата. Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална“, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешното гостување во Тема на денот на телевизија Сител.Николоски истакна дека премиерот Мицкоски има јасна визија во кој правец сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да постои силна битка со организираниот криминал и корупцијата.,,Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупција, кои најмногу беа олицетворени во ДУИ. Наше јасно ветување беше дека ДУИ ќе биде во опозиција, и ДУИ е во опозиција, и затоа не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ, на било кој елемент во рамки на Владата и во било која форма на соработка со политичката партија ДУИ, без разлика дали се работи за формална, неформална соработка, соработка само за локални избори и тука е всушност главната забелешка кон Арбен Таравари и кон неговото однесување“, категоричен е Николоски.Николоски истакна дека Владата е многу стабилна и граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.,,Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18, има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ, така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ближиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно мнозинство“, истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 8 месеци

dijabetes

Дијабетичарите бараат современа терапија, Таравари се правда дека тендерот е завршен

Сите 3.500 лица со дијабет тип 1 бараат од државата да се обезбедат современи инсулински пумпи кои ќе значат автоматска испорака на инсулин или технологија која е најблиску до вештачкиот панкреас. Ова сега е овозможено само за 300 лица.За министерот за здравство Арбен Таравари јавната набавка за наредните две години е веќе завршена работа и договорот е потпишан.„Многу е порационално, да нема недостиг. На две години ќе се набавува, така веќе е завршена јавната набавка, потпишан е договорот со стандардниот добавувач, истиот скоро 10-15 години. Ова е рационализирање и мислам дека е подобро за сите граѓани посебно за тие со дијабет“, изјави Таравари.Сојузот на здруженијата на лица со дијабетес инсистираат ова да се предвиди со новата јавна набавка за 2025 и 2026 година.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња, вели Таравари

Министерот за здравство и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари реагираше на својот Фејсбук профил по повод вчерашните политички случувања.„Изјавуваме дека судбината на овој народ ја гледаме посериозно отколку само имињата и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворија во Едипов комплекс. Не правиме никаков потег за задоволство или гнев на никого! Дури и оние што прават пророштва во наше име, како да се Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи од „предвидување на иднината“. Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, која работи само во интерес на народот!“, напиша тој.За денеска, најавена е средба Мицкоски-Таравари, каде ќе се разговара за иднината на Алијансата на Албанците кога во прашање е Владата.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-taravari-1

Денот „Д“ за Таравари: Ќе остане во Влада или ќе му се придружи на Ахмети

Денес ќе се знае дали Алијанса за Албанците на Арбен Таравари останува во Владата или ќе замине во опозиција. На долгоочекуваната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот Таравари, ќе бидат отворени клучните прашања од кои зависи и опстојувањето на сегашната владина коалиција во овој состав.Средбата вчера ја потврди премиерот Христијан Мицкоски.„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Второ, дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Претходно, ВЛЕН се откажа од Таравари и неговата партија повеќе не е дел од оваа коалиција на власт.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-02-at-12.12.56

За Мицкоски е неприфатливо Таравари да има тивок договор со ДУИ за соработка на локалните избори

Утре ќе седнат на маса премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и министерот за здравство и доскорешен член на коалициската Вреди, Таравари.Се очекува да се отвори темата за понатамошното функционирање на Арбен Таравари во Владата. Средбата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски.„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Второ, дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене е неприфатливо како претседател на Владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_4638

Таравари се ракуваше со Мицковски, но не и со Меџити и Касами

Иако беа на исто место и исто време бившите коалициски партнери од Вреди, Таравари, Меџити и Касами, буквално се однесуваа како да не се познаваат. Дури ни учтиво не се ракуваа иако до пред месец ,, цветаше” коалициската љубов.Но, Таравари на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар се поздрави само со премиерот Христијан Мицкоски.Од понеделник по празничниот викенд, како што најави премиерот ќе се сретне со Таравари по што ќе се знае дали тој ќе остане дел од Владата или ќе замине во опозиција.Таравари вчера во Слупчане се поздрави со Али Ахмети.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-ahmeti

Ахмети: Чекорот на Таравари е храбар, разбра дека оваа Влада е антиалбанска

„Европски фронт, на чело со ДУИ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори“, изјави Али Ахмети.Тој посочи дека ќе бидат повикани сите партии од коалицијата, при што ќе се разгледа целата ситуација.Ахмети ја цени одлуката на Таравари да се одвои од ВЛЕН.„Секако, го цениме храбриот чекор на Таравари, кој многу порано разбра дека оваа Влада не е ништо повеќе од антиалбанска Влада, бидејќи дојде на власт со антиалбанска платформа. Сè уште не е изградена никаква стратегија. Господинот Таравари ми се чини дека рече: 'јас не сум роден во влада', и во моментот кога ќе стане неприфатливo, може да си замине. Но, ова се прашања на Таравари, тоа не се прашања на ДУИ, ниту на Европскиот фронт, тоа се внатрешни прашања што господинот Таравари треба да ги менаџира“, рече Ахмети.Таравари повеќе не е дел од ВРЕДИ, бидејќи другите лидери од оваа коалиција одбија да излезат со посебни листи за општински советници, како што побара тој.

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-taravari-1

Состојбата во коалицијата е одлична, наскоро средба со Таравари, вели Мицкоски

Кусо и без објаснување, премиерот Христјан Мицкоски вели дека е состојбата во коалицијата е „одлична“, а потоа додава дека ќе има средба со колаициониот партнер и минситер за здравство, Арбен Таравари. Потребата од разговор доаѓа откако Таравари се скара со дел од структурите во ВЛЕН, кои го обвинија дека соработува со ДУИ.„Па ќе се случи наскоро“, рече премиерот Мицкоски.Претходно, во дел од медиумите беше пласирана информацијата дека средбата ќе биде до крај на оваа недела, но тоа не беше потврдено од ниту една од страните.“Досега нашата одлука е само една, а тоа е дека на листите за советници Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно. За кандидатите за градоначалници имаме кажано дека сме отворени, пред сè со ВЛЕН, ако се расположени. Ако немаат, втората опција е самостојно, понатаму ќе видиме”, рече Арбен Таравари, министер за здравство.Во меѓувреме, вицепремиерот на Владата Александар Николоски во интервју за „360 степени“ изјави дека доколку Таравари соработува со ДУИ, тоа би претставувало политичко самоубиство.Оваа изјава на Николоски предизвика реакција од ДУИ. Од оваа партија прашуваат: „Зошто целата оваа омраза кон ДУИ и кон Албанците?“

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-27-at-22.18.27

(Видео) Таравари од Истанбул: Двајцата пациенти, Борис и Мартин, се во тешка, но стабилна состојба

Министерот Арбен Таравари беше во посета на двајцата млади пациенти од трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болницата Чам во Шакура во Истанбул.„Останати се двајца пациенти, Борис и Мартин, имаат по 21 година имаат. Во тешка состојба се, но доста стабилна, јадат сами, тука се со своите родители. Јас би сакал да изразам јавно задоволство до целата болница кои дадоа допринос за најтешките пациенти бидат третирани тука“, рече Таравари.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vakcinacija-4

И Таравари има информации за нечесни доктори: Сите што грешат треба да одговараат

„Првин се случи една акција во Геријатрија, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и следниот ден го исклучивме од партијата. Сите што грешат треба да одговараат“, ова го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, на прашањето поврзано со вчерашното апсење на доктори поради незаконско овозможување на инвалидски пензии и пари за туѓа нега.„Ние не сме ниту полиција, ниту Јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето, меѓутоа ги поздравувам овие акции. И јас имам информации дека има такви доктори, не се сите, не сакам да генерализирам, но онаму каде што постојат сомнежи ги поддржувам со сета почит и стоиме како Министерство за здравство тука за да им помогнеме во сите вакви акции да се расчисти со криминалот и корупцијата“, рече министерот Таравари.Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.„Но, таму кај што постојат сомнежи ги поддржувам, со сета почит и стоиме како министерство за здравство, тука да помогнеме на сите вакви акции за да се исчисти криминалот и корупцијата“, рече Таравари.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vredi-koalicija

Таравари спремен за во опозиција, Меџити го спакува за да го испрати од Владата, а се јави и Села

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вечерва изјави дека на неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН, Арбен Таравари, не му е местото во Владата доколку се решил на соработка со ДУИ. Штом посакува таква соработка, како што рече Меџити во интервјуто за ТВ Сител, Таравари самиот треба да го објави тоа, не криејќи го од членството и јавноста.„Сметам дека не му е местото во Владата штом сака соработка со ДУИ. Тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада, а тоа е борба против корупција, враќање на правната држава и другу начела. Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите сè уште стоиме на тоа освен господинот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини излезе на површина дека подолг период неколку месеци, има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од ВЛЕН и да соработува со ДУИ“, вели Меџити.Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека повеќе не гледа простор за соработка со коалицијата Вреди и дека не ја исклучува можноста за предизборна соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во вториот круг од локалните избори. Во гостување во емисијата „Стадион“ минатата недела, Таравари посочи дека веќе имал комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„Со Ахмети не сум се сретнал, но сме се слушнале по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметаат дека треба да бидеме во Владата, ќе продолжиме. Ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално, ние сме заинтересирани да продолжиме во Владата, но тоа зависи од премиерот“, рече Таравари.Се огласи и Села.„Да ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме за да направиме доволен притисок. Да одиме и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. За да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците. Имаме неколку приоритети кои се веќе дефинирани во политичките програми, а сега ни се додадоа уште. Треба да се договориме, да, и за начинот на кој ќе се владее. Дали во иднина Владата ќе се формира со Бадинтер?“, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 за коалицијата Вреди.

Македонија | пред 9 месеци

taravari-vredi-koalicija-h

Таравари останува со Вреди, ама под негови правила - кои се спротивни на коалицијата

Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата на Албанците останува во коалиција со Вреди, одлучиле на вчерашниот состанок. Тој рече дека нема да се тргнат од оваа колаиција, како и дека ќе излезат со нивни листи за советници.„АА одлучи дека во сите општини каде што се кандидираат Албанци, ќе настапи со посебни листи за општински советници. Не може од коалицијата Вреди да очекуваат за кандидати градоначалници без одржани анкети за јавно мислење“, рече Таравари.Ваквата одлука може да ги наруши односите со останатите партии во коалицијата, бидејќи претходно Изет Меџити од Демократското движење кажа дека одлуките за настап на претстојните избори се клучни за тоа кој останува, а кој си оди. Притоа, потенцираше дека планот е сите партии да се спојат во еден субјект.„Ако нѐ исклучат, ќе постапиме соодветно“, рече Таравари.Засега нема реакција од Меџити. Претходно, Таравари беше обвинет дека кокетира со ДУИ.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања