ТАРАВАРИ

taravari-1

Таравари му честита на Трамп: Опстимист сум дека тој ќе биде претседател кој ќе го заштити достоинството на Американците

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, му честита на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.„Му честитам на Доналд Трамп за постигнатиот резултат на претседателските избори! Сум многу оптимист дека Трамп ќе биде претседател кој ќе го заштити достоинството на Американците и ќе ја задржи Америка како сојузник на мирот и доброто!“

Македонија | пред 1 година

04112024_Taravari

Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период, рече Таравари

Во рамки на платформата во Владата - „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.„Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри“, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.„Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на Националната комисија за скрининг на рак на дојка“, рече министерот.

Македонија | пред 1 година

taravari

Таравари се сретна со регионалната директорка на УНФПА, Флоренс Бауер

Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, во рамките на 74-от Регионален состанок на СЗО, одржа билатерална средба со регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер.На средбата беше дискутирано за досегашните успеси во соработката, вклучувајќи го намалувањето на смртноста кај мајките и новороденчињата, воведувањето на мобилни гинеколошки клиники и зајакнувањето на скринингот за рак на грлото на матката.На крајот, оваа средба ја нагласува заедничката посветеност за подобрување на здравствените услуги и обезбедување подобра покриеност за сите граѓани, приближувајќи ја земјата поблиску до европските здравствени стандарди.Министерството останува посветено на продолжување на заедничките напори за напредок во универзалното здравствено покривање и промоција на сексуалното и репродуктивното здравје преку широка соработка на патот кон ЕУ.

Македонија | пред 1 година

hans-kluge-2

Ханс Клуге изразува јавни пофалби за министерот Арбен Таравари

На неодамнешниот 74-ти регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, министерот за здравство и претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, доби признание од д-р Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.Д-р Клуге изрази пофалби за напорите на Таравари за ажурирање на позитивната листа, чекор кој ја одразува неговата посветеност кон подобрување на здравствените услуги и пристапот до неопходни лекови за граѓаните.Учеството на министерот Таравари потврдува посветеност на Северна Македонија за активно учество во глобалниот дијалог за напредок на јавното здравје и справување со актуелните предизвици во здравствениот сектор.

Македонија | пред 1 година

taravari-2

Таравари учествува на 74-от регионален состанок на СЗО во Копенхаген

Денеска, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествува на свеченото отворање на 74-от регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО).Овој важен настан е посветен на заедничките напори за подобрување на јавното здравје и развој на здравствените системи во регионот.Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи и стратешки решенија за предизвиците во здравствениот сектор.Учеството на министерот Таравари ја потврдува посветеноста на Северна Македонија да учествува активно во глобалниот дијалог за напредок на јавното здравје и справување со актуелните предизвици во здравствениот сектор.

Македонија | пред 1 година

taravari-vakcinacija-2

(Фото) Таравари се вакцинираше: Секој треба да се заштити од потешки форми и компликации од сезонскиот грип

Министерот за здравство, Арбен Таравари и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска денеска се вакциинираа против грип.„Денеска имав можност да ја примам вакцината против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, каде е пунктот за вакцинирање здравствени работници“, извести министерот.„Оваа превентивна мерка за заштита на здравјето ја препорачувам и како министер и како здравствен работник, бидејќи сметам дека секој треба да се заштити од потешки форми и компликации од сезонскиот грип.Вакцината против сезонски грип е бесплатна за ризичните групи население и упатувам апел за имунизација, особено за граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи, навреме да го заштитат своето здравје“, објасни Таравари.

Македонија | пред 1 година

taravari1

Таравари очекува дека ќе се разбуди свеста кај менаџментот на „Козле“: Ако не веруваат на извештајот, нека си направат свој, лекарски пропусти има

Министерот за здравство Арбен Таравари очекува кај менаџментот на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ да се разбуди свеста и да бидат преземени чекори за случајот со починатото 14-месечно бебе.Таравари вели дека со правната екипа во Министерството ги имаат разгледано сите можности што на нив им се на располагање.„Ќе дадеме се што треба официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има“, рече Таравари.Таравари вели дека одлуката, времено да се отстранат двајцата доктори од Детската клиника, е добра и оти се надева дека ќе се разбуди совеста и кај менаџментот на болницата во Козле.Министерот смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-18-133251

Лекарската комора чека решение од Таравари со кое точно ќе се прецизира кој е одговорен во случајот со починатото бебе

„Лекарска комора, на 16.10.2024 година, во попладневните часови од Министерството за здравство го доби „Извештајот од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, Скопје“, подготвен од страна на Комисија за стручен надзор формирана од Министерот за здравство, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете Р.С.“, велат од Лекарската комора.„Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, утредента, на 17.10.2024 г. одржа седница на која го разгледа овој извештај и во однос на наодите Комората го дава следното мислење:Комисијата за етички и правни прашања нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен.Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај.Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни“, соопшти Лекарската комора.

Македонија | пред 1 година

taravari-1

„Не сум судија, ниту обвинител, но очекувам одговорност од докторите кои направиле превид“, рече Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција изјави дека Извештајот за починатото 14-месечно бебе е направен од професионалци кои Министерството за здравство ги назначило и е испратен од институциите.„Извештајот е испратен до Специјалната болница Козле, Универзитетската Клиника за педијатрија и до Лекарската комора. Тие можат да поднесат жалби, но до овој момент кај нас не е стигната никаква жалба“, кажа Таравари.Во однос на коментарот дека Клиниката во Козле нема респиратор, Таравари кажа дека таа болница имала респиратор, но е прераспределен во некоја клиника каде што, рече, имало повеќе потреба. Министерството треба да обезбеди што поскоро таму да има инвазивен респиратор, додаде тој.На прашањето што ќе се случува со докторите кои направиле превид, тој кажа дека очекува одговорност.„Не сум судија ниту обвинител, ангажирав Комисија која даде детален извештај што се случило. Извештајот е испратен до Клиниките, чекаме да видиме како ќе постапат директорите, ние можеме да постапиме врз директорите. Министерот не може да избрка од работа, Министерството треба да инсистира на директорите да бидат преземени мерки кон тие доктори што направиле превид“, изјави министерот Таравари.Тој додаде дека се надева дека двајцата директори ќе преземат мерки. Министерот додаде дека не би сакал да има предрасуди во однос на тоа што ќе донесат, но очекува одговорност.

Македонија | пред 1 година

taravari

Готови се извештаите за смртта на родилката во Куманово и бебето на Детска клиника, Таравари: Ако има лекарска грешка судските органи да делуваат

Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека попладне ќе излезе со извештај за случаите со починатата родилка во кумановската болница и смртта на 14-месечното бебе на Детската клиника во Скопје.„Извештаите се речиси подготвени. Чекав извештај од професионални и компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок за случајот со починатото бебе. Се надевам дека денеска или најдоцна во понеделник, како Министерство за здравство да имаме прес-конференција на која ќе ги кажеме сите детали од случувањата со родилката од Куманово и 14-месечното бебе“, рече тој.Министерот информираше дека е доставен извештајот за случајот со почината родилка, а за починатото бебе очекува да го добие денеска.„Веќе кажав, ако очекувате јас да судам, тоа не го можам. Ние не сме судски орган. Ќе излеземе со извештај, да кажеме дали има лекарска грешка, а потоа судските и истражните органи треба да делуваат“, додаде Таравари.Бебето почина на 5 октомври на Детската клиника, а 31-годишната родилка почина на 27 септември во Општата болница Куманово.

Македонија | пред 1 година

taravari2

Таравари: Докторите од приватното повторно ќе можат да се вратат во јавното здравство

„Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Министерството за здравство. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова магнетна резонанца во поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 лека“, посочи министерот за здравство Арбен Таравари.„За 100 дена Влада се укина постоењето економски директори, што значи заштеда за здравствениот систем. Во тек е мерката 300 плус 300 за вработување во јавните здравствени установи во дефицитарните области, која се одвива во две фази, и тоа вработување на 300 специјализанти до крајот на годинава, и 300 специјализанти следната година. Со ова им даваме шанса на младите доктори и покажуваме дека водиме грижа за пациентите.Во првите 100 дена се прошири позитивната листа со 9 генерици или 87 лека, во различни форми, јачини и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните“, рече Таравари.„Понатаму, комплетно е реновирано одделение за дигестивна хирургија, набавена е апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст во вредност од милион евра.Во Поликлиника Идадија во рами на Здравствен Дом Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за магнетна резонанца, кој претставува врв во дијагностиката“, додаде министерот.Тој и натаму стои цврсто позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години, а тоа е две катни гаражи на Клинички, но и спојување на скопските клиники во еден центар со кој ќе раководи еден или неколку директори.„Моментално, на Клинички центар има 800 паркинг места, вака би имало над 1.600 места за паркирање, што мислам дека ќе биде многу порелаксирано за сите кои работат и кои доаѓаат како пациенти во Клиничкиот центар. Процедурите не можеме да ги забрзаме. Мораме да се придржуваме на сите законски норми. Ќе се обидеме целиот процес да биде што потранспарентен и што побргу да ја завршиме постапката. Барем, ако можеме, од почеток на идната година да се користат катните гаражи“, рече Таравари.Таравари откри дека Владата ја тргнала забраната од претходната власт, за докторите да не можат да се вратат од приватно во државно здравство. Според него тоа е чекор напред за да да се подобрат здравтвените услуги.„Од август 2022 година имаше забрана да не можат од приватни болници да се вработат во државни. Пред три недели го поништивме ова. Сега подготвуваме правилник во Министерството… Јас разговарав со 10 такви лекари, врвни стручњаци, тоа се кадри што гледаат надеж во јавното здравство. Ова е добар чекор, се надевам дека идната година ќе продолжиме со такви доктори кои покажуваат интерес да се вратат во јавното здравство“, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 година

TARAVARI

100 дена Влада, Таравари: Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата Inbox

Пред 100 дена започна нова ера! Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата, каде ниту едно албанско семејство не чувствува дека нема иднина. Заедно ја градиме оваа иднина! Иднина во која моќта е во рацете на народот. Ова го порача претседателот на Алијанса на Албанците и министер за здравство Арбен Таравари по повод првите 100 дена од новата Влада, чиј дел е и албанската коалиција „ВРЕДИ“.Таравари од САД, каде што учествува на 79-то Собрание на ОН, преку видео-врска истакна дека конечно дојде крајот на 22-годишната клика на ДУИ и изразува благодарност до секој сопатник за промените.„Драги присутни пријатели, пријателки - сопатници за промените, иако не сум физички со вас поради официјална посета на САД, знам дека денес во Скопје нè зближи длабокото чувство на надеж, гордост и триумф. Не за нас, туку за секој Албанец кој 22 години живееше под сенката на корумпираната клика која му го одземаше здивот на нашиот народ. 22 години! Речиси четврт век, каде секој од нас доживеа неправда, каде светлината на надежта секојдневно ја вклучуваше и гасеше една моќна машинерија која не прашуваше за потребите на народот. ДУИ беше страв врз кој беше изградена империја на корумпирани политичари, додека народот се чувствуваше слаб пред нивната дрскост. Но, знаете што? Не се откажавме! Додека тие му го свртеа грбот на народот, ние се заколнавме дека нема да дозволиме да умре никаква надеж. И еве сме денес! Со крената глава! Со полно срце! Затоа што сите заедно успеавме да го ослободиме Албанецот од режимот кој не држеше во заложништво повеќе од две децении. Се исплати трудот да се тргнат од сцената оние кои со насмеани лица, но со мрачни души, им ја негираа иднината на нашите млади луѓе, кои ја искористија власта за да се збогатат, оставајќи ги граѓаните во сиромаштија и очај“, нагласи Таравари, претседател на АА.Во својот говор, тој понатаму истакна дека денеска Албанците се слободни! Не само ослободени од политичка партија, туку ослободени од систем кој го презираше и омаловажи нашиот народ. „И оваа слобода, оваа победа е ваша. Ова е победа на оние кои никогаш не престанаа да веруваат во промени. И оние кои пред секоја војна, пред секоја препрека, одбија да молчат. Затоа што тишината е најголемиот непријател на слободата“.„Пред 100 дена започна нова ера! Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата, каде ниту едно албанско семејство не чувствува дека нема иднина. Заедно, ја градиме оваа иднина! Иднина во која моќта лежи во рацете на народот, а не во џебовите на корумпираните. Во овој период од 100 дена, владеењето на коалицијата ВРЕДИ докажа дека и во Северна Македонија може поинаку да се владее, на народот може да му се служи без скандали, со чест и достоинство, а не за лични и групни интереси„, истакна престедатлот на АА, Таравари.Тој во својот говор се задржа и во Министерството за здравство, ресорот со кој раководи. Истакна дека Министерството за здравство започнало со закрепнување на здравствениот систем.„Овој систем сега е ослободен од корупциската епидемија и соодветно им служи на граѓаните. Во овој краток период постигнавме голем број резултати. Ќе издвојам само неколку:1. Ја укинавме функцијата економски директор за да ги намалиме непотребните трошоци и да ја минимизираме можноста за корупција во клиниките;2. Обезбедивме вработување на 600 приватни специјалисти кои ќе ги опслужуваат граѓаните;3. По 10 години ја ажуриравме позитивната листа на лекови за 9 нови генерички лекови, вкупно 87 лекови во различни форми;4. Обезбедивме средства за доизградба на болниците во Кичево и Штип, како и ја реконструиравме Клиничката болница во Тетово;5. Обезбедивме 10 милиони евра за прочистување на воздухот во здравствените установи;6. Купивме опрема од 1 милион евра за Универзитетската клиника за дигестивна хирургија;7. Обезбедивме современа опрема, како што е магнетната резонанца вредна 1,3 милиони евра, а и современ хируршки микроскоп за Универзитетската очна клиника;8. Започнавме со реконструкција на зградата во која ќе биде сместен првиот дневен центар за малолетни и возрасни лица со аутистичен спектар;9. Ја реновиравме невролошката амбуланта на Клиниката за детски болести“, подвлече Таравари.Ова се само дел од нашите достигнувања во овој краток период, а ќе се залагаме за градење на еднакво општество, каде што секој поединец ќе има можност да придонесе и да има корист, истакна првиот човек на АА во својот говор упатен до присутните при одбележувањето на 100 дена од новата Влада.„Ќе работиме за подобро образование, за здравствен систем кој им служи на сите и економија која дава можности за нашите млади лица. Ќе бидеме будни! Секој ден ќе се сеќаваме на жртвите што не донесоа овде. Секојдневно ќе се залагаме да ја заштитиме нашата слобода, да ја зајакнеме демократијата и да обезбедиме посветла иднина за генерациите што доаѓаат“, рече Таравари. Тој истакна дека вредел заморот, несоницата и, како што нагласи, секоја жртва за да ги скршиме оковите што не врзувале толку долго! Говорот го затвори со порака дека: „Резултатите зборуваат сами за себе. Промената што ја ветив се случи и оваа промена ќе влијае на секој граѓанин, секое семејство и секој Албанец на нашата земја“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари по изјавата на Снопче: Треба почесто да се консултираме и синхронизираме со владините партнери

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, реакцијата на пратеникот Халил Снопче во врска со законот за бранители била како што треба, но се надева дека владиното мнозинство ќе има координација за надминување на овој ситен проблем, за кој прстот го впери во СДСМ и ДУИ, за кои оцени дека се координирани да подметнуваат искри во владејачката коалиција.„Односите помеѓу ‘Вреди’ и ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека се доста коректни. На ниво на претседатели на партии. Нормално, и ‘Вреди’ и ВМРО-ДПМНЕ имаат партиски структури. Можеби имало некаде и некое помало недоразбирање што не можам да кажам истото и за ЗНАМ и за ‘Вреди’. Меѓутоа, односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се ‘Вреди’ и ЗНАМ се коректни и ние се обидувавме да бидеме што посинхронизирани овие сто дена, меѓутоа некаде имало недоразбирања, некаде имало испади кои не биле координирани како што треба, затоа треба време за да се синхронизираме тотално и комплетно и тоа да се види и кај граѓанитеГенерално, мислам дека кога нешто планираме да донесеме како Влада треба да бидеме синхронизирани и известени едни од други, така што и реакцијата на господинот Снопче беше во овој правец. Значи ние не сме известени, ние начелно сме против нешто да помине без да бидеме договорени меѓу нас. Реакцијата на Снопче беше како што треба и се надевам дека ќе имаме координација меѓу нас и ќе го поминеме и овој, да речам, ситен проблем што ДУИ се обидува заедно со СДСМ. Мислам дека се координирани да ставаат, да подметнуваат искри во функционирањето на коалицијата во владејачкото мнозинство.“, изјави министерот за здравство Таравари.Ваквата преписка помеѓу Мицкоски и пратеникот Халил Снопче дојде откако, премиерот Мицкоски на новинарско прашање како ги прокоментира најавите на Снопче со евентуалното излегување на ВЛЕН од Владата одговори: „ Нека му е со среќа“.

Македонија | пред 1 година

taravari2

Таравари: На повикот за вработување на приватни специјализанти се пријавија 480 доктори од вкупно 600

Таравари денеска ја посети Клиничката болница во Штип.Информираше дека голем дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти.,,Голем дел од дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти од кои на последниот повик се пристигнати околу 480 апликации, а ќе се постапува според интересот на болниците. Се надевам дека во првите 300 доктори, дел од нив, можеби повеќе од 10, ќе ги ангажираме во Штип.Разговаравме и со директорот, и кај него дошле специјализанти кои изразиле интерес, но и кај нас се дојдени, апликаците се веќе собрани, околу 480 доктори од вкупно 600, нормално, ќе постапиме по интересот на болниците. За во Штип информацијата е дека некаде околу 30 доктори изразуваат интерес, не само од Штип туку и од околните места, ќе постапиме според тоа што ќе го каже директоорт дека е приоритет.", изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-05-at-10.02.39

Таравари би седнал на маса со Села и Ахмети за Албанците: Ама нека се навикнат дека се во опозиција

Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека коалицијата Вреди е подготвена да разговара со Ахмети за прашања кои се од интерес на Албанците. Ова доаѓа по повикот на Зијадин Села упатен до партиите од албанскиот политички блок да разговараат за прашањата и теми кои се однесуваат на Албанците.„Господинот Села и господинот Ахмети пред се треба да се навикнат дека се во опозиција, инаку нема проблем, со било кој, во било кое време подготвени сме да разговараме“ – рече Таравари.Претходно, Села за ТВ21 рече: „Ние сме во време кога многу добро треба да размислиме какво ќе биде однесувањето, позиционирањето, не на Алијансата за Албанците, Беса, или што знам, Демократското движење или како и да се вика, во однос на ВМРО, но во однос на македонската политика. Ние овде мора да најдеме заеднички јазик за да спречиме во иднина да се реализираат планови кои не се пријателски настроени кон Албанците, но и кон другите заедници“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања