ТАРАВАРИ

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари: На најдобрите пет студенти ќе им биде понудено вработување во државните болници

Најдобрите пет студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и од Штип, веднаш по дипломирањето, ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денес денеска министерот за здравство, д-р Арбен Таравари.Тој денес беше на средба со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.„Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти“, вели Таравари.

Македонија | пред 1 година

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Таравари ги нарече „смешни“ обвинувањата за недоволно вработувања на албански кадар

Според министерот за здравство Арбен Таравари обвинувањата за недоволно вработувања на албански кадар во институциите низ државава се „смешни“ .Тој денес ги коментираше обвинувањата на Европскиот фронт дека не само во здравствените институции, туку воопшто, имало многу малку вработувања на албански кадар.,,Мене ми изгледаат смешни. Кога не се сериозни секогаш се смешни, така што не држат овие работи коишто ги кажуваат. Меѓутоа, ги разбирам, задача на опозицијата е тоа, нека продолжат. Меѓутоа, фактите ќе си кажат како стојат работите, одговори министерот на новинарско прашање, по посетата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.”, вели Таравари.Во соопштение до медиумите, ДУИ наведе оти смета дека „не може да помине ден без последователни и скандалозни дејствија за дефакторирање на Албанците во Северна Македонија и систематско девалвирање на Охридскиот рамковен договор од страна на губитниците на изборите и моноетничката власт во земјава“.,,По промената на формулата „Балансер“ и намалувањето на процентот на Албанци од 29,5% на 25%, непочитувањето на резултатите од пописот на населението и бришењето на албанската дијаспора од нивните права, симнувањето на албанскиот јазик од претседателската функција, следниот скандал е не -назначување на албански кадар во Агенцијата за разузнавање.”, пишуваше во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Објавен е тендер за компересорите во хируршките сали кои не работат, вели Таравари

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на службата за општи и заеднички работи на клиниките.,,Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на хирургија во Клиничкиот центар, изјави министерот за здраство Арбен Таравари”.Таравари, најави дека за најмногу две недели ќе има нова Позитивна листа.Како и модернизирање на јавното здравство, мобилни екипи за граѓаните да пријавуваат директно проблеми во здравството, преговори со доктори за работа во периферијата и друго.

Македонија | пред 1 година

taravari8

Денеска леат крокодилски солзи, во 2019 година ОсманИ и Груби побараа да се преиспита одлуката за назначувањето на Еролд Муслиy, велат од ВЛЕН

„Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби. Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, НУЛА Албанци застапени во армиската единица “Волци”. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциитњ, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите“, велат од ВЛЕН и додаваат:Коалицијата ВЛЕН има заменик директор во Агенција за Национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на ВЛЕН за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.И, за крај..Точно е дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година ВИЕ ја сменивте систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор. Од таа година Албанците немале заменик-директор, систематизација што ја гласавте на владиниот состанок, не знаејќи што сте направиле. Функцијата заменик-директор се врати во 2021 година, но од таа година која позиција ја имавте ВИЕ (ДУИ) ? НИКОЈА!Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, ќе ја врати ВЛЕН!“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

(Видео) Таравари: Не би студирал медицина во Струга, јас сум против факултетите каде се запишуваш и по 3-4 години да си купиш диплома

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе бара ревизија на сите медицински факултети во Македонија.Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ прашан дали би студирал медицина на факултетот во Струга во јавноста познат како „факултетот на Мерко“, одговори: „Јас не би студирал. Ќе треба ревизија. Јас сум против сите универзитети каде постојат сомнежи, искрени сомнежи, дека се запишуваш и по 3-4 години можеш да одиш да купиш диплома“.Таравари додава: „Сметам дека треба да се направи ревизија на сите универзитети. Се надевам посебно за медицинските факултети. Јас ќе имам состанок со деканите на медицинските факултети, а посебно и со министерката за образование која е професорка која е ценета и квалитетна“.Вчера, на првата владина седница, беше донесена одлука со која се укинува изучување на медицинско образование на факултетот во Струга.?t=2138

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-28-at-12.01.02

(Видео) Таравари: Не можам да кажам дека непартиски ќе поставувам директори, економските ќе се укинат до септември

Министерот за здравство, Арбен Таравари, во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека од септември нема да постојат економски директори на клиниките. Тој е дециден дека ова ветување ќе го реализира во овој временски рок. Посочи и дека стручноста и професионалноста ќе бидат главни критериуми за новите директори на Клинички, но не отфрли дека улога ќе има и партиската припадност.„На Клинички ми е многу полесно, знаеме кои се добри кадри. За периферија ми требаат консултации, можеби ќе задоцнам малку. Не мора да се сменат сите директори. Ќе се обидам што помалку да има влијание политиката, но не можам да кажам дека апсолутно непартиски ќе поставувам директори“, рече Таравари.Клинички ќе се спојува, систематизацијата се работи. Дигитализација на здравството ќе има за две години - откри што значи тоа. Матичните доктори ќе имаат друг начин на финансирање и земање капитација. Пак ќе се бара нова локација за Клинички. Што ќе се прави со Онкологија?Погледнете од одговорите на Таравари:https://www.youtube.com/live/fROrWD9f3Yo

Македонија | пред 1 година

IMG_4773

(Видео) Хирург од „8 септември“: Невремето направи сериозни последици на оперативниот блок; Таравари ќе го разрешува директорот

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“ тврди дека вчерашното невреме направило сериозни последици на оперативниот дел од објектот. Според него, тоа е последица на невремето.„Негрижа и запоставување секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница“, пишува Каревски.Разочаран од раководењето на болницата е и новиот министер за здравство, Арбен Таравари. Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ ги коментираше состојбите во оваа болница и најави смена на директорот Христијан Костов.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-3990PM

(Видео) Застрашувачки изгледаат дел од хируршките сали: мириса на изгорена гума

Застрашувачка слика затекнал министерот за здравство, Арбен Таравари кога ги посетил хируршките сали на Клинички центар. Тој тоа го сподели во поткастот „Претрес“ каде кажа дека изгледало неубаво. Според него, за сите да бидат функционални, ќе требаат помалку од шест месеци. Проблемот со миризбата на изгорена гума, ќе се надмине со инсталирање на нов систем.„Ми кажуваат дека треба шест месеци, ќе се обидам порано од тоа да завршиме, инсталација на комплетно нов систем, со гаранција“, рече Таравари.Нема точна бројка колку пациенти чекаат за операција.„Апсолутно е срамота да чекаат“, додаде Таравари.Извештајот од Германија нема да смени ништо во тоа како треба да се реши проблемот.„Повеќе губиме сега финансиски, со неработење, отколку да се смени системо“, посочи тој.Ги претресовме сите клиники и болници – проблеми куп. Како ќе ги реши? Дали ќе ги реши? На Кардиохирургија тепачка, на Онкологија гужви и несоодветни услови, на Радиологија додека стигнат исчитани резултати луѓето оздравуваат, Брза помош има листа на чекање иако е „брза“... Ќе се разбуди ли комираното здравство или ќе има клиничка смрт?Судривме куп ставови:?t=3140

Македонија | пред 1 година

IMG_4760

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Министерот за здравство Арбен Таравари, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, првата посета надвор од земјава како дел од извршната власт, ја оствари во Република Косово.Беше примен од министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, со кого разговараа за соработката и заедничките институционални приоритети.„Денеска, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, ја остварив мојата прва посета надвор од земјава, во Приштина, каде што се сретнавме со мојот колега Арбен Витиа. Со Арбен остваривме братски разговор за предизвиците во нашите здравствени системи и соодветните приоритети за наредниот период“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.Како што рече Таравари, се договориле за забрзување и продлабочување на соработката меѓу двете влади, „како во здравството, така и во образованието и политиките за добро владеење и во кој било друг релевантен сектор за уште поголемо зближување меѓу двете земји и зајакнување на врските меѓу нашите народи“

Македонија | пред 1 година

taravari8

Таравари: Денес ќе почнам да ги разрешувам економските директори, повеќе нема да постои таа функција

Новиот министер за здравство Арбен Таравари од денеска ќе почне да ги разрешува економските директори на клиниките. Како што кажа Таравари, за два месецa сите ќе бидат разрешени и повеќе нема да постои функцијата економски директор односно на клиниките ќе има само еден директор.„Денеска ќе бидат разрешени 7-8 директори од вкупно 14, односно оние на кои им е истечен мандатот за в.д. директор. Како ќе им истекува мандатот в.д. и останатите ќе бидат разрешни. Имаме и директори кои се со решение и за нив ќе треба да се напрват законски измени. Но, јас очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори.“, вели Таравари.Министерот потврди дека на Клиниката за кардиохирургија на директорското место е вратен доктор Марјан Шокаровски, кој беше разрешен од претходниот министер Илир Демири.

Македонија | пред 1 година

IMG_4479

Таравари: Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската унија

Претседателот на Алијснса за Албанците, Арбен Таравари, заедно со пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса остварија средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападополу, и амбасадорката на Република Грција, нејзината екселенција Софија Филипиду.На средбата, страните се согласија за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со тие договори, нивното спроведување треба да биде задолжително.Претседателот Таравари нагласив дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, а новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Република Грција, како мошне важен партнер на Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Таравари се спрема да биде министер, но и да го менува македонскиот Устав: Ни треба нов!

Нема преговори на релација ВЛЕН-ВМРО-ДПМНЕ за измена на начинот за бирање на претседател на Собрание, вели Арбен Таравари кој кажа дека на Македонија и треба нов Устав.„Се уште не, но има време, мислам дека добро би било за државата, кога ќе ги започнеме преговороите, да се отвориме дебата за промена на Уставот. Јас мислам дека на Македонија и треба нов Устав“, рече Таравари.Прашан дали ќе биде министер за здравство, Таравари одговори: „најверојатно да“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-15.51.49

Таравари на маса со Ванхоуте, па со Мицкоски: ја доби ли ВМРО-ДПМНЕ поддршката од албанската опозиција?

Средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте со кандидатот за претседтел на ВЛЕН Арбен Таравари, па вест дека албанската опозиција ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на изборите. Вака изгледаше од прилика обзнанувањето на соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.„Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Питер Ванхоут. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!“, напиша Таравари.Дел од медиумите на албански јазик објавија и дека во седиштето на ВЛЕН имало средба на ниво Арбен Таравари-Хрисстијан Мицкоски.На социјалните мрежи и нова објава од Таравари: „Дојде време за Промена, дури и ние доцниме!“.Соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ е важна за овие две партии поради можен бојкот на претседателските избори. Според информациите кои ги пласира опозицијата, ДУИ има план да бојкотира, за да нема цензус. Тоа пак, ќе доведе до нови претседателски избори.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена“, рече Лимани.Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.„По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата ВЛЕН, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.

Македонија | пред 1 година

taravariDE

Таравари во Берлин без македонско знаме собира гласачи: Дијаспората знае да се сензибилизира за промени, без нив не е направен ниту еден важен процес за државата

Стотици сограѓани синоќа го пречекаа кандидатот за претседател Арбен Таравар во знак на поддршка за промената што ја вети коалицијата ВЛЕН, велат од коалицијата. Тој иако е кандидат за претседател на Македонија, говореше пред албанско знаме, без да го постави македонското.„А токму гледајќи ја волјата за промени, Таравари од овој централен собир со дијаспората истакна дека ниту еден политички процес не е направен без дијаспората бидејќи тие знаат да се сензибилизираат за да ја направат промената. Затоа, според него, нема дилема дека тоа ќе се докаже на 24 април и 8 мај.Немаше важен процес во Северна Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење. Тетовскиот Универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така до формирањето на партијата која сега е на власт, како што сте сега посветени од дијаспората да ја смените истата партија. Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број на луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена. Ние се приклучивме и го направивме нашето, вие продолжите да ја работите својата работа, да гласате за политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија. На овој начин овозможуваме дел да се врати да живее Северна Македонија. Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“ – истакна Арбен Таравари на централниот митинг со дијаспората во Берлин“, вели ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања