ТАРАВАРИ

Screenshot-2024-02-08-at-22.17.40

(Видео) Таравари тврди дека ја има поддршката за да коалицира со албанската опозиција

Претставници на централното Собрание на Алијанса на Албанците, му дале поддршка на Арбен Таравари за да почне со коалицирање со албанските политички партии, со цел, ДУИ да оди во опозиција. Потоа, тие одлучиле по наредните избори насоката да биде проевропска.„Присутни беа 75 претставници на централното Собрание и едногласно гласаа и потпишаа за целосна поддршка на претседателот за да реализира коалиција со албанската опозиција за по 20 години, ДУИ да оди во опозиција. Втората точка беше реализација на состанок со централното раководство. Алијансата на Албанците има 29 членови на тоа раководство, а 17 беа присутни и ја прифатија иницијативата“, кажа претставник од таборот на Таравари.

Македонија | пред 1 година

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Сака да биде премиер, па со национализам потпалува, вели Ландов за изјавата на Таравари

Околу 30 отсто од жителите на Северна Македонија припаѓаат на албанска националност, но и покрај постојните договори за соживот со Македонците, тие продолжуваат да бидат дискриминирани, вели претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во интервју за албанската телевизија „Топ-ченл“.За ова свој коментар даде новинарот Кристијан Ландов.„Читај: Сакам да бидам премиер, па сеа ќе почнам со национализам оти на тоа сите се палат.А ќе речеш, доктор е, интелектуалец. Ќе се разликува од останатите, ќе зборува за суштински проблеми, ќе решава маки.Оф.Важно не е забрането крадење, корупција, криминал, судско влијание. Затоа ја имаме политичкава постава“, вели Ландов.

Коментари | пред 2 години

taravari-1

Таравари: Употребата на јазикот е решена работа, работата е дали ќе покажете дека имате респект кон сограѓанинот

Вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари рече дека со менувањето на изразот „20%“ со „албански јазик“ во Уставот, „Македонците би покажале респект кон сограѓаните.Тој вели дека тврдењата на опозицијата дека тоа ќе донесе бинационализација на земјата, се „приказни за мали деца“.„Употребата на јазикот е решена работа. Тука работата е дали ќе покажете дека имате респект кон сограѓанинот. Да не се нарекува јазикот кој го зборуваат 20%. Ако гледате параноично некој ќе направи конструкции како сака. Тоа се приказни за мали деца дека ќе има конфедерација или бинационализација“, рече Таравари.

Македонија | пред 2 години

tarav

(ВИДЕО) Таравари сега има елитен комшилук во Карпош, откриено кој за џ’блк му ја продал куќата

Куќата во скопско Тафталиџе на Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар и лидер на Алијансата за Албанците, по цена далеку пониска од пазарната му ја продал пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, кој пет мандати беше градоначалник на Пласница и чие семејство е сопственик на „Пуцко петрол“. „Макфакс“ дојде до официјалниот документ, кој покажува дека последниот сопственик на куќата во Тафталиџе пред Таравари да ја купи бил пратеникот Јахоски заедно со сопругата Љупка-Еда Јахоска.Со купувањето на куќата, Таравари во соседството е опкружен со видни бизнисмени, но и политичари од партијата ДУИ. На неколку чекори од неговиот двор живее министерот за финансии, Фатмир Бесими. На истата улица кај Бесими куќа има и бизнисменот Фатмир Етеми, кој е поранешен пратеник од ПДПА, кој изгради деветкатница кај „Мајчин дом“ во Аеродром.Иако му ја продаде куќата, семејството Јахоски останува прв сосед на Таравари оти Љупка-Еда Јахоска, според податоците од Катастарот, е сопственичка на соседната парцела.Историјатот од Катастарот покажува дека Јахоска во 2013 станала сопственичка на куќата што денес ја поседува Таравари. Делела по една половина со Иса Јаоски. Во 2017 година делот од Иса Јаоски како дар го добил пратеникот Јахоски. По четири години, во 2021 година, врз основа на договор за купопродажба како сопственик е внесен Таравари.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

taravari

Таравари потврди дека влегуваат во Владата, еве кои ресори ќе ги добие

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вчера потврди дека неговата партија влегува во Владата.Негови кадри ќе раководат со Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања. Таравари за утре најави лидерска средба каде што ќе ги објави имињата на идните министри.

Македонија | пред 2 години

taravari

Што ќе ќари Таравари со влезот во Влада

Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана министер за здравство, денеска е договорено меѓу потенцијалните коалициски партнери – СДСМ и Алијанса за Албанците, објави Плусинфо.Неточни се информациите дека СДСМ е на чекор да го отстапи и директорското место во УЈП, неофицијално дознава Скопје 1.Партијата на Таравари бара и други  директорски позиции.Денеска се финализираат преговорите меѓу членовите на комисиите на СДСМ и Алијанса за Албанците, а резултатот од нив, според најавите од двете партии, утре ќе биде познат.

Македонија | пред 2 години

taravari

Таравари: Бејта си е приказна сам по себе

Претседателот на Алијанса за Албанците и гостиварски градоначалник, Арбен Таравари, реагираше на изјавата на некогашниот градоначалник на Гостивар и актуелен член на „огнената група“ во ДУИ, Невзат Бејта, кој рече Таравари победил на изборите во Гостивар со помош на Талат Џафери.„Господинот Бејта е легенда! Тој си е приказна сам по себе. Не би го коментирал тоа, зашто јас и никогаш не сум коалицирал со никого. Но Бејта си има предрасуди, тој прави заговори и тој самиот се однесува така како што критикува други“, рече Таравари во интервју за „Алсат“.Тој на Бејта му порача дека „никогаш не седнал да преговара со Артан Груби и Талат Џафери“.„Сепак, знам дека имаше истакнати членови на ДУИ, кои токму поради Бејта, гласаа за мене“, рече Таравари.

Македонија | пред 3 години

rama

Рама ли ќе ни ја крои судбината? - Бура во јавноста пред албанските политичари од Македонија да заминат во Тирана

Претставници на партиите на Албанците од Македонија утре заминат во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека состанокот е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања од регионот.Османи вели дека Рама е докажан пријател на Северна Македонија и затоа смета дека не треба да се создава конспирација околу овој состанок.Реакции има од поранешниот министер Михајло Маневски, кој вели дека Папата Рама ги повикал господарите и управители на Македонија, Ахмети, Таравари, Касами, Тачи и Гаши на „консултации“ и додава дека пред очи ни се ништи државата.„Кај папата Рама'Папата' Рама ги повика во Тирана господарите и управители на Македонија Али Ахмети, Арбен Тарвари, Билал Касами, Мендух Тачи и Африм Гаши на "консултации".Папата Рама има право! Како ќе нема, кога 52% од Владата, министри и заменици министри се етнички албанци.Ова е трета Албанска Влада на балканот!Предавникот и лажоман Зоран Заев и лингурот ќелеш- простачиште Димитар Јовановски Таче уште пошироко ги отвори вратите за ништење и албанизација и бугаризација на Македонија.Овде секој има право, само македонците немаат право.Тие се осудени на уништување и асимилација.Уставобранителите гнијат во затвор, како најголеми злосторници, а криминалците и рушители на Македонија непречено ја ништат и пљачкаат Македонија.Каде оди и кој го штити народот?Трнете смело и храбро или тргнете се.Ова повеќе не се трпиПред очи ни се ништи државата.Рама ли ќе ни ја крои судбината?“, вели тој.Солза Грчева вели дека Еди Рама и Албанија даваат упатства како да се промени нашиот Устав и прашува „што држава сме ние“.„Заради Грција го сменивме УставотБугарија бара да го смениме УставотЕди Рама и Албанија даваат упатства како да се промени нашиот УставШто држава сме ние? Како воопшто оваа марионетска власт, наметната со “шарена револуција”, инсценирана и платена од надвор, може некој да ја смета за своја?Глобалисти, во парчиња ќе се распаднете. Суверенитетот на државите ќе се врати назад!!!“, вели Солза Грчева.Пратеникот Скендер Реџепи реагираше на оваа средба и вели дека лидерите треба да се сретнат со премиерот на Косово, Албин Курти, бидејќи според него Рама нема легитимитет да ги собере политичките партии на Албанците во Македонија.За ова професорката Мирјана Најчевска објави статус во кој прашува „зошто тие би се среќавале со странски државници и дали ќе договараат нешто во интерес на македонските граѓани“.„A зошто претставниците на албанските партии се среќаваат со странски државници?Договараат нешто во интерес на македонските граѓани?Нешто што ќе им го подобри животот?Како да се изборат со корупцијата или загадувањето?Нешто за владеењето на правото?“, вели Најчевска.Солза Грчева вели дека „уште Албин Курти од Косово ни фали да ни држи лекции“.„Уште Албин Курти од Косово ни фали да ни држи лекции.Дали албанскиве партии некогаш ќе ја почувствуваат Македонија како своја, дали не ги боли грбот од веднење кичма пред “поголемите” Албанци кај комшиите, дали и натаму ќе се однесуваат како кукли на конци? Зошто воопшто постојат како партии, кога мозокот на нивното однесување е кај другите Албанци?Нели се срамат и пред своите гласачи?До кога ќе ги тресе синдромот на потчинетост и инфериорност?После се што добија од оваа држава, треба да се засрамат и конечно самораспуштат кога по свое мислење одат кај Еди Рама и Курти.Никакви платформи и други будалаштини веќе не проаѓаат. Ниту Устав ќе се менува!!!“, додава Грчева.

Коментари | пред 3 години

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

ФОТО: Таравари ги глуми Меси и Роналдо во луксузно уредениот дом

Луксузниот бренд Луј Витон неодамна ги принуди двајца од најголемите фудбалски ривали Лионел Меси и Кристијано Роналдо да соработуваат надвор од теренот.Фотографијата на која фудбалерите заедно играат шах, за кратко време стана хит на интернет.Денес на социјалните мрежи градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари објави слична фотографија, на која е заедно со неговиот син Арби Таравари игра шах.На истата може да се забележат скапите лустери со кристали, рачно изработените дела на ѕидовите, како и фотелјите кои оставаат впечаток дека се скап мебел.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања