ТАРАВАРИ

Нема фотографија

Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори мнозинството гласови ги имала опозицијата.„Претседателските избори се одржуваат во среда на 24 април, бројот 6 е број на Промената која ВРЕДИ. Каде и да одиме во кампањата, а сме отишле низ цела држава, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме. Емиграцијата на младите. Младите заминуваат токму затоа што платите се мали и тешко се наоѓа добра работа“, изјави Таравари.Според него, економијата и иселувањето бараат одговори, а на Албанците промени.„Затоа, ние како коалиција ВЛЕН, во владата, мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Ја објавивме и дискутиравме за нашата претседателска програма, а на почетокот на следната недела ќе ја објавиме и програмата за парламентарните избори. Таа е единствената програма што ВРЕДИ. Но, уште еднаш повторувам, за да дојде до промена, секој човек мора да биде посветен. Затоа што секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето, за да ја гарантираме победата на промените“, изјави Таравари.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Таравари: Со доаѓањето на ВЛЕН на власт, жртвите на монтирани случаи ќе бидат ослободени и обештетени

,,Во неделата се навршија 12 години од монтирањето на случајот Монструм во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро. За ова дело, фабрикувано од параполитичките структури, петмина невини Албанци се осудени на доживотен затвор или максимална казна. Од страната на властта, оваа годишнина беше третирана како и сите други: со молчењето што ја карактеризира вината.Монструм, Сопот, Бродец, Алфа, Диво Насеље и други, сите се имиња кои не потсетуваат на отворената рана во нашето општество, онаа на селективна правда која ги угнетува Албанците. Овој систем на неправда го претвори Албанецот во парче месо, за политички пресметки или за туркање на шовинистичката агенда секогаш кога се загрозува нечија власт.Селективната правда во политички мотивираните случаи, но и се поголемата неказнивост по измената на Кривичниот законик, не доведоа до ситуација во која само 2% од граѓаните веруваат во правдата.Јас како претседател на Републиката ќе преземам конкретни чекори за решавање на политички монтираните случаи и за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем.Со коалицијата ВЛЕН, како врвен приоритет ќе имаме формирање на независно, ефективно и правично судство, каде никој нема да биде над законот и никој нема да биде потиснат поради националната припадност.ВЛЕН се обврзува за создавање на привремено тело на западни експерти, главно од европски земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети на Северна Македонија со шестгодишен мандат. Ова тело ќе ја следи работата на домашните судии и обвинители. Но и самите ќе придонесат како судии и обвинители.Со доаѓањето на ВЛЕН на власт, сите жртви на монтираните случаи ќе бидат ослободени и обештетени.Ќе го истуркаме законот за ветинг на судии и обвинители и целосно ќе го реформираме системот за избор, унапредување, дисциплинирање и разрешување на судии и јавни обвинители.По народниот плебисцит од 24 април и 8 мај, во нашиот правосуден систем нема да има место за корумпирани судии и обвинители со југословенски менталитет.ВЛЕН ќе направи европеизација на правосудниот систем, како неопходен услов за запирање на епидемијата на корупција и селективна правда. Можеме да станеме земја-членка на ЕУ само кога Судот во Тетово и Скопје ќе бидат доверливи како Судот во Берлин или Бон. Друг начин нема.Промената започна и не престанува. Правдата ВРЕДИ затоа што е предуслов за инклузивно општество, за демократија и за економски развој.“, изјави Арбен Таравари.

Македонија | пред 1 година

taravariontime1

Таравари: Ги послушавме барањата на граѓаните, економскиот развој е нашиот фокус

Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари денеска го посети градот Велес и околните населени места. Прво беше во велешката џамија, а потоа го посети и градскиот пазар и ги ислуша барањата на трговците и граѓаните.„Денеска решивме да ја посетиме источна Македонија и да почнеме од градот Велес за да поразговараме со трговците, луѓето, а потоа ќе продолжиме во другите маала и населени места“, рече Таравари.Таравари нагласува дека неговата посета на овие населени места е да ги слушне барањата на граѓаните и одблиску да се запознае со проблемите со кои се соочуваат.Овде на пазарот ми кажаа за нивната работа, ги слушнавме нивните главни проблеми“, рече Таравари, додавајќи дека програмата на ВЛЕН главно се заснова на економски развој, бидејќи Северна Македонија е и најнеразвиена економски на Балканот.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Таравари: Како претседател, ќе ја заштитам консензуалната демократија, слободата на изразување и владеењето на правото

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН Арбен Таравари во својата програма јасно наведува дека ќе се заложи Северна Македонија да има систем на консензуална демократија, каде јасно ќе бидат истакнати слободата на изразување и владеењето на правото.„Северна Македонија консензуална демократија - Како претседател на Републиката, ветувам дека ќе ја заштитам консензуалната демократија, слободата на изразување и владеењето на правото во сите ситуации.“ - преземено од политичката програма на кандидатот за претседател Арбен Таравари

Македонија | пред 1 година

IMG_3385

Таравари и Касами се сретнаа со Албанската академија на науките и уметностите

Кандидатот за претседател на коалицијата ВЛЕН, д-р Арбен Таравари денеска придружуван од претседателот на Движењето Беса, Билал Касами се сретнаа со членовите на Албанската академија на науките и уметностите со седиште во Тетово.Арбен Таравари ги претстави приоритетите на неговата претседателска платформа поврзани со науката, особено зголемување на инвестициите во науката и промовирање на истражување и развој. Арбен Таравари и Билал Касами истакнаа дека со доаѓањето на власт на Коалицијата ВЛЕН, новата влада приоритет ќе и даде на независноста на универзитетите и зголемување на квалитетот на образованието, на сите нивоа.Од Албанската академија на науките и уметностите ја истакнаа големата потреба од зголемена поддршка за науката и нивното барање за институционализација на Академијата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Таравари реагира по извештајот на „Фридом хаус“: Да се отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари, реагираше на најновиот извештај на „Фридом хаус“, оценувајќи го како вознемирувачки.„Извештајот на Фридом хаус е вознемирувачки. Вината за ова не е само техничката влада, туку овластувањата од повеќе од 20 години. Системот на корупција, заедно со неговите гласноговорници кои се кандидираат за претседател, мора да се отстрани“, вели Таравари.Таравари нагласува дека општината со која тој раководи секогаш добивала позитивни извештаи за транспарентност и антикорупција.„Истото ВРЕДИ да се прави и на државно ниво. Да ја тргнеме корупцијата од власта, да ја отвориме вратата на новата генерација“, вели Таравари.Потсетуваме дека во последниот извештај означува чекор назад во владеењето на правото и борбата против корупцијата, каде има забелешки за корупција на високи нивоа како и критики за измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните не само за функционерите, но и за претходната влада.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Таравари: Репбулика Македонија интегрирана во регионот и во Европа

Кандидатот за претседател Арбен Таравари ги истакна двете клучни точки од неговата програма насочени кон интеграција на Северна Македонија во регионот и во Европската Унија.Според Таравари, итно излегување на земјата од иницијативата Отворен Балкан и целосно усогласување на надворешната политика со онаа на Европската Унија, особено во однос на санкциите кон Русија, се главните точки на интеграција во регионот и во Европа.Оваа визија, како што истакнува Таравари, има за цел да обезбеди стабилна и успешна интеграција на земјата во регионот и на европско ниво.„Врз основа на член 121 од Уставот, ќе му предложам на Собранието итно повлекување на Северна Македонија од иницијативата Отворен Балкан.„Ќе се заложам за целосно усогласување на нашата надворешна политика со онаа на ЕУ, особено во однос на санкциите на ЕУ против Русија.“ - преземено од комплетната програма на кандидатот за претседател Арбен Таравари

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Таравари: Среќен Бајрам, празникот на пријателството и толеранцијата

Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари денеска започна си бајрамското празнување од Саат џамијата во Гостивар.„Денеска е Бајрам и би ја искористил приликата на сите муслимани да им им ги честитам бајрамските празници. Празници кои се познати по толеранција и пријателство. Им посакувам што поубави моменти да поминат со нивните семејства“ честиташе Таравари.

Македонија | пред 1 година

taravari8

Таравари: Добро е државата еднаш да има претседател од другите етнички заедници

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари, во интервју за МИА изјави дека ако сакаме државата да функционира, тогаш транспарентноста и инклузивноста се суштински.Според него, добро е државата еднаш да има претседател од други етникуми, иако вели, се уште не се созреани условите да гласаат за личност, а не за партија.„Сите луѓе имаат силни и слаби страни. Мислам дека во Македонија е добро да се случи еднаш претседателот на државата да биде од други етнички заедници, иако навистина мислам дека сè уште не се созреани условите да се гласа за човек. Општо, луѓето овде се многу партизирани, иако на претседателските и локалните избори граѓаните гласаат за личноста, а не за партијата“, рече Таравари.Таравари истакна дека постои реална можност во вториот круг и се надева на поддршка не само од албанските гласачи туку и од другите етнички заедници. Целта секогаш се луѓето кои не се одредени кои одлучуваат за победникот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-07-at-09.25.08

(Фото) Гореше билбордот на Таравари во Скопје: не се знае кој го запали, но се знае кога

Еден час по полноќ полицијата добила пријава дека бил запален билборд со реклама од Арбен Таравери. Ова се случило во Скопје, а сторителите не се фатени. Станува збор за локација која е обезбедена со камери од локални објекти, но и од градскиот систем за видеонадзор.„На 07.04.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ со ул.„Рузвелтова“ бил опожарен билборд на еден од кандидатите за претседател на Република Северна Македонија. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Таравари од Дебар: На 9 мај ќе имаме нова влада

Со почетокот на претседателската кампања, коалицијата ВРЕДИ синоќа отвори Изборен штаб во Дибр. На отворањето на Изборниот штаб, претседателскиот кандидат Арбен Таравари зборуваше за програмата, поточно за Уставот на Северна Македонија.„Еден од четирите столба на нашата претседателска програма е Уставот. Знаете дека Уставот на Македонија, кој беше изгласан во 1991 година, не беше изгласан од Албанците и никогаш не беше поддржан од Албанците. Покојниот Арбен Џафери рече, Уставот е генератор на политички кризи во Македонија и така беше, ова беше вистината се додека не се случи конфликтот во 2001 година и овој Устав беше дополнет и изменет, но Охридскиот договор не е целосно имплементиран. Дури и до денес главниот столб од Охридскиот договор, фискална децентрализација, не се случи, остана само на хартија и никогаш не беше спроведен“, рече Таравари.Таравари истакна дека со уставните измени коалицијата ВРЕДИ мора да предвиди отстранување на 20 отсто за албанскиот јазик и избор на претседател во Собранието.„Го споменавме и изборот на претседател со гласање во Собранието, Македонија е парламентарна демократија, претседателот во Македонија има исти овластувања како и претседателот во Косово, Албанија, Грција, Германија и секаде таму претседателот се избира во парламентот. Нашиот услов е претседателот да се избира во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бандентер и ако не може во два наврати да се избере, третиот пат да се бира со просто мнозинство или 61 пратеник и со Бадентер. - изјави Таравари.Според Таравари, промената ќе се случи на 9 мај, еден ден по изборите Македонија ќе има нова Влада.„Промената ќе се случи 100%, имаме дилеми само во разликата. Изет, Билал и Африм се многу пооптимисти од два спрема еден, а јас велам сигурно неколку пратеници повеќе, но тоа зависи и од нашата работа и посветеност, но знајте дека на 9 мај со Денот на Европа ќе имаме нова Влада“, рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

IMG_3294

Таравари: Гостивар го има најдобриот центар во регионот за третман на деца со аутизам

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на аутизмот, во Гостивар беше организирана трибина на тема „Аутизам, достигнувањата, предизвиците и институциите“. Присутните зборуваа и за третманот на учениците со аутизам во образовните институции во општина Гостивар. Претседателскиот кандидат и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, истакна дека како локална самоуправа за неколку години во Гостивар се формирани два центри за аутизам, „Blue Puzzle“ и Мултифункционалниот центар, и дека овие центри се ретки во нашиот поширок регион.Ваљон Емини, лидер на здружението „Blue Puzzle“, рече дека од формирањето на Центарот за аутизам до денес во Гостивар, тој функционира без никакви пречки и целосно деполитизиран. Покрај локалната самоуправа, центарот има институционална поддршка и од Министерството за образование и култура и многу приватни донатории и дека во моментов се лекуваат 40 деца, а сите услуги се бесплатни.Панелот беше организиран од Секторот за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар. Имерлије Салиу од ова одделение информираше дека на оваа средба инклузивниот училишен персонал се информира за третманот на учениците со аутизам, законските обврски кон овие ученици и правата на родителите на учениците со аутизам.Дискусијата беше интерактивна, а дел од панелот беше Афердита Хамза - раководител на Одделението за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар; Самир Гербле - дефектолог и Зумрета Џемаили - дефектолог и рехабилитатор - логопед.

Македонија | пред 1 година

IMG-20240321-WA0086

Таравари на заеднички ифтар со децата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, беше на ифтар со децата со попреченост, нивните родители, старателите и лица кои се грижат и се занимаваат со нив.Ифтарот беше оргабизиран по повод 21 март - Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром.„Овој ифтар е посебен кога сте во друштво на оние кои ни даваат бескрајна енергија и добрина“, напиша Таравари.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Нора Таравари: Сите вие сте совршена причина за некого

Сопругата на Арбен Таравари, кандидатот за претседател на Северна Македонија, Нора Таравари, им го честита празникот 8 Март на жените.„Пред неколку дена зборував на промотивниот собир на кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари, кој е мој сопруг.Мојот говор беше новост за мене, но се покажа како големо изненадување бидејќи после тој говор добив десетици и стотици честитки. Ви благодарам на сите и денес на 8 март, користам прилика да го направам тоа преку честитка:Сакам да им честитам на жените: оние кои се постојано на работа и оние кои перат и готват цел ден, оние кои растат деца, а во некои случаи и нивните сопрузи, оние кои се осмелуваат и оние кои штотуку не успеале, оние кои се млади и полни со соништа и оние кои не гледаат иднина,оние чие име се слуша и се аплаудира и оние кои немаат име, а се познати само како нечии сопруги, оние кои се опкружени со благородни мажи...и оние кои се под страшен притисок на насилство, оние кои денес се смешкаат и оние кои се изневерени и не можат повеќе да веруваат, оние кои штотуку родиле дете и оние кои се во последните секунди на надеж...СИТЕ ВИЕ СТЕ СОВРШЕНА ПРИЧИНА ЗА НЕКОГО, НЕКАДЕ ВО ОВОЈ СВЕТ, ПА ЗАТОА КАДЕ И ДА СТЕ...ЗРАЧЕТЕ“, вели Нора Таравари.

Македонија | пред 1 година

taravariontime1

Таравари ги истакнува 4-те главни столбови на неговата претседателска програма

Претседателскиот кандидат на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „On Time“ на ТВ Коха говореше за својата кандидатура за претседател на државата.Лидерот на АА наведе дека според анкетите постои реална можност да оди во вториот круг, бидејќи тоа го потврдува и демографијата на Северна Македонија.„Врз основа на анкетите што сме ги правеле, постои реална можност да одам во вториот круг. Секаде сум појаснил дека демографијата на Македонија, а според статистиката и последниот попис на населението, 54% се Македонци, околу 31% се Албанци и 15% се припадници на другите етнички групи.Нашата главна цел се секако Албанците и тука очекуваме најмногу гласови, но нашата кампања ќе таргетира и гласови на другите малцинства, како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, а ќе таргетираме и гласови од Македонците“, рече Таравари, додавајќи дека неговата победа на претседателските избори ќе има влијание и на парламентарните избори на 8 мај.Во врска со неговата програма, Таравари рече дека таа се заснова на 4 столба.„Главната точка ќе биде европскиот пат на Северна Македонија, втората точка ќе бидат уставните измени, а ние сме кажале дека уставните измени се важни и дека треба да се внесе и бугарското малцинство во Уставот, а за ова нема да се прави компромис во преговорите за формирање на влада и да се тргне 20% за албанскиот јазик. Исто така ќе инсистираме претседателот да се избере во Собранието.Третиот столб ќе биде владеењето на правото, а четвртиот столб е регионалната соработката и стабилност“, истакна Таравари.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања