Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

policija-rotaciona-svetla

Мигрантот кој беше прегазен кај Блаце немал лични документи, не е вистина оти бил обезглавен

Мигрантот кој беше пронајден прегазен од автомобил и починат на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце немал со себе лични документи, дознава „Макфакс“.Лицето не било обезглавено, како што објавија дел од медиумите, но има тешки повреди на главата.На улицата се видливи силни траги од кочење, а полицијата собира фотодокуметација од местото на несреќата.„Макфакс“ претходно објави дека мртвото тело на мигрантот лежело на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.Засега не се знае кој го управувал возилото и го прегазил човекот.Извршен е увид од Јавен обвинител, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Македонија | пред 2 години

policija

Пукање во Кпиштец, едно лице загина

Во пукањето утрово кај Млечен ретосран во скопски Капиштец има една жртва, објави ТелмаНеофицијално, пукањето се случило во казиното „Вин Вин“. Наводно Н.А. (46) од село Арачиново им подлегнал на повредите.Од Министерството за внатрешни работи најавени се детели за пукањето од кое граѓаните се вознемирени утрово.

Скопје | пред 2 години

grubi

Додека братучедот на Груби гради дивоградба од 160м2, граѓаните немаат пари да си ја бојадисаат оградата на терасата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал во последните месец дена од кој не излегува на виделина името на Артан Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ„Тоа само покажува дека овој човек заедно со Ковачевски се на врвот на една мафија на власт која умислила дека може да прави што сака, која ги злоупотребува функциите, крши закони и работи исклучиво во своја корист.Јавното обвинителство доколку сака да ги забошоти сите скандали за Артан Груби, ќе треба да користи цел шкаф за криење на досиејата, а не само една фиока. Последниот скандал во низата, е информацијата дека братучедот на Артан Груби без дозвола и без соодветна документација почнал со изградба на хациенда од 160м2. Изградбата на оваа дивоградба е прекината од страна на општината Бутел и тоа го изнервирало Артан Груби, па почна со манипулации и лаги да подгрева етнички тензии. Но оваа карта веќе не му поминува кај граѓаните, а најмногу кај Албанците, кои видоа за каков лик станува збор.Додека Груби и неговите блиски се богатат граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Додека фамилијата Груби стекнува деловни простори и гради хациенди, обичниот граѓанин нема пари оградата на терасата да си ја бојадиса. Додека блиските на Груби стекнуваат хотели и добиваат лиценци за баждарење, стотици луѓе заминуваат во странство заради егзистенција. Додека Груби се радува на скандалозниот тендер од 22 милиони евра, половина милион луѓе живеат во сиромаштија.Ова мора да престане. Владата на Груби и Ковачевски мора да понесе одговорност за криминалите кои се прават“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

„Со новото покачување од 78% на сите функционерски плати, станува атрактивна и за луѓето кои навистина поштено би ја работеле“, вели Беќаровски

Познатиот доктор Нико Беќаровски, на својот Фејсбук профил го напиша својот став за најавеното покачување на платите во здравството и на државните функционери.Еве што напиша тој:„Со новото покачување од 78% на сите ФУНКЦИОНЕРСКИ ПЛАТИ, оваа "професија" дефинитивно станува атрактивна и за луѓето кои навистина ПОШТЕНО би ја работеле.Со новото епохално зголемување на платите на докторите од цели 1,7-2,2 % оваа професија дефинитивно останува атрактивна само за луѓето кои НЕЧЕСНО би ја работеле.#ФункционерИлиЏерманијаДетИсДквешчнНау.#Халоо_ПЕЏА_унд_КАРАНФИЛ“, вели Беќаровски.

Коментари | пред 2 години

cento-696x364-1

Јане Ченто: Шаманот од американскиот „27 април“ е ослободен откако се откри дека се криеле докази, и кај нас се монтираа докази, ама правда уште чекаме

Тоа е! Американски "27 Април" - шаманот кој беше најмногу осуден 3 години доби ослободување откако се откри дека тамошните правосудни органи криеле докази, вели Јане Ченто во својата објава на социјалните мрежи.„И кај нас се криеа и монтираа докази ама еве уште чекаме правда.На сите им е јасно дека ние сме осудени со во монтиран обвинителско-судски процес од Вилма Русковка и Добрила Кацарска.Ќе дочекаме можеби и ние да ги видиме пред лицето на правдата оние кои го монтираа овој процес.(Превод) Време е! Откако беше осуден на речиси 3 години затвор за ненасилни престапи, Канон Шаман е ослободен, 14 месеци порано, само неколку недели откако Такер Карлстон го емитуваше ослободувачкото видео на 6-ти јануари, кое неговите бранители тврдат дека никогаш не го виделе. Сега, потребна е одговорност за оние кои ги задржаа доказите за да го продолжат својот лажен наратив!Слободните медиуми може и ќе ја објават оваа информација“, вели тој.

Коментари | пред 2 години

Foto-3-1

Невкусно е во време на криза да се покачуваат плати на функционери, вели Пендаровски

Претседателот, Стево Пендаровски, изјави дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет.Во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, тој ја повика Владата да предложи законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.Со одлуката на Уставниот суд за укинување на двата члена од Законот се овозможува зголемување на платите на избраните и именуваните лица за 78 отсто.Законот се однесува и на примањата на премиерот, претседателот, собранискиот спикер, министрите, но и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции, а во групата спаѓаат и уставните судии.Според пресметката на Синдикатот на управа, правосудни органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), со оваа одлука платата на претседателот ќе скокне од 93.000 денари, на 165.000 денари. Платите на премиерот Димитар Ковачевски, и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе се зголемат на околу 2.500 евра, додека пак платата на министрите ќе изнесува околу 1.800 евра.

Македонија | пред 2 години

boki-13

Борба за живот: Боки 13 го оперира тим од специјалисти

Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св. Наум Охридски“ - Скопје, дознава „Макфакс“. Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде што треба да му биде извршен оперативниот зафат. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Боки 13, за „Макфакс“ ја потврдува информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција, која е ризична и животозагрозувачка.„По завршување на сите медицински испитувања, денеска, во Универзитетската клиника за хируршки болести 'Св. Наум Охридски' - Скопје, се извршува хируршка интервенција врз Бојан Јовановски од страна на тим од повеќе специјалисти хирурзи. Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција, која е високоризична и животозагрозувчка, на чии последици повеќепати навремено писмено укажуваа лекарите специјалисти од областа“, вели адвокатот Туфегџиќ за „Макфакс“.Дека ќе дојде до операција, се навестуваше со месеци од страна на Боки 13 и неговиот адвокатски тим. Тие бараа хуман третман и да бидат почитувани мислењата од докторите од болницата „Св. Наум Охридски“ - Скопје, кои препишуваа терапија и рекоа дека состојбата не може да се санира во затворски услови. Адвокатот Туфегџиќ посочи дека операцијата можеше да се одбегне ако надлежните органи, односно Кривичниот суд и Управата за извршување санкции, постапеле правилно.„Сето ова можеше да се одбегне доколку од страна на надлежните органи беше овозможен привремен прекин на издржувањето на казната затвор за да може пациентот да го спроведе задолжителниот строг медицински режим во домашни услови бидејќи тоа беше невозможно да се спроведе во пенални услови, а што во изминатите 7 месеци е констатирано во многуте медицински специјалистички извештаи на лекарите специјалисти од областа“, додава Туфегџиќ за „Макфакс“.Прашан за тоа каков исход се очекува, но и колку ќе трае операцијата, адвокатот посочува: „Поради комплексноста, карактерот и сериозноста на севкупната состојба, во овој момент не може да споделат повеќе информации“.

Македонија | пред 2 години

jakimovski

Бугарските тајни служби даваат пари за луѓе во Македонија да учат бугарски, тврди Стевчо Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера изјави дека иако се на „спротивставени страни“, го поддржува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, „да ги издржи притисоците за внесување на Бугарите во Уставот“.„Тука сме апсолутно на иста страна, зашто најмалку се проблем Бугарите како нација, туку проблем се намерите“, рече Јакимовски во емисијата „10 минути“ на телевизијата „21“, додавајќи дека Софија води „великобугарска“ политика.„Тие си ги покажаа нозете, односно змијата си ги покажа нозете веќе со француско-бугарскиот договор. Почнаа да отвораат веднаш овие нивни здруженија со провокации. Веднаш нивните разузнавачки служби почнаа да даваат пари и почнаа да нудат пари за тие што ќе го учат бугарскиот јазик“, рече Јакимовски.Тој додаде дека Бугарите има иредентистички намери кон Македонија и дека воопшто не го се плашат да го кажат тоа.-Тие никогаш не се срамат да кажат дека имаат иредентистички аспирации кон Македонија. Не се срамат тоа да го кажат во Европскиот Парламент, во интервјуа, јавно и така натаму… Пазете ја тезата „Един народ, две држави“, додаде Јакимовски.

Македонија | пред 2 години

Milososki-27.06

Милошоски: МОН мора да реагира, деканот на факултетот за архитектура при Американ Колеџ е член во Управниот одбор на СДСМ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски преку статус на Фејсбук пишува дека Министерството за образование мора да реагира до Универзитетот Американ Колеџ каде декан на факултетот за архитектура е член на Извршниот одбор на СДСМ.„Министерството за образование има обврска да реагира до Универзитетот Американ Колеџ Скопје во врска со деканот на Факултетот за архитектура, кој со членувањето во Извршниот одбор на СДСМ грубо го прекршува Законот за високо образованиеПратеничка група на ВМРО ДПМНЕ“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

kotlar-696x364-1

Котлар без пардон кон австрискиот претседател: Зошто не го осуди отрворениот настап на Бугарија за асимилација на сé што претставува македонско

Професорката по историја од Институтот за национална историја Наташа Котлар објави статус на социјалните мрежи преку кој упати критики до австрискиот претседател кој вчера беше во посета на Македонија.„За да не пропадне Македонија од 3500...Господо политичари, што се претставувате упорно и глупаво како северни и арогантно се позиционирате во македонското собрание, му кажавте ли на Ван дер Белен претседателот на Австрија, дека ова Собрание е израз на антифашистичката борба на македонскиот народ и на народностите, што ја воделе против германскиот, бугарскиот, италијанскиот окупатор и нивните соработници? Му кажавте ли дека ова Собрание му должи сé на Првото заседание на АСНОМ кое ги донело историските одлуки со кои Македонија – а не „Северна“ востановена на „балкански начин“, според рецептот на еден друг Австриец Ј.Хан – неповратно е прогласена за суверена држава (1944). Без разлика на соседството, на тогашна Југославија, на меѓународните односи! Но, иако поминаа скоро осум децении, ниту еден од сегашниве демократски наследници на фашистичката идеологија и власт на македонска почва, не му се извина на македонскиот народ за сторените злодела, пакости, дрскости, насилства. И згора на тоа, со милозвучен тон на гласот, ни се сугерира, да сме направеле „уставни измени“ и тоа во услови на отворен бугарски национализам и шовинизам кон Македонецот, неговата историја, култура, име, со еден збор идентитет!Од тоа ќе пропадне Македонија, од неофашизмот, а не од нечија бројност! Каде се тие, први да подадат рака и ничкум да паднат за прошка? Зошто овој висок австриски гостин не го осудува отрворениот настап на Бугарија за асимилација на сé што претставува македонско. Зошто, не сочувствува со Македонците во Бугарија! Жално и срамно, поведение на внатрешните и надворешните македонофоби на сред народното Собрание! На што аплаудиравте „Северни“? На еден крајно непримерен говор, во кој, македонската држава е „шареница“ од народи (заедници), јазикот неспомнат како македонски, кој се разликувал од бугарскиот во изговорот и во мал дел во лексиката (со несоодетниот пример на австрискиот и германскиот јазик!?), небаре дијалект на бугарскиот!? Зарем, не знаат австриските политичари и други пртеставници, дека постои цела една наука по име славистика, во која македонистиката е значајна научна област на проучување и интерес. Па токму таму, но и во нашата лингвистика (науката за јзаикот) е констаирано дека македонскиот јазик е посебен врз основа на семантичката (значенската), морфолошката (формалната) и синтаксичката функционалност и карактеристики. Што сме ние Македонците – интелектуални пигмејци, немаме наука и национална меморија, немаме и свест и совест, луѓе сме без интегритет, мебмрана за неофашизам и ревизионизам, па затоа, удри-мавај по сувереноста наша, кој како ќе стигне? Навистина, срамно, неваспитано, неуко, недолично и од северните домаќини и од австрискиот гостин! Чувајте се и ум в глава Македонци, предизвици и многу искушенија се на хоризонтот..“, вели Котлар

Коментари | пред 2 години

20230329230600

Мајка обвинува за геј пропаганда во прво одделение

Мајка на дете кое посетува настава во ОУ „Кирил и Методиј“ во Скопје, на својот профил на Фејсбук објави фотографија од работно ливче на кое децата учат за среќно семејство. на ливчето, како илустрација се нацртани двајца мажи и дете, а децата треба да заокружат кој е рецептот за среќно семејство.- Домашна работа за I- во одделение во ОУ." Св. Кирил и Методиј" Скопје-центар.Ваква "грешка" на наставник кој го дал ова работно ливче и не е баш грешка.Jeton Shaqiri министре!Кога веќе имате најава дека ќе вршите измени во законот за основно образование, тогаш веднаш да ги измените и членовите од законот во кој се вметнати термините кои се против уставни и без законска регулатива! Знаете добро за што зборувам!Секое полнолетно лице нека избере да биде што сака и нека се определи како сака, но тој, па ни било кој друг нема право да го наметнува ова на НАШИТЕ ДЕЦА од најрана возраст!Семејството го сочинуваат МАЈКА И ТАТКО!МАЖ И ЖЕНА!БЕРЕТЕ УМ! - напиша таа на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

velo-markovski-2

На мало и недоволно дехидрирано дете не му се дава инфузија одеднаш, вели Вело Марковски

Докторот Вело Марковски се огласи на социјалните мрежи по смртта на шестгпдишната Јана во битолската болница. Неговото толкување е дека последиците се фатални кога на недоволно дехидрирано дете одеднаш ќе му се вбризга големо количество на инфузија.„Значи умерено дехидрирано дете веќе е поспано, отсутни се солзим урина има малку и концентрирана темна. Тешко дехидрирано дете е сопорозно (силно поспано) не реагира на дразби, нема солзи, нема урина... Само во случај на умерена и тешка дехидрираност е оправдано давање на инфузија. Кога има дете (или возрасен) кое е лесно дехидрирано, што се гледа од клиничка слика, плаче со солзи, има мокрача, свесно е, пулсот и бројот на ресирации се нормални, очите не се вовлечени, лигавиците (јазикот) се влажни рехидрирањето оди ПЕРОРАЛНО (преку уста).Нагло давање на поголеми количини на течност во вена доведуваат до прехидрирање (хиперволемија). Со вазодилатација на вени (проширување) се амортизира некое време. Вишокот на течност треба да го исфрлат бубрезите, во спротивно настанува белодробен едем и смрт за десетина минути и/или едем на мозок што ќе се манифестира со повраќање во млаз поспаност, кома и смрт. Волуменот на циркулација кај возрасен е околу 7% од телесната тежина (околу 5-5,5л). Кај новородени волуменот е поголем 13-14%, кај деца од 1 година околу 11% од телесна тежина. Значи на дете од околу 15 кгр волуменот на циркулација е помалку од 1,5 литар. Нагло, брзо давање (во рок од 1 час) на третина од волуменот (500 мл) на дете кое е лесно дехидрирано (или не е дехидрирано) ќе доведе до прехидрирање со тешки последици.За појсано, истото ќе биде ако на возрасен кој е лесно дехидриран (или не е дехидриран) за еден час преку вена му дадеме 30 % од волумениот на неговата циркулација (30% од 5 л) што би изнесувало 3 инфузии од по 500 мл за еден час??? Исто ќе дојде до нагол скок на притисок, едем на мозок, едем на бели дробови, и смрт доколку веднаш не се намали волуменот со давање силни диуретици или венепункција и пуштање да истече одредена количина на крв“, напиша Марковски на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

pazarenje

(ВИДЕО) Сдсмовка со вклучена камера го чекаше Ковачевски за фотографија

Со петнаесетина камери, премиерот Димитар Ковачевски беше пречекан во локален маркет во скопско Тафталиџе. Пред да почне со пазарење ги поздрави медиумите и присутните, но заборави да земе корпа за складирање на продуктите, која подоцна му ја донесе вработена за протокол од Владата. Впечатливо беше што премиерот во маркетот влезе озвучен со микрофон, откако претходно беше пристигнат фотограф и снимател.Неколку моменти пред да пристигне Ковачевски кај брашното, жена со корпа и телефон со вклучена камера стоеше меѓу рафтовите.Прашана од екипа на „Макфакс“ дали спремна чека да направи селфи со премиерот, таа одговори: „Не, јас за општинска си правам… За Карпош, за СДСМ“. Кога снимателите дојдоа кај рафтовите, таа остана зад нив, за што искоментира: „Ме истуркавте“, се обиде да стигне поблиску до Ковачевски, но не успеа ниту да го фотографира од далеку на што рече: „Леле“ и се повлече.

Македонија | пред 2 години

336260238_134928972865742_3165857914717645649_n

Вечерва протести во Скопја и Битола поради смртта на малата Јана

Во Битола и во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржат протести поради шестгодишната Јана.Во Битола, граѓаните ќе излезат во 19 часот на плоштадот Магнолија со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“, додека во Скопје ќе се протестира во истото време пред Министерството за здравство.Организаторите велат дека целта е да се укаже на состојбите во македонското здравство, а повикот за протест е објавен на „Фејсбук“.На протестите ќе се бара: „Правда за Јана, итни оставки и реформи во здравствениот систем“.Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала. Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.

Македонија | пред 2 години

zemjotres-2-2

Земјотрес во Штип

Околу 3 часот по полноќ земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во штипското подрачје.Според првичните информации, земјотресот се случил во 02 часот и 41 минута.Епицентарот е кај градот Штип на длабочина од 1 километар.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања