Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

superhiks-pece

Пеце Суперхикс ја повлече објавата за тепањето на син му

Малолетно момче било нападнато во паркот „Капиштец“ во неделата додека играло кошарка.За случајот информира таткото на момчето, музичарот Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, преку социјалните мрежи, кој вели дека нападот врз неговиот син го извршиле четири малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.Тој подоцна ја повлече објавата за тепањето на син му и вели дека алармот на институциите е вклучен.„Постот за случајот со мојот син е избришан од проста причина што нема да дозволам таложење на негативни коментари, навреди генерализирање и поистоветување на сите штитеници со криминалци или насилници, повици за напади, и ширење на лаги.Надлежните и одговорните се запознаени Алармот е вклучен! Случајот е пријавен (полиција, инспектори за малолетна деликвенција итн итн) се' е документирано и очекуваме како семејство реакција од сите засегнати (Домот, Минис.за труд и социјала, МВР, Општината можеби со некаква иницијатива или сл.)Искрено се надевам дека овие (сите) деца ќе бидат на некој начин подобро згрижени. Но, не можеме да дозволиме ова да се премолчи и повторува катадневно! И за Нив и за Нас !Ви благодариме на сите за поддршката и чувајте се“, вели музичарот.

Коментари | пред 2 години

pcinja

(ВИДЕО) Уништено е коритото на река Пчиња и 500 хектари плодна земја од нелегална експлоатација на песок, вели Крмов

Пратеникот Борислав Крмов од Левица вчера упати прашање кон Министерката за животна средина и просторно планирање во врска со искористувањето на реките во Македонија.Моите прашања се упатени кон Министерката за животна средина и просторно планирање и се однесуваат на две реки од многуте во Република Македонија кои свирепо се искористуваат и неповратно се уништуваат.Во случајот на реката Пчиња, од Катланово до селото Студена Бара нема педа која не е ископана, особено изразено во атерот на селата Горно, Средно и Долно Коњари. АД Водостопанство издава дозволи на фирми под превезот на уредување на речното корито за да вршат неуморна експлоатација на песок.Тука станува збор за 500 хектари плодно земјиште кои се неповратно уништени и кои биле дел од ЗИК Скопско поле. На тој простор има езера кои се 30 до 40 пати пошироки од самата река и длабоки и до 7 метри на одредени места.Влажноста на почвата е потполно нарушена додека подземните води кои жителите ги користеле за пиење се сега контаминирани. Во тие села луѓето имаат само техничка вода.Десет години систематски се уништува овој простор за да профитираат поединци, додека проблемите на селаните воопшто не биле приоритет за властите, и оваа голгота кулминира со минатогодишниот протест и блокирањето на патиштата околу селата.Сега повторно АД Водостопанство издава дозвола за наводно вадење на вишокот од песокот и доуредување на коритото.Зошто е само стопирана дозволата за експлоатација на песок, чакал и камен, а не и поништена, како што им е ветено на селаните и дали ќе го испочитувате вашето ветување за да ја поништите дозволата“, вели Крмов.

Македонија | пред 2 години

20230328201431

После половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е, родителите на малата Јана со потресна исповед

Потресна исповед на родителите на шестгодишната Јана, која почина во Битолската болница, од примање на инфузија, дадена за телевизијата Сител.Официјална причина за смртта се уште нема, бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата, но родителите се убедени дека станува збор за лекарска грешка.Еве дел од нивната исповед.„Прво додека девојчето ја примаше инфузијата, си заспа, и се беше во ред. Му се врати бојата, и му се стоплија рацете, бидејќи претходно му беа ладни. Кога дојде инфузијата до пола, девојчето почна да се жали на болка во стомакот и во нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука, дека работи. Ја викнав сестрата, таа рече дека е нормално да има грчеви, од што повраќала. И потече раката. Докторката и ја помести инфузијата на другата рака. Девојчето се тресеше од болки. Сестрата ни рече дека ќе дојде докторката, само да заврши работа. Девојчето цело време велеше дека има болки и не може да издржи повеќе, јас и ја држев раката, за да не се измести инфузијата. А докторката не дојде ни еднаш да праша како е Јана“, рече мајката.Таткото кажа дека тој бидејќи чекал во ходникот и поминал тука, дека докторката најверојатно била во некоја просторија од болницата.„Бидејќи седев во ходникот, тука поминав, има една просторија, дали чистеа внатре, се смееја, дали чистачка беше внатре, цело време беше во таа просторијата, нешто преместуваа, правеа таму“, вели тој.Мајката рече дека кога девојчето веќе не можело да издржи од болки, ги замолила децата тука на пракса да одат да ја викат докторката, бидејќи имало уште малку од инфузијата.Повеќе детали на Сител

Македонија | пред 2 години

dragan-kovacki

„Дно! Говоров е некоректен и недозволив“, професорката Данева со критики за пратеникот Ковачки

Професорката Ана Павловска Данева со жестока критика на својот фејсбук профил за пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој од собраниска говорница изјави дека министерката Славјанка Петровска секој ден земала седативи.„Дно! Говоров не само што е политички крајно некоректен, некултурен и недозволив, туку е и контрапродуктивен! Дегутантно“, напиша Данева на фејсбук.Инаку, и самата министерка реагираше и му најави на Ковачки уште една тужба за овие негови наводи, кои ги нарече лаги.

Коментари | пред 2 години

336918384_1719423745138059_1940641474425968170_n-1024x576-1

Пензионерката која го критикуваше Ковачевски е активистка на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од видеа од загрижена пенизонерка која го пресретна премиерот Димитар Ковачевски во маркет. Таа му се пожали на високите цени и ниските плати.Малку време беше потребно медиумите да откријат дека  таа е всушност активистка на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерката има и фотографија со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Станува збор за скопјанката Ацка Станишева чиј профил на Фејсбук изобилува со фотогафии каде таа е сликана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, но и на протестите против Францускиот предлог кои се одржуваа во јули.

Македонија | пред 2 години

dragan14022023

Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и има проблем со концентрација, рече Ковачки покажувајќи документ од психијатар

Пратеникот Драган Ковачки денеска на седницата за пратенички прашања рече дека поседува документ од специјалист-психијатар, според кој министерката за одбрана Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата.„На министерката за одбрана согласно извештај од специјалист од психијатар, цитирам: И се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, има проблеми во мислењето, збунета е и конфузна, има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала. Почитуваната министерка според извештајот, чувствува бесцелност на нејзината активност и залагања и цели три месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир и нарушен сон. Министерката сама доброволно се јавила за преглед и доброволно ги вршела психијатриските прегледи, се констатира дека има оптеретен мисловен процес. На министерката и е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи, рече тој на собраниската говорница.Според Ковачки не може да му се издаде безбедносен сертификат на лице кое страда од ментална или емоционална состојба која може да предизвика значителни недостатоци на неговото расудување или доверливост и може да го направи лицето потенцијален безбедносен ризик .„Министерката не искористила ниту еден ден боледување, одела на работа и не чувствувала потреба да поднесе оставка и покрај констатираниот наод , а премиерот може и да не знаел дека во Владата има таков министер.Тој го праша Ковачевски дали смета дека поради сето ова Петровска треба да биде разрешена.Министерката Петровска порача дека е здрава и стабилна да одговори на сите прашања, исто како што е здрава и стабилна да одговори на сите лаги кој пратеникот упорно ги изнесува.

Македонија | пред 2 години

slavjanka-petrovska-zamenik-ministerka-mvr

Петровска му се закани со тужба на пратеникот Ковачки

Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска, денеска најави низа тужби за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој на седницата за пратенички прашања изнесе информации дека министерката Петровска употребувала седативи и дека има проблеми со психичкото здравје.– И за оваа лага, и за неколку лаги изнесени претходно во врска со мене, но и со Армијата, ќе се видиме на суд, вели Петровска.Таа додаде дека нема потреба опозицијата да бара од премиерот да ја разреши министерката, дека постои инструмент интерпелација, со кој може да биде разрешена доколку опозицијата смета дека има аргументи.

Македонија | пред 2 години

336733350_1258054978481631_8840270076285512151_n

Сведоштво на татко чиј син бил нападнат во парк во Капиштец: Од полицајците добивме инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти

Малолетно момче било нападнато во Парк Капиштец во неделата додека играло кошарка.За случајот информираше таткото на момчето, Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, преку социјалните мрежи, кој вели дека нападот врз неговиот син го извршиле четири малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.Раскажува дека син му бил исшамаран и исклоцан без никаква причина, а се обиделе и да му го украдат баскетот.Полицијата му кажала на таткото дека станува збор за малолетни деликвенти, сторители на десетици дела, а се штитеници од Домот за деца.„Добивме повик од синот дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм…) Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме. Е тука следува изненадувањето!Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени.Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо.Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив.Исконтактирана е директорката на Домот, добив повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска која верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски.Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова. Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто.Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе“, пишува таткото на социјалните мрежи.

Скопје | пред 2 години

336260238_134928972865742_3165857914717645649_n

Утре, во Битола протест за смртта на малата Јана

Во Битола се организира протест за смртта на шестгодишната Јана. Протестот ќе се одржи утревечер во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“.Целта е да се укаже на состојбите во македонското здравство, а повикот за протест е објавен на „Фејсбук“.„Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, НО ова ми е најтешка, најемотивна и неописливо жална и болна….Битката за барање #ПравдаЗаЈана, која однапред знаеме дека институционално ја губиме, не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско „ТОА Е“.Туку да се ОБЕДИНИМЕ, да се видиме сите. Среда, 29 март, на плоштадот Магнолија во 19 часот, да кажеме ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, дека нашиот кренат глас е наше ПРАВО, тоа е наша појдовна точка од која треба ЈАСНО И ГЛАСНО да кажеме ДОСТА Е!ДОСТА Е од прерано заминатите чеда!ДОСТА Е од негрижата!ДОСТА Е од нефункционалноста на медицински апарати!ДОСТА Е од редиците и безредието!ДОСТА Е од третманот – МОЈ ЧОВЕК!ДОСТА Е од плати, па ДОБИЈ!ДОСТА Е од нестручноста!ДОСТА Е од меѓусебните нарушени меѓучовечки односи и неколегијалноста!ДОСТА Е од партизацијата!ДОСТА Е од лошите услови!ДОСТА Е од нехигиената!ДОСТА Е од силеџискиот и немил однос кон пациентите!ДОСТА Е од префрлање на вината кон пациентите!СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА КАЖАНО:ДОСТА Е ОД КОМПЛЕТНА НЕФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ЗДРАСТВЕНИОТ СИСТЕМ!!!БАРАМЕ:1. ПРАВДА ЗА ЈАНА – ВЕДНАШ!2. ОСТАВКИ – ВЕДНАШ!3. РЕФОРМИ – ВЕДНАШ!Јана почина минатата недела на детското одделение во битолската болница.Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, при што здравствените инспектори не утврдиле пропусти во лекувањето на Јана, како што соопшти ДСЗИ.Направен бил и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници што го третирале детето. Семејството Христовски не е задоволно од извештајот на ДСЗИ.Се чекаат резултатите од обдукцијата за да се утврди причината за смртта.

Македонија | пред 2 години

kovacevski

Ковачевски откри зошто МТВ не се емитува во Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека бил раскинат договорот за пренос на сигналот на МТВ кон други држави.Ковачевски објасни дека потпишан бил договор за емитување на бугарската телевизија кај нас и на Македонската телевизија во Бугарија, што било и направено. Во меѓувреме, вели Ковачевски, бил раскинат договорот со кој може да се пренесе сигналот кон други држави од нашиот национален сервис.„Со оглед на тоа што тие склучиле некаков договор што технички треба да се објасни, со кој давателот на услуги не овозможува бесплатно симнување на сигналот од страна на оператори во други држави, проблемот е создаден од порано. Разговарав со некои од институциите задолжени за медиумите. Планирам состанок со директорот на МРТ за да се види каков договор потпишале, како оди сигналот надвор и каква услуга добива националниот сервис во делот на емитување програма во други држави. Да провериме дали и во други држави има можност да се скине сигналот на МТВ и таму да биде гледан од страна на нашите граѓани“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Македонија | пред 2 години

voz

Воз удри во маж во Хиподром

На железничката пруга во населба Хиподром без знаци на живот било пронајдено тело на машко лице удрено од воз, информираат од полицијата.Имено, вчера околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз.Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници на РСМ.

Скопје | пред 2 години

atanas-kirjakovski-696x520-1

Кирјаковски: Апартхејд е кога под присила и заплашување со парични казни власта се обидува идентитетски да убие еден народ

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски ја коментира најавата од власта дека до следниот февруари мора да се сменат пасошите, личните карти, возачките дозволи и регистарските таблички со обележја на Република Македонија, како обврска од Преспанскиот договор, кој не доби поддршка на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година.„Апартхејд е кога под присила и заплашување со парични казни власта се обидува идентитетски да убие еден народ. Иако мнозинството Македонци го отфрлаат т.н. „Преспански договор“, режимов упорно и постепено ги брише нашите симболи и обележја, кршејќи ги нашите идентитетски права“, вели Кирјаковски.https://twitter.com/profKirjakovski/status/1640082844557910017?s=20

Коментари | пред 2 години

kovacevski-market

Таче пак ќе пазарувал во маркети, пред да се слика како тинејџер нека намине во Битола на протестот за Јана, вели Јоци

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, денес ќе го посети маркетот „Кит-Го“ во Тафталиџе.Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи му порача наместо да шета по маркети, да отиде на плоштадот во Битола каде ќе се одржи протест за правда за починатата Јана.„Премиерот викан Таче утре пак ќе пазарувал во маркети Или се слика со Агелер или м’кне кеси со леб и млеко, како да се сите малоумни во земјава.Пред да се слика како тинејџер со главата во облаци и цела земја да му се смее на инфантилноста, нека намине на плоштадот Магнолија во Битола на протест за правда за прерано починатата, 6-годишна Јана.Нека се качи и во бус со камери да ги праша истоштените, изморени и разочарани 300.000 пензионери, како плаќаат сметки, што јадат и колку луѓе по дома издржуваат.Нека ги праша дали и кој ќе гласа утре за СДСМ, ако претходно не му се плукнат на партијата која измами 400.000 луѓе кои веруваа дека ќе донесат подобар живот, а не дека ќе ја парталосат цела Македонија.Нека помине и кај луѓето кои уште чекаат лек Трикафта, во Детска клиника, на Онкологија, да види колку е животот минлив и можеби ќе сфати колку е небитен и мал под македонсково небо со милион проблеми, просто како маково зрнце.И конечно може да се прости уште утре од функцијата, затоа што толку е безличен и неупотреблив, да само и` го губи времето на Македонија и на сите нас.Ниту нешто направи за земјава, ниту некој ќе го памети дека постоел.Ако уште е лидер на СДСМ следната изборна година, веројатно ќе го паметат сите како ,,оној Таче кој го погреба СДСМ”“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Единствен пример на повеќејазични униформи се среќава само во Босна и Херцеговина, вели Апасиев

Компаративно-правната анализа заклучува дека најголемата група европски и светски држави користат исклучиво само еден официјален јазик на полициските и воените униформи (пр. Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Португалија, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Франција, Шпанија и Шведска), вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев„Во помал број земји, покрај официјалниот државен јазик се користи и англискиот, како светски lingua franca во нашево совремие (пр. Ерменија, Грузија, Грција, Унгарија и Црна Гора).Речиси единствен пример на повеќејазични униформи во разни делови се среќава само во Босна и Херцеговина – како пример на нефункционална западнобалканска федеративна држава!Венецијанската комисија, во своето мислење наведува: „Што се однесува, пак, до службените униформи, ретко е да се најде повеќе од еден јазик на нив (без разлика дали е тоа униформи на полицијата, војската, пожарникарите или здравствените работници)“!“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

najcevska

Најчевска за предлогот на Лога: Ова е долевање масло на оган, ама најверојатно тоа е и целта со оглед на поделбите во ДУИ

Измена на преамбулата за внес на Бугарите и други заедници во уставот, надминување на вакуумот при оставка и избор на нов министер и вакуумот веќе распуштено Собрание да може да заседава за битни прашања, замена на формулацијата „20 отсто“ со формулацијата „албански јазик“, министерот за правда по функција да не биде член на Судскиот совет, се само некои од предлозите кои министерот за правда Кренар Лога смета дека во пакет треба да бидат донесени со отворањето на Уставот. Лога на брифинг со новинарите ѝ понуди на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не само да делегира свои претставници во работната група за уставните измени и таа за новиот изборен законик, туку и во сите работни групи кои ќе се формираат во Министерството за правда. Министерот излезе со понуда освен претставници ВМРО-ДПМНЕ да понуди и претседатели работни групи.„Јас усм во комуникација со сите чинители во државата, со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и со други истакната личности и верувам дека работната група многу брзо, за денови или недели ќе биде составена. Се размислува не само во делот на преамбулата Уставот да претрпи измени, туку да се реши прашањето со вакуумот кој се случи за потпишувањето на еврообврзницата со оставката на министерот и изборот на нов министер, во делот каде министерот за правда по функција е дел од Судскиот совет, во делот што беше проблематичен во пандемијата кога Собранието не можеше да заседава бидејќи беше распуштено, за промена на формулацијата „20 отсто“ со формулацијата „албански јазик“. Како и да е, за сите овие прашања треба да имаме консензус, а за нас приоритет останува измена на преамбулата во делот на вклучување на помалите заедници“, рече Лога.Во врска со ова се огласи професорката Мирјана Најчевска која.„А наместо албански јазик да внесеме англиски јазик, па да си има еден национален јазик - македонски, еден интернационален јазик - англиски и сите други јазици да се регулираат согласно Повелбата за регионални и малцински јазици?Предлогот на актуелниот министер за правда го разбирам како уште еден обид за разгорување на нетрпение и омраза врз етничка основа.Во време кога е загрозен идентитетот на Македонците од соседна Бугарија, кога се негира историјата на Македонците и кога се бараат отстапки кои повеќе личат на капитулација во форма на ултиматум отколку на компромис, еден ваков предлог може да биде насочен само кон долевање масло на оган.Ама најверојатно тоа е и целта со оглед на поделбите во ДУИ.Мора да се најде заеднички обединувачки фактор. А кој е подобар од национализмот подигнат на ента степен.Не, бре Лога.Ајде да одиме со граѓански Устав а правата на етничките заедници да станат дел од приватната сфера“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања