Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Ванковска: Родители, пакувајте куфери за да си ги спасите децата

„Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средното образование. Според податокот кој сега го имам, не верувам дека целосно можеме да го затвориме стручното образование со учебници зашто се работи за многу предмети. Реално, за средното образование немаме за сите предмети. За основното се обезбедени за сите предмети и за новата концепција и делот што останува за средното образование ќе се надополнува“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи во врска со оваа изјава.„Па нека ги смалат предметите, нека не се толку стручни, па и школите нека ги затворат!Родители, пакувајте куфери. За да си ги спасите децата.Ужас! Када да се свртиш – гнилеж, неспособност, корумпираност, јавашлук“, вели Ванковска.

Коментари | пред 2 години

odas

Сојуз на средношколци: прифатени се три од четири наши барања

Денес во 13:30 часот делегација на Сојузот на средношколци, овластена од Генералното собрание како официјално претставничко тело на средношколците, одржа средба со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, државната секретарка при МОН, Анета Трпевска, и в.д. директорката на Државниот испитен центар, Благица Павловска. Делегацијата беше составена од Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот, Јана Попова, прва потпретседателка на Сојузот и Лука Кадриќ и Марија Јовановска, младински амбасадори.За време на оваа средба делегацијата на Сојузот преговараше по однос на нашите четири барања за прилагодување и олеснување на државната матура. Беше прифатено најважното прво барање. Министерството на образование и наука преку Владата ќе им препорача на сите универзитети во земјава да ги променат коефициентите за упис и со тоа да го променат соодносот на поените што ги носат екстерните испити што ги носат интерните испити. Имено, од сегашните 24, односно 12, екстерните ќе носат најмногу 20 поени, а интерните најмногу 16. Проектната задача ќе продолжи да носи 4 поени.Министерството за образование и наука го прифати и нашето второ барање, односно Владата ќе им препорача на сите домашни универзитети првиот екстерен испит (мајчин јазик) да го сметаат за соодветен за сите студиски програми. Бидејќи оценката од соодветните испити се множи со повисок коефициент, ова значи дека по автоматизам матурантите ќе добијат повеќе поени од овој испит, а државата ќе покаже грижа за важноста на мајчиниот јазик.Поради фактот дека Календарот за оваа учебна година е веќе донесен, а дополнителна компликација создава продолжениот викенд предизвикан од православниот празник Духовден, не беше прифатено нашето трето барање првиот екстерен испит да се премести од 27 мај на 3 јуни. Ни беше понудено компромисно решение – интервенција во обемот на првиот екстерен испит во поглед на бројот на бодови на тестот.Кај надлежните наидовме и на разбирање за четвртото барање. Значително олеснување матурантите оваа година ќе добијат бидејќи наставниците ќе ги споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на интерниот испит. Бројот на прашања во банките ќе биде 3 пати поголем од бројот на прашања на испитот.Имајќи го предвид понудениот компромис, Извршниот одбор на Сојузот свика вонредна седница на Генералното собрание која ќе се одржи онлајн вечерва. На истата ќе се одлучува дали ќе се прифати или ќе се одбие предложеното решение. За исходот на истата благовремено ќе ја известиме јавноста.

Македонија | пред 2 години

FotoJet-2-1

Малата Стефани ја донираше својата коса за децата болни од рак

Стефани Петковска, малата хероина од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак, објави „Струмица денес“ на својот фејсбук-профил.„Шестгодишната Стефани Петковска од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак. Големо дело од малата хероина, која со целост ја заслужува нашата почит и благодарност, за тоа што е достоен пример за сите нас. Ти благодариме Стефани!“, пишува во нивната објава.Претходно истото го направи и деветгодишниот Максим Каески, кој неколку години ја пуштал својата коса за да ја донира на деца болни од рак. Својата мисија ја започнал уште во градинка. Тој пред извесно време зборуваше за предизвиците со неговите врсници во училиште кои го задеваат и исмеваат поради долгата коса.

Македонија | пред 2 години

bozinovski-ahmeti-696x364-1

Дали на Ахмети му беше пречка дека нема учебници? НЕ! Учеше посветено и сега е доктор на науки, вели Божиновски

Учебната година полека се ближи кон крајот, а Министерството за образование и наука сè уште не ги снабди учениците од средното образование со сите учебници поради недостиг од финансиски средства, вели министерот Јетон Шаќири„Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средното образование“, вели тој, а оваа негова изјава предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.“Немаме пари да испечатиме учебници” – министерот за образование1.000.000 евра за фиктивни хонорарци во Фонд за иновации400.000 евра кај Груби хонорарци.600.000 евра фалат од екологија.Само од овие три криминална се 2 милиони евра. Можете да насловот да е и со позлатени букви на секој учебник ако престанете да крадете. Аналните алпинисти им ја изедоа иднината на децата.Ова е почесен (најчесен) доктор на науки Али Ахмети. Дали него му беше пречка дека нема учебници? Не! Учеше посветено и сега е доктор на науки“, вели Божидар Божиновски.

Коментари | пред 2 години

andrijana-igor-960x612-1

(ВИДЕО) Најемотивниот дел од „Златна Бубамара“, песна испеана од мака:„Убија дете...“

Синоќа се емитуваше овогодинешното издание на Златна бубамара на популарноста. Низа награди, многу настапи, шеги, смеа…Еден настап ја расплака македонската публика. Бура од емоции предизвика пеењето на Андријана Јаневска и рецитирањето на Игор Џамбазов.Еден од најдобрите македонски вокали ја запеа „Ми заплакало селото Ваташа“, а актерот и шоумен ја рецитираше „Цветови“ од Славко Јаневски.В Тиквешко негде, в некое село,кај в слана тивко венеше цвете,– убија дете.Нивниот моќен настап погледнете го во продолжение, во видеото после седмата минута.

Магазин | пред 2 години

registracija

Ќе бидат ли новите регистарски таблички на трошок на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за Радио Слободна Европа,најави дека е можно да се донесе решение за регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.Тој рече дека наместо да се плаќа од 1.400 до 1.500 денари за нови регистерски таблички на кои наместо ознаката „МК” да стои ознаката „НМК” можно е оваа давачка да изостане и да се најде решение само со налепници.Оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но во тек е дебата за начинот како ќе биде спроведена, по големиот број реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра.„Веќе имаме формирано работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со ‘Макамтранс’ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што е впрочем и со документите и мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните“, рече Спасовски.

Македонија | пред 2 години

gtc

Груевски откри што планирал да прави со ГТЦ

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, на својот Фејсбук профил објавави каков бил планот за реконструкција на Градскиот Трговски Центар, откако во јавноста беа презентирани негативни финансиски извештаи за неговото работење.„Концептот на отворени трговски центри оддамна е напуштен. Тоа го знаев и ми беше јасно уште пред повеќе од 20 години, како што ми беше јасно дека ГТЦ со време ќе пропадне, доколку не се затвори и модернизира.Оддамна непостојат шопинг центри во големи градови каде одејќи по продавници може да ти претрчуваат или да те нападнат улични животни, да ти е многу студено во зима или многу жешко во лето.Во Скопје оддамна има модерни шопинг центри и јасна е разликата. Колку и локацијата да е централна, а навиката за посета стекната, новото време и конкуренцијата бара промени и прилагодувања.Затворањето на ГТЦ значи и неминовна промена на надворешниот изглед, а кога веќе се избира нова фасада тогаш се мислеше дека на таква првокласна локација која е слика на центарот на главниот град може да биде некој историски архитектонски стил кој ќе биде многу атрактивен, привлечен и нов бенчмарк на главниот град на републиката. Додатно на ова, планот беше ГТЦ да добие уште еден кат плус кој можеше да биде хотел, или било што друго комерцијално.Со продажбата на тој кат, планот беше да се вратат парите кои од буџетот ќе се вложеа во затворањето, новата фасада и темелното реновирање и разубавување на ГТЦ во неговата внатрешност.Во тоа време некои луѓе во СДСМ кои ништо не сработиле во животот за општо добро а имале такви можности, се исплашија дека со спомениците, новите објекти во современ и во историски стил и со новите фасади во историски стилови, ВМРО-ДПМНЕ создава нешто што трајно ќе потсетува на неговото владеење, но во исто време и на неработењето на СДСМ кога биле на власт, или како што јавно рече во една прилика еден нивни злобен перјаник - Мирослав Грчев “ВМРО со ова си создава трајни билборди”. Го слушнав и си помислив “а зошто не создававте и Вие,зошто ништо не изградивте, подолго бевте на власт од ВМРО”…Еве сега се шест години повтоено на власт, пак ништо ни градат, ни создаваат. Само “млатење празна слама”, политички прогон на политичките конкуренти, понизност пред меѓународната заедница за да им помогне да останат подолго на власт придружена со одстапки на националните прашања и крадење на ангро.Пријатели од Скопје ми кажуваат дека ГТЦ е веќе неповратно пропаднат како таков што е сега, дека скоро пола продавници на приземјето не работат а на катовите многу помалку. Нормално е во вакви услови дополнително да пропаѓа и во загуби и со затворање на дуќаните.Во тоа време се појави една група која се преставуваше како некакво граѓанско движење наречено “Го сакам ГТЦ” или така некако што секако беше во задскриена организација и полна логистика на СДСМ, со водачи поставени од нив. Целта беше да се престави дека не се партиски туку независни, а со цел да им се придружат и некои други граѓани кои не сакаат да се идентификуваат со партија и плус да не излезе дека е меѓупартиска борба туку “народот против власта”.Па организираа протести на кои го “гушкаа” ГТЦ. Во ред, се собраа многу луѓе, очигледно организаторот со кампања успеа да создаде негативни чуства кај поголема група наши граѓани, голем дел од нив партиски припадници, но и еден дел кои не беа. Протестираа со денови, направија дури и референдум во општина Центар кој не успеа заради недоволна излезност, но сепак процентот на излезност на центарци беше иако недоволен, сепак висок.Градежниот зафат се одложи за да се смират страстите а потоа почна политичката криза и ГТЦ остана да пропаѓа.Дуќанџиите во ГТЦ го прифаќаа проектот, бидејќи им беше од корист и беше шанса долгорочно да си го спасат бизнисот. Ама кога почна оркестрираниот напад на нас, кои сакавме да им помогнеме, си молчеа и гледаа сеир наместо да излезат јавно и да се спротистават на протестите, да објаснат дека тоа е спас за нивниот бизнис и вработени.Затоа сега, сите “гушкачи” и нивни подржувачи можат пак да се соберат ама овој пат не на гушкање, туку на “парастос” на испразнетитот од купувачи ГТЦ, затворените продавници, отпуштените работници и милионските загуби.Човек како што може сам да си направи штета, никој друг неможе да му направи таква штета.(Подолу фотографии од новиот изглед ГТЦ)П.С. Не е само ГТЦ жртва на политиката и погрешниот концепт на СДСМ. И Драмски театар е исто така.Таму поминав доста време како студент учествувајќи во три престави и добро ги знаев маките кога на пример ќе заврнеше дожд. Ги знаев и коментарите на вработените во смисла дека е срамота што во тоа време најпопуларниот театар со најпознати актери и доајени на македонското актерство работат во такви мизерни услови. Имав додатен и личен мотив да помогнам таму и некаква морална обврска. Со кофи на сцената се играа престави кога надвор врнеше. Реновирањата помагаа ама не за долго. Да не раскажувам други призори на еден така дотрајан објект.За “Драмски Театар” Скопје, одкако неколку години загубивме во неуспешен обид објектот да се гради во јавно приватно партнерство за да се заштедат буџетски средства, се изработи нов проект за нов објект (со современа стил на архитектура), на местотото на сегашните дотрајани простории кои кога се изградиле во 1965 година биле прогласени како објект од времен карактер.Се обезбеди буџет за изградба, се изврши избор на градежна фирма - изведувач и фирма за надзор. 17.700 мкв простор. Голема сала со 397 седишта (колку што самите бараа), мала сала 100 седишта.По избор на вработените се одлучи привремно преставите и пробите да се одвиваат во тогаш штотуку реконструираниот културен дом во општината Кисела Вода, значи да нема застој во работата додека се гради, но пред самиот почеток на градбата, кој се поклопи со политичката криза во 2015/2016 година дел од вработените актери блиски до СДСМ најавија штрајкови, протести и блокади барајки да останат во сегашните дотрајани простории со образложенија од типот дека го сакале мирисот на даските во сегашниот театар, што секако беше политичка активност во време на една поширока кампањата за рушење на владата, бидејки и сцената на новиот театар ќе беше од даски, а и тие даски ќе мирисаа исто така на даски и никако поинаку.Како и да е, групата од познати имиња преку медиумите најави дека со жив штит ќе го штителе стариот објект од рушење со цел изградба на нов, ќе легнеле пред багерите и слични закани за политички скандали во пресрет на изборната кампања.Ја замолив министерката за култура да направи разговори и да ми даде проценка. Проценката беше дека групата е спремна на таков вид “политички театар”, дека сето тоа на другите нивни колеги им е несватливо, но дека ќе имаме нови проблеми на сите оние кои веќе и онака ги имавме.Така одлучивме да го одложиме проектот за периодот после изборите, кога ќе се состави нова влада, бидејќи очекувавме победа, како што и се случи, но за жал се случија и други работи, странски замешателства, па новата влада ја составија поразените на изборите.Тоа ја спречи новата градба со современ архитектонски стил, многу поголем театар со многу поголем простор, комплетно нова и најсовремена сценска опрема, голема и слична на онаа во новиот МНТ, голема и мала сцена, најмодерна климатизација, а за жал новата власт на СДСМ не ни помисли, на крај на памет не им падна, да инвестира пари во нивниот работен дом каде можеби поминуваат подеднакво часови, некогаш и повеќе одколку дома и каде и публиката многу подобро ќе се чувствуваше. Да не го запреа, да тргнеше градбата тогаш, уште пред четири или максимум три години ќе беше завршена.Ќе си останат уште децении во старите простории од “привремен” карактер, нешто слично на бараки, како од земји од третиот свет.И немаат морално право да ја критикуваат државата за тоа, барем не оние кои беа во таа група, кога ќе прерипуваат кофи на сцена кога надвор врне и ќе се лизгаат на влажната сцена, кога ќе коментираат колку подобра сцена, услови и опрема има МНТ, кога ќе дува од сите страни, кога ќе се “варат” внатре од април до јуни и во септември и октомври, кога е загушливо во салата, кога ќе паѓа кровот или не се затвораат прозорите некаде, кога гледаат како се распаѓа сѐ, или кога одат по други театри со многу подобри услови а се потсетуваат во какви услови се тие, итн…Заслепени од партиските политики и кампањи, дел од актерите не го фатија бранот на инвестиции во културата, а и генерално инвестиции на сите полиња. Мешајки ја политиката во културата, сакајки да се допаднат на СДСМ дека и тие со нешто допринеле во политичката битка на партијата која ја подржуваа, сами себе си направија штета. Нов таков бран, којзнае кога ќе дојде.Тоа е…Од главата си патиме.Сепак, независно што заради политички мотиви погрешиле, тие луѓе таму заслужуваат нов и достоинствен работен дом. Публиката исто така. Проектот е готов и стои во Министерството за култура. Ако не им се допаѓа нека направат нов.Потребна е политичка волја“, напиша тој.

Коментари | пред 2 години

236452684_364139681964655_2526535282062383769_n

Колкав промет оствариле македонските патарини изминатата година

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра поголеми во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра.На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод и Кадрифаково на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, наплатата изнесува 85.599.333 денари, односно 72.861.770 денари.„Најпрофитабилна“ е патарината Романовце, каде според податоците на ЈПДП, остварениот промет изнесува 400.174.788,00 денари. Од наплатата на патарината на Миладиновци се инкасирани 266.361.767 денари, Глумово 258.299.622, Градско 248.125.247 денари, Желино 244.476.653 денари, Гевгелија 236.866.875 денари, Петровец 205.967.358 денари, Тетово 201.158.821 денари, Сопот 195.984.192 денари, Отовица 188.054.352 денари, Демир Капија 172.813.622 денари и Гостивар 164.536.337 денари.Прометот остварен од електронската наплата на патарина преку продажба на електронски уреди и нивни надополнувања во АМЦ Центарот, пак, изнесува 333.106.598 денари.Од почетокот на воведувањето на електронската наплата на патарина, од јули 2019 година па се до 1 март годинава електронската наплата бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во нивно надополнување.За периодот 2019 до сега, продадени се вкупно 144.591 парчиња М-Смарт картички и 17.412 М-Таг уреди или вкупно 162.003 електронски уреди.Во тек е постапка за техничко и финансиско усогласување за спроведување интероперабилност во електронска наплата на патарини во рамки на Отворен Балкан, откако на самитот во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во Србија, Северна Македонија и Албанија.Според најавите, до зачленувањето на државава во ЕУ треба да биде воспоставена целосна дигитализација на патарините, односно начинот на којшто ќе се наплаќа таксата за патарина ќе биде дигитализиран.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-03-26-084912

Киднаперите не се двајца, туку тоа е поголема банда, тие работат со молчење, вели таткото на Самоил

Таткото на киднапираниот Самоил вели дека семејството досега нема никакви информации до каде е истрагата.Смета дека киднаперите не се само двајцата кои се приведени, туку дека се работи за поголема банда.„Досега немаме никакви информации до каде е истрагата. Знаеме дека има приведени двајца што биле учесници во киднапирањето, и имаат притвор од 30 дена. Ама таа банда не е само толку, туку е поголема банда. Тие работат со молчење, не даваат никакви изјави. Ние кажавме дека доколку мојот син се најде и ако некој ни даде точна информација, ќе има парична награда. Досега никој нема кажано каде се наоѓа Самоил, сите молчат“, рече за Сител таткото на Самоил.Бараат помош за пронаоѓање.

Македонија | пред 2 години

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Полицаец заврши во болница откако вдишал чад при гаснење на пожар во Карпош

Полицаец е пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош по вчерашниот пожар кој пепелоса стан во Карпош. Пожарот изби по екплозија на плинска боца.Како што информираат од МВР станот на ул.„Разловечко Востание“ бил во сопственост на 60-годипниот Д.Ѓ. Освен полицаецот кој побарал лекарска помош поради вдишување на чад, други повредени нема. Од полицијата додаваат дека предизвикана е само материјална штета.

Скопје | пред 2 години

2Kovacki

Ковачки до Петровска: Дали приведените припадници на военото разузнавање истражуваа шверц на роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ги отфрли тврдењата на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ дека припадници на военото разузнавање биле упасени на Косово.На гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, Петровска рече дека ова е уште една од низата на лаги со кои што тој се служи и најави дека е можно да поднесе тужба против него.– Голема е веројатноста дека и за ова негово тврдење дека биле уапсени припадници на военото разузнавање, испратени од моја страна, ќе добие уште една тужба заради тоа што мислам дека најдобро е да ги соочиме аргументите наместо вакви празни постови исполнети со лаги, рече Петровска.Драган Ковачки објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека министерката се обидела за го дискредитира.„Почитувана министерке за одбрана, го изгледав Вашето интервју на 360 степени, па чувствувам должност да одговорам:Прво, за обидите за моја лична дискредирација: Не се сметам за министер за одбрана во сенка. Јас сум пратеник во Собранието на РМ, а колку сум успешен ќе ценат граѓаните, не Вие.Вие сте дел од извршната власт и треба да одговарате пред нас пратениците, а не обратно.Второ, за тоа дека сигурна во Вашето тврдење дека станува збор за измислен настан со приведувањето на оперативците, станете и кажете и' на македонската јавност зошто криете и дали приведените припадници на военото разузнавање биле да истражуваат повеќегодишна појава на шверц на акцизна и друга роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?Кој ги селектираше и ги прати тие лица на Косово, Вие или некој друг?До толку сте неспособни што поради партиско-криминални интереси дозволивте да се изгуби авторитетот во одбраната и секој да прави што сака и за тоа да не одговара. Сега откако цела АРМ знае за недозволените активности, решивте да ја ангажирате воената служба за безбедност да Ви на покрива Вашата неспособност.Зошто барате да Ви го покажам документот дека двајца оперативци кои биле пратени на Косово и дека биле приведени заради сомнителни активности, кога и сама знаете дека документот е класифициран и јас не би можел да го поседувам бидејќи вашите служби напишале дека сум бил НЕПОДОБЕН за безбедноста на државата.Трето, станете и кажете колку време знаете за оваа појава и зошто сте неспособни да ја сузбиете истата и зошто тие што требало тоа да го сузбијат ги наградивте со девизни плати? Дали затоа што ги злоупотребивте и наместо да се борат со криминалот, вие успешно ги насочивте кон ВМРО-ДПМНЕ?До каде отиде Вашата забеганост, да барате информации за тоа кој во каква облека спортува на кејот на Вардар?Брука.Се срамам што сум дел од времето во кое се распаѓа македонската одбрана под егзибиционизмот на Шекеринска и Славјанка Петровска.** Делот од Вашето интервју каде ја објаснувате борбената готовност на АРМ нема да го коментирам, нека Ве ценат Вашите потчинети“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

tunel-idrizovo-3-e1679428711548-696x464-1

Осум осудени лица осомничени дека учествувале во копањето на тунелот во Идризово, истрагата ќе покаже дали вработени се инволвирани, вели Стојановиќ

В.Д. директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ вели дека во затворот Идризово има дел каде затворениците слободно шетаат и дека таму лесно можеле да ја исфрлат земјата од тунелот што го копале.– Во затворот Идризово има дел каде затворениците се пуштени слободно да шетаат, тоа е на крајот од затворскиот простор каде нема караула на која треба да стои затворски стражар, изјави Стојановиќ за емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.Тој реон, вели Стојановиќ, никој не го надгледува и затворениците лесно можеле да исфрлат 30 кубици земја во ќеси за отпад, која ја копале од тунелот долг 41 метар.Според Стојановиќ, 12 трактори би биле потребни за да се изнесе земјата што е ископана од тунелот.– Минимум 12 трактори би биле потребни. Претпоставувам дека не е направено за еден месец, туку процесот траел подолг период. Таму нема покриеност на затворската полиција, нема затворски полицаец да ги надгледува осудениците. Факт е дека затворот има слаба екипираност, вели Стојановиќ.Очекува дека истрагата ќе даде подетални изгледи за тоа кој бил можел тоа да го прави и дали има инволвираност на вработени од затворот.– До конечно излегување на слобода на тие што го планирале тоа останале уште 32 метри што значи дека не излегле надвор од периметарот на ѕидот. Спрема поставеноста и структурата на тоа што видено на терен евидентно е дека тоа е работено подолго време. МВР излезе со бројка од осум осудени лица што се сомневаат дека учествувале во таа работа. Ние се уште немаме сознанија кој бил дел од тоа и претпоставувам дека ќе имаме тесна координација и со Обвинителството и со органите на прогонот за да најдеме кој и како тоа го има направено, вели Стојановиќ.Додава дека за да се влезе во таков тунел треба време повеќе од два часа, што создава сомнеж дека одредени осудени лица биле подолго време надвор од зградата отколку што им е дозволено со закон.

Македонија | пред 2 години

milososki-696x383-1

Милошоски и германската шефица на дипломатијата во германско-македонска војна со стихови

Пред Комисијата за надворешна политика во Собранието на Македонија дошло до „војна со стихови” за Бугарите во уставот на средбата меѓу германската министерка за надворешни работи Ана Лена Бербок и шефот на парламентарната комисија за надворешни работи.Милошоски откри на дека во дипломатската војна биле користени стихови на еден од најдобрите македонски поети Анте Поповски.„Имавме корисен разговор, а занимливо беше што секој од нас во поткрепа на своите стојалишта за притисоците од Бугарија, го цитираше големиот македонски поет, академикот Анте Поповски” открива Милошоски.Германската министерка Бербок со цел да го убеди Милошоски во потребата за уставни промени го употребила стихот: “Сама себеси врата – сама себеси клуч” од стихотворбата ‘Таа’ на Попоски.Милошоски од својата страна позицијата за бугарските барања ја бранел со стихот:“Кога правиш подли компромиси – ти оставаш дамки врз своето име засекогаш” од писмото – есеј од Анте Поповски до бугарската поетеса Блага Димитрова.

Македонија | пред 2 години

hajredini-ageler-696x392-1

Хајредини до Агелер: Толку ли е тешко да прашате во судот во Њујорк кои се политичарите од Македонија кои примиле милиони евра мито од Дојче Телеком?

Џевдет Хајредни преку социјалните мрежи и постави прашање на американската анбасадорка Агелер во врска со случајот со Дојче Телеком.„После интервјуто на тв. АЛСАТЕдно прашање до амбасадорката на САД, госпоѓа Анџела Агелер:Толку ли е тешко во окружниот суд на Њујорк да прашате кои се политичарите, високи државни функционери на Македонија, на кои директорите на Дојче Телеком и Маѓар Телеком, им исплатиле повеќе милиони евра мито, за што судот и ги осудил?“, вели Хајредини.

Коментари | пред 2 години

doktor-niko

Беќаровски: Дали поверувавте дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче

По објавата на Државниот и санитарен здравствен инспекторат по направената инспекција во болницата во Битола, се огласи и доктор Нико Беќаровски.Тој истакнува дека секој доктор добро ја знае траумата кога го „давате најдоброто од себе, а сепак го губите пациентот“.Потенцира дека особоено трауматично е кога станува збор за младо беспомошно девојче.„Секој доктор кој ќе го прочита извештајот од ДСЗИ ќе се сложи дека колешките од Битола го направиле максимумот кој го имале на располагање.Секој здравствен работник добро знае каква траума е кога го давате најдоброто од себе, а сепак пациентот го губите. Можете само да претпоставите каков е шокот кога тоа е младо беспомошно девојче кое починува во Вашите раце.Секој од нас во својата кариера се соочил со вакви траорни моменти на немоќ и покрај енормниот вложен труд и желба да го направи најдоброто.Тоа се Тие моменти кога искрено сакате никогаш да не сте го облекле белиот мантил, а оставаат лузни кои никогаш не исчезнуваат. Со денови, месеци, некогаш и години се преиспитувате дали сте можеле да постапите поинаку. Не е случајно што просечниот докторски живот е пократок за цели пет години од просечниот животен век.Можам да го разберам, но не и да го оправдам гневот на сите оние кои овие денови рафално стрелаа по белиот мантил без релевантни податоци. Народот е гневен од целокупната состојба и бара жртви. Но дали за момент помисливте дека тие две докторки имаат семејство, деца.Дали поверувате дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче.Можеби некогаш ни фали повеќе знаење, многу почесто ни фали модерна и брза дијагностичка апаратура која ќе ни помогне да дојдеме до вистинската дијагноза, за жал не така ретко ни фали и соодветна терапија која знаеме дека ќе помогне но ја немаме, но верувајте за овие 34 години носење на белиот мантил, ретко сум видел колеги без емпатија кон вистински болните пациенти.Да, и ние понекогаш грешиме, бидејќи не сме совршени, уште помалку безгрешни богови.Да, треба да бидеме напаѓани и плукани секогаш кога нема да има максимална совесност, бидејќи ни го давате на доверба најскапото, Вашиот или животот на Вашите најмили, но немојте да жигосувате по првите сензационални написи по порталите.Вистината секогаш на крајот излегува на виделина, но траумите нанесени на инволвираниот персонал остануваат, а премногу малку бели мантили останавме.На крајот моето најдлабоко сочувство до семејството на починатото ангелче и искрена подршка за колегите од битолската болница кои не го затемнија белиот мантил, а преживеаа невидени стресови“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања