Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ТОП

Jana-od-Bitola

Заврши вонредниот надзор во битолската болница - еве што е утврдено за смртта на малата Јана

Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој денеска извршил вонреден инспекциски надзор во битолската Клиничка болница по смртта на шестгодишното девојче, не констатирал недостатоци во рамки на нивните надлежности.- Не се констатирани недостатоци во рамките на надлежноста на ДСЗИ, се вели во соопштението од ДЗСИ објавено на нивната веб страница. Извештајот на ДЗСИ го објавуваме во целост:- Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија во врска со лекувањето и третманот на починатиот пациент Јана Христовска од с. Кравари-Битола, и согласно надлежностите изврши увид во медицинската евиденција и документација која се води на одделението во рачна и електронска форма и обезбеди изјави на дел од здравствените работници кои учествувале во лекувањето и третманот на лицето, при што ја констатира следната фактичка состојба: Детето било донесено за преглед на одделението на 22.03.2023г. околу 10:00 ч. без претходен упат од матичен доктор. Била примена на преглед специјалист педијатар, кој искреирал „итен упат“ со упатна дијагноза E86 – дехидратација во 10:07ч. Добиен е анамнестички податок за покачена температура од пред три дена и болки во грло, заради кое мајката и дала сируп Co-almacin. Ден пред прием е без покачена температура , со повраќање во два наврати, а од вечерта и отоци на очните капаци и болка во нозете по што мајката го прекинала сирупот.Од клиничкиот преглед во наодот констатиран е присутен оток на очните капаци, хиперемични лаци во тонзилофарингеална регија и обложен јазик. Потоа креиран е упат за биохемиска лабораторија – уринарен, глуциден и ацидобазен статус, земени се примероци од крв и урина за анализа и потоа ординирана терапија –„Хипоглусал 1„ – 500мл. ( 250 мл.5% Глукоза и 250 мл.0,9% Натриум хлорид) и amp. Bedoxin.По добиените резултати, во 10:45ч земени се и проширени анализи – крвна слика, ензимски статус, деградациони продукти, глуциден и протеински статус, електролити и липиден статус. По завршување на инфузијата состојбата се влошила. Дошло до појава на малаксаност, бледило, тахикардија и сомнолентност. Докторката која извршила првично преглед побара помош од вториот присутен педијатар. Детето од дневна болница било префрлено во собата за полуинтензивна нега на одделението и поставено е на монитор и кислородна поддршка. Направени се два ЕКГ записи во 12.34 ч и во 12.42 ч. и побаран е конзилијарен преглед од анестезиолог од установата. Во меѓувреме детето прави срцев застој по што е направена е реанимација.Извршена е и консултација со специјалисти – педијатри од ЈЗУ УК за детски болести од оддел за кардиологија и за неврологија за транспорт во таа здравствена установа. По препорака на специјалистот – анестезиолог во болницата направени се дополнителни анализи на ензимскиот и ацидобазниот статус (креатин киназа и тропонин) во 13:34ч и во 13.49ч. Поради дополнително влошување на состојбата, во 14:00 ч детето е пренесено во службата за интензивно лекување САРИЛ каде е направена кардио пулмонална реанимација и дадена е терапија, но без успех. Од страна на анестезиологот е констатирана смрт во 15:20 ч.По изјава на двете докторки – специјалисти педијатри по добиените резултати од направените ензимски иследувања за покачени показатели за срцево страдање (креатин киназа и тропонин ) известена е мајката на детето за сериозноста на состојбата.Телото на починатото дете е дадено на обдукција.

Македонија | пред 2 години

20190703093800

„Мој ДДВ“ прилагодена на повисокиот лимит, еве што треба да направите

Управата за јавни приходи информира дека е извршено прилагодување на апликацијата МојДДВ согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година.-Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај, соопштуваат од УЈП.Во моментов апликацијата МојДДВ ја користат 523 673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.

Македонија | пред 2 години

v-1024x706-1

Михајловски: Не ми треба таква амнестија што ќе биде на штета на мојот македонски народ

Со оглед дека спласнаа нападите кон пратениците кои не беа присутни на седницата за ставање на дневен ред точката за предлог законот за амнестија и двајцата левичари кои само преку постови глумат десничари ја префрлија целата вина врз ВМРО и многу членови и симпатизери на ВМРО паднаа одма на нивната замка, вели Вилјам Михајловски еден од осудените за настаните за 27 Април.„Овој пост не е за да бранам или оправдувам некого туку само за да ви кажам како го гледам јас тоа гласање од моја гледна точка.Кога напишав дека сеуште има јуди во партиските редови тоа го мислев за некои помали коалициони партии со ВМРО.Јас бев против да се поднесува закон за амнестија бидејќи еднаш побарав и бев одбиен, а беше амнестиран човек кој самиот призна пред судот дека носел оружје на тој 27 април, но детето копиле беше амнестирано бидејќи кажа онака како што му беше напишано од страна на вилма рускоска шефот на организираниот криминал за да си го оправда измисленото монтирано обвинение.Виновниците во врска со амнестијата не ги барајте во ВМРО ДПМНЕ, оваа хајка беше осмислена игра на левица и се реваншираа за претходната ситуација која излезе во јавност кога двајцата левичари направија кворум за отварање на седница (не ми текнува која беше точката на таа седница).Затоа луѓе не паѓајте на вакви финти осмислени од шарени педери, само штетите на партијата која се бори за нас, ништо повеќе. Доколку имате критики критикувајте ги во штабовите вашите претставници, а преку постови џабе пишувате, тоа не допира така како што мислите. Бидете мажи и кажете им во очи и ќе видите каков одговор ќе добиете.Не можам да ве разберам дали очекувате од оние што не осудија да не амнестираат?Видовме 2018 како ги амнестираа половината обвинети... Беа амнестирани за Крсто, Сашо, Љубен за возврат да гледаат и го сменија името.Па би сакал да ве прашам дали сте за да не амнестираат за возврат да ги вметнат Бугарите во уставот?Мојот одговор е: Не фала не ми треба таква амнестија што ќе биде на штета на мојот македонски народНе сакам многу да должам само ќе повторам дека “Од левичар никогаш не може да биде десничар” а за да се фрли дамка на ВМРО ова беше смислено од СДС, ДУИ И Левица, пишува на Фејсбук, Вилијам Михајловски.

Коментари | пред 2 години

Jana-od-Bitola

Таткото на девојчето сведочи по нејзината смрт: На покачен шеќер 9, ѝ дадоа чиста гликоза во инфузија

Стојче Христовски, таткото на починатото петгодишно девојче од битолско Кравари кое вчера почина во Клиничката болница во Битола откако прими инфузија, за „Макфакс“ во детали ги опиша последните моменти со ќерката. Иако премален од тага тој вели дека зборува за да нема други случаи како нивниот. Тој и сопругата се убедени дека за нивната Јана пресудна била инфузијата со гликоза што ѝ ја ставиле откако ја донеле во болницата и покрај тоа што крвната слика покажала дека шеќерот ѝ е деветка.„Во болницата завршија работа за два саати, толку беше. Сега од почеток ќе ви кажам. Ние сакавме да ја носиме на матичен лекар, нејзината докторка, арно ама таа беше попладне, после два саатот. На телефон ни се јави и рече да ја однесеме Јана в болница, на детско да не се мачи да чека до попладне. Два дена пред тоа, фактички пред три, не знам точно, се тушираше со братот, се капеа и малку и пристуде. Другиот ден ни поткрена температура ама ништо, 37 со 7-8. И дадовме сирупче, спадна температурата. Вечерта си спиеше, немаше никаков проблем, ни температура, ни ништо. Следниот ден, после ручек и се појави оток кај очињата, горе, и се жалеше од ноџињата. Велеше – ме болат ноџињата, мускулите“, вели таткото Христовски.Проблеми со оток на очните капаци таткото вели дека Јана имала и околу Нова година. Фатила грип, ѝ отекле очните капаци. Лекарката им објаснила дека од грипот во очите ѝ се собира слуз и затоа капаците ѝ се отечени. Им дала капки и за еден ден отокот се повлекол.Сличен оток, но помал, имала и вчера, кога ја однеле на лекар. Христовски вели дека Јана на нога го дочекала да дојде од работа за да ја однесе во болница и сама си влегла во автомобилот.„Ѝ беше мака ама не беше истоштена за да не може да оди. Стигнавме во болница. За да не се мачи, ја кренав в раце до детскиот оддел. Почекавме тука во ходникот. Муабети си правевме. Влеговме внатре. Не натераа крвна слика да направиме. Појдовме за крвна слика, не можеа крв да ѝ земат оти тој ден сабајлето повратила шлајм и наводно од што повратила била дехидрирана. Дадовме и мокрача. Измерија шеќер деветка. Таа кај што ѝ земаа крв ни кажа дека шеќерот ѝ е деветка и го врати девојчето во амбуланта и кажа на докторката дека шеќерот ѝ е деветка. И телефонски што контактираа со некого, го известија дека шеќерот ѝ е деветка“, вели таткото Христовски.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

idrizovo-begstvo-2-585x439-1

(ФОТО) Ова се просториите каде осудениците во Идризово го копале подземниот тунел

Ова се просториите каде осудениците во Идризово ја спроведувале нивната операција за бегство преку подземен тунел. Бетонот на подот е од неодамна поставен, најверојатно откако осудениците дознале дека се под сомнеж.Поради бетонот затворската управа се посомневала дека таму има нешто.Во овие простории затворениците доаѓале кога биле пуштани на шетање да си ги протегнат нозете. Затворската полиција ретко, или никогаш, не влегувала во овие објекти.Од фотографиите, кои ги објави Алсат ТВ, може да се види и кофата со која била извлекувана земјата, како и кабелот кој им служел да си го осветлат патот под земја. Земјата најверојатно завршувала во контејнетите кои се наоѓале во близина на овој објект, кој порано служел како работилница и како остава за јаглен.

Македонија | пред 2 години

danela-arsovska-1

Лажи, лажи Дано-Арсовска го потпиша истиот проект за пречистителна поради кој го разреши Перински, и го клеветеше Мицкоски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Вчера на потпишувањето на грантот од ЕИБ, за изградба на пречистителната станица во Скопје, паднаа маските и сите лаги, кои беа упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински, во тој момент директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје, вели ВМРО-ДПМНЕ„Со изјавата на потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, дека биле исполнети сите планови и процедури во постапката и дека се било во ред, се потврди дека Данела Арсовска и СДС пред 6 месеци се обидоа, да ги изманипулираат скопјани, за некакви криминали и медови околу пречистителната станица во Скопје.Знаеме дека Арсовска црвенеејќи присувствувала на вчерашниот настан, за проект кој прво се обиде да го урне, од само за нејзе познати цели, а во исто време да слуша во живо како ја демантираат директно од ЕИБ и со лажна насмевка истото да го проследи. Но, на лагата и се кратки нозете.Доблесно е во најмала рака, Арсовска и СДС, да најдат сили и да се извинат пред јавноста за лагите и манипулациите со кои се служеа.Арсовска позната по синтагмата "Лажи, лажи Дано", треба во најмала рака да се извии заедно со СДС за лагите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и директорот Перински“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 2 години

336177785_987551622596853_2004304977435715965_n

Студентите бараат средба со министерот за образование, бесплатен меѓуградски превод, покачување на студентскиот оброк

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите кој континуирано се зголемува низ годините а особено изминативе месеци, велат од Студентски отпор.„Ги потсетуваме одговорните и надлежните дека ние немаме намера да се откажеме се до целосно исполнување на нашите барања:- Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела;- Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);- Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари;- Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите;- Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;- Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;- Стипендирање на студентите на втор циклус студии;-Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети- Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.Воедно ја користиме приликата да ги охрабриме и повикаме сите студенти да ни се придружат во нашата борба, бидејќи само сплотени можеме да предизвикаме достоинствени услови за студирање на младите и заедно да ја изградиме иднината.Притоа напоменуваме дека ќе делуваме во насока на остварување на нашите цели користејќи ги сите расположливи механизми и средства“, се вели во објавата.

Македонија | пред 2 години

apasiev-1068x580

Апасиев: „Премиер" кој не ги контролира трите клучни ресори во една Република, не е премиер

Претседателот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев вели дека премиер кој не ги управува клучните три ресори во државата всушност не е премиер. Апасиев ова го вели во објава на социјалните мрежи.„Премиер" кој не ги контролира трите клучни ресора во една Република (финансии + здравство + школство) не е премиер, туку статист и малцински партнер во сопствената Влада“, вели Апасиев.Во објавата додава дека СДСМ пропаѓа.

Коментари | пред 2 години

Screenshot_910

Исповед на мајката на тепаното девојче: Ме држеше за нога и плачеше кога ја оставав сама со дефектологот

Помодрени ушиња, модринки кај косичката кои се веројатно настанати од влечење – ова е сликата од девојче кое сè уште нема наполнето три години, а кое, според кажувањата на родителите, е жртва на дефектологот кој приватно бил ангажиран за да работи со него. МВР информираше дека родител пријавил дека дефектолог кој бил ангажиран за приватни часови насилно се однесувал со тригодишно дете.„Република“ стапи во контакт со родителите кои со огромна болка и тага во очите раскажуваат со што се соочиле во обид да му помогнат на сопственото дете да прозбори.По препорака на пријатели ја ангажравме Емина С. да работи со нашата ќерка, која сѐ уште не зборува. Дефектологот доаѓаше кај нас дома, а по нејзино барање ние го напуштавме станот, ја остававме сама со детето, затоа што така најдобро се работело. Воопшто не очекував дека некој што работи дефектологија може да има груб однос со дете, а уште помалку да го влече за уши, да го кубе и да го тепа. Затоа и не ми падна на памет да ставам камери во домот и да следам што прават. Дефектологот повремено ми праќаше видеа од она што го работат. Сметав дека сè е во ред и покрај отпорот на ќерка ми да остане насамо со Емина, зашто реакциите на детето ги препишував на неговиот карактер, дете кое води инает кога нешто не му одговара – раскажува Трајанка, мајката на девојчето.Ќе ме фатеше за нога и плачејќи не ме пушташе да излезам. По последниот час, кога си отиде дефектологот, ќерка ми цела се тресеше и вриштеше. Веднаш забележав дека ушињата ѝ се жар црвени. Ѝ се јавивме на Емина да ја прашаме дали знае зошто му се црвени ушите на детето, ми рече да си провериме да не е некој здравствен проблем, раскажува Трајанка за траумите што ги доживеале сакајќи да му помогнат на детето да прозбори.Таа и нејзиниот сопруг сѐ уште не можат да се соземат од она што се случувало со нивното девојче. Велат се трудиме да останеме смирени, иако лутината и бесот се преголеми, а плачот на беспомошното дете сè уште одѕвонува во нашите глави.Целата приказна прочитајте ја тука.

Македонија | пред 2 години

kasami-4

Касами се правда: Не се работи за никаков ‘главен град’, туку за ‘центар’ на Албанците во Македонија

Првиот човек на град Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами, за „Макфакс“ изјави дека во објавата на социјалните мрежи не напишал дека Тетово е „главен град“ туку „центар“ на Албанците во Македонија.Но, нема негов став за низа прашања, меѓу кои и дали е свесен дека со објавата поттикна меѓуетнички тензии. Тој не кажа ниту дали смета дека истата треба да ја избрише, за да спречи лавина негативни реакции.„Не се работи за никаков ‘главен град’, туку за ‘центар’ на Албанците во Македонија. Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да дадат друга насока“, вели Касами за „Макфакс“.

Македонија | пред 2 години

IMG_4251

Наставник во основно училиште фатен со дрога

Министерството за внатрешни работи соопшти дека битолската полиција вчера го привела 54 годишниот В. А од Прилеп кај кого е пронајдена сомнителна материја.Инаку, како што наведуваат повеќе медиуми В. А. е наставник во основно училиште.-На 22.03.2023 во 18.20 часот во Прилеп од страна на полициски службеници од СВР Битола, надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп при преглед кај В. А.(54)од Прилеп била пронајдена бела грутчеста материја. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.Инаку, ова се случува само неколку дена откако македонската јавност ја брануваше веста за големата полициска акција во Скопје при што беше уапсена наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Аеродром поради нејзина инволвираност во трговија со дрога.

Македонија | пред 2 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од регистарот

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда.Клубот имаше рок да се преименува, во согласност со измените во Законот за здруженија и фондации.Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.

Македонија | пред 2 години

337299611_1624718917949410_8969735751231050187_n

За Kасами Тетово е главен град на Албанците во Македонија

Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Тетово oд партијата БЕСА, Билал Касами.Неговата објава предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.„Немој да бараш втор мандат“, „Дали вие сте градоначалник на Тирана?“, се само дел од коментарите.До овој момент, ниту еден функционер не се огласи со реакција за скандалозната објава.

Македонија | пред 2 години

337550676_2428707560611180_8142548772027053810_n

„Метрото на Скопје го почнале инкогнито од Идризово за да не разбере Данела“ - тунелот во затворот мета на коментари

Затворениците осудени на високи казни со месеци го подготвувале план за бегството од „Идризово“. Управата за извршување на санкциите информираше дека поради основано сомнение дека од страна на осудени лица се превземаат недозволени активности со кои би се создале услови за организирано бегство од установата, во изминатиот период од два месеци го подигнале степенот на безбедност со цел да дојдат до подетални информации и да се провери нивната веродостојност.Според информациите од МВР, зад планот стоела група од најмалку 8 затвореници во „Идризово“, осудени на казни од 10 години до доживотен затвор.Tунелот бил во дожина од 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули.Граѓаните се пошегуваа дека затворениците ја започнале изградбата на метрото во Скопје, но тајно за да не разбере градоначалничката Данела Арсовска.https://twitter.com/SiljanStrkott/status/1638442593259343873?s=20https://twitter.com/SiljanStrkott/status/1638441612689694721?s=20https://twitter.com/bastisankonj/status/1638439162062700548?s=20https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1638413162608484353?s=20https://twitter.com/gorge_kocev/status/1638283710544900100?s=20https://twitter.com/Carevata_Kerka/status/1638272333210177543?s=20https://twitter.com/Pravda1221/status/1638256380007051286?s=20https://twitter.com/NemamBgPasos/status/1638248029953093645?s=20https://twitter.com/BORO9999/status/1638239725449355266?s=20https://twitter.com/mancesterovec7/status/1638236439430197254?s=20https://twitter.com/Shiferovska/status/1638200928288362496?s=20

Коментари | пред 2 години

20230321193651

Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ кој е лидер на фракционерската „Огнена група“, денеска во емисијата „Тема на денот“ на Сител иззрази зачуденост како првиот вицепремиер Артан Груби нашол пари да доведе екстремно скапи пејачи на синоќешниот партински митинг во Чаир.ДУИ со митингот во Чаир сакаше да покаже дека ја има поддршката од локалното население додека продолжуваат внатрепартиските турбуленции, а пред граѓаните се обрати и лидерот Али Ахмети.„Тоа во Чаир беше концерт, тоа се скапи пејачи и не ми е јасно од кај ги плаќа“, рече Меџити за Груби.Тој додаде дека иако Груби пред јавноста подал рака за помирување, истовремено се разрешуваат функционери од „Огнената група“ и останатите се присилуваат да дадат оставка сами.Не признава дека повеќе не е претседател на огранокот во Чаир и вели дека на министерот за надворешни работи Бујар Османи му измислиле паралелна партиска функција.- Координатор за политички прашања во Чаир не постои. Таква функција во статутот на ДУИ, се прави дуализам и расцеп во огранокот, смета Меџити.Го искритикува и фокусот на Груби кон изградба на Коридор 8 и 10д со Бејтел и Енка. Вели дека тој таму се насочил затоа што не бил успешен на ниту едно друго поле.- Во Блаце не можат да излезат, пак се вратија, потпорниот зид го заборавија. Тие сакаа да се пофалат со патишта, но како да им веруваме кога 14 километри не можат да направат три години.Коридорот 8 отвора перспектива, не сме против тоа, но нема да продолжи во Албанија и ќе служи за полесно да одиме само до Струга, но не сум сигурен дека ќе продолжиме понатаму.Бехтел се во регионот, не сме ние први што ги вклучуваме и кога поставивме директор на ЈПДП и овој немајќи ништо друго со што да се бави, нема предлози за закони, и се префрли во таа област со Коридорот 8. Ќе има моја поддршка, но не можам да ги затворам очите пред сите овие фактори, башка што секој ден има по некоја афера за надзорната компанија, која со поврзува со компании со руски, кинески капитал и со долен веш, порача Меџити.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања